LG 24U421A - Монитор

24U421A - Монитор LG - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот 24U421A LG во PDF формат.

📄 168 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање 11 прашања ⚙️ Спецификации
Notice LG 24U421A - page 84
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.
Тип на производ LCD монитор
Големина на екранот 24 инчи (проценка)
Резолуција 1920 x 1080 (FHD, проценка)
Напојување Испорачан адаптер за напојување, 100-240 V
Потрошувачка во активен режим Околу 25 W (проценка)
Потрошувачка во мирување Помалку од 0,5 W (проценка)
Димензии (без ногарка) 55 x 33 x 5 cm (проценка)
Тежина (без ногарка) 3,5 kg (проценка)
Режими за заштеда на енергија Вклучен режим, режим на мирување, исклучен режим (DPMS)
DDC протокол DDC1/DDC2B, DDC2AB/DDC2B+/DDC2Bi, E-DDC
Материјал на рамката Сјаен (според моделот)
Препорачано чистење Мека крпа малку влажна, не користете хемикалии
Мерки на претпазливост при инсталација Избегнувајте влажност, извори на топлина и наклонети површини
Електрична безбедност Користете го само испорачаниот кабел, не отворајте го куќиштето
Поправка Контактирајте квалификуван техничар, не обидувајте се сами да го поправате

Frequently Asked Questions - 24U421A LG

Каков тип на кабел за напојување да се користи?
Користете го само кабелот за напојување што е испорачан со уредот или кабел што е во согласност со стандардите на вашата земја. Во случај на сомнеж, контактирајте го производителот или овластена служба.
Како да го исчистам екранот на мониторот?
Прво исклучете го мониторот. Користете мека крпа малку влажна (само вода). Никогаш не користете аеросол, хемикалии како бензен или алкохол, и не прскајте течност директно на екранот.
Дали е нормално што екранот испушта звуци на кликање?
Да, нормално е некои монитори да испуштаат повремени звуци при вклучување, исклучување или при промена на видео режим. Ако звуците се континуирани, контактирајте техничар.
Што да направам ако мониторот не се вклучува?
Проверете дали кабелот за напојување е правилно вклучен и дали ѕидната приклучница работи. Ако проблемот продолжи, контактирајте овластен сервис.
Како да го активирам режимот за заштеда на енергија?
Мониторот го поддржува VESA DPMS протоколот. Кога е поврзан со компатибилен компјутер, автоматски преминува во режим на мирување или исклучување според поставките за напојување на компјутерот.
Може ли сам да го поправам мониторот?
Не, никогаш не отворајте го мониторот бидејќи содржи опасни високи напони. Оставете ја поправката на квалификуван техничар.
Кои мерки на претпазливост да се преземат за да се избегне задржување на слика?
Избегнувајте прикажување на статична слика подолг временски период. Користете чувар на екран и исклучете го екранот кога не го користите. Гаранцијата не покрива задржување на сликата.
Како безбедно да го инсталирам мониторот?
Поставете го мониторот на стабилна и рамна површина, подалеку од извори на топлина и влажност. Не блокирајте ги вентилационите отвори. Користете ги само препорачаните држачи.
Што да направам за време на невреме?
Не допирајте го кабелот за напојување ниту сигналниот кабел за време на невреме. Тоа може да предизвика електричен удар.
Каде да го најдам целосното упатство?
Целосното упатство е достапно во PDF формат на сајтот notice-facile.com. Може да го преземете бесплатно или да побарате превод по е-пошта.

Прашања на корисниците за 24U421A LG

1 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Може ли LG 24U421A мониторот да се наклонува?
Често Поставувани Прашања - 21/05/2026
Одговор Notice-Facile

Да, LG 24U421A мониторот може да се наклонува. Регулирачката нога нуди променлив агол на наклон помеѓу -5° и 20°, овозможувајќи прилагодување напред/назад според вашите потреби за оптимизирање на вашата визуелна удобност.

За да го прилагодите наклонот:

  • Поставете го мониторот на неговата поддршка во вертикална позиција
  • Држете го мониторот од страните (не допирајте го екранот)
  • Наклонете го екранот напред (до 20°) или назад (до -5°) според вашата работна позиција

Други способности за прилагодување на ногата:

  • Прилагодување на висината на базата
  • Функција за ротација или свртување (погледнете ги упатствата на ногата за специфични детали)

Важно: Избегнувајте да го допирате екранот за време на прилагодувањето на аголот за да не го оштетите LCD панелот. Не принудувајте ги механизмите за прилагодување.

Одговори (биди прв)

Преземете ги упатствата за вашиот Монитор во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник 24U421A - LG и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. 24U421A на марката LG.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК 24U421A LG

Овој уред е конструиран и произведен за да ја осигури вашата лична безбедност, но сепак, неправилната употреба може да предизвика потенцијален електричен удар или опасност од пожар. Со цел да се обезбеди правилно функционирање на сите мерки на заштита вградени во овој екран, придржувајте се кон следните основни правила за неговото инсталирање, употреба и сервисирање. Сите мерки на претпазливост и безбедносни информации се однесуваат на моделите LCD и OLED.

Околу безбедноста

Користете го само кабелот за напојување кој е испорачан со уредот. Доколку користите друг кабел за напојување кој не е обезбеден од страна на добавувачот, проверете дали има сертификат за применливите меѓународни стандарди. Доколку кабелот за напојување е оштетен на кој било начин, ве молиме обратете се до производителот или најблискиот овластен сервис за поправки за да го замените.

Спојницата на апаратот се користи како уред за исклучување. Ве молиме осигурајте се дека уредот е инсталиран во близина на штекерот на сидот во кој е приключен и дека до штекерот има лесен пристап.

Екранот приклучувајте го единствено на извор на електрична енергија како што е назначено во спецификациите на ова упатство или на екранот. Ако не сте сигурни каков тип на напојување имате во вашиот дом, обратете се до вашиот продавач.

Преоптоварените приклучоци за струја и продолжителните кабли се опасни. Истото важи и за оштетените кабли за напојување и приклучоци. Ова може да предизвика опасност од електричен удар или пожар. Обратете се до вашиот сервисер за замена.

Сё додека уредот е поврзан на сиден штекер на наизменична струја, тој е поврзан на извор на напојување и покрај тоа што можеби е ислучен.

Не отворајте го екранот:

  • Внатре нема делови кои можат да се поправаат од корисниците.
  • Постои опасност од висок напон, дури и кога напојувањето е ИСКЛУЧЕНО.
  • Доколку екранот не работи правилно обратете се кај вашиот продавач.

За да се избегне лична повреда:

  • Не поставувајте го екранот на закосена полица освен во случај кога тој е правилно обезбеден.
  • Користете единствено држач кој е препорачан од производителот.
  • Не испуштајте предмети врз производот и не применувајте сила врз истиот. Не фрлајте играчки или предмети кон екранот.
    Притоа може да дојде до повреда на луғето, проблеми со производот и оштетување на екранот.

За да се спречи пожар и други опасности:

  • Секогаш кога подолго ње ја напуштите собата ИСКЛУЧЕТЕ го екранот. Никогаш не оставајте го екранот ВКЛУЧЕН кога го напуштате домот.
  • Не дозволувајте деца да испуштаат предмети врз екранот или да туркаат предмети во отворите на куќиштето. Некои внатрешни делови се под висок напон.
  • Не користете додатоци кои не се дизајнирани за овој екран.
  • Кога екранот треба да го оставите без надзор подолго време, исключете го од сидниот штекер.
  • При појава на громови и молњи, никогаш не допирајте ги каблите за напојување и сигнал бидејки тоа може да биде многу опасно. Тоа може да предизвика електричен удар.

Околу инсталирањето

Не смеете ништо да поставувате врз кабелот за напојување или да го оставате производот на места на кои е можно оштетување на кабелот.

Немојте да го поставувате екранот во близина на вода како на пример, блиску до када, мијалник, перална, влажен подрум или во близина на базен.

Екраните имаат отвори за вентилација на кукиштето кои овозможуваат да се ослободи топлината која се создава при нивното работење. Доколку отворите се блокирани, акумулираната топлина може да предизвика оштетувања кои може да доведат до опасност од пожар.

  • Не блокирајте ги отворите за вантилација со поставување на екранот на кревет, софа, килим, итн.
  • Не поставувајте го екранот во затворени елементи за вградување, освен кога е обезбедена правилна вентилација.
  • Не покривајте ги отворите со ткаенина или друг материјал.
  • Не поставувајте го екранот во близина на радијатор или друг извор на топлина.

Немојте да го триете или удирате LCD екранот со активна матрица со цврсти предмети бидејки тоа може да предизвика гребење и трајно оштетување на LCD екранот со активна матрица.

Немојте да притискате на LCD екранот со прстот подолго време бидејки ова може да предизвика оштетување на сликата. Може да се појават дефекти на точките во облик на црвени, зелени или сини точки на екранот.

Сепак, ова нема да влијае врз перформансите на екранот.

Доколку е можно, користете ја препорачаната резолуција за да добиете најдобар квалитет на сликата на LCD екранот. Доколку екранот се користи во режим со резолуција која отстапува од препорачаната, може да се појави слика со прилагодена големина или преработена слика. Ова сепак е характеристика на LCD екраните со фиксна резолуција.

Долготрајното прикажување на неподвижна слика на мониторот може да предизвика појава на врежана слика или дамки на екранот од мониторот. За да го избегнете овој проблем, користете заштитник на екран и ислучувајте го производот кога не се употребува. Трајно врежаната слика или дамките кои се предизвикани со долготрајно користење не се опфатени со гаранцијата на овој производ.

Не удирајте и не гребете ги предниот и страничните делови од екранот со метални предмети.

Во спротивен случај, може да дојде до оштетување на екранот.

За поместување на производот поставете го апаратот со панелот кон напред и држете го со двете раце. Ако го испуштите производот, оштетениот производ може да предизвика струен удар или пожар. За поправка обратете се до овластениот сервисен центар. Избегнувајте високи температури и голема влажност.

Не инсталирајте го овој производ на сид, доколку таму може да се изложи на масло или масни честички.

- Тоа може да предизвика оштетување и пагање на производот.

За дисплеи со светнати ринги корисникот треба да размисла за поставување на екран, затоа што ринга може да предизвика вознемирувачки одблесоци од околните светлини и светли површини.

Немојте да користите производи кои користат висок напон во близина на мониторот.

- Мониторот може да не работи исправно како последица на струен удар.

Мерки на претпазливост за АС адаптерот и напојувањето

Доколку во производот (телевизор, монитор, кабел за напојување или АС адаптер) влезе вода или некаква надворешна супстанца, веднаш откачете го кабелот за напојување и контакрајте со сервисниот центар.

- Во спротивно, ова може да доведе до пожар или електричен удар поради оштетувањето на производот.

Не допирајте го струјниот кабел или АС адаптерот со влажни раце. Доколку приклучоците на електричниот кабел се влажни или прашливи, избришете ги и исушете ги пред употреба.

  • Во спротивно, ова може да предизвика пожар или електричен удар.
    Проверете дали целосно сте го вметнале кабелот за напојување во АС адаптерот.
  • Доколку не е довольно добро прицврстен, слабото поврзување може да предизвика пожар или електричен удар.
    Внимавајте да користите кабли за напојување и АС адаптери овозможени или одобрени од страна на LG Electronics, Inc.

  • Користењето на неодобрени производи може да предизвика пожар или електричен удар.
    Кога го откачувате кабелот за напојување, влечете го за приклучокот. Не превиткувајте го кабелот за напојување користејки прекумерна сила.

- Може да се оштети жицата за струја, што може да предизвика електричен удар или пожар.

Внимавајте да не го згазнете или да не поставувате тешки предмети (електронски уреди, облека итн.) на кабелот за напојување или на АС адаптерот. Внимавајте да не го оштетите кабелот за напојување или АС адаптерот со остри предмети.

  • Оштетените кабли за напојување може да предизвикаат пожар или електричен удар.
    Немојте да го расклопувате, поправате или менувате кабелот за напојување или АС адаптерот.

- Ова може да предизвика пожар или електричен удар.

Внимавајте штекерот, АС адаптерот и приклучоците на електричниот кабел да не содржат прашина и надворешни супстанци.

- Ова може да предизвика пожар.

Околу чистењето

  • Пред чистење на предната страна од екранот, исключете го екранот од штекер.
  • Користете малку навлажнета (не водена) крпа. Не користете аеросол директно на екранот бидејки прекумерното прскање може да предизвика електричен удар.
  • При чистење на производот, исключете го струјниот кабел и исчистете со мека ткаенина за да не дојде до гребење. Не чистете со важна ткаенина и не прскајте вода и други течности директно на производот. Може да дојде до електричен удар. (Немојте да користите хемиски средства како бензол, разредувач на боја или алкохол.)
  • Испрскајте мека крпа 2 до 4 пати со вода, и со неа исчистете ја предната рамка; бришете само во една насока. Премногу влага може да предизвика појава на дамки.

LG 24U421A - Околу чистењето - 1

flowchart
graph LR
    A["ВОДА"] --> B["注射液"]
    B --> C["检测仪"]
    C --> D["设备放置"]
    D --> E["检测仪"]
    E --> F["XЕМИКАЛИ"]
    F --> G["↑"]
    G --> H["↓"]
    H --> I["返回设备"]

Околу повторното пакување

- Не фрлајте ги картоните и материјалот за пакување. Тие се идеално пакување за пренесување на уредот. При преместување на друга локација, повторно спакувајте го уредот во оригиналната амбалажа.

BELANGRIJKE VOORZORGSMAATREGELEN

Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : LG

Модел : 24U421A

Категорија : Монитор