Arçelik AFM 350 I - Печка

AFM 350 I - Печка Arçelik - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот AFM 350 I Arçelik во PDF формат.

📄 88 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање 10 прашања ⚙️ Спецификации
Notice Arçelik AFM 350 I - page 26
Погледни прирачник : Français FR Čeština CS Deutsch DE Ελληνικά EL Español ES Suomi FI Македонски MK Nederlands NL Русский RU Українська UK
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.
Вид на производ Вградена рерна
Марка Arçelik
Модел AFM 350 I
Категорија Рерна
Номинален напон 220-240 V ~ 50 Hz
Номинална моќност 3.5 kW
Капацитет 65 L
Димензии (Ш x В x Д) 595 x 595 x 560 mm
Нето тежина 35 kg
Материјал на вратата Калемено стакло
Број на функции 7 функции
Вид на чистење Рачно чистење
Внатрешно осветлување Халогена ламба
Вид на готвење Вентилатор, скара, конвекција
Енергетска класа А
Гаранција 2 години
Земја на потекло Турција
Приложени додатоци Решетка, тава за печење
Детска безбедност Не е достапна
Инсталација Вграден под работна плоча или висок ормар

Frequently Asked Questions - AFM 350 I Arçelik

Како да се инсталира рерната AFM 350 I ?
Инсталацијата мора да ја изврши квалификувано лице. Подгответе го местото според димензиите наведени на шемата, уверете се дека површините се отпорни на топлина (мин. 100 °C) и дека вентилацијата е доволна. Прицврстете ја рерната за мебелот со приложените завртки.
Каков тип штекери да се користи?
Користете штекери со заземјување со напон и заштита наведени во техничките карактеристики. Ако моќноста ја надминува капацитетот на штекери, поврзете директно на фиксната инсталација со осигурувач.
Како да се поврзе рерната без приклучок?
Отворете го капакот на приклучната кутија, вметнете го кабелот за напојување во стегачот за кабел, поврзете ги жиците според шемата (фаза, неутрал, земја), потоа затворете го капакот. Кабелот не смее да биде подолг од 2 метри.
Кои се важните безбедносни мерки на претпазливост?
Исклучете го уредот пред каква било интервенција. Уверете се дека електричните приклучоци се затегнати. Не користете продолжен кабел или оштетен кабел. Избегнувајте течности да дојдат до точките на поврзување.
Како да се исчисти рерната?
Пред чистење, исклучете го уредот. Користете влажна крпа и благ детергент. Не користете абразивни производи. Внатрешноста може да се исчисти со неметална сунѓер.
Што да се прави во случај на дефект?
Прво проверете го напојувањето. Ако проблемот продолжи, контактирајте овластен сервис. Не обидувајте се сами да го поправате, тоа ја поништува гаранцијата.
Како да се прицврсти рерната во мебелот?
Поставете ја рерната центрирана во мебелот со помош на две лица. Ако вашиот модел има телескопски шини, навалете го за 0,3 степени наназад. Цврсто зашрафете ги завртките за прицврстување.
Колкав простор за вентилација е потребен?
За инсталација под работна плоча, направете отвори според димензиите од слика 2. За висок ормар, потребен е отвор во задниот панел. Консултирајте ја шемата во упатството.
Може ли да користам продолжен кабел?
Не, употребата на продолжен кабел е забранета бидејќи може да предизвика пожар или електричен удар. Кабелот мора да биде приклучен директно.
Како да се демонтира рерната?
Исклучете го напојувањето. Одвртете ги завртките за прицврстување. Со две лица, кренете ја рерната малку и извлечете ја целосно од мебелот.

Прашања на корисниците за AFM 350 I Arçelik

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот Печка во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник AFM 350 I - Arçelik и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. AFM 350 I на марката Arçelik.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК AFM 350 I Arçelik

МК - Упатства за безбедно користење

- Производот мора да го инсталира квалификувано лице во склад со важечките прописи. Производителот нема да биде одговорен за штетите кои ће настанат од работите што ће ги изведат неовластени лица, и во тој случај гаранцијата може да изгуби важност.

- Подготовката на локацијата и на електричната инсталација за производот е одговорност на купувачот.

- Производот мора да се инсталира во склад со сите важечки прописи за електрика.

- Пред да се инсталира производот, извадете ги од него сите материјали и документи и со поглед проверете дали има некакви оштетувања. Ако е така, не го инсталирајте.

- Производот е тежок и затоа треба да го носат најмалку двајца луге.

- Вратата и/или рачката не смеат да се користат за кревање или преместување на уредот. За таа цел користете ги местата за кревање што се наогаат на двете страни на производот ( слика 1).

Секогаш носете заштитни ракавици при транспортирањето и инсталирањето.

- Пред инсталирањето, исключете ги електричните конекции во просторијата во која треба да се инсталира производот.

- Површините на елементот од мебелот во кој треба да се инсталира производот мора да бидат отпорни на топлина (најмалку 100 °C).

- Погрижете се елементот на мебелот да биде добро фиксиран пред да се инсталира производот.

- Не ставајте изолирбан во внатрешноста на елементот на мебелот во кој треба да се инсталира рерната.

- Уредот не смее да се инсталира зад декоративна врата за да не дојде до прегревање.

- Димензиите дадени во дијаграмот за инсталирање се во милиметри.

Инсталирање на производот Ако производот биде поставен под шанк: (Слика 2)

- За да ја има потребната вентилација зад кујнскиот мебел, треба да се направат отвори со димензиите што се прикажани на слика 2.

- Електричното поврзување мора да биде во просторот А на слика 2 или надвор од местото на инсталирање.

- Ако производот биде поставен под шпорет, следете ги димензиите што се дадени во упатството за инсталирање на шпоретот.

Ако производот биде поставен во висечки елемент: (Слика 3)

- Во задниот дел на кујнскиот мебел треба да се направат отвори со димензиите прикажани на слика 3 за да се обезбеди потребната вентилација. Отворите треба да бидат по должината на височината на елементот.

- Ако има задна преграда на висечкиот елемент во кој ќе се стави производот, таа мора да се извади.

- Електричното поврзување мора да биде во просторот А на слика 3 или надвор од просторијата на инсталирање.

Ако производот биде ставен во агол: (Слика 4а-4б)

-Треба да се обрне внимание на зададените димензии за да се изведе инсталирањето во агол на слика 4а и 4б.

Поврзување на уредот во електричната мрежа

- Поврзете го производот само на штекер/линија со заземјување со волтажа и заштита како што е наведено во "Технички спецификации". Заземјувањето нека го направи квалификуван електричар додека го користите производот со или без трансформатор. Нашата фирма нема да одговара за никакви оштетувања што ќе настанат ако производот се користи без заземјување во согласност со локалните прописи.

- Пред да се започне со работа на електричната инсталација, исключете го производот од електричната мрежа. Може да настане струен удар!

- Производот мора да го поврзе на електричната мрежа само овластено и квалификувано лице. Гаранцијата на производот почнува да тече дури откако ће биде исправно инсталиран. Производителот нема да биде одговорен за штетите кои ће настанат од работите што ће ги изведат неовластени лица.

- Производот мора да се инсталира така што єе може потполно да се исклучи од електричната мрежа. Сепарирањето мора да се направи со специјален прекинувач вграден во фиксната електрична инсталација, во согласност со градежните прописи.

- Задната површина на перната се загрева кога се користи. Внимавајте електричното поврзување да не дојде во контакт со задната површина, инаку конекциите може да се оштетат.

- Кабелот за поврзување не смее да биде притиснат, извиткан или потфатен ниту да доаға во допир со жешките делови на рерната. Така може да дојде до краток спој на рерната и таа да се запали поради топењето на кабелот. Ако се оштети електричниот кабел, мора да го замени квалификуван електричар. Во спротивно може да настане струен удар, краток спој или пожар!

- Приклучокот на електричниот кабел треба да биде лесно достапен по инсталирањето (но да не биде над ринглите).

- При поврзувањето на жиците, мора да ги задоволите националните/локалните електрични прописи и да користите штекер/линија и приклучок погодни за перната. Ако ограничувањата на вредностите на струјата на која работи производот го надминуваат капацитетот на приклучокот и штекерот/линијата, мора да го поврзете производот директно за фиксната електрична инсталација без да ги користите приклучокот и штекерот/линијата.

- Внимавајте осигурувачот да одговара на производот.

- Поврзувањето мора да биде во согласност со националните прописи.

- Податоците за електричната мрежа мора да бидат во согласност со податоците што се наведени на етикетата за типот на производот. Отворете ја предната врата за да го видите типот на производот.

- Електричниот кабел на производот мора да одговара на вредностите наведени во табелата во делот "Технички спецификации".

- Ако производот биде поврзан директно за доводот на струја:

Ако не е можно да се прекинат сите полови на доводот на струја, мора да се поврзе и единица за прекинување со најмалку 3 mm слободен простор за контакт (осигурувачи, сигурносни прекинувачи, контактори) и сите полови на оваа единица мора да бидат во близина на производот (не над него) во согласност со IEE директивите. Пропустот да се следи ова упатство може да води до проблеми во работењето на производот и гаранцијата може да изгуби важност.

- Се препорачува дополнителна заштита со додатен прекинувач на струја.

Ако производот е произведен со кабел и приклучок

- Вашиот производ е произведен со електричен кабел и приключок. Ставете го приклучокот на производот во заземјен штекер и поврзете го со електричната мрежа.

Ако производот е произведен со кабел но без приклучок

  • Поврзете го кабелот на производот со доводот на струја како што е наведено подолу:
  • Кафеав/цирн кабел = L (фаза)
  • Плав кабел = N (нулти)
  • Зелен/жолт кабел = (E) ⏻ (заземјување)

Ако производот е произведен без кабел и приклучок

Електричен кабел со характеристики наведени во табелата со технички спецификации мора да биде поврзан со производот со следење на упатствата. Електричниот кабел не смее да биде подолг од 2 m поради безбедносни причини.

  • Отворете го со шрафцигер капакот на терминалот.
  • Вметнете го електричниот кабел во држачот за кабел под терминалот и прицврстете го со интегриран шраф за главниот елемент на делот за придржување на кабелот.
  • Поврзете ги каблите според дадениот дијаграм.

Arçelik AFM 350 I - Ако производот е произведен без кабел и приклучок - 1

  • N = Нулти (Плав)
  • L = Активен-Фаза (Кафеев/цирн)
  • E = Заземјување (Зелен/жолт)
  • C = Стегач на кабелот

  • После поврзувањето на жиците, затворете го капакот на терминалот.

  • Поврзете го електричниот кабел за доводот на струја така што їе му направите патека да не го допира

производот и да не се гмечи помеѓу производот и сидот.

Заштита од евентуален пожар!;

  • Погрижете се сите електрични поврзувања да бидат безбедни и цврсти за да се избегне опасност од искри.
  • Не користете оштетени електрични или продолжни кабли.
  • Погрижете се местото на електрично поврзување да нема никаков допир со течност или влага.

Местење и фиксирање на производот (Слика 5-6)

  • Ставете го уредот врз елементот на мебелот, при што треба да го центрираат две или повеќе лица.
  • Ако вашиот производ е опремен со телескопска шина, мора да се даде наклон од најмалку 0,3 степени кон задниот дел на рерната за телескопските шини да работат правилно. За ова, откако їе го ставите производот на мебелот, поставете го либето на телескопската шина како што е прикажано на слика 5 и проверете дали аголот на наклон кон задниот дел на рерната е најмалку 0,3 степени.
  • Фиксирајте го производот за мебелот со помош на приложените шрафови. (Слика 6)
  • На крајот на инсталирањето, проверете дали шрафовите се добро прицврстени и производот добро фиксиран. Ако производот не е инсталиран во согласност со упатствата и шрафовите не се добро прицврстени, постои опасност производот да се преврти додека се користи.

Завршна проверка

  • По инсталирањето, поврзете го производот со електричната мрежа.
  • Прочитајте го упатството за употреба во врска со првата употреба на производот.
  • Проверете ги функциите на производот.

Вадење на производот

  • Исключете го производот од електричната мрежа.
  • Одвртете ги шрафовите со кои е прицврстен.
  • Внимателно подигнете го производот со помош на две или повеке лица и целосно извадете го.
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : Arçelik

Модел : AFM 350 I

Категорија : Печка