AD 2922 - Тример ADLER - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот AD 2922 ADLER во PDF формат.
| Вид на производ | Електрична машина за бричење |
| Бренд | Adler |
| Модел | AD 2922 |
| Напојување | USB полнач 5V 1A |
| Автономија | 45 минути непрекината работа |
| Време на полнење | Околу 4 часа (прво полнење) |
| Индикатор за полнење | Црвено за време на полнење, се гаси кога е наполнето |
| Вид на сечило | Отстранливо сечило |
| Број на чешли | 3 чешли за различни должини на сечење |
| Употреба | Само на суво (не користете под туш) |
| Максимална моќност | 5 W |
| Номинална моќност | 0,25 W |
| Замена на сечилото | На секои 4 месеци или по потреба |
| Одржување | Чистете со сува крпа; не користете крпа |
| Безбедност | Не потопувајте во вода; не користете блиску до вода; надзор на деца |
| Температура на полнење | Помеѓу 5°C и 35°C |
| Гаранција | Домашна употреба; гаранцијата не важи за комерцијална употреба |
Често поставувани прашања - AD 2922 ADLER
Прашања на корисниците за AD 2922 ADLER
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Тример во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник AD 2922 - ADLER и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. AD 2922 на марката ADLER.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК AD 2922 ADLER
Условите на гаранција се различни, ако уредот се користи за комерцијални цели.
- Пред употреба на уредот внимателно прочитајте ги и секогаш следете ги следните упатства. Производителот не е одговорен за оштетувања кои произлегуваат од неправилна употреба на уредот.
- Уредот треба да се употребува само внатре. Не употребувајте го уредот за било какви цели кои не се компатибилни со неговата примена.
- Напонот е 5V 1A, ~ со заземјување. Од безбедносни причини не треба да се приклучуваат повеќе уреди на еден извор на електрична енергија.
- Бидете внимателни кога го употребувате уредот во близина на деца. Не им дозволувајте на децата да си играат со уредот. Не им дозволувајте на децата или луѓето кои не го познаваат уредот да го користат без надзор. 5. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Овој уред може да се користи од страна на деца над 8 години и лица со намалени физички, сензорни или ментални способности, или лица со недостаток на искуство и знаење, само доколку се под надзор на лице одговорно за нивната безбедност, или ако тие се обучени за безбедност при употреба на уредот и се свесни за опасностите поврзани со неговото работење. Децата не треба да си играат со уредот. Чистење и одржување на уредот не треба да се врши од страна на децата, освен ако тие се над 8 години и овие активности се вршат под надзор.
- Откако ќе завршите со употреба на уредот, полека извадете го приклучокот од доводот на струја, притоа придржувајќи го штекерот со рака. Никогаш не влечете го кабелот!!!
- Никогаш не ставајте го кабелот, приклучокот или целиот уред во вода. Никогаш не изложувајте го уредот на атмосферски услови, како директна сончева светлина или дожд, итн. Никогаш не употребувајте го уредот во влажни услови.
- Повремено проверувајте ја состојбата на електричниот кабел. Доколку тој е оштетен, однесете го уредот на овластен сервис за замена на кабелот со цел да се избегнат опасни ситуации. 9. Никогаш не употребувајте го уредот со оштетен кабел или ако ви паднал или бил оштетен на било каков начин или ако не работи правилно. Не обидувајте се сами да го
поправате дефектниот производ бидејќи тоа може да доведе до електричен шок.
Секогаш носете го таков уред на овластен сервис на поправка. Поправките можат да ги извршуваат единствено професионални лица од овластен сервис, бидејќи неправилните поправки можат да предизвикаат опасни ситуации за корисникот.
10. Никогаш не ставајте го уредот на или во близина на загреани или врели површини или кујнски уреди како електрични или плински шпорети. 11. Никогаш не користете го уредот во близина на запалливи материјали. 12. Не оставајте го кабелот да виси преку работ на работната површина. 13. Никогаш не оставајте го без надзор уредот поврзан со довод на струја. Дури и кога е употребата прекината за кратко време, исклучете го од струја, извадете го кабелот од штекер. 14. За гарантирање на дополнителна заштита, се препорачува инсталирање на електричен систем дополнителен уред за различен напон на струја (RCD) со номинална струја не повеќе од 30 mA. Со тоа прашање обратете се на стручен електричар.

15. Кога уредот е користен во капатило, по користењето да се исклучи од струја, бидејќи близината на вода претставува опасност дури и тогаш, кога уредот е исклучен.
- Не смее да се води ниту уредот, ниту полначот. Доколку уредот падне во вода, веднаш да се извади штекерот или полначот од гнездото. Не смее да се ставаат рацете во вода, кога уредот е приклучен на струја. Пред повторното негово користење, мора да биде проверен од квалификуван електричар.
- Не смее да се допира уредот и полначот со влажни раце.
- Уредот треба да се исклучува после секоја употреба.
- Не смее да се користи уредот блиску до вода: под туш, во када или над лавабо со вода.
- Доколку уредот го користи полначот, не прекривај го, бидејќи тоа може да доведе до небезбедно покачување на температурата и оштетување на уредот. Секогаш, најпрвин приклучувај ја машинката до полначот, а потоа полначот до гнездото за полнење.
- Температурата на полнење на уредот не треба да биде над 35°C и не треба да биде под 5°C.
- За чистење на главицата на машинката да не се користат крпи или хигиенски марами. Тоа може да предизвика оштетување на главицата.
Опис на производот:
- 1. Сечило 2. Кука за сечило 3. Приклучок за полнење 4. Индикатор за напојување 5. Прекинувач 6. 3 додатоци на сечилото 7.
Кабел за полнење
Прва употреба:
- Проверете дали уредот е целосно наполнет пред да го вклучите.
- Ако не е наполнет, вметнете го кабелот за полнење (7) во приклучокот за полнење (3), а потоа поврзете го со напојувањето. Првото полнење трае околу 4 часа.
- Индикаторот за напојување (4) ќе ја промени бојата во црвена и ќе се исклучи откако полнењето на уредот ќе заврши. ЗАБЕЛЕШКА: Не користете го уредот ако сè уште е поврзан со извор на енергија.
- Кога е целосно наполнет, уредот работи непрекинато 45 минути.
ЗАБЕЛЕШКА:
Уредот е наменет за влакна на лице: брада, мустаќи и бакенбарди.
Не користете го уредот за бричење на коса на глава и на интимни делови.
Уредот е наменет исклучиво за користење на суво, не користете го додека се туширате и не чистете го сечилото во вода.
Не користете го со пена или гел за бричење.
Употреба на уредот:
- Ставете го сечилото на лицето така што рамната површина на сечилото рамно да допира на лицето. За најдобри резултати, движењето на сечилото треба да биде во спротивна насока од растот на влакната. (Чувството на топлина што доаѓа од главата на уредот е нормално)
Прикачување на додатоците:
- Проверете дали уредот е исклучен.
- Одберете еден од приложените додатоци.
- Поставете го додатокот со запците свртени нагоре.
- Нежно притиснете додека двете страни од додатокот не влезат на своето место, што ќе биде сигнализирано со клик. Поткастрување на влакна на лицето:
- Не поместувајте го бричот премногу брзо, бавни и стабилни движења даваат најдобри резултати.
- Секогаш поткаструвајте во насока на поставеноста на запците од додатокот, осигурувајќи се дека рамниот дел од додатокот добро се прилепува на кожата на лицето.
- За најдобри резултати употребувајте го кога кожата и косата се целосно суви.
Замена на сечилата:
За најдобар ефект, ве молиме менувајте го сечилото на секои 4 месеци или порано, ако сечилото се истапи.
- Отстранете ги сите додатоци.
- Нежно притиснете ја куката на сечилото (Слика 7) притискајќи нагоре додека не се лизне сечилото.
- Фатете го новото сечило од страните и втиснете го на местото од старото. Доколку е правилно наместено, треба да слушнете клик.
Забелешка: По замената, ако сечилото не работи по вклучувањето, извадете го сечилото, вклучете го уредот на кратко и повторно закачете го сечилото.
ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ
Се грижиме за природната средина. Картонските паковки молиме да се наменат за рециклирање. Полиетиленовите кеси (РЕ) да се фрлат во контејнер за пластика. Искористениот уред треба да се предаде во соодветниот складирачки пункт, бидејќи небезбедните состојки кои се наоѓаат во уредот можат да бидат загрозување за средината. Електричниот уред треба да се предаде на начин кој ќе оневозможи негова повторна употреба и искористување. Доколку во уредот има батерии, треба да се извадат и посебно да се предадат во складирачкиот пункт.