MWO-2070 BL - микробранова печка Vivax - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот MWO-2070 BL Vivax во PDF формат.

Vivax MWO-2070 BL - микробранова печка
📄 244 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање 10 прашања ⚙️ Спецификации
Notice Vivax MWO-2070 BL - page 45
Погледни прирачник : Čeština CS English EN Magyar HU Македонски MK Polski PL Slovenčina SK Slovenščina SL Shqip SQ
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.
Тип на производ Соло микробранова печка
Бренд Vivax
Модел MWO-2070 BL
Боја Црна
Капацитет 20 L
Моќност на микробранова 700 W
Нивоа на моќност 5 нивоа
Функција за одмрзнување Да, по тежина
Тајмер До 99 минути
Ротирачка плоча Да, стаклена
Безбедносна брава за деца Да
Тип на контрола Механички копчиња
Внатрешно осветлување Да
Димензии (Ш x Д x В) 455 x 390 x 260 mm
Тежина 10.5 kg
Напојување 220-240 V, 50 Hz
Потрошувачка 1050 W
Чистење Избришете со влажна крпа, благ детергент
Безбедносни карактеристики Блокада на врата, заштита од прегревање
Достапност на резервни делови Контактирајте ја службата за корисници на Vivax
Јазик на прирачник Англиски (244 страници)

Често поставувани прашања - MWO-2070 BL Vivax

Како да го поставам времето за готвење на Vivax MWO-2070 BL?
Свртете го копчето за тајмер во насока на часовникот до саканото време (до 99 минути). Микробрановата печка ќе започне автоматски.
Може ли да користам метални садови во оваа микробранова?
Не, металот може да предизвика искри и оштетување. Користете безбедни за микробранова стаклени, керамички или пластични садови.
Како да одмрзнам храна користејќи ја функцијата за одмрзнување?
Поставете го нивото на моќност на одмрзнување (обично ниска моќност) и внесете ја тежината на храната. Микробрановата печка ќе го пресмета времето.
Што треба да направам ако ротирачката плоча не се врти?
Проверете дали стаклената плоча и прстенот за тркалање се правилно поставени. Ако сè уште не се врти, контактирајте ја службата на Vivax.
Како да го исчистам внатрешноста на микробрановата?
Избришете со влажна крпа и благ детергент. Избегнувајте абразивни средства за чистење. За мириси, загрејте сад со вода и сок од лимон.
Дали постои функција за безбедносна брава за деца?
Да, безбедносната брава за деца спречува случајно работење. Погледнете го прирачникот за да ја активирате (обично со притискање на комбинација од копчиња).
Кои нивоа на моќност се достапни?
Vivax MWO-2070 BL има 5 нивоа на моќност: ниско, средно ниско, средно, средно високо, високо.
Може ли да ја користам микробрановата празна?
Не, работењето на микробрановата празна може да го оштети магнетронот. Секогаш имајте храна или чаша вода внатре.
Каде можам да најдам резервни делови?
Резервните делови се достапни преку овластени продавачи на Vivax или со контактирање на службата за корисници на Vivax.
Кој е периодот на гаранција?
Стандардната гаранција е 2 години од датумот на купување. Чувајте ја сметката за барања за гаранција.

Прашања на корисниците за MWO-2070 BL Vivax

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Вашата е-пошта останува приватна: се користи само за да ве известиме ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот микробранова печка во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник MWO-2070 BL - Vivax и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. MWO-2070 BL на марката Vivax.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК MWO-2070 BL Vivax

Упатства за употреба

Упатства за употреба

Овој уред ги задоволува највисоките стандарди и носи иновативна технологија и висока удобност на употреба.

Внимателно прочитајте го ова упатство пред користење на вашата микробранова печка и чувајте го упатството на сигурно и познато место за во иднина.

Ако ги следите овие упатства и се придржувате до сите сигурносни предупредувања, вашата нова микробранова печка ќе ве служи со години.

(а) Немојте да ја користите микробрановата печка додека вратата на уредот е отворена, тоа може да резултира со изложување на штетна микробранова енергија. Важно е сигурносните прекидачи да не се модификуваат и да не се поправаат, а неовластена работа може да ја загрози вашата безбедност.

(б) Немојте да ставате никакви предмети помеѓу вратата и просторот за сад во микробрановата печка и водете грижа да не се собираат нечистотии или остатоци од средство за чистење на заптивката од вратата.

(в) ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Ако заптивката за врата или вратата се оштетени, микробрановата печка не смее да се користи додека овластен сервис не го отстрани дефектот.

ДОДАТОК: Ако уредот редовно не се одржува и чисти, неговата површина може да се уништи, а тоа ќе влијае на животниот век на уредот и ќе предизвика потенцијално опасна ситуација.

Ве молиме да ги прочитате следниве сигурносни предупредувања и сочувајте го ова упатство за во иднина. Секогаш следете ги сите предупредувања и упатства означени на производот.

Спецификација:

Модел:MWO-2070BL
Напон:230V~ 50Hz
Влезен напон (микробранова печка)1050W
Излезен напон (микробранова печка)700W
Капацитет на микробрановата печка:20 L
Дијаметар на ротирачката платформа 255 mm
Надворешен дијаметар:440 x 336 x 259 mm
Нето тежина:Approx. 10.50 kg
Потрошувачка:Режим на мир. (Standby): 0,8 WИсклучен режим (Off): N/A
Максimalното време потребно за микробра-новата печка автоматски да достигне приме-нилив режим на работа или сostoјба на мала мокност..20 min

ВАЖНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА И СИГУРНОСНИ УПАТСТВА

Vivax MWO-2070 BL - ВАЖНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА И СИГУРНОСНИ УПАТСТВА - 1

Гром со симбол во триаголникот го предупредува корисникот на присуство на опасност и неизолиран напон во производот кој може да биде доволно силен да претставува опасност од струен удар.

Vivax MWO-2070 BL - ВАЖНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА И СИГУРНОСНИ УПАТСТВА - 2

Извичникот во триаголникот го предупредува корисникот на присуство на важно упатство за користење и одржување во документот приложен со производот.

Vivax MWO-2070 BL - ВАЖНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА И СИГУРНОСНИ УПАТСТВА - 3

ВНИМАНИЕ

Vivax MWO-2070 BL - ВНИМАНИЕ - 1

Немојте да го вадите поклопецот од уредот. Во никој случај на корисникот не му е дозволено да врши било какви поправки на уредот. Тоа треба да го изврши овластен сервисер.

За да го намалите ризикот од пожар, електричен удар, повреда или зрачење, при користење на уредот, секогаш следете ги основните мерки на претпазливост, вклучувајќи ги:

  1. Предупредување: Течност и други намирници не смеете да ги загревате во уредот, бидејќи може да предизвикате експлозија.
  2. Предупредување: Опасно е, освен за овластен сервисер, да вршите било какви измени или поправки на уредот, вклучувајќи отстранување на поклопецот кој го штити корисникот од изложување на микробранова енергија.
  3. Овој уред смеат да го користат деца постари од 8 години и лица со намалени физички, сетилни или ментални способности или недостаток на искуство и знаење, освен ако не се под надзор или не им се дадени упатства за безбедно користење на уредот и ако се

свесни за потенцијалната опасност. Децата не смеат да си играат со уредот. Чистењето и одржувањето не смеат да го вршат деца помали од 8 години и кога не се под надзор.

  1. Чувајте го уредот и неговиот кабел за напојување надвор од дофат на деца помали од 8 години.
  2. Користете исклучиво прибор кој е соодветен за употреба во микробранова печка.
  3. Микробрановата печка треба редовно да ја чистите и да ги отстранувате остатоците од храната.
  4. Прочитајте ги и придржувајте се до „МЕРКИТЕ ЗА ОПАСНОСТ ЗА ИЗБЕГНУВАЊЕ НА ПОТЕНЦИЈАЛНА ИЗЛОЖЕНОСТ НА МИКРОБРАНОВА ЕНЕРГИЈА“.
  5. За време на загревање на храната во пластичен или хартиен сад, внимавајте на микробрановата печка заради можноста од палење и пожар.
  6. Ако е видлив чад, исклучете го или одспојте го уредот од напојување и оставете ја вратата затворена за да се угаси пламенот.
  7. Немојте премногу да ја готвите храната.
  8. Немојте да ја користите внатрешноста на микробрановата печка за чување на лични работи. Немојте да чувате или одложувате намирници, како што се леб, колачи и слично, во микробрановата печка.
  9. Отстранете ги сите метални врвки за поврзување и метален прибор пред да ставите нешто во уредот.
  10. Инсталирајте и сместете го овој уред согласно со упатствата за инсталација.
  11. Јајца во лушпа или тврдо варени јајца не смеат да се загреваат во печката, бидејќи може да дојде до експлозија, дури и откако уредот ќе заврши со загревање на храната.
  12. Овој уред е наменет за користење во домаќинството и слични простори, како што се:
  13. готвење за лица во маркети,
  14. фирми и други работни опкружувања;
  15. од страна на гости во хотели, мотели и други станбени простори; во места кои се изнајмуваат;
  16. во места кои нудат „пренокување со доручек“.
  17. Ако кабелот за напојување е оштетен, за да се избегне потенцијално опасна ситуација, кабелот мора да биде заменет кај производителот, сервисерот или друго квалификувано лице.
  18. Немојте да го чувате или користите уредот на отворено.
  19. Немојте да го користите овој уред во близина на вода или во влажни простории или во близина на базен.
  20. Температурата на достапните површини за време на работа на уредот може да биде висока. Површините се склони на загревање за време на користење. Држете го кабелот за напојување подалеку од загреана површина и немојте да ги покривате отворите на уредот кои служат за вентилација и ладење на уредот.
  21. Обратете внимание кабелот да не виси преку рабовите.
  22. Ако долго време не ја одржувате печката во чиста состојба, тоа може да предизвика пропаѓање на површината, што ќе има негативно влијание на векот на траење на уредот и потенцијално да предизвика опасни ситуации. Таквите оштетувања не влегуваат во гаранцијата.
  23. Содржината на шишињата за хранење и стаклените тегли за бебе треба претходно да ја промешате или протресете, а температурата пред конзумирање да ја проверите, за да се избегнат изгореници или повреда.
  24. Микробрановото загревање на пијалоци може да резултира со одредени еруптивни ситуации, затоа треба да внимавате при ракување со садови.
  25. Уредот не е наменет за користење од страна на лица (вклучувајќи и деца) со намалени физички или ментални способности или недостаток на искуство и знаење, освен ако не се под надзор или добиле упатство за користење на уредот од лицето одговорно за нивната безбедност.
  26. Децата треба да бидат под надзор за да се осигурате дека не си играат со уредот.
  27. Уредот не е наменет за работа со помош на надворешен тајмер или систем за далечинско управување.
  28. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Достапните делови можат да бидат топли за време на работа. Деца помали од 8 години треба да ги држите подалеку од уредот, освен ако не се под надзор.
  29. Немојте да користите парен чистач за чистење на уредот.
  30. За време на користење уредот станува топол. Треба да избегнувате допирање на грејните елементи во микробрановата печка.
  31. Користете само температурни сонди препорачани за микробрановата печка (ова важи само за печки кои се опремени со можноста за користење на температурни сонди).
  32. Задната страна на уредот треба да биде поставена до ѕид.
  33. Микробрановата печка не смее да се поставува или вградува во кујнските елементи.
  34. Микробрановата печка е наменета за греење на храна и пијалок. Сушењето на храна или облека и загревањето на перници, сунѓери, влажни крпи и слично може да предизвика опасност од повреда, палење или пожар.

За да се намали опасноста од повреда: инсталација и заземјување

ОПАСНОСТ

Опасност од струен удар:

Допирањето на некои внатрешни делови може да предизвика повреда или смрт. Немојте да го расклопувате уредот.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Опасност од струен удар:

Неправилното користење и заземјувањето може да предизвика струен удар. Уредот немојте да го приклучувате на електрично напојување додека не е правилно инсталиран и сместен на стабилна подлога.

Овој уред мора да биде заземјен. Во случај на краток спој, заземјувањето го намалува ризикот од струен удар, бидејќи струјата се одведува преку заземјувачкиот канал.

Овој уред е опремен со кабел кој има заземјувачки канал и утикач со заземјување. Утикачот мора да биде приклучен во штекер кој е правилно инсталиран и заземјен. Обратете се кај квалификуван сервисер ако упатствата за заземјување не ви се јасни или ако постои сомнеж дека уредот не е правилно заземјен. Ако е потребно да користите продолжен кабел, користете само 3-жичен кабел.

  1. Краток кабел за напојување се користи за да се намали ризикот од заплеткување или сопнување со подолг кабел.
  2. Ако се користи долг кабел или продолжен кабел:

1) Податоците и карактеристиките на другиот кабел или продолжниот кабел треба да бидат еднакви со податоците на уредот.

2) Продолжниот кабел мора да биде 3-жичен кабел за заземјување.

3) Долгиот кабел мора да биде поставен на начин да не виси од масата, за да се избегне повлекување на кабелот од страна на деца или ненамерно сопнување.

ЧИСТЕЊЕ

Секогаш прво исклучете го уредот од напојување.

  1. Исчистете ја внатрешноста на уредот со влажна крпа откако ќе завршите со користење.
  2. Приборот на печката чистете го на вообичаен начин во сапунеста вода.
  3. Рамката на вратата, заптивката и другите делови на уредот мораат внимателно да се чистат со влажна крпа, по потреба кога ќе приметите дека не се чисти.
  4. Немојте да користите остри абразивни средства или остри метални предмети за стругање за да го исчистите стаклото на вратите на уредот, бидејќи можете да ја оштетите површината, што може да предизвика оштетување на стаклото и другите делови на уредот.
  5. Совет за чистење: За лесно чистење на внатрешноста која доаѓа во допир со храна: Пола лимон ставете го во сад, додадете 300 ml вода (голема чаша) и грејте на 100% микробранова моќ 10 минути. Избришете ја печката со мека и сува крпа.

ПРИБОР

ВНИМАНИЕ

Опасност од повреда!

Спроведување на било каков сервис или поправка која вклучува отстранување на поклопецот кој штити од изложување на микробранова енергија претставува опасност и изложување на микробраново зрачење. Сервисот препуштете му го на овластено лице.

Видете ги упатствата под "Материјали кои можете да ги користите во микробрановата печка или кои треба да ги избегнувате во микробрановата печка".

Постои одреден неметален прибор кој не е сигурен за користење во микробрановата печка. Ако сте во недоумица, приборот можете да го тестирате на следниов начин:

Тест за прибор:

  1. Наполнете го садот кој е сигурен за користење во микробрановата печка со една чаша ладна вода (250 ml) и заедно ставете го садот со приборот кој сакате да го тестирате.
  2. Вклучете ја печката на максимална моќност 1 минута.
  3. Внимателно допрете го тестираниот прибор. Ако е топол, приборот не е соодветен за користење во микробрановата печка.
  4. Немојте да ги прекорачите предвидените 1 минута греење.

Материјали погодни за микробранова печка

ПриборОпис
Сад за печењеСледете ги упатствата на производителот. Дното на садот за печње мора да се наоға 5мм над ротирачкиот тањир. Неправилно користење може да предизвика пукање на ротирачкиот тањир.
Прибор за масаСамо тој што е сигурен за користење во микробрановата печка. Следете ги упатствата на производителот. Немојте да користите напукнати садови.
ТеглиСекогаш отстранете го поклопецот. Користите само за греење на храна додека не стане топла. Повеќето тегли не се отпорни на топлина и можат да пукнат.
Стакелен приборСамо стаклени садови кој се отпорни на топлина. Осигурајте се да нема метални делови. Немојте да користите напукнати садови.
Вреќички за греењеСледете ги упатствата на производителот. Немојте да ги затварате вреќите со метални врви. Оставете ја вреќичката отворена за да овозможите излегување на пареата.
Хартиени тањири и садоСе користи сам оза краткотрајно готвње / подгреување. Немојте да ја оставате печката без надзор за време на работа.
Хартиени крпиСе користи за покивање на храна при греење и ансорција на масти. Се користи под надзор за кратко готвење.
ПергаментСе користи за покривање за да се спречи прскање или како мот за готвење на пареа.
ПластикаСамо оние кој се сигурни за користење во микробрановата печка. Следете ги упатствата на производителот. Треба да ја содржи ознката: "Microwave Safe". Некој пластични садови можат да омекнат за време греење на храната. Вреќичките за готвење" и цврсто затворените пластични вреќички треба да ги исечете согласно со упатството на пакувањето.
Пластичен омотСамо оние кој се сигурни за користење во микробрановата печка. Користите за покривање на храна за време на готвење со цел за задржување на влага. Обратете внимание пластичниот омот да не ја допира храната.
ТермометриСамо оние кој се сигурни за користење во микробрановата печка (термометри за месо и шеќер).
Восок хартијаКористите за покривање за да се спречи за прскање и задржување на влага

Материјали кои треба да ги избегнувате во микробрановата печка

Прибор Опис
Алуминиумски приборМоже да предизвика искри. Префрлете ја храната во сигурен сад за користење во микробрановата печка.
Картон за храна со метална рачкаМоже да предизвика искри. Префрлете ја храната во сигурен сад за користење во микробрановата печка.
Метален обработен приборМеталот ја штити храната од микробранова енергија. Металниот обработен прибор може да предизвика искри.
Метални врвкиМоже да предизвика искри и пожар во микробрановата печка.
Хартиени вреќичкиМоже да предизвика пожар во микробрановата печка.
Пластична пенаПластичната пена може да се растопи или контаминира течност или намирници кога е изложена на висока температура.
ДрвоДрвото їе се исуши ако се користи во микробрановата печка, али исто така може и да пукне или да се деформира.

ПОСТАВУВАЊЕ НА МИКРОБРАНОВА ПЕЧКА

Имиња и делови на уредот и опрема

Извадете го уредот и сите материјали од пакувањето и внатрешноста на микробрановата печка.

Микробрановата печка доаѓа со следнава опрема:

Инсталација на движечката платформа

Vivax MWO-2070 BL - Инсталација на движечката платформа - 1

A. Никогаш немојте да го поставувате стаклениот тањир наопаку. Стаклениот тањир никогаш не смее да биде блокиран. B. Стаклениот тањир и прстенот на платформата секогаш мораат да се користат за време на работа на микробрановата печка. C. Храната и садовите за храна се ставаат на стаклениот тањир. D. Ако стаклениот тањир или движечкиот прстен пукнат, обратете се до најблискиот овластен сервис.

Прво користење

Пред првото користење, задолжително отстранете ја целата амбалажа и опрема од уредот.

Проверете дали постои на и во уредот било какво оштетување како напукнатина или неисправна врата. Немојте да започнете со користење на уредот доколку е оштетен. Контактирајте го овластениот сервис или маркетот од каде што е производот.

Куќиште: Отстранете ги заштитните фолии и амбалажата за куќиштето и во микробрановата печка.

Немојте да го вадите светлосиниот картон (мика картон) кој се наоѓа во просторот за печката. Тој служи за заштита од магнетрон!

Инсталација

  1. Одберете површина која обезбедува доволно простор за влезните и излезните отвори.

0cm 30cm 20cm 20cm Min 85cm

а. Минимална висина на инсталацијата е 85 см од под. b. Задната страна на уредот мора да биде поставена до ѕид. Оставете простор од најмалку 30 см над уредот. Минимален размак од останатите елементи е 20 см. c. Немојте да ги отстранувате ногарките од дното на уредот. d. Блокирање на влезните или излезните отвори може да го оштети уредот.

e. Печката поставете ја најдалеку што можете од радио и ТВ приемникот. Работата на микробрановата печка може да предизвика пречки во сигналот. 2. Микробрановата печка вклучете ја во стандарден утикач со заземјување во вашето домаќинство. Осигурајте се дека напонот и фреквенцијата означени на плочата-налепницата на уредот.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:

Микробрановата печка немојте да ја инсталирате над печка или друг уред кој произведува

Vivax MWO-2070 BL - ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: - 1

топлина. Ако ја инсталирате во близина или над извор со топлина, микробрановата печка може да се оштети и гаранцијата не покрива таков вид на оштетување. Достапните допирни површини можат да бидат топли за време на работа на уредот.

УПОТРЕБА

Оваа микробранова печка користи современа дигитална контрола за параметрите за готвење оптимално да се прилагодат спрема вашите потреби.

Управувачка плоча и карактеристики

Vivax MWO-2070 BL - Управувачка плоча и карактеристики - 1

1. Поставување на саат

Кога микробрановата печка е приклучена на напојување, на екранот ќе биде прикажано "0:00" и еднаш ќе се огласи звучен сигнал.

а) Притиснете го копчето "CLOCK/PRESET", приказот на саат ќе почне да трепка; б) Свртете го "ВРТЕЧКО КОПЧЕ" за прилагодување на точното време (саат). Можете да го прилагодите саатот во опсег од "0-23". в) Притиснете "CLOCK/PRESET", ознаката за минута ќе почне да трепка. г) Свртете го "ВРТЕЧКО КОПЧЕ" за прилагодување на точното време (минута). Можете да ги прилагодите минутите во опсег "0-59". д) Притиснете "CLOCK/PRESET" за крај на поставување на саатот. Ознаката на екранот ":" ќе трепери.

Забелешка:

1) Доколку саатот не е поставен, не можете да ја користите микробрановата печка. 2) За поставување на време на саатот, доколку не притиснете на ниту една операција во рок од 1 минута, печката автоматски ќе се врати во претходниот режим на работа.

а) Притиснете го копчето "Microwave" и ознаката "P100" ќе почне да трепка. б) Притиснете "Microwave" неколку пати или прилагодете ја моќноста со "ВРТЕЧКОТО КОПЧЕ". "P100", "P80", "P50", "P30", "P10" ќе бидат прикажани на екранот.

в) Притиснете го копчето "START/+30SEC./CONFIRM" за потврда на одбраните опции.

г) Свртете го "ВРТЕЧКО КОПЧЕ" за прилагодување на времето за готвење. (Можно е прилагодување на времето во опсег од 0:05s - 95:00min.) д) Притиснете го копчето "START/+30SEC./CONFIRM" за почеток на готвење.

Забелешка:

Чекорите за прилагодување на времето на готвење се прикажани во долната табела:

Функција/Мо́кностЕкран.Тип на намирница
10% НискаP10Одмрзнување на сладолед
30% Средна ниска (Одмрзнување)P30Топење на путер или одмрзнување
50% СреднаP50Гулаш, Риба
80% Средна високаP80Ориз, Риба, Пилешко, Мелено месо
100% ВисокаP100Подгреување, Млеко, Загревање на вода до вриење, Зеленчук

3. Брзо готвење

а) Во режимот на чекање, притиснете го копчето "START/+30SEC./CONFIRM" за готвење со 100% моќност во време од 30 секунди. Со секое притискање на копчето го зголемувате времето за 30 секунди. Максимално можно време е 95 минути. б) За време на работење на микробрановата, Грил, комбиниран или режим на одмрзнување, притиснете го копчето "START/+30SEC./CONFIRM" за зголемување на времето на готвење. в) Во режимот на чекање, свртете го "ВРТЕЧКО КОПЧЕ" кон лево за директно да поставите време за готвење. По бирање на време, притиснете "START/+30SEC./CONFIRM" за почеток на готвење. Моќноста на микробрановата печка е максимална (100%).

Забелешка: Во Auto режимот на работа или одмрзнување по тежина, времето не е можно да го зголемувате со притискање на копчето "START/+30SEC./CONFIRM".

4. Одмрзнување по тежина

a) Притиснете го копчето "WEIGHT/TIME DEFROST", на екранот ќе биде прикажано: "dEF1". b) Свртете го "ВРТЕЧКО КОПЧЕ" за бирање на тежината на намирницата. Можете да ја прилагодите тежината во опсег од 100-2000g. c) Притиснете го копчето "START/+30SEC./CONFIRM" за почеток на одмрзнување.

5. Одмрзнување по време

a) Притиснете го копчето "WEIGHT/TIME DEFROST", на екранот ќе биде прикажано: "dEF2". b) Свртете го "ВРТЕЧКО КОПЧЕ" за бирање на време за одмрзнување. Максимално можно време е 95 минути. c) Притиснете "START/+30SEC./CONFIRM" за почеток на одмрзнување. Моќноста за одмрзнување е P30, но не е можно менување.

6. Готвење во фази

Можно е максимално поставување на две фази на готвење. Доколку едната фаза е одмрзнување, автоматски ќе биде поставена како прва фаза. По секоја фаза ќе се огласи звучен сигнал.

Пример: Сакате ли прво да ја одмрзнете храната во траење од 5 минути, а потоа да започнете со печење со 80% од моќноста во траење од 7 минути. Чекорите се следниве:

a) Притиснете два пати на копчето "WEIGHT/TIME DEFROST". На екранот ќе биде прикажано: "dEF2"; b) Свртете го "ВРТЕЧКО КОПЧЕ" за бирање на време за одмрзнување и прилагодете ја вредноста на 5 минути; c) Притиснете го копчето "Microwave" и ознаката "P100" ќе почне да трепка; d) Притиснете повторно на копчето "Microwave" или свртете го "ВРТЕЧКО КОПЧЕ" за да ја поставите моќноста на микробрановата печка на 80%. Екранот ќе прикаже "P80"; e) Притиснете го копчето "START/+30SEC./CONFIRM" за потврда на прилагодувањата; f) Свртете го "ВРТЕЧКО КОПЧЕ" за прилагодување на времето на готвење на 7 минути; g) Притиснете го копчето "START/+30SEC./CONFIRM" за почеток на готвење.

a) Прво прилагодете го саатот. (Погледнете го поглавјето "Поставување на саат".) b) Внесување на програма за готвење. Две фази на готвење можат однапред да се прилагодат како програма. Програмата за одмрзнување не можете да ја поставите како програм.

Пример: Сакате да ја поставите програмата за готвење на 80% моќност во траење од 7 минути.

I. Притиснете го копчето "Microwave". И ознаката "P100" ќе почне да трепери; II. Притиснете го копчето повторно "Microwave" или свртете го "ВРТЕЧКОТО КОПЧЕ" за поставување на моќноста на 80%. На екранот ќе биде прикажано "P80"; III. Притиснете го копчето "START/+30SEC./CONFIRM" за потврда; IV. Свртете го "ВРТЕЧКОТО КОПЧЕ" за прилагодување на времето на готвење на 7 минути; По горните прилагодувања немојте да го притиснете копчето "START/+30SEC./CONFIRM" туку следете ги долните чекори:

c) Притиснете "CLOCK /PRE-SET". Екранот со приказ на саат ќе трепери; d) Свртете го "ВРТЕЧКОТО КОПЧЕ" за прилагодување на точно време (саат). Можете да го прилагодите саатот во опсег од "0—23". e) Притиснете "CLOCK / PRE-SET", ознаката за минута ќе почне да трепери. f) Свртете го "ВРТЕЧКОТО КОПЧЕ" за прилагодување на точно време (минути). Можете да ги прилагодите минутите во опсег од "0—59". g) Притиснете "CLOCK / PRE-SET (СААТ / ПОСТАВУВАЊЕ)" за крај на поставувањата.

Кога ќе се достигне прилагоденото време, ќе се огласи двостручен звучен сигнал и готвењето автоматски ќе почне.

Забелешка: 1) Доколку саатот не е поставен, не е возможно користење на микробрановата печка. 2) Брзо готвење или одмрзнување не е можно да ги поставите како програмско готвење.

8. Авто мени

а) Во режимот на чекање, свртете го „ВРТЕЧКОТО КОПЧЕ“ надесно за да го изберете менито „А-1“ до „А-8“; б) Притиснете го копчето „START/+30SEC./CONFIRM“ за да го потврдите избраното мени; в) Свртете го „ВРТЕЧКОТО КОПЧЕ“ за да ја изберете тежината на намирниците; г) Притиснете го копчето „START/+30SEC./CONFIRM“ за да започнете со готвење;

д) Откако готвењето ќе биде завршено, ќе се огласи звучен сигнал 5 пати.

Авто мени

МениТежина Екран Модкност
А-1АВТОПОДГРЕУВАНЬЕ200g 200400g600g400600100%
А-2ЗЕЛЕНЧУК200g300g400g200300400100%
А-3РИБА250g350g450g25035045080%
А-4МЕСО250g350g450g250350450100%
А-5ТЕСТЕНИНА50g (со 450g ладна вода) 50100g (со 800g ладна вода) 10080%
А-6КРОМПИР200g 200400g 400600g 600100%
А-7ПИЦА200g 200400g 400100%
А-8СУПА200ml 200400ml 40080%

9. Функција заклучување за заштита на деца

Заклучување: Во режимот на чекање, притиснете го копчето „STOP/CLEAR“ во траење од 3 секунди. Ќе се огласи долг „бип“ звучен сигнал што означува дека заклучувањето е активирано. На екранот ќе се прикаже: „☐☐☐“

Поништување на заклучувањето: Во режим на заклучување, притиснете го копчето „STOP/CLEAR“ во траење од 3 секунди. Ќе се огласи долг „бип“ звучен сигнал што означува дека заклучувањето е поништено.

10. Функција проверка на поставувањата

а) Во услови на готвење во микробранова печка, притиснете „Микробранова“, моменталната моќност ќе се прикаже 3 секунди. б) Во режим на чекање, притиснете го копчето „CLOCK/PRE-SET“ за проверка на времето за одложено почнување на готвење. Прилагоденото време ќе трепка 3 секунди, а потоа печката ќе се врати на приказ на саат. в) За време на работа на печката, притиснете го копчето „CLOCK/PRE-SET“ за проверка на моменталното време. Приказот ќе трае 3 секунди.

11. Спецификација

а) За време на вртење или притискање на копчињата, печката секогаш ќе се огласи со звучен сигнал. б) Доколку за време на работа на печката сте ја отвориле вратата, за продолжување со готвење задолжително морате да го притиснете копчето „START/+30SEC./CONFIRM“. в) За време на поставување на програмирано готвење, доколку за 1 минута не го притиснете копчето „START/+30SEC./CONFIRM“, програмата ќе биде откажана. На екранот ќе се прикаже саат. г) Звучниот сигнал се огласува кога копчето е правилно притиснато; доколку копчето или функцијата не е возможна, нема да има звучен сигнал. Звучниот сигнал ќе се огласи пет пати за да ве потсети дека готвењето е завршено.

Отстранување на проблеми

Нормално
Микробрановата печка создава пречки на ТВ сигналотРадио и ТВ приемот може да биде попречен за време на работа на микробрановата печка. Тоа е попречување на мали електрични уреди, како што е миксерот, правосмукалката и електричниот вентилатор. Тоа е нормално. Одалечете го уредот од микробрановата печка.
Пригушено светло во микробрановата печкаЗа време на готвење со ниска моć, светлото може да стане пригушено. Тоа е нормално.
Пареа се лепи на вратата, врел воздух излага од отворотЗа време на готвење пареа може да излегува од храната. Поголемиот дел će излегува од отворот. Но, еден дел će се акумулира на ладните места како што е вратата од микробрановата печка. Тоа е нормално.
Случајно е включен уред без храна во негоЗабрането е и опасно е стартување на уредот без храна. Тоа е многу опасно. Одмаш исключете ја печката!
Проблем Можно причинаРешение
Микробрановатапечка неможе да сестартуваКабелот занапојување не еправилно включенИсклучете го иповторно включете гоутикачот по 10 секунди
Осигурачот прегорелили „искочил“Заменете гоосигурачот илирестартирајте јасклопката (од странана професионаленсервисер)
Потешкотии соутикачотТестирајте го утикачотсо друг електриченured.
Микробрановатапечка не грееВратата не е правилнозатворенаПравилно затворете јавратата
Стаклениот,движечки тањирпроизведува чудензвук за време наработа на печкатаВо лежиштето надвижечиот прстен надното одмикробрановата печкасе насобраланечистотијаPogledajte "Čišćenjemikrovalne" za čišćenjeopreme i dijelovapećnice.

Пријателски однос кон околината

Vivax MWO-2070 BL - Пријателски однос кон околината - 1

Производот означен со овој симбол означува дека производот припаѓа во групата на електрична и електронска опрема (ЕЕ производи) и не смее да се одлага заедно со домаќинскиот отпад.

Правилното постапување, згрижување и рециклирање на производот спречува потенцијални негативни последици по човековото здравје и околината, кои можат да настанат поради неадекватно згрижување или отстранување на овој производ.

За повеќе информации за рециклирање и згрижување на овој производ, ве молиме контактирајте ја вашата локална фирма за згрижување на ваков тип отпад или маркетот од каде што сте го купиле овој производ.

ЕУ Изјава за сообразност

Овој уред е произведен во согласност со важечките европски норми и е во согласност со сите важечки директиви и регулативи.

Vivax MWO-2070 BL - ЕУ Изјава за сообразност - 1

ЕУ Изјавата за сообразност можете да ја преземете од следниов линк: www.msan.hr/dokumentacijaartikala

Изјава за усогласеност

За издавање на ЕУ изјавата за усогласеност одговорен е исклучиво производителот.

Предмет на изјавата:

Предметот на наведената изјава е во согласност со соодветната законска регулатива на Унијата за усогласување:

  1. EMC Директива 2014/30/EU
  2. LVD Директива 2014/35/EU
  3. ErP Директива 2009/125/EC
  4. RoHS Директива 2011/65/EU

Референца на применетите усогласени норми или референци на техничката спецификација во врска со која се изјавува усогласеност:

EN 55011:2016+A1:2017+A11:2020+A2:2021 EN 55014-1:2017+A11:2020 EN IEC 61000-3-2:2019+A1:2021 EN 61000-3-3:2013+A1:2019 EN IEC 55014-2:2021 EN 60335-1:2012+A11:2014+A13:2017+A1:2019+A2:2019+A14:2019+A15:2021 EN 60335-2-25:2021+A11:2021 EN 60335-2-9:2003+A1:2004+A2:2006+A12:2007+A13:2010+AC:2011+AC:2012

EN 62233:2008

EN 50564:2011

EN 50242:2016

EN 60350-1:2013+A11:2014

EN 60350-2:2013+A11:2014

EN 62321-1:2013

EN 62321-2:2021

EN 62321-3-1:2013

EN 62321-4:2013+A1:2017

EN 62321-5:2013

EN 62321-6:2015

EN 62321-7-1:2015

EN 62321-7-2:2017

EN 62321-8:2017

Скопје, 26.4.2023

Фах 829, 1000 Скопје, Р. Северна Македонија

ЕДБ: МК4030992148501, НЛБ Банка АД с-ка 210-0453086101-55

Ви благодариме што купивте уред на VIVAX и се надеваме дека сте задоволни со изборот. Доколку во текот на гарантниот рок се јави потреба од поправка на производот, побарајте совет од продавачот кој ви го продал производот или контактирајте со нас на долунаведените броеви и адреси. ВЕ МОЛИМЕ ПРЕД УПОТРЕБА НА ПРОИЗВОДОТ ВНИМАТЕЛНО ДА ГИ ПРОЧИТАТЕ УПАТСТВАТА ПРИЛОЖЕНИ КОН ПРОИЗВОДОТ!

  1. Со оваа гаранција производителот на производот, преку ПАКОМ КОМПАНИ д.о.о.е.л како увозник и извршител на гаранцијата во Република Македонија, гарантира бесплатна поправка согласно важечките прописи и условите наведени во овој гарантен лист. Со оваа гаранција Ви гарантираме дека предметот на гаранцијата ќе работи без грешки предизвикани од можно лоша изработка и употреба на лош материјал и за изработка. Сите вакви дефекти ќе бидат бесплатно поправени во овластениот сервис во гарантниот рок.

ГАРАНТНИ УСЛОВИ:

  1. Гарантниот рок започнува да тече од денот на купувањето на производот и трае 12 месеци.
  2. Во случај на појава на дефект кај производот кој е предмет на оваа гаранција се обврзуваме дека ќе го поправиме во најкраток можен рок, а најдоцна во рок од 30 работни дена. Ако производот не може да се поправи или не биде поправен во рок од 30 работни дена ќе биде заменет со нов. Ако поправката на производот трае подолго од 10 дена, гаранцијата се продолжува за времетраење од 30 дена од денот на поправката.
  3. Гаранцијата се признава само со приложување сметка за купување и со овој гарантен лист кој мора да биде исправно пополнет од продавачот односно мора да содржи датум на продажба, печат и потпис на продавачот.
  4. Извршителот на гаранцијата обезбедува сервис и резервни делови 7 години од датумот на купување. ГАРАНЦИЈАТА НЕ ОПФАЌА:
  5. Редовни проверки, одржување и замена на потрошни материјали. Прилагодувања или промени за подобрување на производот за намени кои не се опишани во техничките упатства за употреба, освен ако за тие промени не се согласил увозникот ПАКОМ КОМПАНИ д.о.о.е.л

ГАРАНЦИЈАТА НЕ СЕ ПРИЗНАВА ВО СЛЕДНИВЕ СЛУЧАИ:

  • Ако купувачот не приложи исправен гарантен лист и сметка.
  • Ако купувачот не се придржувал до упатствата за употреба на производот.
  • Ако производот бил отворан, преправан или поправан од неовластени лица.
  • Ако дефектите кај производот биле предизвикани од виши сили, како удар од гром, струен удар во електричната мрежа, елементарни непогоди и сл.
  • Ако дефектите настанале поради непрописна употреба или неправилен транспорт.
  • Ако дефектот настанал поради грешка на системот кон кој бил приклучен производот.

Оваа гаранција не ги менува законските права кои што важат во Република Македонија во однос на правата што ги пропишува производот. Изјава: Потрошувачот ги има законските права кои произлегуваат од националното законодавство кое ја регулира продажбата на производите и дека овие права не се загрозени со гаранцијата.

Централен сервис:

ПАКОМ Сервис, Ул. Вангел Нечевски бр. 43, 1000 Скопје

Тел.: 02/3202 842, 02/3202 841, 02/3202 840

Факс: 02 3202 892 www.pakom.com.mk, www.vivax.com

Содржина Кликнете на наслов за да пристапите до него
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : Vivax

Модел : MWO-2070 BL

Категорија : микробранова печка