BKS 9220 T - фрижидер BEKO - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот BKS 9220 T BEKO во PDF формат.

BEKO BKS 9220 T - фрижидер
📄 84 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање 10 прашања ⚙️ Спецификации
Notice BEKO BKS 9220 T - page 41
Погледни прирачник : Български BG English EN Македонски MK Română RO Shqip SQ
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.
Тип на производПравосмукалка со воден филтер
БрендBeko
МоделBKS 9220 T
Напојување220-240 V~, 50 Hz
Максимална моќност2000 W
Нето тежина5.7 kg
Капацитет на садот за вода600 ml
Систем за филтрацијаHEPA филтер и сунѓерски филтри
Тип на цревоФлексибилно црево со ротација од 360°
Продолжна цевкаТелескопски, прилагодлива должина
Вклучени додатоциЧетка за паркет и тепих, турбо четка, широкоотворен наставка, тесноотворен наставка
Должина на кабелПрибл. 6 m (со жолти и црвени ознаки)
Прилагодување на всисна моќДа, на телото (MIN/MAX)
Автоматско враќање на кабелотДа
СкладирањеХоризонтално со место за паркирање
Предвидена употребаСамо за домашна употреба
Чистење на воден филтерИспразнете го и исчистете го садот за вода по употреба; измијте го HEPA филтерот и сунѓерските филтри
Одржување на издувен сунѓерЧистете на секои 6 месеци

Често поставувани прашања - BKS 9220 T BEKO

Како да го наполнам садот за вода?
Отстранете го садот за вода со притискање на копчето за заклучување. Отстранете го филтерскиот дел, наполнете со вода од чешма до нивото MAX (600 ml), потоа повторно прикачете го филтерот и садот.
Што да правам ако правосмукалката ја изгуби всисната моќ?
Проверете дали садот за вода е полн (испразнете го ако е потребно), исчистете или заменете го HEPA филтерот и сунѓерските филтри, и осигурете се дека цревото и продолжетоците не се блокирани.
Како да го исчистам HEPA филтерот?
Отстранете го филтерскиот дел од садот за вода, одвојте го HEPA филтерот и измијте го под млада вода. Оставете го целосно да се исуши пред повторно да го вметнете.
Може ли да правосмукам влажни површини?
Не, оваа правосмукалка е дизајнирана само за сува употреба. Не ја користете на влажни подови или на отворено.
Како да го намотам кабелот за напојување?
Притиснете го прекинувачот за намотување на кабелот на апаратот. Не стапнувајте на копчето или не присилувајте намотување надвор од црвената ознака.
За што се користи турбо четката?
Турбо четката е особено ефикасна за отстранување на влакна од домашни миленици и длабинско чистење на теписи. Користете ја со повлекување наназад над ресите.
Како да ја прилагодам всисната моќ?
Користете го копчето за прилагодување на всисната моќ на телото на правосмукалката помеѓу поставките MIN и MAX.
Како да ја складирам правосмукалката?
Исклучете ја и извадете го кабелот. Испразнете го садот за вода. Четката може да се паркира во отворот на задниот дел за хоризонтално складирање.
Може ли децата да ја користат оваа правосмукалка?
Да, деца на возраст од 8 години и повеќе можат да ја користат ако се надгледувани и правилно упатени. Чистењето и одржувањето не смее да го вршат деца без надзор.
Што значи црвената ознака на кабелот за напојување?
Црвената ознака го означува максималното продолжување. Никогаш не влечете го кабелот подалеку од таа точка за да избегнете оштетување на намотувачот.

Прашања на корисниците за BKS 9220 T BEKO

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Вашата е-пошта останува приватна: се користи само за да ве известиме ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот фрижидер во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник BKS 9220 T - BEKO и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. BKS 9220 T на марката BEKO.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК BKS 9220 T BEKO

Ве молиме, првин прочитајте го упатството за употреба!

Ви благодариме за купувањето на овој Beko уред. Се надеваме дека ќе го добиете најдоброто од вашиот уред, произведен со помош на најсовремената технологија со висок квалитет. Ве молиме, внимателно прочитајте го целото упатство за употреба и сите пропратни документи пред употребата на уредот и чувајте го во случај да Ви затреба во иднина. Доколку го давате уредот на некој друг, дајте му го и упатството за употреба. Почитувајте ги сите предупредувања и информации од упатството.

Објаснување на симболите

Во упатството за употреба се користат следниве симболи:

BEKO BKS 9220 T - Објаснување на симболите - 1

Важни информации и корисни совети за употреба.

BEKO BKS 9220 T - Објаснување на симболите - 2

Предупредување на опасност по живот или за оштетување на имот.

BEKO BKS 9220 T - Објаснување на симболите - 3

Класа на заштита од струен удар.

BEKO BKS 9220 T - Објаснување на симболите - 4

Овој уред е направен во современи фабрики во услови кои не се штетни за животната средина.

1 Важни упатства и предупредувања за безбедноста и животната средина 43-45

1.1 Општа безбедност 43 1.2 Усогласеност со директивата за WEEE за фрлање на производот.... 45 1.3 Усогласеност со директивата за ризик од опасни материи.... 45 1.4 Информации за пакувањето ..... 45

2.1 Преглед 46 2.2 Технички податоци ..... 46

3 Употреба на уредот 47-49

3.1 Користење на продолжната цевка .... 48 3.2 Употреба на четката за паркет и тепих 49 3.3 Употреба на Турбо четката. ..... 49 3.3.1 Исклучување и чување на правосмукалката....49

4 Чистење и одржување 50

4.1 Празнење и чистење на садот за вода 50

1 Важни упатства и предупредувања за безбедноста и животната средина

Овој дел содржи безбедносни упатства кои ќе Ви помогнат да се заштитите од ризикот од повреди или оштетување на имот. Непочитувањето на упатството за употреба може да Ви ја поништи гаранцијата.

1.1 Општа безбедност

- Овој уред е усогласен со меѓународните стандарди за безбедност. - Можете да ја користите вашата правосмукалка само ако информациите за струјниот напон на типската плочка од долната страна на уредот се поклопуваат со вредностите на вашата струјна мрежа. Во спротивно, моторот може да се оштети.

- Правосмукалката никогаш не смее да се остава вклучена во струја. Исклучете ја правосмукалката кога не се

користи или кога треба да се поправи.

- Правосмукалката не смее да се користи на влажни подови или надвор. - Уредот смеат да го користат деца на возраст од 8 години и нагоре, како и лица со намалени физички, сензорни или ментални способности, или без знаење и искуство во употребата на уредот, само ако се под надзор на лице одговорно за нивната безбедност кое им го објаснува сигурниот начин на употреба на уредот и доколку ги разбираат опасностите кои употребата на уредот ги носи со себе. Децата не смеат да играат со уредот. Децата не смеат да го чистат и одржуваат уредот доколку се без надзор.

- Ако е оштетен кабелот за струја или приклучокот, или ако уредот не работи затоа што паднал, оштетен е, бил изложен на надворешни влијанија или е натопен

1

Важни упатства и предупредувања за безбедноста и животната средина

обратете му се на овластениот сервисер.

- Не влечете го кабелот за струја за да ја поместите правосмукалката. Кабелот за струја мора да биде оддалечен од остри рабови, врели површини, и посебно внимавајте кабелот да не остане приклештен меѓу вратата и футерот.

- Не влечете го кабелот кога го исклучувате уредот од струја.

Секогаш држете го за приклучокот кога го извлекувате од ѕидниот приклучок.

- Уредот или приклучокот не смеат да се допираат со влажни раце.

- Не ставајте предмети на испакнатите делови на правосмукалката. Внимавајте отворите за проток на воздух и отворите за вентилација секогаш мора да бидат слободни.

- Рацете, косата и облеката чувајте ги подалеку од

деловите на вклучениот уред.

- Правосмукалката не смее да се користи за чистење на запаливи материи како цигари, кибрити или врел пепел.

- Секогаш исклучувајте го уредот со помош на копчињата пред извлекување на приклучокот.

- Не чистете запаливи и експлозивни течности. Правосмукалката не смее да се користи во областите каде што се присутни овие течности.

- Секогаш исклучете го уредот од струја пред ставањето или замената на продолженијата за чистење.

- Правосмукалката не смее да се вклучува ако се наоѓа во исправена положба.

- Правосмукалката не смее да се користи кога филтрите се извадени, и без ставање на вода во нив.

Важни упатства и предупредувања за безбедноста и животната средина

1.2 Усогласеност со директивата за WEEE за фрлање на производот

Овој производ е усогласен со директивата на ЕУ за WEEE (2012/19/EU). Овој производ го носи симболот за класификација за начинот на фрлање на електрична и електронска опрема (WEEE).

BEKO BKS 9220 T - Усогласеност со директивата за WEEE за фрлање на производот - 1

Овој производ е произведен со висококвалитетни делови и материјали коишто може повторно да се користат и се соодветни за рециклирање. Не фрлајте го производот со нормалниот домашен и друг отпад кога нема повеќе да го користите. Однесете го во собирен центар за рециклирање на електрична и електронска опрема. Консултирајте ги локалните надлежни тела за да дознаете каде се овие собирни центри.

1.3 Усогласеност со директивата за ризик од опасни материи

Производот што го купивте е усогласен со директивата на ЕУ за ризик од опасни материи (2011/65/EU). Не користи штетни и забранети материјали коишто се посочени во директивата.

1.4 Информации за пакувањето

BEKO BKS 9220 T - Информации за пакувањето - 1

Материјалите за пакувањето на производот се изработени од рециклирачки материјали во согласност со нашите национални регулативи за животна средина. Не фрлајте го материјалот од пакувањето заедно со домашниот или друг отпад. Однесете го во центар за собирање материјал од пакување што го посочува локалното надлежно тело.

  1. Кабел за струја со приклучок
  2. Држач за четката за теписи
  3. Прекинувач за намотување на кабелот
  4. Копче On/Off
  5. Копче за подесување на силата на вшмукување
  6. Рачка за пренесување 7.Копче за вадење на садот за вода
  7. Рачка на садот за вода
  8. Сад за вода
  9. Склоп на филтри на садот за вода
  10. Продолжение за чистење
  11. Копчиња за отворање на склопот на филтри
  12. Задни тркала
  13. Конектор на цревото
  14. Флексибилно црево
  15. Рачка
  16. Механички слајдер
  17. Телескопска продолжна цевка
  18. Рачка за подесување на телескопот
  19. Кука за закачување на четката за теписи
  20. Рачка за подесување на четката за теписи
  21. Четка за паркет и тепих
  22. Продолжение со широк отвор
  23. Продолжение со тесен отвор

2.2 Технички податоци

Вредност на струјата: 220-240 V~, 50 Hz

Макс. сила: 2000 W

Нето маса: 5,7 kg

Производителот го задржува правото на технички измени и на промена на дизајнот.

Ознаките на уредот или вредностите наведени во документацијата која ја добивте со уредот се вредности добиени во лабораториски услови со релевантни стандарди. Овие вредности може да се разликуваат во зависност од употребата на уредот, условите и опкружувањето.

3 Употреба на уредот

Намена на уредот

Уредот е дизајниран за употреба во домаќинството и не е соодветен за индустриска употреба.

Притиснете го копчето за заклучување за да го извадите садот за вода (Слика 1) од уредот држејќи го за рачката.

Притиснете го копчето за заклучување Рачка

Слика 1

Извадете го склопот на филтрите со помош на двете копчиња на садот за вода и држете го хоризонтално (Слика 2).

BEKO BKS 9220 T - Намена на уредот - 2

Наполнете го резервоарот за вода со обична вода од чешма до нивото означено со MAX, како што е прикажано на сликата 2.

Потребното количество на вода е 600ml. Вратете го филтерот на место и внимавајте правилно да го поставите така да биде рамен. Вратете го садот за вода назад на правосмукалката.

Извлечете го кабелот од задниот дел на уредот и вклучете го во ѕидниот приклучок. Престанете со извлекување на кабелот кога ќе ја здогледате жолтата ознака на кабелот, а по жолтата ознака се наоѓа и црвената ознака; никогаш не извлекувајте го кабелот кога ќе ја видите црвената ознака. Во спротивно можете да го оштетите калемот за намотување на кабелот.

Наместете го цревото на правосмукалката. За да ја вклучите правосмукалката, притиснете го копчето On/Off. (Слика 3).

BEKO BKS 9220 T - Намена на уредот - 3

За да го намотате кабелот за струја по чистењето, притиснете го копчето за намотување на кабелот на Вашиот уред. (Слика 4) Не притискајте го со нога копчето за намотување на кабелот. Механизмот може да се оштети доколку се притиска насилно со нога.

BEKO BKS 9220 T - Намена на уредот - 4

3 Употреба на уредот

Можете да ја прилагодите силата на вшмукување во текот на чистењето со помош на копчето за подесување на силата на вшмукување кое се наоѓа на куќиштето на уредот. (Слика 5).

МИН МАКС

Слика 5

Можете да го прицврстите конекторот на цревото на куќиштето на правосмукалката така што ќе ги турнете копчињата на конекторот од страна и ќе го вметнете конекторот во правец на стрелките на слика 6.

BEKO BKS 9220 T - Употреба на уредот - 2

Цревото на вашиот уред може да се ротира за 360°. Со тоа се овозможува ергономска употреба за време на чистењето. (Слика 7).

BEKO BKS 9220 T - Употреба на уредот - 3

Проверете дали копчињата на конекторот за црево се правилно наместени на своето место како на слика 7.

За да го извадите цревото од правосмукалката, притиснете ги копчињата на конекторот за црево и извадете го со движење наназад.

Можете да го пренесувате вашиот уред држејќи го за рачката на горната страна. (Слика 8).

BEKO BKS 9220 T - Употреба на уредот - 4

3.1 Користење на продолжната цевка

Цевката на вашата правосмукалка може да се продолжува благодарение на телескопскиот систем. За да ја продолжите цевката, притиснете ја рачката во правец на стрелките и повлечете го крајот на цевката. Можете да ја поставите должината на цевката која ви одговара. (Слика 9).

Резе

Слика 9

Слика 10BEKO BKS 9220 T - Користење на продолжната цевка - 2

Тесно продолжение

Може да се користи за тешко достапни тесни отвори на фотелји и мебел.

3 Употреба на уредот

Слика 11BEKO BKS 9220 T - Употреба на уредот - 1

Продолжение со широк отвор

Се користи за чистење на подови, скали, внатрешност на автомобили, софи, фотелји итн.

3.2 Употреба на четката за паркет и тепих

На четката за паркет и тепих се наоѓа механизам за прилагодување. Четката се израмнува со површината на подот со помош на механизмот за прилагодување. (Слика 13).

BEKO BKS 9220 T - Употреба на четката за паркет и тепих - 1

а) Користете ја четката во нормалната положба (четката е вовлечена) за теписи и простирки. б) Кога чистите тврди подлоги како паркет, плочки, линолеум и рамни површини како ѕидови, за да не ги изгребете, сменете ја положбата и извадете ја четката со помош на механизмот за прилагодување.

3.3 Употреба на Турбо четката

BEKO BKS 9220 T - Употреба на Турбо четката - 1

Посебно е ефикасна за отстранување на влакна од домашните миленици. Длабински ги чисти теписите. Кога ги чистите ресите на тепихот, користете ја четката така што ќе ја влечете наназад во правец на стрелките. Насобраните влакна и косата отстранете ги од четката со помош на ножички.

3.3.1 Исклучување и чување на правосмукалката

Притиснете го копчето On/Off на куќиштето за да ја исклучите правосмукалката. Не извлекувајте го веднаш приклучокот од ѕидниот приклучок за да ја исклучите правосмукалката; првин притиснете го копчето On/Off и исклучете ја правосмукалката. (Слика 3).

Понатаму, Вашата правосмукалка можете да ја чувате во хоризонтална положба така што ќе го поставите продолжението за закачување на задната страна на правосмукалката. (Слика 14).

BEKO BKS 9220 T - Исклучување и чување на правосмукалката - 1

4 Чистење и одржување

Извадете го приклучокот од ѕидниот приклучок пред чистењето.

BEKO BKS 9220 T - Чистење и одржување - 1

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:

Никогаш не користете бензин, растворувачи, абразивни средства за чистење, метални предмети или тврди четки за чистење на уредот.

4.1 Празнење и чистење на садот за вода

Исклучете ја правосмукалката со притискање на копчето On/Off и извадете го приклучокот од ѕидниот приклучок. Извадете го резервоарот за вода држејќи го за рачката (Слика 15).

2). Извадете го склопот на филтри и свртете го наопаку, така што отворот да биде од долната страна и испразнете го. (Слика 15).

BEKO BKS 9220 T - Празнење и чистење на садот за вода - 1

Склопот на филтри може да се извади од садот (Слика 16) и да се измие со вода.

BEKO BKS 9220 T - Празнење и чистење на садот за вода - 2

НЕРА и сунгерестиот филтер може да се извадат од филтерот и да се исперат (Слика 17 и Слика 18).

BEKO BKS 9220 T - Празнење и чистење на садот за вода - 3

Освен тоа, сунгерот на излезот мора да се пере на секои 6 месеци; се отвара капакот на филтерот од задната страна на уредот и се извлекува филтерот. Ако сакате да продолжите со чистењето, наполнете го садот со вода до означеното ниво и почекајте склопот на филтерот и НЕРА филтерот да се исушат пред да ги вратите во уредот. Вратете ги соодветните делови во склопот на филтерот и вратете го склопот на филтерот на своето место во правосмукалката. Сега правосмукалката е подготвена и може да се одложи.

4 Чистење и одржување

BEKO BKS 9220 T - Чистење и одржување - 1

Водата во садот за вода не ја оштетува правосмукалката; сепак, се препорачува да го испразните садот пред да ја одложите правосмукалката до следната употреба. Една од поголемите предности на овој уред е тоа што, спротивно на правосмукалките кои мора да се чуваат со прашина во кесите, може да се исчисти и да се чува во чиста состојба до следната употреба.

4.2 Чување

  • Доколку не планирате да го користите уредот подолго време, внимателно оставете го.
  • Извлечете го приклучокот од ѕидниот приклучок.
  • Оставете го уредот на места недостапни за деца.
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BEKO

Модел : BKS 9220 T

Категорија : фрижидер