S501GW - кујнски робот GORENJE - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот S501GW GORENJE во PDF формат.
| Бренд | Gorenje |
| Модел | S501GW |
| Тип на производ | Домашен робот (сечка/блендер) |
| Капацитет на садот | 500 ml |
| Напајување | Мрежен напон, 220-240 V, 50/60 Hz |
| Номинална моќност | 200 W (проценка) |
| Главни функции | Сечење, втечнување, пасирање, емулгирање |
| Брзини | 1 брзина + импулс (пулс) |
| Управување | Импулсно копче |
| Вклучени додатоци | Остар нож, жица за матење, сад, безбедносен капак, моторен блок, антилизгачка подлога |
| Материјал на садот | Пластика (погодна за миење во машина) |
| Димензии (прибл.) | 20 x 20 x 30 cm |
| Тежина (прибл.) | 1,5 kg |
| Должина на кабелот | Околу 80 см (може да се навива) |
| Ниво на бучава | Lc < 72 dB(A) |
| Безбедност | Многу остар нож, не отворајте додека сечилото не застане, исклучете го пред ракување, не потопувајте го моторниот блок |
| Одржување и чистење | Садот може да се мие во машина за садови; моторниот блок избришете го со влажна крпа; не користете хлорни производи |
| Резервни делови и поправливост | Достапни преку овластен сервис на Gorenje |
| Гаранција | Меѓународна гаранција на производителот (видете ја гаранциската картичка) |
| Употреба | Само за домашна употреба, во затворен простор |
Често поставувани прашања - S501GW GORENJE
Прашања на корисниците за S501GW GORENJE
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот кујнски робот во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник S501GW - GORENJE и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. S501GW на марката GORENJE.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК S501GW GORENJE
МК Упатства за употреба .....10
EN Instruction manual....13
RO Instructiuni de utilizare ....15
BG Инструкции за употреба .....30
- Пред првата употреба на апаратот внимателно прочитајте ги упатствата за употреба и чувајте ги, ако во иднина би ви затребале повторно. Во случај на употреба која не е во согласност со упатствата, производителот не презема никаква одговорност.
- Проверете дали наведениот напон и струја на натписната табличка им одговараат на карактеристиките на електричната инсталација во вашиот дом.
- Апаратот е наменет само за домашна употреба во затворени простории. • Веднаш по завршена употреба исклучете го апаратот од
електричната мрежа. Апаратот мора да биде исклучен и за време на секое чистење.
- Пред ставање и отстранување делови исклучете го апаратот од електричната мрежа.
- Не употребувајте го апаратот, ако тој не работи правилно или е оштетен. Ако дојде до тоа, ве молиме, викнете овластен сервисен центар.
- Не отворајте го капакот додека ножот за сечкање сосема не запре.
- Каква било интервенција која не спаѓа во редовно чистење и одржување, смее да изврши само овластен сервисер.
- Никогаш не потопувајте го апаратот, електричниот кабел или втакнувачот во вода или друга течност.
- Внимавајте електричниот приклучен кабел да не виси од работната површина и да не биде на дофат на деца.
- Електричниот приклучен кабел не смее да биде во близина на жешки делови од апаратот или други извори на топлина, односно не смее да биде ставен на остар раб.
- Ако електричниот кабел или приклучокот се оштетени, не употребувајте го апаратот. За да избегнете ризик, овие делови нека ги замени само овластен сервисер.
- За ваша лична безбедност препорачуваме да употребувате само помагала и резервни делови наменети за употреба со вашиот апарат.
- Квалитетот на сите апарати е грижливо прегледан, исто така посебно е испитана нивната практична употребливост, односно прирачност.
- Со ножот за сечкање постапувајте многу претпазливо, бидејќи е вонредно остар.
- Никогаш не употребувајте го ножот за сечкање надвор од стаклениот сад.
- Овој апарат можат да го користат деца кои веќе наполниле 8 години, лица со намалени физички, сетилни или ментални способности, како и лица кои немаат доволно искуство и знаење, ако се под надзор или биле обучени како да го користат апаратот на безбеден начин и ги разбрале опасностите кои можат да се појават. Децата мора постојано да се под надзор за да се осигурате дека тие не си играат со апаратот.
- Чистењето и корисничкото одржување не треба да го изведуваат деца кои не наполниле 8 години и кои не се под надзор. • Ниво на бучава: Lc < 72 dB (A)
Оваа опрема е означена согласно европската директива 2002/96/EG за отпадна електрична и електронска опрема (Waste Electrical and Electronic Equipment - WEEE). Директивата определува барања за собирање и постапување со отпадна електрична и електронска опрема, кои важат во целата Европска Унија.
ПРВА УПОТРЕБА НА АПАРАТОТ
Составување и раставување на апаратот
Кога апаратот е исклучен:
- Ставете го садот на подлогата.
- Ножот за сечкање или приклучокот за матење наместете го на вратилото, односно оската на садот, притоа држејќи го за пластичниот дел.
- Ставете го кровниот дел од садот на стаклениот сад.
- Моторот наместете го на кровниот дел од садот.
- Ако сакате да го раставите апаратот, најпрвин исклучете го моторот, потоа повторете ги горните чекори во обратен редослед.
Употреба на апаратот
- Пред првата употреба, измијте го садот и неговиот кровен дел во машина за миење садови или рачно со вода и детергент. Претпазливо измијте ги и исушете ги.
- Повторно составете го тој дел на апаратот.
СЕЧКАЊЕ
Со нож за сечкање:
- Ставете ги состојките во садот. Внимавајте да не ја надминете ознаката 500ml на садот.
- За фино и рамномерно сечкање, повеќепати во рамномерни интервали притиснете го тастерот (1). Помеѓу тоа, со лажица за мешање повеќепати одвојте ја храната и рамномерно распоредете ја по садот.
- Колку фино ќе биде храната насечкана зависи од траењето на сечкањето.
ПРЕТВОРАЊЕ ВО ТЕЧНОСТ
Со нож за сечкање
- Ставете ги состојките во садот. Никогаш не ја надминувајте ознаката 500ml на садот.
- Притиснете го тастерот за почеток на работење, отпуштете го тастерот за крај на работење.
МАТЕЊЕ
Со приклучок за матење
- Состојките ставете ги во садот. Не ја надминувајте ознаката од 500 ml на садот.
- Притиснете го тастерот за почеток на работење на апаратот, а потоа пуштете го тастерот за крај на работење.
ОДРЖУВАЊЕ
- За да не ги оштетите сечилата на ножот, не сечкајте тврда храна (тврда чоколада, шеќер во коцки и сл.).
- Со ножот за сечкање постапувајте многу претпазливо, бидејќи е исклучително остар.
- Исклучете го апаратот од електричната мрежа.
- Во машина за миење садови или рачно со вода и детергент измијте го садот и неговиот капак. Претпазливо измијте ги и исушете ги.
- Не употребувајте хлорирани производи (белила).
- Никогаш не го ставајте моторот во вода или под млаз вода. Избришете го со малку влажна крпа.
ЧУВАЊЕ
- По употреба, намотајте го електричниот приклучен кабел и прицврстете го со капакот на стаклениот сад.
- Капакот можете да го ставите на стаклениот сад, ако сакате насечканата храна да ја чувате во ладилник.
Животна средина
Оваа ознака значи дека овој производ не треба да се одлага заедно со другиот отпад од домаќинството на територијата на ЕУ. За да спречите евентуална штета по животната средина или човечкото здравје со неконтролирано одлагање на отпадот, рециклирајте го одговорно, за да промовирате одржливо користење на материјалните ресурси. За да го вратите искористениот апарат, ве молиме користете ги системите за прибирање и враќање или контактирајте ја продавницата во која производот е купен. Тие можат да го однесат производот на рециклирање кое е безбедно во поглед на животната средина.
Гаранција и сервис
Доколку ви се потребни информации или имате проблем, ве молиме контактирајте со Центарот за грижа за корисниците на Горење во вашата земја (телефонските броеви се наведени во Меѓународната гаранција). Ако во вашата земја нема Центар за грижа за корисниците, отидете до вашиот локален дистрибутер на Горење или контактирајте го овластениот сервис на Горење.
Само за лична употреба!

Си го задржуваме правото на измени!

- Соберете детали чаши.
ИЗМЕЛЧУВАЊЕ
Само за лична употреба!