Hippo - производи за бебиња Chipolino - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот Hippo Chipolino во PDF формат.
Прашања на корисниците за Hippo Chipolino
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот производи за бебиња во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник Hippo - Chipolino и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. Hippo на марката Chipolino.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК Hippo Chipolino
Музикалната играчка е сглобена и готова за употреба (фиг. 3с).
УПУТСТВА ЗА ОДРЖАВАЊЕ И НЕГУ
Ова играчка со бренд ChipoliNo е наменета за стимулирање на сетилата на новороденчиња и мали бебиња (0+) и има само забавни функции – преку различни мелодии, светла, проектор и вртелешка. Играчката не е наменета за игра или да се допира од бебето. Се монтира на детско креветче.
Играчката е произведена во согласност со барањата на Директивата 2009/48/E3 на Европскиот парламент и на Советот за безбедност на детските играчки. Изработена е од квалитетни и безбедни материјали.
ВНИМАНИЕ! Следете ги упатствата и препораките во ова упатство! Обратете особено внимание на предупредувањата за да го спречите ризикот од повреда или оштетување на детето и да ја обезбедите неговата безбедност.
СОВЕТИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ. ПРЕДУПРЕДУВАЊА!
ВНИМАНИЕ! ОВАА ИГРАЧКА ИМА ИСКЛУЧИВО ЗАБАВНА ФУНКЦИЈА И НЕ Е НАМЕНЕТА ЗА ИГРА! Таа служи за визуелна стимулација на новороденчиња и мали бебиња – преку нежни мелодии, светла и движење. Не дозволувајте бебето да ја допира играчката или деца да си играат со неа додека е монтирана на креветчето!
Распакувањето, составувањето и монтирањето на деловите мора да го изврши ислучиво возрасен, според прикажаните слики. Пред да ја користите играчката, проверете дали сите инструкции се точно следени. Играчката мора да биде целосно составена пред употреба!
Играчката е наменета исклучиво за домашна употреба.
Не додавајте други играчки, предмети или врвки, бидејки тоа може даја направи конструкцијата нестабилна и да предизвика пад на играчката врз детето.
✿ Не вршете монтажа, демонтажа или поправки додека детето е во креветчето!
Редовно проверувајте ја исправноста на сите делови, шавовите на плишаните елементи и стабилноста на прицврстувањето за да се избегне ризик од повреда поради пад или превртување на играчката. Не треба да има оштетени, истрошени делови, олабавени врски или пукнатини во структурата. Престанете со употреба и демонтирајте ја играчката ако откриете дефект. Поправете го проблемот и потоа повторно користете ја играчката според упатството.
✿ Безбедноста на играчката и користените материјали е потврдена со тестирања. Производителот гарантира безбедност во обликот во кој е испорачана на пазарот. Секоја измена на конструкцијата или непочитување на упатствата може да доведе до ризик за безбедноста на детето!
ПРЕДУПРЕДУВАЊА ПРИ УПОТРЕБА НА БАТЕРИИ
✿ Секогаш обезбедете го ку́киштето за батерии со капаче по нивното поставување.
Не дозволувајте децата да имаат пристап до батериите ниту да си играат со нив!
❖ Поставувајте само батерии од наведениот тип и напон.
Не користете батерии од различни типови.
Не мешајте нови со веке искористени батерии.
✿ Почитувајте ја назначената поларност во кујиштето.
Отстранете ги оштетените и испразнетите батерии.
Извадете ги батериите ако производот нема да се користи.
Не фрлајте батерии во орган. Батериите не треба да се демонтираат.
ВНИМАНИЕ! Истрошените батерии мора да се собираат одделно. Забрането е фрлање во мешан комунален отпад. Фрлајте ги само на соодветни места.

УПАТСТВА ЗА МОНТАЖА
1-2. МОНТИРАЊЕ НА СТОЈКА
- Спојте ги трите делови на столбот како што е прикажано на сликата.
- Одвртете го шрафот на долниот дел, поставете ја столбната конструкција на креветчето и затегнете ја.
ВНИМАНИЕ! Уверете се дека столбот е цврсто прицврстен.
3. МОНТИРАЊЕ НА МУЗИЧКА КУТИЈА – ПРОЕКТОР
Закачете ја музичката кутија на столбот (сл. 3a).
Закачете ги рацете со играчките на куката од кутијата (сл. 3b).
Играчката е подготвена за употреба (сл. 3с).
Забелешка: Проверете дали има батерии пред употреба.
4. ФУНКЦИИ
Функции: Bluetooth, мелодии, проектор, ротација и звуци на играчките.

![]() | Избор на приспивна песнаПритиснете го копчето еднаш за да преминете на следната мелодија. Ова копче е активно само кога функцијата за приспивна песна е включена. |
![]() | Проектор – се активира со кратко притискање на копчето.Bluetooth – се активира со подолго притискање на копчето. |
![]() | Регулација на звук – во 5 нивоа.Притиснете го копчето за да ја зголемите јачината на звукот. Фабрички е поставено на средно ниво. |
![]() | ВКЛ./ИСКЛ. на приспивна песнаПритиснете го копчето за да ја включите или исклучите мелодијата. |
![]() | ВКЛ./ИСКЛ. на ротацијаПритиснете го копчето за да ја включите или исклучите ротацијата на играчката. |
5. БАТЕРИИ
За да ги користите функциите на играчката, потребно е да внесете батерии:
- Одвртете го шрафот на капачето од кукиштето за батерии со шрафцигер и тргнете го капачето.
- Ставете 3 батерии тип AAA/1,5V, почитувајки ја означената поларност.
Забелешка: Батериите не се включени во пакетот.
- Вратете го капачето и затегнете го шрафот за да го обезбедите кукиштето.
a) Капаче на кукиштето за батерии (не є прикажано на слика)
b) Шраф (не е прикажан на слика)
с) Ку́киште за батерии
Потребни батерии:
3 парчиња AAA / 1,5V
❖ Ако забележите олабавени врски, скршени или оштетени делови на играчката, поправете го дефектот пред повторна употреба.
Не ја чувајте играчката подолг период на влажни места, во близина на извори на топлина или под директна сончева светлина.
Не користете средства за чистење кои содржат абразивни честички или агресивни супстанции како ацетон, амонијак, белило или алкохол.
✿ Плишаните играчки може да се перат рачно со млака вода и детергент за бебешка облека. Не перејте во машина! Осигурете се дека целосно сте го исплакнале детергентот пред да ги оставите играчките да се сушат!




