WHI643ORAB - кујнска аспиратор GORENJE - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот WHI643ORAB GORENJE во PDF формат.
Прашања на корисниците за WHI643ORAB GORENJE
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот кујнска аспиратор во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник WHI643ORAB - GORENJE и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. WHI643ORAB на марката GORENJE.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК WHI643ORAB GORENJE
Придржувајте се строго до упатствата дадени во овој прирачник. Ние одбиваме билокаква одговорност за билокаков проблем, штета или пожар предизвикан на апаратот како резултат на неследење на упатствата включени во овој прирачник. Аспираторот е наменет ислучиво за домашна употреба. Аспираторот може да се разликува по изгледот од сликите во ова упатство, но сепак упатствата за употреба, одржувањето и упатствата за инсталирање остануваат исти.
! Важно е да го зачувате ова упатство за да би можеле да го консултирате во било кој момент. Во случај на продажба, расходување или на преместување, нека остане заедно со производот.
! Прочитајте ги внимателно упатствата: Овде има важни информации за инсталирањето, за употребата и за безбедноста.
! Не вршете електрични или механички измени на производот или на издувните канали.
! Пред да почнете со монтирање на апаратот проверете да не се оштетени компонентите. Во спротивно, обратете се кај вашиот дистрибутер и не продолжувајте со монтирањето.
Забелешка: Додатоците означени со символот «(*)» се факултативен додатен прибор кои се включени само во
неколку модели, а ако не се включени во моделот треба да се набават.

ВАЖНИ СОВЕТИ
Предупредување! Да не го поврзувате апаратот со електричното напојување се додека монтажата не биде целосно комплетна.
Пред билокаква операција за чистење или одржување, исключете го аспираторот од електричната мрежа со вадење на струјниот приклучник или со исклучување на домашниот мрежен прекинувач.
За сите операции за монтажа и одржување да се користат работни ракавици
Овој апарат не е наменет за користење од страна на деца или лица со намалени физички, сензорни или ментални способности, или ако немаат искусство или знаење, доколку не се под надзор или се имаат обучувано за употреба на апаратот од лице одговорно за нивната безбедност.
Треба да се внимава, децата да не си играат со уредот.
Никогаш не користете го аспираторот ако ја немате правилно монтирано решетката!
Аспираторот НИКОГАШ не смее да се користи како површина за поддршка доколку не е прецизно наведено.
Просторијата мора да биде довольно проветрена кога кујнскиот аспиратор се користи заедно со апарати кои согоруваат гас или други горива.
Издувниот воздух не смее да се предава во активен оцак за чад створен од апарати кои согоруваат гас или други горива. Строго се забранува фламбирање на храната под самиот аспиратор.
Употребата на отворени пламени е штетна за филтрите и може да предизвика ризик од пожар и поради тоа мора да се избегнува во сите околности.
Секое пржење мора грижливо да се направи со цел да се спречи да не дојде до презагревање на маслото и пламнување.
Пристапните делови од аспираторот можат значително да се загреат кога се користи заедно уред за готвење.
Што се однесува до техничките и безбедносните мерки за примена за исфрлање на пареа важно е внимателно да се следат правилата дадени од компетентните власти.
Аспираторот мора редовно да се чисти како од внатрешноста така и од надворешноста (НАЈМАЛКУ ЕДНАШ МЕСЕЧНО, во секој случај потребно е да се постапува во согласност со упатствата за одржување дадени во овој прирачник).
Ако не се следат упатствата во однос на аспираторот и чистењето на филтрите ке доведе до ризик од пожари.
Да не го користите или оставате аспираторот без правилно монтирани сијалици поради можниот ризик од електричен удар.
Ние одбиваме билокаква одговорност за билокаков проблем, штета или пожар предизвикан на апаратот како резултат на неследење на упатствата включени во овој прирачник.
Овој апарат е обележан согласно Европската директива 2012/19/ЕС за Искористена Електрична и Електронска Опрема (Waste Electrical and Electronic Equipment - WEEE). Со правилно отстранување на овој производ помагате да се спречат потенцијалните негативни последици за околината и здравјето на човекот, што инаку би се предизвикале од несоодветното третирање како отпадок на овој производ.

Симболот прецртана канта за губре на производот или на документите кои одат со производот, покажува дека тој апарат не смее да се третира како комунален отпад. Напротив би требало да се однесе до соодветното место за собирање за рециклирање
на електрична и електронска опрема. Отстранувањето мора да се изврши во согласност со локалните прописи за животната средина за отстранување на отпаден материјал. За повеće детаљни информации за третманот, поправањето и рециклирањето на овој производ Ве молиме контактирајте со Вашите локални власти, Вашата комунална служба или со продавницата од каде го имате купено производот.
Апаратот е дизајниран, тестиран и произведен според:
• Безбедност: EN/IEC (скр) 60335-1; EN/IEC(скр) 60335-2-31, EN/IEC(скр) 62233.
- Можности: EN/IEC (скр) 61591; ISO (скр) 5167-1; ISO (скр) 5167-3; ISO(скр) 5168; EN/IEC (скр) 60704-1; EN/IEC(скр) 60704-2-13; ISO (скр) 3741; EN (скр) 50564; IEC(скр) 62301.
• EMC(скр): EN(скр) 55014-1; CISPR (скр) 14-1; EN(скр) 55014-2; CISPR (скр) 14-2; EN/IEC (скр) 61000-3-2; EN/IEC(скр) 61000-3-3.
Предлози за исправна употреба за да се намали влијанието врз животната средина Уключете го поклопниот аспиратор на минимална брзина на почеток на готвењето и оставете го да работи уште неколку минути по завршувањето на готвењето. Зголемете ја брзината само во случај на голема количина на чад и пареа и користете ја форсираната брзина во ретки ситуации. Заменете го филтерот (-рите)на активен јаглен кога е потребно да се задржи ефикасноста на намалување на мирис. Исчистете го филтерот за масти(-рите) кога е потребно да се задржи неговата ефикасност. Користете максимален дијаметар на изводниот систем прикажан во овој прирачник да се оптимизира ефикасноста и да се намали бучавата.
Предупредување! Неуспехот да се монтираат шрафовите или уредот за фиксирање во согласност со овие
инструкции може да доведе до електрични опасности.
УПОТРЕБА
Аспираторот може да се користи во вид со надворешно исфрлање на издувниот воздух или со филтер во вид со кружно струење на воздухот.

Вид со надворешно исфрлање на издувниот воздух
Пареата се исфрла на надвор преку една издувна цевка позиционирана на приклучната прирабница.
Дијаметарот на издувната цевка треба да биде еднаков со дијаметарот на прстенот за поврзување.
Предупредување! Издувната цевка не е доставена и таа треба да се купи.
Во хоризонталниот дел, цевката треба да има лесен нагиб на нагоре (околу 10°) за да може да го пренесува воздухот полесно на надвор.
Ако аспираторот е снабден со филтри со активен јаглен, истите треба да се отстранат.
Поврзете го аспираторот со цевките и отворите за издувување низ сид со дијаметар еднаков со излезот на воздухот (приклучна прирабница).
Употребата на издувни цевки и отвори за издувување низ сид со помал дијаметар їе предизвика намалување на брзината на всмукување и драстично зголемување на бучавата.
Поради тоа се одбива билкокава одговорност које е последица на тоа.
! Користење на цевка подолга од неопходниот минимум.
! Користење на цевка со што е можно помал број на кривини (максимален агол на кривината: 90°).
! Избегнувајте драстични промени на пресекот на цевката.
! Користење на цевка со внатрешност колку што е можно повеке мазна.
! Материјалот на цевката треба да биде нормиран.

Варијанта со филтрирање
Всмуканиот воздух се ослободува од мастите и се деодорира пред повторно да се упати назад во просторијата. За
користење на аспираторот во оваа варијанта потребно е да вградите дополнителен систем за филтрирање на база на активни јаглени.
МОНТАЖА
Најмалото растојание помеѓу плочата од шпоретот за садовите за готвење и долниот раб на аспираторот да не биде помало од 50см за електричните апарати за готвење и 65см за гасните или комбинираните апарати за готвење.
Ако упатството за монтажа за плинските плочи од шпоретот прецизираат поголемо растојание, морате да се придржувате до тоа.

Приклучување на електрична енергија
Главното струјно напојување мора да одговара со оптегот покажан на етикетата за карактеристиките ставена внатре во аспираторот. Ако аспираторот оди со приключник поврзете го во штекерот во согласност со струјните прописи и позициониран на пристапно место дури и по монтажата. Ако не е снабден со приключник (директна врска со електричното напојување) или ако приключникот не е лоциран на пристапно место, дури и по монтажата, применете биполарен прекинувач во согласност со стандардите кој обезбедува комплетно ислучување на електричното напојување под услови поврзани со преоптоварување на мрежата категорија III, во согласност со упатството за монтажа.
Предупредување! Пред (повторно) поврзување на колото од аспираторот со електричното напојување и проверувањето на функционалноста, секогаш проверете дали струјниот кабел е правилно монтиран.
Аспираторот е снабден со специјален кабел за напојување; во случај на оштетување на кабелот, побарајте помош од стручна техничка служба.
Вградување
Производ со прекумерна тежина, поместувањето и монтирањето на аспираторот треба да се направи од
најмалку две или повеќе лица.
Пред да се почне со монтирањето:
- Проверете дали купениот производ е со соодветни димензии за одбраниот простор за монтирање.
- Извадете го/ги филтерот/-те на активен јаглен ако се доставени (види го и соодветниот параграф). Тој/тие се монтира/-ат само ако сака да се користи аспираторот во варијанта со филтрирање.
- Проверете дали во внатрешности на аспираторот (поради транспортот) нема материјал од опремата (на пример кесиња со завртки и навртки, гаранции и др.), ако има извадете го и зачувајте го.
- Ако е можно откачете го и тргнете го мебелот под и околу просторот за монтирање (сидот или таванот) на аспираторот за да се има подобра пристапност. Меѓу другото заштитете го мебелот и сите други работи колку што може подобро. Одберете рамна површина и покријте ја со заштита каде што потоа Ѽе го ставите аспираторот и деловите од опремата.
- Проверете меѓу другото да во близина на просторот за монтирање на аспираторот (во простор кој е пристапен и со монтиран аспиратор) има на располагање електричен штекер и дека може да се поврзе на уред за исфрлување на пареите во надворешноста (само варијанта со всмукување).
- Направете ги сите потребни сидарски работи (на пр.: поставување на штекер и/или отвор за поминување на одводната цевка).
Аспираторот оди заедно со парчиња за прицврстување пригодни за поголемиот дел од сидови/тавани. И покрај тоа потребно е да побарате објаснување од квалификуван техничар за да ви потврди за прикладноста на материјалите според видот на сидот/таванот. Сидот/таванот треба да биде довольно цврст за да ја издржи тежината на аспираторот.
ФУНКЦИОНИРАЊЕ
Користете ја најголемата брзина во случај на невообичаена концентрација на пареи во кујната. Ви препорачуваме да го включите издувувањето 5 минути пред да започнете со готвењето и да го оставите да работи околу 15 минути по завршување на готвењето.
За да ги одберете функциите на аспираторот довольно е само да ги допрете командите.
| T1 | T2 | T3 | T4 | T5 | T6* | T7 | T8 | T9 | ||
| 1 | A | P> | P» | ^30' |
T1. Состојба на подготвеност (ислучена контролна табла - сите функции се деактивирани) / ВКЛУЧЕНО
Забелешка: По околу една минута користење на аспираторот (всмукување и светло), истиот се враćа автоматски во состојба на подготвеност.
T2. Вклучување/исклучување на светлото
Само кај некои модели (види го цртежот погоре):
притиснете повеće пати за да ја одберете посакуваната јачина на светло:
L1: слабо светло
L2: средно слетво
L3: јако светло
притиснете уште еднаш за да го исклучите светлото.
T3. Вклучување/исклучување на автоматско функционирање "AdaptTech".
Аспираторот автоматски ја поставува 1-ра брзина (моїност) на всмукување за да се зголеми ако надворешните услови откриени од страна на сензорот на аспираторот тоа го бараат.
Ако нема промени на надворешните услови, по 10 минути (ако аспираторот е веке во 1-ва брзина (моїност) на всмукување), аспираторот се ислучува.
Забелешка: за правилно користење на оваа функција направете прво „Регулирање на параметрите за автоматско функционирање“ (види го соодветниот параграф).
Забелешка: За време на автоматското функционирање ако корисникот ги користи другите функции за регулирање на брзината, функцијата автоматска вентилација се деактивира.
T4. Рачно бирање на брзина (мокност) на всмукување:
L4: 1-ва брзина (мокност) на всмукување
L5: 2-ра брзина (мокност) на всмукување
L6: 3-та брзина (мокност) на всмукување
притиснете уште еднаш за да го исключите аспираторот (OFF).
Забелешка: рачното бирање ја исклучува секоја друга поставена функција во врска со всмукувањето.
T5. Вклучување/исклучување наинтензивна брзина (мокност) на всмукување „POWER BO-OST“
(темпирана)
Забелешка: По 5 минути работа аспираторот се враćа на претходната состојба.
Т6*. (Само кај некои модели) Вклучување/исклучување наинтензивна брзина (мокност) на всмукување
Забелешка: По 5 минути работа аспираторот се враćа на претходната Costaјба.
T7. Вклучување/исклучување на начин на функционирање "Refresh".
Секои 50 минути на неактивност се вклучува 1-ва брзина (мокност) на функционирање за 10 минути.
T8. Вклучи/Исклучи Задоцнето ислучување на брзината (мойноста) на всмукување (околу 30 минути).
Забелешка: оваа функција стои на располагање за брзините што може да се бираат со копчето Т4.
T9. Индикатор и ресетирање на заситеноста на филтрите
Копчето се запалува автоматски со фиксно светло кога е потребно да се изврши сервисирање на филтерот за масти.Копчето се запалува автоматски со трепкаво светло кога е потребно е да се изврши сервисирање на филтерот на јаглен.По сервисирањето, при ислучен аспиратор и активно копче, притиснете го копчето повеće од 3 секунди за да направите ресетирање на индикаторот на заситеност на филтрите, повторете ја операцијата ако е потребно (на пример во случај ако се заситени двата филтри).
Активирање на индикаторот за заситеност на филтерот на јаглен
Индикаторот за заситеност на филтерот на јаглен вообичаено е деактивиран. За да го активирате постапете на следниот начин:
При запален екран (ON) и ислучено всмукување (OFF) притиснете ги истовремено копчињата T8 и T9 повеće од 3 секунди, копчето T9 се запалува со фиксно светло околу 5 секунди за да го сигнализира активирањето. За да го деактивирате, повторете ја операцијата, копчето T9 će трепка околу 5 секунди за да сигнализира дека едеактивирано. Копчиња T8 и T9 не се видливи во оваа фаза (кај некои модели). Тие се видливи само како што е опишано во работењето дел од Прирачникот. T7T8T9
Приближната оддалеченост на копчето T8 од T7 е 16 милиметри, и растојанието на копчето T9 од T8 е 26 мм.

Регулирање на параметрите за автоматско функционирање
За правилно користење на автоматското функционирање направете „Калибрирање на аспираторот“.
При запален екран (ON) и исключено всмукување (OFF), притиснете го копчето ТЗ 5 секунди. 1-ра брзина (мокност) на всмукување започнува да функционира а копчето ТЗ трепка за да сигнализира дека е активирано калибрирањето на аспираторот коешто єе трае околу 5 минути.
Забелешка: за да се прекине калибрирањето притиснете го копчето Т3 5 секунди; калибрирањето će се поништи и će треба да се повтори.
ОДРЖУВАНЬЕ
Предупредување! Пред билокаква операција за чистење или одржување, исключете го аспираторот од електричната мрежа со вадење на струјниот приклучник или со исклучување на домашниот мрежен прекинувач.
Чистенье
Аспираторот мора редовно да се чисти (најмалку со истата фреквенција со која се врши одржувањето на филтерите за масти) како од внатрешноста така и од надворешноста. За чистењето користете крпа навлажнета со течни неутрални детергенти. Да не користите производи кои содржат абразиви. НЕ КОРИСТЕТЕ АЛКОХОЛ!
Предупредување! Ако не се следат упатствата во однос на чистењето на аспираторот и замената на филтрите ће доведе до ризик од пожари. Се препорачува до придржување на предложените упатства.
Ние одбиваме билокаква одговорност за евентуални оштетувања на моторот или пожар предизвикан како резултат на неправилно одржување или неследење на наведените упатствата.
Филтер за масти
За собирање на масните состојки од пареата од готвењето.
Металниот филтер за масти треба да се чисти еднаш месечно со неагресивни детергенти, рачно или во машина за миење на садови на ниски температури и во краток интервал. Со перењето во машина за миење на садови металниот филтер за масти може да ја изгуби малку бојата но неговите характеристики за филтрирање воопшто не се менуваат. За да го извадите филтерот за масти повлечете го забецот за откопчување.
Филтер со активен јаглен (Само за Варијанта со филтрирање)
За собирање на непријатните мириси од пареата од готвењето.
Заситувањето на филтерот од јаглен настапува по повеće или помалку продолжена употреба во зависност од типот на готвење и редовноста на чистењето на филтерот за масти. Во секој случај потребно е да се замени чаурата најмалку на секои 4 месеци.
Замена на сијалиците
ремен со систем за осветлување базиран на технологијата на LED диода.
LED светilkите гарантираат оптимално осветлување, имаат околу 10 пати подолг век од традиционалните светилки и овозможуваат заштеда на електрична енергија и до 90%.
За нивната замена обратете се на службата за техничка поддршка.