DBB4950M - Кујнска аспиратор AEG-ELECTROLUX - Notice d'utilisation et mode d'emploi gratuit
Retrouvez gratuitement la notice de l'appareil DBB4950M AEG-ELECTROLUX au format PDF.
Téléchargez la notice de votre Кујнска аспиратор au format PDF gratuitement ! Retrouvez votre notice DBB4950M - AEG-ELECTROLUX et reprennez votre appareil électronique en main. Sur cette page sont publiés tous les documents nécessaires à l'utilisation de votre appareil DBB4950M de la marque AEG-ELECTROLUX.
MODE D'EMPLOI DBB4950M AEG-ELECTROLUX
ЗА СОВРШЕНИ РЕЗУЛТАТИ
Ви благодариме што го избравте овој производ на AEG. Го создадовме за да ви обезбедиме долгогодишен беспрекорен перформанс, со иновативни технологии кои го прават животот поедноставен - функции што можеби нема да ги најдете кај обичните апарати. Ве молиме, одвојте неколку минути за читање за да го добиете најдоброто од овој апарат. Посетете ја нашата веб страница за да: Добиете корисни совети, брошури, водич за решавање на проблеми, информации за сервисирање: www.aeg.com Регистрирате Вашиот производ за подобри услуги: www.aeg.com/productregistration Купувате Додатоци, Половни и Оригинални делови за Вашиот апарат: www.aeg.com/shop
ЕКОЛОШКИ ПРАШАЊА Рециклирајте ги материјалите со симболот . Ставете ја амбалажата во соодветни контејнери за да ја рециклирате. Помогнете во заштитата на живтната средина и човековото здравје и рециклирајте го отпадот од електрични и електронски апарати. Не фрлајте ги апаратите озанчени со симболот во отпадот од домаќинството. Вратете го производот во вашиот локален капацитет за рециклирање или контактирајте ја вашата општинска канцеларија.
ГРИЖА И УСЛУГА ЗА КОРИСНИЦИ
Ви препорачуваме да користите оригинални делови. Кога ќе контактирате со Сервисот, бидете сигурни дека ги имате на располагање следниве податоци. Информациите може да ги најдете на плочката со податоци. Модел, Број на производот, Сериски број. Предупредување / Внимание - Сигурносни информации. Можноста за промени е задржана.
ИНФОРМАЦИИ БЕЗБЕДНОСТ Пред билокаква операција за чистење или одржување, исклучете го аспираторот од електричната мрежа со вадење на струјниот приклучник или со исклучување на домашниот мрежен прекинувач. За сите операции за монтажа и одржување да се користат работни ракавици. Овој апарат може да се користи од страна на деца од 8 години па нагоре и лица со намалени физички, сензорни или ментални способности, или ако немаат искуство или знаење, доколку се под надзор или имаат добиено инструкции за употреба на апаратот на безбеден начин и ги разбираат опасностите поврзани со него. Треба да се внимава децата да не си играат со апаратот. Чистењето и одржувањето не треба да го прават деца без надзор. Просторијата мора да биде доволно проветрена кога кујнскиот аспиратор се користи заедно со апарати кои согоруваат гас или други горива. Аспираторот мора редовно да се чисти како од внатрешноста така и од надворешноста (НАЈМАЛКУ ЕДНАШ МЕСЕЧНО), во секој случај потребно е да се постапува
во согласност со упатствата за одржување дадени во овој прирачник. Ако не се следат упатствата во однос на аспираторот и чистењето на филтрите ќе доведе до ризик од пожари. Строго се забранува фламбирање на храната под самиот аспиратор. Употребата на отворени пламени е штетна за филтрите и може да предизвика ризик од пожар и поради тоа мора да се избегнува во сите околности. Секое пржење мора грижливо да се направи со цел да се спречи да не дојде до презагревање на маслото и пламнување. Внимание! Кога плочата за готвење е во функција пристапните делови од аспираторот можат да се загреат. За замена на сијалицата користете само од типот на сијалица наведен во делот одржување/замена на сијалицата во овој прирачник. Внимание! Да не го поврзувате апаратот со електричното напојување сè додека монтажата не биде целосно комплетна. При поврзување на аспираторот со електричната мрежа, дозволени се само сертифицирани струјни адаптери и не се дозволени разводници. 1. ИНСТРУКЦИИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ
Што се однесува до техничките и безбедносните мерки за примена за исфрлање на пареа важно е внимателно да се следат правилата дадени од локалните надлежни власти. Издувниот воздух не смее да се предава во активен оџак за чад створен од апарати кои согоруваат гас или други горива. Да не го користите или оставате аспираторот без правилно монтирани сијалици поради можниот ризик од електричен удар. Никогаш не користете го аспираторот ако ја немате правилно монтирано решетката! Аспираторот НИКОГАШ не смее да се користи како површина за поддршка доколку не е прецизно наведено. Користете ги само завртките за прицврстување обезбедени со производот за монтирање или ако не се обезбедени набавете го точниот тип на завртки. Користете ја точната должина за завртките што се наведени во Упатството за монтирање. Во случај на сомневање, консултирајте се со овластениот центар за техничка поддршка или персонал со слични квалификации. Внимание! Немонтирањето на завртки и уреди за прицврстување во согласност со овие упатства може да доведе до опасности од електрична природа.
Аспираторот служи за вшмукување на испарувањата и пареите од готвењето. Во приложеното упатство за монтирање е прикажано која верзија може да се користи за моделот кој го имате помеѓу варијанта со надворешно исфрлање на издувниот воздух или варијанта со филтер со кружно струење на воздухот .
Главното струјно напојување мора да одговара со оптегот покажан на етикетата за карактеристиките ставена внатре во аспираторот. Ако аспираторот оди со приклучник поврзете го во штекерот во согласност со струјните прописи и позициониран на пристапно место дури и по монтажата. Ако не е снабден со приклучник (директна врска со електричното напојување) или ако приклучникот не е лоциран на пристапно место, дури и по монтажата, применете би-поларен прекинувач во согласност со стандардите кој обезбедува комплетно исклучување на електричното напојување под услови поврзани со преоптоварување на мрежата категорија III, во согласност со упатството за монтажа. Предупредување!Пред (повторно) поврзување на колото од аспираторот со електричното напојување и проверувањето на функционалноста, секогаш проверете дали струјниот кабел е правилно монтиран.
Најмалото растојание помеѓу плочата од шпоретот за садовите за готвење и долниот раб на аспираторот да не биде помало од 50cm за електричните апарати за готвење и 65cm за гасните или комбинираните апарати за готвење. Ако упатството за монтажа за плинските плочи од шпоретот прецизираат поголемо растојание, морате да се придржувате до тоа.
4.1 Филтер за масти Металниот филтер за масти треба да се чисти еднаш месечно со неагресивни детергенти, рачно или во машина за миење на садови на ниски температури и во краток интервал. Со перењето во машина за миење на садови металниот филтер за масти може да ја изгуби малку бојата но неговите карактеристики за филтрирање воопшто не се менуваат.
Предупредување! Пред билокаква операција за чистење или одржување, исклучете го аспираторот од електричната мрежа со вадење на струјниот приклучник или со исклучување на домашниот мрежен прекинувач. Аспираторот мора редовно да се чисти (најмалку со истата фреквенција со која се врши одржувањето на филтерите за масти) како од внатрешноста така и од надворешноста. За чистењето користете крпа навлажнета со течни неутрални детергенти. Да не користите производи кои содржат абразиви. НЕ КОРИСТЕТЕ АЛКОХОЛ! Предупредување! Ако не се следат упатствата во однос на чистењето на аспираторот и замената на филтрите ќе доведе до ризик од пожари. Се препорачува до придржување на предложените упатства. Ние одбиваме билокаква одговорност за евентуални оштетувања на моторот или пожар предизвикан како резултат на неправилно одржување или неследење на наведените упатствата.
4.2 Филтер со активен јаглен што НЕ се пере Заситувањето на филтерот од јаглен настапува по повеќе или помалку продолжена употреба во зависност од типот на готвење и редовноста на чистењето на филтерот за масти. Во секој случај потребно е да се замени чаурата најмалку на секои 4 месеци. НЕ може да се пере или обновува.
Аспираторот се испорачува со командна табла со регулатор на брзините на издувување и регулатор за осветлението над плочата од шпоретот. Користете ја најголемата брзина во случај на невообичаена концентрација на пареи во кујната. Ви препорачуваме да го вклучите издувувањето 5 минути пред да започнете со готвењето и да го оставите да работи околу 15 минути по завршување на готвењето. Командите се наоѓаат на предната табла од апаратот:
6. ЕДИНИЦА ЗА ОСВЕТЛУВАЊЕ
Аспираторот е опремен со систем за осветлување базиран на технологијата на LED диода. LED светилките гарантираат оптимално осветлување, имаат околу 10 пати подолг век од традиционалните светилки и овозможуваат заштеда на електрична енергија и до 90%. Внимание! Не гледајте директно во LED светлото. За замена на сијалиците, контактирајте го овластениот центар за резервни делови.
1. ON/OFF светла 2. OFF мотори 3. - 4. - 5. Моќ на всмукување минимална (3.), средна (4.), максимална (5.).
Notice Facile