VC1615G - Прашка GORENJE - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот VC1615G GORENJE во PDF формат.
| Тип на производ | Влечна правосмукалка |
| Бренд | Gorenje |
| Модел | VC1615G |
| Боја | Зелена |
| Контрола на вшмукувачка моќ | Да (копче на телото и регулатор на протокот на воздух на цревото) |
| Тип на контејнер за прашина | Вртежна кутија за прашина + компатибилна со хартиени кеси |
| Систем за филтрација | Филтер за мотор и издувен филтер |
| Ниво на бучава | < 85 dB(A) |
| Повлекување на кабел | Автоматско со копче |
| Должина на кабел | Прибл. 5 m |
| Тип на цевка | Склопена цевка (два дела) |
| Подна млазница | Да, комбинирана четка за голи подови и теписи |
| Дополнителни млазници | Алатка за процепи, млазница за мебел |
| Систем за паркирање | Да (за складирање на цевка/млазница) |
| Напојување | 220-240 V, 50/60 Hz |
| Тежина | Прибл. 4,5 kg |
| Заменлива кеса за прашина | Да (хартиени кеси) |
| Заменливи филтри | Филтер за мотор и издувен филтер |
| Употреба | Внатрешна употреба, само суви површини |
| Безбедносни карактеристики | Заштита од термичко преоптоварување (типично) |
Frequently Asked Questions - VC1615G GORENJE
Прашања на корисниците за VC1615G GORENJE
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Прашка во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник VC1615G - GORENJE и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. VC1615G на марката GORENJE.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК VC1615G GORENJE
MK Упатства за употреба 12
EN Instruction manual 16
RO Manual de utilizare 19
BG Инструкции за употреба 36
- Затворач на капакот
- Копче за вклучување / исклучување
- Копче за избор на мою на смукање
- Копче за намотување на приклучниот кабел
- Цевка која се витка
- Склопена цевка
- Четка за под
- садот за прав »Spinner«
Важни предупредувања
При употреба на правосмукалката треба При употреба на правосмукалката треба секогаш да ги почитувате следните основни совети за безбедност:
- Не ја оставајте правосмукалката без надзор во тек на употреба.
- Внимание: пред да започнете да го употребувате апаратот, составете ги точно сите негови делови.
- Не ја оставајте правосмукалката додека е включена во електрична мрежа. Извлечете го кабелот од мрежата по употреба или при неговото одржување.
- Не им дозволувајте на децата да ја користат како играчка. Не го оставајте апаратот кога се децата во близина и чувајте го вон нивен дофат.
- Користете го апаратот само во затворени и суви простории. Апаратот не смее никогаш да се користи за смукање течности.
- Користете го апаратот само со делови што ги препорачува производителот.
- Не употребувајте апарат кој паднал на земја, кој е оштетен, кој бил чуван на отворено или кој паднал во вода.
- Не го движете апаратот низ собата со негово влечење за кабел или цевка за смукање. Заштитете го приклучниот кабел од жешки површини и други оштетувања и не го превиткувајте кабелот.
- Никогаш не го исклучувајте апаратот со извлекување на кабелот од штекер.
- Не го допирајте апаратот, приклучниот кабел или штекерот со мокри раце.
- Не ставајте никакви предмети во отворите.
- Во отворите не смее да има прав, коса или нешто друго што може да го спречи протокот на воздух или да ја намали моюта на смукање.
- Внимавајте вашата коса, висечки делови од облека, прсти или други делови од телото да не дојдат во допир со отворите или подвижните делови од апаратот.
- Исключете го апаратот пред да го извлечете приклучниот кабел од штекерот.
- Особено внимавајте при чистење на скали.
- Никогаш не ја користете правосмукалката за чистење на запалени делови или струготини, отпушоци од цигари, кибрити, запаливи материи (н.пр. пена за подови), остри
шилести предмети (парчиња стакло и сл.)
- Не го користете апаратот со несоодветни додатоци.
- Не го приближувајте отворот на цевката за смукање и другите отвори до лицето и телото.
- Никогаш не го користете апаратот без вреќа за прав, филтер за излезен воздух или филтер за заштита на моторот.
- Чувајте го апаратот во суви затворени простории. Ставете го настрана по употребата.
- При употреба на автоматскиот намотувач на кабелот, придржувајте го кабелот со рака.
- Исключете го апаратот пред да ја приклучувате или менувате цевката за смукање или додатоците.
- Не го користете апаратот за смукање на прав од тонери или слични материјали.
- Правосмукалката никогаш да не ја употребувате за шмукање градежен материјал (како на пр. фин песок, вар, цементен прав итн.). Ишмукан градежен материјал може да предизвика оштетување на апаратот.
- За да спречите евентуални оштетувања, при работа на апаратот не ја приближувајте цевката за смукање или додатоците до вашата глава.
- При подолга употреба извлечете најмалку 2/3 од приклучниот кабел, бидејки со тоа се спречува загревање и оштетување.
- Апаратот одговара на важечките германски и европски стандарди за електрична струја, како и на прописите за пречки на радио сигнали.
• Ниво на бучава: Lc<85 dB (A)
ПОСЕБНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Никогаш да не ја употребувате правосмукалката без филтри! Правосмукалката употребувајте ја само за домашна употреба и во внатрешни простории!
Приклучување во струја
Проверете дали податоците за напонот, наведени на табелата, одговараат на податоците од вашата домашна електрична мрежа.
Приклучен кабел
Ако приклучниот кабел е оштетен, треба да се замени со соодветен кабел, што може да го најдете во најблискиот сервис на Горење. Ако кабелот е оштетен , тој секогаш мора да биде заменет од компанијата Горење, овластениот сервис на Горење или од други квалификувани лица, со цел да се избегне било каков ризик.
Податоци за усогласеност со европейските стандарди
Тестирањето на овој апарат потврди дека одговара на следните европски директиви
• 2006/95/EEC Низок напон
• 93/68/EEC Ознака CE
• 2004/108/EEC Директива за
електромагнетна усогласеност— EMC
Овој апарат е означен според европскиот пропис 2002/96/E3 за електро и електронски апарати (waste electrical and electronic equipment - WEEE).
Прописот ја дава рамката за враćање и искористување на старите апарати, важечко ширум Европа.
Апаратот и животната средина
Ако некогаш одлучите да го замените апаратот, т.е. дека повеќе не ви е потребен, помислете притоа и на заштитата на животната средина.
Составување на правосмукалката
Пред местење или вадење на продолжетоците, секогаш исключете го приклучниот кабел од електричната мрежа. Пред да го включите апаратот, проверете дали сите филтри се правилно наместени.
МЕСТЕЊЕ НА ПРЕВИТКАНА ЦЕВКА ЗА СМУКАЊЕ
- Свитканата цевка ставете ја во влезниот отвор за воздух и притиснете додека не се вклопи во правилна положба.
ВАДЕЊЕ НА ЦЕВКАТА
- Цевката за смукање извадете ја со притискање на копчето на крајот од
свитканата цевка за смукање и извлекување од лежиштето.
ОДМОТУВАЊЕ И НАМОТУВАЊЕ НА ПРИКЛУЧНИОТ КАБЕЛ
- Пред употреба на апаратот одвиткајте долна должна на прилучен кабел за непречена работа. Сега приключете го апаратот на изворот на напојување. Приклучниот кабел са намотува назад со притисок на копчето за автоматско намотување. Придржувајте го кабелот со рака, за да спречите заплеткување и оштетување.
МЕСТЕЊЕ НА ЦЕВКА И ПРОДОЛЖЕТОЦИТЕ
- Вметнете го флексибилното црево во склопената цевка.
-
Прицврстете ја четката за смукање на цевка:
-
Четката за под е наменета за чистење на рамни подни површини и обложени подови.
- Продолжетокот за мебел е наменет за чистење на агли и простори помеѓу мебелот. За чистење на завеси или смукање прав од мебел, свртете го продолжетокот во согласност со ознаката до положбата за четка.
Упатства за употреба
- Пред употреба на апаратот одвиткајте доволна должина на приклучниот кабел и включете го апаратот во струја.
- Притиснете го копчето за вклучување/исклучување и включете го апаратот. За исклучување притиснете го уште еднаш истото копче.
- Мокта на проток на воздух може да се избере со регулаторот на свитканата цевка:
- при чистење на завеси, прав од книги, мебел и сл. намалете го протокот
- при чистење на рамни подни облоги зголемете го протокот на воздух.
Приклучниот кабел се намотува со притискање на копчето за намотување. Придржувајте го кабелот со рака, за да спречите негово заплеткување како при удар со бич, а и евентуалните оштетувања со тоа.
Употреба
1. МЕНУВАЊЕ НА КЕСИЧКАТА ЗА ПРАВ
- Секогаш да ја употребувате правосмукалката со ставена кесичка за прав.
-
Капакот на садот за прав можеби нема да биде правилно затворен, доколку заборавите да ставите кесичка за прав или ја ставите погрешно.
-
По отстранување на свитливата цевка, отворите го предниот капак.
-
Завртите го држачот на кесичката во правилна позиција.
-
Отстраните ја кесичката за прав.

-
Хартиената кесичка замените ја со нова кога е полна.
-
Со притискање затворите го капакот додека не се заклучи.
2. МЕНУВАЊЕ НА ФИЛТЕРОТ
- Кесичката за прав повлечете ја нагоре.
- Повлечете го носачот на филтерот нагоре.
- Отстраните го филтерот.

Чистење и нега на апаратот
Исклучете го апаратот и извлечете го приклучниот кабел од штекерот.
Исчистете ја надворешноста на апаратот со мека крпа и благо средство за чистење.
Грубите и рапави средства за чистење єа оштетат надворешната површина.
Никогаш не го натопувајте апаратот или приклучниот кабел во вода или друга течност.

Кога индикаторот на наполнетост на садот їе дојде до половина од прозорецот, садот за прав треба да се испразни.
Никогаш не го употребувајте апаратот без ставени филтри.
Не ги мијте филтрите во машина за перење и не ги сушете со фен за коса.
Чување
Паркирниот систем е наменет за чување на цевката / четката за под при кратки прекини во работата. Во тој случај ставете го носачот на четката за под во отворот на паркирање во апаратот.
ЖИВОТНА СРЕДИНА
Не го фрлајте на апаратот во нормален домашен отпад,туку во официјална колекција наменета за рециклирање. Со ова, вие помагате да се зачува животната средина.
ГАРАНЦИЈА И СЕРВИС
Ако ви требаат информации, или ако имате проблем, Ве молиме контактирајте го Gorenje центарот за грижа на корисници во вашата земја (види телефонски број во меѓународната гаранција). Ако вашата земја нема таков центар, контактирајте го вашиот локален дилер или Gorenje, Gorenje делот за мали апарати за домаќинство.
Не е за комерцијална употреба!
Само за лична употреба!