RFSA240M41SN - замрзнувач BEKO - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот RFSA240M41SN BEKO во PDF формат.
| Вид на производ | Вертикален замрзнувач |
| Марка | Beko |
| Модел | RFSA240M41SN |
| Ладилно средство | R600a (изобутан, запалив) |
| Напон на напојување | 220-240 V ~ 50 Hz |
| Климатска класа | SN-T (од -15°C до +43°C) |
| Функција за брзо замрзнување | Да, рачна активација со копче (макс. 50 часа) |
| Минимална температура | Пониска од -18°C |
| Одмрзнување | Рачно, се препорачува најмалку 2 пати годишно |
| Производство на мраз | Да, со приложени тацни за мраз |
| Прилагодливи ногарки | Да, 2 предни ногарки |
| Превртлива врата | Да, со упатства за преместување |
| Внатрешно чистење | Топла вода и сода бикарбона |
| Одржување на кондензатор | Годишно чистење со правосмукалка |
| Безбедност | Не оштетувајте го ладилниот круг; не користете електрични апарати внатре |
| Резервни делови | Достапни 10 години по купувањето |
| Енергетска класа | А (според енергетската етикета) |
Често поставувани прашања - RFSA240M41SN BEKO
Прашања на корисниците за RFSA240M41SN BEKO
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот замрзнувач во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник RFSA240M41SN - BEKO и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. RFSA240M41SN на марката BEKO.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК RFSA240M41SN BEKO
Вертикален замрзнувач / Упатство за употреба
Вертикален замрзнувач / Упатство за употреба
Со цел да се обезбеди нормално функционирање на уредот, кој користи целосно еколошки разладувач (фреон) R600а (запалив само под одредени услови), морате да се придржувате кон следните правила:
Немојте да ја попречувате слободната циркулација на воздухот околу уредот. Немојте да употребувате механички предмети за да го забрзате процесот на одмрзнување. Користете ги само оние кои се препорачани од производителот. Немојте да го оштетувате разладното коло. Не употребувајте електрични апарати внатре во уредот. Користете ги само оние кои се препорачани од производителот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
За да обезбедите нормално работење на вашиот фрижидер кој користи еколошки безбедно средство за ладење R600a (запаливо), потребно е да се придржувате до следниве правила:
Ne ometajte slobodnu cirkulaciju zraka oko aparata. Ne koristite mehaničke sprave za ubrzanje odleđivanja, osim po preporuci proizvođača. Ne oštećujte cirkulacioni sistem. Ne unosite električne sprave u odjeljke za pohranu namirnica osim po preporuci proizvođača.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Kako bi se osigurao normalan rad vašeg zamrzivača koji koristi kompletno ekološki prihvatljivo rashladno sredstvo R600a (zapaljivo samo pod određenim uvjetima), trebate se pridržavati slijedećih pravila:
Електрично приклучување / 39
Упатство за транспорт / 39
Упатство за инсталација / 40
Подесување на температурата / 40
Пред употреба / 40
Функција за брзо замрзнување / 41
Сместување на замрзната храна / 41
Замрзнување на свежа храна / 42
Правење на коцки мраз / 42
Запознавање со вашиот апарат / 42
Одмрзнување / 42
Чистење и одржување / 43
Менување на правецот на отварање на вратата / 43
Проблеми и нивно решавање / 44
Информации за бука од оперирањето / 44
Индекс
МК Упатство за употреба
Ви честитаме на изборот на квалитетниот ВЕКО производ направен да Ви служи многу години.
Безбедноста на прво место!
Немојте да го приклучувате апаратот на струја пред да ги отстраните пакувачките материјали и транспортната заштита.
- Ако уредот се транспортира во хоризонтална положба, оставете го на место најмалку 4 часа пред да го вклучите, за да може компресорското масло да се стабилизира.
- Ако го депонирате стариот апарат со брава или рачка на вратата, внимавајте тоа да го сторите на сигурно место за да не можат децата, во текот на својата игра, да се затворат во него.
- Овој апарат мора да се користи само за намената за која е произведен.
- Немојте да го изложувате апаратот на топлина. Вашиот апарат содржи не-CFC супстанции во изолацијата кои се запаливи. Ви сугерираме да ги контактирате локалните служби за информација каде може да го депонирате стариот уред.
- Не се препорачува употреба на овој апарат во ладна, незагреана просторија (пр. гаража, надвор од куќата, подрум, визба...итн.)
За да се обезбеди оптимално и сигурно работење на апаратот, потребно е внимателно да го прочитате ова упатство.
Доколку не се придржувате на упатствата, може да го изгубите правото на сервис за време на гаранцискиот период.
Зачувајте го упатството за идни потсетувања.
Оригиналните резервни делови ќе ги добивате 10 години по датумот кога е набавен производот.



Информациите за моделот се чуваат во базата на податоци и до нив можете да стигнете ако одите на следнава веб-локација и го побарате идентификаторот на вашиот модел (*) кој се наоѓа на налепницата за енергија.


Овој уред не е наменет за употреба од страна на лица со намалени физички, сензорни или ментални способности или со недостаток на искуство и знаење, освен кога се надгледувани или им се дадени инструкции за користењето на уредот од страна на лице кое е одговорно за нив.
Децата треба да бидат надгледувани за да не си играат со уредот.
Електрично поврзување
Пред да го приклучите апаратот во штекер, проверете дали напонот и фреквенцијата наведени на внатрешната страна на апаратот одговараат на напонот и фреквенцијата во вашиот дом. Ви препорачуваме да го приклучите апаратот на прекинувач кој е соодветен за него и има осигурувач на лесно достапно место. До приклучокот треба лесно да се пристапува по поставувањето, за да може да се исклучи апаратот од напојувањето.
Внимание!
Поправките на електричната опрема може да ги извршуваат само квалификувани експерти. Ако е оштетен кабелот за напојување, производителот или службата за услуги на клиенти мора да го замени за да се избегне опасност.
ВНИМАНИЕ!
Овој уред работи со фреон R 600а, кој што е еколошки, но запалив гас. За време на транспортот и лоцирањето на уредот, мора да внимавате да не се оштети системот на ладење. Доколку дојде до оштетување на системот за ладење и до истекување на гасот, чувајте го апаратот подалеку од извори на топлина и на одредено време проветрувајте ја просторијата.
Предупредување - Не користете механички предмети и слично за да го забрзате процесот на одмрзнување. Употребувајте ги само препорачаните од производителот.
Предупредување - Немојте да го оштетувате разладното коло.
Предупредување - Не користете електрични апарати во внатрешниот дел различни од оние кои се препорачани од производителот.
Предупредување - Ако кабелот за напојување е оштетен, истиот мора да го сменат производителот, овластен сервисер или слични квалификувани лица за да се избегне ризик.
Упатство за транспорт
- Апаратот треба да се транспортира само во вертикална положба. Кутијата во која е спакуван уредот не смее да се оштети за време на транспортот.
- Ако за време на транспортот апаратот мора да се постави во хоризонтална положба, не треба да се користи најмалку 24 часа за да се стабилизира составот.
- Доколку не се почитуваат горенаведените упатства, може да дојде до оштетување на апаратот, при што производителот нема да биде одговорен.
- Апаратот мора да биде заштитен од дожд, влага и други атмосферски влијанија.
Важно!
- При чистење/поместување на апаратот, не ги допирајте со раце металните жици на кондензаторот на позадината од апаратот, бидејќи може да ги повредите прстите.
- Немојте да стоите или седите на апаратот, затоа што не е предвиден за тоа. Може да се повредите или да го оштетите апаратот.
- Внимавајте при транспортот или поместување на апаратот, кабелот да не дојде под апаратот при што може да дојде до негово оштетување.
МК Упатство за употреба
- Не им дозволувајте на децата да си играат со апаратот или сами да ги притискаат контролните копчиња.
Упатство за инсталација
- Не го чувајте уредот во просторија каде што температурата најверојатно ќе падне под -15 степени Целзиусови (5 степени Фаренхајтови) во текот на ноќта и/или особено во зима, бидејќи е дизајниран да работи на амбиентални температури помеѓу -15 и +43 степени Целзиусови (5 и 109 степени Фаренхајтови). При пониски температури апаратот може да не работи, што резултира со намалување на животниот век на храната.
- Не го поставувајте апаратот во близина на шпорети или радијатори или директно да биде изложен на сонце, затоа што тоа ќе предизвика дополнителна работа на апаратот. Ако апаратот е поставен до извор на топлина или замрзнувач, држете се до следните минимални растојанија: Од шпорет 30 мм Од радијатор 300 мм Од замрзнувач 25 мм
- Внимавајте околу апаратот да има доволно слободен простор за циркулација на воздух (Дел 2).
- Поставете го задниот капак за вентилација на апаратот за да го одредите растојанието помеѓу апаратот и ѕидот (Дел 3).
- Апаратот треба да се постави на мазна и рамна површина. Двете предни ногарки можат по потреба да се прилагодат по висина. За да бидете сигурни дека апаратот е во правилна положба, завртете ги предните ногарки во правец на стрелките на часовникот или обратно, додека не дојде до цврст контакт со подлогата. Со правилно
подесените ногарки ќе ја спречите големата бучава и вибрации (Дел 4).
- Погледнете во поглавјето „Чистење и одржување“ за да го подготвите апаратот за употреба.
Подесување на температурата
Температурата во замрзнувачот се контролира со копчето за поставување на температура во замрзнувачот (се препорачуваат 2-та или 3-та позиција).
Главно, оваа температура е под -18°C. Пониски температури може да се добијат со прилагодување на регулаторот на термостатот кон позицијата MAX.
Се препорачува да ја проверите температурата со термометар за да се осигурате дека одделите се под саканата температура. Отчитајте го веднаш термометарот затоа што температурата рапидно опаѓа штом го извадите од замрзнувачот.
Запамтете дека со секое отворање на вратата, ладниот воздух излегува и внатрешната температура расте.
Затоа не ја оставајте вратата никогаш отворена и затворајте ја веднаш штом сте ја извадиле храната.
Пред употреба
Финална проверка
Пред стартување на апаратот, проверете дали:
- Предните ногарки се подесени така што се во совршена рамномерност.
- внатрешноста е сува и воздухот може слободно да циркулира.
- Внатрешноста е чиста како што е препорачано во „Чистење и одржување“.
- Приклучокот е правилно приклучен и
МК Упатство за употреба
дека има струја. Кога ќе ја отворите вратата се пали внатрешното светло.
Забележете дека:
- Ќе слушнете бучава кога компресорот ќе почне со работа. Течноста и гасот исто така може да предизвикаат бучава во разладниот систем, без разлика дали компресорот работи или не. Тоа е сосема нормално.
- За замрзнување свежа храна, се користи одделот обележан со 4 ѕвездички (се препорачува втората полица).
- Не поставувајте преголема количина на храна во замрзнувачот наеднаш. Квалитетот на храната ќе се задржи ако се замрзне длабоко за најкраток временски период. Затоа се препорачува да не се преминува капацитетот на замрзнување на храна кој е покажан на “Appliance record”. Термостатот треба да се прилагодува за да се добие најниската температура во замрзнувачот со активирана функција за брзо замрзнување и со запалување на портокаловата светилка.
- Не поставувајте храна во уредот веднаш по вклучувањето. Почекајте се додека не се постигне потребната температура. Се препорачува да ја проверите температурата со прецизен термометар (види; Контрола на температура и подесување).
Важна забелешка:
Ако дојде до прекин на електрична енергија, немојте да ја отварате вратата. Замрзнатата храна нема да биде под влијание ако прекинот на струја е помал од 16 часа. Но ако прекинот трае повеќе од 16 часа,
храната треба да се провери или да се зготви или повторно замрзне.
Функција за брзо замрзнување
Свртете го регулаторот за поставување на температурата на позицијата „FAST FREEZE“ за да се активира функцијата за брзо замрзнување - FAST FREEZING. Се препорачува да ја ставите храната што сакате да ја замрзнете побрзо во одделот за замрзнување 24 часа откако ќе ја активирате функцијата за брзо замрзнување. Ладилникот работи на најниската поставена температура за замрзнувачот кога е активирана функцијата за брзо замрзнување. Функцијата за брзо замрзнување е активна 50 часа. Откако ќе се исклучи, ладилникот се враќа на нормалните услови за употреба со температура на позиција 3, дури и ако регулаторот е уште свртен на позицијата „FAST FREEZE“. Оваа еколошка одлика штеди струја ако функцијата за брзо замрзнување не била откажана од која било причина. Капацитетот за замрзнување на ладилникот се мери и дефинира додека е активна функцијата за брзо замрзнување.
Сместување на замрзната храна
Вашиот замрзнувач е погоден за чување на фабрички замрзната храна а може да се користи и за замрзнување и чување на свежа храна. Доколку има прекин на струја, немојте да го отварате фрижидерот.
Храната треба да остане замрзната ако прекинот на струја не е подолг од 16 часа. Ако прекинот трае подолго, тогаш проверете ја храната и да се искористи веднаш или зготви и повторно замрзне.
МК Упатство за употреба
Замрзнување на свежа храна
Ве молиме да се придржувате до упатствата за да ги добиете најдобрите резултати.
Не замрзнувајте преголеми количини одеднаш. Квалитетот на храната најдобро ќе се задржи доколку се замрзне колку што е можно побрзо. Поставете го контролното копче на максимум ако треба да се замрзнуваат големи количини свежа храна.
Ако треба да се замрзнат големи количини свежа храна, прилагодете го копчето на термостатот на позицијата „FAST FREEZE” 24 часа пред да ставите свежа храна во одделот за брзо замрзнување.
Се препорачува да го оставите копчето во позиција за брзо замрзнување „FAST FREEZE” барем 24 часа за да се замрзне максималната количина свежа храна што е посочена како капацитет за замрзнување. Внимавајте да не мешате смрзната храна и свежа храна. Мала количина храна до 1/2 кг (1 фунта) може да се замрзнува без функцијата за брзо замрзнување.
Особено внимавајте да не мешате веќе смрзната храна и свежа храна.
Подготовка на коцки мраз (Дел 6)
Наполнете го садот за коцки мраз до 3/4 со вода и поставете го во замрзнувачот. Извадете ги замрзнатите коцки со дршка од лажица или сличен предмет; никогаш не користете остри предмети како ножеви или виљушки.
Запознавање со вашиот апарат
1 - Контролна табла и прилагодување ; 2 - Подлога за мраз и лента за лед ; 3 - Оддел за брзо замрзнување ;
4 - Оддели за чување на замрзната храна ; 5 - Прилагодливи предни ногарки ;
Одмрзнување
Ве молиме одмрзнувајте го одделот на замрзнувачот најмалку два пати годишно и кога слојот на формираниот мраз е премногу дебел.
- Формирањето на мраз е нормална појава.
- Формираниот мраз, особено на горната страна на одделот, е природна појава и не влијае врз функционирањето на уредот.
- Се препорачува одмрзнување на уредот кога ќе се формира голема количина мраз.
- Пред одмрзнувањето, подесете го термостатот на максимална позиција за да се замрзне храната цврсто. За тоа време, температурата во фрижидерот не треба да биде ниска.
- Исклучете го уредот од штекер.
- Извадете ја замрзнатата храна, спакувајте ја во неколку слоја хартија и ставете ја на ладно место.
- Оставете ја вратата отворена за брзо одмрзнување и ставете внатре садови со топла вода (макс. 80°C).
Не користете остри предмети како нож или виљушка за отстранување на мразот.
Никогаш не употребувајте фен, електрични грејачи или слични уреди за одмрзнување.
По завршувањето на одмрзнувањето, затворете го делот за замрзнување и исушете ја внатрешноста со сува крпа (Дел 7 и 8).
Чистење и одржување
- Пред да почнете со чистење на апаратот, најпрво исклучете го кабелот за струја од штекер.
- Никогаш не употребувајте остри предмети или абразивни средства, сапун, средства за чистење во домаќинството, детергенти или средства за полирање.
- Употребете млака вода за чистење и потоа избришете го апаратот со мека крпа.
- Употребете влажна крпа натопена во раствор од сода бикарбона (една кафена лажичка на половина литар вода) за чистење на внатрешноста и добро избришете ја.
- Внимавајте да не навлезе вода во кутијата за контрола на температурата.
- Доколку не го користите уредот подолг период, исклучете го од штекер, извадете ја храната, исчистете го и оставете ја вратата подотворена.
- Се препорачува металните делови на уредот да ги полирате со силиконски восок со што би го заштитиле последниот слој на висококвалитетна боја.
- Прашината која се собира на задниот дел на уредот собирајте ја со правосмукалка.
- Проверувајте ги запечатувањата на вратата за да се осигурате дека се чисти.
10. Никогаш:
- Не го чистете уредот со абразивни средства.
- Не го изложувајте на високи температури.
10. Вадење на садот за млечни производи и полицата на вратата:
- За да го извадите делот за млечни производи, најпрво подигнете го
капакот неколку сантиметри и повлечете од страната каде што се наоѓа отворот за капакот.
- За да ја извадите полицата, едноставно само повлечете ја нагоре.
Менување на правецот на отварање на вратата
Следете ги чекорите на сликата (слика 9).
Направите/Немојте да правите
Да - Проверувајте ја содржината во замрзнувачот во редовни интервали. Да - Чистете и одмрзнувајте го уредот редовно (Види "Одмрзнување"). Да - Чувајте ја храната што пократок период и држете се до датите "Најдобро пред" и "Употребите до" на производите. Да - Чувајте комерцијална храна во согласност со инструкциите на производите. Да - Секогаш бирајте свежа високо квалитетна храна и секогаш чистете ја добро пред да ја замрзните. Да - Подгответе ја свежата храна во мали количини за да замрзне побрзо. Да - Завиткајте ја замрзнатата храна веднаш по купувањето и поставете ја во замрзнувачот што е можно побрзо. Да - Сепарирајте ја храната во одделенијата и одбележете ја. На овој начин вие сте во можност брзо да ја пронајдете храната а со тоа ќе избегнете предолго отворена врата. Со што ќе заштедите енергија.
МК Упатство за употреба
Не оставајте ја вратата отворена долг период. Ќе дојде до прекумерно формирање на мраз и поголема потрошувачка на енергија.
Не употребувајте остри предмети како што се нож или виљушка за да го отстранувате мразот.
Не ставајте топла храна во уредот. Дозволете да се олади најпрво.
Не ставајте течност која содржи јаглероден диоксид, било во шише било во конзерва, затоа што може да пукне.
Не ставајте отровни или било какви опасни производи во уредот. Тој е предвиден само за хранливи продукти.
Не пречекорувајте ја ограничената количина за замрзнување кога замрзнувате свежа храна.
Не конзумирајте вода или сладолед директно од замрзнувачот. Ниската температура може да предизвика горење на усните.
Не замрзнувајте пенливи пијалоци.
Не замрзнувајте ја повторно веќе одмрзнатата храна; морате да ја конзумирате во рок од 24 часа или да ја пригответе и повторно да ја замрзнете.
Не вадете ја храната од замрзнувачот со мокри раце.
Не затварајте ја вратата пред да го замените капакот на одделението за брзо замрзнување.
Проблеми – можни решенија
Ако уредот не работи кога е вклучен, проверете:
- Дали струјниот кабел е добро вметнат во штекерот и дали има доток на струја во штекерот. (За проверка на доток на струја,
уклучете друг апарат на штекерот).
- Проверете го осигурачот - може да е прегорен, струјното коло прекинато, главната дистрибуција е исклучена.
- Копчето за контрола на температурата не е подесено правилно.
- Ако сте го заменувале штекерот, проверете дали е поставен и инсталиран правилно.
Ако уредот сè уште не работи, повикајте Сервисен центар.
Осигурајте се дека сте ги направиле горенаведените проверки, затоа што во спротивно, ако нема дефект, сервисот ќе ви наплати.
Информации за бучавата и вибрациите што може да се појават за време на работата на апаратот
- Бучавата може да се зголеми за време на работата.
- За да ги одржува температурите на прилагодените, компресорот на апаратот се вклучува повремено. Бучавата што ја произведува компресорот станува погласна кога се вклучува и може да се слушне звук на кликнување кога ќе се исклучи.
- Карактеристиките на работата и изведбата на апаратот може да се менуваат во согласност со модификациите на температурата во средината. Тие се сметаат за нормални.
- Бучава на течност или на спреј
- Овие бучави се предизвикани од течењето на фреонот во колот на апаратот и се усогласени со принципот на работа на апаратот.
МК Упатство за употреба
3. Други вибрации и бучави
- Нивото на бучавата и вибрациите може да се предизвикаат и од видот и аспектот на подот на кој е поставен апаратот. Проверете дали подот има значителни искривувања или дали е закосен од тежината на апаратот (ако е флексибилен).
- Друг извор на бучава и вибрации е произведен од предметите што се поставени на апаратот. Овие предмети мора да се тргнат од апаратот.

Симболот на производот или на пакувањето индицира дека производот не треба да се третира како домашен отпад. Треба да се предаде на соодветно место каде што се рециклира електронска и електрична опрема. Со тоа што ќе се осигурате дека производот е отстранет правилно, ќе помогнете во превентирањето на потенцијалните негативни последици врз околината и човековото здравје, кои се предизвикани од неправилно отстранување на производот. За подетални информации во врска со рециклирањето на овој производ, ве молиме контактирајте ги локалните власти, овластени сервисери или продавницата каде што сте го купиле производот.