WP2400G9 - WINNY - Notice d'utilisation et mode d'emploi gratuit
Retrouvez gratuitement la notice de l'appareil WP2400G9 WINNY au format PDF.
Téléchargez la notice de votre неопределено au format PDF gratuitement ! Retrouvez votre notice WP2400G9 - WINNY et reprennez votre appareil électronique en main. Sur cette page sont publiés tous les documents nécessaires à l'utilisation de votre appareil WP2400G9 de la marque WINNY.
MODE D'EMPLOI WP2400G9 WINNY
МАКЕДОНСКИ -Превод на оригиналните упатства (Istruzioni Originali)
ЕТИКЕТА ЗА ИДЕНТИФИКАЦИЈА И КОМПОНЕНТИ НА МАШИНАТА 1. Ниво на акустична моќ според Директивата 2000/14 на ЕУ 2. Ознака за усогласеност со Директивата 98/37 на ЕУ (2006/42/ЕУ од 29/12/2009) 3. Година на производство 4. Вид тревокосачка 5. Сериски број 6. Име и адреса на производителот 7. Код на производ Веднаш по набавка на машината, запишете ги броевите за идентификација (3 – 5 – 6) во соодветното место на последната страница од ова упатство. 11. Куќиште 12. Мотор 13. Нож (сечиво) 14. Браник 15. Вреќа за собирање 16. Рачка 17. Команда за забрзување 18. Рачка за закочување 19. Рачка за вклучување на влечната сила ОПИС НА ДАДЕНИТЕ СИМБОЛИ НА КОМАНДИТЕ (каде што е предвидено) 21. Бавно 22. Брзо 23. Стартер 24. Гасење на моторот 25. Вклучен погон 26. Мирување 27. Палење на моторот
БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИ - со тревокосачката треба да се работи внимателно. За таа цел, на машината се поставени илустрации наменети да ве потсетуваат за главните безбедносни мерки при употреба. Нивното значење е објаснето подолу. Зато, препорачуваме внимателно да ги прочитате безбедносните регулативи кои се дадени во засебно поглавје на ова упатство. 51. Внимание: Прочитајте го упатството за употреба пред да ја користите машината. 52. Опасност од исфрлување: Држете ги луѓето подалеку од полето на работа при користење. 53. Опасност од посекотини: Ножеви во движење. Не ги ставајте рацете или стопалата онаму каде се сместени ножевите. 54. Само за тревокосачката со електричен мотор. 55. Внимание: Ножот продолжува да ротира извесен период откако ќе се исклучи машината. 56. Предупредување: Отстранете го капачето од свеќичката пред да започнете со било какви активности на одржување или поправање. 57. Само за тревокосачката со електричен мотор.
Maksimale verdier for støy og vibrasjoner For modell 414 464 534 Lydtrykknivå på operatørens øre (i henhold til regelverket 81/1051/EØF) db(A) 78,4 79,6 80,3 - Måleusikkerhet (2006/42/CE - EN 27574) db(A) 0,7 0,6 0,7 Målt lydeffektnivå (i henhold til direktivet 2000/14/EF, 2005/88/EF) db(A) 94,0 94,9 96,3 - Måleusikkerhet (2006/42/CE - EN 27574) db(A) 0,2 0,2 0,2 Garantert lydeffektnivå (i henhold til direktivet 2000/14/EF, 2005/88/EF) db(A) 96
СТРОГО ПРИДРЖУВАЈТЕ СЕ ДО ОВИЕ ПРАВИЛА
А) ОБУКА 1) Внимателно прочитајте ги упатствата. Запознајте се со командите и правилното користење на косачката. Научете како брзо да го сопрете моторот. 2) Употребувајте ја косачката само за она за што е наменета, односно за косење и собирање на тревата. Било каква друга употреба може да биде опасна и да предизвика оштетување на машината. Се отфрлаат при неправилна употреба (како пример, но не се ограничува на следното): – превоз на деца или животни врз машината, – транспорт на машината, – употреба на машината за влечење или буткање товар, – употреба на машината за собирање лисја или гранки, – употреба на машината за порамнување огради или за сечење вегетација што не е трева, – употреба на машината од страна на повеќе луѓе, – вклучување на сечивото врз терени на кои нема трева. 3) Никогаш не дозволувајте деца или лица кои не ги познаваат овие упатства да ја употребуваат косачката. Можно е да постојат локални законски прописи во поглед на возраста на корисникот. 4) Никогаш немојте да ја користите тревокосачката: – кога во нејзина непосредна близина се наоѓаат други лица, деца или домашни животни и миленици; – ако корисникот е под дејство на лекарства или други супстанции кои можат да влијаат на неговата способност за брзо реагирање и концентрација. 5) Имајте на ум дека корисникот е одговорен за незгодите или опасноста по други лица или нивниот имот.
В) ПОДГОТОВКА 1) Кога косите, секогаш носете долги пантолони и издржливи обувки. Немојте да работите со тревокосачката босоноги или во отворени сандали. 2) Внимателно прегледајте ја површината каде ќе ја употребите тревокосачката и отстранете ги сите објекти кои таа би можела да ги исфрли (камења, стапчиња, колчиња, парчиња жица, коски, итн.). 3) ВНИМАНИЕ: ОПАСНОСТ! Горивото е лесно запалливо: – Горивото складирајте го во садови специјално изработени за таа намена. – Турајте гориво со инка и секогаш на отворено. Немојте да пушите додека туривате гориво или ракувате со горивото. – Турете гориво пред да го запалите моторот. Никогаш немојте да го отворате капачето на резервоарот или да дополнувате со гориво додека моторот работи или е уште загреан. – Ако се истури гориво, немојте да го палите моторот, туку прво отстранете ја косачката од местото на истурање и избегнувајте палење на оган додека не испари целото истурено гориво. – Докрај затворајте го капачето на резервоарот и садовите со гориво. 4) Заменете ги неисправните придушувачи. 5) Пред да започнете со косење, секогаш визуелно прегледајте ја косачката, посебно ножот, и проверете дали сите завртрки и целиот склоп на ножот е неоштетен или истрошен. Истрошените или оштетени ножеви и завртки менувајте ги во комплети, за да се зачува балансот. 6) Пред косење, поставете ги штитниците на излезните отвори (зафаќачот на откос или дефлекторот).
С) КОРИСТЕЊЕ 1) Немојте да го палите моторот и да работите со косачката во ограден или затворен простор каде може да се соберат опасните јаглерод-моноксидни гасови. 2) Косете само дење или при добро вештачко осветление. 3) Избегнувајте употреба на косачката на влажна трева, ако е можно. 4) Внимателно движете со по косини. 5) Немојте да трчате и не дозволувајте косачката да ве влече. 6) На косини косете вдолж наклонот, никогаш попреку (нагоре-надолу). 7) При менување на насоката и правецот на движење на косини бидете посебно внимателни. 8) Немојте да косите на наклони поголеми од 20°. 9) Кога ја повлекувате косачката кон себе, бидете посебно внимателни. 10) Кога косачката треба да ја пренесете преку површина која не е под трева, или додека ја носите до површината која треба да се коси, запрете до ножот.
11) Немојте да ја користите косачката со неисправни штитници, или без штитници. 12) Не менувајте ги местењата на моторот и немојте да го користите при превисоки вртежи. 13) На моделите со погонски тркала исклучете го погонот пред да го стартувате моторот. 14) Моторот стартувајте го според упатствата и осигурете се дека нозете се на сигурна оддалеченост од ножот. 15) Кога го стартувате моторот немојте да ја навалувате косачката. Моторот стартувајте го на рамна површина без запреки и висока трева. 16) Не ги приближувајте рацете или ноуете до или под подвижните делови на косачката. Секогаш држете се настрана од отворите. 17) Никогаш немојте да ја кревате или носите косачката ако моторот работи. 18) Запрете го моторот и исклучете го кабелот на свеќичката: – пред да пристапите кон било каква работа под платформата на ножот или отворот за исфрлање; – пред проверка, чистење или работа на тревокосачката; – по удар во непознат предмет. Проверете дали тревокосачката е оштетена и поправете ја пред да продолжите со работа; – ако тревокосачката започне да вибрира на ненормален начин (веднаш побарајте ја причината за вибрациите и однесете ја за неопходни проверки во специјализиран сервис). 19) Запрете го моторот: – кога тревокосачката ја оставате без надзор. Од моделите со електричен стартер извадете го клучот; – пред дополнување со гориво; – секогаш кога го вадите или заменувате магацинот за трева; – пред регулирање на височината на косење. 20) При гаснење на моторот, прво намалете ги вртежите, а по гаснењето и по завршување со работа затворајте ја славинката на доводот за гориво. 21) Кога косите, држете се на безбедно растојание од ножот. Тоа растојание е должината на ракофатот за водење на тревокосачката.
D) ОДРЖУВАЊЕ И ОДЛАГАЊЕ 1) Сите завртки, навртки и лостови одржувајте ги соодветно зацврстени за да сте сигурни дека косачката е безбедна за работа. Редовното одржување е основен предуслов за безбедност и за одржување на добрите перформанси на тревокосачката. 2) Никогаш немојте да ја одлагате тревокосачката со полн резервоар во зграда каде испарувањата можат да допрат до отворен пламен или извор на топлина. 3) Пред одлагање во затворена просторија, дозволете моторот да се излади. 4) За да го намалите ризикот од запалување, одржувајте го моторот, придушувачот на издувот, делот со акумулаторот и местото каде го чувате горивото чисти и без остатоци од трева, лисје или масни наслојки. Во таа просторија немојте да чувате контејнери со отпадоци. 5) Проверувајте го дефлекторот и магацинот почесто за да утврдите навреме дали се оштетени или истрошени. 6) Ако резервоарот треба да се празни, ова треба да се прави на отворено и кога моторот е оладен. 7) Кога го вадите или склопувате ножот, носете груби работни ракавици. 8) После острењето, проверете ја урамнотеженоста на ножот. Сите операции кои се однесуваат на ножот (расклопување, острење, урамнотеженост, склопување и/или замена) се работа која бара специфична надлежност како и примена на соодветни алатки; поради безбедносни причини, потребно е сите операции да бидат извршени во специјализиран центар. 9) Заради безбедност, не употребувајте ја машината ако некои делови се во лоша состојба или оштетени. Деловите треба да се заменат и никогаш да не се поправаат. Користете оригинални резервни делови. Деловите со несоодветен квалитет може да ја оштетат машината и да ја загрозат личната безбедност.
E) ТРАНСПОРТ И ДВИЖЕЊЕ 1) Секогаш кога е потребно движење, подигнување, транспорт или наведнување на тревокосачката, потребно е: – а да носите цврсти ракавици за работа; – а да ја фатите тревокосачката на места кои нудат сигурно прифаќање, водејќи сметка за тежината и за нејзиниот транспорт; – да ангажирате луѓе што соодветствуваат со тежината на машината и на карактеристиките на превозното средство или на местото каде што машината треба да биде поставена или подигната. 2) За време на транспорт, обезбедете ја соодветно машината со помош на јажиња или синџири.
MK ПРАВИЛА ЗА УПОТРЕБА Прочитајте ги соодветните упатства за моторот и акумулаторот (ако се доставени). ЗАБЕЛЕШКА - Соодветноста меѓу ставките што се дадени во упатството и соодветните слики (дадени на страниците 2 - 3) е претставена со број што претходи на соодветниот пасус.
1. КОМПЛЕТИРАЊЕ НА МОНТАЖАТА ЗАБЕЛЕШКА - Машината може да се доставува со некои веќе поставени делови. ВНИМАНИЕ – потпирањето и целата монтажа треба да се извршат на цврста и рамна површина со доволно простор за поместување на машината и на амбалажата користејќи секогаш соодветни алати. Фрлањето на амбалажата треба да се изведува во согласност со важечките локални закони.
1.1a Држач тип “I”- без регулација на висината - Монтирајте го долниот дел од рачката (1) спојувајќи го со приложените завртки (2). Монтирајте го горниот дел од ракофатот (3) со приложените завртки, внимавајќи на правилна позиција на спиралата (5) на кабелот за стартување. На некои модели: поврзете го кабелот од моторната кочница (6) закачете го терминалот (7) од жицата на соодветниот отвор на командната рачка (8); значи фиксирајте ја потпората на кабелот (6а) за рачката со помош на завртките (9), како што е наведено. Каблите на командите фиксирајте ги на рачката со стегите (10). 1.1b Држач тип “II”- со регулација на висината - Вратете го долниот дел од рачката (1) во работна положба и прицврстете го на место со долната стега (2), и погрижете се двата клина (3) да останат вметнати во соодветните отвори (4). Поставете го горниот дел (5) со приложените завртки (6), внимавајќи на правилна позиција на спиралата (7) на кабелот за стартување. На некои модели: поврзете го кабелот од моторната кочница (8) закачете го терминалот (9) од жицата на соодветниот отвор на командната рачка (10); значи фиксирајте ја потпората на кабелот (8а) за рачката со помош на завртките (11), како што е наведено. Каблите на командите фиксирајте ги на ракофатот со стегите (12). Со олабавување на стегалките (2) ракофатот може да се постави на две различни висини.
1.2a Во случај на крута вреќа: Внимателно одделете ја плочката (1) и подлошките (2) од горниот дел од вреќата (3). Отстранете ги двете подлошки (2) и монтирајте ја плочката (1) на горниот дел од вреќата (3) вметнувајќи ја со остар потег. Монтирајте ги двете страни од вреќата (3) и (4), погрижете се до крај да ги вметнете зацврстувачите во нивните лежишта, и со остар потег фиксирајте ги со помош на завртките (5) кои ви се дадени. 1.2b Во случај на вреќа од пластика и платно: Вметнете ја рамката (15) во вреќата (17) и прицврстете ги пластичните шипки (18) со помош на одвртка, како што е прикажано на цртежот. Вметнете го на долниот крај од периметралните граничници (19) платното во жлебовите на пластичните делови (13), оставајќи 5-7 мм на краевите.
1.3 Кај моделите со електро-стартер поврзете го кабелот од акумулаторот на главниот кабел.
2. ОПИС НА КОНТРОЛИТЕ 2.1 46
Контролата на гасот (каде што ја има) е со контролен
лост (1) поставен како што е прикажано на соодветна плочка. Некои модели имаат фиксна брзина, па според тоа не им е потребен гас (2).
2.2 Кочницата на ножот се контролира со лостот (1), и треба да се притисне кон ракофатот при стартување и користење на тревокосачката. Кога лостот ќе го отпуштите, моторот запира. 2.3 Кај моделите со влечење, движењето на косачката наназад се одвива со притискање на лостот (1) во правец на рачката. Тревокосачката го запира движењето нанапред кога ќе го отпуштите лостот. 2.4 Височината на косење се регулира со употреба на лостовите (1). Кај некои модели, отстранете го поклопецот (2) одвртете ја осовината (3) со клучот (4) кој ви е даден; поставете ги тркалата во отворот (5) кој соодветствува со посакуваната висина на сечење, завртетете ја докрај осовината (3) со клучот (4). Четирите тркала мораат да бидат на еднаква височина. ОВА РЕГУЛИРАЊЕ ВРШЕТЕ ГО САМО КОГА НОЖОТ МИРУВА.
3. КОСЕЊЕ НА ТРЕВАТА 3.1 Подигнете го дефлекторот и соодветно прицврстете го магацинот за трева (1) како што е прикажано на сликата. 3.2 За придвижување, следете ги упатствата во упатството за моторот, значи, повлечете ја рачката за кочницата (1) кон држачот и потоа цврсто повлечете го ракофатот на јажето за палење (2). Кај моделите со електричен погон, повлечете ја рачката на кочницата (1) кон рачката и свртете го клучот за контакт (3). 3.3 Тревникот ќе изгледа поубаво ако тревата секогаш се коси на иста височина и со наизменично менување на правецот на косење. Совети за третман на тревникот Секој вид на присутната трева има различни карактеристики и може да бара различни режими на косење на тревникот. Прочитајте ги секогаш упатствата што се содржани на пакувањето на семето во однос на висината на препорачано косење во однос на условите на растење во пределот каде е посадена. Треба да се трудите поголемиот дел од тревата да е од ист вид и со едно или повеќе видови ливчиња. Ако ливчињата се покосат целосно, се оштетува тревникот и идното косење ќе биде многу тешко. Генерално, вреди да се следат следните упатства: – многу ниско косење предизвикува корнење и проретчување на тревната површина со што остануваат “голи места”, – на лето, косењето треба да е највисоко за да се избегне исушување на теренот, – не косете ја тревата кога е наводнувана. Тоа може да ја намали ефикасноста на сечивата врз тревата бидејќи ќе се лепи и ќе предизвика заглавување на слој од трева, – во случај на делумно израсната трева, најдобро е да прво да се искоси на најголема висина што ја дозволува машината, проследено со второ косење по два или три денови.
3.4 Кога ќе завршите со косењето, отпуштете ја рачката на кочницата (1) и исклучете го кабелот од свеќичката (2). Извадете го клучот (3) од стартерот (на моделите кои го имаат). Пред да започнете со било какви работи на косачката ПОЧЕКАЈТЕ НОЖОТ ПОТПОЛНО ДА ЗАПРЕ.
4. РУТИНСКО ОДРЖУВАЊЕ ВАЖНО - Регуларното и грижливо чување е неопходно за да се сочуваат степенот на сигурност и оригиналноста на тревокосачката. Тревокосачката одлагајте ја на суво место.
– При исфрлање од употреба, не оставајте ја машината каде било во природата, туку предајте ја во собирен центар во согласност со важечките локални закони.
6. ДОПОЛНИТЕЛНА ОПРЕМА 1) Треба да се носат цврсти ракавици за работа пред секое чистење, чување или регулирање на тревокосачката. 2) Внимателно мијте ја тревокосачката со вода по секое сечење: отстранете ги остатоците од кал и тревки наталожени во внатрешноста на шасијата за да избегнете исушување на истите кои можат да предизвикаат потешкотии во наредното користење. 3) Глазурата во внатрешноста на шасијата може да се одвои со тек на време поради абразивни дејствија на исечената трева; во тој случај, интервенирајте на време поправајќи ја глазурата со средство против рѓосување, за да спречите создавање на рѓа која може да доведе до корозија на металот. 4) Во случај да треба да се пристапи до долната страна, наведнете ја тревокосачката само на страната наведена во прирачникот за моторот, следејќи ги наведените инструкции. 5) Да се одбегнува истурање на бензин врз пластичните делови од моторот или на машината, за да се одбегне нивно оштетување и веднаш да се исчисти секаква трага од евентуално истурениот бензин. Гаранцијата не ги покрива штетите на пластичните делови, предизвикани од бензин.
ВНИМАНИЕ: Заради ваша лична безбедност, изречно е забрането монтирање на каква било дополнителна опрема што не се наведени во следниот список кои се дадени соодветно за моделот и типот на вашата машина.
6.1 Комплет за “дробење” (ако не е доставено) Ја дроби ситно покосената трева и ја распределува врз тревникот, што е алтернатива за косење во вреќа.
4.1 Секоја интервенција врз ножевите мора да се извршува во специјализиран сервис каде има посоодветна опрема. За оваа машина се предвидени ножеви кои го носат знакот: 81004360/3 (за модел 414) 81004365/3 (за модел 464) 81004381/1 (за модел 534) Ножевите треба секогаш да се обележани со знакот . Заради развојот на производот, горенаведените сечива треба со време да се заменат со други со соодветни карактеристики за замена и функционална безбедност. Поставете го сечивото одново (2) со знакот и обележувањето свртени кон теренот следејќи го посочениот редослед на сликата. Зашрафете ја централната навртка (1) со динамометричен клуч со калибрација од 35-40 Nm.
4.2 За да го наполните испразнетиот акумулатор, приклучете го на полнач (1) следејќи ги упатствата од прирачникот на акумулаторот. Не поврзувајте го полнењето на батеријата директно за клемите на моторот. Не е можно да се вклучи моторот со помош на полнењето на батеријата како извор на напојување бидејќи оваа постапка може да предизвика големи оштетувања. Ако косачката нема да се употребува подолг период, тогаш осигурете се дека акумулаторот е полн, и исклучете ги каблите од него.
5. ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА Заштитата на животната средина треба да се извршува релевантно и приоритетно при употреба на машината во корист на граѓанските погодности и на просторот во кој живееме. – Избегнувајте постоење на елементи на нарушување во непосредното опкружување. – Следете ги точно локалните закони за фрлање на материјалите кои ќе се резултат на сечењето. – Доследно следете ги локалните закони за фрлање на амбалажата, маслата, бензинот, акумулаторот, филтрите, делови во распаѓање или какви било елементи со штетно влијание врз животната средина. Овие отпадоци не смее да се фрлаат во ѓубре туку треба да се селектираат и однесат во соодветни собирни центри кои рециклираат материјали.
Ако имате било какви недоумици или проблеми, немојте да се двоумите да контактирате со најблискиот Сервисен Центар или Продажен пункт.
Notice Facile