CHP5554W - кујнски робот BEKO - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот CHP5554W BEKO во PDF формат.
Прашања на корисниците за CHP5554W BEKO
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот кујнски робот во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник CHP5554W - BEKO и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. CHP5554W на марката BEKO.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК CHP5554W BEKO
Ве молиме прво прочитајте го ова упатство!
Почитуван клиенту,
Ви благодариме што го избравте овој уред на Веко. Очекуваме да ги добиете најдобрите резултати со нашиот уред којшто е произведен со висококвалитетна и врвна технологија. Затоа, внимателно прочитајте ги целото упатство и целата друга придружна документација пред да го користите производот и зачувајте го за идни осврти. Ако го предадете уредот на други, дајте им го и прирачникот за употреба.
Следните символи се користат низ разните поглавја на ова упатство:

Важни информации и корисни совети за употребата.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Предупредувања за опасни ситуации во однос на безбедноста по животот и имотот.

Одговара за контакт со храна.

Не го потопувајте уредот во вода.

Класа на заштита од струен удар.

Овој производ е произведен во еколошка и технолошки врвна постројка.
1
Важни упатства за безбедноста и животната средина
Ова поглавје содржи безбедносни упатства што ње ви помогнат да се заштитите од лична повреда или материјална штета.
Ако не ги следите овие упатства, гаранцијата ке престане да важи.
1.1 Општа безбедност
- Овој уред е усогласен со интернационалните безбедносни стандарди.
- Производот може да го користат лица со намален физички, сетилен или ментален капацитет или оние што немаат довольно познавање и искусство, само ако се под надзор или ги разбираат упатствата во однос на безбедна употреба, ако се обучат соодветно и ако ги разбираат потенцијалните опасности од употребата на производот.
- Децата не треба да си играат со уредот. Чистењето и одржувањето не треба да се изведува од деца.
- Овој уред не може да биде употребуван од деца.
1
Важни упатства за безбедноста и животната средина
- Држете го уредот и кабелот за струја понастрана од деца.
- Не го употребувајте доколку кабелот за струја, сечилата или самиот уред е оштетен. Исконтактирајте авторизиран сервисер.
- Употребувајте само оригинални делови или делови препорачани од производителот.
- Не се обидувајте да го расклопувате уредот.
- Вашиот напон во домот треба да биде во согласност со информациите што се наогаат на плочката на уредот.
- Не го употребувајте уредот со продолжен кабел.
- Не го влечете кабелот кога го исклучувате уредот од струја.
- Исклучете го од струја уредот кога не го употребувате и почекајте целосно да сопре кога ги ставате/отстранувате додатоците или пред чистењето.
- Не го допирајте кабелот на уредот со влажни или мокри раце.
1
Важни упатства за безбедноста и животната средина
- Не го употребувајте уредот со топла храна.
- За да спречите прегревање, не го употребувајте уредот постојано повеće од 10 секунди.
Оставете го да се олади 1 минута помеѓу секои 10 секунди блендирање. - Употребувајте го уредот само со доставената основа и собирник.
- Не работете со производот доколку нема сostoјки во садот.
- Отстранете ги коските и каменчињата од храната за да спречите оштетување на сечилата и уредот.
- Овој уред не одговара за сува и тврда храна, бидејки така лесно ње отапат сечилата.
- Следете ги сите предупредувања за да спречите повреди поради неправилна употреба.
1
Важни упатства за безбедноста и животната средина
- Кога го празните собирникот, кога го чистите или ги фаćате сечилата со голи прсти, може да претрпите сериозни повреди поради неправилна употреба. Употребувајте го пластичниот дел кога се обидувате да го фатите сечкалото.
- По чистењето оставете уредот и сите делови да се исушат пред да ги прикачите назад и включите повторно во струја.
- Не го потопувајте уредот, кабелот или приклучокот за струја во вода или други течности.
- Не работете со уредот и не го оставајте ниту неговите делови врз или близу топли површини.
•Доколку го чувате пакувањето, држете го понастрана од деца.
1
Важни упатства за безбедноста и животната средина
1.2 Усогласеност со директивата за WEEE за фрлање на производот:
Овој производ е усогласен со директивата на ЕУ за WEEE (2012/19/EU). Овој производ го носи символот за класификација за начинот на фрлање на електрична и електронска опрема (WEEE).

Овој производ е произведен со висококвалитетни делови и материјали коишто може повторно да се користат и се соодветни за рециклирање. Не фрлајте го производот со нормалниот домашен и друг отпад кога нема повеće да го користите. Однесете го во собирен центар за рециклирање на електрична и електронска опрема. Консултирајте ги локалните надлежни тела за да дознаете каде се овие собирни центри.
1.3 Усогласеност со директивата за ризик од опасни материи
Производот што го купивте е усогласен со директивата на ЕУ за ризик од опасни материи (2011/65/EU). Не користи штетни и забранети материјали коишто се посочени во директивата.
1
Важни упатства за безбедноста и животната средина
1.4 Информации за пакувањето

Материјалите за пакувањето на производот се изработени од рециклирачки материјали во согласност со нашите национални регулативи за животна средина. Не фрлајте го материјалот од пакувањето заедно со домашниот или друг отпад. Однесете го во центар за собирање материјал од пакување што го посочува локалното надлежно тело.
1.5 Работи што можете да ги направите за да заштедите струја
Следете ги времињата препорачани за време на употребата што се наогаат во прирачникот. Исклучете го уредот од струја по употребата.
2 Вашата дробилка
2.1 Преглед

text_image
1 2 3 4 5- Тело на мотор/работна единица
- Среден капак
- Пластичен собирник
- Горно сечило
- Долно сечило
2.2 Технички податоци
Напон:
220-240 V \~, 50/60 Hz
Мо́кност: 550 W
Правата за технички и дизајнерски промени се задржани.
Вредностите што се наведени со ознаките што се видливи на вашиот апарат или во други испечатени документи доставени со него претставуваат вредности добиени лабораториски во согласност со релевантните стандарди. Овие вредности може да варираат според искористеноста на апаратот и околните услови.
3 Употреба
3.1 Наменета употреба
Овој уред е наменет само за домашна употреба; не одговара за професионална употреба.
Дизајниран е само за сечкање мали количества цврста храна.
3.2 Првична употреба
Исчистете ги деловите на уредот пред првичната употреба (види 4.1).
3.3 Работа
- Ставете го уредот на тврда и рамна површина.
- Отстранете го телото на моторот/работната единица и (1) средниот капак (2) од пластичниот собирник.
-
Ставете го долното сечило (5) на пластичниот собирник (3) со негово држење на пластичната страна и потоа ставете го горното сечило (4) на фиксираното вратило на долното сечило.
-
Ставете ги сostoјките што сакате да ги подготвите во пластичниот собирник (3) (види. 3.4).
-
Откако ке го ставите средниот капак (2) врз пластичниот собирник (3) на начин на кој гумениот дихтунг ке биде насочен надолу, ставете го телото на моторот/работната единица и (1) одозгора.

Предупредување:
Гледајте средниот капак (2) да биде целосно вметнат во пластичниот собирник (2). Инаку, телото на моторот/работната единица (1) нема да биде безбедно поставено и уредот нема да почне со работа.
- Включете го апаратот во струја.
- Притискајте ја работната единица според времетраењето на процесирањето (види 3.4).
3 Употреба

Секое притискање на телото на моторот/работната единица (1) кое трае 1 до 2 секунди претставува едно „ВРТЕЊЕ“. „ВРТЕЊЕ“ („ПУЛС“) е функција. Благодарение на оваа функција, вие добивате подобри резултати во блендирањето.

Предупредување: Притискајте ја работната единица 10 секунди максимум според типот на храна што сакате да ја процесирате. Потоа почекајте 1 минута пред повторно да работи уредот.

Кратки испрекинати притискања од по 1 секунда се доволни за меката храна како кромид или магдонос.
- Кога процесот е завршен, исключете го уредот од струја и чекајте целосно да запре.
- Отстранете го телото на моторот/работната единица (1) и потоа и средниот капак (2).
- Отстранете го сечилото за блендирање (4) од пластичниот собирник (3) со што їе го истргнете од пластичниот дел.
- Извадете ја испроцесираната храна од пластичниот собирник (3).
3 Употреба
3.4 Максимални
количество и
времетраење на
ПОДГОТОВКИ
| Состојки Макс. количество Време на процесирање | ||
| Немасно месо (сечкано) | 100-150 g 10-20 вртења | |
| Сирење (сечкано) 100-150 | g 5-10 вртења | |
| Кромид/лук (излупен и исечкан на 8 парчиња) | 150-200 g 5-10 вртења | |
| Домат (исечкан на 6 парчиња) | 250-300 g 10-20 вртења | |
| Овошје/зеленчук (исечкано на 8 парчиња) | 250-300 g 5-15 вртења | |
4 Чистење и одржување
4.1 Чистење
- Исклучете го од струја пред чистењето.
- Чекајте сечилото за блендирање (4) да застане целосно.
- Употребете малку влажна крпа за да ја исчистите надворешноста на телото на моторот/работната единица (1).

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Никогаш не употребувајте бензин, растворувачи и абразивни агенси за чистење или тврди четки кога го чистите уредот.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Бидете внимателни кога го чистите сечилото за блендирање (4-5) бидејки е остро. Не се препорачува да го миете во машина за садови.

Пластичен собирник (3) и средниот капак (2) може да се мијат во машина за садови на горната полица.
-
Можете да го отстраните гумениот дихтунг што се наога на долниот дел од средниот капак (2) и измијте го со малку детергент и млака вода. По миењето, вратете го целосно на своето место.
-
Исушете ги сите делови на уредот по чистењето.
4.2 Чување
- Доколку немате намера да го користите уредот подолго време, складирајте го внимателно.
- Исклучете го уредот од струја пред да го подигате него или кабелот.
- Чувајте го уредот на ладно и суво место.
- Држете го уредот понастрана од деца.
4 Чистење и одржување
4.3 Ракување и транспорт
- За време на ракувањето со уредот и неговото транспортирање, носете го во неговото оригинално пакување. Пакувањето го заштитува од секакви физички оштетувања.
- Не ставајте тешки работи врз уредот или врз пакувањето. Може да се оштети.
- Доколку ви падне на земја може да престане да работи или да биде трајно оштетен.