DVRG9535B - извлекувач GORENJE - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот DVRG9535B GORENJE во PDF формат.

GORENJE DVRG9535B - извлекувач
📄 32 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање
Notice GORENJE DVRG9535B - page 28
Погледни прирачник : Македонски MK Українська UK
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.

Прашања на корисниците за DVRG9535B GORENJE

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Вашата е-пошта останува приватна: се користи само за да ве известиме ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот извлекувач во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник DVRG9535B - GORENJE и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. DVRG9535B на марката GORENJE.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК DVRG9535B GORENJE

Прочитајте ги внимателно следните важни информации за местењето, безбедноста и одржувањето. Чувајте ја брошурата на достапно место за подоцнежна референца. Апаратот е конструиран за употреба како верзија за во вентилација (издувување воздух нанадвор – слика 1В), верзија со филтер (кружење на воздухот внатре - слика 1А) или со надворешен мотор (слика 1С).

БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИ

  1. Внимавајте кога аспираторот работи заедно со отворено огниште или плински шпорет коишто зависат од околниот воздух и не се на електричен погон, бидејќи аспираторот го влече воздухот што им е потребен за горење. Негативниот притисок во околината не смее да надминува 4Pa (4x10-5 bar). Овозможете соодветно проветрување во околината за безбедна работа на аспираторот. Почитувајте ги локалните закони што важат за издувување воздух надвор.

Пред да го поврзете апаратот со електричната мрежа:

- Проверете ја плочката со податоци (сместена внатре во апаратот) за да видите дали напонот и моќноста се соодветни за електричната мрежа и прилучоците. Ако се сомневате, посоветувајте се со квалификуван електричар.

Ако напојниот кабел е оштетен, мора да се замени со друг кабел или посебен комплет за напојување којшто може да се набави директно од производителот или од Центарот за техничка помош.

- Поврзете го апаратот со електричната мрежа преку приклучок обезбеден со осигурувач од 3 А или со 2 фазни жици заштитени со осигурувач од 3 А.

2. Предупредување!

Во одредени околности електричните апарати може да бидат опасни.

A) Не проверувајте ја состојбата на филтрите додека работи аспираторот.

Б) Не допирајте ги сијалиците или подрачјето околу нив за време или после подолга употреба на инсталацијата за осветлување.

В) Забрането е фламбирање под аспираторот.

Г) Избегнувајте отворен пламен бидејќи е опасен за филтрите и може да предизвика пожар.

Д) Постојано проверувајте ја храната што се пржи затоа

што прегреаното масло може да предизвика пожар.

Г) Исклучете го апаратот од електричната мрежа пред какво било одржување.

E) Апаратот не е наменет да го употребуваат мали деца или немоќни лица без надзор.

Ж) Треба да се внимава мали деца да не си играат со апаратот.

3) Мора да има соодветно проветрување во просториите каде што аспираторот се користи заедно со апарати што горат гас или други горива.

S) Постои опасност од избивање пожар ако апаратот не се чисти согласно со упатствата.

Апаратот е произведен според барањата на европската Директива ЕС/2002/96 за отпадна електрична и електронска опрема (WEEE). Фрлајќи го апаратот на соодветен начин, корисникот помага да се спречи потенцијалната штета за животната средина и здравјето.

GORENJE DVRG9535B - Предупредување! - 1

Симболот на производот или на придружната документација укажува дека апаратот не смее да се фрла како обичен отпад, туку да се однесе на соодветно место за рециклирање електрични и електронски апарати. Почитувајте ги локалните упатства за фрлање отпад. За повеќе информации за обработката, повторната употреба и рециклирањето на овој производ, обратете се кај локалните власти, комуналната служба или продавницата каде што сте го купиле апаратот.

УПАТСТВО ЗА МЕСТЕЊЕ

Составувањето и поврзувањето на електриката треба да го вршат квалификувани лица.

• Поврзување на електриката

Предупредување:

Ова е производ од класа I и затоа мора да се поврзе со добро заземјена електрична мрежа.

Апаратот треба да се поврзе со електричната мрежа на следниов начин:

КАФЕНА = Фаза

СИНА = Нула

ЖОЛТО / ЗЕЛЕНО = ⏚ земја

Неутралната жица треба да се поврзе со терминалот означен со симболот N, додека жолто/зелената жица треба да се поврзе со терминалот означен со симболот за заземјување.

Предупредување:

Кога го поврзувате апаратот со електричната мрежа, проверете дали штекерот е заземјен. Откако ќе го прицврстите аспираторот за вентилација, проверете дали електричниот приклучок е лесно достапен. Доколку апаратот е приклучен директно во електричната мрежа, помеѓу апаратот и електричната мрежа треба да се постави повеќеполен прекинувач со минимално растојание од 3 mm помеѓу контактите, со соодветна големина за електричното оптоварување и според локалните стандарди.

- Растојанието помеѓу капаците на садовите за готвење поставени на шпоретот и најнискиот дел на аспираторот мора да биде најмалку 45 cm.

Ако се користи цевка од два дела, горниот дел мора да се постави од надворешната страна на долниот. Не

поврзувајте го излезниот отвор на аспираторот со иста вентилација што се користи и за циркулација на топол воздух или за излез на чад од други грејни тела што не се на електричен погон.

Пред да почнете со составувањето, извадете ги филтрите за маснотии (слика 6) за да ви биде полесно да ракувате со апаратот.

Ако составувате апарат што е во верзија за вентилација, подгответе го прво излезниот отвор за воздух.

- Препорачуваме употреба на цевка за одвод на воздух со ист пречник како и отворот за одвод на воздух. Ако се монтира цевка со помал пречник, ефикасноста на производот може да се намали, а работата да стане побучна.

• Местење

Напомена: Апаратот може да има горен или заден излезен отвор за воздух. Тоа е фабричка конфигурација, затоа не може да се менува за време на местењето.

- Местење на моделите без украсни отвори Аспиратор на извлекување

  • Извадете ја решетката E на излезниот отвор за воздух и капакот M како што е прикажано на (слика 2).
  • Поврзете ја капата со еластичното црево (се купува одделно) и цревото со претходно подготвената дупка за излез на воздухот (слика 3A/3B).
  • Вратете го капакот на место и прицврстете го.

- Опционални додатоци

Моделот може да има украсни отвори како опционални додатоци - прашајте го продавачот за информации.

- Местење на моделите со украсни отвори

  • Откачете го горниот капак
  • Поставете го напојувањето со електрична енергија во склад со димензиите на украсниот кунк.
  • Одвијте ги и извадете ги четирите спојки на капата.

Слика 4

  • Монтирајте го држачот на сид така што ќе биде порамнет со капата со завртките A (слика 5) и внимавајќи на растојанието од цевките на вентилацијата прикажано на (слика 5 B).
  • Поврзете ја фланшата С со отворот за излез на воздухот со еластично црево L (слика 6).
  • Поставете ги оцаците на капата како што е опишано на слика 6 и прицврстете ги деловите со приложените (4) завртки
  • Извлечете го горниот отвор до држачот и прицврстете го со завртките F (слика 5).

• Верзија со филтер

Напомена:

Филтрите треба да се нарачаат како опрема од продавачот.

Постојат 2 различни комплети што може да се користат за да се претвори аспираторот од извлекување во филтерски, во зависност од моделот на купениот апарат. Едниот комплет содржи филтри за извлекување (слика 7), а другиот содржи кружни филтри (слика 8).

• ПРИЦВРСТУВАЊЕ НА ЅИД

- Означете ја положбата на долната страна на аспираторот на ѕидот (слика 9А). Внимавајте на минималното потребно растојание од плочата за готвење, како што е

  • Ставете го шаблонот за монтирање на ѕидот, внимавајќи да е порамнет со линијата што претходно ја означивте на ѕидот.
  • Означете ги дупките за монтирање и издупчете ги (слика 10).
  • Монтирајте ги 2-те горни завртки К и типлите (слика 10), но не затегнувајте ги докрај.
  • Обесете го апаратот на ѕидот на двете завртки К (слика 11).
  • Отворете го капакот. (слика 12)
  • Завијте ги двете завртки К докрај и монтирајте го аспираторот во конечната положба со завртките С (слика 13).
  • Затворете го капакот додека не кликне на место и вратете го горниот капак на место.
  • За разни видови инсталации користете шрафови и типли што одговараат на видот на ѕидот (на пр. за зајакнат бетон, гипс-картон или сл.).
  • Ако шрафовите и типлите се приложени со производот, проверете дали одговараат на видот на ѕидот на којшто треба да се прицврсти аспираторот.

КОРИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ

- Се препорачува апаратот да се вклучува пред готвење. Се препорачува да се остави апаратот да работи 15 минути по готвењето за да може целосно да се отстранат пареата и миризбата од него.

Правилното функционирање на аспираторот зависи од редовноста на одржувањето, особено на филтерот со активен јаглен.

- Филтрите против маснотии ги задржуваат честичките маснотија што се наоѓаат во воздухот и затоа се подложни на затнување, зависно колку често се користи апаратот.

За да се спречи опасноста од избивање пожар, се препорачува филтерот да се чисти најмногу на 2 месеци на следниов начин:

- Извадете ги филтрите од аспираторот и измијте ги во раствор на неутрален течен детергент во вода, оставајќи ги да киснат.

- Исплакнете ги добро со млака вода и оставете ги да се исушат.

- Филтрите може да се мијат и во машина за миење садови.

Алуминиумските плочи може да ја сменат бојата по неколку миења. Тоа не е причина за рекламација или замена на плочите.

• Филтрите со активен јаглен го прочистуваат воздухот што се враќа во околината. Филтрите не се мијат и се за само една употреба, мора да се заменуваат најмногу на четири месеци. Заситеноста на филтерот со активен јаглен зависи од тоа колку често се користи апаратот, што се готви и од редовното чистење на филтрите за маснотии.

- Редовно чистете ги вентилаторот и другите површини на аспираторот со крпа навлажнета со денатуриран алкохол или неабразивен течен детергент.

- Светлото е наменето за користење за време на готвењето, но не и за подолго општо осветлување. Подолгото користење на светлото значително го намалува векот на траење на сијалицата.

- Менување на халогенките (слика 14).

За да ги замените ламбите, внимателно извадете ја ламбата од држачот со мала плоска одвртка или слична алатка. НАПОМЕНА! Притоа внимавајте да не

го изгребете аспираторот.

Заменете ги халогенките со нови од ист вид.

Напомена: Со оваа контрола можно е да се ракува со апаратот и со далечински управувач, што може да го побарате како опрема.

Копче за вклучување (А) = копчето вкл./искл. го вклучува и исклучува целиот аспиратор (моторот и светлата).

Со притискање на копчето моторот почнува да работи со 1-ва брзина.

Копче за брзина на вентилаторот (В) = Од положбата OFF, притиснете го еднаш за 1-ва брзина, двапати за 2-ра брзина и трипати за 3-та брзина. За да ја вклучите интензивната брзина, држете го копчето притиснато 5 секунди без оглед на состојбата на аспираторот. За секоја брзина ќе се запали само светлото што укажува на поставената брзина. На интензивната брзина укажува трепкање на светлото за 3-тата брзина. Траењето на интензивната брзина е 10 минути; потоа аспираторот се враќа на последната поставена брзина.

За да ја прекинете интензивната брзина, притиснете го копчето за вклучување и аспираторот ќе се исклучи, или притиснете го копчето за брзина на вентилаторот и брзината ќе се врати на претходно поставената. Брзината на аспираторот се менува во круг.

Копче за светло (С) = Има три нивоа на светло: Силно, средно и слабо.

Од исклучената положба, притиснете еднаш за силно светло, двапати за средно, трипати за слабо и четирипати за исклучување на светлото.

Јачината на светлото се менува во круг. Силно, средно, слабо, исклучено.

Копче за тајмерот (D) = При секоја брзина (освен интензивната), со притискање на ова копче се активира тајмерот за 15 минути. Откако ќе помине тоа време, аспираторот ќе се исклучи (моторот и запалените светла).

Показател за светлото (E) = Показателот за светлото се пали кога е вклучено светлото со која било јачина.

Показател за филтрите (F) = По 30 часови работа, светлото на показателот за филтрите ќе се запали, при што нетрепкањето укажува дека филтрите за маснотии треба да се измијат. За да ја ресетирате функцијата (со исклучен аспиратор), држете го притиснато копчето за брзина на вентилаторот 5 секунди. Потоа светлото на показателот за филтрите се гаси и поставката за 30 часови работа почнува од почеток.

По 120 часа работа светлото ќе трепка постојано. Тоа значи дека јаглеродните филтри мора да се заменат (ако ги има). За да ја ресетирате функцијата (со исклучен аспиратор), држете го притиснато копчето за брзина на вентилаторот 5 секунди. Потоа светлото на показателот за филтрите се гаси и поставката почнува од почеток.

При исклучен аспиратор, држете го притиснато копчето за вклучување (1) 5 секунди за да ја вклучите функцијата за чист воздух. Со тоа моторот се вклучува по 10 минути на секој час при прва брзина. Показателот за светло ќе се вклучи без трепкање, а ќе се запали и светлото за 1-ва брзина. Преостанатите 50 минути показателот за светло

ќе трепка. Функцијата може да се исклучи со притискање на кое било копче, освен она за светлото.

ПРОИЗВОДИТЕЛОТ НЕ ПРИФАЌА НИКАКВА ОДГОВОРНОСТ ЗА ЕВЕНТУАЛНИТЕ ОШТЕТУВАЊА ПРЕДИЗВИКАНИ СО НЕПОЧИТУВАЊЕ НА ГОРЕНАВЕДЕНИТЕ ПРЕДУПРЕДУВАЊА.

GORENJE DVRG9535B - го изгребете аспираторот. - 1

Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : GORENJE

Модел : DVRG9535B

Категорија : извлекувач