PH 26 TX - приклучок MILWAUKEE - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот PH 26 TX MILWAUKEE во PDF формат.
Прашања на корисниците за PH 26 TX MILWAUKEE
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот приклучок во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник PH 26 TX - MILWAUKEE и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. PH 26 TX на марката MILWAUKEE.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК PH 26 TX MILWAUKEE
| ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИБормашина-чекан | РН 26 ТХ220-230V |
| Производен број4690 70 02... | ... 000001-999999 |
| Определен внес 800 W | |
| Брзина без оптоварување 0-1500 min | -1 |
| Јачина на удар под оптоварување макс. 0-4500 min | -1 |
| Единствена ударна сила според ЕПТА-процедурата 05/2009 | 2,4 J |
| Капацитет на дупчење во бетон 26 mm | |
| Капацитет на дупчење во челик 13 mm | |
| Капацитет на дупчење во дрво 30 mm | |
| Лесен јазолен сечач на тули и варовни карпи 50 mm | |
| Дијаметар на вратот на врв. 43 mm | |
| Тежина според ЕПТА-процедурата 01/2014 | 3,0 kg |
| Информации за бучаватаИзмерените вредности се одредени согласно стандартот EN 60745. А-оценетото ниво на бучава на апаратот типично изнесува: | |
| Ниво на звучен притисок. (Несигурност K=3dB(A)) | 89,5 dB (A) |
| Ниво на јачина на звук. (Несигурност K=3dB(A)) | 100,5 dB (A) |
| Носте штитник за уши. | |
| Информации за вибрацииВкупни вибрациски вредности (векторски збир на трите насоки) пресметани согласно EN 60745. | |
| Бушење во бетон со ударна дупчалка: | |
| Вибрациска емисиона вредност ah, HD | 13,6 m/s2 |
| Несигурност K | 1,5 m/s2 |
| Длетување: | |
| Вибрациска емисиона вредност ah, Cheq | 11,9 m/s2 |
| Несигурност K | 1,5 m/s2 |
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Нивото на осцилација наведено во овие инструкции е измерено во согласност со мерните постапки нормирани во EN 60745 и може да биде употребено за меѓусебна споредба на електро-алати. Ова ниво може да се употреби и за привремена проценка на оптоварувањето на осцилацијата.
Наведеното ниво на осцилација ги репрезентира главните намени на електро-алатот. Но, доколку електро-алатот се употребува за други намени, со отстапувачки додатоци или со несоодветно одржување, нивото на осцилација може да отстапи. Тоа може значително да го зголеми оптоварувањето на осцилацијата за време на целиот работен период.
За прецизна проценка на оптоварувањето на осцилацијата предвид треба да бидат земени и времињата, во коишто апаратот е исключен или работи, но фактички не се употребува. Тоа може значително да го намали оптоварувањето на осцилацијата за време на целиот работен период
Утврдете дополнителни безбедносни мерки за заштита на операторот од влијанието на осцилациите, како на пример: одржување на електро-алатот и на додатоци кон електро-алатот, одржување топли раце, организација на работните процеси.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Прочитајте ги сите безбедносни упатства и инструкции.
Заборавање на почитувањето на безбедносните упатства и инструкции можат да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Сочувајте ги сите безбедносни упатства и инструкции за во иднина.

БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА ЗА РОТИРАЧКИ ЧЕКАН
Носете штитник за уши. Влијанието на бука може да предизвика губење на сетилото за слух.
Користете помошни рачки кои доағаат заедно со алатот. Губењето контрола може да предизвика повреда.
з) Факајте го електро-алатот само на изолирани површини за држење, додека извршувате работи, кај кои приборот може да погоди сокриени струјни водови или сопствениот кабел за напојување со струја. Контакт со жица под напон исто така їе направи проводници од металлите делови и оној кој ракува со алатот їе доживее струен удар.
Останати безбедносни и работни упатства
Употребувајте заштитна опрема. При работа со машината постојано носете заштитни очила. Се препорачува заштитна облека како: маска за заштита од прашина, заштитни ракавици, цврсти чевли што не се лизгаат, кацига и заштита за уши.
Прашината која се крева при работа со овој алат може да биде штетна по здравјето и затоа не го изложувајте го телото. Користете систем за апсорпција на прашината и носете соодветна заштитна маска. Одстранете ја целосно наталожената прашина пр: со правосмукалка.
Македонски
Чувајте го кабелот за напојување подалеку од работната површина. Секогаш водете го кабелот позади вас.
Не смеат да бидат обработувани материјали кои што можат да го загрозат здравјето (на пр. азбест).
Кога работите на сидови, таван или под внимавајте да ги избегнете електричните, гасните и водоводни инсталации.
Доколку употребуваното орудие се блокира, молиме веднаш да се исклучи апаратот! Не го вклучувајте апаратот повторно додека употребуваното орудие е блокирано; притоа би можело да дојде до повратен удар со висок момент на реакција. Испитајте и отстранете ја причината за блокирањето на употребеното орудие имајки ги во предвид напомените за безбедност.
Можни причини за тоа може да бидат следните:
- Закантување во парчето кое што се обработува
- кршење на материјалот што се обработува
- Преоптоварување на електричното орудие
Не фаќајте во машината кога работи.
Употребеното орудие за време на примената може да стане многу жешко.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасност од изгоретини
- при менување на орудието
- при ставање на апаратот на страна
Прашината и струготините не смеат да се одстрануваат додека е машината работи.
Обезбедете го предметот кој што го обработувате со направа за напон. Необезбедени парчиња кои што се обработуваат можат да предизвикаат тешки повреди и оштетувања.
Секогаш кога преземате активности врз машината исключете го кабелот од струјата.
ОПЕРАЦИЈА
Работа во студено
Ако машината е складирана на подолг временски период или на ниски температури, подмачкувањето може да се стврдне и машината може да не работи на почетокот или да има ниски перформанси. Ако тоа се случа:
- Вметнете бургија или длето во машината. Ставете ја машината на преостанато парче бетон.
- Притискајте и ослободувајте го прекинувачот на неколку секунди.
- По 15 секунди до 2 минути, машината їе започне да разбива нормално. Колку е постудена машината, толку подолго треба да се загрее.
ГЛАВНИ ВРСКИ
Да се спои само за една фаза АС коло и само на главниот напон наведен на плочката. Можно е исто така и поврзување на приклучок без заземјување доколку изведбата соодветствува на безбедност од 2 класа.
Уредите кои се користат на многу различни локации вклучувајки и отворен простор мора да бидат поврзани за струја преку направата за поврзување (FI, RCD, PRCD).
Вклучувањето на кабелот во струја се прави ислучиво машината е исклучена.
Во случај на ефект од екстремни електромагнетни пречки од надвор, може да дојде до привремено варирање на брзината на ротација во одредени случаеви може да се зголеми.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Вртливот пневматски чекан може да биде употребен за дупчење, клесање во камен и дупчење во дрво, метал како и пластика
ОДРЖУВАЊЕ
Вентиляциските отвори на машината мора да бидат комплетно отворени постојано.
Ако приклучниот мрежен вод е оштетен, тој мора да биде заменет од служба за клиенти, бидејки за тоа е потребен посебен алат.
Важна забелешка! Доколку карбонските четкички се истрошени, со цел истите да бидат заменети алатот треба да биде пратен во постпродажниот центар. Ова ќе обезбеди долг употребен век и највисоки перформанси.
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови. Доколку некои од компонентите кои не се опишани треба да бидат заменети, Ве молиме контактирајте ги сервисните агенти на Milwaukee (консултирајте ја листата на адреси).
Доколку е потребно можно е да биде набавен детален приказ на алатот. Ве молиме наведете го бројот на артиклот како и типот на машина кој е отпечатен на етикетата и порачајте ја скицата кај локалниот застапник или директно кaj: Techtronic Industries GmbH, Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden, Germany.
ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ
Под целосна лична одговорност изјавуваме дека производот опишан во „Технички податоци“ е во сообразност со сите релевантни прописи од директивите
2011/65/EU (RoHS)
2006/42/EC
2014/30/EU
и дека се применети следните хармонизирани стандарди
EN 60745-1:2009+A11:2010
EN 60745-2-6:2010
EN 55014-1:2017+A11:2020
EN 55014-2:2015
EN 61000-3-2:2014
EN 61000-3-3:2013
EN IEC 63000:2018

Ополномоштен за составување на техничката документација.
Techtronic Industries GmbH
Секогаш кога преземате активности врз машината исклучете го кабелот од струјата.

Ве молиме пред да ја стартувате машината обрнете внимание на упатствата за употреба.

Носте штитник за уши.

Секогаш при користење на машината носете ракавици.

Носете ракавици!

Не употребувајте сила.

Дополнителна опрема – Не е включена во стандардната, а достапна е како додаток.

Електричните апарати не смеат да се фрлат заедно со домашниот отпад. Електричните и електронсите апарати треба да се собираат одделно и да се однесат во соодветниот погон заради нивно фрлање во склад со начелата за заштита на околината. Информирајте се кај Вашите местни служби или кај специјализираниот трговски претставник, каде има такви погони за рециклажа и собирни станици.

Електрично орудие од заштитната категорија II. Електрично орудие чијашто заштита од електричен удар не зависи само од основната изолација туку и од тоа дали ќе се применат дополнителните заштитни мерки како што се двоструките изолации или појачаната изолација. Не постои никаква направа за приклучување на некој заштитен вод.

Волти

Наизменична струја

Брзина без оптоварување

Евроазиска ознака за сообразност