BN1000W - Миксер GORENJE - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот BN1000W GORENJE во PDF формат.
| Тип на производ | Блендер |
| Бренд | Gorenje |
| Модел | BN1000W |
| Потрошувачка на енергија | 1000 W |
| Капацитет | 1.5 L |
| Поставки за брзина | Променливи со пулс функција |
| Материјал на сечивото | Нерѓосувачки челик |
| Материјал на садот | Пластика (Tritan) |
| Безбедносни карактеристики | Безбедносна брава, заштита од преоптоварување |
| Делови безбедни за миење во машина за садови | Да (сад, капак, сечива) |
| Должина на кабел | 1 m |
| Тежина | 2.5 kg |
| Димензии (В x Ш x Д) | 400 x 200 x 180 mm |
| Напон | 220-240 V |
| Фреквенција | 50/60 Hz |
| Боја | Бела |
| Вклучени додатоци | Корисничко упатство |
| Гаранција | 2 години |
Често поставувани прашања - BN1000W GORENJE
Прашања на корисниците за BN1000W GORENJE
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Миксер во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник BN1000W - GORENJE и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. BN1000W на марката GORENJE.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК BN1000W GORENJE
- Голем сад
- Сечило „NutriBlade“
- Мотор
- Контролна табла
- Гумени ногарки
- Мал сад
- Сечило за суво мелење
- Затворач на капакот
- Капак со отвор за пиење
- Капак за чување на пијалакот
Важно:
Пред првпат да го употребите апаратот, внимателно прочитајте го ова упатство за употреба и сочувајте го за во иднина.
Опасност
Не потопувајте го моторот во вода или во друга течност и не плакнете го под чешма.
Предупредување
Пред да го приклучите апаратот на струја, проверете дали напонот назначен на дното од истиот
одговара на напонот во електричната инсталација во вашиот дом. Не користете го апаратот доколку струјниот кабел или некоја друга компонента се оштетени. Доколку струјниот кабел е оштетен, истиот може да го замени единствено Горење, овластен сервис или центар за поправки на Горење или соодветно обучен професионалец.
Апаратот не треба да го користат деца или лица со намалени физички или психички способности или лица кои немаат искуство или знаење, освен доколку се под надзор или ги советуваат лица одговорни за нивната безбедност. Не дозволувајте им на деца да си играат со апаратот.
Не оставајте го апаратот да работи без надзор. Никогаш не мешајте газирани пијалаци во апаратот. Притисокот во садот може да го оштети и да доведе до сериозни повреди. Не мешајте и не преработувајте врели течности во апаратот. Доколку забележите знаци на оштетување на апаратот, престанете со употребата и контактирајте го најблискиот овластен сервис и центар за поправки на Горење. Не ставајте ги рацете или помошните делови во близина на сечилата.
Не чистете го апаратот со вода потопла од 80 °C.
Внимание: Апаратот е наменет исклучиво за лична употреба во домаќинството.
Не користете помошни или резервни делови од други производители, освен доколку не се изречно препорачани од страна на Горење. Во случај на користење такви помошни или резервни делови, гаранцијата не важи. Пред да го вклучите апаратот, проверете дали сите компоненти се правилно наместени. Моторот мора да биде сув во текот на работењето на апаратот. Кога во садот има вода, апаратот не треба да се користи подолго од една минута. Кога мелете суви состојки, максималното време на работа е 30 секунди. Доколку моторот престане да работи, исклучете го апаратот од струја и оставете го да се олади пред повторно да го вклучите (најмалку еден час). Апаратот не е наменет за употреба на отворено.
Внимание: некои семки и коски може да испуштаат цијанид кога ќе се внесат во организмот. Пред употреба, секогаш отстранувајте ги коските и семките од јаболката, сливите, праските, црешите и кајсиите!
Овој апарат е означен во согласност со Европската директива 2012/19/EC за Отпад од електрична и електронска опрема — WEEE. Во Директивата се наведени обврските за собирање и управување со отпад од електрична и електронска опрема кои се на сила во целата Европска Унија.
Подготовка за употреба на апаратот:
- Отстранете ја амбалажата.
- Исчистете го апаратот како што е објаснето во делот „Чистење“.
Употреба на апаратот:
Пред да почнете да правите сок, темелно измијте ги сите состојки. Исечкајте ги состојките на поситни парчиња.
Отстранете ги сите цврсти семки или коски.
NutriMix:
Додајте ги состојките и течноста по ваш избор во големиот (1) или во малиот (6) сад, така што ќе ги наполните до ознаката MAX. Прикачете го сечилото „NutriBlade“ (2) така што ќе го навртите на садот. Проверете дали сечилото е цврсто прикачено/навртено.

Ставете ги состојките во малиот сад (6). Тежината на состојките за суво мелење не треба да надмине 120 g.
Прикачете го сечилото за суво мелење (7) така што ќе го навртите на садот. Проверете
дали сечилото е цврсто прикачено/навртено.

Ставете го садот со сечилото на моторот. На самиот дел во кој е моторот има сигурносен прекинувач. Доколку садот не е правилно наместен на моторот, апаратот нема да работи.
Приклучете го апаратот на струја.

Притиснете го копчето ВКЛУЧИ/ИСКЛУЧИ (ON/OFF). Белата сијаличка над прекинувачот почнува да трепка. Апаратот е подготвен за употреба.
Кога ќе го притиснете копчето МАЛА/ГОЛЕМА (LOW/HIGH), сијаличката над прекинувачот се пали и апаратот почнува да работи со мала брзина. Притиснете го копчето МАЛА/ГОЛЕМА, за да ја зголемите брзината на ротација.
Исклучете ја ротацијата со притискање на копчето ВКЛУЧИ/ИСКЛУЧИ.
Кога ќе го притиснете копчето ПУЛС (PULSE), сијаличката над прекинувачот се пали и апаратот почнува да работи со голема брзина околу 2 секунди.
Кога мешате состојки со течност, максималното време на непрекинато работење е 1 минута. По една минута, исклучете го апаратот и почекајте 1 минута да се олади. Такви едноминутни циклуси може да се повторуваат три пати по ред. Потоа, почекајте околу 3 минути апаратот да се олади.
Во случај на суво мелење (без додавање течност), максималното време на непрекинато работење е 30 секунди. По триесет секунди, исклучете го апаратот и почекајте 5 минути, за апаратот да се олади.
По употребата, исклучете го апаратот и извлечете го струјниот кабел од штекерот.
Со апаратот ракувајте исклучиво со суви раце.
Совети:
Доколку во садот има премногу состојки, а не сте додале доволно течност, смесата може да биде премногу густа. Во таков случај, состојките на врвот на садот не можат да потонат до сечилата на дното. Извадете го садот со прицврстеното сечило од моторот и протресете го темелно. Потоа, вратете го садот со сечилото на моторот.
Чистење:
Не чистете го апаратот со сунѓери со жици, со каустични или корозивни средства за чистење или со агресивни течности, како алкохол, бензин или ацетон.
Апаратот полесно се чисти веднаш по употребата.
Расклопете го апаратот следејќи ги чекорите за склопување во обратен редослед.
Не потопувајте го делот со моторот во вода и не плакнете го под чешма. Кога го чистите, користете само влажна крпа.
Сечилата не смеат да се мијат во машина за садови. За нивно чистење, користете топла вода и прашок. Не отстранувајте ги дихтунзите кога го чистите апаратот. Тоа може да доведе до оштетување и истекување на течности од одредени места.
Садовите може да се мијат во горната корпа на машината за садови, на пониски температури (пониски од 80 °C).
Не чистете го апаратот со метални средства за чистење, зашто тие може да го оштетат.
Животна средина:
По истекот на корисниот век на апаратот, не фрлајте го заедно со обичниот отпад од домаќинството. Однесете го во овластен центар за рециклирање. Со тоа ќе помогнете во зачувувањето на животната средина.
Гаранција и сервис:
За повеќе информации или во случај на проблеми, ве молиме посетете ја веб страната на Горење на www.gorenje.com или контактирајте го овластениот сервис на Горење во вашата земја (телефонските броеви се наведени на Меѓународната гаранција). Доколку во вашата земја не постои таков центар, ве молиме контактирајте го локалниот дистрибутер на Горење или Службата за мали и иновативни апарати за домаќинство на Горење.
Го задржуваме правото на измени.