CX2120 - Грејање PHILIPS - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот CX2120 PHILIPS во PDF формат.
| Вид на производ | Електричен вентилаторски грејач |
| Бренд | Philips |
| Модел | CX2120 |
| Димензии (L x H x P) | 30 x 25 x 15 cm |
| Тежина | 2,2 кг |
| Напајување | 220-240 V, 50/60 Hz |
| Максимална моќност | 2000 W |
| Поставки за моќност | 3 нивоа (ниско, средно, високо) |
| Термостат | Електронски, прилагодлив |
| Тајмер | Да, од 1 до 8 часа |
| Функција за осцилација | Да, хоризонтална ротација |
| Тивок режим | Да (ноќ) |
| Безбедност од превртување | Да, автоматско исклучување |
| Заштита од прегревање | Да, со термичко исклучување |
| Филтер за воздух | Ператлив, отстранлив |
| Одржување | Чистење на филтерот секој месец |
| Ниво на бучава | 45 dB (max) |
| Резервни делови | Достапни кај Philips |
| Гаранција | 2 години |
Често поставувани прашања - CX2120 PHILIPS
Прашања на корисниците за CX2120 PHILIPS
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Грејање во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник CX2120 - PHILIPS и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. CX2120 на марката PHILIPS.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК CX2120 PHILIPS
Пред да го користите апаратот, внимателно прочитајте ја оваа брошура со важни информации и зачувајте ја за идни потреби.
Опасност
- Не дозволувајте течен или запалив детергент да навлезе во апаратот, за да избегнете електричен удар и/или опасност од пожар.

- За да избегнете прегревање и пожар, немојте да го покривате уредот.
Предупредување
- Некои делови од овој производ можат да станат многу жешки и може да предизвикаат изгореници. Ако се присутни деца и ранливи лица, тие треба постојано да се надгледуваат.
- Овој апарат може да го користат деца постари од 8 години и лица со ограничени физички, сензорни или ментални способности или лица со недостаток на искусство и знаење, под услов да се надгледуваат или да добиле упатства за безбедно користење на апаратот и да ги разбираат можните опасности.
- Деца на возраст од 3 години и помали од 8 години треба да го вклучуваат/исклучуваат апаратот само под услов да е поставен или инсталиран во предвидената нормална работна положба и под услов да се под надзор или да добиле упатства за безбедно користење на апаратот и да ги разбираат можните опасности.
- Деца на возраст од 3 години и помали од 8 години не смеат да го прилучуваат, употребуваат и чистат апаратот или да вршат корисничко одржување.
- Децата помали од 3 години не смеат да се доближуваат до уредот, освен ако не се под постојан надзор.
- Децата не смеат да си играат со апаратот.
- Децата не смеат да го чистат и одржуваат апаратот без надзор.
- Не користете го овој грејач во мали простории кога во нив престојуваат лица кои не можат самостојно да ја напуштат просторијата, освен ако не е обезбеден постојан надзор.
- Кога уредот работи во режим на греење, температурата на површината постепено ќе се зголемува. Не допирајте го отворот за излез на воздух за да не се изгорите.
- За да се намали ризикот од пожар, чувајте ги текстилот, завесите, постелнините или кој било друг запалив материјал на минимално растојание од 1 m од отворот за излез на воздух. Немојте да го блокирате отворот за влез или излез на воздух, на пр. со поставување предмети на отворот за излез на воздух или пред отворот за влез на воздух.
- Немојте да ставате прсти, стапчиња или други предмети во машината за да спречите струјни удари, повреди или пожар.
- Уредот има компонента за греење. Не користете го апаратот во близина на плински апарати и камини.
- Немојте да прскате со запаливи материјали како што се инсектициди или парфеми околу апаратот.
- Не користете ако има видливи знаци на оштетување на уредот, приклучокот и кабелот за напојување.
- Немојте да го користите уредот ако ви паднал.
- Во случај на оштетување, кабелот за напојување треба да го замени компанијата Philips, односно сервисен центар овластен од Philips или лица со соодветни квалификации за да се избегне опасност.
- Проверете дали приклучокот на апаратот е цврсто вметнат во штекерот за да овозможите совршено работење на вашиот апарат. Ако приклучокот не е цврсто вметнат во штекерот, тоа може да предизвика прегревање и изобличување на приклучокот. Контактирајте со овластен електричар за да го замени лабавиот или истрошен штекер.
Внимание
- За да избегнете опасност поради случајно ресетирање на заштитата од прегревање, овој апарат не смеете да го приклучувате на надворешен уред за прекинување на струјно коло, како што е прекинувачот со тајмерска контрола, или на струјно коло што програмирано се вклучува и исклучува.
- Уредот не смее да се наоѓа веднаш под ѕидниот штекер.
- Приклучувајте само во ѕидниот штекер, не користете продолжен кабел.
- Секогаш поставувајте и користете го апаратот на сува, стабилна и хоризонтална површина.
- Немојте да го користите апаратот во опкружувања со голема влажност, како што се бања, тоалет, кујна, базен или во какво било надворешно опкружување.
- Немојте да седите или да стоите врз апаратот. Немојте да го удирате апаратот. Не ставајте ништо врз апаратот.
- Секогаш исклучувајте го апаратот од штекер кога сакате да го преместите и исчистите или да извршите друг вид на одржување.
- Апаратот е наменет само за употреба во домаќинства во нормални услови на работа.
Електромагнетни полиња (EMF)
Овој апарат е усогласен со важечките стандарди и прописи што се однесуваат на изложеноста на електромагнетни полиња.
Рециклирање

Овој симбол означува дека производот не смее да се фрла со обичниот отпад од домаќинствата (2012/19/EU).
Придржувајте се до законите во вашата земја за одделно собирање на електричните и електронските производи. Правилното фрлање помага во спречувањето на негативните последици по животната средина и човековото здравје.
Вашата греалка
Преглед на производот

A Контролна табла B Отвори за излез на воздух
Копче за вклучување/исклучување Копче за промена на режим
Бавен режим Брз режим
Автоматски бавен режим Автоматски среден режим
Користење на греалката
Вклучување и исклучување

1 Вметнете го приклучокот во штекер.

2 Притиснете го копчето за да ја вклучите греалката. Апаратот ќе се огласи со еден звучен сигнал.
- Индикаторот за напојување е вклучен.

3 Повторно притиснете го копчето за да ја исклучите греалката.
- Индикаторот за напојување е исклучен.
Промена на режим
Притиснете го копчето за промена на режим за да изберете меѓу Бавен режим, Брз режим или Автоматски режим.

Не допирајте го отворот за излез на воздух бидејќи може да е жежок.

Бавен режим: Кога е во Бавен режим, уредот обезбедува благо и умерено загреано ветре.


Брз режим: Голема брзина, брзи резултати. Кога уредот е во режим на голема брзина, тој работи со најголема брзина за моќно и брзо загревање на воздухот во вашата соба.
Автоматски бавен режим: Греалката автоматски ја избира моќноста на греење за да ја одржува амбиенталната температура на околу 18-20 °C. Се вклучува и исклучува самата врз основа на условите во собата.
Автоматски среден режим: Греалката автоматски ја избира моќноста на греење за да ја одржува амбиенталната температура на околу 21-23 °C. Се вклучува и исклучува самата врз основа на условите во собата.
Автоматски брз режим: Греалката автоматски ја избира моќноста на греење за да ја одржува амбиенталната температура на околу 24-26 °C. Се вклучува и исклучува самата врз основа на условите во собата.
Чистење и одржување
Секогаш исклучувајте го апаратот од штекер пред да го чистите.
Никогаш не потопувајте го апаратот во вода или некоја друга течност.
За чистење на деловите на апаратот никогаш немојте да користите абразивни, агресивни или запаливи средства за чистење како што се белило или алкохол.

Редовно чистете го надворешниот дел на греалката за да не се насобере прав.
- Користете мека и сува крпа за да ги исчистите надворешната површина на апаратот и отворот за излез на воздух.
Складирање
1. Исклучете го апаратот и извлечете го приклучокот од штекер. 2. Исчистете го апаратот. 3. Складирајте го апаратот на ладно и суво место. 4. Секогаш темелно мијте ги рацете по чистењето.
Решавање проблеми
Во ова поглавје се опишани најчестите проблеми со кои може да се соочите при користење на апаратот. Ако не можете да го решите проблемот со помош на информациите наведени подолу, контактирајте со центарот за корисничка поддршка во вашата земја.
| Мојата греалка не може да се вклучи или исклучи. | Ако апаратот не може да се вклучи, проверете дали приключокот за напојување е правилно приключен или пробајте да го приключите во друг штекер. |
| Ако апаратот се уште не работи, контактирајте со центарот за корисничка поддршка во вашата земја. | |
| Уверете се дека сите решетки за влез и излез на воздух не се блокирани. | |
| Греалката испушта необичен мирис/мирис на изгорено. | При првите неколку употреби, апаратот може да испушта мирис на пластика. Тоа е нормално кај нов апарат. Меѓутоа, ако апаратот испушта мирис на изгорено, исключете го апаратот и веднаш извлечете го приключокот од штекер, а потоа контактирајте со центарот за корисничка поддршка во вашата земја. |
| Греалката е премногу гласна. Колку е поголема поставката за брзина на вентилаторот на апаратот, толку їе биде посилна бучавата. Поставете помала брзина на вентилаторот за да се намали бучавата. | |
| Ако се слуша необичен звук, контактирајте со центарот за корисничка поддршка во вашата земја. | |
| Основата на греалката се мрда или вибрира. | Проверете дали апаратот е поставен на рамен под или рамна површина. |
Гаранција и поддршка
Versuni нуди двегодишна гаранција по купувањето на овој производ. Оваа гаранција не е важечка ако настане дефект поради неправилно користење или лошо одржување. Нашата гаранција не ги ограничува вашите законски права како потрошувач. За повеќе информации или за активирање на гаранцијата, посетете ја нашата веб-страница www.philips.com/support.