LC2145IX - машина за садови VOX - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот LC2145IX VOX во PDF формат.
| Тип на производ | Машина за миење садови |
| Бренд | VOX |
| Модел | LC2145IX |
| Капацитет | 10 комплети за поставање |
| Димензии (В x Ш x Д) | 850 x 450 x 598 mm (820 x 450 x 598 mm без работна површина) |
| Нето тежина | 40 кг |
| Напојување | 220-240 V, 50 Hz, 10 A |
| Вкупна моќност | 1900 W |
| Моќност на греење | 1800 W |
| Притисок на вода | 0.03 - 1 MPa (0.3 - 10 bar) |
| Класа на енергетска ефикасност | A++ |
| Годишна потрошувачка на енергија | 211 kWh/годишно (врз основа на 280 стандардни циклуси) |
| Годишна потрошувачка на вода | 3080 L/годишно |
| Програми | Предмиење, Брзо миење (30 мин), Eco (198 мин), Супер миење 50 мин, Интензивно (114 мин), Хигиена (124 мин) |
| Ниво на бучава | 57 dB(A) |
| Дозер за сол | Да, капацитет приближно 1 кг |
| Дозер за средство за плакнење | Да, прилагодливо ниво 1-6 |
| Дозер за детергент | Да, капацитет 40 cm³ со преграда за предмиење |
| Систем за филтрирање | Микро, груби и метал/пластични филтри |
| Рака за прскање | Горна и долна, отстранливи за чистење |
| Одложен старт | 3, 6 или 9 часа |
| Функција половина товар | Да |
| Безбедносни карактеристики | Детска заштита (препорачано надгледување), безбедносен прекинувач на врата, систем против поплави |
Frequently Asked Questions - LC2145IX VOX
Прашања на корисниците за LC2145IX VOX
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот машина за садови во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник LC2145IX - VOX и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. LC2145IX на марката VOX.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК LC2145IX VOX
Машина за миење на садови
Упатство за употреба
LC 2145 - 2145 IX

Препораки и безбедносни мерки.... 5
- Одлагање на отпад 5
- Безбедносни информации 5
- Препораки 9
- Несоодветни предмети за миење во машината 9
Инсталирање на машината за миење садови....10
• Бирање место за машината....10
- Приклучување вода 11
• Црево за довод на вода ..... 12
• Црево за одвод на вода 13
- Приклучување на машината на напојување 16
- Пред да почнете со употреба.... 18
Подготовка на машината за употреба.... 18
• Квалитет (тврдост) на водата 18
- Полнење на машината со сол за омекнување 18
• Тестна трака за утврдување тврдина на водата. 19
• Регулирање на потрошувачката за сол 19
- Користење на детергент.... 21
- Полнење на одделот за детергент. 21
- Користење различни детергенти 21
• Полнење на машината со средство за плакнење 22
Полнење на машината со садови 23
• Горна корпа 23
- Полнење на корпата 24
Опис на програмите за миење 24
- Програмски ставки 26
Запознавање со апаратот 27
Вклучување на машината и бирање програми за миење.... 28
• Вклучување на машината....28
- Следење на програмите....28
- Менување на програмите за миење 28
- Менување на програмите со откажување на моменталната прог. за миење.. 29
- Исклучување на машината....29
Чистење и одржување.... 30
• Филтери 30
- Распрскувачи на вода (млазници) 31
• Филтер на цревото за довод на вода 31
Кодни дефекти со решенија 32
Практични и корисни информации....34
Енергетска ефикасност 35

- Горна плоча
- Горна корпа со сталки
- Горен расрскувач за вода (млазници)
- Долна корпа
- Долен расрскувач за вода (млазници)
-
Филтери
-
Натписна плоча
- Контролна плоча
- Сад за детергент и средство за плакнење
- Корпа за прибор за јадење
- Распрскувач за сол
- Водилки за поместување на горната корпа
Производителот го задржува правото на измена на дизајнот и техничката спецификација. Сервисниот животен век на машината е 10 години (времетраење потребно за обезбедување на резервни делови за машината, потребни за нејзино исправно функционирање).
Сообразност со стандардите и податоците од тестирањата / ЕЦ Декларација за сообразност
Сите степени на машината се изведени во согласност со безбедносните правила предвидени со релевантните директиви на Европската унија. 2004/108/EC, 2006/95/EC, IEC 436/DIN 44990, EN 50242
Важна забелешка за корисникот:За електронска верзија од овој прирачник, обратете се на следнава адреса:
"dishwasher@standardtest.info".Во Вашата е-пошта наведете го називот и серискиот број на моделот (20 цифри), кои ње ги најдете на вратата од апаратот.
- Одредени компоненти, како и пакувањето на машината, се произведени од материјали кои можат да се рецикли раат.
- Пластичните делови се означени со меѓународни кратенки: (>PE<, >PS<, >POM<, >PP<,)
- Картонските делови се произведени од рециклирана хартија и треба да се фрлат во контејнер за собирање хартија за рециклирање.
- Ваквите материјали не се наменети за фрлање во канти за отпадоци. Истите треба да се достават до центрите за рециклирање.
- Контактирајте со релевантните центри за добивање на информации за начинот и местото на исфрлање.
Безбедносни информации
Кога ње ја примите машината
- Проверете дали има оштетувања на машината или на нејзиното пакување. Никогаш не вклучувајте машина оштетена на каков било начин, туку стапете во контакт со овластениот сервис.
- Отстранете ги материјалите од пакувањето како што е наведено и исфрлете ги во согласност со важечките правила.
На што да обрнете внимание при монтирање на машината
- Одберете соодветно, безбедно и рамно место за монтирање на машината.
- Монтирајте ја и поврзете ја машината, следејки ги инструкциите.
- Машината треба да ја монтираат и сервисираат исклучиво овластени сервисери.
- За машината треба да се користат само оригинални резервни делови. • Пред монтирање, проверете дали машината е исклучена од напојувањето.
- Проверете дали домашната електрична инсталација е поврзана
според важечката регулатива. - Сите електрични поврзувања мора да одговараат на вредностите наведени на плочката со спецификации.
- Обрнете посебно внимание машината да не е поставена врз електричниот кабел.
- Никогаш не употребувајте продолжни кабли или штекери со повеće приклучни места. По монтирањето на машината, приключокот треба да биде лесно достапен.
- По монтирањето на машината на соодветното место, включете ја празна првиот пат.
При секојдневна употреба
- Машината е наменета за домашна употреба. Не употребувајте ја за други цели. Со комерцијална употреба на машината се поништува нејзината гаранција.
- Не качувајте се, неседнувајте и не ставајте тежина на отворената врата од
машината за садови. Така може да се преврти.
- Во отворите за детергент и агенс за плакнење од машината не ставајте ништо друго освен детергенти и агенси за плакнење кои се наменети за машинско миење на садови. Инаку, нашата компанија не сноси одговорност
за штета што настанала во машината.
- Водата во делот за миење од машината не е за пиење. Не пијте ја.
- Поради опасност од експолозија, во делот за миење од машината не ставајте агенси за хемиско разложување или растворувачи.
- Проверете дали пластичните предмети се отворни на топлина пред да ги ставите во машината.
- Со апаратот може да работат деца над 8-годишна возраст, како и лица со намалени физички, сетилни и ментални способности или со недоволно искусство и познавања доколку бидат под надзор или добиле инструкции во врска со безбедната употреба на апаратот, и ја разбираат потенцијалната опасност. Деца не треба да си играат со апаратот.Чистењето и одржувањето на машината не треба да го вршат деца без надзор.
- Во машината не ставајте предмети што не се погодни за машинско миење. Исто така, не преполнувајте ги корпите.Инаку, нашата компанија не сноси одговорност за гребаници и 'рға што їе настанат во внатрешноста на машината поради движења на корпите.
- Особено поради тоа што може да истече жешка вода, вратата на машината не треба во никој случај да се отвора додека таа работи. За секој случај, безбедносниот систем ја запира машината ако се отвори вратата.
- Не оставајте ја вратата од машината отворена. Ова може да предизвика незгоди.
- Ставајте ги ножевите и другите остри предмети во кошницата за прибор за јадење со сечилото надолу.
- Доколку кабелот се оштети, треба да се замени кај производителот, неговиот овластен сервис или слични
квалификувани лица за да се избегне опасност.
- Апаратот не е наменет за употреба од страна на лица (вклучувајки - деца) со намалени физички, сетилни и ментални способности или со недостиг на искусство и познавања, освен ако не се под надзор или не добиле инструкции за употреба на машината од лицето што е одговорно за нивната безбедност.
- Доколку опцијата EnergySave (заштеда на енергија) е избрана како "Yes" („Да“), вратата ње биде отворена на крајот на програмата. Не обидувајте се насила да ја затворите вратата 1 минута за да се избегне оштетување на автоматскиот механизмам. Вратата треба да биде отворена 30 минути за ефикасно да се исуши. ( кај модели со автоматски систем за отворање на вратата )
Предупредување: Не стојте пред вратата откако їе се слушне сигналот што означува автоматско отворање.
За безбедност на Вашите деца
- Откако ње го отстраните пакувањето од машината, ставете ги материјалите подалеку од дофат на деца.
- Не им дозволувајте на децата да ја вклучуваат или да си играат со машината.
- Држете ги детергентите и агенсите за плакнење подалеку од дофатот на децата.
- Држете ги децата подалеку од машината кога истата е отворена, од причина што може да има остатоци од средствата за чистење во нејзината внатрешност.
- Вашата стара машина не смее да претставува закана за Вашите деца. Познато е дека децата можат да се заклучат во стари машини. За да се избегне ваквата ситуација,
скршете ја бравата на старата машина и отстранете ги сите електрични кабли.
Во случај на дефекти
- Секој дефект на машината мора да се сервисира од страна на квалификувано лице. Сите поправки што ги вршеле неквалификувани сервисери їе направат да се поништи гаранцијата на машината.
- Пред сервисирањето на машината, проверете дали таа е исключена од напојувањето. Извадете го осигурувачот или исклучете ја машината од штекер. Притоа не влечете го кабелот. Исклучете ја и славината за довод.
Препораки
- Заради заштеда на енергија и вода, отстранете ги грубите остатоци од чиниите пред истите да ги ставите во машината. Включете ја машината откако целосно Ѽе ја наполните. Включете ја машината откако целосно Ѽе ја наполните.
- Користете ја програмата за предмиење само кога е тоа потребно.
- Садовите со отвор, како чорбалаци, чаши и тенцериња ставајте ги во
машината така што їе бидат со отворот надолу. - Не се препорачува во машината да се ставаат садови кои се различни од препорачаните.
Предмети кои не се соодветни за машинско миење:
- Пепел од цигари, остатоци од свеći, лак, боја, хемиски супстанци, материјали од железни легури;
- Вольушки, лажици и ножеви изработени од дрво или коска, или предмети со рачки од слонова коска, или
обложени со седеф, како и лепени предмети или предмети со абразивни, ацидни или базни хемикалии.
- Пластични предмети кои не се отпорни на топлина, бакарни или калаисани садови.
- Алуминиумски или сребрени предмети (може да ги изгубат бојата и сјајот).
- Одредени деликатни видови стакло, порцелан со декоративни шари од причина што истите єе избледат по првото миење. Одредени кристални предмети, од причина што со време ја губат транспарентноста. Залепен прибор за јадење кој не е отпорен на топлина, чаши од кристал со оловна содржина, даски за сечење, предмети со синтетички влакна.
- Впивливи предмети како сунгери или кујнски крпи не се погодни за машинско миење.
Предупредување: Во иднина набавувајте садови наменети за машинско миење.
МОНТИРАЊЕ НА МАШИНАТА Позиционирање на машината
Кога ја избирате местоположбата за машината, внимавајте да изберете место кое овозможува садовите лесно да се ставаат и вадат од машината.
Не ја поставувајте машината на локација каде има можност собната температура да падне под 0°C.
Пред позиционирање отпакувајте ја машината согласно
предупредувањата наведени на пакувањето.
Поставете ја машината во близина на славина за вода или одвод. Треба да го земете предвид фактот дека откако ње се изврши поврзување на машината, во иднина нема да се вршат промени кај поврзувањата.
Не влечете ги вратата или панелот за да ја паместите машината.
Оставете довольно простор на сите страни околу машината за да можете лесно да ја поместувате во текот на чистењето.
Проверете дали одводните и доводните црева се притиснати во текот на позиционирањето на машината. Исто така, уверете се дека машината не е поставена на електричниот кабел.
Поставете ги ногарките на машината, така што таа е їе биде во рамна позиција и избалансирана. Правилното поставување на машината обезбедува отворање и затворање на вратата без проблеми.
Ако вратата на машината не се затвора исправно, проверете дали машината е стабилно поставена на подот. Ако не е, тогаш прилагодете ги ногарките за да се обезбеди стабилна позиција.
Поврзување со довод
Проверете дали внатрешниот водовод одговара за поврзување на машина за миење садови. Исто така,
препорачуваме да ставите филтер онаму каде што доводот влегува во Вашиот дом за да се избегне оштетување кое е резултат на контаминација (песок, глина, 'рға итн.) која може да се најде во водоводната мрежа или во кукниот водоводен систем, како и за да се избегнат пожолтување и формирање наслаги по миењето.

Не го употребувајте цревото за довод од старата машина. Употребете го новото доводно црево што доаға со новата машина. Ако со машината сакате да поврзете ново црево или црево кое одамна не било користено, пуштете прво вода низ него, па поврзете со машината. Поврзете го цревото директно на славината. Притисокот на славината треба да изнесува најмалку 0.03 Мра, а најмногу 1 Мра. Ако притисокот на водата е поголем од 1 Мра, треба да се монтира вентилза регулирање на притисокот.
Откако ње го поврзете цревото, отворете ја славината целосно и проверете дали истекува вода. За безбедност на машината, уверете се дека славината за довод е исключена откако ње заврши секоја програма.

ЗАБЕЛЕШКА: Кaj некои модели се користи млазник Aquastop (аквастоп). Кога се користи Aquastop, има опасна тензија. Не сечете го млазникот Aquastop. Не дозволувајте да се свитка или изврти.

Одводно црево
Одводното црево може да се поврзе директно на отворот за одвод или на славина за одвод на мијалникот. Со помош на специјална свитката цевка (ако е достапна), водата може да истекува директно во мијалникот, така што свитканата цевка ќе се прикачи на работ на мијалникот. Ваквото поврзување мора да биде на минимум 50 см и на максимум 110 см од подот.
Предупредување: Кога се користи црево за истек на вода кое е подолго од 4 m, садовите може да останат валкани. Во ваков случај нашата компанија не сноси одговорност.



Електрично поврзување
Заземјениот приключок на машината треба да се поврзе со заземјен штекер каде што има соодветен напон и струја. Ако немате заземјување, квалификуван електричар нека инсталира соодветна инсталација. Во случај кога машината се користи без заземјување, нашата компанија нема да биде одговорна за какви било загуби.
Струјата на внатрешниот осигурувач треба да изнесува 10-16 А.
Вашата машина работи на 220-240 V. Ако напонот на електричната мрежа во Вашата околина е 110 V, поврзете трансформатор од 110/220 V и 3000 W. Maшината не треба да е включена на напојување за време на позиционирањето.
Секогаш користете го обложениот приклучок кој е обезбеден со Вашата машина.
Работата со мал напон їе го намали квалитетот на миењето.
Електричниот кабел на машината треба да го заменуваат само овластен сервисер или квалификуван електричар. Во спротивно може да дојде до несреќа.
Од безбедносни причини, по секое завршување на програмата за миење, извадете го приклучокот од штекерот.
За да не предизвикате електричен шок, не ислучувајте го приклучокот со водени раце.
Кога ја исклучувате машината од напојување, секогаш влечете го приклучокот. Не влечете го кабелот.
Вградување на машината под работната плоча
Ако сакате да ја вградите машината под работната плоча, проверете дали има довольно простор под плочата и дали водоводната и електричната инсталација се соодветни за тоа.1 Ако одлучите дека просторот е соодветен за вградување на машината, отстранете го горниот дел како што е прикажано на сликата. 2

Предупредување:Делот каде што їе се вгради машината откако їе се тргне горниот капак, мора да биде рамен за таа да не биде нестабилна.
За да се отстрани горниот дел, отстранете ги шрафовите кои се наогаат на задниот дел од машината. Потоа турнете ја предната плоча 1 см однапред кон назад и повлечете нагоре.
Прилагодете ги ногарките на машината според косината
на подот.3 Вградете ја машината, така што ње ја турнете под работната површина, водејки сметка да не се згмечат или искриват цревата.4

Предупредување: Откако їе го отстраните горниот капак, машината треба да се постави во затворен простор со димензии кои се прикажани на сликата. 3
Доколку машината ја користите за прв пат:
- Проверете дали напојувањето и приклучокот за вода одговараат на барањата и вредностите наведени на натписната плоча на апаратот и упатството за употреба.
- Отстранете ги амблажните делови од внатрешноста на машината.
- Подесете ја тврдината на водата.
- Во одделот за сол додајте 1 килограма сол за машини за миење садови и наполнете го со вода до работ.
- Истурете течност за плакнење во просторот превиден за таа намена.
Важност за отстранување на каменецот од водата
За да постигнете добри резултати при миењето, неопходно е да обезбедите мека вода за миење на садовите, односно вода која не содржи каменец. Во спротивно, на садовите и во внатрешноста на машината єе се појават остатоци од каменец во вид на бели дамки. Појавата на каменец кај садовите негативно влијае на нивното миење и сушење. Кога водата протекува низ систем за омекнување, јоните кои предизвигуваат тврдина на водата се отстрануваат од неа. На тој начин водата ја постигнува потребната тврдина со која се обезбедуваат добри резултати на миење. Во зависност од нивото на тврдина на водата која протекува, јоните кои предизвигуваат тврдина, брзо се собираат во системот за нејзино омекнување. Поради тоа, системот за омекнување треба да се обновува, како би работел со иста ефинасност и при следното миење, а за таа цел е неопходно користење на сол за омекнување.

Полнење на машината со сол
Користете сол наменета за машини за миење садови. За да го наполните одделот за сол, прво извадете ја долната корпа, отворете го одделот за сол вртејки го капачето во насока спротивна од стрелката на часовникот, како што е прикажано на slikите 1 и 2. При првата употреба во одделот за сол ставете 1 кг. сол и вода до нивото на прелевање (слика 3). За полесно полнење користете ја доставената цетка (слика 4). Вратете го капачето и затворете го одделот. После секои 20-30 миења додавајте сол во машината додека не се наполни (приближно 1 кг).

Вратете го капачето и затворете го одделот. После секои 20-30 миења додавајте сол во машината додека не се наполни (приближно 1 кг).

Одделот за сол наполнете го со вода само при првата употреба на машината.
Ако во просторот за сол ставете таблети за отстранување каменец, не полнете го до крај со вода. Ви препорачуваме користење на ситнозрнеста сол или во вид на прашок. Таблетите не ги ставајте директно во машината бидејки во спротивно со тек на време се намалува функционалноста на одделот за сол. Во моментот кога машината ње ја ставите во погон, одделот за сол се полни со вода. Поради тоа, наполнете го одделот за сол пред да ја пуштите машината во работа. Солта која се прелива од одделот автоматски се чисти додека машината работи. Ако немате садови за миење, после ставањето сол, включете ја празната машина на програма кратко миење, како би избегнале евентуални оштетувања (на пример корозија).
Тестна трака
Ефикасноста на миењето на вашата машина зависи од тврдината на водата што ја користите за миење. За да ја ублажите тврдината на водата на адекватно ниво, машината е опремена со систем кој ја редуцира твдината на ниво соодветно за миење садови. Правилно подесениот систем дава подобри резултати при миењето садови. За подесување на системот за редукција на тврдината на водата, најпрвин одредете ја тврдината со помош на тестната трака која сте ја добиле заедно со машината.
| Отворете ја тестната трака | Пуштете водата да тече најмалку 1 мин. пред да ја соберете во чаша | Пуштете ја тестната трака во чашата со вода 1 сек. | Извадете ја од водата и протресете ја | Причекајте 1 минута. | Во зависност од добиените резултати на мерењето со тестната трака подесете ја тврдината на водата |
| 1second | Level 1 | Без каменец | ||||
| Level 2 | Многу мала конц. кам. | |||||
| Level 3 | Мала конц. каменец | |||||
| Level 4 | Средна конц. кам. | |||||
| Level 5 | Многу каменец | |||||
| Level 6 | Висока конц. кам. |
Подесување на потрошувачката на сол
Табела за подесување на нивото на твердината на водата
| Ниво на тврдина на водата | Германски стандард dH | Француски стандард dF | Британски стандард dE | Индикатор за тврдина на водата |
| 1 | 0-5 | 0-9 | 0-6 | Свети светилката за миење/сушење |
| 2 | 6-11 | 10-20 | 7-14 | Свети светилката за завршување на миењето. |
| 3 | 12-17 | 21-30 | 15-21 | Свети светилката на копчето Start/Pause. |
| 4 | 18-22 | 31-40 | 22-28 | Светат светилките миење/сушење и крај на миењето. |
| 5 | 23-34 | 41-60 | 29-42 | Светат светилките миење/сушење и копчето Start/Pause. |
| 6 | 35-50 | 61-90 | 43-63 | Светат светилките крај на миењето и копчето Start/Pause. |
Доколку тврдината на водата што ја користете е поголема од 90 dF (според фрнацускиот стандард) или пак користете техничка вода, се препорачува употреба на филтер и отстранувач на каменец на доводот за вода.
Напомена: Според фабрички подесените поставки, системот е поставен на ниво 3.

Подесете го омекнувачот за вода во зависност од тврдината на вашата вода.

Во моментот кога машината не работи, подвижното копче за бирање програми свртете го на позиција 0 (reset). 1

По враćањето на првобитните поставки, притиснете и држете го притиснато копчето Start/Pause. 2

Во меѓувреме, включете ја машината со притискање на копчето за вклучување/ исклучување (On/Off). 4

Откако индикаторите (миење / и завршување на миењето) (3) на контролната плоча їе затрперат, отпуштете го копчето Start/Pause. 2
Преку индикаторите на копчињата на дисплејот се испишува поставеното ниво на тврдина на водата.

Новата вредност внесете ја со притискање на копчињата Start/Pause во согласност со подесените нивоа во претходната табела. 1

Откако сте го подесиле нивото на тврдината на водата, притиснете го копчето за включување/исклучување (On/Off) како би ги меморирале подесените поставки. 4
Употреба на средства за миење (прашоци, течности или таблети)
Користете средства за миење кои се специјално произведени за машини за садови и кои се препорачани од страна на производителите на машини. Детергентите можат да бидат во течна состојба, во вид на прашок или таблети. Ставете го детергентот во посебниот оддел на машината пред да ја пуштите во работа. Средствата за миење чувајте ги на суво и ладно место, без да бидат на дофат на децата. Не ставајте количини поголеми од препорачаните, бидејки во спротивно на садовите можат да се појават дамки предизвикани од недоволното растворање на детергентот.
Полнење на одделот за детергент

Поместете ја шарката на одделот за ставање детергент, како што е прикажано на слика 1. Просторот за детергент е означен со линии кои претставуваат нивоа за полнење на одделот со детергент. При полнење на одделот согласно исцертаните линии ја одредувате правилната количина детергент потребен за миење на садовите. Максималното количество детергент кое можете да го ставите во одделот изнесува 40 см3. Отворете ја кутијата со детергент и сипајте одредено количество во одделот (b): 25см3 ако вашите садови се многу извалкани или 15 см3 ако се помалку извалкани
(слика 2). Ако извалканите садови стоеле подолго време пред миењето и имаат суви остатоци од храна или доколку имате полна машина со садови, ставете и 5 см детергент во одделот (а) за предмиење. Во зависност од тврдината на водата и солта, можеби їе треба да додадете повеće детергент за миење на вашите садови.

Комбинирани детергенти
Производителите на детергенти за машини за садови освен обични производи користат и комбинации од детергенти познати како “2 во 1”, “3 во 1” или “5 во 1” итн. Детергентите “2 во 1” содржат детергент во комбинација со сол или средство за плакнење. Пред да почнете со нивно користење, проверете ги спецификациите и содржината на пакувањето.
Другите таблети содржат детергент со додаток на средство за плакнење, сол и посебни средства кои го подобруват миењето на вашите садови.
Генерално, комбинираните детергенти даваат задоволувачки резултати на миење при посебни услови на употреба.
При користењето на вакви врсти производи обратете внимание на следново:
- Секогаш проверете ги спецификациите и содржината на користениот производ.
- Проверете дали детергентот е соодветен за тврдината на водата што ја користи вашата машина.
- Следете ги упатствата за користење наведени на пакувањето на производот.
-
Доколку користете детергент во вид на таблети, никогаш не ставајте ги директно во машината, туку во одделот за детергент.
-
Кога машината и детергентот се усогласени, машината обезбедува заштеда на потрошувачката на сол и средство за плакнење.
- Доколку не остварувате добри резултати на миење и сушење при користењето детергент во вид на таблети (2 во 1 и 3 во 1), т.е. ако садовите после миењето остануваат мокри, контактирајте го производителот на детергент кој го користете. Гаранцијата на машината не ги покрива проблемите проблемите предизвикани од користење таков вид детергенти.
Препорачана употреба: Ако сакате да добиете подобри резултати со употреба на комбинирани детергенти, додадете сол и средство за плакнење во машината и подесете ги параметрите за тврдоста на водата и за количината на средство за плакнење на најниска позиција.

Растворливоста на детергентите во форма на таблети произведени од различни компании може да варира во зависност од температурата и времетраењето. Затоа не се препорачува употреба на вакви детергенти кај кратките програми за миење. За ваквите програми е посоодветна употреба употреба на пашкасти производи.
Предупредување: Ако наидете на проблем со кој претходно не сте се сретнале, престанете со користење на детергентот и обратете се за помош кај производителот на детергентот.
Доколку престанете со користење комбинирани детергенти
- Наполнете ги одделите за сол и средство за плакнење.
- Тврдината на водата подесете ја на највисока позиција и покренете ја машината без претходно да ја полните со садови.
- Подесете го нивото на тврдина на водата.
Полнење на машината со средство за плакнење и негово дозирање
Средството за плакнење се користи за отстранување на капките вода и дамки од каменец кои можат да се формираат на садовите додека се сушат. Спротивно на некои мислења, ова средство не се користи само за давање сјај на вашите садови, туку и за подобрување на процесот на сушење. Затоа, проверете дали сте додале соодветно количество средство за плакнење кое е наменето само за машини за садови.
Доколку на контролната плоча се запали индикаторот за средство за плакнење,

надополнете го соодветниот оддел. За полнење на одделот за средство за плакнење, отстранете го капакот на начин да го свртете како што е прикажано на слика 1. Полнете го одделот со средство за плакнење се додека индикаторот за нивото на наполнетост на контролната плоча не поцрни (прикажано на слика 2). Вратете го капакот и затворете го одделот. При проверка на индикаторот за наполнетост со средство за плакнење на контролната плоча, секогаш можете да видите дали вашата машина има довольно средство за плакнење.

Индикаторот (b) означува дека вашата машина содржи довольно средство за плакнење, додека индикаторот (a) означува дека треба да додадете средство за плакнење.
Користењето на средства за плакнење можете да го подесите на неколку различни нивоа: од 1 до 6. Во фабричките поставки ова ниво е подесено на 3. Во зависност од результатите на миење, нивото можете да го зголемите или намалите. Ако
после миењето на садовите останат дамки од вода, зголемете го нивото за користење на средство за плакнење. Меѓутоа, ако на штотуку измиените садови остануваат дамки од прсти кога ги фајате, намалете го користењето на средство за плакнење.

Предупредување: Користете средства за плакнење наменети само за машини за садови. Ако во машината забележите остатоци од средство за плакнење кое резултира со појава на пена и на тој начин влијае на квалитетот на миење на садовите, вишокот средство отстранете го со крпа.
ПОЛНЕЊЕ НА МАШИНАТА СО САДОВИ
Со правилен распоред на садовите во машината, ја подобрувате работата на машината, со најоптимална потрошувачка на вода и енергија за време на миењето.
Во машината постојат две одделни корпи во кои можете да ставате садови.
Долната корпа користете ја за садови со подебело и округло дно, на пр. садови со долги рачки, капаци, чинии, чинии за салати, прибор за јадење итн.
Во горната корпа на лесен начин можете да поставите тацни од шолји за чај, десертни чинии, шолји и чаши. Ако ставате чаши со долги рачки или бокали за вода, поставете ги на крајот на корпата или на држачите за чаши. Таквите чаши немојте да ги ставате една врз друга (со оглед дека не се цврсто позиционирани) бидејки можат да се скршат. Се препорачува таквите садови да се стават на средината на корпата.
Приборот за јадење поставете го во малата пластична корпа предвидена за таа намена. На тој начин їе постигнете најдобри резултати на миење. За да спречите евентуални повреди, садовите со долги дршки, остри рабови и ножеви секогаш поставувајте ги на начин острите рабови да бидат свртени надолу.
Предупредување: кога поставувате садови во машината, внимавајте долниот и горниот распрскувач да можат непречено да се вртат и прскаат вода, без да ги допираат или удираат садовите.
Горна корпа
Држачи за садови
Во горната корпа за сместување на садови се наогаат држачи (а и в)кои можете да ги ставите на отворена или затворена позиција. Ако ги поставите на отворена позиција во корпата можете да ставите плитки чаши или шолји, а ако ги поставите во затворена позиција во корпата можете да ставите подолги чаши. Исто така, можете да ги користете за поставување прибори за јадење, поставувајки ги странично.

Горна корпа
Подесување на позицијата на горната корпа
Кога горната корпа се наоға на повисока положба, во долната корпа можете да ставите и подлабоки садови. Но, кога горната корпа е поставена на пониска положба, во долната не можете да ставате длабоки и големи садови.
Висината на позицијата на горната корпа се регулира со помош на тркалца.
Извадете ги штитниците на краевите на водилките (како што е прикажано на сликите) и извлечете ја корпата. Променете ја позицијата на тркалцата; вратете ја корпата во водилките и повторно затворете ги штитниците. На тој начин сте ја промениле позицијата на горната корпа.

Неправилно наполнети корпи со садови

За детални информации во врска со тестовите на можностите, контакрајте ја следнава адреса: "dishwasher@standardtest.info". Во вашиот и-мејл напишете го името и серискиот број на моделот (20 цифри), кој можете да го најдете на вратата на уредот.
Табела со програми за перење
Напомена: Кратките програми не вклучуваат процес на сушење. Горенаведените вредности се добени со испитување во лабораториски услови и во согласност со стандардите. вредностите можат да се менуваат во зависност од условите на користење на машината, како и просторијата во која се наоја машината (напон, притисок на вода, температура на доводната вода и температура на просторијата).

ЗАПОЗНАВАЊЕ СО АПАРАТОТ
1.) Копче за вклучување / исклучување на апаратот
Кога копчето за вклучување/исклучување на апаратот (On/Off) е
притиснато, светлото на копчето Start/Pause свети.
2.) Рачка за отварање на вратата на машината
За да ја отворите вратата на машината, повлечете ја рачката кон
себе. За затворање на вратата, повлечете ја рачката (вратата)
кон машината.
3.) Копче за миење садови со половина капацитет на машината
Користејки ја оваа опција го скратувате времетраењето на
програмата, и ја намалувате потрошувачката на струја и вода.
4.) Копче за почеток/прекинување на миењето (Start/Pause)
Откако ће го притиснете копчето Start/Pause, програмата која сте ја избрале со подвижното копче на програматорот започнува со миење. йе свети индикаторот за приказ на миењето. Кога машината ће заврши со миење, индикаторот за приказ на миењето ће трепери.
5.) Подвижно копче за бирање на програми за миење
Со ова копче бирате соодветна програма за миење на вашите садови.
5.) Индикатори за текот на работата на програмата
Текот на работата на програмата за миење е прикажан на индикаторите сместени на контролната плоча.
• Миенье/Сушенье
• Завршување на миењето
7.) Индикатор за недостаток на сол
За да проверите дали во вашата машина има довольно сол за омекнување на водата, проверете го индикаторот за приказ на недостаток на сол сместен на контролната плоча. Доколку индикаторот свети, надополнете сол во одделот за ставање сол.
Индикатор за недостаток на средство за плакнење
За да проверете дали во вашата машина има довольно средство за плакнење, проверете го индикаторот за приказ на недостаток на средство за плакнење сместен на контролната плеча. Доколку свети, надополнете средство во одделот за ставање средство за плакнење
Вклучување на машината

flowchart
graph TD
A["Start/Pause"] --> B["Pre- pre-tickance"]
B --> C["Coptet"]
C --> D["Post-Pause"]
style A fill:#f9f,stroke:#333
style B fill:#ccf,stroke:#333
style C fill:#cfc,stroke:#333
style D fill:#fcc,stroke:#333
- Притиснете го копчето за вклучување/исклучување на машината (On/Off).
- Изберете програма соодветна за миењето на садовите кои сте ги ставиле во машината, користејки го подвижното копче за бирање програма за миење.
- За да започнете со миење, притиснете го копчето Start/Pause.
Следење на работата на машината
За да знаете во која фаза на работа се наоға вашата машина, следете ги индикаторите со светло сместени на контролната плоча.


Менување на програмата
Доколку сакате да ја промените програмата за миење додека машината работи.

Менување на програмата со враćање на почетната состојба

Напомена: Откако миењето ће заврши, вратата на машината можете да ја оставите отворена, како би го забрзале процесот на сушење на садовите.
Напомена: Ако ја отворите вратата додека трае миењето, или доколку снема напојување, по затворањето на вратата или враćање на напојувањето, машината їе продолжи да работи од местото каде миењето претходно било прекинато.
ЧИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАНЬЕ
Со редовно чистење на машината го продолжувате векот на нејзината употреба.
Во случај на појава на масло во просторот за миење:
Наполнете го одделот за детергент и изберете програма за миење под висока температура и покренете ја машината, без претходно да ја полните со садови. Доколку наведениот совет не помогне, употребете специјално средство за чистење достапно во продавниците (при купувањето внимавајте средството да е произведено од страна на производит на детергенти за машината).
Чистење на отворите и шарките на вратата на машината
За чистење на остатоците храна насобрани на отворите на вратата користете мокра крпа.
Чистење на машината
Препорачливо е филтрите и распрескувачите за вода да ги чистите еднаш неделю.. Пред да почнете со чистење, отспојте ја машината од напојувањето и затворете го доводот за вода.
За чистење не користете груби предмети, туку чистете ја машината со нежни средства и мокра крпа.
Филтри
Проверете дали на филтрите има наслаги од храна. Ако има, отстранете ги и измијте ги филтрите под малз вода.
а. Микро филтер
b. Груб филтер
с. Метално/пластичен филтер

За да ги извадите филтрите од нивните лежишта, свртете ги во насока на стерлката на часовникот и повлечете ги нагоре (слика 1).
Отстранете го метално/пластичниот филтер (слика 3). Потоа, отстранете го грубиот филтер од микро филтерот како што е прикажано на сликата 2.
Измијте ги под силен млаз вода. Грубиот филтер вратете го во микро филтерот, така што ознаките ќе одговараат едни на друг
Прицврстете го микро филтерот на метално/пластичниот филтер и
свретете го во насока на стрелката
како што е прикажано на слика 4. Филтерот е во правилна положба и е заклучен кога преку него е видлива стрелката на микро филтерот.


- Никогаш не користете ја машината без филтри.
- Неправилно поставените филтри ја намалуваат ефикасноста на миењето.
- Чистењето на филтрите е важно за правилна и ефикасна работа на машината.

Подвижни расрскувачи за вода (млазници)
Проверете дали се затнати отворите за долните и горните млазници на машината. Доколку се, извадете ги млазниците и исчистете ги под млаз вода.
Долната млазница можете да ја отстраните така што ће ја повлечете нагоре, додека горната така што прицврсната пластична матица ће ја свртите налево. При враćање на горната млазница во машината, проверете дали правилно сте ја процврстиле нејзината матица.
Филтер на цревото
За заштита на машината и садовите од онечистувања кои доагаат со водата (песок, 'рға, пепел), доводната цевка за вода соджи филтер кој оневозможува таков вид онечистувања. Од време на време проверете го филтерот на доводното црево и ако е потребно, исчистете го. Откако їе го отстраните од цревото, исчистете го под млаз вода. После чистењето, вратете го на цревото кое повторно їе го споите на доводот за вода.
КОДОВИ ЗА ДЕФЕКТИ И НАЧИНИ ЗА НИВНО ОТСТРАНУВАЊЕ
| КОД ЗА ДЕФЕКТ | ОПИС НА ДЕФЕКТОТ | РЕШЕНИЕ | ||
| МИЕЊЕ/СУШ. | KPAJ | START/PAUSE | ||
| Несоодветен довод на вода | Проверете дали доводот за вода е потполно отворенЗатворете го доводот на вода, исключете го цревото задовод на вода и исчистете го филтерот кој се наоға накрајот на цревото.Повторно покренете ја машината, а ако проблемот ипонатаму постои, контактирајте овластен сервис. | |||
| Неконтинуиран довод навода | Затворете го доводот за вода.Контактирајте овластен сервис. | |||
| Отпадната вода не може дасе испушки од машината. | Цревото за одвод на вода е затнато.Филтерите на машината се затнати.Исклучете ја и повторно включете ја машината иактивирајте ја опцијата за понишување на програматаако проблемот и понатаму постои, контактирајтеовластен сервис. | |||
| Грешка со прегревање(темп. во машината епревисока) | Контактирајте овластен сервис. | |||
| Активиран аларм за вишоквода | Исклучете ја машината и затворете го доводот на вода.Контактирајте овластен сервис. | |||
| Грешка на електронскатакартичка | Контактирајте овластен сервис. | |||
Ако едно од сигнализациските светла на екранот е запалено, а светлото на копчето Start/Pause се пали и гаси: Вратата на машината не е добро затворена. Ако програмата не може да започне со миење
- Проверете дали машината е приключена на напојувањето.
- Проверете го осигурувачот.
- Проверете дали доводот за вода е отворен.
- Проверете дали вратата на машината е добро затворена.
- Проверете дали можеби сте ја ислучиле машината притискајки го копчето On/Off.
- Проверете дали можеби филтерот на цревото за довод на вода не е затнат.
Ако контролните светилки "Миење/Сушење" и "Завршување на миењето" не се гасат откако миењето єе заврши
- Активиран е алармот за вишок вода
- Исклучете го апаратот и контактирајте овластен сервисер.
Ако контролната светилка на коппчето On/Off не се гаси откако миењето їе заврши
- Исклучете ја машината со притискање на копчето On/Off.
Ако во одделот за детергент останал детергент
Кога сте додавале детергент во машината, одделот за детергент не бил сув или подвижната млазница за време на миењето била заглавена со делови на садовите.
Ако по завршување на миењето во машината остане вода
- Цревото за одвод на вода е затнато или превиткано
• Филтрите се затнати - Програмата на миење сеуште не е завршена
Ако машината престане да работи за времетраење на миењето
- Нема напојување
• Грешка во доводот на вода - Можно е програмата да е во состојба на мирување
Ако за време на миењето вашата машина произведува бучава (се тресе и тропа)
- Садовите во корпите не се правилно распоредени
- Млазниците за распрскување на водата ги удираат садовите
Ако по миењето на садовите остане храна
- Садовите во машината се неправилно распоредени; водата не може да дојде до сите места и во целост да ги измие садовите
• Корпите се преполнети со садови
• Садовите се поставени еден наспроти друг
• Сте додале недоволно количество детергент - Сте избрале несоодветна програма за миење
- Отворите за вода на млазниците се затнати со остатоци од храна
• Филтрите се затнати
• Филтрите не се правилно поставени во машината
• Цревото за одвод на вода е затнато
Доколку на садовите остануваат дамки
• Сте додале недоволно количество детергент
- Проверете ја количината средство за плакнење во машината
- Не сте користеле специјална сол за омекнување на тврдината на водата
- Системот за омекнување на водата е на ниско ниво
- Капакот на одделот за сол не е добро прицврстен
- Користете детергент без фосфати, обидете се со друг вид детергент кој содржи фосфати.
Доколку садовите не се сушат
- Сте избрале програма без додатна опција сушење
- Недостаток на средство за миење во машината
- Пребрзо сте ги извадиле садовите од машината
Доколку на садовите забележите дамки од 'ріга
- Материјалот на садовите не е адекватен за миење во машина
- Во водата за плакнење е присутна превисока концентрација на сол
- Одделот за сол не е добро затворен
- При додавањето сол во одделот за сол, во машината сте истуриле сол
- Неправилно изведено заземјување
Доколку постојат проблеми и откако сте ги прегледале горенаведените причини за неправилности, обратете се за помош во овластен сервис.
1. Доколку нема да ја користите машината
- Отспојте ја од напојувањето и затворете го доводот за вода
- Вратата на машината оставете ја подотворена, со цел да избегнете создавање непријатни мириси
- Одржувајте ја машината чиста
2. Отстранување дамки од капки вода
- За миење на садовите користете поинтензивна програма
-Извадете ги металните спремници за садови надвор од машината -
Не ставајте детергент за миење
-
Со правилно распоредување на садовите во машината, ја подобрувате нејзината работа со најоптимална потрошувачка на вода и енергија за време на миењето.
-
Пред да ставете садови во машината отстранете ги сите груби остатоци од храна на садовите.
-
Користете ја машината само кога целонсно ње ја наполните со садови.
-
Програмата за предмиење користете ја само доколку тоа е неопходно.
-
При бирање програма за миење следете ги овие упатства (табелата со програми за миење и потрошувачка на енергија и вода).
-
Имајки во предвид дека машината при секое работење достигнува високи температури, не ја поставувајте во близина на фрижидери.
-
Ако машината е поставена на место со ниска температура и постои опасност од sampsvabaње, треба потполно да је испуштите преостаната вода во машината и да го ископчате цревото за довод на вода од машината.
| Заштитен знак на доставувачот | VOX |
| Модел од доставувачот | LC 2145 |
| Капацитет на машината за садови | 10 |
| Класа на енергетска ефикасност | A+ |
| Годишна потрошувачка на енергија во kWh на година (AE _c ) (280 циклуси) * | 237 |
| Потрошувачка на енергија (Et) (kWh по циклус) | 0,83 |
| Потрошувачка на струја при ислучен уред (W) (P _o ) | 0,05 |
| Потрошувачка на струја при включен уред (W) (P _1 ) | 1,00 |
| Годишна потрошувачка на вода во литри на година (AW _c ) (280 циклуси) ** | 3640 |
| Класа на ефикасност на сушењето*** | A |
| Стандардно име на програма **** | Eco 50 °C |
| Времетраење на програма при стандарден циклус (мин) | 172 |
| Шум dB(A) 57 |
* Потрошувачка на енергија 237 kWh годишно, врз основа на 280 стандардни циклуси на миење со користење на ладна вода и потрошувачка во режими на ниска енергија. Вистинската потрошувачка на енергија ќе зависи од тоа како се користи уредот.
** Потрошувачка на вода од 3640 литри на годишно ниво засновано на 280 стандартни циклуси на миење. Вистинската потрошувачка на вода їе зависи од тоа како се користи уредот.
*** Ефикасност на сушење класа A на скала од G (најнеефикасна) до A (најефикасна).
****Eco 50 °C" е стандартниот циклус на миење на којшто се однесуваат информациите на етикетата и на спецификациите. Оваа програма одговара за чистење на нормално извалкани садови и таа е најефикасната програма во однос на комбинирана потрошувачка на струја и вода.
Pomivalni stroj
NAVODILA ZA UPORABO
/ &□□□□□□□□□□,;
