IM-122T - Машина за мраз Vivax - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот IM-122T Vivax во PDF формат.

Vivax IM-122T - Машина за мраз
📄 112 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање 10 прашања ⚙️ Спецификации
Notice Vivax IM-122T - page 34
Погледни прирачник : English EN Македонски MK Slovenščina SL Shqip SQ
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.
Вид на производ Пренослив производител на мраз
Модел IM-122T
Бренд Vivax
Капацитет за производство на мраз 12 кг / 24ч
Капацитет за складирање мраз 0,6 кг (приближно)
Големина на коцки мраз Мали / Големи (изборливо)
Време за прво производство на мраз 6-8 минути (приближно)
Капацитет на резервоарот за вода 1,2 L
Напојување 220-240 V ~ 50 Hz
Потрошувачка на енергија 85 W (приближно)
Разладно средство R600a (еколошки)
Димензии (Ш x Д x В) 222 x 294 x 290 mm
Нето тежина 8,5 kg
Ниво на бучава < 45 dB(A)
Функција за самопрочистување Да
Автоматско исклучување Кога корпата за мраз е полна
Индикатор за ниво на вода Да (прозорец за гледање)
Контролен панел Допирни копчиња со LED индикатори
Материјал ABS пластика / Нерѓосувачки челик
Гаранција 2 години

Често поставувани прашања - IM-122T Vivax

Колку време е потребно за да се направи првата серија мраз?
Првата серија обично трае 6-8 минути во зависност од амбиенталната температура и температурата на водата.
Колку мраз може да произведе машината дневно?
Vivax IM-122T може да произведе до 12 кг мраз за 24 часа под стандардни услови.
Може ли да користам вода од чешма во производителот за мраз?
Да, но се препорачува употреба на филтрирана или дестилирана вода за да се намали таложењето на минерали и да се подобри бистрината на мразот.
Како да го исчистам производителот за мраз?
Користете ја функцијата за самопрочистување или рачно исчистете со мешавина од вода и оцет. Добро исплакнете пред употреба.
Што значи индикаторот за 'полн мраз'?
Кога корпата за мраз е полна, машината автоматски престанува да произведува мраз и иконата за полна се осветлува.
Зошто производителот за мраз не произведува мраз?
Проверете дали резервоарот за вода е празен, корпата за мраз е полна или амбиенталната температура е превисока (>32°C). Исто така, осигурете се дека машината е рамна и правилно приклучена.
Како да ја променам големината на коцките мраз?
Притиснете го копчето 'Select' на контролниот панел за да префрлате помеѓу мали и големи коцки мраз.
Дали производителот за мраз е бучен?
Нивото на бучава е под 45 dB(A), слично на тивок разговор. Нормално е да се слушаат звуци на пумпање вода и паѓање мраз.
Може ли да го оставам производителот за мраз вклучен преку ноќ?
Да, машината има автоматско исклучување кога корпата е полна или водата е ниска. Безбедно е да се остави вклучена.
Каде можам да најдам резервни делови?
Контактирајте ја службата за корисници на Vivax или овластените дилери. Вообичаени делови вклучуваат корпа за мраз, пумпа за вода и капак за одвод.

Прашања на корисниците за IM-122T Vivax

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Вашата е-пошта останува приватна: се користи само за да ве известиме ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот Машина за мраз во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник IM-122T - Vivax и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. IM-122T на марката Vivax.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК IM-122T Vivax

Упатство за употреба

Упатства за употреба

Важно е пред да започнете со користење на преносниот ледомат во целост да го прочитате ова упатство и да го сочувате на сигурно место за во иднина.

СОДРЖИНА

ВАЖНИ СИГУРНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА 3

ЗАПОЗНАВАЊЕ НА УРЕДОТ 8

КОРИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ 10

ВКЛУЧУВАЊЕ НА ЛЕДОМАТОТ 10

КОРИСТЕЊЕ НА ЛЕДОМАТОТ 11

ЧИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ НА ЛЕДОМАТ 11

ОТСТРАНУВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИ 12

ВАЖНИ СИГУРНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА

Вашата сигурност и сигурноста на другите лица се многу важни.

Во ова упатство и на уредот се наведени важни сигурносни предупредувања и упатства до кои треба да се придржувате.

Секогаш прочитајте ги и придржувајте се до сигурносните предупредувања.

Ова е симбол за безбедносно предупредување:

Vivax IM-122T - ВАЖНИ СИГУРНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА - 1

Со оваа безбедносна порака ќе биде прикажан и симбол за предупредување со зборовите DANGER - "ОПАСНОСТ" или WARNING - "ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ".

Vivax IM-122T - ВАЖНИ СИГУРНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА - 2

DANGER

Vivax IM-122T - ВАЖНИ СИГУРНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА - 3

WARNING

Можете да се изложите на опасност од сериозни повреди кои можат да бидат опасни по живот доколку не ги следите или не се придржувате до безбедносните предупредувања во ова упатство.

Во ова упатство ќе бидат опишани сите потенцијални опасности и наведени мерки за избегнување на истите и за спречување на потенцијална повреда. Ќе биде опишано што може да се случи доколку не се придржувате до упатствата и предупредувањата.

За време на користење на електричен уред секогаш треба да се придржувате до основните безбедносни предупредувања за да се намали ризикот од пожар, струен удар, повреда или оштетување на уредот или имотот. Пред да почнете да го користите уредот, во

целост прочитајте го ова упатство и сочувајте го на познато место за во иднина. Доколку го продадете или поклоните уредот, задолжително приложете го и овој прирачник.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Отворите за вентилација на уредот треба да бидат слободни и без препреки.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Немојте да ја оштетите инсталацијата за ладење.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Немојте за одмрзнување и отстранување на мраз да користите електрични уреди или греалки, спреј за одмрзнување или остри предмети, освен ако не се препорачани од страна на производителот.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Доколку уредот не го користите, пред корисничко одржување или чистење задолжително исклучете го ледоматот од напојување.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Ако кабелот е оштетен, мора да го замени производителот, сервисерот или друга квалификувана личност за да се избегнат потенцијално опасни ситуации и електричен удар.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Ве молиме старите истрошени уреди да ги отстраните согласно со локалните прописи за згрижување на уреди со лесно запаливи гасови и изолација. Доколку уредот содржи врата со брава, задолжително отстранете ја вратата за да се спречи заклучување на уредот и непосакувани ситуации.

Овој уред содржи гас за разладување R600а и изолација од Cyclopentana. Видот и количината на гас се назначени на налепницата на уредот. Гасот е потполно еколошки прифатлив, R600 е природен гас и е безопасен, но запалив. За време на транспорт и инсталирање на уредот внимавајте да не дојде до оштетување на ниту

еден дел (компонента) на уредот. Доколку дојде до оштетување, избегнувајте отворен пламен или изложување

Vivax IM-122T - ВАЖНИ СИГУРНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА - 4

Vivax IM-122T - ВАЖНИ СИГУРНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА - 5

на уредот на топли извори, и веднаш побарајте проветрена просторија во која ќе го сместите уредот. Немојте да го исклучувате уредот или другите електрични апарати, бидејќи една искра може да предизвика пожар.

Поправката и одржувањето на уредот мора да биде извршено од страна на професионалец и овластен сервис.

  • Немојте да го користите уредот за складирање на експлозивни направи, како што се аеросолни лименки или садови кои содржат запаливи средства, бидејќи можете да го оштетите уредот или да предизвикате пожар.
  • Осигурајте се дека напонот на штекерот одговара на напонот и фреквенцијата на уредот, кои се наведени на плочата на уредот.
  • Овој уред е наменет исклучиво за користење во домаќинството и слични намени, како што се:
  • Кујнски простори, канцеларии и други работни простори.
  • Угостителски објекти, како што се собите во хотелите, мотелите и други места за сместување.
  • "Bed and breakfast" (појадок и ноќевање).
  • Кетеринг и слични некомерцијални услужни дејности.

Уредот е наменет исклучиво за изработка на коцки мраз. Уредот е наменет за професионално користење.

  • Немојте да користите додатоци/продолжетоци кои не се одобрени од страна на производителот, за да не дојде до избивање на пожар, електричен удар или повреда.
  • Немојте да го користите уредот доколку кабелот за напојување е оштетен. Доколку кабелот за напојување е оштетен, заменете го кај производителот, овластен сервис или друго квалификувано лице за да избегнете опасност од струен удар или пожар. Вклучувајте го уредот во исклучиво правилно уземјен утикач. Во истиот утикач за напојување немојте да вклучувате

други уреди. Проверете дали утикачот во целост и правилно е ставен во штекер.

- Немојте да го поставувате кабелот за напојување преку тепих или други топлински извори. Немојте да го прекривате и виткате кабелот за напојување. Држете го кабелот подалеку од места каде што може да го згазите, притискате итн. Кабелот за напојување не смее да виси преку рабови од стол, работни површини и не смее да биде во контакт со топли површини.

- Уредот смее да го користат деца од 8 години и постари и лица со намалени физички, сетилни или ментални способности или недостаток на искусство и знаење, ако се под надзор или ако одговорното лице за нивната сигурност ги упатила како сигурно да го користат апаратот и ако ги разбрале потенцијалните опасности на кои се изложени за време на користење на уредот.

- Децата не смеат да си играат со уредот.

- Чистење и одржување на уредот не смее да го извршуваат деца освен ако не се под надзор.

- Уредот не е наменет за работа со помош на надворешен тајмер или посебен систем за далечинско управување.

- Уредот секогаш исклучете го од напојување доколку нема да го користите или сакате да го чистите и одржувате.

- Не се препорачува користење на продолжен кабел бидејќи тоа може дополнително да ја оптерети инсталацијата и да предизвика пожар. Доколку морате да користите продолжен кабел, користете со минимален пресек од најмалку 0.75 mm² и минимална моќност од 16A/250V~.

- Секогаш внимавајте рацете да ви бидат суви при извлекување на кабелот за напојување од штекер. Никогаш немојте да го вадите кабелот со повлекување на истиот.

- Пред чистење, поправка или сервис, исклучете го уредот од напојување така што ќе го извлечете утикачот од штекер.

  • Уредот е наменет за користење во домаќинството. Немојте да го користите уредот за било која друга цел. Уредот немојте да го користите во возила или бродови кои не се движат. Не е за надворешно користење. Неправилното користење може да предизвика повреда.
  • За да се заштитите од струен удар, уредот немојте да го потопувате во вода или во друга течност, освен ако поинаку е наведено во упатството за чистење на уредот.
  • Немојте да го користите уредот на отворен простор. Поставете го уредот подалеку од сончева светлина, висока влага, прашина или вибрации.
  • Оставете минимално 10 mm простор помеѓу задната страна на уредот и ѕидот, и минимално 10 mm размак на секоја страна од уредот.
  • За правење коцки мраз користете вода за пиење и чиста вода.
  • Не чистете го уредот со абразивни средства, абразиви и запаливи течности. Пареата може да предизвика пожар, експлозија или оштетување на уредот.
  • Не превртувајте го уредот. Не поместувајте го уредот додека е во работен режим или е вклучен.
  • Ако ледоматот се внесе од ладен или влажен простор во затворен простор, пред вклучување во напојување оставете го уредот неколку часа да се прилагоди на собната температура.
  • За да избегнете несакани ситуации поради превртување или паѓање, уредот секогаш поставувајте го на рамна, цврста и стабилна површина.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Уредот мора да биде заземјен.

ВАЖНО: Жиците во кабелот за напојување се обоени на следниов начин:

Зелена или зелена со жолта лента: Заземјување:

Сина:

Нула

Кафена:

Фаза

ЗАПОЗНАВАЊЕ СО УРЕДОТ

Делови: 1. Лажица за мраз.

  1. Сензор за наполнетост на мраз
  2. Кошница за лед
  3. Горен поклопец со проѕирен прозор
  4. Излез за воздух
  5. Поклопец за одвод на вода: од предна долна страна на уредот
  6. МАКСИМАЛНО НИВО НА ВОДА ---- ▼ ----

Vivax IM-122T - ЗАПОЗНАВАЊЕ СО УРЕДОТ - 1

За да ја видите ознаката за ниво на вода, отстранете ја кошницата за лед.

Управувачка плоча и функции

Управувачка плоча:

A. Ја прикажува одбраната големина на коцката лед:

(S): Мала

(L): Голема.

В. Индикатор за работа С. Ознака дека спремникот за коцки на лед е полн D. Ознака за недостаток на вода во спремникот Е. Копче за вклучување/исклучување на уредот. F. Копче за бирање на големина на коцки лед.

УПРАВУВАЧКА ПЛОЧА ADD WATER ICE FULL POWER S SELECT A B C D E F

КОРИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ

РАСПАКУВАЊЕ НА ЛЕДОМАТОТ

  1. Отстранете ја надворешната и внатрешната амбалажа. Прво проверете дали сите додатоци се тука. Доколку некој додаток недостасува, контактирајте го добавувачот.
  2. Отстранете ја лепливата лента што ја прицврстува лопатката за лед, кошницата за лед и лажицата за лед. Исчистете го спремникот и кошницата за лед.
  3. Поставете го ледоматот на рамна површина заштитена од директна сончева светлина и други извори на топлина (на пр. фрижидер, печка, радијатор). Оставете минимално 10 mm простор помеѓу задните и страничните страни на ледоматот и ѕидот.
  4. Пред вклучување на ледоматот во напојување, причекајте еден час за да почне да работи средството за ладење.
  5. Уредот треба да го поставите така што струјниот утикач ќе биде лесно достапен.

ВКЛУЧУВАЊЕ НА ЛЕДОМАТОТ

Vivax IM-122T - ВКЛУЧУВАЊЕ НА ЛЕДОМАТОТ - 1

ОПАСНОСТ

Неправилно користење, неуземјен утикач може да резултира со ризик од струен удар. Доколку струјниот кабел е оштетен, ве молиме контактирајте го овластениот сервис.

  1. Овој уред, за Вашата сигурност, треба да биде правилно уземјен. Кабелот за напојување на овој уред е опремен со утикач за уземјување кој одговара на стандардите за уземјување на утикачи, за да се намали опасноста од струен удар.
  2. Вклучете го уредот во самостоен, правилно инсталиран и уземјен штекер. Немојте да го отстранувате уземјениот утикач. Сите прашања поврзани со напојувањето и/или уземјувањето треба да ги консултирате со квалификуван електричар.
  3. Овој уред бара стандарден утикач за напон 220-240V, 50Hz со соодветно уземјување.
  1. Отворете го поклопецот, отстранете ја кошницата за лед и ставете вода во спремникот.
  2. Внимавајте нивото на вода да е под ознаката за максимално ниво.
  3. За стартување на циклусот за правење коцки лед, притиснете го копчето "Power" на управувачката плоча.
  4. Доколку собната температура е пониска од 15°C, се препорачува бирање на мала големина на коцки за да се избегне меѓусебно лепење на коцките лед.
  5. Циклусот за правење коцки трае 6 до 13 минути, зависно од одбраната големина на коцки лед и амбиенталната температура. Препорачана собна температура за правење коцки лед е во опсег од 10°C до 43°C
  6. Доколку пумпата за вода не може да вбризгува вода, ледоматот автоматски ќе престане да работи и ќе се вклучи индикаторот за недостаток на вода. Пред повторно стартување, почекајте минимално 3 минути за средството за ладење да се смири.
  7. Кога уредот ќе се наполни со коцки мраз и ќе се вклучи соодветниот индикатор, уредот автоматски ќе престане со работа.

Предупредување: Директна сончева светлина или силно светло може да предизвика работа на „инфраред“ сензорот. Ако уредот не престане со работа и ако коцките мраз го покриваат сензорот, поместете го уредот на место каде што нема да биде во контакт со директна сончева светлина или силно светло.

  1. Водата во резервоарот менувајте ја на секои 24 часа за да обезбедите разумно ниво на хигиена. Доколку немате намера да го користите уредот подолго време, извадете ја целата преостаната вода од резервоарот.

ЧИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ НА ЛЕДОМАТ

Се препорачува пред користење темелно да го исчистите ледоматот.

  1. Извадете ја кошницата за мраз.
  2. Внатрешноста исчистете ја со разреден детергент, топла вода и мека крпа.
  3. Потоа со вода исплакнете ги внатрешните делови и испуштете ја водата со отстранување на поклопецот од одводот на предната долна страна од уредот.
  4. Надворешноста на ледоматот треба редовно да ја чистите со благ детергент и топла вода.
  5. Внатрешниот и надворешниот дел исушете го со мека крпа.
  6. Доколку немате намера да го користите ледоматот подолго време, во целост испуштете ја водата и оставете ја внатрешноста на уредот да се исуши.

ОТСТРАНУВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИ

ПРОБЛЕМ МОЖНА ПРИЧИНА РЕШЕНИЕ
Свети индикаторот за додвање на вода.Недостаток на вода.Исклучете го уредот, ставете вода и повторно включете го уредот со притискање на копчето “Power”.
Свети индикаторот дека уредот е полн со лед.Кошницата за лед е полна со коцки.Отстранете го ледот од садот за лед. Со континуирано притискање на копчето “Select” на 5 секунди уредот може да направи 10 циклуси дури и кога индикаторот е
Коцките за лед меѓусебно се лепат.Циклусот за создавање на лед е премногу долг.Исклучете го ледоматот и повторно включете го кога коцките за лед їе се стопат. Одберете поголема големина на коцки.
Температурата на вода во внатрешнисот спремник е премногу ниска.Заменете ја водата. Температурата на водата мора да биде во опсег од 8°C-32°C
Циклус создавање на лед е нормален но кцките не се создаваат.Амбиенталната температура или температурата на водата во спремникот е премногу висока.Собната температура треба да биде во опсег од 10-43°C, а температурата на водата во опсегн 8-32°C.
Истекува средство за ладење.Однесете го уредот на проверка во сервис.
Цевката во системот за ладење е блокирана.Однесете го уредот на проверка во сервис.

Пријателски однос кон околината

Vivax IM-122T - Пријателски однос кон околината - 1

Производите означени со овој симбол означуваат дека производот спаѓа во групата на електрична и електронска опрема (ЕЕ производи) и не смее да се одложува заедно со домаќинскиот отпад. Заради тоа, овој производ треба да се одложи на означено собирно место за собирање на електрична и електронска опрема. Со правилно одложување на овој производ ќе спречите можни негативни последици на околината и човековото здравје, кое инаку би можело да биде загрозено заради несоодветно одложување на потрошен производ. Со рециклираниот материјал од овој производ ќе помогнете во чување на здравата околина и природните ресурси.

За детални информации за собирање на ЕЕ производи обратете се во продавницата каде што сте го купиле овој производ.

ЕУ изјава за сообразност

Овој уред е произведен согласно со важечките европски норми и е во согласност со важечките директиви и регулативи.

ЕУ изјавата за сообразност можете да ја преземете од следниов линк: www.msan.hr/dokumentacijaartiklala

Vivax IM-122T - ЕУ изјава за сообразност - 1

Изјава за усогласеност

За издавање на ЕУ изјавата за усогласеност одговорен е исклучиво производителот.

Предмет на изјавата:

Производ: ЛЕДОМАТ

Назив на бренд: VIVAX

Модел: IM-122T, IM-123B

Предметот на наведената изјава е во согласност со соодветната законска регулатива на Унијата за усогласување:

  1. EMC Директива 2014/30/ЕУ
  2. LVD Директива 2014/35/ЕУ
  3. ErP Директива 2009/125/EC
  4. RoHS Директива 2011/65/EU

Референца на применетите ускладени норми или референци на техничката спецификација во врска со која се изјавува усогласеност:

EN 55014-1:2017+A11:2020

EN 55014-2:2015

EN IEC 61000-3-2:2019

EN 61000-3-3:2013+A1:2019

EN 60335-1:2012+AC:2014+A11:2014+A13:2017+A1:2019+A14:2019+A2:2019

EN 60335-2-24:2010+A1:2019+A2:2019+A11:2020

EN 62233:2008+AC:2008

EN 50564:2011

IEC 62321-1:2013

IEC 62321-2:2013

IEC 62321-3-1:2013

IEC 62321-4:2013+AMD1:2017

IEC 62321-5:2013

IEC 62321-6:2015

IEC 62321-7-1:2015

IEC 62321-7-2:2017

IEC 62321-8:2017

Скопје, 26.4.2023

Фах 829, 1000 Скопје, Р. Северна Македонија

ЕДБ: МК4030992148501, НЛБ Банка АД с-ка 210-0453086101-55

Ви благодариме што купивте уред на VIVAX и се надеваме дека сте задоволни со изборот. Доколку во текот на гарантниот рок се јави потреба од поправка на производот, побарајте совет од продавачот кој ви го продал производот или контактирајте со нас на долунаведените броеви и адреси. ВЕ МОЛИМЕ ПРЕД УПОТРЕБА НА ПРОИЗВОДОТ ВНИМАТЕЛНО ДА ГИ ПРОЧИТАТЕ УПАТСТВАТА ПРИЛОЖЕНИ КОН ПРОИЗВОДОТ!

  1. Со оваа гаранција производителот на производот, преку ПАКОМ КОМПАНИ д.о.о.е.л како увозник и извршител на гаранцијата во Република Македонија, гарантира бесплатна поправка согласно важечките прописи и условите наведени во овој гарантен лист. Со оваа гаранција Ви гарантираме дека предметот на гаранцијата ќе работи без грешки предизвикани од можно лоша изработка и употреба на лош материјал за изработка. Сите вакви дефекти ќе бидат бесплатно поправени во овластениот сервис во гарантниот рок.

ГАРАНТНИ УСЛОВИ:

  1. Гарантниот рок започнува да тече од денот на купувањето на производот и трае 12 месеци.
  2. Во случај на појава на дефект кај производот кој е предмет на оваа гаранција се обврзуваме дека ќе го поправиме во најкраток можен рок, а најдоцна во рок од 30 работни дена. Ако производот не може да се поправи или не биде поправен во рок од 30 работни дена ќе биде заменет со нов. Ако поправката на производот трае подолго од 10 дена, гаранцијата се продолжува за времетраење од 30 дена од денот на поправката.
  3. Гаранцијата се признава само со приложување сметка за купување и со овој гарантен лист кој мора да биде исправно пополнет од продавачот, односно мора да содржи датум на продажба, печат и потпис на продавачот.
  4. Извршителот на гаранцијата обезбедува сервис и резервни делови 7 години од датумот на купување. ГАРАНЦИЈАТА НЕ ОПФАЌА:
  5. Редовни проверки, одржување и замена на потрошни материјали. Прилагодувања или промени за подобрување на производот за намени кои не се опишани во техничките упатства за употреба, освен ако за тие промени не се согласил увозникот ПАКОМ КОМПАНИ Д.О.О.Е.Л.

ГАРАНЦИЈАТА НЕ СЕ ПРИЗНАВА ВО СЛЕДНИВЕ СЛУЧАИ:

  • Ако купувачот не приложи исправен гарантен лист и сметка.
  • Ако купувачот не се придржувал до упатствата за употреба на производот.
  • Ако производот бил отворан, преправан или поправан од неовластени лица.
  • Ако дефектите кај производот биле предизвикани од виши сили, како удар од гром, струен удар во електричната мрежа, елементарни непогоди и сл.
  • Ако дефектите настанале поради непрописна употреба или неправилен транспорт.
  • Ако дефектот настанал поради грешка на системот кон кој бил приклучен производот.

Оваа гаранција не ги менува законските права кои што важат во Република Македонија во однос на правата што ги пропишува производот. Изјава: Потрошувачот ги има законските права кои произлегуваат од националното законодавство кое ја регулира продажбата на производите и дека овие права не се загрозени со гаранцијата.

Централен сервис:

ПАКОМ Сервис, ул. Вангел Нечевски бр. 43, 1000 Скопје

Тел.: 02/3202 842, 02/3202 841, 02/3202 840

Факс: 02 3202 892 www.pakom.com.mk, www.vivax.com

Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : Vivax

Модел : IM-122T

Категорија : Машина за мраз