8003 DA - Топлотен пиштол SKIL - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот 8003 DA SKIL во PDF формат.
| Вид на производ | Термички пиштол |
| Марка | Skil |
| Модел | 8003 DA |
| Напојување | Електрично (мрежа) |
| Напон | 230 V |
| Моќност | 2000 W |
| Максимална температура | 600 °C |
| Минимална температура | 300 °C |
| Проток на воздух | 300 L/min |
| Подесување на температура | Променливо (2 позиции) |
| Подесување на проток на воздух | Променливо (2 брзини) |
| Должина на кабелот | 2 m |
| Димензии (Д x Ш x В) | 260 x 200 x 90 mm |
| Тежина | 0,8 kg |
| Материјал на куќиштето | Пластика отпорна на топлина |
| Главни функции | Отстранување на боја, заварување пластика, одмрзнување, термичко собирање |
| Безбедност | Автоматско исклучување, заштита од прегревање |
| Одржување и чистење | Исчистете ги решетките за вентилација со мека четка |
| Резервни делови | Достапни заменливи млазници |
| Гаранција | 2 години |
Frequently Asked Questions - 8003 DA SKIL
Прашања на корисниците за 8003 DA SKIL
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Топлотен пиштол во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник 8003 DA - SKIL и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. 8003 DA на марката SKIL.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК 8003 DA SKIL
Пиштол на топлина 8003
УПАТСТВО
- Овој алат енаменет за отстранување боја, обликување и лепење пластика и за загревање цевки за собирање; алатот исто така е користен за лемење и калаисување, попуштање на одхезивни спојници и одмрзнување цевки за вода
- Овој алат не е наменет за професионална употреба
- Внимателно прочитајте го и зачувајте го ова упатство за ракување ③
A Прекинувач за включување/исклучување
В Заштитен прстен
С Отвори за вентилација
D Заштитен млазник за стакло
E Рамен млазник
F Рефлектирачки млазник
G Редукционен млазник
Н Отвор за воздух/млазник
J Алка за бесење
БЕЗБЕДНОСТ
ОПШТИ УПАТСТВА ЗА БЕЗБЕДНОСТ
А ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Сите упатства мора да се прочитаат. Непочитување на долу наведените упатства може да предизвика струен удар, пожар и/или тешки повреди. Чувајте ги сите предупредувања и
напатствија за во иднина. Поимот "електричен алат", кој се користи во понатамошниот текст, се однесува на вашиот електричен алат (со приключен кабел) и на електрични алати со погон на батерии (без приключен кабел).
1) БЕЗБЕДНОСТ НА РАБОТНОТО МЕСТО
a) Одржувајте го вашето работно место чисто и уредно. Неуреден или темен работен простор може да предизвикаат незгоди.
b) Немојте да работите со уредот во средина во која има опасност од експлозија, во која има запалливи течности, гасови и прашина. Електричните алати произведуваат искри кои можат да запалат прашина или пареа.
с) За време на употребата на електричниот алат, децата и останатите лица држете ги подалеку од местото каде работите. Одвраќање, би можеле да изгубите контрола врз уредот.
2) ЕЛЕКТРИЧНА СИГУРНОСТ
a) Утикач мора да одговара на приклучокот. Никако не смее да се прават измени на штекерот. Не користете адаптерски штекер заедно со уредот кој е заштитно заземјен. Не променети штекери и соодветни приклучоци го намалуваат ризикот од електричен удар.
b) Избегнувајте допир на телото со заземјени површини, кано што се цевни, радијатори, рерни и фрижидери. Постои зголемена опасност од струен удар, доколку Вашето тело е заземјено.
с) Чувајте го уредот подалеку од дожд и влага.
Продирањето на вода во електричниот уред ја
зголемува опасноста од струен удар.
d) Не злоупотребувајте го приклучниот кабел за носење, бесење на уредот или за извлекување на штекерот од мрежниот приклучок. Чувајте го кабелот подалеку од топлина, масло, остри рабови или деловите на апаратот кои се движат. Оштетени или заплеткани кабли ја зголемуваат опасноста од струен удар.
e) Нога го употребувате полночат надвор, користете продолжен кабел кој е соодветен за употреба на отворен простор. Примената на продолжен кабел соодветен за работа на отворен простор ја намалува опасноста од струен удар.
f) Доколку не може да се избегне работа со електричниот алат во влажна средина, користете прекинувач за струјна заштита при технички проблеми. Употребата на прекинувачот за струјна заштита при технички проблеми го намалува ризикот од електричен удар.
3) БЕЗБЕДНОСТ НА ЛУГЕ
a) Бидете внимателни, внимавајте што правите и постапувајте внимателно додека работите со електричниот алат. Не работете со уредот доколку сте уморни или под дејство на дрога, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание при употребата може да доведе до сеиозни повреди.
b) Носете ја личната заштитна опрема и секогаш носете заштитни очила. Носењето на личната заштитна опрема, како што е маската за прашина, безбедносната облека која не се лизга, заштитен шлем или штитник за слух, зависно од видот и
примената на електричниот алат, ја намалува опасноста од повреда.
с) Избегнувајте невнимателно вклучување за време на работата. Осигурајте се прекинувачот да биде во "OFF" позиција пред да го ставите штенерот во приклучокот. Доколку го носите електричниот алат со прстот на прекинувачот или го приклучувате апаратот кој е приключен со напојување на струја, може да предизвикате незгоди.
d) Пред вклучување на уредот, тргнете ги алатите за подесување или клучот за навртување.
Алатот или клучот кој се наога во вртливиот дел на уредот, може да предизвика незгода.
e) Не ги преценувајте своите способности. Завземете сигурен и стабилен став и во секој момент одржувајте рамнотежа. На тој начин можете подобро да го контролирате уредот во неочекувани ситуации.
f) Носете соодветна облека. Не носете широка облека или накит. Косата, облеката и ракавиците држете ги подалену од деловите кои се движат. Комотната облека, накитот или долгата коса може да бидат фатени во деловите кои се движат.
g) Доколку може да се монтираат направи за вшмукување и фајање прашина, проверете дали се включени и дали можат исправно да се користат. Примената на овие направи ја намалува опасноста од прашината.
4) ВНИМАТЕЛНА УПОТРЕБА И РАКУВАНЬЕ СО ЕЛЕКТРИЧНИТЕ АЛАТИ
a) Не го преоптеретувајте уредот. При вашата работа користете го предвидениот електричен алат за таа употреба. Со соодветниот електричен алат ће работите подобро и посигурно во наведената функционална област.
b) Не користете електричен алат чиј прекинувач е неисправен. Електричниот алат кој повеće не може да се вклучува и исклучува е опасен и мора да се поправи.
с) Извлечете го штекерот од приключокот пред извршување на било накви подесувања на апаратот, замена на приборот или складирање. Со овие мерки на внимателност їе се избегне невнимателното вклучување на уредот.
d) Тргнете го електричниот алат кој не го користите од допирот на децата. Не допуштајте работа со уредот на лица кои не се запознаени со него или кои го немаат прочитано ова упатство. Електричните алати се опасни доколку со нив работат неискусни лица.
e) Одржувајте го уредот со внимание. Имајте контрола околу тоа дали движечните делови на уредот работат беспрекорно и дали не се заглавени, дали деловите се скршени или оштетени до таа мерка што не може да се обезбеди функционирање на уредот. Пред примената, овие оштетени делови треба да се поправат. Причина за многу незгоди е лошо одржуваниот електричен алат.
f) Алатите за сечење одржувајте ги остри и чисти.
Внимателно одржуваните алати за сечење со остри очтрици помалку ће се заглавуваат и со нив работата ће биде полесна.
g) Електричниот алат, прибор, работни алати итн., треба да ги користите според овие упатства, и на начин кој е опишан за соодветниот тип на уред. При тоа, земете ги предвид работните услови и работата која се извршува. Употребата на електричните алати за други цели кои не се предвидени, може да предизвика опасни ситуации.
5) СЕРВИСИРАЊЕ
a) Поправката на Вашиот уред препуштете им ја само на обучен, стручен кадар на овластен сервисер, и само со оригиналните резервни делови. На тој начин ће се обезбеди уредот да остане со зачувана безбедност.
БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА ЗА ПИШТОЛИ НА ТОПЛИНА
ПРЕД УПОТРЕБА:
- Пред секоја употреба проверете го функционирањето на алатот и во случај на неисправност однесете го на поправка кај стручно лице; никогаш сами не отварајте го алатот
- Проверете ги кабелот и приклучокот пред секоја употреба и во случај на оштетувања, однесете го кај квалификувано лице да ги замени
- Продолжениот кабел кој го користите, мора да биде сосема одмотан и безбеден, со капацитет од 16 А
- Повремено проверете го продолжниот кабел и во случај на оштетување заменете го
- Алатот и неговиот прибор користете ги според ова упатство за употреба и на начин што е пропишан за овој алат; употребата на алатот за работи кои не се вообичаени за овој алат можат да доведат до опасност
- Овој алат не треба да го користат лица под 16 години
- Овој алат е наменет за употреба за лица (вклучувајки и деца) со намалени физички, сензорски или ментални способности или со помало искусство и знаење, и доколку лицето задолжено за нивна безбедност не им даде соодветна помош и упатство за за тоа како да се користи алатот
- Секогаш проверувајте напонот да е ист со оној кој е назначен на плочката на алатот
- Проверете дали алатот е ислучен кога го приключувате во приклучокот
ВО ТЕКОТ НА УПОТРЕБАТА:
- Внимателно ракувајте со алатот; спречете пожар и изгоретини
-не допирајте го отворот/млазникот за воздух и загреаниот предмет; стануваат многу топли
-не доближувајте го премногу отворот/млазникот до предметот врз кој работите
-не насочувајте го млазот со топол воздух предолго на иста површина
-не гледајте никогаш во отворот/млазникот за воздух
-носете заштитни ракавици и заштитни очила
-не насочувајте го млазот на топол воздух кон
други лица или животни
-не користете го алатот за сушење коса
-не оставајте го алатот без контрола
-не користете го алатот во близина на запалливи гасови или запалливи материјали (постои ризик од експлозија)
-кога работите со пластика, бои, лакови или слични материи, може да дојде до создавање запалливи и отровни гасови; информирајте се претходно за материјалите со кои ће работите
-имајте предвид и дека топлината може да се прошири и до запалливите материи што се наогаат надвор од вашиот домен
-од безбедносни причини, секогаш покрај себе држете кофа со вода или апарат за гаснење пожар во случај некоја од материите да се запали
-никогаш ништо не внесувајте во отворот/ млазникот за воздух
-избегнувајте контакт на телото со заземјени површини (на пр. цевки, шпорети, синцири, ладилници)
-осигурајте се алатот да не се навлажни
-не го користете алатот во влажни места
-доколку алатот го користите надвор, поврзете го преку сигурносен прекинувач за струја заземјен со струја на исключување од накмногу 30mA и користете продолжен кабел наменет за надворешна употреба и опремен со водоотпорен приклучок за контакт
- Ракувајте внимателно со кабелот
-кабелот секогаш мора да биде одалечен од млазот на топол воздух и од отворот/млазникот за воздух -држете го кабелот понастрана од топлина, масло и остри рабови
-не го носете алатот држејки го за кабелот и не го тргајте за да го исключите од приклучокот -не го закачувајте алатот за кабелот
- Алатот никогаш не го користете во комбинација со хемиски растворувачи
- Работниот простор мора соодветно да биде проветрен
- Одржувајте го работниот простор чист и добри осветлен
- Не им дозволувајте на пристап до работниот простор на деца
• Водете сметка децата да не си играат со алатот
- Налети на струја доведуваат до кратктотрајни падови на напопнот; под неповолни услови на напојување може да биде оштетена другата опрема (доколку имоенданцијата на напојување со електрична енергија е помала од 0,127 + j0,079 ома, не постои можност да дојде до нарушувања); доколку ви е потребно дополнително објаснување, можете да се обратите до локалната служба за снабдување со електрична енергија
- Бидете внимателни; водете сметка за тоа што работите, бидете разумни и не ракувајте со алтот доколку сте уморни
- Заземете безбедно растојание; не се истегајте, особено на скали или постоља
- Проверете дали алатот е ислучен пред да го оставите
- Во случај да дојде до електричен или механички дфект, веднаш исключете го алатот и исключете го од приклучокот
ПО УПОТРЕБА:
- Исклучете го алатот и извлечете го од приключокот
- Оставете го алатот најмалку 30 минути да се олади пред да го вратите на место
- Закачете го алатот за алката J ② или поставете го на задната страна во исправна положба; притоа проверете во близина да не се наогаат некои запалливи Мтеријали или запалливи гасови
- Никогаш не чувајте го/оставајте алатот надвор
- Чувајте го алатот на суво и заклучено место, надвор од дофатот на деца
УПОТРЕБА
- Прекинувач за включување/ислучување со 3 подесувања за температура ④ !проверете дали е прекинувачот А во позиција "0" пред приклучувањето
-включете го алатот со ставање на прекинувачот А во саканата позиција:
I = 70°C, млазот воздух 550 литри во минута
II = 450°C, млазот воздух 350 литри во минута
III = 600°C, млазот воздух 550 литри во минута
-при користење на алатот прв пат, може да дојде до чад; ова е нормална појава и набргу їе престане
-исключете го алатот со ставање на прекинувачот А во позицијата "0"
- Општа употреба
-подесете ја вистинската температура на тој начин што ће направите тест на невидливиот дел на работната површина; почнете со подесување на најниската температура
-температурата опаға при оддалечување на отворот/млазникот за воздух од предметот врз кој работите
-потребната температура е во зависност од материјалот врз кој се работи
• Стацинарна употреба ⑤
-поставете го алатот на задната страна во
исправна положба
-проверете дали површината е чиста и без прав; загадениот воздух го оштетува моторот
-воздушниот млаз не смее да е насочен кон Вас
-обезбедете го кабелот за да спречите соборување на алатот
-не допирајте го отворот/млазникот за воздух
-внимавајте ништо да не навлезе во отворот/
млазникот за воздух
-внимателно држете го алатот со едната рака
додека со другата ислучувате и потоа оставете го
да се олади
• Користење кај тешко достапни места
- отстранете го прстенот В ②, со тоа го пуштате на металниот отвор за воздух на поголемо растојание !внимавајте на зголемениот ризик од пожар и изгореници
• Држење и насочување на алатот ⑥
-алатот држете го со една рака
-додека работите, одржувајте ја прскалката на минимално растојание од 7 см од работната површина. Акумулираниот воздух го оштетува алатот
-отворите за ладење С ② држете ги отворени
- SKIL прибор (не се включени во приборот) ⑦ - заштитен млазник за стакло D (за насочување на воздушниот млаз) - рамен млазник E (за проширување на воздушниот млаз) - рефлектирачки млазник F (за рефлектирање на воздушниот млаз) - редукционен млазник G (за концентрирање на воздушниот млаз)
НАПОМЕНИ:
- секој пример на употреба (освен отстранување боја во близина на стакло) може да се изведе без прибор; меѓутоа употребата на соодветен прибор ја олеснува работата и значително го подобрува квалитетот на резултатите -овој алат може да се користи и во комбинација со BOSCH- и друга вообичаено достатна опрема за топлотни пиштоли
- Ставање/вадење на приборот (не се включени во приборот) -едноставно навлечете го делот на приборот на отвор Н ② -отстранете го делот се негово извлекување во предниот дел, откога се има оладено !приборот поставете го само кога отворот за воздух е студен, кога прекинувачот е во позицијата "0" и кога приклучокот е ислучен
- Алка за бесење J ⑧ -за лесно чување на алатот !оставете го алатот најмалну 30 минути да се олади пред да го вратите на место
- Постојаната контрола на топлината (заштита од преоптоварување) Го заштитува загреаниот елемент од оштета кога алатот е преоптоварен, без да има потреба да се стопира и/или да се олади одреден период -кога температурата ће постане превисока, греачот самоот се ислучува, додека моторот продолжува со работа произведувајки студен воздух -кога температурата ће се спусти на довольно ниво (што трае неколку секунди), греачот автоматски ће се вклучи !кога алатот ће се ислучи по работа на висока температура и ће се вклучи одново по кратка пауза, ће измине извесно време пред елементот за загревање да ја постигне саканата температура
СОВЕТИ ЗА ПРИМЕНА
- Отстранување боја/лак ⑨ -користете чист, остар стругач -кога бојата ће омекне, стружете поцврсто -пробајте да утврдите колку долго е потребно да применувате топлина за најдобри резултати -омекнатата боја веднаш отстранете ја со стружење, во спротивно повторно ће се стврдне -алатот држете го под агол од 30° до 40° во однос на предметот врз кого работите -бојата и отпадоците веднаш отстранете ги од стружачот за да не се запалат -секаде каде што е можно, стругајте со рапавиот дел на дрвото
-не насочувајте го млазот топол воздух предолго кон иста површина -внимателно отстранете ги сите остатоци од боја -темелно исчистете ја работната површина откако ке завршите со работа !бидете внимателни при вадењето слоеви боја во постарите згради(објенти); можно е да биле употребени бои што содржат олово кое е многу отровно !изложување дури и на најмало количество олово може да предизвика сериозни оштетувања на мозокот и на нервиот систем; малите деца и новороденчиња се особено чуствителни !оловната боја нека ја отстрани стручно лице без користење фен со топол воздух ДРУГИ ПРИМЕРИ НА УПОТРЕБА:
★ отстранување (синтетички) сидни облоги • Отстранување боја/лак во допир со стакло ⑩ - секогаш користете заштитен млазник за стакло D кога работите во контакт со стакло -отстранете ја бојата со стругалка !не користете алат за отстранување боја на прозорците со метална рамка; металот спроведува топлина што може да доведе до прскање на стаклото
- Отстранување налепници (користете рамен млазник E) ⑪ -многу налепници омекнуваат при загревање и на тој начин овозможуваат лепливите врски да се одвојат и вишокот лепак да се отстрани !загревајте ја налепницата од горната страна !секогаш водете сметка да не ја прегреете подлогата
★ отстранување линолеум и винилски подни облоги
★ отстранување покривки изработени од синтетски влакна
★отстранување фурнири/лепење фурнир ленти
★ омекнување/топење катран, калај, битумен, смола (користете рамен млазник E)
★ восочење (скии, намештај) (користете рамен
млазник Е) ⑫
★отстранување смола
★ олабавување ргосани/премногу стегнати метални завртки, матици и завртки
★ отстранување восок од свеки (немојте да ја прегревате подлогата)
★спојување скршени свеки/исправување свеки во претходната состојба
- Стеснување ⑬ -користете рефлектирачки млазник F или редукционен млазник G -изберете цевка за стеснување со пречник што одговара на предметот врз кој работите -рамномерно загревајте ја цевката за стеснување ДРУГИ ПРИМЕРИ НА УПОТРЕБА:
★ завивање со валкање
- Лемење водни цевки ⑭ Овој алат е најсоодветен за работа со меко лемење (точка на топење под 400°) -користете рефлектирачки млазник F
-темелно исчистете ги двете спојни места пред да пристапите кон лемење -претходно загрејте ги двата дела и нанесите кала (не користете калај врз база на олово)
• Растопување смрзнати цевки за вода ⑮
-користете рефлектирачки млазник F
-рамномерно загрејте го смрзнатиот дел
!често е тешко да се разлинуваат цевките за вода од цевките за гас; загревањето цевки за гас е исключително опасно- постои ризик од експлозија
★ растопување цевки за вода што се изработени од PVC (позиција I, макс. 70°)
★ одмрзнување смрзнати брави на автомобили (позиција I, макс. 70°) (користете редукционен млазник G)
★ одмрзнување ладилници (не оштетувајте го пластичното куќиште)
★ одмрзнување смрзнати скали и тротоари
Обликување пластични цевки
-користете рефлектирачки млазник F
-наполнете цевка со песок и запечатете ја на двата краја за да избегнете искривување на цевката -рамномерно загрејте ја цевката на тој начин што ќе ја поместувате од едната страна кон другата
★ обликување пластика со ниска точка на топење (полиетилен, PVC и сл.)
★ обликување пластика со висока точка на топење (акрилно стакло, плексиглас и сл.)
★ обликување покривки изработени од синтетски влакна
★ обликување и свиткување дрво (моделарство)
Лепење пластика
-шавот што се заварува мора да биде исчистен и не смее да биде замастен
-држете го прачката за варење блиску до шавот за заварување и применете топлина додека прачката за варење не стане леплива
-отстранете го изворот на топлина кога шавот за лемење ће се пополни
★ поправање даски за сурфање, скии и други синтетски спортски производи (користете разен млазник E)
★заварување PVC материјали
★порамнување испакнатини по налепување PVC
етикети
★ спојување градинарски црева (користете рефлектирачки млазник F)
Сушење
!алатот користете го за сушење на ниска или средна температура (позиција I или II) и од поголемо растојание меѓу алатот и предметот врз кого работите
-сушење боја, лак, гипс, малтер и гипсен малтер
-сушење влажна дрвена грага пред пополнување
-брзо сушење подебело нанесена полнетица или
лепило
-сушење споеви во згради пред нанесување изолација или гитер
-сушење споеви и пукнатини во бродоградбата
-дезинфекција на простори за чување зајаци, голубарници и сл. (претходно отстранете ги љубимците)
-борба против колонии мравки
- борба против црвоточини и инсекти (држете го алатот на соодветно растојание од дрвото)
-отстранување плевел
ОДРЖУВАЊЕ/СЕРВИСИРАЊЕ
- Овој алат не е наменет за професионална употреба
- Алатот и кабелот секогаш да се одржуваат чисти (особено отворите за ладење С ②)
- Никогаш не користете лесно запалливи течности за чистење на фенот за топол воздух, а особено не за чистење на отворите/млазникот
- Доколку алатот и покрај внимателното работење и контрола некогаш откаже, поправката мора да ја изврши некој овластен SKIL сервис за електрични алати
-во случај на примедба, испратете го алатот нерасклопен, заедно со сметкопотврдата, до вашиот продавач или најблискиот SKIL сервис (адресите се наведени на www.skil.com)
ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
- Не се ослободувајте од електични алати, уреди или амбалажа преку нивно фрлање во домашното губре (само за земјите на ЕУ)
-според Европската Директива 2002/96/EC за ослободување од електрична и електронска опрема и нејзина имплементација во согласност со националните закони, електричните алати кои го достигнале крајот на својот животен век мора да бидат собрани посебно и да бидат вратени во соодветен објект за рециклирање
- символот ⑯ ke ve потсетува на ова кога ke дојде
време алатот да го фрлите
- Со целосната наша одговорност изјавуваме дека овој производ е во согласност со следниве стандарди или стандардизирани документи: EN 60335, EN 61000, EN 55014, во согласност со одредбите од директивите 2006/95/EG, 2004/108/EG, 2011/65/EY
- Техничко досије во: SKIL Europe BV (PT-SEU/ENG1), 4825 BD Breda, NL