FTG80SM - Котел GORENJE - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот FTG80SM GORENJE во PDF формат.
| Тип на производ | Електричен бојлер (резервоар за топла вода) |
| Модел | FTG80SM |
| Бренд | Gorenje |
| Капацитет | 80 литри |
| Димензии (В × Ш × Д) | Прибл. 860 × 450 × 470 mm |
| Тежина (празен) | Прибл. 28 kg |
| Напојување | 220–240 V ~ 50 Hz |
| Номинална моќност | 2.0 kW (или 1.5/2.0 двоен режим) |
| Максимална температура | 75°C |
| Тип на инсталација | Монтиран на ѕид, вертикално или хоризонтално |
| Материјал на внатрешниот резервоар | Емајлиран челик со магнезиумска анода |
| Класа на енергетска ефикасност | C (или B во зависност од моделот) |
| Безбедносни карактеристики | Термостат, вентил за ослободување притисок, термичка безбедносна исклучување, IPX4 заштита од прскање |
| Греен елемент | Обвиен нерѓосувачки челик, два елементи (ако е двоен) |
| Тип на контрола | Термостат со копче и индикаторско светло |
| Одржување | Годишна проверка на анодата, отстранување на варовник по потреба |
| Водна врска | G 1/2" или G 3/4" влез/излез |
| Гаранција | 2 години (гаранцијата на резервоарот може да варира) |
| Усогласеност | CE, ErP директива |
Често поставувани прашања - FTG80SM GORENJE
Прашања на корисниците за FTG80SM GORENJE
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Котел во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник FTG80SM - GORENJE и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. FTG80SM на марката GORENJE.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК FTG80SM GORENJE
Апаратот може да го користат деца на возраст од 8 години и постари, како и лица со намалени физички, сетилни или ментални способности или со недостаток на искуство и знаење, доколку се под надзор или се поучени за безбедна употреба на апаратот и ги разбираат можните опасности.

Децата не смеат да си играат со апаратот.

Чистењето и одржувањето на апаратот не смеат да го вршат деца без надзор.

Вградувањето мора да биде изведено во согласност со важечките прописи и упатствата на производителот. Мора да го изврши стручно оспособено лице.

Кај затворен систем под притисок, на доводната цевка за вода на бојлерот при приклучувањето задолжително треба да се вгради сигурносен вентил со номинален притисок од 0,6 MPa (6 бари), 0,9 MPa (9 бари) или 1,0 MPa (10 бари) (видете ја ознаката на таблицата со идентификациони податоци), кој спречува зголемување на притисокот во котелот за повеќе од 0,1 MPa (1 бар) над номиналниот.

Од одводниот отвор на сигурносниот вентил може да капе вода. Затоа, одводниот отвор мора да биде отворен кон атмосферата.

Испустот на сигурносниот вентил мора да биде насочен надолу и на место каде што нема да замрзнува.

За правилно функционирање на сигурносниот вентил, потребно е периодично да се проверува, да се отстранува каменецот и да се провери дали вентилот не е блокиран.

Помеѓу бојлерот и сигурносниот вентил не е дозволено да се вградува затворачки вентил, бидејќи тоа ја оневозможува безбедноста на бојлерот под притисок!

Пред приклучување на електричната мрежа, бојлерот најпрво треба да се наполни со вода!

Бојлерот е заштитен во случај на откажување на работниот термостат со дополнителна термичка заштита. Во случај на откажување на термостатот, во согласност со безбедносните стандарди, водата во бојлерот може да достигне температура до 130 °C. При изведување на водоводните инсталации, задолжително треба да се земе предвид дека е можно да дојде до наведените температурни преоптоварувања.

Ако сакате да го исклучите бојлерот од електричната мрежа, мора да ја испуштите водата од него поради опасност од замрзнување.

Водата од бојлерот, кој е правилно прицврстен на ѕид, се празни преку доводната цевка. За таа намена се препорачува да се вгради посебен Т-спој со испустен вентил помеѓу сигурносниот вентил и доводната цевка. Празнењето на бојлерот, кој е хоризонтално прицврстен на ѕид, може да го врши само овластена сервисна служба.

Ве молиме да не ги поправате сами евентуалните оштетувања на бојлерот, туку за тоа да го известите најблискиот овластен сервис.
Почитуван купувачу, ви благодариме за довербата што ни ја укажавте со купувањето на нашиот производ!
ПРЕД ВГРАДУВАЊЕТО И ПРВАТА УПОТРЕБА НА ГРЕАЛКАТА ЗА ВОДА, ВНИМАТЕЛНО ПРОЧИТАЈТЕ ГИ НАШИТЕ УПАТСТВА.
Греалката е изработена согласно важечките стандарди и уредно испробана и за неа се издадени сертификат за безбедност и сертификат за електромагнетна компатибилност. Нејзините основни технички карактеристики се наведени на идентификациската таблица, залепена на дното на греалката за вода во близина на приклучната цевка. Приклучувањето на бојлерот на електричната или водоводната мрежа може да го изврши само оспособено стручно лице. Интервенирањето во неговата внатрешност поради поправки, отстранување бигор или поради проверка или замена на антикорозивната заштитна анода, може да го врши само овластена сервисна служба.
ВГРАДУВАЊЕ
Вградете ја греалката што поблиску до изливното место. Доколку греалката ја вградите во просторот каде што се наоѓа кадата за бањање или туширање, треба задолжително да се почитуваат барањата на стандардот IEC 60364-7-701 (VDE 0100, Teil 701). Прицврстете ја на ѕидот со ѕидни завртки со номинална дебелина од најмалку 8 mm. Ѕидовите и таваните со мала носивост треба соодветно да ги зајакнете на местото каде што ќе ја прикачите греалката. Греалката FTG 30 E5 смеете да ја прицврстите на ѕидот само исправено, меѓутоа, како и останатите греалки, може да се прицврсти исправено на ѕидот или хоризонтално на ѕидот со задолжително завртени приклучни цевки на лево. Заради евентуални подоцнежни сервисни зафати, Ви препорачуваме да ја вградите греалката согласно монтажните мерки (види сл. 1 и сл. 2).

Сл. 1: Исправено поставување на ѕид (важи за FTG 30 E5, FTG 50 E5, FTG 80 E5, FTG 100 E5)
*G3/4 - само при изведба на 1,0 MPa
Сл. 2: Хоризонтално поставување на ѕид (важи за FTG 50 E5, FTG 80 E5, FTG 100 E5)
| A B C D | |||
| FTG 30 E5 635 | 515 150 250 | ||
| FTG 50 E5 920 | 765 185 500 | ||
| FTG 80 E5 1350 | 1195 185 930 | ||
| FTG 100 E5 1635 | 1365 300 1100 |
Приклучни и монтажни димензии на греалката [мм]
ПРИКЛУЧУВАЊЕ НА ВОДОВОДНА МРЕЖА
Доведувањето и одведувањето на водата се означени со боја. Доведувањето на ладната вода е означено со сина боја, а одведувањето на топлата вода со црвена боја.
Бојлерот можете да го приклучите на водоводната мрежа на два начина. Затворениот систем на приклучување (под притисок) ви овозможува одземање вода на повеќе места. Отворениот систем што не е под притисок овозможува одведување на водата само од едно одводно место. Со оглед на одбраниот систем на приклучување треба да вградите соодветна батерија за мешање.
За приклучување на затворен систем под притисок (сл. 3), на потрошувачкото место треба да се употребат батерии за мешање на водата под притисок. На доводната цевка, заради овозможување безбедност при работата на греалката за вода (бојлерот), треба да се вгради сигурносен вентил или сигурносна група, кои спречуваат зголемување на притисокот во котелот за повеќе од 0,1 MPa (1 бар) над номиналниот. Одводниот отвор на безбедносниот вентил треба задолжително да има излез за атмосферскиот притисок. Поради зголемувањето на водата при греењето, во котелот се зголемува притисокот до границата што ја дозволува сигурносниот вентил. Бидејќи враќањето на водата назад во водоводната мрежа е спречено, може да дојде до појава на капење вода од одводниот отвор на сигурносниот вентил. Капките вода можете да ги спроведете во одводот со помош на посебна инка која ќе ја наместите под сигурносниот вентил. Одводната цевка наместена под испустот на сигурносниот вентил мора да биде наместена во насока право надолу и во местото каде што не замрзнува.
Доколку сакате да избегнете капење на водата од сигурносниот вентил, на доводната цевка на греалката за вода (бојлерот) мора да се вгради експанзионен сад со волумен од најмалку 5% од волуменот на греалката за вода (бојлерот).
За правилна работа на сигурносниот вентил треба да се вршат повремени контроли за да се отстрани бигорот и да се провери дека не е блокиран сигурносниот вентил.
При проверката треба со поместување на рачката или со одвртување на бурмата на вентилот (зависно од видот на вентилот) да го отворите истекувањето од повратниот безбедносен вентил. При тоа, низ млазницата на вентилот за истекување треба да протече вода, што е знак дека вентилот е беспрекорен.
Во случај на отворен систем под притисок (сл. 4), на доводот на вода во греалката за вода (бојлерот) треба да се вгради неповратен вентил кој спречува истекување вода од котелот кога во мрежата ќе снема вода. Кај тој систем за приклучување е доволно да се вгради и проточна мешална батерија. Поради зголемувањето на водата при греењето се зголемува волуменот, што предизвикува појава на капење вода на одливната цевка на мешалната батерија. Силното затегнување на вентилот на мешалната батерија нема да ја спречи појавата на капење вода, но може да предизвика расипување на мешалната батерија.
![graph LR A["1234ab567"] --> B["T"] B --> C["Valve"] C --> D["Pressure Gauge"] D --> E["Directional Control Valve"] E --> F["Return Line"] F --> G["H"] style A fill:#f9f,stroke:#333 style G fill:#ccf,stroke:#333](/content/2026/06/1288021/images/cffd8d8769783369c17587d659242def02224df556940a30a54cc301f8a2400a.jpg)
Сл. 3: Затворен систем (со притисок)
![graph TD A["Container Tank"] --> B["T"] A --> C["H"] B --> D["Valve 9"] C --> E["Valve 8"] D --> F["Control Point"] E --> G["Control Point"] F --> H["Return Line"] G --> I["Return Line"]](/content/2026/06/1288021/images/fcec94ab30c80c8234af0cfa7b1830938ab3ca5501f405b0048f618dfc3426fb.jpg)
1 Батерија за мешање 2 Експанзионен сад 3 Сигурносен вентил a - Пробен вентил b - Неповратен вентил 4 - Одливник со приклучок на одвод 5 - Пробна наставка 6 - Редукциски вентил за притисок 7 - Затворен вентил 8 - Неповратен вентил 9 - Проточна батерија за мешање Н Ладна вода Т Топла вода

Помеѓу греалката за вода (бојлерот) и сигурносниот вентил не е дозволено да се вградува вентил за затворање затоа што со тоа се оневозможува заштита од притисок на греалката за вода (бојлерот)!
Греалката можете да ја приклучите на куќната водоводна мрежа без редукциски вентил доколку притисокот во мрежата е понизок од номиналниот притисок. Ако притисокот во мрежата го надминува номиналниот притисок, треба задолжително да се вгради редукциски вентил.

Пред да се приклучи на електричната мрежа, греалката за вода (бојлерот) задолжително треба претходно да се наполни со вода!
Кај првото полнење отворете ја рачката за топла вода на батеријата за мешање. Греалката е наполнета кога водата протечува низ изливната цевка на мешалната батерија.
ПРИКЛУЧУВАЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА МРЕЖА

Пред приклучувањето во електричната мрежа, во грејачот треба да се вгради врвка за приклучување, со минимален пречник од 1,5 мм² (H05VV-F 3G 1,5 мм²), а за тоа мора да го отстраните заштитниот капак.
Во електричната инсталација мора да биде вградена подготовка за разделување на сите полови во согласност со националните закони за инсталација.
Сл. 5: Отстранување на заштитниот капак
Слика 6: Шема на електрично поврзување
ЛЕГЕНДА
1 Приклучна спојка 2a Топлински осигурувач 2b Топлински осигурувач 3 Електронски регулатор 4a Грејач (1000 W или 1600 W) 4b Грејач (1000 W) 5 Температурен сензор 6 Температурен сензор
L Фазен спроводник N Неутрален спроводник ÷ Заштитен спроводник

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: пред секое навлегување во нејзината внатрешност треба греалката задолжително да ја исклучите од електричната мрежа. Работите може да ги изведува само оспособено стручно лице!
УПОТРЕБА НА ГРЕАЛКАТА ЗА ВОДА (БОЛЕР)
По приклучувањето на водоводната и електричната мрежа, греалката за вода (бојлерот) е подготвена за употреба. Со вклучувањето на струјниот напон, греалката за вода (бојлерот) преминува во состојба на подготвеност. Во состојбата на подготвеност, греалката за вода (бојлерот) ја одржува температурата на водата на 10°C.

ЛЕГЕНДА
1 - Приказ на зададената/стварната температура на водата во бојлерот, индикација за грешки 2 - копче за вклучување/исклучување, подесување на температурата 3 - индикација за работата на функциите "SMART" 4 - копче за вклучување/исклучување на функциите "SMART"
Сл. 7: Управувачка табла
Бојлерот е опремен со регулатор "EcoSmart", кој овозможува регулирање на температурата на водата, приказ на температурата на водата, дијагностика на грешки и паметна работа, со која ја намалувате потрошувачката на електрична енергија.
Вклучување / исклучување на бојлерот
Бојлерот се вклучува со продолжено притискање (3 s) на копчето 2.
Со повторно продолжено притискање (3 s) на копчето ② бојлерот преминува во состојба на подготвеност.
Работење на бојлерот – рачно регулирање
Температурата се поставува со притискање на копчето ② на саканото температурно ниво (пред поставената температура е 57 °C):
* - Заштита против замрзнување, температурата е приближно 10 °C. - Температура на водата приближно 35 °C. eco - Температура на водата приближно 57 °C. - Температура на водата приближно 75 °C.
Кога ќе го достигнете максималното ниво "###", со повторно притискање на копчето ② се враќате на почеток "*". Препорачуваме поставување на положба "Eco". Таквото поставување е најоптимално; кај него температурата на водата ќе биде приближно 57 °C, создавањето бигор и топлотни загуби ќе бидат помали отколку при поставување на повисока температура.
Температурата на водата во бојлерот ја покажува покажувачот 1.
Ако немате намера да ја употребувате бојлерот подолго време, погрижете се да не замрзне неговата содржина така што температурата ќе ја поставите на положба "*". При такво поставување, бојлерот ќе ја одржува температурата на водата приближно на 10°С.
Работење на бојлерот на начинот "EcoSmart"
Тој начин на работење е соодветен, пред сè, тогаш кога имате честа постојана потреба за употреба на топла вода (пример туширање секој ден приближно во исто време). За работењето на бојлерот во режимот "EcoSmart" мора да направите снимање. Во времето на снимањето, електронскиот регулатор ги запомнува вашите потреби, кои ги почитува при загревањето на водата по завршеното снимање. Снимањето трае 7 дена. Работењето во режимот "EcoSmart" ја намалува употребата на електричната енергија.
- Со притискање на копчето 4 го започнувате меморирањето на вашите навики. Во тек на меморирањето светка зелената контролна светилка 3. Кога меморирањето по 7 дена ќе заврши, снимениот режим почнува автоматски да се изведува. За време на делувањето на грејачот во режимот "EcoSmart" светка зелената контролна светилка 3.
- Со повторно притискање на копчето 4 го исклучувате снимањето или работењето на функцијата "EcoSmart". Греалката за вода се враќа во основниот режим на работење. Водата се загрева според поставената температура.
- Повторно вклучување на функцијата "EcoSmart" е можно со притискање на копчето 4. Доколку режимот на делување е веќе мемориран (меморирањето не било прекинато), тој почнува да се изведува. Светка зелената контролна светилка 3. Доколку меморирањето било прекинато, почнува ново 7-дневно меморирање. Светка зелената контролна светилка 3.
- Доколку во електронскиот регулатор има запаметен режим за работење и се јави потреба за промена на употребата на топла вода, треба да се изврши ново снимање. Направете го со продолжено притискање на копчето ④. Снимањето ќе трае следните 7 дена.
Доколку водата во грејачот во рок од 14 дена не достигне 65 °C, се вклучува функцијата антилегионела и водата во греалката ја загрева на 70 °C и ја одржува 120 минути.
Индикација на грешки
Во случај на грешки на покажувачот ① ќе започнат да трепкаат контролните светилки.
| Грешка Опис на грешката Сигнализација Решавање | |||
| E1 | • Грешка на температурниот мерач | • Повторувачки 2х брзо трепкање на контролната светилка на покажувачот 1 . | • Повикајте сервис (грејачот не работи). |
| E5 | • Прегревање(температура > 90 °C) | • Повторувачки 3х брзо трепкање на контролната светилка на покажувачот 1 . | • Грешката автоматски ће се избрише кога ће падне температурата под поставената вредност.• Ако грешката се повторува, јавете се во сервис. |
| E44 • Суво вклучување | • Повторувачки 4х брзо трепкање на контролната светилка на покажувачот 1 . | • Греалка за вод наполнете ја со вода.• Грешката ће се избрише со исклучување на греалката односно со притискање на копчето 2 во период од 3 сек. | |
Празнење на греалката за вода
Ако сакате да ја исклучите греалката за вода (бојлерот) од електричната мрежа, мора да ја испуштите водата од бојлерот поради опасност од замрзнување. Водата од греалката, која е исправено прицврстена на сидот, се празни преку доводната цевка на греалката. За таа намена се препорачува да се вгради посебен Т-член со испустен вентил помеѓу безбедносниот вентил и доводната цевка. Пред празнење, греалката треба да се исклучи од електричната мрежа и да се отвори рачката за топла вода на приклучената батерија за мешање и да истече топлата вода. Откако ќе се излади водата во греалката, се затвора вентилот за довод на ладна вода и се одвртува свитливата цевка на одводот за топла вода на греалката. Сега греалката може да се испразни преку испусниот вентил на доводната цевка. По испразнувањето на водата низ доводната цевка, во греалката за вода (бојлерот) останува мала количина на вода. При повторното полнење на греалката за вода (бојлерот) со вода, препорачуваме да ја отворите рачката за топла вода на мешалната батерија и да пуштите водата да тече најмалку 2 минути низ одводната цевка на мешалната батерија (млазот нека биде рамномерен, средна јачина, дебелина на пенкало).

Празнењето на греалката, која е хоризонтално прицврстена на сидот, може да го врши само овластена сервисна служба.
Надворешноста на греалката за вода (бојлерот) чистете ја со мека крпа и разредени средства за чистење наменети за чистење мазни лакирани површини. Не употребувајте средства за чистење кои содржат алкохоли или абразивни средства.
Со редовни сервисни прегледи ќе овозможите исправно работење и долг век на употреба на греалката за вода (бојлерот). Гаранцијата за корозијата на котелот важи ако сте ги извршиле пропишаните редовни прегледи за истрошеност на заштитните аноди. Периодот помеѓу поединечните редовни прегледи не смее да биде подолг од наведеното во гарантната изјава. Прегледите мора да ги изведуваат овластени сервисери кои ќе ви го евидентираат прегледот во гарантниот лист за производот. Со прегледот се прегледува истрошеноста на антикорозивната заштитна анода и по потреба се чисти бигорот што се набира во внатрешноста на бојлерот, во зависност од квалитетот, количината и температурата на потрошената вода.

Не поправајте ги сами евентуалните дефекти на греалката за вода (бојлерот), туку за нив известете ја најблиската сервисна служба.

Нашите производи се опремени со компоненти кои што не се штетни за животната средина и здравјето и се изработени со можност што поедноставно да се расклопат и рециклираат во последната фаза од нивниот работен циклус.
Со рециклирањето на материјалите ја намалуваме количината на отпад и ја намалуваме потребата од производство на основни материјали (на пример метали), што бара огромна енергија и предизвикува испуштање штетни материи. Со постапките на рециклажа ја намалуваме потрошувачката на природни ресурси, бидејќи на тој начин можеме повторно да ги вратиме отпадните делови од пластика и метали во различни производни процеси.
За повеќе информации во врска со системот за фрлање отпадоци посетете го својот центар за исфрлање на отпадоците или трговецот каде што бил купен производот.
| Тип | FTG30 E5 | FTG50 E5 | FTG80 E5 | FTG100 E5 | |
| Определен профил на оптоварување S M M L | |||||
| Класа на енергетска ефикасност 1) | В В В С | ||||
| Енергетска ефикасност при загревање на вода (ŋwh) 1) | [%] 36,2 40 39,5 39,8 | ||||
| Годишна употреба на електрична енергија 1) | [kWh] 509 1270 1299 2572 | ||||
| Дневна употреба на електрична енергија 2) | [kWh] 3,110 7,366 7,451 13,420 | ||||
| Поставена температура на термостатот ECO | |||||
| Вредност "smart" 3) | 1 1 1 | 1 | |||
| Дневна употреба на електрична енергија со паметно управување | [kWh] | 13,390 | 24,728 | 25,385 | 50,140 |
| Дневна употреба на електрична енергија без паметно управување | [kWh] | 17,490 | 31,584 | 32,386 | 57,385 |
| Зафатнина | [l] | 28,3 48,7 77,9 98,1 | |||
| Кол. на мешана вода при 40 °C V40 2) | [l] | 73 | 123 | 149 | |
| Номинален притисок | [MPa (bar)] | 0,6 (6) / 0,9 (9) / 1,0 (10) | |||
| Тежина/наполнето вода | [kg] | 22/52 | 31/81 | 48/128 | 58/158 |
| Антикорозивна заштита на котелот емајлирано / Mg анода | • / • | • / • | • / • | • / • | |
| Заштита против прегравање | • • • • | ||||
| Заштита против вклучување на суво | • • • • | ||||
| Јакост на електричната греалка | [W] | 2000 | 2600 | ||
| Број и моќност на грејачите | [W] | 2 x 1000 | 1 x 1600, 1 x 1000 | ||
| Приклучен напон | [V~] | 230 | |||
| Заштитна класа | I | ||||
| Степен на заштита | IP24 | ||||
| Време за загревање од 10°C до 65°C | [h] | 112 | 202 | 233 | 312 |
| Димензии на амбалажата | [mm] | 350 x 560 x 715 | 350 x 560 x 1000 | 350 x 560 x 1430 | 350 x 560 x 1715 |
Податоците во табелата важат за исправно поставена греалка за вода (бојлер) на сид. 1) Уредба на комисија EU 812/2013; EN 50440 2) EN 50440 3) Податоците за енергетска ефикасност важат само со вклучена паметна направа за управување.
Упатствата за употреба може да ги најдете и на нашата веб-локација: http://www.gorenje.com.