Cylindra P W Plus - извлекувач FABER - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот Cylindra P W Plus FABER во PDF формат.
| Тип на производ | Аспиратор |
| Бренд | Faber |
| Модел | Cylindra P W Plus |
| Категорија | Декоративен аспиратор |
| Ширина | 90 cm |
| Длабочина | 50 cm |
| Висина (мин-макс) | 60 - 110 cm |
| Нето тежина | 18 kg |
| Напојување | 220-240 V ~ 50-60 Hz |
| Максимална моќност | 300 W |
| Проток на воздух (макс) | 650 m³/h |
| Ниво на бучава (макс) | 65 dB |
| Тип на осветлување | LED |
| Број на светла | 2 |
| Филтер за маснотии | Метален филтер, може да се мие |
| Јаглероден филтер | Опционално (модел за рециркулација) |
| Контроли | Електронски со копчиња |
| Брзини | 3 + интензивна |
| Енергетска класа | A+ |
| Поправливост (индекс) | 8,2/10 (проценка) |
| Гаранција од производителот | 2 години |
Често поставувани прашања - Cylindra P W Plus FABER
Прашања на корисниците за Cylindra P W Plus FABER
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот извлекувач во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник Cylindra P W Plus - FABER и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. Cylindra P W Plus на марката FABER.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК Cylindra P W Plus FABER
Заради ваша сопствена безбедност и заради правилно функционирање на апаратот, внимателно прочитајте го овој прирачник пред да започнете со монтирање и употреба. Овие упатства чувајте ги заедно со апаратот, дури и кога го продавате или давате на трети страни. Важно е корисниците да ги знаат сите работи за апаратот, неговото функционирање и безбедносните карактеристики.
⚠️ Каблите мора да ги поврзе обучен техничар.
- Производителот нема да се смета за одговорен за каква било повреда или штета предизвикана од неправилна монтажа или употреба.
- Минималното безбедно растојание меѓу плочата за готвење и аспираторот е 650 mm (некои модели можат да се инсталираат и на помала висина; погледнете ги деловите за работни димензии и монтажа).
- Ако упатството за монтирање на шпоретот на гас наведува дека е
потребно поголемо растојание од наведеното погоре, тоа мора да се земе предвид.
- Проверете дали напојувањето со струја одговара на она што е наведено на плочката со спецификации прикачена во внатрешноста на аспираторот.
- Мора да се монтираат уреди за исклучување во фиксниот систем во согласност со регулативите за кабелски системи.
- За уреди од Класа I, проверете дали домашното напојување со електрична струја е соодветно заземјено.
- Поврзете го аспираторот со оџак со помош на цевка со дијаметар од минимум 120 mm. Гасовите мора да патуваат низ што пократко растојание.
- Мора да се почитуваат сите прописи за вентилација на воздухот.
- Не поврзувајте го аспираторот со оџаци низ коишто исто така се спроведуваат запаливи гасови (бојлери, огништа, итн.)
- Ако аспираторот се користи заедно со уред кој не работи на електрична струја (на пример, уред на гас), мора да се обезбеди доволен степен на вентилација во просторијата за да се спречи враќање назад на
издувните гасови. Кога кујнскиот аспиратор се користи во комбинација со апарати кои не работат на електрична струја, негативниот притисок во просторијата не смее да биде поголем од 0,04 mbar, со цел да се спречи враќање на издувните гасови назад во просторијата од страна на аспираторот.
- Воздухот не смее да се изведува надвор низ оџак којшто исто така се користи за изведување на гасови од уреди што работат на гас или друго гориво.
- Ако е оштетен, кабелот за струја мора да биде заменет од страна на производителот или од техничар за сервисирање.
- Поврзете го приклучокот во штекер којшто одговара на тековните регулативи и се наоѓа на пристапна локација.
- Во врска со техничките и безбедносните мерки што треба да се преземат за исфрлање на гасовите, важно е строго да се почитуваат регулативите донесени од локалните власти.
⚠️ ВНИМАНИЕ: извадете ја заштитната фолија пред да го монтирате аспираторот.
- Користете шрафови и други додатоци што се соодветни за аспираторот.
⚠️ ВНИМАНИЕ: непочитувањето на овие упатства при монтирањето на шрафовите или другите додатоци за прицврстување може да доведе до опасност од струен удар.
- Не гледајте директно во светлото низ оптички уреди (двоглед, лупа...).
- Овој апарат смеат да го користат деца над 8-годишна возраст и лица со ограничени психофизички и сетилни способности или со недоволно искусство и знаење, под услов да се под надзор и да имаат добиено упатства за тоа како безбедно да го користат апаратот и за опасностите што може да настанат. Не дозволувајте им на децата да си играат со апаратот. Чистењето и одржувањето треба да ги врши корисникот, а не деца, освен ако се под надзор.
- Надгледувајте ги децата, за да бидете сигурни дека нема да си играат со апаратот.
- Апаратот не смеат да го користат лица (вклучително деца) со ограничено психофизички или сетилни капацитети или со недоволно искусство и знаење, освен ако се под
надзор и имаат добиено упатства за користење.

Пристапните делови може екстремно да се вжештат за време на употреба на апарати за готвење.
- Чистете ги и/или заменувајте ги филтрите по наведениот временски период (опасност од пожар). Видете го делот за Одржување и чистење.
- Просторијата мора да биде соодветно вентилирана кога аспираторот се користи истовремено со апарати што работат на гас или други горива (не е применливо кај апарати што испуштаат воздух само во просторијата). • Симболот 🚙 на производот или на неговото пакување укажува дека производот не смее да се фрла во обичен комунален отпад. Производот мора да се фрли во центар специјализиран за рециклирање на електрични и електронски делови. Со правилното фрлање на апаратот, вие помагате во спречувањето на негативните последици врз околината и здравјето што може да настанат поради неправилното фрлање. За подетални информации за рециклирање на овој производ, контактирајте со
вашите локални власти, службата за фрлање отпад или продавницата од каде што сте го купиле производот.
2. УПОТРЕБА
- Аспираторот е дизајниран исклучиво за домашна употреба за елиминирање на миризбите од кујната.
- Не користете го аспираторот за други намени, освен за оние за кои е дизајниран.
- Никогаш не оставајте отворен оган под аспираторот додека истиот работи.
- Приспособете го интензитетот на пламенот така што да биде насочен кон дното на садот за готвење, и да не излегува од страните на садот.
- Пржењето во масло мора да се прави под постојан надзор: маслото може да се запали ако се загрее премногу.
3. ЧИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ
- Филтерот со активен јаглен не може да се мие или обновува, и мора да се менува на приближно секои 4 месеци работа или почесто, во случај на особено интензивна употреба (W).


- Филтрите за маснотии мора да се чистат на секои 2 месеци работа, или почесто во случај на особено интензивна употреба. Тие можат да се мијат во машина за миење садови (Z).

- Аспираторот чистете го со влажна крпа и неутрален течен детергент.
- За надворешно и внатрешно чистење на аспираторот избегнувајте алкохолни или силиконски производи.
4. КОМАНДИ
![]() | ![]() | ![]() | ![]() | ![]() | [S1]![]() | |
| Копче П | Притискање на копчето | Функција Светилка | ||||
| L | Кратко Го вклучува/исклучува осветлувањето на максимална јачина. - | |||||
| T1 | Кратко Го вклучува/исклучува моторот во прва брзина. Постојано | |||||
| T2 | Кратко Го вклучува моторот во втора брзина. Постојано | |||||
| Долго со сите полнења исклучени (мотор и осветлување) | Го активира/деактивира алармот на филтрите на активен јаглен. | Светилката светнува двапати: активиран аларм.Светилката светнува еднаш: деактивиран аларм. | ||||
| T3 | Кратко Го вклучува моторот во трета брзина. Постојано | |||||
| Долго притискање со сите полнења исклучени (мотор и осветлување) | Се врши ресетирање на алармот за заситеност на филтрите. | Светилката S1 светнува трипати. | ||||
| T4 | Кратко | Го вклучува моторот во Интензивна брзина.Оваа брзина е темпирана на 6 минути. По завршување на времето, системот се врака автоматски во претходно избраната брзина. Ако се активира од исклучен мотор штом ќе заврши времето преминува во исклучен режим (OFF).Се деактивира со притискање на истото копче или со исклучување на моторот. | Постојано | |||
| Долго | Го активира/деактивира далечинскиот управувач. | Светилката светнува двапати: активиран далечински управувач.Светилката светнува еднаш: деактивиран далечински управувач. | ||||
| S1 | - | Го сигнализира алармот за заситеност на металните филтри за масти и потребата од нивно миење. Алармот се вклучува по 100 часа на ефективна работа на аспираторот. | Постојано | |||
| - | Го сигнализира алармот за заситеност на филтерот против мириси на база на активен јаглен. Алармот се вклучува по 200 часа на ефективна работа на аспираторот. | Трепка | ||||
5. ДАЛЕЧИНСКИ УПРАВУВАЧ (ИЗБОРНО)
![]() | ![]() |
6. ОСВЕТЛУВАЊЕ
- Стапете во контакт со Одделот за сервисирање за да го замените („Стапете во контакт со одделот за сервисирање за да го купите“).
• Ваздух не сме да се одводи у вентилациону цев која се уједно користи за одвод
Приступачни делови могу постати изузетно врели кад се користе апарати за кување.







