GBP32DSKZN - фрижидер LG - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GBP32DSKZN LG во PDF формат.
Прашања на корисниците за GBP32DSKZN LG
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот фрижидер во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GBP32DSKZN - LG и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GBP32DSKZN на марката LG.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GBP32DSKZN LG
Аларма за отворена врата
Прочитајте го целосно ова упатство за корисник пред да започнете со користење на апаратот и чувајте го при рака за идни консултации.
Ова упатство содржи слики или содржина поинаква од моделот што сте го купиле.
Ова упатство подлежи на ревизија од производителот.
Фрлање на вашиот стар апарат....10
МОНТАЖА....11
Промена на вратите 12
Нивелирање на уредот....12
Поврзување на уредот....12
Преместување 12
РАБОТЕЊЕ......13
Делови и нивна функција 13
Напомени за работењето....15
Контролна табла 17
Диспензер за вода (*) 19
Резервоар на диспензерот за вода 19
Модла за мраз....20
Преграда за свежи продукти ( * )......20
Фиока за свеж зеленчук ( * )......21
Преклопувачка полица 21
Останати функции 22
Користење на LG SmartThinQ апликацијата....23
Употреба на Smart Diagnosis™ 25
ОДРЖУВАЊЕ......27
Напомени за чистење....27
Чистење на корпата на вратата....27
Чистење на полицата 28
Чистење на фиоката за зеленчук 28
Чистење на заштитното стакло 28
Чистење на фиоката на замрзнувачот 29
Чистење на диспензерот за вода 29
РЕШАВАЊЕ ПРОБЛЕМИ....30
Следните безбедносни упатства се наменети за да спречат непредвидени ризици или штети од небезбедно или неправилно користење на производот.
Упатствата се поделени на 'ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ' и 'ВНИМАНИЕ' како што е опишано подолу.

Овој символ означува предмети и активности што може да предизвикаат ризик. Прочитајте го внимателно делот со овој символ и следете ги упатствата за да избегнете ризик.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Ова покажува дека непочитувањето на упатствата може да предизвика сериозна повреда или смрт.

ВНИМАНИЕ
Ова покажува дека непочитувањето на упатствата може да предизвика лесна повреда или мала штета на производот.
За да се намали ризикот од пожар, струен удар или повреди на лица при користење на производот, треба да се почитуваат основните безбедносни мерки, вклучувајки ги следните.
Деца во домакинството
- Овој апарат не е наменет за употреба од страна на лица (вклучувајки деца) со намалени физички, сетилни или ментални способности, или со недоволно искусство и знаење, освен ако се под надзор или ако добивают упатства за употребата на апаратот од лице коешто е одговорно за нивната безбедност. Децата треба да бидат под надзор за да не се дозволи да си играат со апаратот.
- Ако апаратот е опремен со брава (само кај некои модели), држете го клучот подалеку од дофат на деца.
За употреба во Европа:
Овој апарат може да го користат деца постари од 8 години и лица со намалени физички, сетилни или ментални способности или со недоволно искусство и знаење, ако се под надзор или добивают упатства за употреба на апаратот на безбеден начин и ги разбираат опасностите што можат да произлезат. Деца не смеат да си играат со апаратот. Чистењето и одржувањето не смеат да го прават деца без надзор.
МОНТАЖА
- Овој апарат треба да го пренесуваат две или повеće лица, коишто цврсто ќе го држат при пренесувањето.
- Проверете дали штекерот за струја е правилно заземјен и дали пинот за заземјување на кабелот за струја е оштетен или изваден од приключокот за струја. За повеće детали околу заземјувањето, обратете се во Центарот за информации за клиенти на LG Electronics.
- Овој апарат мора да биде опремен со кабел за струја, којшто има спроводник за заземјување и приклучок за заземјување. Приклучокот мора да биде включен во соодветен штекер којшто е правилно монтиран и заземјен во согласност со локалните законски регулативи и уредби.
- Ако кабелот за струја е оштетен или штекерот е лабав во отворот, не користете го кабелот и стапете во контакт со овластен центар за сервис.
- Не приклучувајте го апаратот во адаптер со повеće штекери, којшто нема кабел за напојување (монтиран).
- Не модифицирајте го и не продолжувајте го кабелот за струја.
-
Апаратот треба да биде поврзан со посебна линија за струја, за којашто има засебен осигурувач.
-
Не приклучувајте го апаратот во мулти-штекер кој не е соодветно заземјен (пренослив). Во случај да користите соодветно заземјен мулти-штекер (пренослив), користете мулти-штекер со капацитет на напон на кабелот или повисок и користете го мулти-штекерот само за апаратот.
-Монтирајте го апаратот на место од каде што лесно може да се ислучи приклучокот за струја на апаратот. - Приклучокот за струја не смее да биде включен со кабелот свртен нагоре и не дозволувајте апаратот да се потпира на приклучокот.
-Монтирајте го апаратот на цврст и рамен под. - Не поставувајте го апаратот во влажна или правлива просторија. Не поставувајте го и не чувајте го надвор, или во каква било просторија подложна на надворешни услови, како што е директна сончева светлина, ветер или дожд, или температури под нулата.
- Не поставувајте го апаратот на директна сончева светлина и не изложувајте го на топлина од апарати за греење, како на пример, шпорети или греалки.
- Внимавајте да не ја соголите задната страна на апаратот при монтажата.
- За време на склопувањето или расклопувањето внимавајте да не ви падне вратата на апаратот.
- При склопувањето и расклопувањето на вратата на апаратот, внимавајте да не го продупчите, згмечите или оштетите кабелот за струја.
- Не поврзувајте го приклучниот адаптер или некоја друга дополнителна опрема во приклучокот за струја.
РАБОТЕЊЕ
- Не користете го производот за други намени (за чување медицински или експериментални материјали или за транспорт) освен за намената во дома Kinства, односно за чување храна.
- Исклучете го приклучокот од штекер кога има силна бура или грмотевици или кога не е во употреба подолг временски период.
- Не допирајте го приклучокот за струја или контролите на апаратот со влажни раце.
- Не превиткувајте го кабелот за струја премногу и не ставајте тешки предмети врз него.
- Ако навлезе вода во електричните делови на апаратот, исключете го приклучокот за струја и стапете во контакт со Центарот за информации за клиенти на LG Electronics.
- Не ставајте ги рацете ниту метални предмети во внатрешноста од која излегува ладниот воздух, ниту на капакот или задната решетка од која се ослободува топлина.
- Не применувајте прекумерна сила или притисок на задниот капак на апаратот.
- Не ставајте животно во внатрешноста на производот. Животното може да се задуши.
- Внимавајте на децата во близина кога ја отворате или затворате вратата на апаратот. Вратата може да го удри детето и да предизвика повреда. Не дозволувајте лугето да се нишаат на вратите бидејки така може уредот да се преврти и да предизвика сериозна повреда.
- Избегнувајте ја опасноста од затворање на деца внатре во апаратот. Дете затворено во внатрешноста на производот може да се задуши.
- Не ставајте тешки или кршливи предмети, садови полни со течност, лесно запалливи материи, запалливи предмети (како што се свеći, ламби итн.), или грејни уреди (како што се печки, греалки итн.) врз апаратот.
-
Ако има протекување на гас (изобутан, пропан, природен гас итн.), не допирајте ја ниту машината, ниту приклучокот за струја и веднаш проветрете ја просторијата. Овој апарат користи гас како средство за ладење (изобутан, R600а). Иако користи мали количини гас, тој е сепак запаллив гас. Истекувањето гас при транспорт на апаратот, монтажа или работење може да предизвика пожар, експлозија или повреда ако се предизвикаат искри.
-
Не користете и не чувајте запалливи или експлозивни супстанции (етер, бензен, алкохол, хемикалии, LPG, експлозивни спрејови, инсектициди, освежувачи на воздух козметика итн.) во близина на апаратот.
- Веднаш исклучете го приклучокот од струја и стапете во контакт со Центарот за информации за клиенти на LG Electronics ако откриете невообичаена бучава, мирис или чад што доага од апаратот.
- Ставајте вода за пиење само во автоматот за мраз или диспензерот за вода.
- Не оштетувајте го колото за средство за ладење.
- Не ставајте друг електронски апарат (како на пример, греалка и мобилен телефон) во внатрешноста на апаратот.
Одржување
-Исклучете го кабелот за струја пред да го чистите апаратот или да ја заменувате светилката внатре (каде што е вградена).
- Безбедно включете го приклучокот за струја во штекерот откако комплетно сте ја отстраниле постојната влага или прав.
- Никогаш не исклучувајте го апаратот од струја со влечење на кабелот за струја. Секогаш цврсто фаќајте го приклучокот за струја и повлечете го во обратна насока од штекерот.
- Не прскајте вода или запалливи материи (паста за заби, алкохол, разредувач, бензин, запалливи течности, средства за полирање итн.) над внатрешната или надворешната страна на апаратот, за да го исчистите.
- Не чистете го апаратот со четки, крпи или сунгери со груби површини или коишто се изработени од метален материјал.
- Само квалификуван персонал за сервисирање од Центарот за сервис на LG Electronics смее да го расклопува, поправа или модифицира апаратот. Стапете во контакт со Центарот за информации за клиенти на LG Electronics ако го преместувате или монтирате апаратот на друга локација.
- Не користете фен за сушење коса за да ја исушите внатрешноста на апаратот и на ставајте свеќа во внатрешноста за да ги отстраните миризбите.
- Не користете механички уреди или други средства за да го забрзате процесот на одмрзнување.
Фрлање
- При фрлање на апаратот, извадете ја заптивката од вратата, а оставете ги внатре полиците и корпите, и држете ги децата понастрана од апаратот.
- Отстранете ги сите материјали за пакување (како на пример, пластични кеси и стиропор) подалеку од децата. Материјалите од пакувањето може да предизвикаат задушување.
Техничка безбедност
- Отворите за вентилација во просторот каде што е сместен апаратот или во мебелот во кој е вграден не смеат да содржат никакви препреки.
- Не користете електрични апарати во фрижидерот.
- Средството за ладење и гасот за изолација што се користат во апаратот треба да се фрлат според посебно пропишани процедури. Консултирајте се со сервисер или слично квалификувано лице пред да ги фрлите.
- Средство за ладење што избива во млаз од цевките може да се запали или да предизвика експлозија.
-Количината на средство за ладење во вашиот апарат е прикажан на плочата за идентификација внатре во апаратот. - Никогаш не вклучувајте апарат кој има знаци на оштетување. Ако се сомневате, консултирајте се со продавачот.
- Овој апарат е наменет само за употреба во дома Kinства и слични намени. Не смее да се користи за комерцијални или угостителски намени, ниту пак на мобилни предмети, какви што се каравани или пловни обекти.
- Не чувајте експлозивни супстанции во апаратот какви што се конзерви со аеросол што содржат запаллив гас.
-Деца на возраст меѓу 3 и 8 години може да ставаат или да вадат артикли од фрижидерот.
Ризик од пожар и запаливи материјали

Овој символ ве предупредува за запаливи материјали што може да се запалат и да предизвикаат пожар ако не се грижите.
- Овој апарат содржи мала количина на изобутанско средство за ладење (R600a), но тоа е исто така запалливо. При транспорт и монтажа на апаратот, треба да се внимава за да не се оштетат делови од колото за средството за ладење.
- Ако откриете протекување, избегнувајте отворен пламен или потенцијални извори на искри и проветрете ја неколку минути просторијата во која се наоға апаратот. За да избегнете создавање мешавина на воздух и запаллив гас во случај на протекување од колото за средство за ладење, големината на просторијата во која се наоға апаратот треба да одговара на количината на употребеното средство за ладење. Просторијата мора да има по 1 m² на располагање за секои 8 g од средството за ладење R600а внатре во апаратот.
- При позиционирање на уредот, погрижете се кабелот за снабдување со ел. енергија да не биде заглавен или оштетен.
- Немојте да поставувате повеće преносни штекери или преносни кабли за напојување на задниот дел од уредот.

ВНИМАНИЕ
За да се намали ризикот од мали повреди на лица, неисправно функционирање или оштетување на производот или имотот при користење на овој производ, следете ги основните мерки на претпазливост, включително и следните:
МОНТАЖА
- Не навалувајте го апаратот за да го влечете или туркате при транспорт.
- Осигурете се да не дојде до заглавување на некој дел од телото, на пример раката или стапалото, додека се преместува апаратот.
РАБОТЕЊЕ
- Не допирајте ја замрзнатата храна или металните делови во преградата на замрзнувачот со водени или влажни раце. Тоа може да предизвика замрзнатини.
-
Не ставајте стаклени контејнери, шишиња или конзерви (особено оние што содржат газирани пијалоци) во одделот за замрзнување, на полиците, или во кантата за мраз, што ќе бидат изложени на температури под замрзнување.
-
Каленото стакло на предната страна од вратата на апаратот или на полиците може да се оштети со удар. Ако е скршено, не допирајте го со раце.
- Не бесете се на вратата на производот, просторот за чување храна, на полицата и не качувајте се на неа.
- Не ставајте преголема количина шишиња за вода или други садови за страничните делови на корпите на вратите.
- Не дозволувајте животни да го гризаат кабелот за струја или цревото за вода.
- Не отворајте ја и затворајте ја вратата на апаратот со прекумерна сила.
- Ако е оштетена шарката на вратата на производот или ако не функционира правилно, престанете да го користите и стапете во контакт со Центарот за сервис на LG Electronics.
- Не чистете ги стаклените полици или капаци со топла вода кога се студени.
-Никогаш не јадете замрзната храна веднаш откако сте ја извадиле од замрзнувачот. - Осигурете се да не дојде до заглавување на раката или стапалото, за време на отворање или затворање на вратата на апаратот.
Одржување
- Не вметнувајте ги полиците наопаку. Полиците може да паднат.
- За да го отстраните мразот од апаратот, стапете во контакт со Центарот за информации за клиенти на LG Electronics.
Фрлање на вашиот стар апарат

- Сите електрични и електронски производи треба да се фрлат засебно од комуналниот отпад, односно во собирни капацитети назначени од страна на владата или локалните власти.
- Правилното фрлање на вашиот стар апарат їе помогне да се спречат потенцијални негативни последици за околината и човековото здравје.
- За подетални информации за фрлањето на вашиот стар апарат, стапете во контакт со општинската служба за отстранување отпад или со продавницата од каде што сте го купиле производот.
- Сите електрични и електронски производи треба да се фрлат засебно од комуналниот отпад, односно во собирни капацитети назначени од страна на владата или локалните власти. - Правилното фрлање на вашиот стар апарат їе помогне да се спречат потенцијални негативни последици за околината и човековото здравје. - За подетални информации за фрлањето на вашиот стар апарат, стапете во контакт со општинската служба за отстранување отпад или со продавницата од каде што сте го купиле производот.
Димензии и дозволи
Премалото растојание до соседните предмети, може да резултира со деградација на способноста за замрзнување, и зголемени трошоци за електрична енергија. Дозволете да има над 50 mm простор до секој соседен сид, кога ќе го инсталирате апаратот.

text_image
A B C
Амбиентална температура
- Апаратот е дизајниран да работи во ограничен опсег на амбиентални температури, во зависност од климатската зона.
- На внатрешните температури може да влијае локацијата на апаратот, амбиенталната температура, фреквенцијата на отворањето на вратата итн.
- Климатската класа може да се најде на етикетата за оценување.
| Климатска класа | Опсег на амбиенталната температура °C |
| SN (Продолжено умерена) | +10 - +32 |
| N (Умерена) | +16 - +32 |
| ST (Суптропска) | +16 - +38 |
| T (Тропска) | +16 - +43 / +10 - +43* |
*Австралија, Индија, Кенија
НАПОМЕНА
Уредите од SN до T се наменети за употреба при амбиентална температура во опсегот меѓу 10 °C и 43 °C.
Промена на вратите
Уредот е дизајниран на тој начин што вратата може да се постави и лево и десно, во зависност од поставеноста во вашата кујна.
НАПОМЕНА
- Промената на вратата може да ја изврши само стручно лице од „LG Electronics“. Во спротивно, гаранцијата нема да ги покрива вратите.
Нивелирање на уредот
Уредот мора да е нивелиран за да нема вибрации.
Доколку е потребно, одвртете или завртете ги завртките за нивелирање доколку уредот го поставувате на нерамен под.
Предниот дел на уредот треба да е поставен малку повисоко од задниот за полесно затворање на вратата.
Навалете го апаратот за лесно да пристапите до завртките за нивелирање.
Вртете ги завртките спротивно на насоката на стрелките на часовникот за да го подигнете уредот, а обратно за да го спуштите пониско.
Поврзување на уредот
По инсталацијата на уредот, приключете го во штекер приключокот за напојување.
НАПОМЕНА
- По поврзувањето на кабелот за напојување (или приклучокот) со штекерот, причекајте 2 или 3 часа пред да ставите храна во уредот. Доколку ставите храна во уредот пред тој целосно да се излади, храната може да се расипе.
Преместување
1 Отстранете ја сета храна.
2 Извадете го приклучокот за струја, вметнете го и фиксирајте го во куката за приклучокот на задната страна или на горниот дел од апаратот.
3 Со помош на леплива лента, залепете ги полиците и рачката на вратата за да не паднат при преместувањето на уредот.
4 Преместувајте само ако сте повекемина. Кога го пренесувате на подолги растојанија, држете го исправен.
5 Откако ќе се постави, поврзете го со струја со приклучување во штекер и включете го.
Делови и нивна функција

① Единица за паметна дијагностика ( \* )
Оваа функција се користи при контактирањето на центарот за информации за клиенти на „LG Electronics“ со цел точно дијагностицирање доколку уредот не функционира соодветно или во случај на дефект.
② LED светилка
LED светилките во внатрешноста на производот се палат кога їе ја отворите вратата на фрижидерот.
Ова е место каде што се чува храна во фрижидерот.
- Висината на полицата може да се регулира преку вметнување на полицата во друг процеп со различна висина.
- Храната што содржи повеće влага чувајте ја на предниот дел од полицата.
- Бројот на полици се разликува од модел до модел.
④ Полица за шишиња (\*)
На полицата за шишиња можете да ги чувате сите шишиња или садови за пијалаци.
⑤ Полица на преклопување (\*)
Тука можете да чувате веке изладена храна и високи предмети.
⑥ Фиока за свеж зеленчук ( \* )
Прилагодете го контролерот за влажност во фиоката, за подолго да ја одржите свежината на зеленчукот и овощјето.
- Апаратот или деловите на апаратот може да се разликуваат од модел до модел.
⑦ Преграда за свежи продукти (\*)
Во преградата за ладење можете да чувате месо, риба и зеленчук. Прилагодете го контролерот за влага кој се наоға назад во фрижидерот за подолго да ја одржите свежината на производите.
- За повеće простор, можете да ја користите преградата за свежи продукти без фиоката за ладење.
⑧ Подвижен држач за јајца
Тука се чуваат јајца.
- Можете да го поместите и да го поставите во посакуваната положба. Меѓутоа, не користете го како модла за мраз или поставете го најгоре на фрижидерот или во полицата за зеленчук.
⑨ Корпа на вратата на фрижидерот
Тука се чуваат мали пакети храна, пијалаци и садови со сосови.
⑩ Резервоар на диспензерот за вода (\*)
Во резервоарот се става вода за диспензерот или за автоматскиот автомат за мраз. Резервоарот се полни рачно. (Само за модели кои не се поврзуват на водоводната инсталација во домот)
⑪ Модла за мраз
Модлата служи за правење и чување мраз.
- За дополнителен простор, можете да ја извадите модлата или кофичката за мраз.
⑫ Фиока на замрзнувачот
Ова се користи за долгочно чување замрзната храна.
⚠️ ВНИМАНИЕ
- Не чувајте кратки шишиња или садови на полицата за шишиња. Може да паднат и да дојде до повреда или оштетување на уредот.
НАПОМЕНА
• (*): оваа характеристика варира во зависимост од купениот модел.
Напомени за работењето
- Корисниците треба да имаат предвид дека може да се формира мраз ако вратата не е целосно затворена, ако влажноста е многу висока во текот на летото или ако вратата на замрзнувачот се отвора многу често.
- Погрижете се да има довольно простор меѓу храната што се чува на полицата и корпата на вратата за да овозможите вратата целосно да се затвора.
- Ако ја оставате вратата отворена на подолги периоди, тоа може да предизвика значително покачување на температурата во преградите на уредот.
- Ако ладилникот е празен подолг период, исключете го, одмрзнете го мразот, исчистете го, исушете го и оставете ја вратата отворена за да не се создаде мувла.
Предлози за заштеда на енергија
- Погрижете се да има довольно простор меѓу храната што се чува. Ова овозможува ладниот воздух да циркулира рамномерно, а се т蔡 и смогите за струја да билет
а со тоа и сметките за струја да бидат пониски. - Топлата храна може да ја ставите во фрижидер, само откако ће се излади, за да спречите формирање роса или мраз.
- Кога чувате некаков уред во замрзнувачот, поставете ја температурата на замрзнувачот пониска од температурата наведена на храната.
- Не ставајте храна во близина на сензорот за температура на фрижидерот. Растојанието од сензорите треба да биде минимум 3 см.
- Имајте предвид дека покачување на температурата по одмрзнување има дозволен опсег којшто е наведен во спецификациите. Ако сакате да го минимизирате влијанието што ова може да го има врз чувањето храна поради покачување на температурата, запечатете ја или врзете ја ćесата со храна во неколку слоеви.
- Системот за автоматско одмрзнување во апаратот, осигурува дека одделот їе остане без создавање на мраз, во нормални работни услови.
Ефикасно чување храна
- Замрзнатата или оладената храна чувајте ја во затворени садови.
- Проверете го рокот на траење и етикетата (упатства за чување) пред да ја ставите храната во апаратот.
- Не чувајте храна долг период (подолго од 4 недели), ако лесно се расипува при ниска температура.
- Ставете ја оладената или замрзнатата храна во фрижидерот или замрзнувачот веднаш по купувањето.
- Избегнувајте повторно замрзнување на храна која е целосно одмрзната. Повторното замрзнување на каква било храна што е целосно одмрзната ќе го влоши нејзиниот вкус и хранлива вредност.
- Чувајте го свежото месо и риба во соодветни садови во фрижидерот за да не дојдат во контакт или да капат врз друга храна.
- Не чувајте зеленчук завиткан во весник. Печатен материјал како весник или други надворешни супстанции може да ја контаминираат и расипат храната.
- Не преполнувајте го уредот. Студениот воздух не може да циркулира правилно ако замрзнувачот е преполнет.
- Ако подесите многу ниска температура, храната може да замрзне. Не подесувајте температура пониска од потребната температура за правилно чување на храната.
- За повеće простор, можете да ја отстраните полицата за шишиња, за јајца, за мраз и фиоката за свежа храна.
Максимален капацитет на замрзнување
- Со функцијата за експресно замрзнување го поставувате замрзнувачот да работи со максимальниот капацитет на замрзнување. Обично потребни се до 24 часа за тоа, а потоа функцијата автоматски се исклучува.
- Ако е употребен максимальниот капацитет на замрзнување, мора да ја исключите функцијата за експресно замрзнување седум часа пред да ставите свежа храна во замрзнувачот.
Максимално чување
- За да го подобрите циркулирањето на воздухот, вметнете ги сите фиоки.
- Ако треба да се складираат поголеми количества храна, тогаш сите фиоки на замрзнувачот треба да се извадат и храната да се стави директно на полиците на замрзнувачот, во одделот на замрзнувачот.
НАПОМЕНА
- За да ги извадите сите фиоки, прво извадете ја храната од нив. Потоа, употребете ја рачката на фиоките за внимателно да ги извлечете надвор. Тоа може да предизвика повреда.
- Формата на секоја фиока може да е различна, затоа вметнете ги во соодветната положба.
Контролна табла
Единици и функции

text_image
88°C -88°C Fridge 1 *Express Cool 2 Freezer 3 *Express Freeze 4 Eco Friendly 5 *Wi-Fi 6 *Lock 7 *Extra Function : Hold 3 seconds
flowchart
graph LR
A["Freezer"] --> B["Express Freeze"]
C["Fridge"] --> D["Express Cool"]
E["Eco Friendly"] --> F["Extra Function: Hold 3 seconds"]
style A fill:#f9f,stroke:#333
style B fill:#ccf,stroke:#333
style C fill:#cfc,stroke:#333
style D fill:#fcc,stroke:#333
style E fill:#ffc,stroke:#333
style F fill:#cfc,stroke:#333
- Ja подесува целната температура на фрижидерот.
- Со ова се поставуваат функциите за експресно ладење.
③ Freezer Temperature (Температура на замрзнувач)
- Ја поставува целната температура на замрзнувачот.
④ * Express Freeze (Експресно замрзнување)
- Со ова се поставуват функциите за експресно замрзнување.
⑤ Eco Friendly (Еколошка опција)
- На овој начин се контролира режимот за „Power Save“ (заштеда на енергија) со цел намалување на потрошувачката на електрична енергија.
⑥ * Wi-Fi
- Со ова фрижидерот се поврзува со вашата домашна Wi-Fi мрежа.
⑦ * Lock (Брава)
- Ги заклучува копчињата на контролната табла.
НАПОМЕНА
- Контролната табла може да се разликува од модел до модел.
- Контролната табла ње се исклучи автоматски за заштеда на енергија.
- Ако дојде до контакт међу прст или кожа со контролната табла додека ја чистите, може да се активира функцијата на допреното копче.
Поставување температура
Ja поставува температурата на фрижидерот или замрзнувачот.
- Притиснете го копчето Fridge или Freezer за да ја регулирате температурата.
- Температурата може да се подесува.
– Замрзнувач: од -15 °C до -23 °C
– Замрзнувач: -18 °C
Реалната внатрешна температура варира во зависимост од статусот на храната, бидејки наведеното подесување за температура е целната температура, а не реалната температура во апаратот.
НАПОМЕНА
- Фабричкото подесување на температурата може да се разликува зависно од уредот.
- Почекајте 2 до 3 часа по приклучувањето на апаратот во струја пред да ставите храна во него.
- За да правите мраз во нормална клима, температурата на замрзнувачот треба да се постави на -18 °C или поладно.
Подесување на експресно замрзнување
Со функцијата може да се замрзне брзо голема количина мраз или замрзната храна.
- Кога ќе го притиснете и држите копчето Express Freeze три секунди, иконата Express Freeze светнува на контролната табла.
- Функцијата се вклучува и се исклучува секој пат кога ќе го притиснете копчето.
- Функцијата за експресно замрзнување автоматски завршува откако їе помине даден период.
НАПОМЕНА
- Кога е включена опцијата Express Freeze, може да дојде до зголемување на нивото на бучава и потрошувачката на енергија.
Подесување на експресно ладење
Со помош на оваа функција, брзо можете да изладите голема количина на храна, како што е зеленчук, овошје и друго.
- Кога єе го притиснете и држите копчето Express Cool три секунди, иконата Express Cool єе светне на контролната табла.
- Функцијата се вклучува и се исклучува секој пат кога ње го притиснете копчето.
- Функцијата за експресно ладење автоматски завршува откако їе помине даден период.
НАПОМЕНА
- Кога е включена опцијата Express Cool може да дојде до зголемување на нивото на бучава и потрошувачката на енергија.
Подесување на еколошката опција
- Со помош на оваа опција, фрижидерот и замрзнувачот ће работат во режим на заштеда на електрична енергија, кој е много корисен во случај да одите на одмор поради намалената потрошувачка на струја.
- Притиснете на копчето Eco Friendly за да ја включите функцијата, по што ће се вклучи светилката, а ће се исклучи со уште едно притискање на копчето.
- Кога е включен режимот за еколошко работење, останатите копчиња нема да функционираат. Кога веке нема да ви треба овој режим, исключете го, по што фрижидерот ќе се врати на претходните поставки на температурата.
Подесување и ресетирање на бравата
Ги заклучува копчињата на контролната табла.
- Притиснете и задржете го копчето Lock 3 секунди. Кога функцијата за заклучување е подесена, сите копчиња се заклучени.
НАПОМЕНА
- За да пристапите до другите функции, треба да ја деактивирате Функцијата за заклучување.
Аларм за висока температура
Кога температурата на замрзнувачот е превисока поради дефект, LED светилката на замрзнувачот їе почне да трепка и їе се огласи алармот.
- Притиснете го копчето Freezer за да се исклучи.
- Доколку температурата е довольно ниска, трепкањето и алармот автоматски їе се исклучат.
- Функцијата се включува во случај кога:
– Фрижидерот е включен.
– Кога температурата во преградата на замрзнувачот їе се зголеми значително.
– Во случај на прекин на снабдувањето со електрична енергија кое трае подолго.
– Во случај на ставање на поголемо количество топла храна во замрзнувачот.
– Во случај вратата на замрзнувачот да стои отворена подолго или се отвора многу често.
Диспензер за вода ( \* )
Подигнете ја рачката ① на диспензерот за вода за да наполните чаша студена вода.

- Чувајте ги децата настрана од диспензерот за да спречите да си играат или да ги оштетат контролите.
- За да го исчистите системот за точење вода, оставете 5 минути да тече вода од диспензерот и потоа фрлете го мразот откако ће се направи првите неколку пати.
НАПОМЕНА
• (* ): оваа характеристика варира во зависност од купениот модел.
- Доколку во текот на полнењето вода од диспензерот ја отворите вратата од замрзнувачот, водата їе престане да тече.
- Доколку во текот на полнењето вода од диспензерот ја отворите вратата од фрижидерот, водата ће престане да тече.
- Ако оквирот на шолјата е мал, водата може да се разлее надвор од чашата или целосно да ја промаши.
- Користете шолја со дијаметар од 68 mm кога полните вода од диспензерот.
Резервоар на диспензерот за вода
1 Отворете го капачето (малиот затворач) на горната страна на резервоарот за вода.

2 Наполнете го резервоарот со вода за пиење и затворете го капачето (малиот затворач).
- Резервоарот собира 2,3 литри вода.
⚠️ ВНИМАНИЕ
- Не им дозволувајте на децата пристап до резервоарот. Доколку падне резервоарот за вода кога е целосно наполнет, може да дојде до повреда. Не полнете го резервоарот со други течности освен вода и не полнете го со топла вода.
- Не применувајте сила при вадењето и ставањето на диспензерот. Може да дојде до оштетување на уредот или повреда.
НАПОМЕНА
- Пред да почнете со користење на диспензерот по инсталацијата на уредот, измијте го со вода.
-
Проверете дали диспензерот е поставен правилно. Ако не е поставен правилно, може да дојде до протекување на вода од резервоарот во уредот.
-
Доколку во диспензерот нема вода, нема да можете да ја користите функцијата за студена вода. Проверете дали има вода во резервоарот, па ако нема, наполнете го.
- Причекајте најмалку 15 секунди за да го извадите резервоарот ако претходно сте полнеле вода.
- Звукот од резервоарот за вода їе биде нормален при ставањето вода во диспензерот. Не укажува на дефект.
Модла за мраз
Наполнете ја модлата за мраз со вода.

- Наполнете само со вода за пиење.
⚠️ ВНИМАНИЕ
- Пред да турите вода, проверете дали во модлата има преостанат мраз.
- Внимателно затворете ја вратата на замрзнувачот по полнењето на модлата за мраз.
- Доколку често ја отворате и затворате вратата од замрзнувачот, ње треба подолго за да се добие мраз.
- Потребното време за замрзнување на водата зависи од годишното време.
- Потребни се до 24 часа за температурата во уредот да се стабилизира по првичната инсталација. Поради тоа, може да треба и повеće време за водата да замрзне.
- Внимателно ракувајте со мразот, поради тоа што рабовите на коцките мраз може да се остри.
НАПОМЕНА
- Доколку ја преполните модлата за мраз, може да дојде до лепење на коцките и потешко вадење на коцките.
- Притиснете на копчето Express Freeze на контролната табла за брзо добивање на мраз.
- Не чувајте мраз кој не е целосно замрзнат. Поради одмрзнувањето, коцките мраз може да се залепат.
- Не користете преголема сила при виткањето на модалата за мраз. Во спротивно, може да дојде до кршење на модлата.
- За лесно да го извадите мразот, наполнете сад со вода и ставате ја модата внатре,
Преграда за свежи продукти (\*)
Во преградата за ладење, температурата во преградата за свежи производи може да се контролира со помош на рачката ① која се нао'га напред во преградата, со нејзино поместување во две насоки.
При чување на зеленчук со поставки за месо или риба, може да дојде до оштетување од смрзнување.

② за чување зеленчук. (Препорачано)
③ за чување риба.
④ за чување месо.
НАПОМЕНА
• (* ): оваа характеристика варира во зависност од купениот модел.
Фиока за свеж зеленчук ( \* )
Со вртење на копчето, прилагодете ја влажноста во фиоката за зеленчук ①.

② за чување зеленчук. (Препорачано)
③ за чување на овошје.
НАПОМЕНА
• (*): оваа характеристика варира во зависност од купениот модел.
Преклопувачка полица
Ставајте помали предмети, како сад за вода или шишиња, поттурнувајки ја предната половина од полицата под задниот дел од полицата. Повлечете го предниот дел од полицата нанапред, за да добиете целосна полица.
1 Подигнете ја предната страна на полицата и превртете ја на задната страна.

2 Подигнете ја предната страна на полицата и преместете ја на задната страна. Од оваа позиција, можете да ги подигнете двете страни на полицата за да добиете повеće простор.

Аларм за отворена врата
Алармот се огласува 3 пати во интервали од 30 секунди доколку вратата (на фрижидерот) е отворена и не е целосно затворена подолго од една минута.
- Контактирајте го Центарот за информации за клиенти на „LG Electronics“, доколку алармот продолжи да свири и откако сте ја затвориле вратата.
Детектирање на дефекти
Апаратот може автоматски да открива проблеми за време на работата.
- Ако е откриен проблем, апаратот престанува со работа и се појавува код за грешка дури и кога ће се притисне кое било копче.
- Во ваков случај, не исклучувајте го од струја и веднаш стапете во контакт со Центарот за информации за клиенти на LG Electronics. Ако го исключите од струја, сервисерот од Центарот за информации за клиенти на LG Electronics може потешко да го најде проблемот.
Користење на LG SmartThinQ апликацијата
- За апарати со SmartThinQ или SmartThin™ лого
Апликацијата „LG SmartThinQ“ Ви овозможува да комуниципате со уредот со помош на паметен телефон.
Пред да поchnete со користење на „LG SmartThinQ“
1 Проверете го растојанието помеѓу апаратот и безжичниот рутер (Wi-Fi мрежата).
- Ако е преголемо растојанието помеѓу апаратот и безжичниот рутер, доаға до слабеење на сигналот. Може да биде потребен подолг временски период за регистрација, или може да доведе до неуспешна инсталација.
2 Исключете ги опциите за Мобилните податоци или Келиски податоци на вашиот паметен телефон. - За iPhone, исключете ги податоците одејки во Прилагодувања → Келиски → Келиски податоци

3 Поврзете го вашиот смартфон со безжичниот рутер.

- За да ја потврдите Wi-Fi конекцијата, проверете дали свети иконата Wi-Fi 📋 на контролниот панел.
- Апаратот поддржува единствено 2,4 GHz Wi-Fi мрежи. За да ја проверите фреквенцијата на вашата мрежа, контактирајте го вашиот снабдувач со интернет услуги, или погледнете во упатството за вашиот безжичен рутер.
- LG SmartThinQ не е одговорен за било какви проблеми околу конектирањето на мрежата или какви и да било грешки, дефекти или грешки предизвикани од конектирањето на мрежата.
- Ако апаратот има проблеми околу конектирањето на Wi-Fi мрежата, можеби е предалеку од рутерот. Набавете Wi-Fi засилувач (засилувач на дострелот) за да ја подобрите јачината на Wi-Fi сигналот.
- Wi-Fi конекцијата можеби не се поврзува или можеби е прекината поради опкружувањето на домашната мрежа.
- Мрежното поврзување можеби нема да работи правилно во зависност од провајдерот на интернет услугите.
- Околното безжично поврзување можеби придонесува безжичниот мрежен сервис да работи бавно.
- Апаратот не може да се регистрира, поради проблеми со преносот на безжичниот сигнал. Извлечете го кабелот од апаратот и почекајте околу една минута, пред повторно да се обидете.
- Ако е овозможен заштитниот сид на вашиот безжичен рутер, оневозможете го или додадете исклучок во него.
- Името на безжичната мрежа (SSID) треба да биде комбинација од англиски букви и броеви. (Не користете ги специјалните карактери)
- Smartphone корисничкиот интерфејс (UI) може да варира, во зависност од мобилниот оперативен систем (OS) и производителот.
- Ако безбедносниот протокол на рутерот е поставен на WEP, може да не успеете во подесувањето на мрежата. Ве молиме променете го на други безбедносни протоколи (се препорачува WPA2) и повторно регистрирајте го производот.
Инсталирање на LG SmartThinQ
Побарајте ја апликацијата LG SmartThinQ на Google Play Store & Apple App Store преку вашиот смартфон. Следете ги инструкциите за преземање и инсталирање на апликацијата.
Крактеристики на апликацијата „LG SmartThinQ“ за Wi-Fi модели
Комуницирајте со апаратот од смарт телефон со помош на практичните смарт функции.
Ажурирање на фабрички вградениот софтвер
Редовно ажурирајте ги перформансите на апаратот.
Smart Diagnosis™
Ако ја користите функцијата Smart Diagnosis, ље добиете корисни информации какви што се оние за правилниот начин на користење на апаратот врз основа на шемата за употреба.
Подесувања
Ви овозможува да изберете различни опции на фрижидерот и во апликацијата.
НАПОМЕНА
- Ако го промените својот безжичен рутер, добавувачот на интернет услуги или лозинката, избришете го регистрираниот апарат од апликацијата LG SmartThinQ и повторно регистрирајте го.
- Апликацијата подлежи на промени заради подобрување на апаратот, без да им се даде предупредување на корисниците.
- Карактеристиките може да варираат во зависност од моделот.
Поврзување со Wi-Fi
Копчето Wi-Fi, кога се користи со апликацијата LG SmartThinQ, му овозможува на фрижидерот повраување со домашната Wi-Fi мрежа. Иконата Wi-Fi го покажува статусот на мрежната конекција на фрижидерот. Иконата свети кога фрижидерот е поврзан со Wi-Fi мрежата.
Првична регистрација на апаратот
Стартувајте ја LG SmartThinQ апликацијата и следете ги инструкциите во апликацијата, за да го регистрирате апаратот.
Повторно регистрирање на Апаратот или регистрирање на друг корисник
Притиснете и држете го копчето Wi-Fi во траење од 3 секунди, за привремено ислучување. Стартувајте ja LG SmartThinQ апликацијата и следете ги инструкциите во неа за да го регистрирате апаратот.
НАПОМЕНА
- За да ја оневозможите функцијата Wi-Fi, притиснете и држете го копчето Wi-Fi во траење од 3 секунди. Wi-Fi иконата єе се исклучи.
Известување за софтвер со отворен код
За да го добиете изворниот код според GPL, LGPL, MPL и другите лиценци за отворен изворен код кој се користи кај овој производ, посетете ја страницата http://opensource.lge.com.
Покрај изворниот код, достапни за преземање се и сите наведени одредби на лиценца, одрекувања од одговорност и известувања за авторски права.
LGE исто така ће ви овозможи слободен код на CD-ROM за цена која ги покрива трошоците за таквото доставување (како на пр. трошоци за медиумот, пратката и манипулативни трошоци) по барање преку е-пошта на opensource@lge.com. Оваа понуда е валидна во период од три години по последната наша испорака на овој производ. Оваа понуда важи за секој примател на овие информации.
Употреба на Smart Diagnosis™
- За апарати со 🚗 или 🚗 лого
Smart Diagnosis™ преку Центарот за информации за клиенти
Оваа функција користете ја ако ви е потребна точна дијагноза од Центарот за информации за клиенти на LG Electronics кога апаратот не работи правилно или има дефект. Оваа функција користете ја само при контакт со претставник од сервисот, а не при нормално работење.
Панел со дисплеј на вратата на фрижидерот.
1 Притиснете го копчето Lock за да ја активирате функцијата Брава за заклучување.
- Ако екранот е заклучен повеќе од 5 минути, морате да го деактивирате заклучувањето и потоа повторно да го активирате.

text_image
*Lock2 Притиснете го копчето Freezer и држете го три секунди или подолго додека го држите вашиот телефон на звучникот.
3 Отворете ја вратата од фрижидерот и држете го телефонот до горната десна дупка од звучникот.

4 По завршување на трансферот на податоци, претставник од сервисот їе ви ги објасни резултатите од Smart Diagnosis™.
Панелот на дисплејот се наоға во вратата на фрижидерот.
1 Отворете ја вратата на фрижидерот.
2 Притиснете и држете го копчето Freezer најмалку три секунди.
3 Држете го телефонот до горниот десен отвор на звучникот.

4 По завршување на трансферот на податоци, претставник од сервисот їе ви ги објасни резултатите од Smart Diagnosis™.
НАПОМЕНА
- Поставете го телефонот така што микрофонот да се порамни со отворот за звучникот.
- Звукот на Smart Diagnosis™ се генерира по околу 3 секунди.
- Не тргајте го телефонот од отворот за звучникот додека се пренесуваат податоците.
- Држете го телефонот на горниот десен отвор за звучникот и почекајте додека да се пренесат податоците.
- Звукот на трансферот на податоци може да биде остар за увото додека се пренесуваат податоците, но не тргајте го телефонот од отворот за звучникот за Smart Diagnosis™ додека не престане звукот на трансферот.
- Кога трансферот на податоци ће заврши, ће се прикаже порака за завршен трансфер и контролната табла автоматски ће се исклучи и вклучи повторно, по неколку секунди. Потоа центарот за информации за клиенти ће ги објасни резултатите од дијагнозата.
- Функцијата Smart Diagnosis™ зависи од квалитетот на локалниот повик.
- Комуникацијата їе биде подобра и можете да емитувате подобар сигнал ако користите домашен фиксен телефон.
- Ако трансферот на податоци за Smart Diagnosis™ е со слаб квалитет, може да не добиете најдобра услуга за Smart Diagnosis™.
Напомени за чистење
- Кога вадите полица или фиока од апаратот, извадете ја целата храна што е складирана на полицата или фиоката, за да спречите повреда или оштетување на апаратот.
– Во спротивно, може да дојде до повреда поради тежината на складираната храна. - Ако ги чистите надворешните отвори за вентилација на апаратот со правосмукалка, тогаш треба да го исклучите од струја за да избегнете статичко празнење коешто може да ја оштети електрониката или да предизвика струен удар.
- Извадете ги полиците и фиоките и исчистете ги со топла вода, а потоа избришете ги и вратете ги назад.
- Редовно бришете ја заптивката на вратата со влажна мека крпа.
- Истечената храна и дамки на корпите од вратата треба да се чистат затоа што го намалуваат капацитетот на чување на корпата, па дури може и да ја оштетат.
- По чистењето, проверете дали кабелот за струја е оштетен, топол или неправилно включен.
- Одржувајте ги чисти отворите за вентилација на надворешноста на апаратот.
– Затнати отвори за вентилација може да предизвикаат пожар или да го оштетат апаратот.
- Надворешните обоени метални површини може да се поминат со восок за да ги заштитите од 'рға. Не поминувајте ги со восок пластичните делови. Поминувајте ги со восок обоените метални површини најмалку двапати годишно користејки восок за апарати (или восочна паста за автомобили). Нанесете восок со чиста и мека крпа.
- Кога ќе ја чистите внатрешноста или надворешноста на апаратот, не бришете ја со груба четка, паста за заби, или некои запалливи материјали. Не користете средства за чистење кои содржат запалливи материи.
– Тоа може да предизвика промена на бојата или оштетување на апаратот.
– Запалливи материи: алкохол (етанол, метанол, изопропил алкохол, изобутил алкохол итн.), разредувач, средство за белење, бензен, запаллива течност, абразиви итн.
- За надворешноста на апаратот, користете чист сунфер или мека крпа и благ детергент во топла вода. Не користете абразивни средства или силни средства за чистење. Темелно избришете го со мека крпа.
- Никогаш не мијте ги полиците или садовите во машина за миење садови.
–Деловите може да се деформираат поради топлина. - Редовно чистете ги површините за да не дојдат во контакт со храната и системите за дренажа.
- Ако апаратот е опремен со LED светло, не вадате го капакот на светлото ниту LED светлото, во обид да го поправате или сервисирате. Ве молиме стапете во контакт со Центарот за информации за клиенти на LG Electronics.
Чистење на корпата на вратата
Вадење на корпата на фрижидерот
Држете ги рабовите на корпата и подигнете ја нанапред за да ја извадите.

Повторно местење на корпата на фрижидерот
1 Држете ја корпата од двете страни, нежно притиснете од едната страна да влезе на своето место, а потоа и од другата.

2 Откако сте ја поставиле, нежно потчукнете ја корпата за да легне хоризонтално.

Вадење полица од фрижидерот
Подигнете го задниот раб на полицата на фрижидерот и извадете ја.

Повторно поставување на полицата на фрижидерот
Вградете го по обратен редослед од вадењето.
Чистење на фиоката за зеленчук
Вадење на фиоката за зеленчук
1 Извадете ја содржината од фиоката. Држете ја рачката на фиоката за зеленчук и полека, целосно извлечете ја надвор, сё додека не запре.
2 Подигнете ја фиоката за зеленчук нагоре и извадете ја повлекувајки ја надвор.

- Имајте предвид дека може да дојде до повреда поради тежината на производите во фиоката при нејзиното отстранување.
Повторно местење на фиоката за зеленчук
Вратете ја фиоката за заленчук по обратен редослед од вадењето.
Чистење на заштитното стакло
Вадење на заштитното стакло
1 Откако їе го извадите капакот на фиоката за зеленчук, надолу повлечете го горниот дел од заштитното стакло.

2 Повлечете го заштитното стакло за да го извадите.

Повторно местење на заштитното стакло
1 Ставете ги испакнатите делови на заштитното стакло во жлебовите на полицата.

2 Поставете ги испакнатите делови пред заштитното стакло во жлебовите пред полицата и турнете го заштитното стакло за да го поставите на место.

Чистење на фиоката на замрзнувачот
1 Извадете ја содржината од фиоката.
Држете ја рачката на фиоката на
замрзнувачот и полека, целосно
извлечете ја надвор, сё додека не запре.
2 Подигнете ја фиоката на замрзнувачот нагоре и извадете ја повлекувајки ја надвор.

Повторно поставување на фиоката на замрзнувачот
Повторно поставете ја фиоката на замрзнувачот по обратен редослед од вадењето.
Чистење на диспензерот за вода
Чистење на тацната на диспензерот

Тацната на диспензерот може да биде водена поради истурениот мраз или вода. Избришете ја целата површина со влажна крпа.
Чистење на отворот за вода и мраз
Често бришете го отворот за вода и мраз со чиста крпа бидејки лесно се валка. Имајте предвид дека влакненцата од крпата може да се залепат на отворот.

| Симптоми | Причини и решенија |
| Апаратот не лади или не замрзнува. | Дали има прекин во снабдувањето со струја?• Проверете го напојувањето кај другите апарати. |
| Дали е ислучен приклучокот за струја од штекерот?• Правилно включете го приклучокот за струја во штекерот. | |
| Ладењето или замрзнувањето е слабо. | Дали температурата на фрижидерот или замрзнувачот е подесена на нејзиното најтопло подесување?• Подесете ја температурата на фрижидерот или замрзнувачот на „Средно". |
| Дали апаратот е изложен на директна сончева светлина или е во близина на предмет што загрева, како на пример, rerна или греалка?• Проверете ја околината каде што е монтиран производот и монтирајте го понастрана од предмети што загреваат. | |
| Дали сте ставиле топла храна без прво да ја изладите?• Треба прво да ја изладите топлата храна пред да ја ставите во фрижидерот или замрзнувачот. | |
| Дали сте ставиле премногу храна?• Одржувајте соодветно растојание меѓу храната. | |
| Дали вратите на апаратот се целосно затворени?• Целосно затворете ја вратата и проверете дали храната не ја блокира вратата. | |
| Дали има довольно простор околу апаратот?• Приспособете ја положбата на монтажа за да направите довольно простор околу апаратот. | |
| Апаратот има лош мирис. | Дали температурата на фрижидерот или замрзнувачот е подесена на „Топло“?• Подесете ја температурата на фрижидерот или замрзнувачот на „Средно”. |
| Дали сте ставиле храна со силен мирис?• Храната со силен мирис чувајте ја во затворен сад. | |
| Зеленчукот или овошјето може се расипале во фиоката?• Фрлете го скапаниот зеленчук и исчистете ја фиоката за зеленчук. Не чувајте зеленчук премногу долго во фиоката за зеленчук. | |
| Светлото во внатрешноста на апаратот не се пали. | Дали светлото во внатрешноста на апаратот се гаси?• Тешко е за клиентите да ги заменуваат светлата во внатрешноста на апаратот, затоа што тие не се поправаат. Ако не се пали светлото во внатрешноста, стапете во контакт со Центарот за информации за клиенти на LG Electronics. |
| Вратата на производот не се затвора цврсто. | Дали апаратот е навален напред?• Регулирајте ги предните ногалки за да ја подигнете малку предната страна. |
| Дали полиците биле правилно поставени?• Ако е потребно, одново поставете ги полиците. | |
| Дали вратата сте ја затвориле употребувајки прекумерна сила?• Ако примените прекумерна сила или брзина при затворање на вратата, вратата може да остане кратко отворена пред да се затвори. Погрижете се да не ја туркате вратата многу силно. Затворете ја без примена на сила. | |
| Тешко се отвора вратата на апаратот. | Дали сте ја отвориле вратата веднаш откако сте ја затвориле?• Ако се обидете да ја отворите вратата на апаратот во рок од 1 минута откако сте ја затвориле, може да имате тешкотии со отворањето поради притисокот внатре во апаратот. Обидете се повторно да ја отворите вратата на апаратот по неколку минути, за да се стабилизира внатрешниот притисок. |
| Има кондензација во внатрешноста на производот или на дното од капакот на фиоката за зеленчук. | Дали сте ставиле топла храна без прво да ја изладите?• Треба прво да ја изладите топлата храна пред да ја ставите во фрижидерот или замрзнувачот. |
| Дали сте ја оставиле вратата на апаратот отворена?• Иако кондензацијата ће исчезне набрзо откако ће ја затворите вратата на апаратот, можете да ја избришете и со сува крпа. | |
| Дали вратата на апаратот ја отворате и затворате многу често?• Кондензацијата може да се формира поради разлика во температурата со надворешноста. Избришете ја влагата со сува крпа. | |
| Дали сте ставиле топла или влажна храна внатре, без да ја затворите или ставите во сад?• Чувајте ја храната во покриен или затворен сад. | |
| Во одделот на замрзнувачот се формирал мраз. | Вратите можеби не се затвораат правилно?• Проверете дали некоја храна во внатрешноста на производот ја блокира вратата и проверете дали вратата е цврсто затворена. |
| Дали сте ставиле топла храна без прво да ја изладите?• Треба прво да ја изладите топлата храна пред да ја ставите во фрижидерот или замрзнувачот. | |
| Во одделот на замрзнувачот се формирал мраз. | Дали е блокиран отворот за влез или излез на воздухот од замрзнувачот?• Потрудете се отворот за влез или излез на воздухот да не биде блокиран за да може воздухот да циркулира во внатрешноста. |
| Дали замрзнувачот е преполнет?• Одржувајте соодветно растојание меѓу храната. | |
| Мраз или кондензација се формирала во внатрешноста или на надворешноста на апаратот. | Дали сте ја отворале и затворале вратата многу често или дали вратата на апаратот е неправилно затворена?• Мраз или кондензација може да се формира ако надворешниот воздух навлезе во апаратот. |
| Дали е влажна околината каде што е монтиран апаратот?• Кондензација може да се појави на надворешноста на апаратот ако околината каде што е монтиран е многу влажна или ако е денот влажен, на пример, ако врне. Избришете ја сосема влагата со сува крпа. | |
| Апаратот е бучен и произведува ненормални звуци. | Дали апаратот е монтиран на нестабилен под или на под кој не е нивелиран?• Монтирајте го апаратот на цврст и рамен под. |
| Дали задниот дел од апаратот го допира sidот?• Приспособете ја положбата на монтажа за да направите довольно простор околу апаратот. | |
| Дали има расфрлено предмети зад апаратот?• Извадете ги расфрланите предмети зад апаратот. | |
| Дали има предмет над апаратот?• Тргнете го предметот од горниот дел на апаратот. | |
| Страната или предницата на апаратот е топла. | Има цевки против кондензација вградени на овие површини на апаратот со цел да се намали кондензацијата што се околу површината на вратата.• Цевката за испуштање топлина со чија помош се спречува кондензација, е монтирана на предницата и на страната на апаратот. Може да почувствувате дека е особено жешка веднаш по монтажа на апаратот или во текот на летото. Бидете сигурни дека ова не е проблем, туку е нормална состојба. |
| Има вода во внатрешноста или надворешноста на апаратот. | Дали има истечена вода околу апаратот?• Проверете дали водата истекла од лавабо или од друго место. |
| Дали има вода под апаратот?• Проверете дали водата е од одмрзната храна или од скршен или испуштен сад. | |
| Бучава како тропкање | Контролата на одмрзнување кликнува кога започнува и завршува автоматскиот циклус на одмрзнување. Контролата на термостатот (или контролата на апаратот кај некои модели) истотака кликнува на почеток и на крај на циклусот.• Нормално работење |
| Бучава како свечкање | Бучава како свечкање може да доаға од протокот на средството за ладење, колото за вода на задниот дел на единицата (само модели со водоводна инсталација), или од предмети ставени на горниот дел или околу апаратот.• Нормално работење |
| Апаратот не стои рамно на подот.• Подот е слаб или нерамен, или пак ногарките за нивелирање треба да се прилагодат. Погледнете во одделот за израмнување на вратата. | |
| Апаратот со линеарен компресор се придвижил за време на работењето.• Нормално работење. Ако компресорот не престане да свечка по 3 минути, исключете ја струјата и повторно включете ја. | |
| Бучава како шушкање | Моторот на вентилаторот на испарувачот го циркулира воздухот низ фрижидерот и преградите на замрзнувачот.Нормално работење |
| Воздух поминува над кондензаторот со помош на вентилаторот на кондензација.Нормално работење | |
| Бучава како клокотење | Средството за ладење тече низ системот за ладењеНормално работење |
| Бучава како пукање | Собирање и ширење на внатрешните сидови поради промени во температурата.Нормално работење |
| Вибрирање | Ако страната или задниот дел на фрижидерот се допира до ормар или сид, некои од нормалните вибрации може да предизвикаат звук.За да ја елиминирате бучавата, проверете дали страните и задниот дел се допираат до сид или ормар. |
| Вашиот куќен апарат и смартфонот не се поврзани со Wi-Fi мрежата. | Лозинката за Wi-Fi на коешто се обидувате да се поврзете, е неточна.Најдете ја Wi-Fi мрежата којашто е поврзана со вашиот смартфон и отстранете ја, а потоа регистрирајте го вашиот апарат на LG SmartThinQ. |
| Мобилните податоци за вашиот смартфон се вклучени.Исклучете ги опциите за Мобилните податоци на вашиот паметен телефон и регистрирајте го апаратот, користејки ја Wi-Fi мрежата. | |
| Името на безжичната мрежа (SSID), не е правилно поставено.Името на безжичната мрежа (SSID) треба да биде комбинација од англиски букви и броеви. (Не користете ги специјалните карактери) | |
| Фреквенцијата на рутерот не е 2,4 GHz.Поддржана е само 2,4 GHz фреквенција на рутерот. Поставете го безжичниот рутер на 2,4 GHz и поврзете го апаратот со безжичниот рутер. За да ја проверите фреквенцијата на рутерот, проверете кај вашиот снабдувач на интернет услуги, или кај производителот на рутерот. | |
| Преголемо е растојанието помеѓу апаратот и рутерот.Ако е преголемо растојанието помеѓу апаратот и рутерот, сигналот може да биде слаб и конекцијата може да не биде правилно конфигурирана. Променете ја локацијата на рутерот, за да биде поблиску до апаратот. |
Белешки
HANDLEIDING