LFV216K - кујнска аспиратор ELECTROLUX - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот LFV216K ELECTROLUX во PDF формат.
Прашања на корисниците за LFV216K ELECTROLUX
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот кујнска аспиратор во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник LFV216K - ELECTROLUX и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. LFV216K на марката ELECTROLUX.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК LFV216K ELECTROLUX
MK Упатство за сигурносни информации и монтажа 73
Пред монтирање и користење на апаратот, ве молиме внимателно да ги прочитате приложените упатства. Производителот не сноси одговорност за направена повреда или штета кои се резултат на неправилна монтажа или употреба. Секогаш чувајте ги упатствата на сигурно и безбедно место за подоцнежна употреба.
1.1 Безбедност на деца и ранливи лица
- Овој апарат може да го користат деца над 8 години и лица со намалени физички, сетилни или ментални способности или лица без искусство и знаење доколку тоа го прават под надзор или доколку им биле дадени упатства како безбедно да го употребуват апаратот, и доколку ги разбираат опасностите поврзани со него. Не смее да биде на дофат на деца помали од 8 години и лица со многу обемни и сложени пречки во развојот, освен ако не се под постојан надзор.
- Децата треба да бидат под надзор да не играат со апаратот.
• Држете ја амбалажата подалеку од деца и фрлете ја соодветно. - Држете ги децата и милениците подалеку од апаратот кога работи.
- Децата не треба да го чистат или да го оддржуваат апаратот без надзор.
1.2 Општа безбедност
-
Овој апарат е наменет само за домашна употреба над плотни, шпорети и слични уреди за готвење.
• Уредот е наменет да го користи едно домакинство во домашни услови во затворен простор.
• Уредот може да се користи во канцеларии, хотелски соби, гостилници, фарми со гостилници и други слични сместувања каде неговото користење не надминува (просечно) ниво на користење во домакинство. -
Пред чистење и одржување, исключете го апаратот од напојувањето.
• ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Достапните делови може да станат жешки за време на употреба на апаратите за готвење.
• Употребувајте само ги фиксните завртки кои се испорачани со апаратот, ако не се испорачани Ви предлагаме да ги користите завртките кои се препорачани во упатството за монтирање. Монтирајте го апаратот на сигурно и погодно место кое ги исполнува потребите за монтажа.
• ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Погрешно монтирање на завртките или на уредот за фиксирање кое не е во согласност со овие упатства може да резултира во електрични опасности. - Не користете лепило за да го зацврстите апаратот.
- Минималната дистанца меѓу површината на плотната на која стојат тавите и понискиот дел од апаратот треба да биде најмалку 65 см, освен ако не е поинаку специфицирано во упатствата за монтирање за апаратот или за плочата за готвење.
- Истекувањето на воздух мора да биде во согласност со правилникот на локалните власти.
• Уверете се дека имате добро проветрување во собата каде што е монтиран апаратот за да избегнете враćање на гасови во собата од апарати што согоруваат гас или други горива, вклучувајки и отворен орган. - Проверете дали отворите за вентилација не се блокирани и воздухот што го собира апаратот не се пренесува во канал што се користи за издувување на чад и пареа од други апарати (системи за централно греење, термосифон, грејачи на вода итн.).
- Кога апаратот работи со други апарати, максимальниот вакуум генериран во просторијата не смее да надмине 0,04 mbar.
• Доколку се оштети кабелот за напојување, тој мора да биде заменет од страна на производителот, негов
овластен центар за сервисирање или слично квалификувани лица за да се избегне електрична опасност.
- Ако комплетот за кабли е оштетен, тој мора да се замени со специјален комплет кабли достапен од производителот или неговиот овластен центар за сервисирање.
- Ако апаратот е директно поврзан со напојувањето, електричната инсталација мора да биде опремена со изолационен уред кој овозможува да го исклучите апаратот од електричната мрежа кај сите жички. Целосното исклучување мора да биде во согласност со условите наведени во категоријата за пренапојување III. Средствата за дисконектирање мора да бидат вградени во фиксните жици во согласност со прописите за врзување жици.
- Не фламбирајте под апаратот.
- Не употребувајте го за испуштање на опасни или експлозивни материи и пареи.
- Редовно чистете го апаратот со мека крпа за да спречите оштетување на површинскиот материјал.
- Не користете чистач за пареа, спреј за вода, остри абразивни средства за чистење или остри метални гребалки за чистење на површината на апаратот. Користете само неутрални детергенти.
- Редовно чистете ги филтрите за маснотии (најмалку на секои 2 месеци) и отстранете ги маснотиите од апаратот за да го спречите ризикот од пожар.
- Користете крпа за чистење на внатрешноста на апаратот.
Опасност од повреда, струен удар, пожар, изгореници или оштетување на апаратот.
- Апаратот мора да биде монтиран само од квалификувано лице.
- Немојте да монтирате ниту да користите оштетен апарат.
- Следете ги инструкциите за монтирање дадени со апаратот.
- Секогаш внимавјте кога го пренесувате апаратот затоа што е тежок. Секогаш носете заштитни ракавици и приложените обувки.
- Пред инсталирање на апаратот отстранете ја целата амбалажа, етикетата и заштитниот филм.
- Не го инсталирајте издувниот воздух во sidна празнина, освен ако шуплината не е дизајнирана за таа намена.
2.2 Поврзување на струјата

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Ризик од пожар и струен удар.
- Секое поврзување со струја треба да биде направено од квалификуван електричар.
- Проверете дали параметрите на плочката со спецификации се компатибилни со електричната моćност на мрежата на електрична енергија.
- Ако символот (☐) не е печатен на самолепливата плочкат, апаратот мора да е заземјен.
- Секогаш користете правилно монтиран штекер отпорен на струјни удари.
- Не оставајте ги каблите да се заплеткаат.
- Не користете адаптери со повеće прилучоци и продолжни кабли.
- Доколку штекерот е лабав, не приклучувајте го приклучокот за струја.
- Не влечете го кабелот за да го исклучите апаратот од струја. Секогаш повлекувајте го приклучокот за струја.
- Заштитата од електричен удар на активните и изолираните делови мора
да се поврзе на таков начин што нема да може да се извади без алатки.
- Проверете дали апаратот е правилно монтиран. Лабави и несоодветни кабли можат да го прегреат терминалот.
- Поврзете го апаратот на крајот од монтирањето. Проверете дали има пристап до струјата по монтирањето.
2.3 Употреба

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Ризик од повреда, изгореници, и струен удар.
- Овој апарат е наменет само за готвење. Не го користете апаратот за некоја друга употреба.
- Не менувајте ја спецификацијата на овој апарат.
- Не ракувајте со апаратот со мокри раце или кога има контакт со вода.
- Користете само додатоци кои се дадени со апаратот.
- Држете го огнот или загреаните предмети подалеку од маснотиите и маслата кога готвите и пржите со нив.
- Не користете непокриени електрични решетки.
- Не употребувајте го апаратот како грејно тело.
- Не истурајте течности врз апаратот.
- Не користете лупи, двогледи или други слични уреди за да гледате директно кога се пали апаратот.
- Ако апаратот работи со други уреди, максимальниот создаден притисок не смее да надмине 4 паскали (4x10-5 bar).
2.4 Сервисирање
- За да го поправите апаратот, контактирајте со Овластениот сервисен центар. Користете само оригинални резервни делови.
- Во однос на светилите во внатрешноста на овој производ и резервните светилки што се продаваат посебно: Овие светилки се предвидени да издржат екстремни физички услови во апаратите за дома Kinство, како што се температура, вибрации, влажност или се предвидени за давање сигнали за работната состојба на апаратот. Тие не се предвидени да се користат за други
намени и не се погодни за осветлување простории во домот.
2.5 Отстранување

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Ризик од повреда или задушување.
- Контактирајте со вашите општински органи за да добиете информации за тоа како да се ослободите од апаратот.
- Исклучете го апаратот од напојувањето.
- Извадете го електричниот кабел блиску до апаратот и фрлете го.
1.2 Опште мере безбедности
- Обратите се општинским органима да бисте сазнали како да правилно одложите уређај у отпад.