GBP32DSLZN - фрижидер LG - Notice d'utilisation et mode d'emploi gratuit

Retrouvez gratuitement la notice de l'appareil GBP32DSLZN LG au format PDF.

Page 264
Содржина Cliquez un titre pour aller à la page
Assistant notice
Powered by ChatGPT
En attente de votre message
Informations produit

Marque : LG

Modèle : GBP32DSLZN

Catégorie : фрижидер

Téléchargez la notice de votre фрижидер au format PDF gratuitement ! Retrouvez votre notice GBP32DSLZN - LG et reprennez votre appareil électronique en main. Sur cette page sont publiés tous les documents nécessaires à l'utilisation de votre appareil GBP32DSLZN de la marque LG.

MODE D'EMPLOI GBP32DSLZN LG

ФРИЖИДЕР И ЗАМРЗНУВАЧ

Прочитајте го целосно ова упатство за корисник пред да започнете со користење на апаратот и чувајте го при рака за идни консултации.

www.lg.com Погледнете во упатството за корисникот на веб-страницата на LG, за подетални информации. Copyright © 2019-2021 LG Electronics Inc Сите права се задржани

Ова упатство содржи слики или содржина поинаква од моделот што сте го купиле. Ова упатство подлежи на ревизија од производителот.

МОНТАЖА 11 Димензии и дозволи 11 Амбиентална температура 11

Напомени за работењето 12 Преграда за свежи продукти ( * ) 13 Фиока за свеж зеленчук ( * ) 14

Aпликација LG ThinQ 16

Напомени за чистење 18 Фрлање на вашиот стар апарат 18

Дополнителни информации за упатството Ова е скратена верзија на Прирачникот за сопственикот. За повеќе информации, ве молиме посетете ја веб-страницата на LG на http://www.lg.com

БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА

Следните безбедносни упатства се наменети за да спречат непредвидени ризици или штети од небезбедно или неправилно користење на производот. Упатствата се поделени на 'ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ' и 'ВНИМАНИЕ' како што е опишано подолу. Овој симбол означува предмети и активности што може да предизвикаат ризик. Прочитајте го внимателно делот со овој симбол и следете ги упатствата за да избегнете ризик.

Ова покажува дека непочитувањето на упатствата може да предизвика сериозна повреда или смрт.

Ова покажува дека непочитувањето на упатствата може да предизвика лесна повреда или мала штета на производот.

ВАЖНИ БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА

За да се намали ризикот од пожар, струен удар или повреди на лица при користење на производот, треба да се почитуваат основните безбедносни мерки, вклучувајќи ги следните.

Деца во домаќинството

•Овој апарат не е наменет за употреба од страна на лица (вклучувајќи деца) со намалени физички, сетилни или ментални способности, или со недоволно искуство и знаење, освен ако се под надзор или ако добиваат упатства за употребата на апаратот од лице коешто е одговорно за нивната безбедност. Децата треба да бидат под надзор за да не се дозволи да си играат со апаратот. •Ако апаратот е опремен со брава (само кај некои модели), држете го клучот подалеку од дофат на деца.

За употреба во Европа:

• Овој апарат може да го користат деца постари од 8 години и лица со намалени физички, сетилни или ментални способности или со недоволно искуство и знаење, ако се под надзор или добиваат упатства за употреба на апаратот на безбеден начин и ги разбираат опасностите што можат да произлезат. Деца не смеат да си играат со апаратот. Чистењето и одржувањето не смеат да го прават деца без надзор. • Деца на возраст меѓу 3 и 8 години може да ставаат или да вадат артикли од фрижидерот.

•Овој апарат треба да го пренесуваат две или повеќе лица, коишто цврсто ќе го држат при пренесувањето. •Проверете дали штекерот за струја е правилно заземјен и дали пинот за заземјување на кабелот за струја е оштетен или изваден од приклучокот за струја. За повеќе детали околу заземјувањето, обратете се во Центарот за информации за клиенти на LG Electronics. •Овој апарат мора да биде опремен со кабел за струја, којшто има спроводник за заземјување и приклучок за заземјување. Приклучокот мора да биде вклучен во соодветен штекер којшто е правилно монтиран и заземјен во согласност со локалните законски регулативи и уредби. •Ако кабелот за струја е оштетен или штекерот е лабав во отворот, не користете го кабелот и стапете во контакт со овластен центар за сервис. •Не приклучувајте го апаратот во адаптер со повеќе штекери, којшто нема кабел за напојување (монтиран). •Не модифицирајте го и не продолжувајте го кабелот за струја. •Апаратот треба да биде поврзан со посебна линија за струја, за којашто има засебен осигурувач. •Не приклучувајте го апаратот во мулти-штекер кој не е соодветно заземјен (пренослив). Во случај да користите соодветно заземјен мулти-штекер (пренослив), користете мулти-штекер со капацитет на напон на кабелот или повисок и користете го мулти-штекерот само за апаратот. •Монтирајте го апаратот на место од каде што лесно може да се исклучи приклучокот за струја на апаратот. •Приклучокот за струја не смее да биде вклучен со кабелот свртен нагоре и не дозволувајте апаратот да се потпира на приклучокот. •Монтирајте го апаратот на цврст и рамен под. 4

•Не поставувајте го апаратот во влажна или правлива просторија. Не поставувајте го и не чувајте го надвор, или во каква било просторија подложна на надворешни услови, како што е директна сончева светлина, ветер или дожд, или температури под нулата. •Не поставувајте го апаратот на директна сончева светлина и не изложувајте го на топлина од апарати за греење, како на пример, шпорети или греалки. •Внимавајте да не ја соголите задната страна на апаратот при монтажата. •За време на склопувањето или расклопувањето внимавајте да не ви падне вратата на апаратот. •При склопувањето и расклопувањето на вратата на апаратот, внимавајте да не го продупчите, згмечите или оштетите кабелот за струја. •Не поврзувајте го приклучниот адаптер или некоја друга дополнителна опрема во приклучокот за струја.

•Не користете го производот за други намени (за чување медицински или експериментални материјали или за транспорт) освен за намената во домаќинства, односно за чување храна. •Исклучете го приклучокот од штекер кога има силна бура или грмотевици или кога не е во употреба подолг временски период. •Не допирајте го приклучокот за струја или контролите на апаратот со влажни раце. •Не превиткувајте го кабелот за струја премногу и не ставајте тешки предмети врз него. •Ако навлезе вода во електричните делови на апаратот, исклучете го приклучокот за струја и стапете во контакт со Центарот за информации за клиенти на LG Electronics. •Не ставајте ги рацете ниту метални предмети во внатрешноста од која излегува ладниот воздух, ниту на капакот или задната решетка од која се ослободува топлина. •Не применувајте прекумерна сила или притисок на задниот капак на апаратот. •Не ставајте животно во внатрешноста на производот. Животното може да се задуши. 5

•Внимавајте на децата во близина кога ја отворате или затворате вратата на апаратот. Вратата може да го удри детето и да предизвика повреда. Не дозволувајте луѓето да се нишаат на вратите бидејќи така може уредот да се преврти и да предизвика сериозна повреда. •Избегнувајте ја опасноста од затворање на деца внатре во апаратот. Дете затворено во внатрешноста на производот може да се задуши. •Не ставајте тешки или кршливи предмети, садови полни со течност, лесно запалливи материи, запалливи предмети (како што се свеќи, ламби итн.), или грејни уреди (како што се печки, греалки итн.) врз апаратот. •Ако има протекување на гас (изобутан, пропан, природен гас итн.), не допирајте ја ниту машината, ниту приклучокот за струја и веднаш проветрете ја просторијата. Овој апарат користи гас како средство за ладење (изобутан, R600a). Иако користи мали количини гас, тој е сепак запаллив гас. Истекувањето гас при транспорт на апаратот, монтажа или работење може да предизвика пожар, експлозија или повреда ако се предизвикаат искри. •Не користете и не чувајте запалливи или експлозивни супстанции (етер, бензен, алкохол, хемикалии, LPG, експлозивни спрејови, инсектициди, освежувачи на воздух козметика итн.) во близина на апаратот. •Веднаш исклучете го приклучокот од струја и стапете во контакт со Центарот за информации за клиенти на LG Electronics ако откриете невообичаена бучава, мирис или чад што доаѓа од апаратот. •Ставајте вода за пиење само во автоматот за мраз или диспензерот за вода. •Не оштетувајте го колото за средство за ладење. •Не ставајте друг електронски апарат (како на пример, греалка и мобилен телефон) во внатрешноста на апаратот.

•Исклучете го кабелот за струја пред да го чистите апаратот или да ја заменувате светилката внатре (каде што е вградена). •Безбедно вклучете го приклучокот за струја во штекерот откако комплетно сте ја отстраниле постојната влага или прав. 6

•Никогаш не исклучувајте го апаратот од струја со влечење на кабелот за струја. Секогаш цврсто фаќајте го приклучокот за струја и повлечете го во обратна насока од штекерот. •Не прскајте вода или запалливи материи (паста за заби, алкохол, разредувач, бензин, запалливи течности, средства за полирање итн.) над внатрешната или надворешната страна на апаратот, за да го исчистите. •Не чистете го апаратот со четки, крпи или сунѓери со груби површини или коишто се изработени од метален материјал. •Само квалификуван персонал за сервисирање од Центарот за сервис на LG Electronics смее да го расклопува, поправа или модифицира апаратот. Стапете во контакт со Центарот за информации за клиенти на LG Electronics ако го преместувате или монтирате апаратот на друга локација. •Не користете фен за сушење коса за да ја исушите внатрешноста на апаратот и на ставајте свеќа во внатрешноста за да ги отстраните миризбите. •Не користете механички уреди или други средства за да го забрзате процесот на одмрзнување.

•При фрлање на апаратот, извадете ја заптивката од вратата, а оставете ги внатре полиците и корпите, и држете ги децата понастрана од апаратот. •Отстранете ги сите материјали за пакување (како на пример, пластични кеси и стиропор) подалеку од децата. Материјалите од пакувањето може да предизвикаат задушување.

•Отворите за вентилација во просторот каде што е сместен апаратот или во мебелот во кој е вграден не смеат да содржат никакви препреки. •Не користете електрични апарати во фрижидерот. •Средството за ладење и гасот за изолација што се користат во апаратот треба да се фрлат според посебно пропишани процедури. Консултирајте се со сервисер или слично квалификувано лице пред да ги фрлите. •Средство за ладење што избива во млаз од цевките може да се запали или да предизвика експлозија. 7

•Количината на средство за ладење во вашиот апарат е прикажан на плочата за идентификација внатре во апаратот. •Никогаш не вклучувајте апарат кој има знаци на оштетување. Ако се сомневате, консултирајте се со продавачот. •Овој апарат е наменет само за употреба во домаќинства и слични намени. Не смее да се користи за комерцијални или угостителски намени, ниту пак на мобилни предмети, какви што се каравани или пловни објекти. •Не чувајте експлозивни супстанции во апаратот какви што се конзерви со аеросол што содржат запаллив гас.

Ризик од пожар и запаливи материјали Овој симбол ве предупредува за запаливи материјали што може да се запалат и да предизвикаат пожар ако не се грижите. • Овој апарат содржи мала количина на изобутанско средство за ладење (R600a), но тоа е исто така запалливо. При транспорт и монтажа на апаратот, треба да се внимава за да не се оштетат делови од колото за средството за ладење. • Ако откриете протекување, избегнувајте отворен пламен или потенцијални извори на искри и проветрете ја неколку минути просторијата во која се наоѓа апаратот. За да избегнете создавање мешавина на воздух и запаллив гас во случај на протекување од колото за средство за ладење, големината на просторијата во која се наоѓа апаратот треба да одговара на количината на употребеното средство за ладење. Просторијата мора да има по 1 m² на располагање за секои 8 g од средството за ладење R600a внатре во апаратот. • При позиционирање на уредот, погрижете се кабелот за снабдување со ел. енергија да не биде заглавен или оштетен. • Немојте да поставувате повеќе преносни штекери или преносни кабли за напојување на задниот дел од уредот. • Апаратот за ладење не е наменет да се користи како вграден апарат.

За да се намали ризикот од мали повреди на лица, неисправно функционирање или оштетување на производот или имотот при користење на овој производ, следете ги основните мерки на претпазливост, вклучително и следните:

•Не навалувајте го апаратот за да го влечете или туркате при транспорт. •Осигурете се да не дојде до заглавување на некој дел од телото, на пример раката или стапалото, додека се преместува апаратот.

•Не допирајте ја замрзнатата храна или металните делови во преградата на замрзнувачот со водени или влажни раце. Тоа може да предизвика замрзнатини. •Не ставајте стаклени контејнери, шишиња или конзерви (особено оние што содржат газирани пијалоци) во одделот за замрзнување, на полиците, или во кантата за мраз, што ќе бидат изложени на температури под замрзнување. •Каленото стакло на предната страна од вратата на апаратот или на полиците може да се оштети со удар. Ако е скршено, не допирајте го со раце. •Не бесете се на вратата на производот, просторот за чување храна, на полицата и не качувајте се на неа. •Не ставајте преголема количина шишиња за вода или други садови за страничните делови на корпите на вратите. •Не дозволувајте животни да го гризаат кабелот за струја или цревото за вода. •Не отворајте ја и затворајте ја вратата на апаратот со прекумерна сила. •Ако е оштетена шарката на вратата на производот или ако не функционира правилно, престанете да го користите и стапете во контакт со Центарот за сервис на LG Electronics.

•Не чистете ги стаклените полици или капаци со топла вода кога се студени. •Никогаш не јадете замрзната храна веднаш откако сте ја извадиле од замрзнувачот. •Осигурете се да не дојде до заглавување на раката или стапалото, за време на отворање или затворање на вратата на апаратот.

•Не вметнувајте ги полиците наопаку. Полиците може да паднат. •За да го отстраните мразот од апаратот, стапете во контакт со Центарот за информации за клиенти на LG Electronics.

Димензии и дозволи Премалото растојание до соседните предмети, може да резултира со деградација на способноста за замрзнување, и зголемени трошоци за електрична енергија. Дозволете да има над 50 mm простор до секој соседен ѕид, кога ќе го инсталирате апаратот.

• Апаратот е дизајниран да работи во ограничен опсег на амбиентални температури, во зависност од климатската зона. • На внатрешните температури може да влијае локацијата на апаратот, амбиенталната температура, фреквенцијата на отворањето на вратата итн. • Климатската класа може да се најде на етикетата за оценување. Климатска класа SN (Продолжено умерена) N (Умерена) ST (Суптропска) T (Тропска)

Опсег на амбиенталната температура ºC +10 - +32 +16 - +32 +16 - +38 +16 - +43 / +10 - +43*

*Австралија, Индија, Кенија

НАПОМЕНА Уредите од SN до T се наменети за употреба при амбиентална температура во опсегот меѓу 10 ºC и 43 ºC.

РАБОТЕЊЕ Напомени за работењето

• Корисниците треба да имаат предвид дека може да се формира мраз ако вратата не е целосно затворена, ако влажноста е многу висока во текот на летото или ако вратата на замрзнувачот се отвора многу често. • Погрижете се да има доволно простор меѓу храната што се чува на полицата и корпата на вратата за да овозможите вратата целосно да се затвора. • Ако ја оставате вратата отворена на подолги периоди, тоа може да предизвика значително покачување на температурата во преградите на уредот. • Ако ладилникот е празен подолг период, исклучете го, одмрзнете го мразот, исчистете го, исушете го и оставете ја вратата отворена за да не се создаде мувла.

Предлози за заштеда на енергија

• Погрижете се да има доволно простор меѓу храната што се чува. Ова овозможува ладниот воздух да циркулира рамномерно, а со тоа и сметките за струја да бидат пониски. • Топлата храна може да ја ставите во фрижидер, само откако ќе се излади, за да спречите формирање роса или мраз. • Кога чувате некаков уред во замрзнувачот, поставете ја температурата на замрзнувачот пониска од температурата наведена на храната. • Не ставајте храна во близина на сензорот за температура на фрижидерот. Растојанието од сензорите треба да биде минимум 3 cm. • Имајте предвид дека покачување на температурата по одмрзнување има дозволен опсег којшто е наведен во спецификациите. Ако сакате да го минимизирате влијанието што ова може да го има врз чувањето храна поради покачување на температурата, запечатете ја или врзете ја ќесата `сохрана во неколку слоеви. • Системот за автоматско одмрзнување во апаратот, осигурува дека одделот ќе остане без создавање на мраз, во нормални работни услови. • За најефикасна искористеност на енергијата, нека бидат сите внатрешни делови (на пример, корпите, фиоките и полиците) на своите оригинални позиции. • Не поставувајте ја температурата на уредот пониско од потребното.

Ефикасно чување храна

• Замрзнатата или оладената храна чувајте ја во затворени садови. • Проверете го рокот на траење и етикетата (упатства за чување) пред да ја ставите храната во апаратот. • Не чувајте храна долг период (подолго од 4 недели), ако лесно се расипува при ниска температура. • Ставете ја оладената или замрзнатата храна во фрижидерот или замрзнувачот веднаш по купувањето.Избегнувајте повторно замрзнување на храна која е целосно одмрзната. Повторното замрзнување на каква било храна што е целосно одмрзната ќе го влоши нејзиниот вкус и хранлива вредност. • Чувајте го свежото месо и риба во соодветнисадови во фрижидерот за да не дојдат во контакт или да капат врз друга храна. • Не чувајте зеленчук завиткан во весник. Печатен материјал како весник или други надворешни супстанции може да ја контаминираат и расипат храната. • Не преполнувајте го уредот. Студениот воздух не може да циркулира правилно ако замрзнувачот е преполнет. • Ако подесите многу ниска температура, храната може да замрзне. Не подесувајте температура пониска од потребната температура за правилно чување на храната. • За повеќе простор, можете да ја отстраните полицата за шишиња, за јајца, за мраз и фиоката за свежа храна. • Храната може да се замрзне или да се расипе ако се чува на погрешна температура. Поставете температура во фрижидерот којашто е правилна за храната што се чува во него.

Максимален капацитет на замрзнување • Функцијата Express Freeze овозможува замрзнувачот да биде поставен на максимален капацитет за замрзнување. Функцијата е обично активна 24 часа, а потоа автоматски се исклучува. • Доколку сакате да го искористите максималниот капацитет на замрзнување, функцијата Express Freeze мора да е вклучена седум часа, а потоа свежите производи може да ги ставите во преградата за замрзнување. 12

Замрзнување максимална количина храна • За да го подобрите циркулирањето на воздухот, вметнете ги сите фиоки. • Ако треба да се складираат поголеми количества храна, тогаш сите фиоки на замрзнувачот треба да се извадат и храната да се стави директно на полицата (или полиците) на замрзнувачот во преградата на замрзнувачот.

• За да ги отстраните фиоките, прво отстранете ја храната од нив и потоа извлечете ги внимателно. Ако не го направите тоа, може да се повредите или да ги оштетите фиоките. • Формата на секоја фиока може да е различна, затоа вметнете ги во соодветната положба.

Поставување температура

Ја поставува температурата на фрижидерот или замрзнувачот. • Притиснете го копчето Fridge или Freezer за да ја регулирате температурата. • Температурата може да се подесува. − Фрижидер: oд 1 °C дo 7 °C − Замрзнувач: oд -15 °C дo -23 °C • Почетната температура е подесена. − Фрижидер: 3 °C − Замрзнувач: -18 °C Реалната внатрешна температура варира во зависност од статусот на храната, бидејќи наведеното подесување за температура е целната температура, а не реалната температура во апаратот.

• Фабричкото подесување на температурата може да се разликува зависно од уредот. • За оптимално чување на храната, се препорачува зголемување или намалување на стандардната температура за секоја преграда за 1 °C или едно ниво. • Почекајте 2 до 3 часа по приклучувањето на апаратот во струја пред да ставите храна во него. • За да правите мраз во нормална клима, температурата на замрзнувачот треба да се постави на -18 °C или поладно.

Аларм за висока температура Кога температурата на замрзнувачот е превисока поради дефект, LED светилката на замрзнувачот ќе почне да трепка и ќе се огласи алармот. • Притиснете го копчето Freezer за да се исклучи. • Доколку температурата е доволно ниска, трепкањето и алармот автоматски ќе се исклучат. • Функцијата се вклучува во случај кога: − Фрижидерот е вклучен. − Кога температурата во преградата на замрзнувачот ќе се зголеми значително. − Во случај на прекин на снабдувањето со електрична енергија кое трае подолго. − Во случај на ставање на поголемо количество топла храна во замрзнувачот. − Во случај вратата на замрзнувачот да стои отворена подолго или се отвора многу често.

Преграда за свежи продукти ( * ) Во преградата за ладење, температурата во преградата за свежи производи може да се контролира со помош на рачката 1 која се наоѓа напред во преградата, со нејзино поместување во две насоки. При чување на зеленчук со поставки за месо или риба, може да дојде до оштетување од смрзнување.

MK 2 за чување зеленчук. (Препорачано) 3 за чување риба. 4 за чување месо.

НАПОМЕНА • ( * ): оваа карактеристика варира во зависност од купениот модел.

Фиока за свеж зеленчук ( * ) Со вртење на копчето, прилагодете ја влажноста во фиоката за зеленчук 1 .

2 за чување зеленчук. (Препорачано) 3 за чување на овошје.

НАПОМЕНА • ( * ): оваа карактеристика варира во зависност од купениот модел.

Прегради за чување храна Чување храна во делот на фрижидерот • Полица на фрижидер − Ова е место каде што се чува храна во фрижидерот. − Висината на полицата може да се регулира преку вметнување на полицата во друг процеп со различна висина. − Храната што содржи повеќе влага чувајте ја на предниот дел од полицата. − Бројот на полици се разликува од модел до модел. • Полица за шишиња (*) − На полицата за шишиња можете да ги чувате сите шишиња или садови за пијалаци. • Полица на преклопување (*) − Тука можете да чувате веќе изладена храна и високи предмети. • Фиока за свеж зеленчук (*) − Прилагодете го контролерот за влажност во фиоката, за подолго да ја одржите свежината на зеленчукот и овошјето. − Апаратот или деловите на апаратот може да се разликуваат од модел до модел. • Преграда за свежи продукти (*) − Во преградата за ладење можете да чувате месо, риба и зеленчук. Прилагодете го контролерот за влага кој се наоѓа назад во фрижидерот за подолго да ја одржите свежината на производите. − За повеќе простор, можете да ја користите преградата за свежи продукти без фиоката за ладење. • Подвижен држач за јајца − Тука се чуваат јајца. − Можете да го поместите и да го поставите во посакуваната положба. Меѓутоа, не користете го како модла за мраз или поставете го најгоре на фрижидерот или во полицата за зеленчук.

• Корпа на вратата на фрижидерот − Тука се чуваат мали пакети храна, пијалаци и садови со сосови. • Резервоар на диспензерот за вода (*) − Во резервоарот се става вода за диспензерот или за автоматскиот автомат за мраз. Резервоарот се полни рачно. (Само за модели кои не се поврзуваат на водоводната инсталација во домот)

Чување храна во делот на замрзнувачот • Модла за мраз − Модлата служи за правење и чување мраз. − За дополнителен простор, можете да ја извадите модлата или кофичката за мраз. • Фиока на замрзнувачот − Ова се користи за долгорочно чување замрзната храна. − За брзо замрзнување прехранбени производи, складирајте ја храната во горната фиока.Во таа фиока, прехранбените производи се замрзнуваат најбрзо.

НАПОМЕНА • (*) : оваа карактеристика варира во зависност од купениот модел. • За повеќе информации околу другите прегради, одете на lg.com и преземете ги прирачници за корисници.

Апликација LG ThinQ MK

Исклучете ги Мобилните податоци или Ќелиските податоци на вашиот паметен телефон.

Поврзете го вашиот паметен телефон со безжичниот рутер.

Оваа функција е достапна само на моделите со Wi-Fi. Апликацијата „LG ThinQ“ Ви овозможува да комуницирате со уредот со помош на паметен телефон.

Карактеристики на апликацијата LG ThinQ Комуницирајте со апаратот од паметен телефон со помош на практичните паметни функции.

Паметна дијагностика • Ако искусите проблем додека ја користите апликацијата, опцијата за паметна дијагностика ќе ви помогне да го дијагностицирате проблемот.

Подесувања • Ви овозможува да подесите различни опции кај апаратот и во апликацијата.

НАПОМЕНА • Ако го промените својот безжичен рутер, добавувачот на интернет услуги или лозинката, избришете го регистрираниот апарат од апликацијата LG ThinQ и повторно регистрирајте го. • Апликацијата подлежи на промени заради подобрување на апаратот, без да им се даде предупредување на корисниците. • Карактеристиките може да варираат во зависност од моделот.

Пред користење на апликацијата LG ThinQ

Проверете го растојанието помеѓу апаратот и безжичниот рутер (Wi-Fi мрежата). • Ако е преголемо растојанието помеѓу апаратот и безжичниот рутер, доаѓа до слабеење на сигналот. Може да биде потребен подолг временски период за регистрација, или може да доведе до неуспешна инсталација.

НАПОМЕНА • За да ја потврдите Wi-Fi конекцијата, проверете дали свети иконата на контролниот панел. • Апаратот поддржува единствено 2,4 GHz WiFi мрежи. За да ја проверите фреквенцијата на вашата мрежа, контактирајте го вашиот снабдувач со интернет услуги, или погледнете во упатството за вашиот безжичен рутер. • LG ThinQ не е одговорен за било какви проблеми околу конектирањето на мрежата или какви и да било грешки, дефекти или грешки предизвикани од конектирањето на мрежата. • Ако апаратот има проблеми околу конектирањето на Wi-Fi мрежата, можеби е предалеку од рутерот. Набавете Wi-Fi засилувач (засилувач на дострелот) за да ја подобрите јачината на Wi-Fi сигналот. • Wi-Fi конекцијата можеби не се поврзува или можеби е прекината поради опкружувањето на домашната мрежа. • Мрежното поврзување можеби нема да работи правилно во зависност од провајдерот на интернет услугите. • Околното безжично поврзување можеби придонесува безжичниот мрежен сервис да работи бавно. • Апаратот не може да се регистрира, поради проблеми со преносот на безжичниот сигнал. Извлечете го кабелот од апаратот и почекајте околу една минута, пред повторно да се обидете. • Ако е овозможен заштитниот ѕид на вашиот безжичен рутер, оневозможете го или додадете исклучок во него. 16

MK • Името на безжичната мрежа (SSID) треба да биде комбинација од англиски букви и броеви. (Не користете ги специјалните карактери) • Корисничкиот интерфејс (UI) на паметниот телефон може да варира, во зависност од мобилниот оперативен систем (OS) и производителот. • Ако безбедносниот протокол на рутерот е поставен на WEP, може да не успеете во подесувањето на мрежата. Ве молиме променете го на други безбедносни протоколи (Се препорачува WPA2) и повторно регистрирајте го производот.

Инсталирање на апликацијата LG ThinQ Побарајте ја апликацијата LG ThinQ на Google Play Store & Apple App Store преку вашиот паметеб телефон. • Следете ги инструкциите за преземање и инсталирање на апликацијата.

Поврзување со Wi-Fi Кога го користите копчето Wi-Fi со апликацијата LG ThinQ, апаратот може да се поврзе со домашната Wi-Fi мрежа. Иконата го покажува статусот на мрежната конекција на апаратот. Иконата свети кога апаратот е поврзан со Wi-Fi мрежата. Првична регистрација на апаратот • Стартувајте ја LG ThinQ апликацијата и следете ги инструкциите во апликацијата, за да го регистрирате апаратот. Повторно регистрирање на апаратот или регистрирање на друг корисник • Притиснете и држете го копчето Wi-Fi во траење од 3 секунди, за привремено исклучување. Стартувајте ја LG ThinQ апликацијата и следете ги инструкциите во неа за да го регистрирате апаратот.

НАПОМЕНА • За да ја исклучите функцијата за Wi-Fi, притиснете и држете го копчето Wi-Fi во траење од 3 секунди. Иконата ќе се исклучи.

Известување за софтвер со отворен код За да го добиете изворниот код согласно GPL, LGPL, MPL и другите лиценци за отворен код со кои постои обврска за разоткривање на изворниот код содржан во производов и за пристап до сите споменати услови на лиценцата, известувања за авторски права и други релевантни документи, одете на https://opensource.lge.com. LGE исто така ќе ви овозможи слободен код на CD-ROM за цена која ги покрива трошоците за таквото доставување (како на пр. трошоци за медиумот, пратката и манипулативни трошоци) по барање преку е-пошта на opensource@lge.com.Понудава има важност во период од три години по нашата последна испорака во врска со производов за секој што ги добива информацииве.

Напомени за чистење • Кога вадите полица или фиока од апаратот, извадете ја целата храна што е складирана на полицата или фиоката, за да спречите повреда или оштетување на апаратот. − Во спротивно, може да дојде до повреда поради тежината на складираната храна. • Ако ги чистите надворешните отвори за вентилација на апаратот со правосмукалка, тогаш треба да го исклучите од струја за да избегнете статичко празнење коешто може да ја оштети електрониката или да предизвика струен удар. • Извадете ги полиците и фиоките и исчистете ги со топла вода, а потоа избришете ги и вратете ги назад. • Редовно бришете ја заптивката на вратата со влажна мека крпа. • Истечената храна и дамки на корпите од вратата треба да се чистат затоа што го намалуваат капацитетот на чување на корпата, па дури може и да ја оштетат. • По чистењето, проверете дали кабелот за струја е оштетен, топол или неправилно вклучен. • Одржувајте ги чисти отворите за вентилација на надворешноста на апаратот. − Затнати отвори за вентилација може да предизвикаат пожар или да го оштетат апаратот. • Кога ќе ја чистите внатрешноста или надворешноста на апаратот, не бришете ја со груба четка, паста за заби, или некои запалливи материјали. Не користете средства за чистење кои содржат запалливи материи. − Тоа може да предизвика промена на бојата или оштетување на апаратот. − Запалливи материи: алкохол (етанол, метанол, изопропил алкохол, изобутил алкохол итн.), разредувач, средство за белење, бензен, запаллива течност, абразиви итн. • За надворешноста на апаратот, користете чист сунѓер или мека крпа и благ детергент во топла вода. Не користете абразивни средства или силни средства за чистење. Темелно избришете го со мека крпа. • Никогаш не мијте ги полиците или садовите во машина за миење садови. − Деловите може да се деформираат поради топлина. • Редовно чистете ги површините за да не дојдат во контакт со храната и системите за дренажа. • Ако апаратот е опремен со LED светло, не вадате го капакот на светлото ниту LED светлото, во обид да го поправате или сервисирате. Ве молиме стапете во контакт со Центарот за информации за клиенти на LG Electronics.

Фрлање на вашиот стар апарат • Сите електрични и електронски производи треба да се фрлат засебно од комуналниот отпад, односно во собирни капацитети назначени од страна на владата или локалните власти. • Правилното фрлање на вашиот стар апарат ќе помогне да се спречат потенцијални негативни последици за околината и човековото здравје. • За подетални информации за фрлањето на вашиот стар апарат, стапете во контакт со општинската служба за отстранување отпад или со продавницата од каде што сте го купиле производот.

РЕШАВАЊЕ ПРОБЛЕМИ Пред да повикате услуга Стапете во контакт со корисничкиот информативен центар на LG Electronics. • За да пронајдете информации за овластен сервисен центар на LG, одете на вебстраницата www.lg.com. • Апаратот треба да го расклопува, поправа или модифицира само квалификуван сервисен персонал во овластен сервисен центар на LG. • Минималниот гарантен период на овој фрижидер е 24 месеци. • За да купите резервни делови, стапете во контакт со Центарот за информации за корисници на LG Electronics или одете на нашата веб-страница на www.lg.com. • Резервните делови наведени во Регулативата (EU) 2019/2019 се достапни во времетраење од минимум 7 години (само заптивките за вратите се достапни 10 години).

НАПОМЕНА • За повеќе информации за енергетската ефикасност на апаратот, одете на https://ec.europa.eu и пребарајте со внесување на името на моделот (важечко од 1 март 2021 година). • Регулатива (EU) 2019/2019, која стапува на сила од 1 март 2021 година, е поврзана со класите на енергетска ефикасност според Регулативата (EU) 2019/2016. • Скенирајте го QR-кодот на енергетската етикета што сте ја добиле со апаратот и така ќе добиете врска до веб-страница со базата на податоци на EU EPREL со информации поврзани со работата на апаратот. Чувајте ја енергетската етикета како референца заедно со сите други документи испорачани со апаратот (важечко од 1 март 2021 година). • Името на моделот може да се пронајде на етикетата за моќноста на апаратот. • Овој производ содржи светлосен извор со ефикасност на енергија класа G.