HUAWEI P Smart 2021 - смартфон

P Smart 2021 - смартфон HUAWEI - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот P Smart 2021 HUAWEI во PDF формат.

📄 215 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање
Notice HUAWEI P Smart 2021 - page 175
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.

Прашања на корисниците за P Smart 2021 HUAWEI

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот смартфон во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник P Smart 2021 - HUAWEI и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. P Smart 2021 на марката HUAWEI.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК P Smart 2021 HUAWEI

Запознајте го уредот

Пред да го користите уредот, запознајте се со неговите основни операции.

•За да го включите уредот, притиснете го и задржете го копчето за вклучување/исклучување додека не се вклучи екранот.
•За да го исключите уредот, притиснете го и задржете го копчето за вклучување/исклучување, па допрете (!)
•За да го престартувате уредот, притиснете го и задржете го копчето за вклучување/исклучување, па допрете

•Притиснете го и задржете го копчето за вклучување/исклучување подолго од 10 секунди за принудно престартување на уредот.

HUAWEI P Smart 2021 - Запознајте го уредот - 1

1Копче за јачина на звук2Копче за вклучување/ислучување / Сензор за отпечаток од прст
3Порта за USB од тип C4Приклучок за слушалки
5Отвор за картичка

•Проверете ја претходно инсталираната апликација Совети и совладајте ги сите одлични характеристики на уредот.

Да почнеме

HUAWEI P Smart 2021 - Да почнеме - 1

•Внимавајте да не го изгребете уредот или да не се повредите кога ја користите игличката за вадење.
•Чувајте ја игличката за вадење подалеку од дофат на деца за да спречите случајно голтање или повреда.
- Не користете исечени или изменети SIM-kapтички или картички microSD со уредот затоа што може да не бидат препознаени и да го оштетат лежиштето (отворот) за картичка.
•Ако SIM-картичката не одговара на уредот, контакрајте со операторот.

Следете ги упатствата на следните слики за да го поставите уредот. Користете ја приложената игличка за вадење.

Уверете се дека картичката е правилно порамнета и дека лежиштето за картичка е рамно кога го ставате во уредот.

HUAWEI P Smart 2021 - Да почнеме - 2

text_image 1

HUAWEI P Smart 2021 - Да почнеме - 3

text_image nano-SIM 2 microSD nano-SIM 1

Управување со две SIM- картички

Вашиот уред поддржува две SIM-картички со двојна опција за мирување. Изберете ја стандардната картичка за мобилни податоци и стандардната картичка за повици. За подетални информации, погледнете ја претходно инсталираната апликација Совети.

HUAWEI P Smart 2021 - Управување со две SIM- картички - 1

- Услугата за 4G зависи од поддршката на вашиот мрежен оператор и достатноста на релевантни услуги. Контактирајте со операторот за да ја активирате услугата за 4G.

- Услугата за 4G може да не е достатна во одредени области поради мрежна интерференција.

•Ако ова упатство не е доследно со описот на официјалната веб-локација, предност їе има официјалната веб-локација.

За повеće информации

Ако се појават проблеми додека го користите уредот, може да побарате помош од следниве ресурси:

  • Посетете https://consumer.huawei.com/en за да ги погледнете информациите за уредот, често поставуваните прашања, како и други информации.
  • Посетете https://consumer.huawei.com/en/support за најновите информации за контакт за вашата земја или регион.
  • Одете до Нагодување и внесете ги следниве клучни зборови во полето за пребарување за да ги прегледате соодветните информации. На пример, Правни информации, Информации за безбедност, Информации за автентикација, Логоа за сертификација.

Безбедносни информации

Внимателно прочитајте ги сите информации за безбедноста пред да го користите уредот за да бидете сигурни дека работи безбедно и правилно и да научите како правилно да го фрлите уредот.

Работа и безбедност

HUAWEI P Smart 2021 - Работа и безбедност - 1

- За да спречите евентуално оштетување на слухот, не слушајте многу гласно долг период.

•Користењето неодобрен или несоодветен адаптер за струја, полнач или батерија може да го оштети уредот, да го намали животниот век или да предизвика пожар, експлозија или друга опасност.

- Идеални работни температури се од 0 °C до 35 °C. Идеални температури за складирање се од -20 °C до +45 °C.

•Производителите на пејсмејкери препорачуваат да се одржува најмало растојание од 15 см меѓу уредот и пејсмејкерот за да се спречат потенцијални пречки на пејсмејкерот. Ако користите пејсмејкер, користете го уредот од спротивната страна на пејсмејкерот и не го носете уредот во предниот щеб.

•Чувајте ги уредот и батеријата подалеку од прекумерна топлина и директна сончева светлина. Не поставувајте ги на или во уреди за затоплување, како што се микробранови печки, шпорети или радијатори.

- Почитувајте ги локалните закони и прописи кога го користите уредот. За да го намалите ризикот од незгоди, не го користете безжичниот уред додека возите.

•Додека летате во авион или непосредно пред качувањето, користете го уредот според дадените упатства. Користењето безжичен уред во авион може да им пречи на безжичните мрежи, да претставува опасност за работата на авионот или да биде незаконски.

•За да избегнете оштетување на внатрешните електрични кола на уредот или полначот, не користете го во прашлива, влажна или нечиста околина или во близина на магнетно поле.

•Кога го полните уредот, уверете се дека адаптерот за струја е включен во штекерот во близина на уредот и дека е лесно достапен.

-Исклучете ги полначот од штекерот и од уредот кога не го користите.

- Не користете го, не складирајте го и не пренесувајте го уредот на места каде што се складираат запаливи материјали или експлозиви (на бензинска пумпа, склад за нафта или хемиски погон, на пример). Користењето на уредот во таква средина го зголемува ризикот од експлозија или пожар.

•Чувајте ја батеријата подалеку од орган и не расклопувајте ја, не изменувајте ја, не фрлајте ја и не гмечете ја. Не ставајте туғи тела во неа, не

потопувајте ја во вода или други течности и не изложувајте ја на надворешна сила или притисок бидејки тоа може да предизвика истекување, прегревање и запалување на батеријата, па дури и пожар.

•Фрлете ги уредот, батеријата и додатоците според локалните прописи. Не треба да се фрлаат во нормалниот отпад од дома Kinствата. Неправилното користење на батериите може да предизвика пожар, експлозија или други опасности.
•Овој уред содржи вградена батерија. Не обидувајте се да ја замените батеријата сами. Во спротивно, уредот може да не работи правилно или може да се оштети батеријата. За ваша безбедност и за да се обезбеди правилна работа на уредот, се препорачува да контактирате со овластен сервисен центар на Huawei за да ја изврши замената.

Симболот на производот, батеријата, литературата или амбалажата значат дека производите и батериите треба да се однесат во посебни места за собирање отпад одредени од локалните власти по крајот на работниот век. На тој начин ќе се обезбеди дека отпадот од електричната и електронската опрема ќе се рециклира и ќе се третира на начин што ги зачувува вредните материјали и го заштитува здравјето на лугето и околината.

За повеće информации, контактирајте со локалните власти, продавачот или службата за фрлање на отпадот од дома Kinствата или посетете ја веблокацијата https://consumer.huawei.com/en/.

Намалување на опасни супстанции

Уредот и неговите електронски додатоци се во согласност со применливите локални правила за ограничување на употребата на одредени штетни супстанции во електрична и електронска опрема, како што се регулативата EU REACH и директивите RoHS и Батерии (каде што се включени) и др. За изјави за сообразност за REACH и RoHS, посетете ја нашата веб-локација https://consumer.huawei.com/certification.

Светската здравствена организација објави дека изложеноста може да се намали преку ограничување на вашето користење или едноставно со користење на комплет за користење на уредот без раце за да биде уредот подалеку од главата и од телото.

Внимавајте дополнителната опрема на уредот, како што се кутијата и футболата, да не е направена од метални делови. Држете го уредот подалеку од телото за да го исполните барањето за оддалеченост.

За земји што го прифатиле ограничувањето за SAR од 2,0 W/kg над 10 грама ткиво.

Уредот ги исполнува спецификациите за RF кога се користи во близина на увото или на растојание од 0,50 см од телото. Највисока пријавена вредност на SAR: SAR на глава: 0,85 W/kg; SAR на тело: 1,15 W/kg.

Усогласеност со прописите на ЕУ

Изјава

Со овој документ, Huawei Device Co., Ltd. изјавува дека овој уред PPA-LX2 е во согласност со следниве Директиви: RED 2014/53/EY, RoHS 2011/65/EY, ErP 2009/125/E3.

Целиот текст на Декларацијата за усогласеност за ЕУ, деталните информации за ErP и најновите информации за додатоци и софтвер се достапни на следнава интернет-адреса:

Овој уред може да се користи во сите земји-членки на ЕУ.

Почитувајте ги националните и локалните прописи каде што се користи уредот.

Овој уред може да биде ограничен за употреба, во зависимост од локалната мрежа.

Фреквенциски опсези и мокност

Номиналните ограничувања на фреквенциските опсези и енергијата што се пренесува (се зрачи и/или се емитува) применливи за оваа радио опрема се како што следи:

PPA-LX2 GSM900: 35.5dBm, GSM1800: 32.5dBm,WCDMA900/2100: 25.7dBm, LTE Band1/3/7/8/20/28/38/40: 25.7dBm, Wi-Fi 2.4G:20dBm, Bluetooth: 13dBm

Правна напомена

Трговски марки и дозволи

Android e трговска марка на Google LLC.

LTE е трговска марка на ETSI.

Зборот-марка и логоата Bluetooth® се регистрирани трговски марки во сопственост на Bluetooth SIG, Inc. и секоја употреба на таквите марки од страна на Huawei Technologies Co., Ltd. е со лиценца. Huawei Device Co., Ltd. е подружница на Huawei Technologies Co., Ltd.

Wi-Fi ^® , логото Wi-Fi CERTIFIED и логото Wi-Fi се трговски марки на Wi-Fi Alliance.

Авторски права © Huawei 2020. Сите права се задржани.

За да разберете подобро како ги штитиме вашите лични информации, погледнете ја Политиката за приватност на

Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : HUAWEI

Модел : P Smart 2021

Категорија : смартфон