KND 9861 XA++ - фрижидер BLOMBERG - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот KND 9861 XA++ BLOMBERG во PDF формат.
| Вид на производ | Фрижидер со замрзнувачки оддел |
| Бренд | Blomberg |
| Модел | KND 9861 XA++ |
| Систем за ладење | Двоен (две одделни кола за фрижидер и замрзнувач) |
| Капацитет на замрзнување | 4,5 kg/24h (на 100 литри волумен на замрзнување) |
| Број на ѕвезди на замрзнувачот | 4 ѕвезди |
| Специјални функции | Брзо замрзнување, Брзо ладење, Eco-Fuzzy, Одмор, Заклучување |
| Мулти-Хигиена | Hygiène+, Silver+, Ion+ |
| Дистрибутер за мраз | Да (вграден) |
| Оддел за ниска температура | Да |
| Аларм за отворена врата | Да (звучен по 1 минута) |
| Приказ | Електронски со индикатори за температура и функции |
| Одмрзнување | Автоматски за замрзнувачкиот оддел |
| Внатрешно осветлување | Да |
| Електрично напојување | 230 V ~ 50 Hz |
| Минимална амбиентална температура | 10 °C |
| Одржување и чистење | Чистење на внатрешноста со млака вода и сода бикарбона |
| Безбедност | Задолжително заземјување, заклучување за деца, не блокирајте ги отворите |
| Век на траење | 10 години |
| Резервни делови | Достапни 10 години |
| Поправки | Само од овластен сервис |
Frequently Asked Questions - KND 9861 XA++ BLOMBERG
Прашања на корисниците за KND 9861 XA++ BLOMBERG
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот фрижидер во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник KND 9861 XA++ - BLOMBERG и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. KND 9861 XA++ на марката BLOMBERG.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК KND 9861 XA++ BLOMBERG
Прочитајте го ова упатство прво!
Се надеваме дека овој производ којшто е произведен во модерна фабрика и проверен според многу прецизни процедури за проверка на квалитетот, їе ви овозможи ефективна услуга.
Затоа, препорачуваме внимателно да го прочитате целото упатство за производот пред употреба и да го чувате при рака за идни осврти.
Ова упатство
- Ке ви помогне да го користите апаратот на брз и безбеден начин.
- Прочитајте го упатството пред да го поставите и включите производот.
- Следете ги упатствата, особено оние за безбедноста.
- Чувајте го упатството на лесно достаточно место зашто може да ви притреба подоцна.
- Покрај тоа, прочитајте ги и другите документи што се доставуваат со производот.
Имајте предвид дека ова упатство важи и за други модели.
Ова упатство со инструкции ги содржи следниве символи:
Важни информации или корисни совети за употреба.
⚠️ Предупредувања за опасни состојби по животот и имотот.
⚠️ Предупредување за електричниот напон.

Овој производ го носи селективниот символ за сортирање при одложување по употреба на електрична и електронска опрема (WEEE).
Тоа значи дека со овој производ мора да се ракува во согласност со европскиот закон 2002/96/EC со цел да може да рециклира или расклопи и да се минимизира влијанието врз животната средина. За повеće информации, контактајте со локалните или регионалните авторитети.
Електронските производи кои не се включени во овој селективен процес на сортирање се потенцијално опасни за животната средина и по човековото здравје заради присуство на штетни материи.
1 Вашиот ладилник 3
2 Важни безбедносни предупредувања 4
Наменета употреба ....4
Кај производи со диспензер за вода ....6
Безбедност за деца ......6
НСА-Предупредување ......6
Работи што треба да ги направите за штедење енергија ....7
3 Поставување 8
Работи што треба да се имаат во предвид кога го транспортирате ладилникот ....8
Пред вклучување на ладилникот......8
Електрично поврзување .....9
Фрлање на пакувањето .....9
Фрлање на стариот ладилник .....9
Поставување и поврзување .....9
Менување на светилката за осветлување ....10
Поставување на долниот капак за вентилација ....10
Прилагодување на ногарките .....10
4 Подготовка 11
5 Употреба на ладилникот 12
Панел со индикатори ......12
Предупредување за отворена врата ..15
Двоен систем за ладење: 15
Замрзнување свежа храна ......16
Препораки за зачувување на смрзната храна ....16
Ставање храна .....17
Информации за длабоко замрзнување ....17
Нула температура во одделот .....18
Уред за правење мраз и сад за чување мраз ....18
6 Одржување и чистење 19
Заштита на пластичните површини ..19
7 Препорачани решенија за проблемите 20
1 Вашиот ладилник

text_image
1 2 3 4 5 4 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 15 16 17 15- Оддел на ладилникот
- Оддел на замрзнувачот
- Вентилатор
- Прилагодливи главни полици
- Полица за вино
- Фиока за салата
- Фиоки за свежа храна во втор ред
- Капак на фиоката
- Фиоки за свежа храна
-
Оддел за мраз
-
Оддел за брзо замрзнување
- Оддел за длабоко замрзнување
- Решетка за воздух
- Прилагодливи предни ногарки
- Полици на вратата во одделот на ладилникот
- Држачи за јајца
- Држач за шише
Сликите што се прикажани во ова упатство за употреба се шематски и може да не соодветствуваат точно со производот. Ако деловите од поглавјето не се включени во производот што сте го купиле, тогаш тие важат за други модели.
2 Важни безбедносни предупредувања
Прочитајте ги следните информации. Непочитувањето на овие информации може да предизвика повреди или материјална штета. И гаранцијата и заложбите за доверливост нема да бидат важечки.
Работниот век на купениот производ е 10 години. Во текот на овој период треба да се чувват потребните резервни делови за да може да работи производот како што е опишано.
Наменета употреба
Овој производ е наменет да се користи
– во затворени простории како што се домови,
– во затворени работни средини како
што се продавници и канцеларии,
— во затворени простории за
сместување како што се објекти на
селскиот туризам, хотели, пансиони.
- Овој производ не смее да се користи на отворено.
Општа безбедност
- Ви препорачуваме да се консултирате со локалниот авторизиран сервис и со овластените институции за да ги добиете неопходните информации кога єе сакате да го фрлите / одложите производот.
- Консултирајте се со овластен сервис за сите прашања и проблеми поврзани со ладилникот. Не интервенирајте ниту не пуштајте друг да интервенира на ладилникот без да го известите овластениот сервисер.
-
За производите од одделот на замрзнувачот - Не јадете сладолед во корнет или коцки мраз веднаш по вадење од одделот за замрзнување! (Може да предизвикате смрзнатини на устата.)
-
За производите во одделот на замрзнувачот - Не ставајте пијалаци во шише или конзерва во одделот на замрзнувачот. Инаку, тие може да пукнат.
- Не допирајте ја замрзната храна со рака, може да ви се залепи за раката.
- Исклучете го ладилникот од струја пред чистење или одмрзнување.
- Испарувачи и материјали за чистење што испаруваат не смее никогаш да се користат за чистење и за процесот на одмрзнување на ладилникот. Во тие случаи, испарувањето може да дојде во контакт со електричните делови и да предизвика краток спој или електричен удар.
- Никогаш не користете делови од ладилникот како што е вратата за потпора или расчекор.
- Не користете електрични уреди во внатрешноста на ладилникот.
- Не оштетувајте ги деловите каде што циркулира фреонот со дупчалки или алатки за сечење. Фреонот може да прсне и може да предизвика иритација на кожата и повреда на очите кога ће се дупнат каналите за испарувањата, продолжетоците на цевките или површинските премази.
- Не покривајте ги или не блокирајте ги отворите за вентилација на ладилникот со каков било материјал.
- Електричните делови мора да ги поправи само овластено лице. Поправките што ги извршиле некомпетентни лица може да предизвикаат ризик за корисникот.
- Во случај на грешка при работа или во текот на одржување или поправка, исключете го ладилникот од довод на ел. енергија со тоа што ќе го извадите соодветниот осигурувач или ќе го извлечете кабелот.
- Не влечете го кабелот кога го вадите приклучокот.
- Поставете ги пијалаците со повисоки затворувачи вертикално и убаво затворени.
- Никогаш не чувајте конзерви под притисок што содржат запаливи и експлозивни супстанци во ладилникот.
- Не користете механички уреди или други средства за забрзување на процесот на одмрзнување, освен оние што ги препорачува производителот.
- Овој производ не е наменет да го користат лица со намалени физички, сетилни или ментални способности или необучени или неискусни лица (включително и деца), освен ако не се под надзор на лице кое е одговорно за нивната безбедност или кое єе ги научи како да го користат производот правилно.
- Не вклучувајте оштетен ладилник. Консултирајте се со сервисер ако се сомневате на дефект.
- Електричната безбедност на ладилникот е гарантирана само кога системот за заземјување во домот е усогласен со стандардите.
- Изложување на производот на дожд, снег, сонце и ветер е опасно во однос на електричната безбедност.
- Контактирајте овластен сервисер кога е оштетен кабелот за струја за да избегнете опасност.
- Никогаш не вклучувајте го ладилникот на сиден приключок за време на поставувањето. Инаку, може да има ризик од смрт или сериозна повреда.
- Овој ладилник е наменет само за чување на храна. Не смее да се користи за други намени.
- Етикетата со техничките спецификации се наога на левиот сид во ладилникот.
- Никогаш не поврзувајте го ладилникот за системи за штедење струја. Може да го оштетат ладилникот.
- Ако има сина светилка на ладилникот, не гледајте во неа со оптички уреди.
- Почекајте најмалку 5 минути за да го включите ладилникот откако снемало струја кај ладилниците што се контролираат рачно.
- Ова упатство за работа треба да се предаде на новиот сопственик на производот ако го дадете на други.
- Избегнувајте да предизвикувате оштетувања на кабелот за напојување кога го транспортирате ладилникот. Превитканиот кабел може да предизвика пожар. Никогаш не ставајте тешки предмети врз кабелот за струја. Не допирајте го приклучокот со мокри раце кога го приклучувате производот.

- Не приклучувајте го ладилникот ако штекерот е разлабавен.
- Вода не смее да се прска директно на внатрешните и надворешните делови на производот од безбедносни причини.
- Не прскајте разни средства што содржат запаливи гасови како што е пропанот близу до ладилникот за да избегнете ризик од пожар и експлозија.
- Никогаш не ставајте садови со вода врз ладилникот. Во спротивно, може да предизвикаат електричен удар или пожар.
- Не преполнувајте го ладилникот со прекумерна количина храна. Ако го преполните, храната може да падне и да ве повреди и да го оштети ладилникот кога ја отворате вратата. Никогаш не ставајте предмети врз
ладилникот. Во спротивно, овие предмети може да паднат кога ја отворате или затворате вратата на ладилникот.
- Вакцините, лековите што се осетливи на топлина, истражувачките материјали и Guinea не смее да се чувват во ладилникот бидејки бараат прецизна температура.
- Ладилникот треба да се исклучи од струја ако не се користи долго време. Можен проблем со кабелот може да предизвика пожар.
- Клемите на приклучокот треба да се чистат редовно. Во спротивно, може да предизвикаат пожар.
- Клемите на приклучокот треба да се чистат редовно со сува крпа. Во спротивно, може да предизвикаат пожар.
- Ладилникот може да се мрда ако прилагодливите ногарки не се правилно поставени на подот. Ладилникот нема да се мрда со правилно обезбедување на прилагодливите ногарки на подот.
- Не држете го ладилникот за рачката на вратата кога го транспортирате. Во спротивно, може да се скрши.
- Кога треба да го поставите производот до друг ладилник или замрзнувач, растојанието меѓу нив треба да биде најмалку 8 цм. Во спротивно, соседните сидови може да фатат влага.
Кај производи со диспензер за вода
Притисокот на доводот на водата мора да биде минимум 1 бар. Притисокот на доводот на водата мора да биде максимум 8 бари.
- Користете само вода за пиење.
Безбедност за деца
- Ако вратата има брава, клучот треба да се чува далеку од дофатот на децата.
- Децата мора да се надгледуваат за да се спречи тие да си играат со ладилникот.
НСА-Предупредување
Ако системот за разладување на производот содржи R600а:
Овој гас е запалив. Затоа треба са се обрне внимание да не се оштетуваат системот за ладење и цевководите при употреба и транспорт. Во случај на оштетување, чувајте го производот настрана од можни извори на орган што може да предизвикаат негово палење и вентилирајте ја просторијата каде што е сместен.
Игнорирајте го ова предупредување ако системот за ладење на производот содржи R134а.
Типот на гас што се користи во производот е посочен на плочката на левиот сид во ладилникот.
Никогаш не фрлајте го производот во оган.
Работи што треба да ги направите за штедење енергија
- Не држете ги вратите на ладилникот отворени подолг период.
- Не ставајте топли пијалаци или храна во ладилникот.
- Не преоптоварувајте го ладилникот со што ње се попречи циркулацијата на воздухот во внатрешноста.
- Не поставувајте го ладилникот под директна сончева светлина или близу до уреди што зрачат топлина како што се печка, машина за миење садови или радијатори.
- Внимавајте храната да ја чувате во затворени садови.
- За производи со оддел за замрзнување - Може да чувате максимальна количина храна во замрзнувачот ако ја извадите полицата или фиоката од замрзнувачот. Посочената вредност за потрошувачката на струја за ладилникот е одредена со извадени полици или фиоки и под максимально оптоварување. Нема штета ако се користи полица или фиока во согласност со облиците или големината на храната што треба да се замрзне.
- Ако ја одмрзнувате замрзната храна во одделот на ладилникот, ќе заштедите струја и ќе го зачувате квалитетот на храната.
3 Поставување
⚠️ Имајте предвид дека производителот нема да биде одговорен ако не се почитуваат информациите коишто се дадени во упатството за работа.
Работи што треба да се имаат во предвид кога го транспортирате ладилникот
- Ладилникот мора да се испразни и исчисти пред каков било транспорт.
- Полиците, дополнителната опрема, фиоките и сл. во ладилникот мора безбедно да се зацврстат со лента за лепење за да се спречи нишање пред повторно пакување.
- Пакувањето мора да се зацврсти со дебели ленти и цврсти јажиња, а правилата што се отпечатени на пакувањето мора да се почитуваат.
Не заборавајте...
Секој рециклирачки материјал е неопходен извор за природата и за нашите природни ресурси.
Ако сакате да придонесете при рециклирање на материјалите за пакување, може да добиете повеće информации од овластените лица за животна средина или од локалната власт.
Пред вклучување на ладилникот
Пред да почнете да го употребувате ладилникот, проверете го следново:
-
Дали внатрешноста на ладилникот е сува и дали може воздухот да циркулира слободно од задната страна?
-
Поставете ги 2 пластични клина како што е прикажано на сликата. Пластичните клинови їе го обезбедат неопходното растојание меѓу ладилникот и sidот за да се овозможи циркулација на воздухот. (Илустрацијата е само пример и не соодветствува во целост со производот).

- Исчистете ја внатрешноста на ладилникот како што е препорачано во поглавјето „Одржување и чистење“.
- Включете во ладилникот во приклучок за струја. Кога вратата їе се отвори, соодветното внатрешно осветлување на ладилникот їе се вклучи.
- Ке слушнете бучава кога ке се вклучи компресорот. Течноста и гасовите затворени во системот на ладилникот ја зголемуваат бучавата, без оглед дали компресорот е включен или не, тоа е сосема нормално.
- Предните рабови на ладилникот може да се малку топли. Тоа е сосема нормално. Овие области се дизајнирани да бидат топли за да се спречи кондензација.
- Дали внатрешноста на ладилникот е сува и дали може воздухот да циркулира слободно од задната страна?
- Исчистете ја внатрешноста на ладилникот како што е препорачано во поглавјето „Одржување и чистење“.
-
Включете во ладилникот во приклучок за струја. Кога вратата їе се отвори, соодветното внатрешно осветлување на ладилникот їе се вклучи.
-
Ке слушнете бучава кога ће се вклучи компресорот. Течноста и гасовите затворени во системот на ладилникот ја зголемуваат бучавата, без оглед дали компресорот е включен или не, тоа е сосема нормално.
- Предните рабови на ладилникот може да се малку топли. Тоа е сосема нормално. Овие области се дизајнирани да бидат топли за да се спречи кондензација.
Електрично поврзување
Поврзете го производот во заземјен штекер што е заштитен со осигурувач со соодветен капацитет.
Важно:
- Поврзувањето мора да биде усогласено со државните регулативи.
- Приклучокот на кабелот за напојување мора да биде лесно достапен по приклучувањето.
- Посочениот напон мора да биде еднаков на напонот на напојувањето.
- Не смее да се користат продолжни кабли и приклучоци со повеќе влезови.
⚠️ Квалификуван електричар мора да го замени оштетениот кабел за напојување.
⚠️ Производот не смее да работи пред
да се поправи! Постои ризик од
електричен удар!
Фрлање на пакувањето
Материјалот за пакување е опасен за децата. Чувајте го материјалот за пакување подалеку од дофат на децата или фрлете го класифицирајки го во согласност со упатствата за фрлање отпад. Не фрлајте го заедно со редовниот домашен отпад.
Пакувањето на ладилникот е произведено од рециклирачки материјали.
Фрлање на стариот ладилник
Фрлете го стариот ладилник без да направите штета за животната средина.
- Консултирајте се со овластениот застапник или со центар за собирање отпад во вашата општина за тоа како да го фрлите ладилникот.
Пред да го фрлите ладилникот, исечете го кабелот за напојување и, ако има брави на вратата, искршете ги за да ги заштитите децата од каква било опасност.
Поставување и поврзување
⚠️ Ако влезната врата на просторијата каде што треба да се смести ладилникот не е довольно широка за да може тој да помине, повикајте го овластениот сервис да ги извади вратите на ладилникот и тогаш, поминете го ладилникот низ вратата странично.
- Поставете го ладилникот на место кое овозможува лесна употреба.
- Поставете го ладилникот подалеку од извори на топлина, влажни места или директна сончева светлина.
- Мора да има соодветна воздушна вентилација околу ладилникот со цел да се постигне ефикасна работа. Ако ладилникот треба да се постави во вдлабнатина во sidот, тогаш мора да има најмалку 5 цм. растојание од таванот и најмалку 5 цм од sidот. Ако на подот има килим, ладилникот мора да е подигнат од подот за 2.5 цм.
- Поставете го ладилникот на рамни подови за да се спречи нишање.
- Не чувајте го ладилникот во простории со амбиентална температура под 10°C.
Менување на светилката за осветлување
Повикајте овластен сервисер за да ја смените светилката што служи за осветлување на ладилникот.
Поставување на долниот капак за вентилација
Може да го поставите долниот капак за вентилација како што е прикажано на сликата.

Прилагодување на ногарките
Ако ладилникот не е избалансиран Може да го избалансирате ладилникот со вртење на предните ногарки како што е прикажано на сликата. Аголот каде што има ногарка, се спушта кога вртите во правец на црната стрелка и се подигнува кога вртите во спротивната насока. Ако некој би ви помогнал со делумно подигнување на ладилникот, тоа єе ви ја олесни работата.

① Ладилникот треба да се постави на најмалку 30 цм. оддалеченост од извори на топлина, како што се камини, фурни, централно греење и печки и најмалку 5 цм. оддалеченост од електрични печки и не смее да се изложува на директна сончева светлина.
① Амбиенталната температура во просторијата каде што ќе го поставите ладилникот мора да биде најмалку 10°C. Не се препорачува работа на ладилникот под уреди за ладење затоа што ја попречува неговата ефикасност.
i Исчистете ја внатрешноста на ладилникот темелно.
① Ако треба да се постават два
ладилника еден до друг, тогаш треба
да има најмалку 2 цм. растојание меѓу
нив.
Koga će го включите ладилникот за првпат, почитувајте ги следните упатства во текот на првите шест часа.
- Врата не треба да се отвора често.
- Мора да се вклучи празен, без храна во него.
- Не ислучувајте го ладилникот од струја. Ако снема струја, видете ги предупредувањата во поглавјето „Препорачани решенија за проблемите“.
① Оригиналното пакување и материјалите од пена треба да се чувват за евентуален иден транспорт или преместување.
5 Употреба на ладилникот

text_image
-88 -88 7 13 3 18 17 14 12 8 6 5 3" 15 2 1 4 16 10 11 9Панел со индикатори
- Индикатор за температура во одделот на замрзнувачот
Ja посочува температурата што е поставена во замрзнувачот.
- Функција за поставување температура во одделот на замрзнувачот
Оваа функција ви овозможува да ја поставувате температурата во замрзнувачот. Притиснете го ова копче и поставете ја температурата во замрзнувачот на -18, -20, -22 и -24 степени по потреба.
- Функција за брзо замрзнување Индикаторот за брзо замрзнување засветува кога ће се активира функцијата за брзо замрзнување. За да ја откажете оваа функција, притиснете го копчето за брзо замрзнување повторно. Индикаторот за брзо замрзнување ће се исклучи и ке се врати на нормалните поставки. Ако не ја исклучите, функцијата за брзо замрзнување ће се исклучи автоматски по околу четири часа или кога температурата во одделот за замрзнување ће ја постигне потребната температура. Ако сакате да замрзнете големи количини свежа
храна, притиснете го копчето за брзо замрзнување пред да ја ставите храната во одделот на замрзнувачот. Ако го притискате копчето за брзо замрзнување повторливо на кратки интервали, заштитата на електричното коло ќе се активира и компресорот нема да се вклучи веднаш. Оваа функција не се обновува кога ќе се врати напојувањето при снемување струја.
4. Индикатор за брзо замрзнување
Овој символ трепка на анимиран начин кога е активна функцијата за брзо замрзнување.
5. Индикатор за температурата во одделот за ладилникот
Ja посочува температурата што е поставена во ладилникот.
6. Функција за поставена температура во одделот на ладилникот
Оваа функција ви овозможува да ја поставувате температурата во ладилникот. Притиснете го ова копче и поставете ја температурата во ладилникот на 8, 6, 4, 2 степени по потреба.
7. Функција за брзо ладење
Кога ће го притиснете копчето за брзо ладење, температурата во одделот ће стане постудена од прилагодените вредности. Оваа функција се користи за храна што треба да се излади бргу во одделот на ладилникот. Ако сакате да изладите големи количини свежа храна, се препорачува да ја активирате оваа функција пред да ја ставите храната во ладилникот. Индикаторот за брзо ладење засветува кога ће се активира функцијата за брзо ладење. За да ја откажете оваа функција, притиснете го копчето за брзо ладење повторно. Индикаторот за брзо ладење će се исклучи и će се врати на нормалните поставки. Ако не ја исключите, функцијата за брзо ладење će се исклучи автоматски по околу два часа или кога температурата во одделот за ладење će ја постигне потребната температура.
Оваа функција не се обновува кога ће се врати напојувањето при снемување струја.
Овој символ трепка на анимиран начин кога е активна функцијата за брзо ладење.
Кога ќе го притиснете копчето за еко-функција, истата ќе се активира, а индикаторот за еко-функција ќе засвети. Ладилникот ќе започне да работи на најекономичен начин најмалку 6 часа подоцна и индикаторот за економична работа ќе се вклучи кога ќе се активира оваа функција. Притиснете го копчето за еко-функција повторно за да ја оневозможите истата.
Овој символ засветува кога е активна функцијата за економично работење.
11. Функција за годишен одмор
Притиснете и држете го копчето за еко- функција 3 секунди за да ја активирате функцијата за годишен одмор, а штом će се активира, će засвети индикаторот за годишен одмор. Ладењето на одделот на ладилникот се запира, а температурата во овој оддел се фиксира на 15 степени за да се спречи појава на непријатни миризби. Кога е активна оваа функција, индикаторот за
температура во одделот на ладилникот нема да се прикажува на екранот. Притиснете и држете го копчето за еко-функција 3 секунди за да ја деактивирате функцијата за годишен одмор.
12. Индикатор за функцијата за годишен одмор
Овој индикатор засветува кога е активна функцијата за годишен одмор.
13. Функција за енергетска ефикасност
Кога ће го притиснете копчето за енергетска ефикасност, истата ће се активира, а индикаторот за енергетска ефикасност ће засвети. Кога е активна функцијата за енергетска ефикасност, сите индикатори, освен индикаторот за енергетска ефикасност, ће се ислучат. Оваа функција ће се деактивира кога ће се притисне кое било копче или ако се отвори вратата. Индикаторите на екранот ће се вратат на нормалните поставки, а индикаторот за енергетска ефикасност ће продолжи да свети. Ако не притиснете ниедно копче или не ја отворите вратата во рок од 5 минути додека индикаторот за енергетска ефикасност уште свети, функцијата за енергетска ефикасност ће се активира одново, а индикаторите на екранот ће се ислучат. Ако го притиснете копчето за енергетска ефикасност кога оваа функција не е активна, но индикаторот уште свети, тоа ће ја деактивира функцијата за енергетска ефикасност и ће го ислучи индикаторот за оваа функција.
14. Индикатор за енергетска ефикасност
Овој индикатор засветува кога е активна функцијата за енергетска ефикасност.
15. Функција за заклучување на копчињата
Кога ће го притиснете и држите копчето за заклучување на копчињата, оваа функција ће се активира, а индикаторот за заклучени копчиња ће засвети. ниедно копче нема да функционира кога е активна оваа функција. Притиснете и држете го копчето за заклучување на копчињата за да деактивирате оваа функција.
16. Индикатор за заклучени копчиња
Овој индикатор засветува кога е активна функцијата за заклучени копчиња.
17. Индикатор за економско користење
Индикаторот за економско користење се вклучува кога температурата во замрзнувачот ће се постави на -18°C. Индикаторот за економско работење се исклучува кога ће се избере функцијата за брзо ладење или брзо замрзнување.
18. Висока температура/ индикатор за предупредување при грешка
Оваа сијаличка засветува кога има проблеми со висока температура и кога треба да се предупреди за грешка.
Предупредување за отворена врата
Ке слушнете звучен сигнал за предупредување кога вратата на ладилникот е оставена отворена барем една минута. Овој сигнал їе престане да се огласува кога їе се притисне кое било копче или кога їе се затвори вратата.
Двоен систем за ладење:
Ладилникот е опремен со два засебни системи за ладење за да се разладуваат одделот за свежа храна и одделот на замрзнувачот. Така, воздухот во одделот за свежа храна и во одделот за замрзнување нема да се мешаат. Благодарение на овие два засебни системи за ладење, брзината на разладување е многу поголема отколку кај другите ладилници.
Миризбите во одделите не се мешаат. Обезбедено е и дополнително штедење на енергијата бидејки одмрзнувањето се изведува засебно.
| Прилагодувањена одделот назамрзнувачот | Прилагодувањена одделот наладилникот | Објаснувања |
| -18°C 4°C | Ова е нормална, препорачана поставка. | |
| -20,-22 или -24°C | 4°C | Овие поставки се препорачуваат когаамбиенталната температура надминува30°C. |
| Брзо замрзнување | 4°C | Кога сакате да ја замрзнете храната закратко време. Ладилникот ће се вративо претходниот режим кога процесот ћезаврши. |
| -18°C или поладно | 2°C | Ако мислите дека одделот на ладилникот нее довольно студен заради жешки временскиуслови или често отворање и затворање навратата. |
| -18°C или поладно | Брзо ладење | Може да го користите кога одделот наладилникот е преполнет или ако сакате даја изладите храната бргу. Се препорачувада ја активирате функцијата за брзо ладење4-8 часа пред да ја ставите храната. |
Замрзнување свежа храна
- Се претпочита храната да се завитка или покрие пред да се стави во ладилникот.
- Врела храна мора прво да се излади на собна температура пред да се стави во ладилникот.
- Храната што сакате да ја замрзнете мора да биде свежа и со добар квалитет.
- Храната мора да се подели во порции во согласност со дневните потреби на семејството или со потребите за консумирање месо.
- Храната мора да биде спакувана со истиснат воздух за да се спречи исушување дури и кога їе се чува краток период.
- Материјалите што ќе се употребат за пакување на храната мора да се отпорни на кинење и отпорни на ладно, влага, миризби, масла или киселини и со истиснат воздух. Понатаму, мора да бидат добро затворени и мора да се изработени од материјали што се лесни за употреба и соодветни за употреба во длабоко замрзнување.
- Храната што треба да се замрзне мора да се стави во одделот за замрзнување. (Не смее да дојде во контакт со претходно замрзнати ставки за да се спречи делумно растопување. Капацитетот на замрзнување на производот е даден во техничките спецификации на ладилникот.)
- Дадените периоди во информацијата за длабоко замрзнување мора да се почитуваат во однос на времето на чување.
- Замрзната храна мора да се употреби веднаш по растопување и не смее повторно да се замрзнува.
-
Следете ги следните упатства за да ги постигнете најдобрите резултати.
-
Не замрзнувајте премногу големи количини храна одеднаш. Квалитетот на храната најдобро се зачувува кога се замрзнува целосно колку што е можно поскоро.
- Ставање топла храна во одделот за замрзнување предизвикува системот за ладење да работи постојано додека не се замрзне храната целосно.
- Особено внимавајте да не мешате веќе смрзната храна и свежа храна.
Препораки за зачувување на смрзната храна
- Купената спакувана замрзната храна треба да складира во согласност со упатството на производителот за замрзната храна во * отплелот за складирање смрзната храна ( 4 свездички).
-
За да го одржите најдобриот квалитет што го постигнал производителот на замрзната храна, треба да го запомните следново:
-
Ставете ги пакувањата во ладилникот колку што е можно побргу по купување.
- Проверете дали пакувањето е обележано и има датум.
- Не надминувајте ги датумите на пакувањето „Да се употреби до“ и „Рок на употреба“.
Ако снема струја, не отворајте ја врата на замрзнувачот. Дури и ако нема струја до поставеното „Време за зголемување на температурата“ во одделот за „Технички спецификации на ладилникот“, тоа нема да повлијае на замрзнатата храна. Во случај кога нема струја подолго време, храната мора да се провери и кога ње биде неопходно, мора да се консумира веднаш или мора да се замрзне откако ње се зготви.
Одмрзнување
Одделот на замрзнувачот се одмрзнува автоматски.
Ставање храна
| Полици воодделот назамрзнувачот | Разна замрзнатахрана како штосе месо, риба,сладолед, зеленчук,итн. |
| Држач за јајца Јајце | |
| Полици воодделот наладилникот | Храна во тави,покриени чинии изатворени садови |
| Полици навратата воодделот наладилникот | Мала и спакуванахрана или пијалаци(како што се млеко,сок или пиво) |
| Свежа храна Зеленчук и овошје | |
| Оддел заодржувањесвежина | Деликатеснипроизводи (сирење,путер, салама, итн.) |
Информации за длабоко замрзнување
Храната мора да се замрзне што е можно поскоро кога єе се стави во ладилникот за да се одржи добриот квалитет.
Нормативите TSE бараат (според одредени мерни услови) ладилникот да замрзнува најмалку 4.5 кг. храна на 32°C амбиентална температура до -18°C или помалку во рок од 24 часа на секои 100 литри замрзнувачки волумен.
Можно е да се чува храната подолг период само на -18°C или на пониски температури.
Може да ја одржувате свежината на храната повеće месеци (на -18°C или пониски температури во длабоко замрзнување).
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! ⚠️
- Храната мора да се подели во порции во согласност со дневните потреби на семејството или со потребите за консумирање месо.
- Храната мора да биде спакувана со истиснат воздух за да се спречи исушување дури и кога се чува за краток период.
Материјали што се неопходни за пакување:
- Лента за лепење што е отпорна на ладно
• Самолеплива лента
• Гумени ластичиња
• Стегачи
Материјалите што ќе се употребат за пакување на храната мора да се отпорни на кинење и отпорни на ладно, влага, миризби, масла или киселини.
Храната што треба да се замрзне не смее да дојде во контакт со претходно замрзнати ставки за да се спречи делумно растопување.
Може да го проверите капацитетот на ладилникот во поглавјето „Технички спецификации“ во дел 1.
Секогаш следете ги вредностите на табелите во однос на периодот на складирање.
Замрзната храна мора да се употреби веднаш по растопување и не смее повторно да се замрзнува.
Се состоит од 3 главни заштитни системи.
Хигиена+: Фото-катализаторскиот филтер во каналот за воздух на ладилникот помага при чистење на внатрешниот воздух. Овој филтер ги намалува и лошите миризби.
Сребро+: Внатрешните површини на ладилникот и фиоките за свежа храна имаат анибактериски одлики заради сребрената состојка. Затоа, бактериите не можат да се размножуваат на овие површини. Така, бактериите нема да создаваат непријатната миризба на површините.
Јон+: Јонизаторот, тоа е каналот за воздух на ладилникот, го јонизира воздухот. Со помош на овој систем, се намалуваат затекнатите бактерии и ложите миризби што потекнуваат од овие бактерии.
Нула температура во одделот
Овој оддел е дизајниран да складира замрзната храна што треба да се растопува полека (месо, риба, пиле, итн.) Одделот со нула температура е најладното место во ладилникот во кој млечните производи (сирење, путер), месо, риба или пиле може да се чуваат во идеални услови. Зеленчукот и/или овошјето не смее да се ставаат во овој оддел.

Уред за правење мраз и сад за чување мраз
Употреба на уредот за правење мраз
* Наполнете го садот на уредот за мраз со вода и ставете го на неговото место. Мразот ке се создаде по приближно два часа. Не вадете го уредот за мраз од лежиштето за да земете мраз.
* Свртете ги копчињата во правецот на стрелките на часовникот за 90 степени. Коцките мраз од разделениот сад їе паднат во садот за чување мраз подолу.
* Може да го земете садот за чување мраз и да се послужите со коцките мраз.
* Ако сакате, може да ги чувате коцките мраз во садот.
Сад за чување мраз
Садот за чување мраз е наменет само за собирање коцки мраз. Не ставајте вода во него. Ке се скрши.

6 Одржување и чистење
⚠️ Никогаш не користете бензин, нафта или слични средства за чистење.
⚠️ Препорачуваме да го исключите апаратот пред чистење.
i Никогаш не користете груби абразивни инструменти, сапун, домашни средства за чистење, детергент и средство за полирање за чистење.
① Користете топла вода за чистење на внатрешноста на апаратот и избришете за да се исуши.
① Користете влажна и добро исцедена крпа потопена во раствор од една лажичка сода бикарбонат и една чаша вода за чистење на внатрешноста, а потоа избришете за да се исуши.
⚠️ Внимавајте да не навлезе вода во куќиштето на осветлувањето или во другите електрични делови.
⚠️ Ако апаратот нема да се користи подолго време, исключете го, извадете ја храната, исчистете го и оставате ја вратата полуотворена.
i Проверувајте ја редовно гумата на вратата која треба да биде чиста и без остатоци од храна.
i За да ги извадите полиците на вратата, извадете ја целата содржина и потоа едноставно притиснете ја полицата нагоре од лежиштето.
Заштита на пластичните површини
He ставајте течни масла или храна зготвена со масло во незатворени садови во ладилникот бидејки тие може да ги оштетат пластичните површини на ладилникот. Во случај на истурање или размачкување масло врз пластичните површини, исчистете го и исплакнете го дадениот дел на површината веднаш со топла вода.
7 Препорачани решенија за проблемите
Прочитајте го овој список пред да повикате сервис. Ке ви заштеди време и пари. Овој список ги опфаќа честите поплаки што не произлегуваат од неправилна работа или употреба на материјали. Некои од одликите што се опишани тука веројатно не постојат кај вашиот производ.
| Ладилникот не работи |
| • Дали ладилникот е правилно приклучен? Приключете го во штекер.• Дали осигурувачот на приклучокот на којшто е поврзан ладилникот или главниот осигурувач се прегорени? Проверете го осигурувачот. |
| Се јавува кондензација на страничните сидови во одделот на ладилникот. (MULTI ZONE, COOL CONTROL ve FLEXI ZONE) |
| • Многу студени амбиентални услови. Често отворање и затворање на вратата.Амбиентални услови со многу влага. Складирана храна што содржи течност во отворени садови. Вратата е оставена подотворена.• Префрлете го термостатот на поладен степен.• Намалете го времето за оставена отворена врата или користете ја поретко.• Затворете ја храната што ја чувате во отворени садови со соодветен материјал.• Избришете ја кондензацијата со сува крпа и проверете дали повторно їе се појави. |
| Компресорот не се вклучува |
| • Заштитната термика на компресорот ће престане да работи при ненадеен прекин на ел. енергија или ће го прекине ел. напојување бидејки притисокот на ладилникот во системот за ладење сё уште не е избалансиран.• Ладилникот ће продолжи со работа по приближно 6 минути. Повикајте го сервисерот ако ладилникот не се вклучи по истекување на овој период.• Ладилникот е во циклус на одмрзнување. Ова е нормално за целосно автоматизира процес на одмрзнување кај ладилникот. Циклусот на одмрзнување започнува периодично.• Ладилникот не е приклучен во штекер. Проверете дали приклучокот е приклучен правилно во сидниот штекер.• Дали прилагодувањето на температурата е правилно направено? Нема струја.Повикајте го електродистрибутерот. |
| Ладилникот често или долго работи. |
| Новиот ладилник веројатно е поширок од претходниот. Тоа е сосема нормално.Големите ладилници работат подолг период.Собната температура е висока. Ова е нормално.Ладилникот веројатно е приклучен неодамна или можеби е преоптоварен со храна.Комплетното разладување на ладилникот може да потрае неколку часа подолго.Веројатно е ставена голема количина врела храна во ладилникот неодамна. Врелатахрана предизвигува подолг период на работа на ладилникот сё додека не се постигне безбедна температура на складирање.Вратите веројатно биле често отворани или оставени подотворени долг период.Топлиот воздух што навлегол во ладилникот предизвигува тој да работи подолг период. Отворајте ги вратите поретко.Вратите на одделите на ладилникот или замрзнувачот веројатно биле оставени подотворени. Проверете дали вратите се добро затворени.Ладилникот е прилагоден на многу ниска температура. Прилагодете ја температурата во ладилникот на повисок степен и почекајте додека не се постигне температурата.Гумата на вратата од ладилникот или замрзнувачот е нечиста, истрошена, искината или не е правилно поставена. Исчистете ја или заменете ја гумата. Оштетена / искината гума предизвигува ладилникот да работи подолг период за да ја одржува тековната температура. |
| Температурата во замрзнувачот е многу ниска додека температурата во ладилникот е задоволителна. |
| Температурата во замрзнувачот е прилагодена на многу ниска температура.Прилагодете ја температурата во замрзнувачот на повисок степен и проверете. |
| Температурата во ладилникот е многу ниска додека температурата во замрзнувачот е задоволителна. |
| Температурата во ладилникот е прилагодена на многу ниска температура.Прилагодете ја температурата во ладилникот на повисок степен и проверете. |
| Храната што се чува во фиоките на ладилникот се замрзнува. |
| Температурата во ладилникот е прилагодена на многу ниска температура.Прилагодете ја температурата во ладилникот на повисок степен и проверете. |
| Температурата во ладилникот или замрзнувачот е многу висока. |
| Температурата во ладилникот е прилагодена на многу висока температура.Прилагодувањето во ладилникот влијае врз температурата во замрзнувачот. Сменете ја температурата во ладилникот или замрзнувачот додека истата не постигне задоволително ниво.Вратата веројатно била оставена подотворена. Затворете ја вратата убаво.Веројатно е ставена голема количина врела храна во ладилникот неодамна.Почекајте додека ладилникот или замрзнувачот не ја постигнат саканата температура.Ладилникот веројатно бил приклучен неодамна. Целосно разладување на ладилникот трае подолго заради неговата големина. |
| Бучава слична на звукот на секундарнарникот што се слуша кај аналогниот часовник се слуша од ладилникот. |
| Ова бучава доаға од соленоидниот вентил на ладилникот. Функциите на соленоидниот вентил, за да може фреонот да минува низ одделот, може да се прилагодуваат на температури за ладење или замрзнување или да извршуваат функции за ладење. Ова е нормално и не е дефект. |
| Бучавата при работа се зголемува кога работи ладилникот. |
| Карактеристиките за работата на ладилникот се менуваат соодветно на промените во амбиенталната температура. Тоа е нормално и не е грешка. |
| Вибрации или бучава. |
| Подот не е рамен или е многу слаб. Ладилникот се ниша кога ће се помести малку. Проверете дали подот е рамен, цврст и може да го држи ладилникот.Бучавата може да се предизвикува и од работите што се ставени врз ладилникот. Тие предмети треба да се тргнат од ладилникот. |
| Има бучава што наликува на истурање вода или шиштење. |
| Течните и гасните звуци се случуваат заради работните принципи на ладилникот. Тоа е нормално и не е грешка. |
| Има бучава како да дува ветер. |
| Активаторите за воздух (вентилаторите) се користат за да може ладилникот да лади ефикасно. Тоа е нормално и не е грешка. |
| Има кондензација на внатрешните сидови на ладилникот. |
| Врела и влажна клима го зголемува создавањето мраз и кондензација. Тоа е нормално и не е грешка.Вратите се подотворени. Обезбедете вратите да се секогаш добро затворени.Вратите веројатно се отворале многу често или биле оставени отворени подолг период. Отворајте ја вратата поретко. |
| Влага се појавува на надворешноста на ладилникот или меѓу вратите. |
| Климата е влажна. Ова е нормално за влажна клима. Кога ће се намали влагата, ће исчезне и кондензацијата. |
| Има лоша миризба во ладилникот. |
| Внатрешноста на ладилникот мора да се исчисти. Исчистете ја внатрешноста на ладилникот со сунгер, топла вода или карбонизирана вода.Некои садови или материјали за пакување веројатно го предизвикуваат мирисот. Употребете друг сад или материјал за пакување од друг производител. |
| Вратата(ите) не се затвора(ат). |
| Спакуваната храна може да го попречува затворањето на вратите. Преместете ја спакуваната храна што ја попречува вратата.Ладилникот веројатно не е поставен целосно вертикално на подот и се ниша кога малку ће се потурне. Прилагодете ги шрафовите за подигнување.Подот не е рамен или цврст. Проверете дали подот е рамен и може да го држи ладилникот. |
| Фиоките се заглавени. |
| Храната веројатно го допира плафонот на фиоката. Прераспределете ја храната во фиоката. |
57 0784 0000/AA
1/3
EN-FR-DE-EL
57 0784 0000/AA
2/3
IT-PT-ES-FA
57 0784 0000/AA
3/3
MK