0715 AT - кошачка за трева SKIL - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот 0715 AT SKIL во PDF формат.
| Тип на производ | Електрична косачка со жица |
| Марка | Skil |
| Модел | 0715 AT |
| Моќност | 1200 W |
| Ширина на косење | 36 cm |
| Подесување на висина на косење | 6 позиции, од 20 до 60 mm |
| Капацитет на корпа за собирање | 30 L |
| Тип на сечило | Сечило од кален челик |
| Ниво на бучава | 85 dB(A) |
| Тежина | 12 kg |
| Димензии (Д x Ш x В) | 50 x 40 x 30 cm |
| Напојување | Електрично на мрежа (кабел) |
| Безбедност | Уред за итно запирање, потребни две раце |
| Одржување | Чистење по секоја употреба, годишно острење на сечилото |
| Резервни делови | Сечило, корпа, рачка, тркала достапни |
| Гаранција | 2 години |
Frequently Asked Questions - 0715 AT SKIL
Прашања на корисниците за 0715 AT SKIL
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот кошачка за трева во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник 0715 AT - SKIL и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. 0715 AT на марката SKIL.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК 0715 AT SKIL
Косачка за трева 0715
УВОД
- Овој алат е наменет само за домашна употреба за косење тревници
• Овој алат не е наменет за професионална употреба - Проверете дали пакувањето ги содржи сите делови коишто се прикажани на сликата ②
- Контактирајте со продавачот ако недостасуваат делови или истите се оштетени
- Упатство за спојување ② -редоследот на броеви што се појавуваат на сликата соодветствува со редоследот на чекорите што треба да ги следите за да ја составите косилката !цврсто затегнете ги сите шрафови и навртки
- Прочитајте го упатството за работа внимателно пред да го користите и зачувајте го за идни осврти ④
A Водилка за кабелот
В Стегач за кабелот
Сигурносен прекинувач
D Прекинувач за активирање
E Kuтија за трева
F Индикатор за "полна кутија за трева"
G Безбедносно крилце
Н Рачка за транспорт
J Отвори за вентилација
К Задна заштита
БЕЗБЕДНОСТ
ОПШТИ УПАТСТВА ЗА БЕЗБЕДНОСТ
А ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Сите упатства мора да се прочитаат. Непочитување на долу наведените упатства може да предизвика струен удар, пожар и/или тешки повреди. Чувајте ги сите предупредувања и напатствија за во иднина. Поимот "електричен алат", кој се користи во понатамошниот текст, се однесува на вашиот електричен алат (со приключен кабел) и на електрични алати со погон на батерии (без приключен кабел).
a) Одржувајте го вашето работно место чисто и уредно. Неуреден или темен работен простор може да предизвикаат незгоди.
b) Немојте да работите со уредот во средина во која има опасност од експлозија, во која има запалливи течности, гасови и прашина. Електричните алати произведуваат искри кои можат да запалат прашина или пареа.
с) За време на употребата на електричниот алат, децата и останатите лица држете ги подалеку од местото наде работите. Одвраќање, би можеле да изгубите контрола врз уредот.
2) ЕЛЕКТРИЧНА СИГУРНОСТ
a) Утикач мора да одговара на приклучокот. Никако не смее да се прават измени на штекерот. Не користете адаптерски штекер заедно со уредот кој е заштитно заземјен. Не променети штекери и соодветни приклучоци го намалуваат ризикот од електричен удар.
b) Избегнувајте допир на телото со заземјени површини, како што се цевки, радијатори, rerни и фрижидери. Постои зголемена опасност од струен удар, доколку Вашето тело е заземјено.
с) Чувајте го уредот подалеку од дожд и влага. Продирањето на вода во електричниот уред ја зголемува опасноста од струен удар.
d) Не злоупотребувајте го приклучниот кабел за носење, бесење на уредот или за извлекување на штекерот од мрежниот приклучок. Чувајте го кабелот подалеку од топлина, масло, остри рабови или деловите на апаратот кои се движат. Оштетени или заплеткани кабли ја зголемуваат опасноста од струен удар.
e) Кога го употребувате полночат надвор, користете продолжен кабел ној е соодветен за употреба на отворен простор. Примената на продолжен кабел соодветен за работа на отворен простор ја намалува опасноста од струен удар.
f) Доколну не може да се избегне работа со електричниот алат во влажна средина, користете прекинувач за струјна заштита при технички проблеми. Употребата на прекинувачот за струјна заштита при технички проблеми го намалува ризикот од електричен удар.
3) БЕЗБЕДНОСТ НА ЛУГЕ
a) Бидете внимателни, внимавајте што правите и постапувајте внимателно додека работите со електричниот алат. Не работете со уредот доколку сте уморни или под дејство на дрога, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание при употребата може да доведе до сеиозни повреди.
b) Носете ја личната заштитна опрема и секогаш носете заштитни очила. Носењето на личната заштитна опрема, како што е маската за прашина, безбедносната облека која не се лизга, заштитен шлем или штитник за слух, зависно од видот и примената на електричниот алат, ја намалува опасноста од повреда.
с) Избегнувајте невнимателно вклучување за време на работата. Осигурајте се прекинувачот да биде во "OFF" позиција пред да го ставите штекерот во приклучокот. Доколку го носите електричниот алат со прстот на прекинувачот или го приклучувате апаратот кој е приключен со напојување на струја, може да предизвикате незгоди.
d) Пред вклучување на уредот, тргнете ги алатите за подесување или клучот за навртување.
Алатот или клучот кој се наога во вртливиот дел на уредот, може да предизвика незгода.
e) Не ги преценувајте своите способности. Завземете сигурен и стабилен став и во сеној момент одржувајте рамнотежа. На тој начин можете подобро да го контролирате уредот во неочекувани ситуации.
f) Носете соодветна облека. Не носете широка облека или накит. Косата, облеката и ракавиците држете ги подалеку од деловите кои се движат. Комотната облека, накитот или долгата коса може да бидат фатени во деловите кои се движат.
g) Доколку може да се монтираат направи за вшмукување и фајање прашина, проверете дали се включени и дали можат исправно да се користат. Примената на овие направи ја намалува опасноста од прашината.
4) ВНИМАТЕЛНА УПОТРЕБА И РАКУВАНЬЕ СО ЕЛЕКТРИЧНИТЕ АЛАТИ
a) Не го преоптеретувајте уредот. При вашата работа користете го предвидениот електричен алат за таа употреба. Со соодветниот електричен алат ќе работите подобро и посигурно во наведената функционална област.
b) Не користете електричен алат чиј прекинувач е неисправен. Електричниот алат кој повеće не може да се вклучува и исклучува е опасен и мора да се поправи.
с) Извлечете го штенерот од приклучокот пред извршување на било накви подесувања на апаратот, замена на приборот или складирање. Со овие мерки на внимателност їе се избегне невнимателното включување на уредот.
d) Тргнете го електричниот алат кој не го користите од допирот на децата. Не допуштајте работа со уредот на лица кои не се запознаени со него или кои го немаат прочитано ова упатство. Електричните алати се опасни доколку со нив работат неискусни лица.
e) Одржувајте го уредот со внимание. Имајте контрола околу тоа дали движечките делови на уредот работат беспрекорно и дали не се заглавени, дали деловите се скршени или оштетени до таа мерка што не може да се обезбеди функционирање на уредот. Пред примената, овие оштетени делови треба да се поправат. Причина за многу незгоди е лошо одржуваниот електричен алат.
f) Алатите за сечење одржувајте ги остри и чисти.
Внимателно одржуваните алати за сечење со
остри очтрици помалку ќе се заглавуваат и со нив
работата ќе биде полесна.
g) Електричниот алат, прибор, работни алати итн., треба да ги користите според овие упатства, и на начин кој е опишан за соодветниот тип на уред. При тоа, земете ги предвид работните услови и работата која се извршува. Употребата на електричните алати за други цели кои не се предвидени, може да предизвика опасни ситуации.
5) СЕРВИСИРАЊЕ
a) Поправката на Вашиот уред препуштете им ја само на обучен, стручен надар на овластен сервисер, и само со оригиналните резервни делови. На тој начин ће се обезбеди уредот да остане со зачувана безбедност.
ОБЈАСНУВАЊЕ ЗА СИМБОЛИТЕ НА АЛАТОТ
④ Пред употреба прочитајте го прирачникот за употреба
⑤ Двојна изолација (не е потребна заземна жица)
⑥ Обрнете внимание на ризикот од повреда што може да го предизвика отфрлениот остаток од косењето (присутните лица да стојат на безбедно растојание од местото на работа)
⑦ Внимавајте на острите сечива
⑧ Држете го кабелот (и продолжниот) подалеку од ротирачкото сечиво
⑨ Сечивото продолжува да ротира уште извесно време откако косилката ће се исклучи (не допирајте го сечивото додека се врти)
⑩ Исключете ја косилката и извадете го приклучокот од штекер пред чистење/одржување или ако кабелот (продолжниот) е оштетен или заплеткан
⑪ Не фрлајте го алатот заедно со другиот отпад од домаќинството
ОПШТИ
- Не работаете со косилката на влажни тревници
- Корисникот е одговорен за несреćните случаи или штетите што ќе се предизвикаат кај други лица или на нивниот имот
- Никогаш не вклучувајте ја косилката со расипан заден заштитник или оштетена кутија за трева
- Ставете го задниот заштитник во затворена позиција кога работите со косилката без кутијата за трева (постои ризик од повреда од ротирачкото сечиво)
- Секогаш исклучувајте го приклучокот од штекер -кога косилката ја оставате без надзор -пред чистење заглавен материјал -пред проверка, чистење или работа на косилката -ако удрите во стран предмет -секогаш кога косилката ће вибрира невообичаено
ЕЛЕКТРИЧНА БЕЗБЕДНОСТ
- Проверувајте го кабелот од време на време и повикајте квалификувано лице да го смени ако е оштетен
- Користете уред за преостанат напон (RCD) со максимален напон за активирање од 30 mA кога ја користите косилката
- Продолжениот кабел кој го користите, мора да биде сосема одмотан и безбеден, со капацитет од 16 А
- Користете само продолжен кабел од типовите H05VV-F или H05RN-F којшто е наменет за употреба на отворено и е опремен со приключок со заштита од вода и штекер во форма на запалка
- Не преминувајте преку кабелот (продолжниот) не превиткувајте или не влечете го
- Заштитете го (продолжниот) кабел од топлина, масло и остри рабови
- Проверувајте го продолжниот кабел од време на време и сменете го ако е оштетен (несоодветните продолжни кабли се опасни)
ЛИЧНА ЗАШТИТА
- Не работете со косилката кога сте боси или ако носите отворени сандали; секогаш носете цврсти чевли и долги пантолони
- Запознајте се со контролите и со правилната употреба на косилката
- Никогаш не косете во непосредна близина на луге (особено деца) и животни
- Секогаш чувајте ги рацете и нозете подалеку од ротирачките делови
• Стојте секогаш настрана од испустот - Вклучувајте го моторот во согласност со упатството и со стапалата што подалеку од сечивото
- Алатот не е наменет за употреба од страна на лица (включително и деца) со намалени физички, чувствителни или ментални способности, без искусство и познавања, освен ако не се под надзор или ако не се обучени за употребата на алатот од страна на лице кое што е одговорно за нивната безбедност (локалните закони ја одредуваат и возраста на операторот)
- Обезбедете децата да не си играат со алатот
- Работете со косилката само со одење (не трчајте)
- Одржувајте соодветно растојание на закосени терени и не косете на исключително стрми терени
- Бидете исключително внимателни кога косите наназад или кога ја влечете косилката кон себе
ПРЕД УПОТРЕБА
- Проверувајте ја функционалноста на машината пред секоја употреба и во случај на дефект, повикајте квалификувано лице да ја поправи. Никогаш не отворајте ја машината сами
- Темелно проверете ја областа каде ће се користи косилката и отстранете ги сите цврсти предмети што може да се зафатат и исфрлат со механизмот за косење
- Секогаш проверувајте дали механизмот за косење е во добра работна состојба (заменете ги истрошените или оштетените делови)
- Одржувајте ги сите навртки, завртки и шрафови цврсто затегнати за да обезбедите дека косилката е во добра работна состојба
- Косете само на дневно светло или со соодветно вештачко осветлување
- Не закосувајте ја машината кога го включувате моторот освен ако таа мора да се закоси при работа во висока трева (во тој случај не закосувајте ја повеće од неопходното и секогаш со делот што е подалеку од операторот). Секогаш држете ги двете раце во работната положба пред да ја вратите машината на телото
- Проверете дали сечивото е комплетно застанато кога ја закосувате машината за да преминете одредена површина што не е трева и кога ја носите до и од областа за косење
- Косете попреку на закосените терени (никога нагоре и надолу)
- Бидете исключително внимателни кога го менувате правецот на закосените терени
- Никогаш не кревајте или не носете ја косилката додека работи моторот
- Секогаш исключете ја машината и исключете го приклучокот од штекерот ако кабелот за напојување со ел. енергија или продолжниот кабел се пресечени, оштетени или заплеткани (не допирајте го кабелот пред да го исключите приклучокот)
- Никогаш не користете алат ако кабелот е оштетен; замената на кабелот мора да ја изврши стручно лице
УПОТРЕБА
• Водилка за кабелот⑫
-закачете ја куката на продолжниот кабел над водилката А како што е прикажано
-повлечете цврсто за да го обезбедите продолжниот кабел
- Прилагодување на висината за косење (28-48-68 мм) ⑬
!исключете го приключокот од штекер и проверете дали сечивото веке не ротира
-свртете ја косилката
-поставете ги предната и задната оска на тркалата на саканата позиција за висина на косење (28, 48 или 68 мм)
!проверете дали четирите тркала се фиксирани на иста позиција за косење
- Безбедносен прекинувач за вклучување/исклучување ⑭
Спречува машината да се вклучи случајно
-включете ја машината прво со притискање на безбедносниот прекинувач С и потоа повлечете го прекинувачот за активирање D
-исключете ја машината со пуштање на прекинувачот за активирање D
!по исключување на машината, сечивото
продолжува да ротира уште неколку секунди
• Упатство за работа
-држете ја косилката со двете раце
-поставете ја косилката на работ на тревникот и косете нанапред
-свртете се на крајот на секој потег, делумно преклопувајки го претходното косење
-користете ја косилката само на сува трева
-чувајте ја косилката подалеку од цврсти предмети и растенија
-при косење висока трева, прво поставете го механизмот за косење на максималната висина за косење и потоа на пониска висина
!прилагодете ја брзината на одење при косење висока трева
- Индикатор за „полна кутија за трева“⑮
-испразнете ја кутијата за трева Е штом крилцето F ће се спушти самото со што се посочува дека кутијата за трева е полна
-за најдобра собирање трева, редовно чистете ги отворите под крилцето F со четкичка
• Чување ⑯
-превиткајте ја рачката на машината за штедење на просторот за складирање (со крилцето G) и одложете ја машината како што е прикажано.
Прво испразнете ја кутијата за трева !проверете дали (продолжниот) кабел е заглавен при превиткување/ исправање на рачката на машината (не испуштајте ја рачката)
-не ставајте други предмети врз одложената косилка
-чувајте ја косилката на затворено и суво место
ОДРЖУВАЊЕ/СЕРВИСИРАЊЕ
- Овој алат не е наменет за професионална употреба
- Алатот и кабелот секогаш да се одржуваат чисти (особено отворите за ладење J ③)
- Исчистете ја косилката по секоја употреба со четка и сува крпа
!не користете вода (особено не спреови под висок притисок)
-отстранете ја насобраната покосена трева од сечивото со дрвен или пластичен алат
- Редовно проверувајте ја кутијата за трева за знаци на изабеност или оштетување
- Редовно проверувајте дали сечивото и навртките се изабени или оштетени и заменувајте ги во парови за да ја задржите рамнотежата
• Замена на сечивото за косење ⑰
!исключете го приклучокот од штекер и извадете ја кутијата за трева Е ③
!носете заштитни ракавици
-свртете ја косилката
-извадете/ставете сечиво за косење со клуч 13 како што е прикажано
!нористете само сечива за косење од соодветен тип (број на резервен дел на SKIL 2610Z04069, обележен со YAT 474 552)
-темелно исчистете ја областа кај оската и внатрешноста на машината пред да го поставите сечивото за косење
!при поставување на сечивото за косење, проверете дали двата отвора X совершено се поклопуваат со двата клина Y
- Доколку алатот и покрај внимателното работење и контрола некогаш откаже, поправката мора да ја изврши некој овластен SKIL сервис за електрични алати
-во случај на примедба, испратете го алатот нерасклопен[/], заедно со сметкопотврдата, до вашиот продавач или најблисниот SKIL сервис (адресите се наведени на www.skil.com)
РЕШАВАЊЕ ПРОБЛЕМИ
- Следниот список ги прикажува симптомите за проблемите, можните причини и дејства за поправка (контактирајте со продавачот или сервисерот ако истите не го идентификуваат ниту решаваат проблемот)
!исклучете ја машината и извадете го приклучокот пред да го истражувате проблемот
★ Машината не работи
-нема напојување -> проверете го напојувањето (кабел за напојување, прекинувачи, осигурувачи)
-расипан штекер за напојување со ел. енергија -> користете друг штекер
-продолжниот кабел е оштетен -> заменете го продолжниот кабел
-тревата е многу висока -> зголемете ја висината за косење и закосете ја машината
★ Машината работи со прекини
-продолжниот кабел е оштетен -> заменете го продолжниот кабел
-оштетување на внатрешното поврзување -> контакрајте со продавачот/ сервисерот
★ Машината остава нерамномерна трага или моторот тешко работи
-висината за косење е премногу ниска -> зголемете
ја висината за косење
-сечивото за косење е тапо -> заменете го сечивото за косење
-долната страна на машината е многу извалкана -> исчистете ја машината
-висината за косење е е еднаква -> поставете ги 4 тркала на иста висина за косење
★ Сечивото за косење не ротира
-сечивото за косење е попречено -> исчистете ја препреката
-навртките/завртките на сечивото се разлабавени
-> затегнете ги навртките/завртките на сечивото
-сечивото за косење е оштетено -> заменете го
сечивото за косење
-навртките/завртките на сечивото се разлабавени
-> затегнете ги навртките/завртките на сечивото
ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
- Не се ослободувајте од електични алати, уреди или амбалажа преку нивно фрлање во домашното ўубре (само за земјите на ЕУ)
-според Европската Директива 2002/96/EC за ослободување од електрична и електронска опрема и нејзина имплементација во согласност со националните закони, електричните алати кои го достигнале крајот на својот животен век мора да бидат собрани посебно и да бидат вратени во соодветен објект за рециклирање
- символот ⑪ ће ве потсетува на ова кога ће дојде време алатот да го фрлите
- Со целосната наша одговорност изјавуваме дека овој производ е во согласност со следниве стандарди или стандардизирани документи: EN 60335, EN 61000, EN 55014, во согласност со одредбите од директивите 2006/95/EG, 2004/108/EG, 2006/42/EG, 2000/14/EG, 2011/65/EY
- Техничко досије во: SKIL Europe BV (PT-SEU/PJE), 4825 BD Breda, NL
- Мерено во согласност со EN 60335 нивото на звучен притисок е 73 dB(A) а нивото на звучна моćност 93 dB(A) (стандардно отстапување: 1,5 dB), и вибрација 2,5 м/с² (hand-arm метода; несигурност K = 1.5 м/с²)
- Измерено во согласност со 2000/14/EC (EN/ISO 3744), гарантираното ниво на бука LWA е пониско
од 94 dB(A) (постапка за проценка на усогласеноста согласно Додаток VI)
- Нивото на емитирање на вибрации кое е наведено на задниот дел на ова упатство е измерено во согласност со стандардизираниот тест даден во EN 60335; може да се користи за да се спореди еден алат со друг, и како првична оценка за изложеноста на вибрации кога се користи алатот за споменатите примени
-користењето на алатот за разни примени, или со различни или неправилно чувани делови, може да доведе до значајно зголемување на нивото на изложеност
-кога алатот е исключен или кога алатот е включен но не врши некаква работа, може да дојде до значително намалување на нивото а изложеност !заштитете се од ефектите на вибрациите преку одржување на алатот и неговите делови, одржување на топлината во вашите раце, и организирање на вашата работа
