GORENJE VCEA23GPLBL - Прашка

VCEA23GPLBL - Прашка GORENJE - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот VCEA23GPLBL GORENJE во PDF формат.

📄 76 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање 10 прашања ⚙️ Спецификации
Notice GORENJE VCEA23GPLBL - page 15
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.
Тип на производ Усисувач со канистер
Модел VCEA23GPLBL
Бренд Gorenje
Потрошувачка на енергија 800 W
Капацитет на кеса за прашина 2.3 L
Тип на филтер HEPA 12 филтер за издув што може да се пере
Должина на кабел 6 m
Работен радиус 8 m
Ниво на бучава 78 dB(A)
Тежина 5.2 kg
Димензии (Д x Ш x В) 40 x 25 x 28 cm
Тип на усисувач Со кеса
Контрола на вшмукување Електронски лизгач на рачката
Додаток за под Комбиниран додаток за под за теписи и тврди подови
Вклучени додатоци Алат за тесни места, четка за прав, додаток за тапацир
Тип на кеса за прашина Gorenje microfresh кеса за прашина (тип A)
Одржување на филтер Филтер за издув што може да се пере; заменете го на секои 6 месеци
Поправливост Кесата за прашина и филтрите може да се заменат од корисникот; достапни се резервни делови
Безбедносни карактеристики Заштита од прегревање, автоматско намотување на кабел
Боја Црна/Сина
Енергетска класа A (EU оценка)

Frequently Asked Questions - VCEA23GPLBL GORENJE

Како да ја сменам кесата за прашина во мојот Gorenje VCEA23GPLBL?
Отворете го предниот капак со притискање на копчето за ослободување. Извадете ја полната кеса со повлекување директно надвор. Вметнете нова Gorenje microfresh кеса (тип A) додека не кликне. Затворете го капакот сигурно.
Колку често треба да ги чистам филтрите?
Филтерот за издув може да се пере и треба да се чисти на секои 3-6 месеци. Филтерот за заштита на моторот треба да се замени ако е оштетен. Погледнете го упатството за конкретни интервали.
Која е должината на кабелот и работниот радиус?
Кабелот за напојување е долг 6 метри. Во комбинација со цревото, работниот радиус е приближно 8 метри.
Може ли да го користам усисувачот без кеса за прашина?
Не, VCEA23GPLBL е усисувач со кеса и секогаш мора да се користи со кеса за прашина за да се заштити моторот и да се одржи вшмукувањето.
Како да го заменам филтерот за издув?
Отворете ја решетката на филтерот на задниот дел на усисувачот. Извадете го стариот филтер и вметнете нов HEPA 12 филтер. Осигурајте се дека цврсто се вклопува пред да ја затворите решетката.
Кои додатоци доаѓаат со усисувачот?
Вклучува комбиниран додаток за под, алат за тесни места, четка за прав и додаток за тапацир. Проверете го упатството за целосна листа.
Дали усисувачот е погоден за влакна од домашни миленици?
Да, комбинираниот додаток работи добро на влакна од теписи и тапацир. Се препорачува редовно чистење на филтерот кога се усисуваат влакна од миленици.
Како да го намотам кабелот за напојување?
Држете го приклучокот и притиснете го копчето за намотување на кабелот на врвот на усисувачот. Водете го кабелот за да избегнете заплеткување.
Што прави електронската контрола на вшмукување?
Лизгачот на рачката ви овозможува континуирано прилагодување на моќта на вшмукување за различни површини како завеси, тапацир или голи подови.
Каде можам да купам резервни делови или кеси?
Gorenje кеси за прашина и филтри се достапни онлајн или кај овластени дилери. Користете модел VCEA23GPLBL или тип на кеса 'Gorenje microfresh тип A'.

Прашања на корисниците за VCEA23GPLBL GORENJE

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот Прашка во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник VCEA23GPLBL - GORENJE и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. VCEA23GPLBL на марката GORENJE.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК VCEA23GPLBL GORENJE

МК Упатства за употреба 15

EN Instruction manual 19

RO Manual de utilizare 23

BG Инструкции за употреба 44

  1. Затворач на капакот
  2. Копче за вклучување / исклучување
  3. Копче за избор на мою на смукање
  4. Копче за намотување на приклучниот кабел
  5. Цевка која се витка
  6. Телескопска цевка
  7. Четка за под

Важни предупредувања

При употреба на правосмукалката треба секогаш да ги почитувате следните основни совети за безбедност:

  • Не ја оставајте правосмукалката додека е включена во електрична мрежа. Извлечете го кабелот од мрежата по употреба или при неговото одржување.
  • Не им дозволувајте на децата да ја користат како играчка. Не го оставајте апаратот кога се децата во близина и чувајте го вон нивен дофат.
  • Користете го апаратот само во затворени и суви простории. Апаратот не смее никогаш да се користи за смукање течности.
  • Користете го апаратот само со делови што ги препорачува производителот.
  • Не употребувајте апарат кој паднал на земја, кој е оштетен, кој бил чуван на отворено или кој паднал во вода.
  • Не го движете апаратот низ собата со негово влечење за кабел или цевка за смукање. Заштитете го приклучниот кабел од жешки површини и други оштетувања и не го превиткувајте кабелот.
  • Никогаш не го исклучувајте апаратот со извлекување на кабелот од штекер.
  • Не го допирајте апаратот, приклучниот кабел или штекерот со мокри раце.
  • Не ставајте никакви предмети во отворите.
  • Во отворите не смее да има прав, коса или нешто друго што може да го спречи протокот на воздух или да ја намали мокта на смукање.
  • Внимавајте вашата коса, висечки делови од облека, прсти или други делови од телото да не дојдат во допир со отворите или подвижните делови од апаратот.
  • Исклучете го апаратот пред да го извлечете приклучниот кабел од штекерот.
  • Особено внимавајте при чистење на скали.

  • Никогаш не ја користете правосмукалката за чистење на запалени делови или струготини, отпушоци од цигари, кибрити, запаливи материи (н.пр. пена за подови), остри шилести предмети (парчиња стакло и сл.)

  • Не го користете апаратот со несоодветни додатоци.
  • Не го приближувајте отворот на цевката за смукање и другите отвори до лицето и телото.
  • Никогаш не го користете апаратот без врека за прав, филтер за излезен воздух или филтер за заштита на моторот.
    • Чувајте го апаратот во суви затворени простории. Ставете го настрана по употребата.
  • При употреба на автоматскиот намотувач на кабелот, придржувајте го кабелот со рака.
  • Исклучете го апаратот пред да ја приклучувате или менувате цевката за смукање или додатоците.
  • Не го користете апаратот за смукање на прав од тонери или слични материјали.
  • Правосмукалката никогаш да не ја употребувате за шмукање градежен материјал (како на пр. фин песок, вар, цементен прав итн.). Ишмукан градежен материјал може да предизвика оштетување на апаратот.
  • За да спречите евентуални оштетувања, при работа на апаратот не ја приближувајте цевката за смукање или додатоците до вашата глава.
  • При подолга употреба извлечете најмалку 2/3 од приклучниот кабел, бидејки со тоа се спречува загревање и оштетување.
  • Апаратот одговара на важечките германски и европски стандарди за електрична струја, како и на прописите за пречки на радио сигнали.
  • Овој апарат можат да го користат деца кои веке наполниле 8 години, лица со намалени

физички, сетилни или ментални способности како и лица кои немаат довольно искусство и знаење ако се под надзор или биле обучени како да го користат апаратот на безбеден начин и ги разбрале опасностите кои можат да се појават. Децата мора постојано да се под надзор за да се осигурате дека тие не си играат со апаратот. Чистењето и корисничкото одржувањето не треба да го изведуваат деца кои не наполниле 8 години и кои не се под надзор.

• Ниво на бучава: Lc< 64 dB (A)
- За да се продолжи работниот век на вашата правосмукалка, таа е опремена со термална заштита. Во случај на продолжена или неправилна употреба, полна торбичка за прашина, полн сад за прашина или затнат филтер, правосмукалката ће се исклучи автоматски поради прегревање. По 30-90 минути, откако ће се излади до нормална температура, правосмукалката ће се вклучи повторно. Ако се оддалечите од правосмукалката додека се лади, исклучете ја од штекерот.

ПОСЕБНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:

Никогаш да не ја употребувате правосмукалката без филтри! Правосмукалката употребувајте ја само за домашна употреба и во внатрешни простории!

Приклучување во струја

Проверете дали податоците за напонот, наведени на табелата, одговараат на податоците од вашата домашна електрична мрежа.

Приключен кабел

Ако приклучниот кабел е оштетен, треба да се замени со соодветен кабел, што може да го најдете во најблискиот сервис на Горење. Ако кабелот е оштетен , тој секогаш мора да биде заменет од компанијата Горење, овластениот сервис на Горење или од други

квалификувани лица, со цел да се избегне било каков ризик.

Податоци за усогласеност со европейските стандарди

Тестирањето на овој апарат потврди дека одговара на следните европски директиви

• 2014/35/EU
• 2014/30/EU
• 2009/125/ES
• 2011/65/EU
• 666/2013/EU

Овој апарат е означен според европскиот пропис 2012/19/EU за електро и електронски апарати (waste electrical and electronic equipment - WEEE).

Прописот ја дава рамката за враćање и искористување на старите апарати, важечко ширум Европа.

Апаратот и животната средина

Ако некогаш одлучите да го замените апаратот, т.е. дека повеće не ви е потребен, помислете притоа и на заштитата на животната средина.

Составување на правосмукалката

Пред местење или вадење на продолжетоците, секогаш исключете го приклучниот кабел од електричната мрежа.

Пред да го включите апаратот, проверете дали сите филтри се правилно наместени.

МЕСТЕЊЕ НА ПРЕВИТКАНА ЦЕВКА ЗА СМУКАЊЕ

  • Свитканата цевка ставете ја во влезниот отвор за воздух и притиснете додека не се вклопи во правилна положба.

ВАДЕЊЕ НА ЦЕВКАТА

- Цевката за смукање извадете ја со притискање на копчето на крајот од свитканата цевка за смукање и извлекување од лежиштето.

ОДМОТУВАЊЕ И НАМОТУВАЊЕ НА ПРИКЛУЧНИОТ КАБЕЛ

• Пред употреба на апаратот одвиткајте доволна должна на приклучен кабел за

непречена работа. Сега приключете го апаратот на изворот на напојување.

Приклучниот кабел са намотува назад со притисок на копчето за автоматско намотување. Придржувајте го кабелот со рака, за да спречите заплеткување и оштетување.

МЕСТЕЊЕ НА ЦЕВКА И ПРОДОЛЖЕТОЦИТЕ

  • Со притисок на копче развлечете ја цевка на сакана должна.
  • Ставете ја свитканата цевка во телескопската.
  • Прицврстете ја четката за смукање на цевка:

  • Четката за под е наменета за чистење на рамни подни површини и обложени подови.

  • Троделниот сет на приклучоци е наменет за чистење аголни и тешко достапни предели.
  • Четката за тепих е наменета за мазен и рамен под.

Упатства за употреба

• Пред употреба на апаратот одвиткајте доволна должина на приклучниот кабел и включете го апаратот во струја.
- Притиснете го копчето за вклучување/исклучување и включете го апаратот. За исклучување притиснете го уште еднаш истото копче.
- Моїта на проток на воздух може да се избере со регулаторот на свитканата цевка:
- при чистење на завеси, прав од книги, мебел и сл. намалете го протокот
- при чистење на рамни подни облоги зголемете го протокот на воздух.

Приклучниот кабел се намотува со притискање на копчето за намотување.

Придржувајте го кабелот со рака, за да спречите негово заплеткување како при удар со бич, а и евентуалните оштетувања со тоа.

Употреба

1. МЕНУВАЊЕ НА КЕСИЧКАТА ЗА ПРАВ

• Секогаш да ја употребувате правосмукалката со ставена кесичка за прав.
- Капакот на садот за прав можеби нема да биде правилно затворен, доколку заборавите да ставите кесичка за прав или ја ставите погрешно.
1. По отстранување на свитливата цевка, отворите го предниот капак.
2. Завртите го држачот на кесичката во правилна позиција.
3. Отстраните ја кесичката за прав.

GORENJE VCEA23GPLBL - МЕНУВАЊЕ НА КЕСИЧКАТА ЗА ПРАВ - 1

  1. Хартиената кесичка замените ја со нова кога е полна.
  2. Со притискање затворите го капакот додека не се заклучи.

2. МЕНУВАЊЕ НА ФИЛТЕРОТ

  1. Кесичката за прав повлечете ја нагоре.
  2. Повлечете го носачот на филтерот нагоре.
  3. Отстраните го филтерот.

GORENJE VCEA23GPLBL - МЕНУВАЊЕ НА ФИЛТЕРОТ - 1

Чистење и нега на апаратот

Исклучете го апаратот и извлечете го приклучниот кабел од штекерот.

Исчистете ја надворешноста на апаратот со мека крпа и благо средство за чистење.

Грубите и рапави средства за чистење је ја оштетат надворешната површина.

Никогаш не го натопувајте апаратот или приклучниот кабел во вода или друга течност.

ВНИМАНИЕ:

Кога индикаторот на наполнетост на садот їе дојде до половина од прозорецот, садот за прав треба да се испразни.

Никогаш не го употребувајте апаратот без ставени филтри.

Не ги мијте филтрите во машина за перење и не ги сушете со фен за коса.

Чување

Паркирниот систем е наменет за чување на цевката / четката за под при кратки прекини во работата. Во тој случај ставете го носачот на четката за под во отворот на паркирање во апаратот.

ЖИВОТНА СРЕДИНА

Не го фрлајте на апаратот во нормален домашен отпад,туку во официјална колекција наменета за рециклирање. Со ова, вие помагате да се зачува животната средина.

ГАРАНЦИЈА И СЕРВИС

Ако ви требаат информации, или ако имате проблем, Ве молиме контактирајте го Gorenje центарот за грижа на корисници во вашата земја (види телефонски број во меѓународната гаранција). Ако вашата земја нема таков центар, контактирајте го вашиот локален дилер или Gorenje, Gorenje делот за мали апарати за домакинство.

Не е за комерцијална употреба!

Само за лична употреба!

gorenje

Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : GORENJE

Модел : VCEA23GPLBL

Категорија : Прашка