T1000E - Тостер GORENJE - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот T1000E GORENJE во PDF формат.
| Тип на производ | Тостер |
| Бренд | Gorenje |
| Модел | T1000E |
| Функции | Печење, Одмрзнување, Загревање, Додаток за лепчиња |
| Управување | Регулатор за печење (нивоа 1-7), копче за подигање, копче за ОТКАЖУВАЊЕ, копче за одмрзнување, копче за загревање |
| Отвори | 2 отвора |
| Додатоци | Фиока за трошки, Додаток за лепчиња |
| Чистење | Фиоката за трошки е извадлива, куќиштето чистете го со влажна крпа, не потопувајте во вода |
| Безбедност | Автоматско исклучување, заштита од прегревање, безбедност за деца (не е експлицитна, но се препорачува надзор) |
| Напојување | Приклучок, кабел за напојување со држач за кабел |
| Енергетска ефикасност | Не е наведено |
Често поставувани прашања - T1000E GORENJE
Прашања на корисниците за T1000E GORENJE
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Тостер во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник T1000E - GORENJE и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. T1000E на марката GORENJE.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК T1000E GORENJE
Направа за потпечување леб
Електронски тостер
Тостер
Тостер
Тостер за леб
Тостер
Тостер
Тостер
Тостер
Електронски тостер
Тостер
Тостер за леб
| Leivänpaahdin | Navodila za uporabo | SI |
| Brødrister | Upute za uporabu | BIH HR |
| Brödrost | Uputstvo za upotrebu | BIH SRB MNE |
| Упатства за употреба | MK | |
| Instruction manual | EN | |
| Instrukcja obsługi | PL | |
| Manual de instrucțiuni | RO | |
| Návod k obsluze | CZ | |
| Návod na obsluhu | SK | |
| Інцтрукція з експлуатації | UA | |
| Használati utasítás | HU | |
| Инструкции за употреба | BG | |
| Руководство по эксплуатации | RU | |
| Gebrauchsanweisung | DE | |
| Brugsanvisning | DK | |
| Käyttöuhjeet | FI | |
| Bruksanvisning | NO | |
| Instruktionshandbok | SV |

МК Упатства за употреба 11
ЕН Прирачник за употреба 14
БГ Инструкции за употреба 16
A Сад за трошки, B CANCEL копче, C Рачка за пржење, D Решетка за затоплување, G Копче за одмрзнување, H Регулатор за запеченост, G Подгревање
Важно
Прочитајте го ова упатство внимателно пред да го користите апаратот и зачувајте го за во иднина.
Опасност
Никогаш не го потопувајте апаратот во вода. Не вметнувајте преголемо парче храна и метална фолија во тостерот, затоа што тоа може да предизвика пожар или електричен шок.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Проверете дали напонот означен на дното на апаратот одговара на локалната мрежа пред да го приклучите апаратот.
Овој апарат можат да го користат деца кои веќе наполниле 8 години, лица со намалени физички, сетилни или ментални способности, како и лица кои немаат доволно искуство и знаење, ако се под надзор или биле обучени како да го користат апаратот на безбеден начин и ги разбрале опасностите кои можат да се појават. Децата мора постојано да се под надзор за да се осигурате дека тие не си играат со апаратот.
Чистењето и корисничкото одржување не треба да го изведуваат деца кои не наполниле 8 години и кои не се под надзор.
Не го користете апаратот во близина
на завеси или други запаливи материјали, бидејќи тоа може да предизвика пожар.
Не поставувајте капак (одредени видови само) или било кој друг предмет на врвот на тостерот кога уредот е вклучен или кога е уште жежок, бидејќи тоа може да предизвика штета или пожар.
За да се избегне ризикот од пожар, треба да се отстранат трошките од фиоката за трошки. Осигурајте се дека фиоката за трошки е правилно поставена.
Веднаш исклучете го тостерот ако забележите пожар или чад.
Чувајте го кабелот од електричната мрежа подалеку од жешки површини.
Ако кабелот е оштетен, мора да го замени сервисен центар овластен од Gorenje или слично квалификувано лице, за да се избегне опасност.
Овој уред е наменет само за печење леб. Не ставајте други состојки во апаратот, бидејќи тоа може да доведе до опасна ситуација.
Внимание
Не дозволувајте кабелот да виси преку работ на масата или површината на која стои апаратот.
Избегнувајте допирање на металните делови на тостерот, бидејќи тие стануваат многу жешки за време на печењето. Допирајте ги само контролите.
Не го поставувајте тостерот на жешка
површина.
Секогаш поврзувајте го апаратот со заземјен штекер.
Секогаш исклучувајте го апаратот по употребата.
Тостерот е наменет за домашна употреба и може да се користи само во затворен простор. Не е наменет за комерцијална или индустриска употреба.
Ако парче леб се заглави во внатрешноста на тостерот, исклучете го апаратот и оставете го да се олади пред да се обидете да го отстраните парчето. Не користете нож или остар предмет, бидејќи тие можат да ги оштетат грејните елементи. Решетката за затоплување е наменета само за затоплување ролни или кроасани. Не ставајте други состојки на решетката за затоплување, бидејќи тоа може да доведе до опасна ситуација.
Овој апарат е означен според европската директива 2012/19/EU за отпадна електрична и електронска опрема (WEEE).
Директивата ја дава рамката за враќање и рециклирање на старите апарати, важечка низ цела Европа.
ПРЕД ПРВА УПОТРЕБА
Отстранете ги сите налепници и избришете го телото на тостерот со влажна крпа.
Пред да го користите апаратот за прв пат, ве советуваме да го пуштите да заврши неколку циклуси на печење без леб, на највисоко ниво на температура, во соодветно проветрива просторија. Со оваа постапка се согорува прашината што може да се насобрала на грејните елементи и се спречува непријатна миризба за време на печењето.
УПОТРЕБА НА АПАРАТОТ
- Ставете го апаратот на стабилна и рамна површина, далеку од завеси и други запаливи материјали. Потоа вклучете го приклучокот во штекерот.
- Должината на кабелот може да се прилагоди, така што вишокот се обвиткува околу основата на апаратот.
ПЕЧЕЊЕ ЛЕБ
Никогаш не оставајте го тостерот да работи без надзор.
- Ставете едно или две парчиња леб во тостерот.
- Изберете ја саканата температура. Изберете ниска температура (1-2) за светло испечен леб и висока температура (5-7) за темно испечен леб.
- Притиснете го лостот надолу за да го вклучите уредот. Лостот останува во долна позиција само кога уредот е поврзан на електрично напојување. Копчето CANCEL светнува. Металните делови на тостерот ќе станат топли за време на печењето. Не ги допирајте.
- Кога лебот е готов, тој се крева нагоре и тостерот се исклучува автоматски. Можете да го запрете процесот на печење во секое време со притискање на копчето CANCEL. За да ги извадите помалите парчиња, движете го лостот нагоре. Ако лебот се заглави во внатрешноста на тостерот, извадете го приклучниот кабел од штекерот и оставете го апаратот да се олади. Потоа внимателно отстранете го лебот од тостерот. Не користете нож или друг остар метален предмет за да го отстраните лебот и не ги допирајте внатрешните метални делови на тостерот.
ПЕЧЕЊЕ ЗАМРЗНАТ ЛЕБ
Забелешка: Печењето замрзнат леб трае подолго од печењето на одмрзнат леб.
- Ставете едно или две парчиња замрзнат леб во тостерот.
- За да печете замрзнат леб:
- Притиснете го лостот за печење и потоа притиснете го копчето за одмрзнување. Копчето CANCEL почнува да свети.
- Кога тостот е подготвен, тој се појавува горе и тостерот се исклучува.
ПОДГРЕВАЊЕ ПЕЧЕН ЛЕБ
- Ставете едно или две парчиња веќе испечен леб во тостерот.
- За да подгреете испечен леб: Притиснете го лостот надолу и потоа притиснете го копчето ПОДГРЕВАЊЕ. Копчето CANCEL почнува да свети.
- Кога тостот е подготвен, тој се појавува горе и тостерот се исклучува.
ЗАТОПЛУВАЊЕ КИФЛИ И КРОАСАНИ
- Стави кифли или кроасани на врвот на решетката за затоплување. Не загревај повеќе од 2 парчиња во исто време.
- За да загреваш кифли или кроасани: Притиснете го надолу лостот за печење и потоа притиснете го копчето за затоплување. Копчето почнува да свети.
Ако сакате да ги загреете кифлите или кроасаните од двете страни, превртете ги откако тостерот ќе се исклучи. Потоа притиснете го надолу лостот на тостерот и притиснете го копчето ЗАТОПЛУВАЊЕ повторно. Пред секој нов циклус за затоплување, мора да се притисне надолу лостот за печење и повторно да се притисне копчето за затоплување.
ЧИСТЕЊЕ
- Исклучете го апаратот.
- Нека апаратот се излади.
- Чистење на апаратот со влажна крпа. Никогаш не користете масни влошки, абразивни средства за чистење или агресивни течности како бензин или ацетон за чистење на апаратот. Никогаш не потопувајте го апаратот во вода.
- Ако сакате да отстраните трошки од апаратот, повлечете го послужавникот од апаратот и испразнете го. Не го превртувајте и протресувате апаратот горе доле за да се отстранат трошките.
ЖИВОТНА СРЕДИНА
Не го фрлајте апаратот во нормален домашен отпад, туку во официјална колекција наменета за рециклирање. Со ова, вие помагате да се зачува животната средина.
ГАРАНЦИЈА И СЕРВИС
Ако ви требаат информации, или ако имате проблем, Ве молиме контактирајте го Gorenje центарот за грижа на корисници во вашата земја (види телефонски број во меѓународната гаранција). Ако вашата земја нема таков центар, контактирајте го вашиот локален дилер или Gorenje, Gorenje делот за мали апарати за домаќинство.
Го задржуваме правото на промени!