ELECTROLUX ERC 24002 W8 - фрижидер

ERC 24002 W8 - фрижидер ELECTROLUX - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот ERC 24002 W8 ELECTROLUX во PDF формат.

📄 104 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање
Notice ELECTROLUX ERC 24002 W8 - page 72
Погледни прирачник : Български BG Čeština CS Magyar HU Македонски MK Shqip SQ Српски SR
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.

Прашања на корисниците за ERC 24002 W8 ELECTROLUX

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот фрижидер во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник ERC 24002 W8 - ELECTROLUX и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. ERC 24002 W8 на марката ELECTROLUX.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК ERC 24002 W8 ELECTROLUX

Видете повеќе како размислуваме на www.electrolux.com

СОДРЖИНА

Безбедносни информации 72

Ракување 74

Прва употреба 75

Секојдневна употреба 75

Помошни напомени и совети 76

Нега и чистење 77

Што да сторите ако... 79

Технички податоци 81

Монтажа 81

Еколошки мерки 86

Можноста за промени е задржана

ELECTROLUX ERC 24002 W8 - СОДРЖИНА - 1

За ваша безбедност и за да се обезбеди правилна употреба, пред да го наместите и да го користите апаратот првпат, прочитајте го упатството за употреба внимателно, вклучувајки ги и советите и предупредувањата. За да се избегнат непотребни грешки и незгоди, важно е сите што го користат апаратот да се темелно запознаени со начинот на работата и безбедносните функции. Чувајте го упатството и погрижете се да биде со апаратот ако се премести или продаде, за да може секој што го користи во работниот век да биде правилно информиран за употребата на апаратот и за безбедноста. За безбедност на животот и имотот чувајте ги опомените за претпазливост од ова упатство бидејки производителот не е одговорен за штетите предизвикани од нивното непочитување.

Безбедност на децата и помалку вештите лица

- Апаратот не е наменет да го користат лица (вклучувајки и деца) со намалени физички, сетилни или ментални способности, или што немаат искусство и знаење, освен ако не се под надзор или се упатени за користење на апаратот од страна на лице што е одговорно за нивната безбедност.

Децата треба да се под надзор за да не си играат со апаратот.

- Чувајте ги сите материјали за пакување далеку од децата. Постои опасност од задушување.

- Ако го расходувате апаратот, извлечете го кабелот за струја од штекерот, исечете го (што е можно поблиску до апаратот) и извадете ја вратата за да спречите децата што си играат да не ги удри струја или да не се затворат во него. - Ако апаратов, кој има магнетизирани гуми за затворање, треба да замени постар апарат што има брава со пружина на вратата или капакот, погрижете се да ја неспособите бравата со пружина пред да го расходувате стариот апарат. Така ће се спречи тој да стане смртоносна стапица за децата.

Општа безбедност

ELECTROLUX ERC 24002 W8 - Општа безбедност - 1

ВНИМАНИЕ Внимавајте отворите за проветрување да не бидат блокирани.

  • Апаратот е наменет за чување прехранбени продукти и пијалаци во нормално домакинство, како што е објаснето во ова упатство.
  • Не користете механички уреди или вештачки средства за забрзување на топењето.
  • Не користете други електрични апарати (на пр. мешалки за сладолед) внатре во ладилници, освен ако не се одобрени за таква намена од страна на производителот.
  • Не оштетувајте ја инсталацијата за средството за ладење.
  • Средството за ладење изобутан (R600a), што кружи низ инсталацијата за ладење на апаратот, е природен

гас со високо ниво на еколошка подобност, но сепак е запалив.

За време на превозот и местењето на апаратот, внимавајте да не се оштети ниеден дел од инсталацијата за ладење.

Доколку се оштети инсталацијата за ладење:

– избегнувајте отворен орган и извори на искри

– проветрете ја темелно собата во која е сместен апаратот

- Опасно е да се менуваат спецификациите или да се вршат какви било промени на производот.

Секое оштетување на кабелот може да предизвика краток спој, пожар и/или струен удар.

ELECTROLUX ERC 24002 W8 - Општа безбедност - 2

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Сите електрични делови (кабелот за струја, приклучокот, компресорот) мора да ги заменува сертифициран или квалификуван сервисер.

  1. Кабелот за струја не смее да се продолжува.
  2. Проверете приклучокот за во штекер да не е смачкан или оштетен од задниот дел на уредот. Смачкан или оштетен приклучок за во штекер може да се прегрее и да предизвика пожар.

  3. Внимавајте кабелот за струја на апаратот да е пристапен.

  4. Не влечете го кабелот за струја.

  5. Ако штекерот е разлабавен, не ставајте го приключокот во него. Постои опасност од струен удар или пожар.

  6. Апаратот не смее да работи без капакот за ламбата 31) на внатрешното светло.

- Овој апарат е тежок. Бидете внимателни кога го преместувате.

- Не вадете ги и не допирајте ги предметите во преградите на замрзнувачот ако рацете Ви се водени или влажни, зашто така може да дојде до гребење на кожата и смрзнатици.

31) Ако е предвиден капак за ламбата

32) Ако е предвидена ламба

33) Ако апаратот е со заштита од смрзнување

  • Избегнувајте подолг апаратот на директна сончева светлина.
  • Електрични ламби во форма на крушка ^32) во овој апарат се користат светилки за специјална намена само во апарати за дома Kinството. Тие не се погодни за собно осветление.

Секојдневна употреба

  • Не ставајте жешки садови на пластичните делови на апаратот.
  • Не чувајте запаливи гасови и течности во апаратот, зашто тие може да експлодираат.
  • Не ставајте прехранбени продукти директно врз отворите за воздух на задниот сид. ^33)
  • Смрзнатата храна не смее повторно да се смрзнува откако єе се одмрзне.
  • Чувајте ја претходно спакуваната смрзната храна во согласност со упатствата на нејзиниот производител.
  • Мора строго да се почитуваат препораките за чување на производителот на апаратот. Видете во соодветното упатство.
  • Не ставајте содирани или газирани пијалаци во преградите на замрзнувачот, бидејки тие создаваат притисок во садот, што може да предизвика негово експлодирање, што може да заврши со оштетување на апаратот.
  • Смрзнатите лижавчиња може да предизвикаат смрзнатици ако се конзумираат веднаш.

Одржување и чистење

  • Пред одржување, исключете го апаратот и извадете го приклучокот за струја од штекерот. Ако не можете да пријдете кон приклучокот за струја, прекинете го струјното коло.
  • Не чистете го апаратот со метални предмети.
  • Не користете остри предмети за вадење на мразот од апаратот. Користете пластичен гребач.

- Редовно проверувајте го одводот на фрижидерот за одмрзната вода. Ако е неопходно, исчистете го одводот. Ако одводот е блокиран, їе се собира вода на дното на фрижидерот.

Местење

ВАЖНО За електричното поврзување, внимателно постапете според упатствата дадени во одделните пасуси.

  • Распакувајте го апаратот и проверете да не е оштетен. Не приклучувајте го апаратот ако е оштетен. Пријавете ги евентуалните оштетувања веднаш таму каде што сте го купиле апаратот. Во тој случај, престанете со распакување.
  • Препорачливо е да се почека најмалку четири часа пред да се приклучи апаратот за да може маслото да се врати во компресорот.
  • Околу апаратот треба да има соодветно кружење на воздухот - без него може да дојде до прегревање. За да се постигне довольно проветрување, следете ги упатствата за местење.
  • Секогаш кога е можно, задниот дел на производот треба да е блиску до сид, за да не биде можно допирање или факање на топлите делови (компресорот, кондензаторот) и изгорувањето од нив.
  • Апаратот не смее да се наоға блиску до радијатори или плински шпорети.

РАКУВАНЬЕ

Вклучување

Вметнете го приклучникот во сиден штекер.

Свртете го регулаторот на температурата надесно до средната поставка.

Исклучување

За да го исключите апаратот, свртете го регулаторот на температурата во положба "О".

Регулирање на температурата

Температурата се регулира автоматски.

  • Внимавајте штекерот да е пристапен по местењето на апаратот.
  • Поврзувајте само со довод на вода за пиење. 34)

Сервисирање

  • Електричните приспособувања потребни за сервисирање на апаратот треба да ги изврши квалификуван електричар или компетентно лице.
  • Производот мора да го сервисира овластен Сервисен центар и мора да се користат само оригинални резервни делови.

Апаратот не содржи гасови што може да го оштетат озонскиот слој ниту во водовите за ладење, ниту во изолациските материјали. Апаратот не смее да се расходува заедно со обичен комунален смет и губре. Изолациската пена содржи запаливи гасови: апаратот мора да се расходува согласно со важечките прописи што може да ги добиете од локалните власти. Избегнувајте оштетување на уредот за ладење, особен одзади, близу до разменувачот на топлина. Материјалите употребени за овој апарат означени со симболот ⚙️ се рециклираат.

За да работите со апаратот, постапете на следниов начин:

• свртете го регулаторот на температурата кон помалата поставка за да постигнете минимално ладење.
• свртете го регулаторот на температурата кон поголемата поставка за да постигнете максимально ладење.

i Средната поставка, општо земено, е најпогодна.

Меѓутоа, точната поставка треба да се одбере имајки предвид дека

температурата во внатрешности на апаратот зависи од:

• собната температура
• колку често се отвора вратата
- количество храна што се чува
- местоположбата на апаратот.

ВАЖНО Ако околната температура е висока или апаратот е целосно наполнет, а апаратот е поставен на

најниската температура, може да работи непрестано што ќе предизвика да се формира мраз на задниот сид. Во тој случај, тркалцето мора да се постави на повисока температура за да се овозможи автоматско одмрзнување, а со тоа и помала потрошувачка на енергија.

ПРВА УПОТРЕБА

Чистење на внатрешноста

Пред првото користење на апаратот, измијте ја внатрешноста и сите внатрешни додатоци со млака вода и малку неутрален сапун за да се отстрани карактеристичниот мирис на

новите производи, па исушете го темелно.

ВАЖНО Не користете детергенти или груби прашоци, тие може да ја оштетат политурата.

СЕКОДНЕВНА УПОТРЕБА

Смрзнување свежа храна

Комората на замрзнувачот е погодна за замрзнување свежа храна и чување смрзната и длабоко смрзната храна подолго време.

За да смрзнувате свежа храна не е неопходно да ја менувате средната поставка.

Меѓутоа, за побрзо смрзнување, свртете го регулаторот на температурата кон поголемата поставка за да постигнете максимально ладење.

ВАЖНО Во овие услови, температурата на комората на фрижидерот може да падне под 0°C. Ако дојде до тоа, вратете го регулаторот за температура на помала поставка.

Чување смрзната храна

По првото вклучување или по извесен период некористење, пред да ставите производи во преградата, оставете апаратот да работи барем 2 часа на најголемата поставка.

ВАЖНО Во случај на случајно одмрзнување, на пример поради снемување струја, ако немало струја подолго време отколку под ставката "време на одржување" во табелата за технички характеристики, одмрзнатата

храна мора да се изеде брзо или да се зготви веднаш, а потоа повторно да се смрзне (откако їе се излади).

Одмрзнување

Длабоко смрзнатата и смрзнатата храна, пред да се употреби, може да се одмрзне во преградата на фрижидерот или на собна температура, зависно од времето достапно за оваа постапка. Малите парчиња може дури и да се готват смрзнати, директно од замрзнувачот: во тој случај, готвењето ъе трае подолго.

Подвижни полици

На сидовите на фрижидерот се монтирани низа држачи, така што полиците може да се наместат по желба. За подобро користење на просторот, предните полуполици може да лежат преку задните.

ELECTROLUX ERC 24002 W8 - СЕКОДНЕВНА УПОТРЕБА - 1

Местење на полиците на вратата

За да се овозможи чување пакувања во разни големини, полиците на вратата може да се стават на различни височини.

За приспособување, постапете на следниов начин:

постепено влечете ја полицата во насока на стрелките, додека не се ослободи, па ставете ја на саканата положба.

ELECTROLUX ERC 24002 W8 - Местење на полиците на вратата - 1

Нормални работни звуци

  • Кога разладното средство се пумпа низ намотките или цевките, може да се слуша звук на тивко ггрорење и клокотење. Тоа е нормално.
  • Кога компресорот е включен, средството за ладење се пумпа низ системот и од него ће слушате звуци на шумење и тропање. Тоа е нормално.
  • Термичката дилатација може да предизвика ненадејни звуци на пукање. Тоа е природен, безопасен физички феномен. Тоа е нормално.
  • Кога компресорот се включува или ислучува, їе слушате слабо "кликање" на температурниот регулатор. Тоа е нормално.

Совети за штедење енергија

  • Не отворајте ја вратата често и не оставајте ја отворена подолго отколку што е неопходно.
  • Доколку околната температура е висока, регулаторот за температура е на најголемата поставка и апаратот е целосно наполнет, компресорот може да работи непрестано, што їе

предизвика формирање мраз на испарувачот. Ако се случаи тоа, свртете го регулаторот за температура кон помалите вредности за да овозможите автоматско одмрзнување, со што ќе заштедите и електрична енергија.

Совети за ладење свежа храна

За да добиете најдобри перформанси:

  • не ставајте топла храна или течности што испаруваат во фрижидерот
  • покривајте ја или виткајте ја храната, особено ако има посилен вкус
    • ставајте ја храната така што воздухот може да кружи слободно околу неа

Совети за ладење

Корисни совети:

Месо (сите видови) : виткајте го во пластични кесички и ставајте го на стаклената полица над фиоката за зеленчук.

Најбезбедно е да го чувате на овој начин само еден или најмногу два дена. Зготвена храна, ладни јадења и сл.: тие треба да се покриени и може да се стават на која било полица.

Овошје и зеленчук: тие треба да се убаво измиени и ставени во специјалните фиоки за нив.

Путер и сирење: тие треба да се во посебните херметички садови или завиткани во алуминиумска фолија или пластични ўесички за да се спречи допирот со воздух.

Шишиња млеко: тие треба да имаат капаче и да се ставаат на полицата за шишиња на вратата.

Бананите, компирите, кромидот и лукот, ако не се спакувани, не смеат да се чувват во фрижидер.

Совети за смрзнување

За најдобро користење на смрзнувањето, еве неколку важни совети:

  • максимальното количество храна што може да се смрзне за 24 часови е покажано на плочката со спецификации;
  • смрзнувањето трае 24 часа. Не треба да се додава храна за смрзнување во тој период;
  • смрзнувајте само квалитетна, свежа и убаво измиена храна;
  • поделете ја храната во мали порции за да може брзо и целосно да се смрзне и за да овозможите одмрзнување само на потребните количества;
  • завиткајте ја храната во алуминиумска или пластична фолија убаво и стегнато;

  • не дозволувајте свежата несмрзната храна да ја допира храната што е веće смрзната, за да не ја загреете вторава;

  • немасната храна се чува подобро и подолго отколку масната; солта го намалува векот на чување на храната;
    • водениот мраз, ако се конзумира веднаш по вадењето од преградата на замрзнувачот, може да предизвика смрзнатици на кожата;
  • препорачливо е да се запише датумот на смрзнување на секое пакување за да можете да водите сметка за времето на смрзнатост.

Совети за чување смрзната храна

За да добиете најдобри перформанси од апаратот, почитувајте ги следниве напомени:

• проверувајте дали комерцијалните смрзнати прехранбени продукти биле соодветно чувани кај продавачот;
• внимавајте смрзнатите прехранбени продукти да се пренесат од продавницата до замрзнувачот во најкраток можен рок;
- не отворајте ја вратата често и не оставајте ја отворена подолго отколку што е неопходно.
- Штом ће се одмрзне, храната се расипува брзо и не може повторно да се смрзне.
- Не надминувајте го препорачаниот период за чување.

НЕГА И ЧИСТЕЊЕ

ELECTROLUX ERC 24002 W8 - НЕГА И ЧИСТЕЊЕ - 1

ВНИМАНИЕ Исклучете го апаратот од струја пред да вршите каква било постапка за одржување.

ELECTROLUX ERC 24002 W8 - НЕГА И ЧИСТЕЊЕ - 2

Апаратот содржи јагленохидрати во уредот за ладење; одржувањето и повторното полнење може да ги вршат само овластени техничари.

Периодично чистење

Опремата треба да се чисти редовно:

- измијте ги внатрешноста и додатоците со млака вода со малку неутрална сапуница.

  • редовно проверувајте ги заптивките на вратата и бришете ги за да бидат чисти и без нечистотии.
  • избришете и исушете целосно.

ВАЖНО Не влечете ги, не поместувајте ги и не оштетувајте ги цевките и каблите во фрижидерот.

Не користете детергенти, груби прашоци, многу парфимирани средства за чистење или восок за полирање за чистење на внатрешноста, бидејки така може да се оштетат површините и да остане силен мирис.

Чистете ги кондензаторот (цирната решетка) и компресорот од задната страна на апаратот со четка или правосмукалка. Со тоа се подобрува работењето на апаратот и се штеди електрична енергија.

ВАЖНО Внимавајте да не го оштетите системот за ладење.

Многу средства за чистење кујнски површини содржат хемикалии што може да ја нагризат или оштетат пластиката на апаратот. Поради тоа, се препорачува надворешноста на апаратот да се чисти само со топла вода со малку течност за миење. По чистењето, приключете ја повторно опремата во електричната мрежа.

Одмрзнување на фрижидерот

Мразот автоматски се отстранува од испарувачот во фрижидерската преграда секогаш кога моторниот компрессор їе престане да работи во текот на вообичаената употреба. Водата од одмрзнувањето истекува во посебен сад од задната страна на апаратот, над моторниот компресор, од кој што испарува.

Важно е повремено да се исчисти дупчето за истекување на водата од одмрзнувањето на средината на каналот во фрижидерската преграда за да се спречи прелевање на водата и нејзино капење врз храната внатре. Користете го приложениот специјален чистач, што ќе го најдете веке вметнат во дупчето за истекување.

ELECTROLUX ERC 24002 W8 - Одмрзнување на фрижидерот - 1

Одмрзнување на замрзнувачот

i На полиците на замрзнувачот и околу најгорната преграда секогаш їе се формира малку мраз.

ВАЖНО Одмрзнете го замрзнувачот кога слојот мраз їе достигне дебелина од околу 3-5 mm.

За да го отстраните мразот, постапете на следниов начин:

  1. Исклучете го апаратот.
  2. Извадете ја храната, завиткајте ја во неколку слоја весник и ставете је на студено место.
  3. Оставете ја вратата отворена.
  4. Кога ће заврши одмрзнувањето, исушете ја внатрешноста темелно и вратете го капакот на место.

  5. Включете го апаратот.

  6. Поставете го регулаторот на температурата да добиете максимално ладење и оставете го апаратот да работи два-три часа со оваа поставка.

  7. Вратете ја извадената храна во комората.

ВАЖНО Никогаш не користете метални алатки за гребење на мразот од испарувачот, зашто може да го оштетите. Не користете механички уреди или вештачки средства за забрзување на топењето освен оние што ги препорачува производителот. Покачувањето на температурата на смрзнатата храна за време на одмрзнувањето може да го скрати нивниот век на чување.

Периоди неработење

Кога апаратот не се користи подолго време, преземете ги следниве предострожности:

  • откачете го апаратот од електричната мрежа
  • извадете ја сета храна
  • одмрзнете ^35 и исчистете ги апаратот и сите додатоци
  • оставете ја вратата или вратите подотворени за да спречите непријатни мириси.

Ако фрижидерот треба да остане включен, замолете некого да го проверува повремено за да не се случаи храната да се расипе во случај на снемување струја.

решавање на проблемите, извадете го штекерот од приклучокот за струја.

Само квалификуван електричар или стручно лице смее да ги решава проблемите што не се опишани во упатството.

ВАЖНО За време на нормалната употреба се слушаат звуци (од компресорот и од кружењето на средството за ладење).

Проблем Можно причина Решение
Апаратот е бученАпаратот не е добро потпренПроверете дали апаратот стои стабилно (сите четири ногалки треба да се на подот)
Апаратот не работи.Ламбата не работи.Апаратот е исклучен. Вклучете го апаратот.
Приклучокот за струја не е правилно ставен во штекерот.Правилно ставете го приклучокот за струја во штекерот.
Апаратот нема струја. Во штекерот нема напон.Приклучете некој друг електричен апарат во штекерот.Побарајте квалификуван електричар.
Ламбата не работи. Ламбата е во состојба на мирување.Затворете ја и отворете ја вратата.
Ламбата е неисправна. Видете во „Замена на ламбата".
Компрессорот не престанува да работи.Температурата не е правилно нагодена.Нагодете повисока температура.
Вратата не е правилно затворена.Видете во „Затворање на вратата“.
Вратата е отворана премногу често.Не оставајте ја вратата отворена подолго одошто треба.

35) Ако е предвидено.

Проблем Можно причина Решение
Температурата напроизводот е премногу висока.Оставете го производот да се излади до собна температура пред да го внесете.
Собната температура епремногу висока.Намалете ја собната температура.
Тече вода по задната плоча на фрижидерот.За време на автоматското одмрзнување, мразот се одмрзнува на задната плоча.Тоа е нормално.
Во фрижидерот тече вода.Одводот за вода е затнат. Исчистете го одводот.
Производи спречуваатводата да тече во садот за вода.Проверете некој производ да не ја допира задната плоча.
Истекува вода на подот. Испустот за водата од одмрзнувањето не тече во садот за испарување над компресорот.Ставете го испустот за вода од одмрзнувањето во садот за испарување.
Температурата на апаратот е прениска.Регулаторот на температурата не е правилно нагоден.Нагодете повисока температура.
Температурата на апаратот е превисока.Регулаторот на температурата не е правилно нагоден.Нагодете пониска температура.
Вратата не е правилнозатворена.Видете во „Затворање на вратата“.
Температурата напроизводот е премногу висока.Оставете го производот да се излади до собна температура пред да го внесете.
Истовремено се чуваат многупроизводи.Чувајте помалку производи истовремено.
Температурата во фрижидерот е превисока.Во апаратот не кружи студен воздух.Овозможете кружење на студениот воздух во апаратот.
Температурата во замрзнувачот е премногу висока.Производите се преблиску едни до други.Сместувајте ги производите така што ќе овозможите циркулација на студениот воздух.
Има премногу мраз. Хранатане е завиткана правилно.Правилно завиткајте ја храната.
Вратата не е правилнозатворена.Видете во „Затворање на вратата“.
Регулаторот натемпература не е правилно нагоден.Нагодете повисока температура.

Замена на ламбата

  1. Извадете го приклучникот за струја од штекерот.
  2. Одвијте ја завртката од капакот на ламбата.
  3. Извадете го капакот на ламбата (видете на илустрацијата).

  4. Заменете ја старата светилка со нова светилка со иста моćност која е посебно направена за домашни апарати. (максималната моćност е прикажана на капакот на светилката).

  5. Ставете го капакот на ламбата.

  6. Завијте ја завртката на капакот на ламбата.

  7. Ставете го приклучникот за струја во штекерот.
  8. Отворете ја вратата. Проверете дали ламбата се пали.

MAX.15 W

Затворање на вратата

  1. Исчистете ги заптивките на вратата.
  2. Ако е потребно, приспособете ја вратата. Видете во "Местење".
  3. Ако е потребно, заменете ја неисправната заптивка на вратата. Јавете се во сервисниот центар.

ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ

ERC19002W8 ERC24002W8
Димензија
Височина 1050 мм 1250 мм
Широчина 550 мм 550 мм
Длабочина 612 мм 612 мм
Време на одржување 11 часови 11 часови

Техничките информации се наогаат на плочката со спецификации од левата

страна внатре во апаратот и на етикетата за енергија.

МОНТАЖА

ELECTROLUX ERC 24002 W8 - МОНТАЖА - 1

Прочитајте ги "Безбедносните информации" внимателно пред да го наместите апаратот за да бидете побезбедни и апаратот да работи правилно.

Поставување

Овој апарат исто така може да биде поставен во сува и добро проветрена внатрешна (гаража или подрум) но за оптимални перформанси поставете го апаратот на локација каде што температурата на околината одговара на климатското категоризирање прикажано на таблицата со характеристики:

Климатска класаТемпература на околината
SN +10°C до + 32°C
N+16°C до + 32°C
ST+16°C до + 38°C
T+16°C до + 43°C

Задни разделници

Во кесичката со документацијата има два разделника што мора да се наместат како што е прикажано на сликата.

  1. Ставете ги разделниците во дупките. Внимавајте стрелката (А) да е наместена како што е покажано на сликата.

45° A

  1. Свртете ги разделниците налево 45° додека не се заглават на место.

Нивелирање

Кога го поставувате апаратот, уверете се дека стои рамно. Ова може да се постигне со две вртливи ногалки на долниот дел од предната страна (2). Ако е потребно, нагодете ги ногалките така што їе ги отстраните разделниците (1).

ELECTROLUX ERC 24002 W8 - Нивелирање - 1

Апаратот треба да се инсталира на добра оддалеченост од извори на топлина, како што се радијатори, бојлери, директна сончева светлина итн. Погрижете се воздухот да може слободно да струи околу задниот дел од апаратот. За да обезбедите најдобри перформанси кога апаратот е монтиран под некој висечки елемент, минималното растојание помеѓу горната страна од кабинетот и сидот

мора да биде најмалку 100 mm. Во идеални услови, овој апарат не би требало да се поставува под висечки елементи. Правилното нивелирање се обезбедува со една или повеće вртливи ногалки во основата на кабинетот. Ако кабинетот е поставен во агол, а страната со шарки е завртена кон sidот, растојанието помеѓу sidот и кабинетот мора да биде најмалку 10 mm за да може вратата да се отвора довольно за се извадат полиците.

! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Мора да овозможите апаратот да се ислучува од напојувањето; оттаму, по инсталацијата штекерот мора да биде лесно достапен.

ELECTROLUX ERC 24002 W8 - Нивелирање - 2

Менување на страната на отворање

ВАЖНО За да ги извршите следниве работи, предлагаме да ви помага уште едно лице што цврсто ке ги држи вратите на апаратот додека работите.

За да ја смените страната на отворање на вратата, направете го следново:

  1. Извадете го приклучникот од штекерот.

  2. Одвијте ги двете завртки од задната страна.

ELECTROLUX ERC 24002 W8 - Менување на страната на отворање - 1

  1. Турнете го горниот дел наназад и кренете го.

ELECTROLUX ERC 24002 W8 - Менување на страната на отворање - 2

  1. Одвијте ги двете приспособливи ногарки.

ELECTROLUX ERC 24002 W8 - Менување на страната на отворање - 3

  1. Одвијте ги завртките од долната шарка на вратата. Извадете ја шарката. Превртете го клинот како што покажува стрелката.

ELECTROLUX ERC 24002 W8 - Менување на страната на отворање - 4

  1. Одвијте ја завртката и ставете ја од другата страна.

ELECTROLUX ERC 24002 W8 - Менување на страната на отворање - 5

  1. Наместете ја шарката од другата страна.

ELECTROLUX ERC 24002 W8 - Менување на страната на отворање - 6

  1. Завијте ги двете приспособливи ногарки.
  2. Одвијте ги завртките од горната шарка на вратата.
  3. Извадете ја шарката. Превртете го клинот како што покажува стрелката. Наместете ја шарката од другата страна.

ELECTROLUX ERC 24002 W8 - Менување на страната на отворање - 7

  1. Затегнете ја шарката.

ELECTROLUX ERC 24002 W8 - Менување на страната на отворање - 8

  1. Ставете го горниот дел на место.
  2. Турнете го горниот дел напред.
  3. Завијте ги двете завртки од задната страна.
  4. Извадете ја и наместете ја рачката 36) од другата страна.

1 2 3

  1. Наместете го повторно, порамнете го апаратот, почекајте најмалку четири часа, па повторно приключете го во штекер.

Проверете уште еднаш:

- Дали сите завртки се стегнати. - Дали вратата се отвора и затвора правилно.

Ако околната температура е ниска (на пр. зиме), заптивката може да не налегнува совершено на рамката. Во тој случај, оставете ја заптивката да налегне природно.

Ако не сакате да ги вршите горенаведените операции, јавете се на најблискиот сервис. Специјалист од сервисот ће ги преврти вратите на ваша сметка.

Вртење на вратата на комората за замрзнување

ELECTROLUX ERC 24002 W8 - Вртење на вратата на комората за замрзнување - 1

Поврзување на електриката

Пред да го приключите, проверете дали напонот и фреквенцијата прикажани на плочката со спецификации одговараат на вашата домашна електрична мрежа. Апаратот мора да биде вземјен.

Приклучокот на кабелот за напојување со струја е со вземјување. Ако штекерот од домашната електрична мрежа не е вземјен, поврзете го апаратот со

пособно вземјување во согласност со прописите за електрична енергија и откако їе се посоветувате со квалификуван електричар.

Производителот одбива каква било одговорност ако горенаведените безбедносни мерки не се испочитувани.

Апаратот е во согласност со следниве Директиви на ЕЕЗ.

ЕКОЛОШКИ МЕРКИ

Отстранете го Вашиот истрошен уред според прописите кои важат во Вашето место на живеење.

Чување замрзнуте хране

Корисни савети за чување хране у фрижидеру

Корисни савети за чување у фрижидеру Корисни савети:

Флаше млека: треба да имају поклопац и треба да се чувају на полици за фла- ше, на вратима.

Корисни савети за чување замрзнуте хране

Опрема треба редовно да се чисти:

  1. одвијте и монтирајте шраф на другој страни.

ELECTROLUX ERC 24002 W8 - Корисни савети за чување замрзнуте хране - 1

  1. Монтирајте шарку на другој страни.

ELECTROLUX ERC 24002 W8 - Корисни савети за чување замрзнуте хране - 2

Електрично приклъучивање

Содржина Кликнете на наслов за да пристапите до него
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : ELECTROLUX

Модел : ERC 24002 W8

Категорија : фрижидер