WE 22-230 MVT Quick - Аголна брусилка METABO - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот WE 22-230 MVT Quick METABO во PDF формат.
Прашања на корисниците за WE 22-230 MVT Quick METABO
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Аголна брусилка во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник WE 22-230 MVT Quick - METABO и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. WE 22-230 MVT Quick на марката METABO.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК WE 22-230 MVT Quick METABO
Оригинално упатство за работа
1. Изјава за сообразност
Изјавуваме под сопствена потполна одговорност дека: Аголните брусалки, идентификувани според типот и серискиот број *1), соодветствуваат на сите релевантни одредби на законите *2) и нормите *3). Техничката документација под *4) - види страница 3.
Машините се компатибилни со оригиналните додатоци Метабо за брусење, пескарење, работа со жичани четки и абразивно сечење метал, бетон, камен и слични материјали без употреба на вода.
Во случај на оштетувања поради непрописна употреба, одговорноста пага само на корисникот.
Мора да се внимава на сите познати прописи за несреćни случаи и на дадените безбедносни напомени.
3. Општи безбедносни напомени

Внимавајте на текстот означен со овој символ заради ваша лична заштита и заштита на електричниот алат!

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ – За да го намалите ризикот за повреда, прочитајте го упатството за употреба.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ – Прочитајте ги сите безбедносни напомени, упатства, слики и технички податоци предвидени за овој електричен алат. Непридржувањето до следните упатства може да предизвика струен удар, изгореници и/или тешки повреди.
Чувајте ги сите безбедносни упатства и инструкции за идна употреба.
Кога го давате алатот некому, давајте го само со документацијата заедно.
4. Специјални безбедносни напомени
4.1 Општи упатства за безбедност за брусење, пескарење, работа со жичани четки или абразивно сечење:
a) Оваа електрична алатка се користи како брусилка, брусилка со шмиргла, жичена четка, додаток кружни отвори или машина за абразивно сечење. Прочитајте ги сите безбедносни упатства, инструкции, илустрации и податоци што ги добивате со уредот. Непочитувањето на упатствата подолу може да резултира со струен удар, пожар и/или сериозни повреди.
б) Оваа електрична алатка не е погодна за полирање. Употребите за кои не е наменет електричниот алат, може да предизвикаат опасности и повреди. в) Не користете го електричниот алат за функција за која не е направлен и предвиден од страна на неговиот производител. Таквата употреба може да резултира со губење на контролата и сериозна телесна повреда.
г) Не користете приключни додатоци што не се специјално дизајнирани и препорачани од производителот за оваа електрична алатка. Само затоа што е можно да ги закачите додатоците на електричниот алат тоа не гарантира безбедна употреба.
д) Дозволената брзина на вртежите на додатокот поставен на алатката мора да биде барем колку и максимальната брзина наведена на електричниот алат. Приклучни додатоци што се вртат побрзо од дозволеното може да се скршат и да излетаат.
f) Надворешниот дијаметар и дебелината на вметнатиот додаток мора да одговараат на димензиите на електричниот алат. Вметнатите додатоци кои имаат несоодветни димензии не може да бидат соодветно заштитени или контролирани.
e) Димензиите за прицврстување на додатоците мора да одговараат на димензиите на прицврстувачите на електричниот алат. Додатоците што не се правилно прицврстени на електричниот алат, ротираат нерамномерно, вибрираат многу силно и може да предизвикаат губење на контрола.
ж) Не користете оштетени додатоци. Пред секоја употреба, проверете дали има оштетувања на додатоците, како што се откинати парчиња и пукнатини на дисковите за брусење, пукнатини на подлогата за брусење, абење или прекумерно абење, лабава или скршена жица на жичаните четки. Ако електричниот алат или додатокот падне, проверете дали се оштетени или користете неоштетен додаток. Откако ќе го проверите и поставите додатокот, вие и лугето во близина треба да стоите подалеку од работната област на ротирачкиот додаток и оставете го да работи со полна брзина една минута. Оштетените алатки обично се кршат во текот на овој тест период.
3) Носете опрема за лична заштита. Во зависимост од примената, користете целосна заштита за лице, заштитни очила или заштита за очи. Доколку е соодветно, носете маска за прашина, заштита за ушите, заштитни нараквици или специјална престилка за да се заштитие од малите честички од абразивите и материјалите. Очите треба да бидат заштитени од летечки остатоци кои се појавуваат при повеće ракувања. Маската за прашина или за дишење
мора да го филтрира правот создаден за време на работењето. Ако подолго време сте изложени на силна бука, може да претрпите губење на слухот.
s) Држете ги другите луге на безбедно растојание од вашата работна област. Секој што влегува во работната област мора да носи опрема за лична заштита. Парчиња од материјалот со кој се работи или скршени додатоци може да излетаат далеку и да предизвикаат повреда дури и надвор од директната работна област.
и) Држете го електричниот алат само за изолираните рачки кога изведувате операции каде што алатот може да дојде во контакт со скриени линии на електричната мрежа или со сопствениот кабел за напојување. Контактот со струен вод може да предизвика металните делови да се доведат под напон и притоа да настапи струен удар.
j) Чувајте го кабелот за напојување подалеку од вметнатите ротирачки додатоци. Ако изгубите контрола над уредот, кабелот за напојување може да се пресече или се затегне и вашата дланка или рака може да се заглави во ротирачкиот додаток.
к) Никогаш не ислучувајте го електричниот алат пред целосно да сопре со работа.
Вметнатиот ротирачки додаток може да дојде во контакт со работната површина, што може да предизвика да изгубите контрола врз електричниот алат.
л) Не стартувајте го електричниот алат додека го носите. Вашата облека може да биде фатена од случаен контакт со ротирачкиот додаток, и додатокот може да пробие во вашето тело.
љ) Редовно чистете ги отворите за вентилација на вашата електрична алатка. Вентилаторот на моторот влече прашина во куќиштето, а големата акумулација на метална прашина може да предизвика електрични опасности.
м) Не користете ја алатката близу до запаливи материјали. Искрите може да ги запалат овие материјали.
н) Не користете додатоци за кои е потребна течност за ладење. Употребата на вода или други течности за ладење може да предизвика струен удар.
4.2 Повратен удар и соодветни безбедносни упатства
Повратниот удар е ненадејната реакција како резултат на заглавен или закачен ротирачки додаток, како што се диск за брусење, подлога за брусење, жичана четка итн. Како резултат на тоа, неконтролираната алатка почнува силно да се врти во правец обратен на ротирачкиот додаток кај точката на блокирање.
На пример, кога диск за брусење е закачено или заглавено во работното парче, работ на дискот за брусење што навлегол во работното парче може да се заглави и да го скрши дискот за брусење или да предизвика повратен удар. Дискот за брусење потоа се движи кон или подалеку од операторот, во зависност од насоката на вртење на дискот кај точката на заглавување. Исто така, овие дискови за брусење може да се скршат.
Повратниот удар е резултат на неправилна употреба на електричниот алат и/или несоодветни работни услови. Може да се спречи со соодветни мерки на претпазливост, како што е опишано подолу.
a) Цврсто држете го електричниот алат и поставете ги вашето тело и раце во позиција каде што ће можете да ги ансорбирате повратните сили. Секогаш користете ја помошната рачка, доколку ја има, за да имате најголема можна контрола врз силите на повратен удар или моментите на реакција при стартување. Операторот може да ги контролира силите на повратен удар и реакција преку соодветни мерки на претпазливост.
б) Никогаш не ставајте ја раката близу до ротирачните додатоци. Вметнатиот додаток може да помине над вашата рака при повратен удар.
в) Избегнувајте да го движите телото во
областа каде што ће се движи електричниот
инструмент во случај на повратен удар.
Повратниот удар го движи електричниот алат
во насока спротивна на движењето на тркалото
за брусење кај точката на блокирање.
г) Бидете особено претпазливи кај аглите, острите рабови и сл. Спречете ги додатоците да отскокнуваат од работното парче и да се заглавуваат. Ротирачкиот додаток има тенденција да заглавува на аглите, острите рабови или кога отскокнува. Ова предизвикува губење на контролата или повратен удар.
д) Не користете сечило за моторна пила, сегментирано дијамантско сечило со растојание мегу сегментите поголемо од 10 mm ниту сечило со запци. Таквите додатоци често предизвикуваат повратен удар и губење на контрола.
4.3 Специјални безбедносни упатства за брусење и абразивно сечење
a) Користете ги само алатките за брусење одобрени за вашиот електричен алат и штитникот предвиден за овие алатки за брусење. Абразивите кои не се наменети за електричниот алат, не се довольно заштитени и не се безбедни.
б) Нерамните дискови за брусење мора да бидат поставени така што површината за брусење е под работ на штитникот.
Неправилно поставен диск за брусење што излегува над работ на штитникот не може соодветно да биде заштитен.
в) Штитниците мора да бидат цврсто прицврстени на електричниот алат и да се прилагодат за максимална безбедност,
МАКЕДОНСКИмк
така што операторот е изложен на најмалиот можен дел од дискот. Штитникот помага операторот да се заштити од остатоци, случаен контакт со абразивот и искри што би можеле да запалат облека.
г) Дисковите за брусење може да се користат само за препорачаните намени. На пример: Никогаш не брусете со страничната површина на дискот за сечење. Дисковите за сечење се наменети за отстранување на материјал со работ на дискот. Латералната сила на овие абразиви може да ги скрши.
д) Секогаш користете неоштетени прицврступачи со точна големина и форма за дискот за брусење што сте го одбрале. Соодветните прицврступачи го поддржуваат дискот за брусење и на тој начин го намалуваат ризикот од оштетување на тркалото. Прицврступачите за дискови за сечење може да се разликуваат од прицврступачите за други дискови за брусење.
f) Не користете истрошени дискови за брусење за поголеми електрични алати. Дисковите за брусење за поголеми електрични алати не се дизајнирани за поголемата брзина на помалите електрични алати и може да се скршат.
e) Кога користите сечила за двојна намена, секогаш користете го соодветниот штитник за намената за која се користат. Со користење на несоодветен штитник не се обезбедува посакуваната заштита и може да дојде до сериозни повреди.
4.4 Други посебни безбедносни упатства за абразивно сечење:
г) Избегнувајте блокирање на дискот за сечење или прекумерен притисок при контакт. Не извршувајте претерано длабоки сечења. Преоптовареноста на дискот за сечење го зголемува притиското врз него и подложноста на заглавување или блокирање и со тоа и можноста за повратен удар или кршење на дискот.
б) Избегнувајте ја областа пред и зад ротирачкиот диск за сечење. Ако го поставите дискот за сечење подалеку од вас во работното парче, електричниот алат со ротирачкиот диск може да се исфрли директно кон вас во случај на повратен удар.
в) Ако дискот за сечење е заглавен или сте прекинале со работа, исключете го електричниот алат и држете го стабилно додека дискот не запре. Никогаш не обидувајте се да го повлечете дискот за сечење од направениот засек додека тој ротира, инаку може да дојде до повратен удар. Идентификувајте и отстранете ја причината за заглавувањето.
г) Не вклучувајте го повторно електричниот алат додека е во работното парче. Оставете сечилото да ја достигне својата полна брзина пред внимателно да продолжите со сечење. Во спротивно, дискот може да се
заглави, да скокне од работното парче или да предизвика повратен удар.
д) Фиксирајте ги плочите или големите работни парчиња за да се намали ризикот од повратен удар заради заглавен диск за сечење. Големите работни парчиња може да се искриват од сопствената тежина.
Работното парче мора да биде фиксирано од двете страни на дискот, и во близина на линијата на сечење и на работ.
г) Бидете особено внимателни со „цебните сечења“ на постојните сидови или други области што не се видливи. Навлезениот диск за сечење може да предизвика повратен удар при сечење на цевки за гас или вода, електрични жици или други предмети.
e) Не правете никакви искривени сечења. Преоптовареноста на дискот за сечење го зголемува притисокот врз него и подложноста на заглавување или блокирање, а со тоа и можноста за повратен удар или кршење на дискот што може да доведе до сериозни повреди.
4.5 Специјални безбедносни упатства за брусење со шмиргла:
a) Користете парчиња шмиргла со соодветна големина и следете ги упатствата на производителот за избор на парчињата шмиргла. Парчињата шмиргла што се испакнати надвор од подлогата за брусење може да предизвикаат закачување, заглавување, кинење или повратен удар.
4.6 Специјални безбедносни упатства за работење со жичани четки:
a) Имајте на ум дека жичаната четка губи парчиња жица при нормална употреба. Не преоптоварувајте ги жиците со прекумерен притисок при контакт. Летечките парчиња жица лесно може да навлезат низ тенка облека и/или низ кожата.
б) Ако се препорачува користење на штитник, не дозволувајте контакт на штитникот со жичаната четка. Дијаметарот на четките во форма на диск или чашка може да се зголеми кога ће се притиснат и кога има центрифугални сили.
4.7 Дополнителни безбедносни упатства:

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ - секогаш носете заштитни очила.

Носете заштита за слухот.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ – Секогаш користете го електричниот алат со двете раце.

Не користете го штитникот за брусење при абразивно сечење. Од безбедносни причини, при работа со дискови за
сечење користете го штитникот за абразивно сечење.
Не користете сегментирани дијамантски дискови за сечење со растојание меѓу сегментите >10 mm. Дозволени се само негативни агли за сечење со сегментен диск.
Користете залепени дискови за сечење само ако се зајакнати.
Користете еластични граничници кога се доставени со абразивот и кога е потребно.
Следете ги информациите на производителот на алатката или додатокот! Заштитете ги дисковите од маснотии и удари!
Додатоците мора внимателно да се чувват и ракуват според упатствата на производителот.
Никогаш не користете дискови за сечење за грубо брусење или или измазнување на рабови! Дисковите за сечење не смее да бидат подложени на страничен притисок.
Работното парче мора да биде прицврстено и да се спречи негово лизгање, на пр. со помош на уреди за затегнување. Големите работни парчиња мора да бидат соодветно поддржани.
Ако се користат додатоци што се вметнуваат со навој, крајот на оската не смее да го допира дното на дупката на додатокот. Осигурете се дека навојот на додатокот што се вметнува е довольно долг за должината на оската. Навојот на додатокот што се вметнува мора да одговара на навојот на оската. Должината на оската и навојот на оската може да се најдат на страница 3 и глава 14. Технички податоци.
Се препорачува да се користи соодветен неподвижен систем за вадење. Секогаш ислучувајте го уредот за резидуална струја (RCD) со макс. активирачка струја од 30 mA. Ако аголната брусалка е исключена од прекинувачот за резидуална струја (RCD), мора да се провери и исчисти. Види поглавје 9. Чистење.
Не смее да се користат оштетени, некружни или вибрирачки алатки.
Избегнувајте оштетување на цевки за гас или вода, електрични жици и потпорни сидови.
Извадете го приклучокот од штекер пред секое подесување или одржување на машината.
Помошната рачка мора да се замени ако е оштетена или испукана. Не ракувајте со машина со дефектна помошна рачка.
Штитникот мора да се замени ако е оштетен или испукан. Не ракувајте со машината со дефектен штитник.
Не ја вклучувајте машината ако има делови или заштитни уреди што недостасуваат или се дефектни.
Машини со мек старт (означени со „WE...“ во ознаката за моделот): Ако машината многу брзо ја достигнува максимальната брзина при вклучување, тоа е знак за електронска грешка. Другите електронски функции поврзани со безбедноста веке не се достапни. Машината треба веднаш да се поправи (види поглавје 12.).
Фиксирајте ги малите работни парчиња. На пример, прицврстете се во менгеме.
Ако тркалата монтирани со прирабница се користат за двојна намена (комбинирани тркала за брусење и сечење), може да се користат само следниве типови штитници: тип А, тип В.
Види поглавје 11.
Користете го соодветниот штитник:
Употребата на несоодветен штитник може да доведе до губење на контролата и сериозни повреди. Примери за неправилна употреба:
- Кога користите штитник од типот А за странично брусење, заштитниот капак и работното парче може да дојдат во контакт, што доведува до недоволна контрола.
- Кога користите штитник од типот Б за абразивно сечење со залепени дискови за абразивно сечење, постои зголемен ризик да бидете изложени на искри и честички од брусење, како и фрагменти од дискот за брусење во случај на кршење на дискот за брусење.
- Кога користите штитник од типот А, Б, В за сечење или странично брусење во бетон или цигли, постои зголемен ризик од изложување на прашина и губење на контролата како резултат на повратен удар.
- Кога користите штитник од типот А, Б, В со четка која е подебела од дозволеното, жиците може да удрат во заштитниот капак и да предизвикаат кршење на жиците.
Секогаш користете штитник што одговара на алатката. Види поглавје 11.
Намалување на изложеноста на прав:
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ - Некои прашини што се создаваат со пескарење, сечење со пила, брусење, дупчење и други работи содржат хемикалии за кои е познато дека предизвикуваат рак, дефекти при раѓање или други репродуктивни оштетувања. Примери за вакви хемикалии:
- Олово од боја што содржи олово,
- минерална прашина од тули, цемент и други сидарски материјали и
- арсен и хром од хемиски обработено дрво. Вашиот ризик од овој вид варира, во зависност од тоа колку често извршувате ваков вид на работа. За да ја намалите изложеноста на овие хемикалии: Работете во добро проветрена просторија и работете со одобрена опрема за лична заштита како што се маските за прашина кои се специјално дизајнирани за филтрирање на микроскопски честички.
Ова важи и за прашина од други материјали, како што се некои видови дрво (дабова или букова прашина), метали, азбест. Примери за други познати болести се алергиски реакции, респираторни заболувања. Не дозволувајте правот да ви навлезе во телото.
Следете ги прописите и националните регулативи што се однесуваат на материјалите, персоналот, примената и локацијата (на пример, здравствените и безбедносните регулативи, фрлање).
МАКЕДОНСКИмк
Собирајте ги честичките веднаш кај што е нивниот извор за да избегнете нивно раширување.
Употребувајте само соодветна опрема наменета за специјални работи. Така можете да го намалите неконтролираното ширење на честичките во околината.
Намалете ја изложеноста на прав преку:
- Не насочувајте ги честичките што произлегуваат или издувните гасови на машината кон или во близина на околните лица,
- употребувајте правосмукалка и/или прочистувач на воздухот,
- добро проветрувајте го работното место и одржувајте го чисто со смукање. Изметете ја или издувајте ја насобраната прав.
- Исмукајте или исперете ја заштитната облека. Не ја издувувајте, тресете или четкајте.
5. Преглед
Види страница 2.
1 Навртка за брзо прицврстување *
2 Прицврстувач за држење *
3 О с к а
4 W ... A...: Автобалансер, прирабница за прицврстување (не може да се отстранува) *
5 Копче за заклучување на оска
6 Индикатор за електронски сигнал *
7 Рачка
8 Заклучување (против ненамерно вклучување, можно постојано активирање) *
9 Копче (за вклучување/исклучување)
10 Копче (за вртење на главната рачка)
11 Главна рачка
12 Помошна рачка/помошна рачка со амортизирање на вибрации
13 Штитник
14 Навртка за прицврстување *
15 Клуч со две дупки *
16 Стега со брзо ослободување (за прилагодување на штитникот без употреба на алатки)
17 Завртка (за прилагодување на силата на стегање на стегата со брзо ослободување)
* зависи од опремата/не е включено испораката
6. Ставање во употреба

Пред да го ставите полначот во употреба, проверете дали волтажата на главното напојување и фреквенцијата наведени на фабричката етикета се совпағаат со податоците на струјата кај вас.

Секогаш исклучувајте го уредот за резидуална струја (RCD) со макс. активирачка струја од 30 mA.
Користете само продолжни кабли со минимален пресек од 1,5 mm². Продолжните кабли мора да бидат соодветни за потрошувачката на енергија на машината (види технички податоци). Ако користите макара за кабел, секогаш целосно одмотајте го кабелот.
6.1 Монтирање на помошната рачка

Работете само со прикачена помошна рачка (12)! Рачно зацврстете ја помошната за во левата, средната или десната навојна за (по потреба).
6.2 Прикачете го штитникот

Пред да почнете со работа: Прикачете го штитиникот.

Од безбедносни причини, користете го само штитникот наменет за соодветниот додаток! Употребата на несоодветен штитник може да доведе до губење на контролата и сериозни повреди. Види и глава 11. Опрема!
- Отворете ја стегата со брзо ослободување (16). Ставете го штитиникот (13) во прикажаната позиција.
- Свртете го штитникот така што затворената површина е завртена накај операторот.
- Затворете ја стегата со брзо ослободување.
- Доколку е потребно, затегнете ја стегата со брзо ослободување со затегнување на завртката (17) (при отворена стега со брзо ослободување).

Користете само додатоци за вметнување, што штитникот ги надминува најмалку 3,4 mm.
6.3 Вртлива главна рачка

Работете само со прицврстена главна рачка (11).
- Притиснете го копчето (10).
- Главната рачка (11) сега може да се сврти 90° од двете страни и да се заклучи.
- Проверете дали е безбедно наместена: Главната рачка (11) мора да биде прицврстена и не смее да се врти.
6.4 Приклучување во електрична мрежа
Штекерите за струја мора да бидат заштитени со заштитни осигурувачи или прекинувачи на струјното коло.
Машини со „WE...“ во ознаката за модел: (Со вградено автоматско ограничување на струјата за стартување (мек старт).) Штекерите за струја исто така може да бидат заштитени со заштитни осигурувачи или прекинувачи на колото.
Пред било какво менување на додатоци: Исклучете го приклучокот од штекер.
Машината мора да се исклучи и оската да запре.

Од безбедносни причини, при работа со дискови за сечење користете го штитникот чечење (види глава 11. Додатоци).
7.1 Заклучете ја оската

Притиснете го копчето за заклучување на оската (5) само кога оската е во мирување.
- Притиснете го копчето за заклучување на оската (5) и вртете ја оската (3) со рака се додека копчето за заклучување на оската не кликне на своето место.
7.2 Поставете диск за брусење
Машини со ознака W 2..., WE 2...:
- Ставете ја прирабницата (2) на оската. Поставен е правилно ако не дозволува извртување на оската.
- Ставете го дискот за брусење на прирабницата (2), како што е прикажано на илустрација D. Дискот за брусење мора да се потпира рамномерно на прирабницата.
Машини со ознака W...A 2...:

Прирабницата со автобалансер (4) е цврсто прикачена на оската. Вообичаено, руги аголни брусалки не е потребна ранлива прирабница.

Лежиштата на прирабницата со автобалансер (4), дисковите за брусење и
навртката за брзо прицврстување (1) и навртката за прицврстување (14) мора да бидат чисти. Доколку е потребно, исчистете ги.
- Ставете го дискот за брусење на прирабницата со автобалансер (4). Дискот за брусење мора да се потпира рамномерно на прирабницата со автобалансер.
7.3 Затегнување/одвртување на навртката за брзо прицврстување (во зависност од опремата)

Поставување на навртката за брзо прицврстување (1):

Не користете ја навртката за брзо прицврстување ако додатокот е подебел мм! Во овој случај, користете ја навртката рицврстување (14) со клуч со две дупки (15).

Користете само исправна и неоштетена навртка за брзо заклучување: Стрелката
мора да е насочена кон засекот на надворешниот прстен (види илустрација, страница 2).
- Заклучете ја оската (види глава 7.1).
- Поставете ја навртката за брзо прицврстување (1) на оската (3). Види илустрација на страница 2.
- Рачно затегнете ја навртката за брзо прицврстување на штитникот во насока за стрелките на часовникот.
- Цврсто свртете го дискот за брусење во насока на стрелките на часовникот за да ја затегнете навртката за брзо прицврстување.
На машини со ознака W ... В ... се чувствува зголемен отпор во последните 180°.
Одвртување на навртката за брзо прицврстување (1):
- Заклучете ја оската (види глава 7.1).
- Одвртете навртката за брзо прицврстување (1) со рака во насока спротивна од стрелките на часовникот.
7.4 Затегнување/одвртување на навртката за прицврстување (во зависност од опремата)

Затегнување на навртката за прицврстување (14):
Двете страни на навртката за прицврстување се различни. Затегнете ја навртката за прицврстување на оската на следниов начин:
Работ на навртката за прицврстување (14) се свртува нагоре, така што тенкиот диск за брусење може безбедно да се прицврсти.
Б) За дебели дискови за брусење:
Работ на навртката за прицврстување (14) се свртува надолу, така што тенкиот диск за брусење може безбедно да се прицврсти на оската.
- Заклучете ја оската. Затегнете ја навртката за прицврстување (14) во насока на стрелките на часовникот со помош на клучот со две дупки (15).
На машини со ознака W ... В ... се чувствува зголемен отпор во последните 180°.
Олабавете ја навртката за прицврстување:
- Заклучете ја оската (види глава 7.1). Олабавете ја навртката за прицврстување (14) спротивно на стрелките на часовникот со помош на клучот со две дупки (15).
8. Употреба
8.1 Вклучување/исклучување

Секогаш насочувајте ја машината со обете раце.

Прво включете, а потоа движете го додатокот кон работното парче.

За да спречите ненамерно стартување: секогаш исключете ја машината кога
приклучокот е изваден од штекерот или кога има прекин на напојувањето со електрична енергија.
МАКЕДОНСКИмк
При континуирана употреба, машината продолжува да работи кога е истргната од рацете. Затоа, секогаш држете ја машината со двете раце на дадените рачки, застанете во безбедна положба и работете сконцентрирано.
Избегнувајте машината да дува и да вшмукува прашина и мали парчиња. Кога ѐе ја исключете машината ставете ја на подот само кога моторот целосно ќе престане да работи.
Вклучување само за момент:
Вклучување: Притиснете ја бравата (8) во насока на стрелката, а потоа притиснете го прекинувачот (9).
Исклучување: Ослободёте го прекинувачот (9).
Континуирано работење (во зависност од опремата):
Вклучување: Притиснете ја бравата (8) во насока на стрелката, а потоа притиснете и држете го прекинувачот (9). Машината сега е включена. Сега повторно притиснете ја бравата (8) во насока на стрелката за да го заклучите прекинувачот (9) (континуирано работење).
Исклучување: Притиснете и ослободете го (9) прекинувачот.
Машини со ознака W...В:
Вклучување само за момент (со мртва функција)
Вклучување: Притиснете ја рачката (9) нанапред, а потоа притиснете го прекинувачот (9).
Исклучување: Ослободете го прекинувачот (9).
8.2 Инструкции за работа
Брусење:
Притиснете ја машината рамномерно надолу врз површината и движете се напред и назад, така што површината работното парче да не стане премногу жешко.
Грубо брусење: поставете ја машината под агол од 30° - 40° за најдобри резултати.
Абразивно сечење:

При сечење, секогаш работете во спротивна насока од онаа на дискот (види слика). Во спротивно, постои ризик машината да скокне неконтролирано од сечењето.
Движете ја машината рамномерно со брзина соодветна за материјалот што се обработува. Не навалувајте, не притискајте премногу, не скокајте од страна на страна.
Брусење со шмиргла:
Притиснете ја машината рамномерно надолу врз површината и движете се напред и назад, така што површината работното парче да не стане премногу жешко.
Работа со жичани четки:
Умерено притиснете ја машината.
9. Чистење
За време на обработката, во електричниот алат може да навлезат честички. Ова влијае на ладењето на електричниот алат. Кондуктивните депозити може да влијаат на заштитната изолација на електричниот алат и да предизвикаат електрични опасности.
Редовно, често и темелно чистете го електричниот алат низ сите предни и задни отвори за вентилација или издувајте со сув воздух. Претходно исключете го електричниот алат оделектричната мрежа и носете заштитна очила и соодветна маска за прав. Обрнете внимание на соодветна екстракција кога дувате.
Копче (10) за прилагодување на рачката: Повремено правосмукајте го копчето или издувајте со сув воздух (во притисната положба, во сите 3 положби на главната рачка). Претходно ислучете го електричниот алат од електричната мрежа и носете заштитна очила и маска за прав.
10. Решавање на проблеми
Машини со „WE...“ во ознаката за модел:
- Заштита од преоптоварување: Индикаторот за електронски сигнал (6) светнува и брзината на оптоварувањето МНОГУ се намалува. Температурата на моторот е превисока! Оставете ја машината да работи во мирување додека не се олади и не се исклучи индикаторот за електронски сигнал.
- Заштита од преоптоварување: Индикаторот за електронски сигнал (6) светнува и брзината на оптоварувањето МАЛКУ се намалува. Машината е преоптоварена. Продолжете со работа со намалено оптоварување додека не се исклучи индикаторот за електронски сигнал.
- Електронско безбедносно ислучување: Индикаторот за електронски сигнал (6) светнува и машината автоматски се ИСКЛУЧУВА. Машината се ислучува во случаи на прејако зголемување на струјата (пр. при нагло блокирање или повратен удар). Исклучете ја машината преку прекинувачот (9). Потоа, повторно включете ја и продолжете да работите нормално. Избегнувајте поголеми периоди на застој. Види поглавје 4.2.
- Заштита од ненамерно вклучување: Индикаторот за електронски сигнал (6) ТРЕПКА и машината не работи. Активирана е заштита од рестартирање. Ако приклучокот се стави во штекер со включена машина или ако струјата се врати по прекин, машината не се стартува. Исключете ја машината и повторно вklучете ја.
- Машината многу брзо забрзува до максимальна брзина при вклучување, т.е. автоматското ограничување на струјата при
стартување (меко стартување) не работи. Има електронски дефект, дополнителните електронски функции поврзани со безбедноста веке не се достапни. Машината треба веднаш да се поправи (види поглавје 12.).
- Процесите за вклучување генерираат привремени падови на напонот. Во неповолни услови на мрежата може да влијае и на други уреди. За мрежни импеданси помали од 0,2 оми не се очекуваат нарушувања.
11. Додатоци
Употребувајте само оригинални Metabo додатоци.
Употребувајте само додатоци коишто ги исполнуваат барањата и податоците во ова упатство за употреба.
Безбедно прикачете ги додатоците. Ако машината работи со држач: Цврсто затегнете ја машината. Губењето на контрола може да доведе до повреда.
Види страница 4.

Секогаш користете го соодветниот додаток и пропишаниот штитник за
работната задача. Види страница 5. (Сликите се дадени единствено како пример).
Работна задача:
1 = брусење со површината
2 = абразивно сечење
3 = дупчење отвори
4 = користење жичани четки
5 = брусење со шмиргла
Додатоци:
1.1 = диск за брусење
1.2 = диск во вид на чашка (керамички)
2.1 = диск за сечење „метал“
2.2 = диск за сечење „цигли/бетон“
2.3 = дијамантски диск за сечење „цигли/бетон“
2.4 = диск за сечење со двојна намена
(комбиниран диск за брусење и сечење)
3.1 = дијамантски додатоци за дупчење
4.1 = кружна четка
4.2 = четка во вид на чашка
5.1 = ламеларен диск за брусење
5.2 = подлога за парчиња шмиргла
Тип А = Штитник за сечење
Тип Б = Штитник за брусење
Тип В = Штитник за брусење и абразивно
сечење (комбиниран)
Тип Г = Штитник за диск во вид на чашка
Тип Г = Штитник со аспиратор за абразивно
сечење
Дополнителни додатоци: (види и www.metabo.com)
А Држач за раздвојување од метал
В Навртка за прицврстување (14)
С Навртка за брзо прицврстување (1)
Целосната понуда на додатоци видете ја на www.metabo.com или во каталогот.
12. Поправки
Поправките на електричниот алат смее да ги изведува само стручен електричар!
Неисправен кабел за напојување мора да се замени само со посебен оригинален Metabo кабел за напојување, достапен преку Metabo Service.
Кај машини со ознака W ... В ..., плочките на сопирачката исто така мора да се сменат при замена јаглеродниот сет.
За Metabo електрични алати со потреба за поправка, упатете се до најблиското претставништво на Metabo. Адресите можете да ги видите на www.metabo.com.
Листата со резервни делови можете да ја симнете од www.metabo.com.
Прашината што се јавува при пескарење може да содржи загадувачи: треба соодветно да се исфрли.
Следете ги националните прописи за фрлање на алатот во отпад и за рециклирање на користени машини, пакувања и додатоци.

Само за земји од ЕУ. Не фрлајте ги електричните алати со домакинскиот отпад! Согласно Европската регулатива
2012/19/EY за електрични и електронски стари уреди и согласно прописите во националното право, искористените електронски алати треба да се собираат одвоени и да се фрлат на еколошки начин.
14. Технички податоци
Објаснувањата за податоците се hoafaат на страница 3. Правото на промена во контекст на техничките чекори е задржано.
D_max =макс. дијаметар на додатокот
t_max,1 =макс. дозволена дебелина на
додатокот во областа за затегнување
при употреба на навртка за
прицврстување (14)
t_max,2 =макс. дозволена дебелина на додатокот во делот за затегнување при употреба на навртка за брзо прицврстување (1)
t_max,3 =диск за брусење/диск за сечење:
макс. дозволена дебелина на
додатокот
t_max,4 =макс. дозволена дебелина на кружни четки
M =навој на оска
I =должина на оската за брусење
n_0 =брзина во мирување (максимална брзина)
P_1 =номинална влезна мо́кност
МАКЕДОНСКИмк
P_2 =излезна моćност m =тежина без кабел за напојување
Мерните вредности се одредуваат според EN 60745.
□ Машина од заштитна класа II
Дадените технички податоци имаат толеранција (согласно важечките стандарди).
Вредности на штетни емисии
Овие вредности овозможуваат процена на емисиите на електричниот алат и споредба со различни електрични алати. Во зависност од примената, електричниот алат може да поднесе помала или поголема оптовареност. При проценката имајте ги предвид работните паузи и фазите на оптоварување. Употребувајте соодветни приспособени проценки за да ја одредите заштитната мерка на корисникот пр. организациски мерки.
Брусењето на тенок лим или други лесно вибрирачки работни парчиња со голема
површина може да доведе до значително поголема вкупна емисија на бучава (до 15 dB) од наведените вредности за емисија на бучава.
Таквите работни парчиња треба да се спречат да емитуваат звук колку што е можно повеќе со соодветни мерки, како што е прикачување на тешки, флексибилни подлоги. Зголемените емисии на бучава, исто така, мора да се земат предвид при проценка на ризикот од изложеност на бучава и при изборот на соодветна заштита на слухот.
Вкупната вредност на вибрации (векторски износ во три насоки) се одредува според EN 60745:
a_h, SG =Вредност на емисија на вибрации (површинско брусење)
a_h,DS =Вредност на емисија на вибрации (брусење со диск за пескарење)
K_h,SG/DS = Нестабилност (вибрации)
Типични звучни нивоа оценети како А:
L_pA = Ниво на звучен притисок
L_WA = Ниво на бучност
K_pA, K_WA = Небезбедно

Носете заштита за ушите!