CS 60 - Пила MILWAUKEE - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот CS 60 MILWAUKEE во PDF формат.
Прашања на корисниците за CS 60 MILWAUKEE
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Пила во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник CS 60 - MILWAUKEE и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. CS 60 на марката MILWAUKEE.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК CS 60 MILWAUKEE
Изолирана површина на дршката
Доколку е потребно корегирање на аголот од 90° водечката површина кон сечилото на пилата, користет го шрафот за корекција.
Прилагодете ја длабочината на засекот во зависност од густината на обработуваното парче. Нешто помалку од цел забец од сечилото треба да биде видлив под работното парче.
| Технички податоциЕлекторнската циркуларното сечило | CS 60 |
| Производен број 4108 66 06 ... | 4192 26 06 ...... 000001-999999 |
| Определен внес 1600 W | |
| Брзина без оптоварување 6300 min | -1 |
| Сечило на пила дијаметар х дијаметар на отвор 184 x 30 mm | |
| Макс. Длабочина на сечење при 90° / 45° / 56° 61 / 49 / 35 mm | |
| Густина на запците на сечилото на пилата 1,8 mm | |
| Назабен лист 24 | |
| Тежина според ЕПТА-процедурата 01/2014 4,8 kg | |
| Информации за бучаватаИзмерените вредности се одредени согласно стандартот EN 62841. А-оценетото ниво на бучава на апаратот типично изнесува:Ниво на звучен притисок. (Несигурност K=3dB(A)) L_pA Ниво на јачина на звук. (Несигурност K=3dB(A)) L_wA Носте штитник за уши. | 94,5 dB(A)105,5 dB(A) |
| Информации за вибрацииВкупни вибрациски вредности (векторски збир на трите насоки) пресметани согласно EN 62841.Дрво: Вибрациска емисиона вредност a_h,w Несигурност K | 3,8 m/ s^2 1,5 m/ s^2 |
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Нивото на вибрации и емисија на бучава дадени во овој информативен лист се измерени во согласност со стандардизиран метод на тестирање даден во EN 62841 и може да се користат за споредување на еден електричен алат со друг. Тие исто така може да се користат при првична проценка на изложеност.
Наведеното ниво на вибрации и емисија на бучава ја претставува главната примена на алатот. Сепак ако алатот се користи за поинакви примени, со поинаков прибор или лошо се одржува, вибрациите и емисијата на бучава може да се разликуваат. Тоа може значително да го зголеми нивото на изложеност преку целиот работен период.
Проценка на нивото на изложеност на вибрации и бучава треба исто така да се земе предвид кога е исключен алатот или кога е включен, но не врши никаква работа. Тоа може значително да го намали нивото на изложеност преку целиот работен период.
Утврдете дополнителни безбедносни мерки за да се заштити операторот од ефектите на вибрациите и/или бучавата како на пр.: одржувајте го алатот и приборот, рацете нека ви бидат топли, организација на работните шеми.
Носете штитник за уши. Влијанието на бука може да предизвика губење на сетилото за слух.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Прочитајте ги сите безбедносни
напомени, упатства, цртежи и податоци, коишто ги добивате заедно со уредот. Доколку не ги почитувате следните упатства, може да дојде до електричен удар, до пожар и/или до тешки повреди.
Сочувајте ги сите безбедносни упатства и инструкции за во иднина.

НАПОМЕНИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ ЗА РАЧНИ КРУЖНИ ПИЛИ
Постапка на пилење
a) Opasnost: Држете ги рацете настрана од зоната на сечење. Држете ја другата рака на помошната рачка или кукиштето на моторот. Доколку пилата ја држите со двете раце, не можете да се пресечете од сечилото.
b) Не посегајте под обработуваното парче. Заштитата не може да Ве заштити од сечилото под обработуваното парче.
с) Прилагодете ја длабочината на засекот во зависност од густината на обработуваното парче. Нешто помалку од цел забец од сечилото треба да биде видлив под работното парче.
d) Никогаш не го држете парчето кое се обработува
со раце или преку нога. Обезбедете го на стабилна
површина. Важно е соодветно да ја потпирате работата како би
ја минимизирале телесната изложеност, виткањето на сечилото
или губењето контрола.
e) Факајте го електро-алатот само на изолирани површини за држење, додека извршувате работи, кај кои приборот може да погоди сокриени струјни водови или сопствениот кабел за напојување со струја. Контактот со водови што спроведуваат напон, става и метални делови од електро-апаратот под напон и доведува до електричен удар.
f) При ракување со рачна пила користете бариера или водилка под прав агол. Ова ја подобрува прецизноста на резот и го намалува ризикот од свиткување на сечилото.
g) Секогаш користете сечила со соодветна големина и форма (дијамантски наспроти кружни) или крунски пили. Сечила кои не одговараат на монтираниот хардвер на пилата ќе се движат неправилно предизвивувајки губење на контролата.
h) Никогаш не користете оштетени или несоодветни средства за чистење или ... Тие средства и... Се специјално наменети за вашата пила, за оптимални перформанси и сигурност при користењето.
Причини и начин на спречување на повратен ефект.
повратниот ефект е ненадејна реакција при откршување, свиткување или изместување на сечилото, и предизвикува неконтролираното сечило од пилата да се крене и да излезе од обработуваното парче кон оној кој работи.
кога сечилото е откршено или цврсто завиткано од ...затворањето, запците на сечилото и реакцијата на моторот ја турка брзо назад кон оној кој работи со неа.
доколку сечилото се извитка или се измести во сечењето, забецот на надворешниот раб на сечилото може да се зарие во горната површина на дрвото правејки сечилото да излезе од лежиште и да скокне кон оној кој работи.
Повратниот ефект е резултат на неправилна употреба на пилата и/или некоректни работни процедури или услови и може да биде избегнат со превземање на соодветни претпазливи постапки наведени подолу.
a) Држете цврсто со двете раце кои се поставени да пружат отпор при повратен удар. Поставете го вашето тело од било која страна на сечилото, но не во негова линија. Повратниот удар може да предизвика пилата да потскокне наназад, но јачината на повратниот удар може да биде контролирана од операторот доколку се преземени соодветни мерки на претпазливост.
b) Кога сечилото се свиткало, или прекин на сечењето од било која причина, ослободете го прекинувачот и држете го ножот во материјалот без да делувате, се додека не дојде до потполно запирање на сечилото. Никогаш не се обидувајте да ја тргнете пилата или да ја повлечете наназед додека сечилото се движи или може да се појави повратен удар. Испитајте ги и преземете корективни чекори за да ја елиминирате причината за свиткување на сечилото.
с) По рестартирање на пилата во обарботуваното парче, центрирајте го сечилото на пилата во крвината и проверете запците на пилата да не се навлезени во материјалот. Доколку листот од пилата се заглави, истиот може да го потрене работното парче и да предизвика повратен удар кога машината се рестартира.
d) Потпирајте ги големите панели како би го минимизирале ризикот од свиткување на сечилото и повратен удар. Големите панели имаат тенденција да се свиткаат под сопствената тежина. Мора да биде поставена потпора под панелот од двете страни, блиску до линијата на сечење и блиску до работ на панелот.
e) Не користете отапени или оштетени сечила.
Ненаострните или не соодветно поставените сечила создаваат
остра кривина која предизвигува интензивно триење, виткање
на сечилото и повратен удар.
f) Длабочината на сечилото и прилагодливиот заклучувач на рачката мора да биде стегнат и обезведен пред да се сече. Доколку се промени подесувањето за време на сечењето може да дојде со свиткување иповратен удар.
g) Бидете екстремно претпазливи при рез со забодување во постоечки сидови или други армирани површини. Ако сечилото на пилата дојде во контакт со предмети скриени под површината, може да ги блокира и да предизвика повратен удар.
Функција на долниот заштитен поклопец
a) Проверете ја долната заштита дали е соодветно затворена пред секоја употреба. Не работете со пилата доколку долната заштита не се движи слободно и не се затвора моментално. Никогаш не ја затегнувајте ниту врзувајте долната заштита во отворена позиција.
Доколку пилата падне ненамерно, долната заштита може да се свитка. Кренете ја долната заштита со повлекување на рачката и осигурете се дека се движи слободно не допирајки до сечилото или било кој друг дел под било кој агол и длабочина на засек.
b) Проверете го функционирањето на федерот на долната заштита. Доколку заштитата и федерот не се отвораат соодветно, мора пред употреба да бидат сервисирани. Долната заштита може да функционира тромо поради оштетените делови, лепливи остатоци или насобрани делчиња.
с) Долната заштита треба да биде рачно повлечена само при специјални резови како „резови со забодување,, или „сложени резови,,. Кренете ја долната заштита со повлекување на рачката веднаш штом сечилото влезе во материјалот, долната заштита мора да биде отпуштена.
При секое друго сечење, долната заштита мора да работи автоматски.
d) Секогаш гледајте долната заштита да го покрива сечилото пред пилата да ја спуштите на маса или под.
Незаштитено лизгање на сечилото ќе предизвика пилата да тргне наназад, сечејки се што ќе се најде на патот. Бидете свесни за потребното време за кое сечилото престанува да работи, по ослободувањето на прекинувачот.
РАБОТНИ УПАТСТВА
Со прилагодена брзина на движењето напред, избегнете го прегревањето на забчаниците.


Носете штитник за уши. Влијанието на бука може да предизвика губење на сетилото за слух.
Употребувајте заштитна опрема. При работа со машината постојано носете заштитни очила. Се препорачува заштитна облека како: маска за заштита од прашина, заштитни ракавици, цврсти чевли што не се лизгаат, кацига и заштита за уши.
Прашината која се крева при работа со овој алат може да биде штетна по здравјето и затоа не го изложувајте го телото.
Користете систем за апсорпција на прашината и носете соодветна заштитна маска. Одстранете ја целосно наталожената прашина пр: со правосмукалка.
Не користете сечила кои не одговараат напропишаните параметри дадени во овој прирачник за употреба.
Неопходно е да изберете го виде ножот кој е погоден за материјалот се сече.
Користете само ножеви за сечење дрво, специфицирани во овој прирачник, кои се во согласност со EN 847-1.
Бројот на вртежи на алатот, којшто се употребува, мора да биде нај-малку толку висок како и бројот на вртежите на вашиот електро-алат.
Ве молиме не користете абразивни дискови-шмиргли на оваа машина!
Не го фиксирајте прекинувачот во позиција он-включено кога ја користите пилата држејжи ја со рака.
ГЛАВНИ ВРСКИ
Да се спои само за една фаза АС коло и само на главниот напон наведен на плочката. Можно е исто така и поврзување на приклучок без заземјување доколку изведбата соодветствува на безбедност од 2 класа.
Уредите кои се користат на многу различни локации вклучувајки и отворен простор мора да бидат поврзани за струја преку направата за поврзување (FI, RCD, PRCD).
Вклучувањето на кабелот во струја се прави ислучиво машината е исключена.
Не дозволувајте какви и да се метални делови да дојдат до отворите за вентилација-ризик од куршлус!
Чувајте го кабелот за напојување подалеку од работната површина. Секогаш водете го кабелот позади вас.
Пред секое користење да се провери дали уредот, приклучниот кабел, продолжниот кабел, сигурносниот појас и утикачот се оштетени или амортизирани. Оштетените делови да се поправат ислучиво од страна на стручно лице.
Кратковремени вршни напони предизвикуваат осцилирање на напонот и можат да извршат влијание врз други електрични производи во истиот струен вод. Приклучете го апаратот на снабдевање со струја со импеданца од 0,3 Ω за да минимирате осцилирања на напонот.
Контактирајте го Вашиот снабдевич со енергија за понатамошни информации.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Електорнската циркуларното сечило може да сече надолжно и триаголно прецизно во дрво.
ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ
Под целосна лична одговорност изјавуваме дека производот опишан во „Технички податоци“ е во сообразност со сите релевантни прописи од директивите
2006/42/EC
2014/30/EU
2011/65/EU (RoHS)
и дека се применети следните хармонизирани стандарди
EN 62841-1:2015
EN 62841-2-5:2014
EN 55014-1:2017+A11:2020
EN 55014-2:2015
EN 61000-3-2:2014
EN 61000-3-3:2013
EN IEC 63000:2018

Ополномоштен за составување на техничката документација.
Techtronic Industries GmbH
Секогаш кога преземате активности врз машината исключете го кабелот од струјата.
Уверете се дека алатката е ислучена од напојување пред да го прикачите или отстраните сечилото.
Апаратот и заштитната направа очистете ја со сува крпа.
Некои средства за чистење ја оштетуваат пластиката или други изолирани делови.
Вентиляциските отвори на машината мора да бидат комплетно отворени постојано.
Оддалечувајте редовно прашина. Внатре во пилата оддалечувајте натрупени струготини, да се избегна ризик на пожар
Одржувајте го апаратот чист и сув како и неизвалкан од истечено масло и масти.
Проверете ја функцијата на заштитните хауби.
Редовно одржување и чистење обезбедува долг век и безбедно ракување.
Ако е потребна замена на струјниот кабел, тоа треба да го направи производителот или неговиот застапник со цел да се избегнат опасности.
Оддалечувајте редовно прашина. Внатре во пилата оддалечувајте натрупени струготини, да се избегна ризик на пожар
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови. Доколку некои од компонентите кои не се опишани треба да бидат заменети, Ве молиме контактирајте ги сервисните агенти на Milwaukee (консултирајте ја листата на адреси).
Доколку е потребно можно е да биде набавен детален приказ на алатот. Ве молиме наведете го бројот на артиклот како и типот на машина кој е отпечатен на етикетата и порачајте ја скицата кај локалниот застапник или директно кaj: Techtronic Industries GmbH, Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden, Germany.
СИМБОЛИ

ВНИМАНИЕ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! ОПАСНОСТ!

Ве молиме пред да ја стартувате машината обрнете внимание на упатствата за употреба.

Секогаш при користење на машината носете ракавици.

Носте штитник за уши.

Не ја вдишувајте. Носете соодветна заштитна маска.

Носете ракавици!

Секогаш кога преземате активности врз машината исклучете го кабелот од струјата.

Дополнителна опрема - Не е включена во стандардната, а достапна е како додаток.

Електрично орудие од заштитната категорија II. Електрично орудие чијашто заштита од електричен удар не зависи само од основната изолација туку и од тоа дали ќе се применат дополнителните заштитни мерки како што се двоструките изолации или појачаната изолација. Не постои никаква направа за приклучување на некој заштитен вод.

Електричните апарати не смеат да се фрлат заедно со домашниот отпад. Електричните и електронсите апарати треба да се собираат одделно и да се однесат во соодветниот погон заради нивно фрлање во склад со начелата за заштита на околината. Информирајте се кај Вашите местни служби или кај специјализираниот трговски претставник, каде има такви погони за рециклажа и собирни станици.

Насока на вртење
n_0
Брзина без оптоварување
V
Напон
\~
Наизменична струја
CE
Евроазиска ознака за сообразност

