BEKO TSE1524N - фрижидер

TSE1524N - фрижидер BEKO - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот TSE1524N BEKO во PDF формат.

📄 581 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање
Notice BEKO TSE1524N - page 555
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.

Прашања на корисниците за TSE1524N BEKO

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот фрижидер во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник TSE1524N - BEKO и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. TSE1524N на марката BEKO.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК TSE1524N BEKO

Употреба на уреда ....4

Упатство за корисникот

BEKO TSE1524N - 1

Прочитајте го ова упатство прво!

Се надеваме дека овој производ којшто е произведен во модерна фабрика и проверен според многу прецизни процедури за проверка на квалитетот, ќе ви овозможи ефективна услуга.

Затоа, препорачуваме внимателно да го прочитате целото упатство за производот пред употреба и да го чувате при рака за идни осврти.

Ова упатство

  • Ке ви помогне да го користите апаратот на брз и безбеден начин.
  • Прочитајте го упатството пред да го поставите и включите производот.
  • Следете ги упатствата, особено оние за безбедноста.
  • Чувајте го упатството на лесно достаточно место зашто може да ви притреба подоцна.
  • Покрај тоа, прочитајте ги и другите документи што се доставуваат со производот. Имајте предвид дека ова упатство важи и за други модели.

Ова упатство со инструкции ги содржи следниве символи:

Важни информации или корисни совети за употреба.

⚠️ Предупредувања за опасни состоитојби по животот и имотот.

⚠️ Предупредување за електричниот напон.

i ИНФОРМИИНФОРМАЦИИ
ENERG SUPPLIER'S NAME MODEL IDENTIFIER A A

Информациите за моделот се чуваат во базата на податоци и до нив можете да стигнете ако одите на следнава веб-локација и да го побарате идентификаторот на вашиот модел (*) кој се наоға на налепницата за енергија.

2 Важни безбедносни предупредувања 4

Наменета употреба ....4

Кај производи со диспензер за вода . 10

Безбедност за деца 10

Усогласување со Директивата за фрлање на електронска и електрична опрема и за одлагање на отпадот: ....11

Усогласување со Директивата за ограничување на опасните материи: .11

Информации за пакувањето .....11

НС-Предупредување .....11

Работи што треба да ги направите за штедење енергија 12

3 Поставување 13

Работи што треба да се имаат во предвид кога го транспортирате ладилникот 13

Пред вклучување на ладилникот..... 13

Електрично поврзување 14

Поставување и поврзување ...... 14

Менување на светилката за осветлување 15

Преместување на вратите 16

4 Подготовка 17

5 Употреба на ладилникот/ замрзнувачот 18

Замрзнување 18

Замрзнување храна 18

Складирање замрзната храна ..... 19

Одмрзнување на уредот 19

Ладење 20

Чување храна 20

Одмрзнување на уредот 20

6 Одржување и чистење 21

Заштита на пластичните површини . 21

7 Препорачани решенија за проблемите 22

1 Вашиот ладилник

11 1 6 2 8 7 3 4 10 9 5

  1. Подвижни полици
  2. Внатрешно светло и регулатор натермостатот
  3. Капак на фиоката
  4. Свежа храна
  5. Решетка за воздух

  6. Секции за путер и сирење

  7. Полици на вратата
  8. Тацна за јајца
  9. Полица за шишиња
  10. Држач за шише
  11. Топ трим

Сликите што се прикажани во ова упатство за употреба се шематски и може да не соодветствуваат точно со производот. Ако деловите од поглавјето не се включени во производот што сте го купиле, тогаш тие важат за други модели.

2 Важни безбедносни предупредувања

Прочитајте ги следните информации. Непочитувањето на овие информации може да предизвика повреди или материјална штета. И гаранцијата и заложбите за доверливост нема да бидат важечки.

Оригиналните резервни делови ке ги добивате 10 години по датумот кога е набавен производот.

Наменета употреба

⚠️ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:Гледајте да неманикакви пречкипред отворитеза вентилација,внатре во уредотили во вграденатаинфраструктура.
⚠️ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:Не користетемеханички уреди илидруги средства за да гозабрзате процесот наодмрзнување, освенониештогипрепорачувапроизводителот.
⚠️ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:Не оштетувајте гострујното коло нафрижидерот
⚠️ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:Не користетеелектрични уреди воодделите за чувањехрана на уредот,освен ако не се одтип препорачан одпроизводителот.

Овој уред е наменет да се употребува во дома Kinски и слични уреди, како што се – кујни за персоналот во продавници, канцеларии и други работни средини; – фарми и клиенти во хотели, мотели и други станбени средини; – средини како што се пансиони со сместување и појадок; – добавување храна и слична примена неповрзана со малопродажба.

Општа безбедност

со локалниот авторизиран сервис и со овластените институции за да ги добиете неопходните информации кога їе сакате да го фрлите / одложите производот.

- Консултирајте се со овластен сервис за сите прашања и проблеми поврзани со ладилникот. Не интервенирајте ниту не пуштајте друг да интервенира на ладилникот без да го известите овластениот сервисер.

- За производите од одделот на замрзнув ачот - Не јадете сладолед во корнет или коцки мраз веднаш по вадење од одделот за замрзнување! (Може да предизвикате смрзнатини на устата.)

- За производите во одделот на замрзнувачот - Не ставајте пијалаци во шише или конзерва

во одделот на замрзнувачот. Инаку, тие може да пукнат.

- Не допирајте ја замрзната храна со рака, може да ви се залепи за раката.

- Исклучете го ладилникот од струја пред чистење или одмрзнување.

- Испарувачи и материјали за чистење што испаруваат не смее никогаш да се користат за чистење и за процесот на одмрзнување на ладилникот. Во тие случаи, испарувањето може да дојде во контакт со електричните делови и да предизвика краток спој или електричен удар.

- Никогаш не користете делови од ладилникот како што е вратата за потпора или расчекор.

- Не користете електрични уреди во внатрешноста на ладилникот.

  • Не оштетувајте ги деловите каде што циркулира фреонот со дупчалки или алатки за сечење. Фреонот може да прсне и може да предизвика иритација на кожата и повреда на очите кога ље се дупнат каналите за испарувањата, продолжетоците на цевките или површинските премази.
  • Не покривајте ги или не блокирајте ги отворите за вентилација на ладилникот со каков било материјал.
  • Електричните делови мора да ги поправи само овластено лице. Поправките што ги извршиле некомпетентни лица може да предизвикаат ризик за корисникот.
  • Во случај на грешка при работа или во текот на одржување или поправка, исключете

го ладилникот од довод на ел. енергија со тоа што ќе го извадите соодветниот осигурувач или ќе го извлечете кабелот.

  • Не влечете го кабелот кога го вадите приклучокот.
  • Проверете дали алкохолните пијалоци се убаво затворени и поставени исправено.
  • Никогаш не чувајте конзерви под притисок што содржат запаливи и експлозивни супстанци во ладилникот.
  • Не користете механички уреди или други средства за забрзување на процесот на одмрзнување, освен оние што ги препорачува производителот.
  • Овој производ не е наменет да го користат лица со намалени физички, сетилни или

ментални способности или необучени или неискусни лица (включително и деца), освен ако не се под надзор на лице кое е одговорно за нивната безбедност или кое єе ги научи како да го користат производот правилно.

  • Не вклучувајте оштетен ладилник. Консултирајте се со сервисер ако се сомневате на дефект.
  • Електричната безбедност на ладилникот е гарантирана само кога системот за заземјување во домот е усогласен со стандардите.
  • Изложување на производот на дожд, снег, сонце и ветер е опасно во однос на електричната безбедност.
  • Контактирајте овластен сервисер

кога е оштетен кабелот за струја за да избегнете опасност.

  • Никогаш не вклучувајте го ладилникот на сиден приклучок за време на поставувањето. Инаку, може да има ризик од смрт или сериозна повреда.
  • Овој ладилник е наменет само за чување на храна. Не смее да се користи за други намени.
  • Етикетата со техничките спецификации се наога на левиот сид во ладилникот.
  • Никогаш не поврзувајте го ладилникот за системи за штедење струја. Може да го оштетат ладилникот.
  • Ако има сина светлина во ладилникот, не гледајте во неа со незаштитени очи или со оптички помагала подолг период.

  • Почекајте најмалку 5 минути за да го включите ладилникот откако снемало струја кај ладилниците што се контролираат рачно.

  • Ова упатство за работа треба да се предаде на новиот сопственик на производот ако го дадете на други.
  • Избегнувајте да предизвикувате оштетувања на кабелот за напојување кога го транспортирате ладилникот. Превитканиот кабел може да предизвика пожар. Никогаш не ставајте тешки предмети врз кабелот за струја. Не допирајте го приклучокот со мокри раце кога го приклучувате производот.

BEKO TSE1524N - Општа безбедност - 1

  • Не приклучувајте го ладилникот ако штекерот е разлабавен.
  • Вода не смее да се прска директно на внатрешните и надворешните делови на производот од безбедносни причини.
  • Не прскајте разни средства што содржат запаливи гасови како што е пропанот близу до ладилникот за да избегнете ризик од пожар и експлозија.
  • Никогаш не ставајте садови со вода врз ладилникот. Во спротивно, може да предизвикаат електричен удар или пожар.
  • Не преполнувајте го ладилникот со прекумерна количина храна. Ако го преполните, храната може да падне и да ве повреди и да го оштети ладилникот кога ја отворате вратата. Никогаш не

ставајте предмети врз ладилникот. Во спротивно, овие предмети може да паднат кога ја отворате или затворате вратата на ладилникот.

- Вакцините, лековите што се осетливи на топлина, истражувачките материјали и Guinea не смее да се чуваат во ладилникот бидејки бараат прецизна температура.

- Ладилникот треба да се исклучи од струја ако не се користи долго време. Можен проблем со кабелот може да предизвика пожар.

- Ладилникот може да се мрда ако прилагодливите ногарки не се правилно поставени на подот. Ладилникот нема да се мрда со правилно обезбедување на прилагодливите ногарки на подот.

- Не држете го ладилникот за рачката на вратата кога го транспортирате. Во спротивно, може да се скрши.

- Кога треба да го поставите производот до друг ладилник или замрзнувач, растојанието меѓу нив треба да биде најмалку 8 цм. Во спротивно, соседните сидови може да фатат влага.

- Никогаш не користете го производот ако се отворени деловите на горниот или задниот дел на вашиот производ што имаат електронски плочи со отпечатени струјни кола внатре (заштита на електронски плочи со отпечатени струјни кола) (1).

BEKO TSE1524N - Општа безбедност - 2

Кај производи со диспензер за вода

•Притисокот на влезот за ладна вода їе биде максимум 90 паскали (6.2 бар). Ако притисокот на водата надмине 80 паскали (5,5 бари), користете вентил за ограничување на притисокот во водоводниот систем. Ако не знаете како да го проверите водниот притисок, побарајте помош од професионален водоинсталатер.

- Ако има ризик од хидраулички удар во вашата инсталација, секогаш користете опрема за спречување хидраулички удар во вашата инсталација. Консултирајте се со професионални водоводции ако не сте сигурни дали има или нема хидрауличен удар во вашата инсталација.

- Не инсталирајте на влезот на топлата вода. Преземете мерки против ризикот од замрзнување на цревата. Работниот интервал на водата треба да биде најмалку 33°F (0,6°C) и најмногу 100°F (38°C).

- Користете само вода за пиење.

Безбедност за деца

  • Ако вратата има брава, клучот треба да се чува далеку од дофатот на децата.
  • Децата мора да се надгледуваат за да се спречи тие да си играат со ладилникот.

Усогласување со Директивата за фрлање на електронска и електрична опрема и за одлагање на отпадот:

BEKO TSE1524N - Усогласување со Директивата за фрлање на електронска и електрична опрема и за одлагање на отпадот: - 1

Овој отпад е усогласен со Директивата на ЕУ за фрлање на електронска и електрична опрема (2012/19/EU). Овој производ го носи символот за класификација на отпадот од електрична и електронска опрема (WEEE).

Овој производ е произведен со многу квалитетни делови и материјали коишто може да се користат одново и се соодветни за рециклирање. Не фрлајте го производот со нормалниот домашен отпад и со друг отпад кога веке нема да го користите. Однесете го во собирен центар за рециклирање на електрична и електронска опрема. Консултирајте се со овластените тела во општината за да дознаете каде има собирни центри.

Усогласување со Директивата за ограничување на опасните материи:

Производот што го купивте е усогласен со отпад е усогласен со Директивата за ограничување на опасните материи (2011/65/EU). Не содржи штетни и забранети материјали коишто се наведени во Директивата.

Информации за пакувањето

Материјалот за пакувањето на производот е произведен од материјал што може да се рециклира во согласност со Државните одредби за заштита на животната средина. Не фрлајте го материјалот од пакувањето заедно со домашниот или друг отпад. Однесете го во центри за собирање материјал за пакување коишто ги посочуваат општинските тела

НС-Предупредување

Ако системот за разладување на производот содржи R600а:

Овој гас е запалив. Затоа треба са се обрне внимание да не се оштетуваат системот за ладење и цевководите при употреба и транспорт. Во случај на оштетување, чувајте го производот настрана од можни извори на орган што може да предизвикаат негово палење и вентилирајте ја просторијата каде што е сместен.

Игнорирајте го ова предупредување ако системот за ладење на производот содржи R134а.

Типот на гас што се користи во производот е посочен на плочката на левиот сид во ладилникот.

Никогаш не фрлајте го производот во оган.

Работи што треба да ги направите за штедење енергија

  • Не држете ги вратите на ладилникот отворени подолг период.
  • Не ставајте топли пијалаци или храна во ладилникот.
  • Не преоптоварувајте го ладилникот со што ће се попречи циркулацијата на воздухот во внатрешноста.
  • Не поставувајте го ладилникот под директна сончева светлина или близу до уреди што зрачат топлина како што се печка, машина за миење садови или радијатори.
  • Внимавајте храната да ја чувате во затворени садови.
  • За производи со оддел за замрзнување - Може да чувате максимальна количина храна во замрзнувачот ако ја извадите полицата или фиоката од замрзнувачот. Посочената вредност за потрошувачката на струја за ладилникот е одредена со извадени полици или фиоки и под максимально оптоварување. Нема штета ако се користи полица или фиока во согласност со облиците или големината на храната што треба да се замрзне.
  • Ако ја одмрзнувате замрзната храна во одделот на ладилникот, ќе заштедите струја и ќе го зачувате квалитетот на храната.

3 Поставување

Имајте предвид дека производителот нема да биде одговорен ако не се почитуваат информациите коишто се дадени во упатството за работа.

Работи што треба да се имаат во предвид кога го транспортирате ладилникот

  1. Ладилникот мора да се испразни и исчисти пред каков било транспорт.
  2. Полиците, дополнителната опрема, фиоките и сл. во ладилникот мора безбедно да се зацврстат со лента за лепење за да се спречи нишање пред повторно пакување.
  3. Пакувањето мора да се зацврсти со дебели ленти и цврсти јажиња, а правилата што се отпечатени на пакувањето мора да се почитуваат.

Не заборавајте...

Секој рециклирачки материјал е неопходен извор за природата и за нашите природни ресурси.

Ако сакате да придонесете при рециклирање на материјалите за пакување, може да добиете повеće информации од овластените лица за животна средина или од локалната власт.

Пред вклучување на ладилникот

Пред да почнете да го употребувате ладилникот, проверете го следново:

  1. Дали внатрешноста на ладилникот е сува и дали може воздухот да циркулира слободно од задната страна?

  2. Исчистете ја внатрешноста на ладилникот како што е препорачано во поглавјето „Одржување и чистење“.

BEKO TSE1524N - Пред вклучување на ладилникот - 1

  1. Включете во ладилникот во приклучок за струја. Кога вратата їе се отвори, соодветното внатрешно осветлување на ладилникот їе се вклучи.

  2. Ке слушнете бучава кога ќе се вклучи компресорот. Течноста и гасовите затворени во системот на ладилникот ја зголемуваат бучавата, без оглед дали компресорот е включен или не, тоа е сосема нормално.

  3. Предните рабови на ладилникот може да се малку топли. Тоа е сосема нормално. Овие области се дизајнирани да бидат топли за да се спречи кондензација.

Електрично поврзување

Поврзете го производот во заземјен штекер што е заштитен со осигурувач со соодветен капацитет.

Важно:

  • Поврзувањето мора да биде усогласено со државните регулативи.
  • Приклучокот на кабелот за напојување мора да биде лесно достапен по приклучувањето.
  • Посочениот напон мора да биде еднаков на напонот на напојувањето.
  • Не смее да се користат продолжни кабли и приклучоци со повеќе влезови.
    ⚠️ Квалификуван електричар мора да го замени оштетениот кабел за напојување.
    ⚠️ Производот не смее да работи пред да се поправи! Постои ризик од електричен удар!

Фрлање на пакувањето

Материјалот за пакување е опасен за децата. Чувајте го материјалот за пакување подалеку од дофат на децата или фрлете го класифицирајки го во согласност со упатствата за фрлање отпад. Не фрлајте го заедно со редовниот домашен отпад.

Пакувањето на ладилникот е произведено од рециклирачки материјали.

Фрлање на стариот ладилник

Фрлете го стариот ладилник без да направите штета за животната средина.

- Консултирајте се со овластениот застапник или со центар за собирање отпад во вашата општина за тоа како да го фрлите ладилникот.

Пред да го фрлите ладилникот, исечете го кабелот за напојување и, ако има брави на вратата, искршете ги за да ги заштитите децата од каква било опасност.

Поставување и поврзување

⚠️ Ако влезната врата на просторијата каде што треба да се смести ладилникот не е довольно широка за да може тој да помине, повикајте го овластениот сервис да ги извади вратите на ладилникот и тогаш, поминете го ладилникот низ вратата странично.

  1. Поставете го ладилникот на место кое овозможува лесна употреба.
  2. Поставете го ладилникот подалеку од извори на топлина, влажни места или директна сончева светлина.
  3. Мора да има соодветна воздушна вентилација околу ладилникот со цел да се постигне ефикасна работа. Ако ладилникот треба да се постави во вдлабнатина во sidот, тогаш мора да има најмалку 5 цм. растојание од таванот и најмалку 5 цм од sidот. Ако на подот има килим, ладилникот мора да е подигнат од подот за 2.5 цм.
  4. Поставете го ладилникот на рамни подови за да се спречи нишање.

Менување на светилката за осветлување

Повикајте овластен сервисер за да ја смените светилката што служи за осветлување на ладилникот.

Сијалицата што се користи во овој уред не служи за осветлување на соби во домот. Намената на сијалицата е да му помогне на корисникот да ја стави храната во фрижидерот безбедно и удобно.

Сијалиците што се користат во овој производ треба да ги издржуваат екстремните физички услови, како што се температурите под -20° С.

Овој производ е опремен со извор на осветлување од енергетската класа „G“.

Изворот на осветлување во овој производ треба да го замени само стручен сервисер.

Преместување на вратите
① 60° ② ③ ④ ⑤ ⑥

BEKO TSE1524N - Менување на светилката за осветлување - 2

i самостояен уред; „овој фрижидер не е наменет да се користи како уред за вградување“;
i Ладилникот треба да се постави на најмалку 30 цм. оддалеченост од извори на топлина, како што се камини, фурни, централно греење и печки и најмалку 5 цм. оддалеченост од електрични печки и не смее да се изложува на директна сончева светлина.
i Амбиенталната температура во просторијата каде што їе го поставите ладилникот мора да биде најмалку 10°C. Не се препорачува работа на ладилникот под уреди за ладење затоа што ја попречува неговата ефикасност.
i Исчистете ја внатрешноста на ладилникот темелно.
i Ако треба да се постават два ладилника еден до друг, тогаш треба да има најмалку 2 цм. растојание меѓу нив.
① Кога ќе го включите ладилникот за првпат, почитувајте ги следните упатства во текот на првите шест часа.

- Врата не треба да се отвора често.

- Мора да се вклучи празен, без храна во него.

- Не исклучувајте го ладилникот од струја. Ако снема струја, видете ги предупредувањата во поглавјето „Препорачани решенија за проблемите“.

Oригиналното пакување и материјалите од пена треба да се чуваат за евентуален иден транспорт или преместување.

5 Употреба на ладилникот/замрзнувачот

BEKO TSE1524N - Употреба на ладилникот/замрзнувачот - 1

Работната температура се регулира со контролата за температура.

1 = најниска поставка за ладење (најтопло)

5 = највисока поставка за ладење (најладно)

(или)

Мин. = најниско поставување за ладење

(најтопло)

Макс. = највисоко поставување за ладење (најладно)

Просечната температура во ладилникот треба да биде околу +5°C.

Изберете го поставувањето во зависимост од саканата температура.

Може да ја запрете работата на уредот со прилагодување на регулаторот на термостатот на позиција „0“.

Имајте предвид дека їе има различни температури во делот за ладење.

Најладниот дел е веднаш над одделот за зеленчук.

Внатрешната температура зависи и од амбиенталната температура, зачестеноста на отворањето на вратата, како и од количината храна што се чува внатре.

Често отворање на вратата предизвикува покачување на внатрешната температура.

Од оваа причина, се препорачува веднаш да ја затворите вратата по користење на ладилникот.

Замрзнување

Замрзнување храна

Одделот за замрзнување е обележан со овој символ

Може да го користите апаратот за замрзнување свежа храна, како и за чување на веке замрзната храна.

Погледнете ги препораките на пакувањето на храната.

- Внимание

Не замрзнувајте газирани пијалаци бидејки шишето може да прсне кога течноста во него ње се замрзне.

Внимавајте со замрзнатите производи како што се коцки мраз во боја.

Не надминувајте го капацитетот за замрзнување во рок од 24 часа. Погледнете ја етикетата за рангирање.

Со цел да го одржувате квалитетот на храната, замрзнувањето мора да се изведе што е можно побрзо.

Затоа, капацитетот на замрзнување не треба да се надминува и температурата во замрзнувачот нема да се покачува.

- Внимание

Секогаш чувајте ја веке смрзнатата храна одвоена од ново ставена храна.

Кога замрзнувате топла храна, компресорот за ладење їе работи сё додека храната не се замрзне целосно. Ова може привремено да предизвика прекумерно ладење и во одделот на ладилникот.

Ако вратата на замрзнувачот тешко се отвора веднаш по затворањето, не грижете се. Ова се должи на разликата во притисокот кој ќе се порамни и ќе дозволи вратата да се отвори нормално по неколку минути.

Ке слушнете звук на вакумирање веднаш по затворање на вратата. Тоа е сосема нормално.

Правење коцки мраз

Наполнете ја тацната за коцки мраз 3/4 со вода и ставете ја во замрзнувачот.

Штом водата ће се замрзне, може да ги вадите коцките мраз.

Никогаш не користете остри предмети како нож или виљушка за да ги извадите коцките мраз. Постои ризик од повреда!

Наместо тоа, оставете коцките мраз да се растопат малку или ставете ја тацната во топла вода со долната страна за кратко.

Складирање замрзната храна

Одделот за замрзната храна е обележан со овој символ

Одделот за замрзната храна е соодветен за складирање на веќе замрзната храна. Препораката за складирање што е посочена на пакувањето на храната треба да се почитува во секое време.

Одмрзнување на уредот

Прекумерно натрупување мраз ке повлијае на процесот на замрзнување кај уредот.

Затоа се препорачува да го одмрзнувате апаратот барем двапати годишно, или секогаш кога ќе се наталожи мраз повеće од 7 мм.

Одмрзнувајте го уредот кога има малку или нема храна во него.

Извадете ја замрзната храна. Завиткајте ја замрзната храна во неколку обвивки од хартија, или во кебе и ставете ја на ладно.

Исклучете го апаратот од струја или исключете го осигурувачот за да започне процесот на одмрзнување.

Извадете ја дополнителната опрема (како полици, фиоки, и сл.) од уредот и поставете соодветен сад за да ја собира стопената вода.

Земете сунгер или мека крпа за да ја соберете растопената вода во одделот за замрзнување, ако е неопходно

BEKO TSE1524N - Одмрзнување на уредот - 1

одделот за замрзнување
BEKO TSE1524N - Одмрзнување на уредот - 2

Држете ја вратата отворена при одмрзнување.

За побрзо одмрзнување, ставете садови со топла вода во апаратот.

Никогаш не користете електрични уреди, спреј за одмрзнување или остри предмети како нож или виљушка за да го извадите мразот.

Откако одмрзнувањето їе заврши, исчистете ја внатрешноста.

Приклучете го ладилникот во струја. Ставете ја смрзнатата храна во фиоките и сместете ги фиоките во замрзнувачот.

Ладење

Чување храна

Одделот на ладилникот е наменет за краткотрајно складирање свежа храна и пијалаци.

Чувајте ги млечните производи во наменетите оддели во ладилникот.

Шишињата може да се чувват во држачите за шишиња или на полицата за шишиња на вратата.

Свежото месо најдобро се одржува во полиетиленски врејички во одделот на дното на ладилникот.

Оставете ги топлите јадења и пијалаци да се изладат на собна температура пред да ги ставите во ладилникот.

• Внимание

Чувајте го жестокиот алкохол во сад само во исправена положба и цврсто затворен.

• Внимание

Не ставајте експлозивни материи или садови со запаливи гасови (конзервиран крем, конзерви на распрснување, итн.) во ладилникот.

Постои опасност од експлозија.

Одмрзнување на уредот

Одделот на ладилникот се одмрзнува автоматски. Стопената вода тече низ каналот за истекување во збирниот сад од задната страна на уредот.

За време на одмрзнувањето, капките вода се лизгаат кон задната страна на ладилникот за да испарат.

Ако не истечат сите капки, може да замрзнат повторно откако їе заврши одмрзнувањето. Тргнете ги со мека, сува крпа натопена со млака вода. Не користете тврди или остри предмети.

BEKO TSE1524N - Одмрзнување на уредот - 1

6 Одржување и чистење

⚠️ Никогаш не користете бензин, нафта или слични средства за чистење.
⚠️ Препорачуваме да го исключите апаратот пред чистење.
① Никогаш не користете груби абразивни инструменти, сапун, домашни средства за чистење, детергент и средство за полирање за чистење.
На задниот сид од преградата на фрижидерите без технологијата No Frost се појавуваат капки вода и замрзнување со ширина на прст од рака. Не чистете го; никогаш не употребувајте масло или слични агенси.
i Употребувајте само малку влажна микрофибер крпа за да ја чистите надворешната површина на производот. Сунгерите и другите типови крпи за чистење може да ја изгребат површината.
☐ Користете топла вода за чистење на внатрешноста на апаратот и избришете за да се исуши.
① Користете влажна и добро исцедена крпа потопена во раствор од една лажичка сода бикарбонат и една чаша вода за чистење на внатрешноста, а потоа избришете за да се исуши.
⚠️ Внимавајте да не навлезе вода во куќиштето на осветлувањето или во другите електрични делови.
⚠️ Ако апаратот нема да се користи подолго време, исключете го, извадете ја храната, исчистете го и оставате ја вратата полуотворена.

i Проверувајте ја редовно гумата на вратата која треба да биде чиста и без остатоци од храна.
i За да ги извадите полиците на вратата, извадете ја целата содржина и потоа едноставно притиснете ја полицата нагоре од лежиштето.
① Никогаш не користете средства за чистење или вода што содржат хлор за да ги исчистите надворешните површини и деловите обложени со хром на производот. Хлорот предизвикува корозија на таквите метални површини.
He користете остри и абразивни предмети или сапун, средства за чистење во домакинството, детергенти, бензин, восок, итн., инаку єе се извадат пломбите на пластичните делови и єе се деформираат. Користете топла вода и мека ткаенина за чистење. Избришете за да биде суво.

Заштита на пластичните површини

He ставајте течни масла или храна зготвена со масло во незатворени садови во ладилникот бидејки тие може да ги оштетат пластичните површини на ладилникот. Во случај на истурање или размачкување масло врз пластичните површини, исчистете го и исплакнете го дадениот дел на површината веднаш со топла вода.

7 Препорачани решенија за проблемите

Прочитајте го овој список пред да повикате сервис. Ке ви заштеди време и пари. Овој список ги опфаќа честите поплаки што не произлегуваат од неправилна работа или употреба на материјали. Некои од одликите што се опишани тука веројатно не постојат кај вашиот производ.

Ладилникот не работи
• Дали ладилникот е правилно приклучен? Приклучете го во штекер.• Дали осигурувачот на приклучокот на којшто е поврзан ладилникот или главниот осигурувач се прегорени? Проверете го осигурувачот.
Се јавува кондензација на страничните сидови во одделот на ладилникот. (MULTI ZONE, COOL CONTROL ve FLEXI ZONE)
• Многу студени амбиентални услови. Често отворање и затворање на вратата. Амбиентални услови со многу влага. Складирана храна што содржи течност во отворени садови. Вратата е оставена подотворена.• Префрлете го термостатот на поладен степен.• Намалете го времето за оставена отворена врата или користете ја поретко.• Затворете ја храната што ја чувате во отворени садови со соодветен материјал.• Избришете ја кондензацијата со сува крпа и проверете дали повторно ће се појави.
Компресорот не се вклучува
• Заштитната термика на компресорот ће престане да работи при ненадеен прекин на ел. енергија или ће го прекине ел. напојување бидејки притисокот на ладилникот во системот за ладење сё уште не е избалансиран.• Ладилникот ће продолжи со работа по приближно 6 минути. Повикајте го сервисерот ако ладилникот не се вклучи по истекување на овој период.• Ладилникот е во циклус на одмрзнување. Ова е нормално за целосно автоматизира процес на одмрзнување кај ладилникот. Циклусот на одмрзнување започнува периодично.• Ладилникот не е приклучен во штекер. Проверете дали приклучокот е приклучен правилно во сидниот штекер.• Дали прилагодувањето на температурата е правилно направено? Нема струја. Повикајте го електродистрибутерот.
Ладилникот често или долго работи.
Новиот ладилник веројатно е поширок од претходниот. Тоа е сосема нормално.Големите ладилници работат подолг период.Собната температура е висока. Ова е нормално.Ладилникот веројатно е приключен неодамна или можеби е преоптоварен со храна.Комплетното разладување на ладилникот може да потрае неколку часа подолго.Веројатно е ставена голема количина врела храна во ладилникот неодамна. Врелата храна предизвигува подолг период на работа на ладилникот сё додека не се постигне безбедна температура на складирање.Вратите веројатно биле често отворани или оставени подотворени долг период.Топлиот воздух што навлегол во ладилникот предизвигува тој да работи подолг период. Отворајте ги вратите поретко.Вратите на одделите на ладилникот или замрзнувачот веројатно биле оставени подотворени. Проверете дали вратите се добро затворени.Ладилникот е прилагоден на многу ниска температура. Прилагодете ја температурата во ладилникот на повисок степен и почекајте додека не се постигне температурата.Гумата на вратата од ладилникот или замрзнувачот е нечиста, истрошена, искината или не е правилно поставена. Исчистете ја или заменете ја гумата. Оштетена / искината гума предизвигува ладилникот да работи подолг период за да ја одржува тековната температура.
Температурата во замрзнувачот е многу ниска додека температурата во ладилникот е задоволителна.
Температурата во замрзнувачот е прилагодена на многу ниска температура.Прилагодете ја температурата во замрзнувачот на повисок степен и проверете.
Температурата во ладилникот е многу ниска додека температурата во замрзнувачот е задоволителна.
Температурата во ладилникот е прилагодена на многу ниска температура.Прилагодете ја температурата во ладилникот на повисок степен и проверете.
Храната што се чува во фиоките на ладилникот се замрзнува.
Температурата во ладилникот е прилагодена на многу ниска температура.Прилагодете ја температурата во ладилникот на повисок степен и проверете.
Температурата во ладилникот или замрзнувачот е многу висока.
Температурата во ладилникот е прилагодена на многу висока температура.Прилагодувањето во ладилникот влијае врз температурата во замрзнувачот. Сменете ја температурата во ладилникот или замрзнувачот додека истата не постигне задоволително ниво.Вратата веројатно била оставена подотворена. Затворете ја вратата убаво.Веројатно е ставена голема количина врела храна во ладилникот неодамна. Почекајте додека ладилникот или замрзнувачот не ја постигнат саканата температура.Ладилникот веројатно бил приключен неодамна. Целосно разладување на ладилникот трае подолго заради неговата големина.
Бучава слична на звукот на секундарнарникот што се слуша кај аналогниот часовник се слуша од ладилникот.
Ова бучава доаға од соленоидниот вентил на ладилникот. Функциите на соленоидниот вентил, за да може фреонот да минува низ одделот, може да се прилагодуваат на температури за ладење или замрзнување или да извршуваат функции за ладење. Ова е нормално и не е дефект.
Бучавата при работа се зголемува кога работи ладилникот.
Карактеристиките за работата на ладилникот се менуваат соодветно на промените во амбиенталната температура. Тоа е нормално и не е грешка.
Вибрации или бучава.
Подот не е рамен или е многу слаб. Ладилникот се ниша кога ће се помести малку. Проверете дали подот е рамен, цврст и може да го држи ладилникот.Бучавата може да се предизвикува и од работите што се ставени врз ладилникот. Тие предмети треба да се тргнат од ладилникот.
Има бучава што наликува на истурање вода или шиштење.
Течните и гасните звуци се случауваат заради работните принципи на ладилникот. Тоа е нормално и не е грешка.
Има бучава како да дува ветер.
Активаторите за воздух (вентилаторите) се користат за да може ладилникот да лади ефикасно. Тоа е нормално и не е грешка.
Има кондензација на внатрешните сидови на ладилникот.
Врела и влажна клима го зголемува создавањето мраз и кондензација. Тоа е нормално и не е грешка.Вратите се подотворени. Обезбедете вратите да се секогаш добро затворени.Вратите веројатно се отворале многу често или биле оставени отворени подолг период. Отворајте ја вратата поретко.
Влага се појавува на надворешноста на ладилникот или меѓу вратите.
Климата е влажна. Ова е нормално за влажна клима. Кога ће се намали влагата, ће исчезне и кондензацијата.
Има лоша миризба во ладилникот.
Внатрешноста на ладилникот мора да се исчисти. Исчистете ја внатрешноста на ладилникот со сунгер, топла вода или карбонизирана вода.Некои садови или материјали за пакување веројатно го предизвикуваат мирисот. Употребете друг сад или материјал за пакување од,друг производител.
Вратата(ите) не се затвора(ат).
Спакуваната храна може да го попречува затворањето на вратите. Преместете ја спакуваната храна што ја попречува вратата.Ладилникот веројатно не е поставен целосно вертикално на подот и се ниша кога малку ће се потурне. Прилагодете ги шрафовите за подигнување.Подот не е рамен или цврст. Проверете дали подот е рамен и може да го држи ладилникот.
Фиоките се заглавени.
Храната веројатно го допира плафонот на фиоката. Прераспределете ја храната во фиоката.

Ако Површината На Производот Е Жешка.

- Може да се појават високи температури помеѓу двете вратички, на страничните панели и кај задниот грил додека производот е включен. Тоа е нормално и нема потреба за поправка!

Содржина Кликнете на наслов за да пристапите до него
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BEKO

Модел : TSE1524N

Категорија : фрижидер