DF6316BXSC - извлекувач GORENJE - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот DF6316BXSC GORENJE во PDF формат.
| Тип на производ | Кујнска хауба за одведување или рециклирање |
| Бренд | Gorenje |
| Модел | DF6316BXSC |
| Широчина | 60 cm |
| Висина | 68 - 113 cm (телескопски) |
| Длабочина | околу 50 cm |
| Нето тежина | 12 kg |
| Електрично напојување | 220-240 V ~ 50 Hz |
| Максимална извлечна моќност | 650 m³/h |
| Ниво на бучава (макс) | 65 dB(A) |
| Брзини | 3 брзини + интензивно |
| Тип на контрола | Електронска на допир |
| Осветлување | LED, 2 x 3 W |
| Тип на филтер | Метална филтер за маснотии за миење |
| Кен филтер (опционално) | Компатибилен модел, да се заменува на 3-6 месеци |
| Дијаметар на излезот на воздух | 150 mm |
| Специјални функции | Тајмер, филтер за маснотии со индикатор за заситеност |
| Одржување | Чистете го филтерот за маснотии во машина за садови секој месец; бришете го надворешниот дел со влажна крпа |
| Безбедност | Автоматско исклучување во случај на прегревање, заштита од деца |
| Резервни делови | Филтри, LED сијалици, далечински управувач (не е вклучен) достапни |
| Поправливост | Индекс на поправливост не е објавен; компатибилен со стандардни делови |
| Општи информации | Се испорачува со монтажен комплет и прирачник за употреба; гаранција 2 години |
Frequently Asked Questions - DF6316BXSC GORENJE
Прашања на корисниците за DF6316BXSC GORENJE
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот извлекувач во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник DF6316BXSC - GORENJE и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. DF6316BXSC на марката GORENJE.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК DF6316BXSC GORENJE
МК Упатство за монтажа и ракување

Придржувајте се строго до упатствата дадени во овој прирачник.. Ние одбиваме билокаква одговорност за билокаков проблем, штета или пожар предизвикан на апаратот како резултат на неследење на упатствата включени во овој прирачник. Аспираторот е наменет исклучиво за домашна употреба.
! Важно е да го зачувате ова упатство за да би можеле да го консултирате во било кој момент. Во случај на продажба, расходување или на преместување, нека остане заедно со производот.
! Прочитајте ги внимателно упатствата: Овде има важни информации за инсталирањето, за употребата и за безбедноста.
! Не вршете електрични или механички измени на производот или на издувните канали.
Забелешка: Додатоците означени со символот "(*)" се факултативен додатен прибор кои се включени само во неколку модели, а ако не се включени во моделот треба да се набават.

Важни совети
Предупредување! Да не го поврзувате апаратот со електричното напојување се додека монтажата не биде целосно комплетна.
Пред билокаква операција за чистење или одржување, исключете го аспираторот од електричната мрежа со вадење на струјниот приклучник или со ислучување на домашниот мрежен прекинувач.
За сите операции за монтажа и одржување да се користат работни ракавици
Овој апарат не е наменет за користење од страна на деца или лица со намалени физички, сензорни или ментални способности, или ако немаат искуство или знаење, доколку не се под надзор или се имаат обучувано за употреба на апаратот од лице одговорно за нивната безбедност.
Треба да се внимава, децата да не си играат со уредот.
Никогаш не користете го аспираторот ако ја немате правилно монтирано решетката!
Аспираторот НИКОГАШ не смее да се користи како површина за поддршка доколку не е прецизно наведено.
Просторијата мора да биде довольно проветрена кога кујнскиот аспиратор се користи заедно со апарати кои согоруваат гас или други горива.
Издувниот воздух не смее да се предава во активен оцак за чад створен од апарати кои согоруваат гас или други горива.
Строго се забранува фламбирање на храната под самиот аспиратор.
Употребата на отворени пламени е штетна за филтрите и може да предизвика ризик од пожар и поради тоа мора да се избегнува во сите околности.
Секое пржење мора грижливо да се направи со цел да се спречи да не дојде до презагревање на маслото и пламнување.
Пристапните делови од аспираторот можат значително да се загреат кога се користи заедно уред за готвење.
Што се однесува до техничките и безбедносните мерки за примена за исфрлање на пареа важно е внимателно да се следат правилата дадени од компетентните власти.
Аспираторот мора редовно да се чисти како од внатрешноста така и од надворешноста (НАЈМАЛКУ ЕДНАШ МЕСЕЧНО, во секој случај потребно е да се постапува во согласност со упатствата за одржување дадени во овој прирачник).
Ако не се следат упатствата во однос на аспираторот и чистењето на филтрите їе доведе до ризик од пожари.
Да не го користите или оставате аспираторот без правилно монтирани сијалици поради можниот ризик од електричен удар.
Ние одбиваме билокаква одговорност за билокаков проблем, штета или пожар предизвикан на апаратот како резултат на неследење на упатствата включени во овој прирачник.
Овој апарат е обележан согласно Европската директива 2002/96/EC за Искористена Електрична и Електронска Опрема (Waste Electrical and Electronic Equipment - WEEE). Со правилно отстранување на овој производ помагате да се спречат потенцијалните негативни последици за околината и здравјето на човекот, што инаку би се предизвикале од несоодветното третирање како отпадок на овој производ.

Симболот ■ прецртана канта за губре на производот или на документите кои одат со производот, покажува дека тој апарат не смее да се третира како комунален отпад. Напротив би требало да се однесе до соодветното место за собирање за рециклирање на електрична и електронска опрема. Отстранувањето мора да се изврши во согласност со локалните прописи за животната средина за отстранување на отпаден материјал. За повеće детальни информации за третманот, поправањето и рециклирањето на овој производ Ве молиме контактирајте со Вашите локални власти, Вашата комунална служба или со продавницата од каде го имате купено производот.
Употреба
Аспираторот може да се користи во вид со надворешно исфрлање на издувниот воздух или со филтер во вид со кружно струење на воздухот.

Вид со надворешно исфрлање на
издувниот воздух
Пареата се исфрла на надвор преку една издувна цевка позиционирана на приклучната прирабница.
Дијаметарот на издувната цевка треба да биде еднаков со дијаметарот на прстенот за поврзување.
Предупредување! Издувната цевка не е доставена и таа треба да се купи.
Во хоризонталниот дел, цевката треба да има лесен нагиб на нагоре (околу 10°) за да може да го пренесува воздухот полесно на надвор.
Ако аспираторот е снабден со филтри со активен јаглен, истите треба да се отстранат.
Поврзете го аспираторот со цевките и отворите за издувување низ сид со дијаметар еднаков со излезот на воздухот (приклучна прирабница).
! Користење на цевка подолга од неопходниот минимум.
! Користење на цевка со што е можно помал број на кривини (максимален агол на кривината: 90°).
! Избегнувајте драстични промени на пресекот на цевката.
! Користење на цевка со внатрешност колку што е можно повеке мазна.
! Материјалот на цевката треба да биде нормиран.
Внимание! Ако аспираторот е снабден со филтер на активен јаглен, истиот треба да се отстрани.

Варијанта со филтрирање
Всмуканиот воздух се ослободува од мастите и се деодорира пред повторно да се упати назад во просторијата. За користење на аспираторот во оваа варијанта потребно е да вградите дополнителен систем за филтрирање на база на активни јаглени.
Внимание! Ако аспираторот не е снабден со филтер на јаглен, истиот треба да се нарача и да се монтира пред користење.
Монтажа
Најмалото растојание помеѓу плочата од шпоретот за садовите за готвење и долниот раб на аспираторот да не биде помало од 50см за електричните апарати за готвење и 65см за гасните или комбинираните апарати за готвење.
Ако упатството за монтажа за плинските плочи од шпоретот прецизираат поголемо растојание, морате да се придржувате до тоа.

Приклучување на електрична енергија
Главното струјно напојување мора да одговара со оптегот покажан на етикетата за карактеристиките ставена внатре во аспираторот. Ако аспираторот оди со приклучник поврзете го во штекерот во согласност со струјните прописи и позициониран на пристапно место дури и по монтажата. Ако не е снабден со приклучник (директна врска со електричното напојување) или ако приклучникот не е лоциран на пристапно место, дури и по монтажата, применете би-поларен прекинувач во согласност со стандардите кој обезбедува комплетно ислучување на електричното напојување под услови поврзани со преоптоварување на мрежата категорија III, во согласност со упатството за монтажа.
Предупредување! Пред (повторно) поврзување на колото од аспираторот со електричното напојување и проверувањето на функционалноста, секогаш проверете дали струјниот кабел е правилно монтиран.
Аспираторот е снабден со специјален кабел за напојување; во случај на оштетување на кабелот, побарајте помош од стручна техничка служба.
Вградување
Пред да се почне со монтирањето:
- Проверете дали купениот производ е со соодветни димензии за одбраниот простор за монтирање.
- Извадете го/ги филтерот/-те на активен јаглен ако се доставени (види го и соодветниот параграф). Toj/тие се монтира/-ат само ако сака да се користи аспираторот во варијанта со филтрирање.
- Проверете дали во внатрешноста на аспираторот (поради транспортот) нема материјал од опремата (на пример кесиња со завртки и навртки, гаранции и др.), ако има извадете го и зачувајте го.
- Ако е можно откачете го и тргнете го мебелот под и околу просторот за монтирање (сидот или таванот) на аспираторот за да се има подобра пристапност. Меѓу другото заштитете го мебелот и сите други работи колку што може подобро. Одберете рамна површина и покријте ја со заштита каде што потоа їе го ставите аспираторот и деловите од опремата.
- Проверете меѓу другото да во близина на просторот за монтирање на аспираторот (во простор кој е пристапен и со монтиран аспиратор) има на располагање електричен штекер и дека може да се поврзе на уред за исфрлување на пареите во надворешноста (само варијанта со всмукување).
- Направете ги сите потребни сидарски работи (на пр.: поставување на штекер и/или отвор за поминување на одводната цевка).
Овој тип на аспиратор треба да се стави внатре во висечки елемент или во друг вид на кукиште.
Функционирање
Аспираторот се испорачува со командна табла со регулатор на брзините на издувување и регулатор за осветлението над плочата од шпоретот.

a. Прекинувач за включување/исклучување на светлото.
b. Прекинувач за исклучување/брзина 1
с. Одбирање брзина 2
d. Одбирање брзина 3
(*)e. Телескоп опремен со систем за автоматско затворање "slow motion".
Користете ја најголемата брзина во случај на невообичаена концентрација на пареи во кујната. Ви препорачуваме да го включите издувувањето 5 минути пред да започнете со готвењето и да го оставите да работи околу 15 минути по завршување на готвењето.
Одржување
Предупредување! Пред билокаква операција за чистење или одржување, исключете го аспираторот од електричната мрежа со вадење на струјниот приклучник или со ислучување на домашниот мрежен прекинувач.
Чистенье
Аспираторот мора редовно да се чисти (најмалку со истата фреквенција со која се врши одржувањето на филтерите за масти) како од внатрешноста така и од надворешноста. За чистењето користете крпа навлажнета со течни неутрални детергенти.
Да не користите производи кои содржат абразиви. НЕ КОРИСТЕТЕ АЛКОХОЛ!
Предупредување! Ако не се следат упатствата во однос на чистењето на аспираторот и замената на филтрите їе доведе до ризик од пожари. Се препорачува до придржување на предложените упатства. Ние одбиваме билокаква одговорност за евентуални оштетувања на моторот или пожар предизвикан како резултат на неправилно одржување или неследење на наведените упатствата.
Филтер за масти
Бр. 10-21
За собирање на масните состојки од пареата од готвењето.
Металниот филтер за масти треба да се чисти еднаш месечно со неагресивни детергенти, рачно или во машина за миење на садови на ниски температури и во краток интервал.
Со перењето во машина за миење на садови металниот филтер за масти може да ја изгуби малку бојата но неговите характеристики за филтрирање воопшто не се менуваат.
За да го извадите филтерот за масти повлечете го забецот за откопчување.
Филтер со активен јаглен (Само за Варијанта со филтрирање)
Бр. 20
За собирање на непријатните мириси од пареата од готвењето.
Заситувањето на филтерот од јаглен настапува по повеće или помалку продолжена употреба во зависност од типот на готвење и редовноста на чистењето на филтерот за масти. Во секој случај потребно е да се замени чаурата најмалку на секои 4 месеци. НЕ може да се пере или обновува.
Извадете ги филтрите за масти.
Ставете по еден филтер на јаглен на страна и прикачете го на аспираторот.
Повторно монтирајте ги филтрите за масти.
Замена на сијалиците
Исклучете го уредот од струјното напојување.
Предупредување! Пред да ги допрете сијаличките проверете дали се изладени.
Извадете го телескопот.
Извадете ја решетката.
Заменете ја оштетената сијалица.
Користете само халогенски сијалици во форма на свека ∅35mm E14 28W.
Повторно монтирајте ја решетката.
Ако осветлението не работи, пред да повикате техничка помощ, проверете дали сијалиците се добро ставени.