BOSCH AdvancedOrbit 18 - брусилка

AdvancedOrbit 18 - брусилка BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот AdvancedOrbit 18 BOSCH во PDF формат.

📄 233 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање
Notice BOSCH AdvancedOrbit 18 - page 171

Прашања на корисниците за AdvancedOrbit 18 BOSCH

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот брусилка во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник AdvancedOrbit 18 - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. AdvancedOrbit 18 на марката BOSCH.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК AdvancedOrbit 18 BOSCH

Безбедносни напомени

Општи предупредувања за безбедност за електрични алати

ПРЕДУ- ПРЕДУВА

Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со

овој електричен алат. Непридржувањето до сите упатства приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди.

Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина.

Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски).

Безбедност на работниот простор

Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа.
He работete со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите.
▶ Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола.

Електрична безбедност

▶ Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати. Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар.
▶ Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено.
▶ Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ќе се зголеми ризикот од струен удар.
He постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од орган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен удар.
▶ При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар.
▶ Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар.

Лична безбедност

▶ Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда.

Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се дизгаат, шлем или заштита за ущи, коишто се користат

за соодветни услови, їе доведат до намалување на лични повреди.

▶ Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувают е ислучен пред да го включите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете

или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е включен, може да предизвика несреќа.

Отстранете каков било клуч за регулирање или

француски клуч пред да то включите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда.

▶ Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова

овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации.

▶ Облечете се соодветно. Не носете широка облека и

накит. Косата и алиштата треба да видат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните делови.

▶ Ако се користат поврзани уреди за вадење

прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа.

▶ Не дозволувајте искусството стекнато со честа

употрева на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателно движење може да

предизвика сериозна повреда во дел од секунда.

Употреба и чување на електричните алати

▶ Не го преоптоварувајте електричниот алат.

Користете соодветен електричен алат за намената. Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо єе ја извршите работата за која е наменет.

▶ Не користете електричен алат ако не можете да го включите и исключите со помош на прекинувачот.

Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се поправи.

- Исключете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате

дополнителна опрема или го складирате

електричниот алат. Со овие превентивни

безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат.

▶ Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат

на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале

со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници.

▶ Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреći се предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати.
▶ Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат.
▶ Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации.
Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во непредвидливи ситуации.

Употреба и чување на батериски алат

▶ Полнете ја батеријата само со полнач наведен од производителот. Полнач којшто е соодветен за еден тип сет на батерии може да предизвика опасност од пожар ако се користи за друг сет на батерии.

▶ Електричните алати користете ги само со специјално наменети сетови на батерии. Користењето на други сетови на батерии може да предизвика опасност од повреда или пожар.

Kogа не го користите сетот на батерии, чувајте го подалеку од други метални предмети, како на пр., спојувалки, монети, клучеви, шајки, завртки или други помали метални предмети што може да предизвикаат спој од еден до друг извор. Краток спој на батериските извори може да предизвика изгореници или пожар.

▶ Под непредвидени околности, течноста може да истече од батеријата; избегнувајте контакт. При случаен допир, измијте се со млаз вода. Ако течноста влезе во очите, побарајте дополнителна медицинска помош. Течност истечена од батеријата може да предизвика иритација или изгореници.

He употребувајте сет на батерии или алат што е оштетен или изменет. Оштетени или изменети батерии може да реагираат непредвидливо и да предизвикаат пожар, експлозија или опасност од повреда.

▶ Не го изложувајте сетот на батерии или алатот на орган или висока температура. Изложувањето на орган

или на температура повисока од 130°C може да предизвика експлозија.

▶ Следете ги сите упатства за полнење и не го полнете сетот на батерии или алатот надвор од температурниот опсег наведен во упатствата. Неправилното полнење или на температура надвор од наведениот опсег може да ја оштети батеријата и да ја зголеми опасноста од пожар.

Сервисирање

▶ Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат.
▶ Никогаш не поправајте оштетени сетови на батерии. Поправката на сетови на батерии треба да ја врши само производителот или овластен сервис.

Безбедносни напомени за брусилки

▶ Користете го електричниот алат само за суво брусење. Навлегувањето на вода во електричниот алат го зголемува ризикот од електричен удар.
▶ Внимавајте на тоа лицата да не се во опасност поради искри што летаат. Тргнете ги запаливите материјали од близина. При брусење на материјали постои опасност од искRITE што летаат.
▶ Внимание опасност од пожар! Избегнувајте прегревање на парчето што се бруси и брусилката. Пред да направите пауза во работата, секогаш испразнете го резервоарот за прав. Правта од брусењето во торбата за прав, микро честичките, хартиената кеса (или филтер-кесата одн. филтерот на вшмукувачот за прав) може да се запали при неповолни услови, како на пр. летање на искри при брусење на метали. Особена опасност постои, доколку правта од брусењето се измеша со остатоци од лак, полиуретан или други хемиски материјали и доколку парчето што се бруси се вжешти по долготрајна работа.
Редовно чистете ги отворите за проветрување на вашиот електронски алат. Вентилаторот на моторот влече прав во кукиштето, а собирањето на голема количина на метална прав може да предизвика електрични опасности.
▶ При работата, држете го електричниот алат цврсто со двете дланки и застанете во сигурна положба. Со електричниот алат посигурно їе управувате ако го држите со двете дланки.
Почекајте додека електричниот алат сосема не прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
▶ Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто отколку со Вашата рака.
▶ При оштетување и непрописна употреба на батеријата може да излезе пареа. Батеријата може да се запали или да експлодира. Внесете свеж

воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.

▶ Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток спој.
▶ Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се прегрее.
▶ Користете ја батеријата само во производи од производителот. Само на тој начин батеријата će се заштити од опасно преоптоварување.

BOSCH AdvancedOrbit 18 - Безбедносни напомени за брусилки - 1

Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, орган, нечистотии, вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија и краток спој.

Опис на производот и перформансите

BOSCH AdvancedOrbit 18 - Опис на производот и перформансите - 1

Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.

Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за користење.

Употреба со соодветна намена

Електричниот алат е наменет за суво брусење на дрво, пластика, метал, шпахтел маса како и лакирани површини.

Електричните алати со електронска контрола исто така се погодни за полирање.

Илустрација на компоненти

Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на електричниот алат на графичката страница.

(1) Вртливо копче за претходно бирање на бројот на осцилации
(2) Прекинувач за включување/исклучување
(3) Приказ за наполнетост на батеријата
(4) Батерија ^a)
(5) Комплет кутија за прав (микро-филтер систем)
(6) Брусен диск
(7) Дополнителна рачка (изолирана површина на рачката)
(8) Копче за отклучување на батеријата ^3)
(9) Рачка (изолирана површина на рачката)
(10) Сечило за пила ^a)
(11) Помош за подесување за брусен лист ^a)

(12) Завртки за брусниот диск
(13) Носач за брусниот диск
(14) Млазници за издувување
(15) Филтер (микро-фильтер систем)
(16) Црево за издувни гасови ^3)
(17) Завртка за дополнителната рачка
(18) Пеперутка-навртка
(19) Адаптер за всисување ^a)

a) Илуstriраната или опишана опрема не е дел од стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема.

Технички податоци

Ексентрична брусилка AdvancedOrbit 18
Број на дел3 603 CD2 0..
Номинален напон V 18
Претходен избор на бројотна осцилации
Број на вртежи во празенод n_0^A) min^-1 3000–12000
Број на осцилации вопразен од^A) min^-1 6000–24000
Дијаметар наосцилаторниот кругmm 3,2
Дијаметар на брусниотдискmm 125
Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014 ^B) kg 1,7 (1,3 Ah)–1,8 (2,5 Ah)
Препорачана околнатемпература при полнење°C 0 ... +35
Дозволена околнатемпература приработење ^C) и прискладирање°C –20 ... +50
Препорачаниакумулаторски батерииPBA 18V...W–.
Препорачани полначи ^D) AL 18...

A) Мерено при 20–25 °C со батерија PBA 18V 2.5Ah W-B.
В) во зависност од употребената батерија
C) ограничена јачина при температури <0 °C
D) Следните полначи не се компатибилни со РВА батерија: AL 1814 CV, AL 1820 CV, AL 1860 CV

Информации за бучава/вибрации

Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласно EN 62841-2-4.

Нивото на звучниот притисок на електричниот алат оценето со А типично изнесува 77 dB(A). Несигурност K = 3 dB. Нивото на звучниот притисок при работењето може да ги надмине наведените вредности. Носете заштита за слухот!

174 | Македонски

Вкупните вредности на вибрации a_n (векторски збир на три насоки) и несигурност К дадени се во согласност со EN 62841-2-4:

$$ a _ {n} = 4, 5 \mathrm{m} / \mathrm{s} ^ {2}, K = 1, 5 \mathrm{m} / \mathrm{s} ^ {2}, $$

Нивото на вибрации наведено во овие упатства и вредноста на емисијата на бучава се измерени според мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата на бучава.

Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата на бучава ги претставуваат главните примени на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.

За прецизно одредување на нивото на вибрации и емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот во кој уредот е ислучен или работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.

Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието од вибрациите, како на пр.: одржување на електричните алати и алатите за вметнување, одржување на топлината на дланките, организирање на текот на работата.

Монтажа

▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.

Полнење на батеријата

▶ Користете ги само полначите коишто се наведени во техничките податоци. Само овие полначи се

погодни за литиум-јонската батерија за Вашиот електричен алат.

Напомена: Батеријата се испорачува делумно наполнета. За да ја наполните целосно батеријата, пред првата употреба ставете ја на полнач додека не се наполни целосно.

Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое време, без да се намали нивниот животен век. Прекинот при полнењето не й наштетува на батеријата.

Litiyum-јонската батерија е заштитена од длабоко празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)“. Доколку се испразни батеријата, електричниот алат će се исклучи со помош на заштитниот прекинувач: Електричниот алат не се движи веке.

По автоматското исклучување на електричниот алат, не притискајте на прекинувачот за вклучување/исклучување. Батеријата може да се оштети.

Внимавајте на напомените за отстранување.

За да ја извадите батеријата (4) притиснете на копчињата за отклучување (8) и извлечете ја батеријата наназад од електричниот алат. Притоа не употребувајте сила.

Приказ за наполнетоста на батеријата (3)

Индикаторот за сostoјба на батеријата на електричниот алат се состоит од три зелени LED светилки. Тој ја покажува сostoјбата на батеријата неколку секунди по вклучувањето и исклучувањето.

Трајно светло 3 x зелено ≥ 66 %
Трајно светло 2 x зелено 33 – 66 %
Трајно светло 1 x зелено 11 – 33 %
Бавно трепкање на светлото 1 x зелено ≤ 10 %

3-те LED-светилки на приказот за наполнетост на батеријата брзо трепкаат, доколку температурата на батеријата е надвор од опсегот на работна температура од -30 до +65°C и/или реагира заштитата од преоптоварување.

Изберете еден брусен лист со соодветна гранулација во согласност со површината што сакате да ја отстраните. Брусните листови на Bosch се наменети за бои, дрво и метал.

Примена Примена Гранулација
Отстранување(грубо брусење)– грубо отстранување на материјали– отстранување на стари бои– брусење на стари бои, лакови и маса за полнењеекстра грубо40
– отстранување на тенки слоеви боја– претходно брусење на груби, неделкани површинигрубо 60
Подготовка(меѓубрусење)– лесно отстранување– брусење на површини за понатамошна обработка– Израмнување на нерамнини– отстранување на трагите на обработка при грубото брусењесредно 80
– обновување на слоеви боја или лак фино 120
Фино брусење– меѓубрусење на лакирани површини– брусење на грешки при лакирање– отстранување на влакна од површината – фино брусење пред средства за бајцување или лазурамногу фино180
– брусење на основната боја пред лакирањеекстра фино240

За вадење на сечилото за пила (10) подигнете го странично и извлечете го од брусниот диск (6).

Пред да ставите ново сечило за пила, отстранете ја нечистотијата и правта од брусниот диск (6), на пр. со четкичка.

Површината на брусниот диск (6) се состоит од лепенка, така што сечилата за пила со лепенка може брзо и едноставно да се прицврстат.

Цврсто притиснете го сечилото за пила (10) на долната страна на брусниот диск (6).

За овозможување на оптимално всисување на прав, внимавајте на тоа, отворите на сечилото за пила (10) да одговараат со дупките на брусниот диск (6).

За точно подесување на брусниот лист (10) на брусниот диск (6) може да ја користите помошта за подесување (11). Поставете го брусниот лист со лепливата лента нагоре на помошта за подесување. Притиснете ги запците на помошта за подесување во двата отвори на брусниот диск и одвртете го брусниот лист од помошта за подесување. Добро притиснете го брусниот лист.

Напомена: Предуслов за намалени вибрации на електричниот алат при работата е точно позициониран брусен лист.

Во зависност од употребата, електричниот алат може да се опреми со брусни дискови со различна цврстина:

- Средно меки брусни дискови (црни): соодветни за сите брусни работи, се поставуваат универзално.

– Меки брусни дискови (сиви, опрема): соодветни за меѓубрусење и фино брусење и на заоблени површини.

Напомена: Веднаш заменете ги оштетените брусни дискови (6).

Извлечете го брусниот лист одн. алатот за полирање. Целосно одвртете ги четирите завртки (12) и извадете го брусниот диск (6).

Исчистете ја горната страна на новиот брусен диск (6).

Намастете го сиво шрафираниот надворешен прстен прикажан на сликата со тенок слој на синтетичка маст.

Ставете го новиот брусен диск (6) и повторно затегнете ги четирите завртки.

Напомена: Оштетениот носач на брусен диск смее да се замени само од овластена сервисна служба за електрични алати на Bosch.

Вшмукување на прав/струготини

Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или metabolувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината.

Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат за канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест смеат да бидат обработувани само од страна на стручни лица.

– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.

– Погрижете се за добра проветреност на работното место.

– Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2.

Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.

▶ Избегнувајте собирање прав на работното место. Правта лесно може да се запали.

Сопствено всисување со кутија за прав (види слики F-I)

Ставете ја кутијата за прав (5) на млазниците за издувување (14), додека не се вклопи.

Нивото на наполнетост на кутијата за прав (5) може лесно да се контролира преку транспарентниот резервоар.

За да ја испразните кутијата за прав (5) извлечете ја надолу вртејки.

Пред да ја отворите кутијата за прав (5) тропнете со неа на цврста подлога, како што е прикажано на сликата, за да ја отстраните правта од филтерот.

Фатете ја цврсто кутијата за прав (5), преклопете го филтерот (15) нагоре и испразнете ја кутијата за прав. Исчистете ги ламелите на филтерот (15) со мека четка.

Напомена: За да овозможите оптимално всисување на прав, редовно празнете ја кутијата за прав (5) и редовно чистете го филтерот (15).

При работа на вертикални површини, држете го електричниот алат така што кутијата за прав (5) їе покажува надолу.

Надворешно всисување (види слика J)

Вметнете го адаптерот за всисување (19) (опрема) на црево за всисување (16) (опрема), така што ће се слушне кога ће се вклопи. Поврзете го адаптерот за всисување (19) со млазниците за всисување (14) на електричниот алат и цревото за всисување (16) со всисувач (опрема).

Всисувачот за прашина мора да е соодветен на материјалот на парчето што се обработува.

При всисување на честички прав кои се особено опасни по здравје, канцерогени или суви, користете специјален всисувач.

При работа на вертикални површини, држете го електричниот алат така што цревото за всисување їе покажува надолу.

Дополнителната рачка (7) овозможува удобно ракување и оптимална распределба на јачината, пред се при отстранување на голема количина материјал при брусење.

За брусење близу до рабови, може да ја извадите дополнителната рачка. Одвртете ја пеперутка-навртката (18) и извлечете завртката (17) од кукиштето. Потоа извлечете ја дополнителната рачка (7) нанапред.

За одново да ја монтирате дополнителната рачка (7) притиснете ја од напред на куќиштето, така што ламелите на дополнителната рачка ће се вклопат во отворите на куќиштето. Цврсто затегнете ги дополнителната рачка (17) и пеперутка-навртката (18).

Подесување на дополнителната рачка (види слика L)

Помошната рачка може да се постави во три позиции. За промена на позицијата олабавете ја пеперутка-навртката (18) (околу 2–3 завртувања). Подесете ја дополнителната рачка и повторно затегнете ја пеперутка-навртката.

Употреба

Ставање во употреба

Вметнување на батеријата

Наполнетата батерија (4) ставете ја одзади во електричниот алат, додека не се заклучи истата.

Вклучување/исклучување

▶ Проверете дали можете да го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување, без да ја отпуштите рачката.

За вклучување на електричниот алат притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (2) нанапред, така што на прекинувачот їе се појави „1“.

За исклучување на електричниот алат притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (2) наназад, така што на прекинувачот їе се појави „0“.

Претходно избирање на број на осцилации

Со копчето за подесување на бројот на осцилации (1) можете да го изберете потребниот број на вртежи и за време на користењето на алатот.

1 – 2 низок број на осцилации
3 – 4 среден број на осцилации
5 – 6 висок број на осцилации

Неопходниот број на осцилации зависи од материјалот и работните услови и може да се одреди при практична примена.

По долготрајна работа со мал број на осцилации, за да го оладите електричниот алат оставете го да се врти во празен од околу 3 минути со максимален број на вртежи.

Заштита од рестартирање

Заштитата од рестартирање го спречува неконтролираното вклучување на електричниот алат по прекин на струја.

За повторно вклучување ставете го прекинувачот за вклучување/исклучување (2) во исключена позиција и одново вклучете го електричниот алат.

Совети при работењето

▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачет за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
▶ Почекајте додека електричниот алат сосема не прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
▶ Електричниот алат не е погоден за стационарна употреба. Тој не смее на пр. да се прицврстува на менгеме или на работна клупа.

Брусење на површини

Включете го електричниот алат, поставете го со целата површина за брусење на подлогата што се обработува и движете го со благ притисок преку парчето што го обработувате.

Капацитетот на отстранување и изгледот во главно се одредуваат според изворот на брусниот лист, степенот на избраниот број на осцилации и притисокот на површината.

Само беспрекорните брусни листови може да придонесат за добавар капацитет на брусење и одржување на електричниот алат.

Внимавајте на рамномерноста на притисокот, за да го зголемите рокот на употреба на алатот што се бруси.

Прекумерното зголемување на притисокот врз површината не води кон зголемен капацитет на брусење, туку кон поголемо изабување на електричниот апарат и брусниот лист.

Брусниот лист со кој сте обработувале метал, не го користете за други материјали.

Користете само оригинална Bosch брусна опрема.

Грубо брусење

Поставете брусен лист со груба гранулација.

Лесно притиснете го пневматскиот алат, за да работи со поголем број на осцилации и да се постигне поголем капацитет на отстранување на материјалот.

Фино брусење

Поставете брусен лист со фина гранулација.

Со мала варијација на притисокот одн. промена на степенот на број на осцилации може да го намалите бројот на осцилации на брусниот диск, при што се задржува ексцентричното движење.

Движете го електричниот алат со рамномерен притисок кружно по површината или наизменично по должна или попречно на делот што се обработува. Не го накосувајте електричниот алат, за да го избегнете брусењето низ делот што се обработува, на пр. фурнир.

По завршување на работниот процес исключете го електричниот алат.

Полирање

За полирање на лакови оштетени од времето или полирање на гребнатини (на пр. акрилно стакло) електричниот алат може да се опреми со соодветните

алати за полирање како јагнешко крзно за полирање, филц или сунгер за полирање (опрема).

При полирањето изберете низок број на осцилации (степен 1 –4), за да избегнете прекумерно загревање на површината.

Доколку сакате да полирате, нанесете ја политурата на помала површина. Средството за полирање нанесете го со соодветен алат за полирање со вкрстени и кружни движења и умерен притисок.

Оставете да се исуши средството за полирање на површината, инаку таа би можела да се оштети. Никогаш не ја изложувајте исполираната површина на директни сончеви зраци.

Редовно чистете ги алатите за полирање, за да обезбедите добри резултати од полирањето. Исперете ги алатите за полирање со благ детергент и топла вода, не користете средства за разредување.

Табела на примена

Податоците во приложената табела се препорачани вредности.

Најдобрата комбинација за обработка може да ја одредите со практичен обид.

Примена Гранулација(грубо брусење / фино брусење)Степен на број на осцилации
Стругање на лакирани површини 180/240 2/3
Репарирање на лакирани површини 120/240 4/5
Отстранување на лакот 40/60 5
Меко дрво 40/240 5/6
Цврсто дрво 60/240 5/6
Фурнир 180/240 2-4
Алуминиум 80/240 4/5
Челик 40/240 5
Отстранување на 'р'ата од челикот 40/120 6
не'р'осувачки челик 80/240 5
Камен 80/240 5/6

Напомени за оптимално користење на батериите

Заштитете ја батеријата од влага и вода.

Складирајте ја батеријата во опсег на температура од -20 °C до 50 °C. Не ја оставајте батеријата на пр. во автомобилот во лето.

Повремено чистете ги отворите за проветрување на батеријата со мека, чиста и сува четка.

Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека батеријата е потрошена и мора да се замени.

Внимавајте на напомените за отстранување.

Одржување и сервис

Одржување и чистење

▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.

▶ Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.

Сервисна служба и совети при користење

Сервисната служба їе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ

178 | Srpski

како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така їе најдете на: www.bosch-pt.com

Тимот за советување при користење на Bosch će ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.

За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.

Северна Македонија

Д.Д.Електрис

Дополнителни адреси на сервиси може да најдете под:

Литиум-јонските батерии подлежат на барањата на Законот за опасни материјали. Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации.

При пренос на истите од страна на трети лица (на пр. воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните напомени на амбалажата и ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци.

Транспортирајте ги батериите само доколку кукиштето е неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се движи во амбалажата. Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни национални прописи.

Отстранување

BOSCH AdvancedOrbit 18 - Отстранување - 1

Електричните апарати, батериите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

BOSCH AdvancedOrbit 18 - Отстранување - 2

Не ги фрлајте електричните апарати и батериите во домашната канта за губре!

Само за земјите од ЕУ:

Според европейката регулатива 2012/19/EU електричните апарати што се вон употреба и дефектните или искористените батерии според регулативата 2006/66/EC мора одделно да се соберат и да се рециклираат за повторна употреба.

Батерии:

Литиум-јонски:

Ве молиме внимавајте на напомените во делот Транспорт (види „Транспорт“, Страница 178).

Srpski

Содржина Кликнете на наслов за да пристапите до него
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BOSCH

Модел : AdvancedOrbit 18

Категорија : брусилка