1735 AA - приклучок SKIL - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот 1735 AA SKIL во PDF формат.
Прашања на корисниците за 1735 AA SKIL
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот приклучок во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник 1735 AA - SKIL и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. 1735 AA на марката SKIL.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК 1735 AA SKIL
- Овој алат е наменет за вибрациско дупчење во бетон, цигли и камен; дупчење во дрво, метал и пластика, како и навртување, со помош на посебен прибор
- Системот за чекан дупчење кој го има овој алат, овозможува прескокнување на традиционалното, макотрпно дупчење во бетон
- Овој алат поддржува употреба на сите стандардни SDS+ прибори
- Овој алат не е наменет за професионална употреба
- Внимателно прочитајте го и зачувајте го ова упатство за ракување ③
ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ ①
*) Ударна енергија по удар според процедурата EPTA 05/2009 -> вредноста не е достатна
ЕЛЕМЕНТИ НА АЛАТОТ ②
A Прекинувач за включување/исклучување и контрола на брзината
В Тркалце за контрола на максимальната брзина
С Копче за блокиране на прекинувачот
D Рачка за менување на насоката на вртење
Е Прекинувач за избор на режимот на работата
F Глава за стегање
G Дополнителна рачка
БЕЗБЕДНОСТ
ОПШТИ УПАТСТВА ЗА БЕЗБЕДНОСТ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Сите упатства мора да се прочитаат. Непочитување на долу наведените упатства може да предизвика струен удар, пожар и/или тешки повреди. Чувајте ги сите предупредувања и напатствија за во иднина. Поимот "електричен алат", кој се користи во понатамошниот текст, се однесува на вашиот електричен алат (со приключен кабел) и на електрични алати со погон на батерии (без приключен кабел).
a) Одржувајте го вашето работно место чисто и уредно. Неуреден или темен работен простор може да предизвикаат незгоди.
b) Немојте да работите со уредот во средина во која има опасност од експлозија, во која има запалливи течности, гасови и прашина.
Електричните алати произведуваат искри кои можат да запалат прашина или пареа.
с) За време на употребата на електричниот алат, децата и останатите лица држете ги подалеку од местото наде работите. Одвраќање, би можеле да изгубите контрола врз уредот.
2) ЕЛЕКТРИЧНА СИГУРНОСТ
a) Утикач мора да одговара на приклучокот. Никако не смее да се прават измени на штекерот. Не користете адаптерски штекер заедно со уредот кој е заштитно заземјен. Не променети штекери и соодветни приклучоци го намалуваат ризикот од електричен удар.
b) Избегнувајте допир на телото со заземјени површини, како што се цевки, радијатори, rerни и фрижидери. Постои зголемена опасност од струен удар, доколку Вашето тело е заземјено.
с) Чувајте го уредот подалеку од дожд и влага. Продирањето на вода во електричниот уред ја зголемува опасноста од струен удар.
d) Не злоупотребувајте го приклучниот кабел за носење, бесење на уредот или за извлекување на штекерот од мрежниот приклучок. Чувајте го кабелот подалеку од топлина, масло, остри рабови или деловите на апаратот кои се движат.
Оштетени или заплеткани кабли ја зголемуваат опасноста од струен удар.
e) Кога го употребувате полначот надвор, користете продолжен кабел кој е соодветен за употреба на отворен простор. Примената на продолжен кабел соодветен за работа на отворен простор ја намалува опасноста од струен удар.
f) Доколку не може да се избегне работа со електричниот алат во влажна средина, користете прекинувач за струјна заштита при технички проблеми. Употребата на прекинувачот за струјна заштита при технички проблеми го намалува ризикот од електричен удар.
a) Бидете внимателни, внимавајте што правите и постапувајте внимателно додека работите со електричниот алат. Не работете со уредот доколку сте уморни или под дејство на дрога, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание при употребата може да доведе до сеиозни повреди.
b) Носете ја личната заштитна опрема и секогаш носете заштитни очила. Носењето на личната заштитна опрема, како што е маската за прашина, безбедносната облека која не се лизга, заштитен шлем или штитник за слух, зависно од видот и примената на електричниот алат, ја намалува опасноста од повреда.
с) Избегнувајте невнимателно вклучување за време на работата. Осигурајте се прекинувачот да биде во "OFF" позиција пред да го ставите штекерот во приклучокот. Доколку го носите електричниот алат со прстот на прекинувачот или го приклучувате апаратот кој е приключен со напојување на струја, може да предизвикате незгоди.
d) Пред включување на уредот, тргнете ги алатите за подесување или клучот за навртување. Алатот или клучот кој се наоға во вртливиот дел на уредот, може да предизвика незгода.
e) Не ги преценувајте своите способности. Завземете сигурен и стабилен став и во секој момент одржувајте рамнотежа. На тој начин можете подобро да го контролирате уредот во неочекувани ситуации.
f) Носете соодветна облека. Не носете широка облека или накит. Косата, облената и ракавиците држете ги подалеку од деловите кои се движат. Комотната облека, накитот или долгата коса може да бидат фатени во деловите кои се движат.
g) Доколку може да се монтираат направи за вшмукување и фајање прашина, проверете дали се включени и дали можат исправно да се користат. Примената на овие направи ја намалува опасноста од прашината.
4) ВНИМАТЕЛНА УПОТРЕБА И РАКУВАНЬЕ СО ЕЛЕКТРИЧНИТЕ АЛАТИ
a) Не го преоптеретувајте уредот. При вашата работа користете го предвидениот електричен алат за таа употреба. Со соодветниот електричен алат їе работите подобро и посигурно во наведената функционална област.
b) Не користете електричен алат чиј прекинувач е неисправен. Електричниот алат кој повеće не може да се включува и исклучува е опасен и мора да се поправи.
с) Извлечете го штекерот од приклучокот пред извршување на било канви подесувања на апаратот, замена на приборот или складирање. Со овие мерки на внимателност їе се избегне невнимателното вклучување на уредот.
d) Тргнете го електричниот алат кој не го користите од допирот на децата. Не допуштајте работа со уредот на лица кои не се запознаени со него или кои го немаат прочитано ова упатство. Електричните алати се опасни доколку со нив работат неискусни лица.
e) Одржувајте го уредот со внимание. Имајте контрола околу тоа дали движечките делови на уредот работат беспрекорно и дали не се заглавени, дали деловите се скршени или оштетени до таа мерка што не може да се обезбеди функционирање на уредот. Пред примената, овие оштетени делови треба да се поправат. Причина за многу незгоди е лошо одржуваниот електричен алат.
f) Алатите за сечење одржувајте ги остри и чисти. Внимателно одржуваните алати за сечење со остри очтрици помалку ће се заглавуваат и со нив работата ће биде полесна.
g) Електричниот алат, прибор, работни алати итн., треба да ги користите според овие упатства, и на начин кој е опишан за соодветниот тип на уред. При тоа, земете ги предвид работните услови и работата која се извршува. Употребата на електричните алати за други цели кои не се предвидени, може да предизвика опасни ситуации.
5) СЕРВИСИРАЊЕ
a) Поправката на Вашиот уред препуштете им ја само на обучен, стручен кадар на овластен сервисер, и само со оригиналните резервни делови. На тој начин ће се обезбеди уредот да остане со зачувана безбедност.
БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА ЗА УДАРНИ ДУПЧАЛКИ
- Носете заштита за ушите (изложеност на тие звуци и бука, може да доведе фо трајно оштетување на слухот)
- Користете ги страничните дршки кои се испорачуваат заедно со машината (губењето на контрола може да доведе до повреди)
- Избегнувајте оштетувања од штрафови, шајки и други предмети во местото каде работите; тргнете ги пред да почнете со работа
- Кабелот секогаш држете го подалеку од деловите на алатот кои се движат
- Зацврстете го материјалот кој го обработувате (обработка која е зацврстена со стеги или во менгеме е побезбедна отколку да ја држите со раце)
- Кога ќе ја завршите работата со алатот, исключете го моторот и проверете дали сите подвижни делови се застанати
- Продолжениот кабел кој го користите, мора да биде сосема одмотан и безбеден, со капацитет од 16 А
- Во случај да дојде до електричен или механички дфект, веднаш исключете го алатот и исключете го од приклучокот
- SKIL може да признае гаранција само доколку е користен оригинален прибор
- Користете само прибор чија дозволена брзина е во најмала рака еднаква на најголемата брзина при празен од на електричниот алат
- Овој алат не треба да го користат лица под 16 години
- Користете соодветни детектори за наогање на скриени инсталации или повикајте соодветна компанија за помош (контактот со електричните линии може да доведе до струен удар; оштетувањата во гасоводна цевка може да резултира со експлозија; пенетрирање во водоводна инсталација може да доведе до оштета на предмети или електричен удар)
- Фаќајте го електричниот алат само со изолирани фаќалки, доколку изведувате работи, кај приборот може да се сретнат скриени струјни водови или сопствениот мрежен кабел (контакт со вод кој спроведува напон ги става и металните делови на електричниот алат под напон и доведува до електричен удар)
- Не обработувајте нинаков материјал кој содржи азбест (азбестот важи за предизвикувач на рак)
- Прашината од материјали како боја која содржи олово, некои видови дрво, минерали и метали, може да биде штетна за здравјето (контактот со прашината или нејзиното вдишување може да шредизвика алергии и/или болести на дишните органи за оној кој работи со алатот или лућето во близина); носете маска за прашина и работете со правосмуналки доколку можете да ги поврзете
- Некои видови на прашина се канцерогени (како на пример прашината од даб или бука), особено заедно со адитиви за одржување на дрвото; носете маска за прашина и работете со правосмуналки доколну можете да ги поврзете
- Следете ги процедурите на вашата земја за прашината која се јавува како резултат од материјалите со кои работите
- Ако кабелот се оштети или пресече за време на работата, веднаш исключете го и не го допирајте
- Никогаш не користете алат ако кабелот е оштетен; замената на кабелот мора да ја изврши стручно лице
- Секогаш проверувајте напонот да е ист со оној кој е назначен на плочката на алатот (алатите за напон од 230V или 240V исто така може да се поврзат и на напон од 220V)
- Во случај на ненадејна блокада на бургијата, со создавање на повратни сили кај алатот, веднаш треба да го исключите алатот
- Внимавајте на создадените сили кај алатот, за време на блокадата (особено при дупчење метал); алатот секогаш да се држи за страничната дршка G ② и да се завземе сигурен став
- Обезбедете се алатот да е ислучен од струја пред да вршите било какво подесување или замена на приборот
УПОТРЕБА
• Включено/Исклучено ④
- Блокирање на прекинувачот за постојана употреб ⑤
- Закочување на прекинувачот за лесен старт ⑥
- Контрола на максимальната брзина ⑦
Со тркалцето В ② можете да ја подесите максималната брзина според нивоа, од минимум до максимум
- Промена на насоката на ротација ⑧
- ако левата/десната позиција не легнат како што треба, прекинувачот А нема да може да стартува
- алатот работи со лимитирана брзина кога е поставен за ротација налево
! менувајте ја насоката на ротацијата само кога алатот се наоға во целосно мирување
- Подесување на режимот за работа ⑨
1 = нормално дупчење/навртување
2 = вибрациско дупчење
! подесувањето на режимот на работа се врши само кога алатот е ислучен и приклучокот е изваден од струја
- при дупчење во дрво, метал и пластика, како и навртување, користете соодветен адаптер (погледнете: Совети за примена)
- механизмот со чеканот се активира со благ притисок на алатот, додека сврделот се наога во допир со материјалот кој се обработува
- треба малку време додека механизмот со чеканот не достигне целосна моїност за удирање
- најдобри резултати за чекан дупчење дупчење се постигнуваат само со лесен притисок на алатот, при што се активира автоматскиот механизмам; резултатот на дупчењето не се подобрува со посилно притискање на апаратот
- Промена на бургиите ⑩
! исчистете го и намачкајте го SDS+ приборот со масло пред да го вметнете
- повлечете ја главата за стегање F ② наназад и вметнете го приборот во SDS+ главата, вртете ја и туркајте го приборот додека не го затегнете; приборот сам се затегнува автоматски
- повлечете го приборот за да проверите дали е цврсто стегнат
- извадете го приборот, така што ће а повлечете наназад главата за стегање F
! SDS+ приборот бара неограничена слобода на движењето, која предизвикува ексцентрична работа со алатот во празен од; за време на работата, таа сама се центрира; ова нема влијание врз прецизноста на дупчењето на отворот
! не употребувајте бургии со оштетена дршка
- Безбедносен механизмам
За време на блокадата на приборот, се прекинува и работата на вретенното (сога до создавање на бука) - веднаш исключете го алатот
- отстранете го блокираниот прибор
- одново включете го алатот
- Приспособување на длабочината на дупчењето ⑪
- Држење и насочување на алатот ⑫
! додека работите, секогаш држете го алатот за местото (местата) кое (кои) се означени со сива боја
- алатот секогаш држете го за страничната
дршка G ② (може да се приспособува, како на
цертежот)
- отворите за ладење држете ги отворени
- не притискајте премногу со алатот; дозволете тој сам да работи
СОВЕТИ ЗА ПРИМЕНА
- Користете соодветни бургии ⑬
! употребувајте само остри бургии
- При дупчење во дрво, метал и пластика, како и навртување, употребувајте соодветен адаптерот (SKIL прибор 2610395660) ^14
- исчистте го и намачкајте го адаптерот со масло пред да го вметнете
- повлечете ја главата за стегање F ② наназад и вметнете го адаптерот во SDS+ главата, вртете ја и притискајте го адаптерот додека не го стегнете; адаптерот сам се затегнува автоматски
- повлечете го адаптерот за да проверите дали е цврсто стегнат
- подесете го прекинувачот Е ② за нормално дупчење (подесувањето се врши само кога алатот е ислучен и приклучонот е изваден од струја)
- При дупчење во метал
- најпрво издупчете помала дупка, кога сакате да издупчите поголема дупка
- бургијата подмачкувајте ја со масло од време на време
- При навртување на штрафовите на краевите на дрвото, прво треба да се издупчи мала дупка за да се избегне разлистување на дрвото
• Дупчење на дрво без разлистување ⑮
• Дупчење на дрво без прашина ⑯
• Дупчење на таван без прашина ⑰
• Дупчење на плочки без лизгање ⑱
- Многу други совети можете да најдете на www.skil.com
ОДРЖУВАЊЕ/СЕРВИСИРАЊЕ
- Овој алат не е наменет за професионална употреба
- Алатот и кабелот секогаш да се одржуваат чисти (особено отворите за ладење)
! пред чистење извадете го алатот од приклучокот
- Доколку алатот и покрај внимателното работење и контрола некогаш откаже, поправката мора да ја изврши некој овластен SKIL сервис за електрични алати
- во случај на примедба, испратете го алатот нерасклопен, заедно со сметкопотврдата, до вашиот продавач или најблискиот SKIL сервис (адресите се наведени на www.skil.com)
ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
- Не се ослободувајте од електични алати, уреди или амбалажа преку нивно фрлање во домашното губре (само за земјите на ЕУ)
- според Европската Директива 2002/96/EC за ослободување од електрична и електронска опрема и нејзина имплементација во согласност со националните закони, електричните алати кои го достигнале крајот на својот животен век мора да бидат собрани посебно и да бидат вратени во соодветен објект за рециклирање
- симболот ⑲ ke ве потсетува на ова кога ke дојде време алатот да го фрлите
- Со целосна одговорност изјавуваме дека производот опишан кај "Технички податоци" е усогласен со следните стандарди или документи за стандардизација: EN 60745, EN 61000, EN 55014 во согласност со одредбите во директивите 2004/108/EG, 2006/42/EG, 2011/65/EY
- Техничко досије во: SKIL Europe BV (PT-SEU/ENG1), 4825 BD Breda, NL
- Мерено во согласност со EN 60745 нивото на звучен притисок е 91 dB(A) а нивото на звучна моїност 102 dB(A) (стандардно отстапување: 3 dB), и вибрација * м/с² (hand-arm метода; несигурност K = 1.5 м/с²) * при дупчење со чекан во бетон 15,5 м/с²
- Нивото на емитирање на вибрации кое е наведено на задниот дел на ова упатство е измерено во согласност со стандардизираниот тест даден во EN 60745; може да се користи за да се спореди еден алат со друг, и како првична оценка за изложеноста на вибрации кога се користи алатот за споменатите примени
- користењето на алатот за разни примени, или со различни или неправилно чувани делови, може да доведе до значајно зголемување на нивото на изложеност
- кога алатот е исключен или кога алатот е включен но не врши некаква работа, може да дојде до значително намалување на нивото а изложеност
! заштитете се од ефектите на вибрациите преку одржување на алатот и неговите делови, одржување на топлината во вашите раце, и организирање на вашата работа
