RDSA290M30SN - фрижидер BEKO - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот RDSA290M30SN BEKO во PDF формат.

BEKO RDSA290M30SN - фрижидер
📄 68 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање 10 прашања ⚙️ Спецификации
Notice BEKO RDSA290M30SN - page 30
Погледни прирачник : Български BG Ελληνικά EL English EN Español ES Македонски MK Русский RU Shqip SQ
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.
Вид на производ Ладилник
Бренд Beko
Модел RDSA290M30SN
Нето капацитет 200 L
Годишна потрошувачка на енергија 180 kWh
Енергетска класа A+
Димензии (В x Ш x Д) 845 x 540 x 590 mm
Тежина 32 kg
Напојување 220-240 V, 50 Hz
Потрошувачка на енергија 120 W
Климатска класа N-ST (16°C - 38°C)
Ниво на бучава 40 dB
Ладилно средство R600a (изобутан)
Контрола на температура Механички термостат
Внатрешно осветлување LED
Материјал на полици Стакло, прилагодливи
Фиока за зеленчук Да, со стаклен капак
Реверзибилност на вратата Да (реверзибилна од корисник)
Одмрзнување Рачно (одделение за замрзнување)
Упатства за чистење Избришете со благ детергент и влажна крпа
Безбедносни карактеристики Стабилни шарки на вратата, потребна е соодветна вентилација
Достапни резервни делови Полици, заптивки на вратата, термостат, сијалица

Често поставувани прашања - RDSA290M30SN BEKO

Како да ја прилагодам температурата на мојот ладилник Beko RDSA290M30SN?
Користете го копчето за механички термостат во внатрешноста на ладилникот. Обично, положбата 3-4 се препорачува за нормално работење. Свртете во насока на часовникот за поладни температури.
Како да го одмрзнам одделението за замрзнување?
Исклучете го ладилникот или поставете го термостатот на 0. Отстранете ја храната и оставете го мразот да се стопи природно. Не користете остри алатки. Исчистете и исушете пред повторно вклучување.
Зошто мојот ладилник прави невообичаени звуци?
Нормалните звуци вклучуваат жубор од ладилното средство и кликање од компресорот. Ако е гласно или непрекинато, проверете дали ладилникот е рамномерно поставен и не допира ѕидови или кабинети.
Може ли да го сменам правецот на отворање на вратата?
Да, вратата е реверзибилна. Погледнете го упатството за употреба за чекор-по-чекор инструкции. Ќе ви треба шрафцигер и евентуално помош.
Колку често треба да го чистам мојот ладилник?
Чистете ја внатрешноста на секои неколку месеци со мешавина од топла вода и благ детергент. Бришете ги заптивките на вратата и кондензаторските серпентини (ако се достапни) годишно.
Што треба да направам ако внатрешното светло не работи?
Прво, проверете дали прекинувачот на вратата е правилно притиснат. Ако не, заменете ја LED сијалицата (типот наведен во упатството). Обезбедете дека напојувањето е исклучено пред да ја замените.
Која е препорачаната температура за чување храна?
За ладилникот, одржувајте помеѓу 1°C и 5°C. Копчето за термостат со броеви 1-7 обично достигнува околу 2°C на највисокото поставување. Прилагодете по потреба.
Колку енергија троши овој ладилник?
Годишната потрошувачка на енергија е приближно 180 kWh, што го прави уред од енергетска класа A+. Реалната потрошувачка зависи од употребата и околината.
Кој е нето капацитетот на овој модел?
Ладилникот Beko RDSA290M30SN има нето капацитет од 200 литри, погоден за мало до средно домаќинство.
Како да обезбедам соодветна вентилација за мојот ладилник?
Оставете најмалку 10 cm простор зад и над ладилникот, и 5 cm од страните. Не блокирајте ги вентилационите решетки. Држете го подалеку од извори на топлина.

Прашања на корисниците за RDSA290M30SN BEKO

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Вашата е-пошта останува приватна: се користи само за да ве известиме ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот фрижидер во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник RDSA290M30SN - BEKO и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. RDSA290M30SN на марката BEKO.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК RDSA290M30SN BEKO

Ладење и замрзнување тип I

Упатство за употреба

Инструкции за употреба

Со цел да се обезбеди нормално функционирање на уредот, кој користи целосно еколошки разладувач (фреон) R600а (запалив само под одредени услови), морате да се придржувате кон следните правила:

- Немојте да ја попречувате слободната циркулација на воздухот околу уредот.

- Немојте да употребувате механички предмети за да го забрзате процесот на одмрзнување. Користете ги само оние кои се препорачани од производителот.

- Немојте да го оштетувате разладното коло.

- Не употребувајте електрични апарати внатре во уредот. Користете ги само оние кои се препорачани од производителот.

ВНИМАНИЕ

Електрично приклучување /23

Запознајте го вашиот уред /24

Сугестии за аранжирање на храната во уредот /24

Контрола и подесување на температура /25

Пред оперирањето /25

Пред оперирањето /25

Замрзнување на свежа храна /25

Правење на коцки мраз /26

Одмрзнување /26

Заменување на внатрешната сијалица /26

Депозиционирање на вратата /27

Направите/Немојте да правите /27

Проблеми – можни решенија /28

RU Содржина

Овој производ е опремен со извор на осветлување од енергетската класа „G“. Изворот на осветлување во овој производ треба да го замени само стручен сервисер.

RUS

Ви честитаме на изборот на квалитетниот производ направен да Ви служи многу години.

Безбедноста на прво место!

Немојте да го вклучувате апаратот во струја пред да ги отстраните пакувачките материјали и транспортната заштита.

  • Ако уредот се транспортира во хоризонтална положба, оставете го уредот на место најмалку 4 часа пред да го вклучите, за да може компресорското масло да се стабилизира.
  • Ако го депонирате стариот апарат со брава или рачка на вратата, внимавајте тоа да го сторите на сигурно место за да не можат децата во текот на својата игра да се затворат во него.
  • Овој апарат мора да се користи само за намената за која е произведен.
  • Немојте да го изложувате апаратот на топлина. Вашиот апарат содржи не-CFC супстанции во изолацијата кои се запаливи. Ви сугерираме да ги контактирате локалните служби за информација каде може да го депонирате стариот уред.
  • Не се препорачува употреба на овој апарат во ладна, не загреана просторија (пр. гаража, надвор од куќата, подрум, визба...итн.)

За да се обезбеди оптимално и сигурно работење на апаратот, потребно е внимателно да го прочитате ова упатство.

Доколку не се придржувате на упатствата може да го изгубите правото на сервис за време на гаранцискиот период.

Зачувајте го упатството за идни потсетувања.

Оригиналните резервни делови ќе ги добивате 10 години по датумот кога е набавен производот.

BEKO RDSA290M30SN - Безбедноста на прво место! - 1

ИНФОРМАЦИИ

ЕНЕРГ ИМЕ НА ДОБАВУВАЧОТ ИДЕНТИФИКАТОР НА МОДЕЛОТ A A (*)

Информациите за моделот се чуваат во базата на податоци и до нив можете да стигнете ако одите на следнава веб-локација и да го побарате идентификаторот на вашиот модел (*) кој се наоѓа на налепницата за енергија.

Овој уред не е наменет за употреба од страна на лица со намалени физички, сензорни или ментални способности или со недостаток на искуство и знаење, освен кога се надгледувани или им се дадени инструкции за користењето на уредот од страна на лице кое е одговорно за нив.

Децата треба да се надгледувани за да не играат со уредот.

Електрично поврзување

Пред вклучувањето на апаратот во штекер, проверете ги напонот и фреквенцијата наведени на внатрешната страна на апаратот дали се кореспондираат со напонот и фреквенцијата во вашиот дом. Ви сугерираме да го приклучите апаратот на прекинувач кој е соодветен за него и има осигурувач на лесно достапно место.

Внимание!

Апаратот мора да биде заземјен

Електричните дефекти и проблеми треба да ги поправа само овластено квалификувано лице. Лошо изведената поправка од страна на неовластено лице носи ризик кој може да вклучи критични последици по корисникот.

ВНИМАНИЕ!

Овој уред работи со фреон R600а кој што е еколошки но запалив гас. За време на транспортот и лоцирањето на уредот, мора да внимавате да не се оштети системот на ладење. Доколку дојде до оштетување на системот за ладење и до истекување на гасот, чувајте го апаратот подалеку од извори на топлина и на одредено време проветрувајте ја просторијата.

Предупредување – Не користете механички предмети и слично за да го забрзате процесот на одмрзнување. Употребувајте ги само препорачаните од производителот.

Предупредување – Немојте да го оштетувате разладното коло.

Предупредување – Не користете електрични апарати во внатрешниот дел различни од оние кои се препорачани од производителот.

Упатство за транспорт

  1. Апаратот треба да се транспортира само во вертикална положба. Кутијата во која е спакуван уредот не смее да се оштети за време на транспортот.
  2. Ако за време на транспортот апаратот мора да се постави во хоризонтална положба, не треба да се користи најмалку 4 часа за да се стабилизира составот.
  3. Доколку не се почитуваат горенаведените упатства, може да дојде до оштетување на апаратот, при што производителот нема да биде одговорен.
  4. Апаратот мора да биде заштитен од дожд, влага и други атмосферски влијанија.

Важно!

  • При чистење/поместување на апаратот, не ги допирајте со раце металните жици на кондензаторот на позадината од апаратот, бидејќи може да ги повредите прстите.
  • Немојте да стоите или седите на апаратот, затоа што не е предвиден за тоа. Може да се повредите или да го оштетите апаратот.
  • Внимавајте при транспортот или поместувањето на апаратот, кабелот да не дојде под апаратот при што може да дојде до негово оштетување.
  • Не им дозволувајте на децата да си играат со апаратот или сами да ги притискаат контролните копчиња.

Упатство за инсталација

  1. Немојте да го чувате апаратот во просторија каде што постои можност температурата да падне под 10 степени Целзиусови (50 степени Фаренхајтови) во текот на ноќта или зимата, затоа што апаратот е предвиден за работа во просторија каде што температурата се движи од +10 до +38 степени Целзиусови (50 до 100 степени Фаренхајтови). На пониски температури, апаратот може да не работи, при што ќе дојде до намалување на рокот на траење на намирниците.
  2. Не го поставувајте апаратот во близина на шпорети или радијатори или директно да биде изложен на сонце, затоа што тоа ќе предизвика дополнителна работа на апаратот. Ако апаратот е поставен до извор на топлина или замрзнувач, држете се до следните минимални растојанија: Од шпорет 30 мм, Од радијатор 300 мм, Од замрзнувач 25 мм.
  3. Внимавајте околу апаратот да има доволно слободен простор за циркулација на воздух. (Дел 2).
  4. Поставете го задниот капак за вентилација на апаратот за да го одредите растојанието помеѓу апаратот и ѕидот. (Дел 3).
  5. Апаратот треба да се постави на мазна и рамна површина. Двете предни ногарки можат по потреба да се прилагодат по висина. За да бидете сигурни дека апаратот е во правилна положба, завртете ги предните ногарки во правец на стрелките на часовникот или обратно, додека не дојде до цврст контакт со подлогата. Со правилно подесените ногарки ќе ја спречите големата бучава и вибрации. (Дел 4).
  6. Погледнете во поглавјето „Чистење и одржување“ за да го подготвите апаратот за употреба.

Запознавање со апаратот (Дел 1)

1 - Полица во замрзнувачот, 2 - Термостат и сијалица (за внатрешно осветлување), 3 - Полици за подесување, 4 - Канал за проток на одмрзната вода - Одводна цевка, 5 - Капак на фиока, 6 - Фиока, 7 - Ногарки за подесување, 8 - Полица за тегли, 9 - Полица за шише

Сугестии за аранжирање на храната во апаратот

Сугестии за рационално искористување на просторот и хигиена:

  1. Одделот на фрижидерот е наменет за чување на свежа храна и пијалоци на краток период.
  2. Одделот за замрзнување е означен и соодветен за замрзнување и чување на претходно замрзната храна.

Препораки за чување ✱ ***

на храната се наоѓаат на опаковката на храната до која треба да се придржувате. 3. Млечните производи треба да ги чувате во одделот наменет за нив на полицата на вратата. 4. Готвената храна треба да се чува во садови кои имаат херметичко затварање.

  1. Свежите завиткани производи може да се чуваат на полиците. Свежото овошје и зеленчук треба да се исчисти и чува во фиоките за овошје и зеленчук.
  2. Шишињата може да ги чувате на полиците на вратата.
  3. Свежото месо завиткајте го во полиетиленски кеси и сместете го на најниската полица. Не дозволувајте да дојде во допир со готвена храна за да избегнете контаминација. Поради сигурност чувајте го месото најмногу 2 до 3 дена.
  4. За максимална ефикасност, полиците немојте да ги покривате со хартија или друг материјал, како би овозможиле слободна циркулација на ладниот воздух.
  5. Немојте да чувате растително масло на полиците на вратата. Чувајте ја храната спакувана, замотана или покриена.

Оставете ги топлата храна и пијалоци да се оладат пред да ги поставете во фрижидерот. Остатоците од конзервирана храна немојте да ги чувате во конзерва.

  1. Пенливи пијалоци не смее да се замрзнуваат а ароматизираните пијалоци не смеат да се конзумираат премногу ладни.
  2. Некои зеленчуци и овошја губат на квалитет на температура од 0°C. Затоа ананасот, лубеницата, крставиците, доматите и слично ставете ги во пластични кеси.
  3. Алкохолните пијалоци со висок процент на алкохол мора да се чуваат во добро затворени и исправени шишиња. Никогаш не чувајте производи кои содржат запаливи гасови (пр. разни спрејови) или експлозивни материи. Постои опасност од експлозија.

Контрола на температура и подесување

Работната температура се подесува со копчето на термостатот и може да биде поставена на било која позиција помеѓу 1 и 5 (најладна позиција).

Просечната температура внатре треба да биде околу +5°C (+41°F).

Затоа поставете го термостатот за да обезбедите сакана температура. Некои секции во фрижидерот може да бидат поладни или потопли (како што се фиоките за зеленчук и овошје и горните делови на фрижидерот), што е сосема нормално. Се препорачува повремена проверка на температурата со термометар за да се уверите дека фрижидерот се одржува на препорачаната температура. Честото отварање на вратата предизвикува зголемување на внатрешната температура, затоа се препорачува затварање на вратата колку што е можно побрзо после употребата.

Пред употреба

Финална проверка

Пред стартување на апаратот, проверете дали:

  1. Предните ногарки се подесени така што се во совршена рамномерност.
  2. Внатрешноста е сува и воздухот може слободно да циркулира.
  3. Внатрешноста е чиста како што е препорачано во „Чистење и одржување“
  4. Приклучокот е правилно приклучен и дека има струја. Кога ќе ја отворите вратата се пали внатрешното светло.

Забележете дека:

  1. Ке слушнете бучава кога компресорот ке почне со работа. Течноста и гасот исто така може да предизвикаат бучава во разладниот систем, без разлика дали компресорот работи или не. Тоа е сосема нормално.
  2. Лесно тресење на горниот дел на фрижидерот не е дефект.
  3. Препорачуваме термостатот да биде поставен на средина и да се следи внатрешната температура како би се увериле дека апаратот ја одржува саканата температура. Види „Контрола на температура и подесување„.
  4. Не поставувајте намирници во фрижидерот веднаш по вклучувањето. Почекајте додека внатрешноста не ја постигне саканата температура. Препорачуваме проверка на температурата со термометар. Види „Контрола на температура и подесување„.

Сместување на замрзната храна

Вашиот замрзнувач е погоден за чување на фабрички замрзната храна, а може да се користи и за замрзнување и чување на свежа храна. Доколку има прекин на струја, немојте да го отварате фрижидерот.

Храната треба да остане замрзната ако прекинот на струја не е подолг од 19 часа. Ако прекинот трае подолго, тогаш проверете ја храната и да се искористи веднаш или зготви и повторно замрзне.

Замрзнување на свежа храна

Ве молиме да се придржувате на упатствата како би ги добиле најдобрите резултати.

Не замрзнувајте преголеми количини одеднаш. Квалитетот на храната најдобро ќе се задржи доколку се замрзне колку што е можно побрзо. Не го преминувајте капацитетот на одделот за замрзнување во рок од 24 часа.

Доколку поставите топла храна во замрзнувачот ќе дојде до постојана работа на компресорот се додека храната не замрзне во целост. Со тоа може да дојде до прекумерно ладење во замрзнувачот. Кога замрзнувате свежа храна, копчето на термостатот треба да биде на средната позиција. Помала количина на храна до 1/2 kg (1 lb) може да се замрзне без подесување на термостатот.

Посебно внимание обрнете да веќе замрзнатата храна не биде во допир со свежата.

Подготовка на коцки мраз

Наполнете го садот за коцки мраз до 3/4 со вода и поставете го во замрзнувач. Извадете ги замрзнатите коцки со дршка од лажица или сличен предмет; никогаш не користете остри предмети како ножеви или виљушки.

Одмрзнување

Одделот на фрижидерот се одмрзнува автоматски. Водата што ќе се насобере при одмрзнувањето од собирниот сад, кој се наоѓа на задната страна на фрижидерот, се одлева до одводната цевка (Дел 5). Во текот на одмрзнувањето можно е да се формираат капки вода на задниот дел на фрижидерот, затоа што позади него е сместен испарувачот. Некои капки може да застанат и после одмрзнувањето повторно да замрзнат. Немојте да ги отстранувате со остри и шилести предмети како ножеви или виљушки. Ако во било кој момент водата насобрана во садот за собирање не се одлева, проверете дали деловите со продукти ја имаат запушено одводната цевка. Одводната цевка може да се исчисти со чистач за славини или слични предмети.

Проверете дали крајот од цевката е перманентно поставен во садот за колектирање вода на компресорот за превенција од одлевање вода на електричната инсталација или на под (Дел 6).

В) Оддел на замрзнувачот

Одмрзнувањето е многу лесно и без никакви проблеми благодарение на специјалниот сад за собирање на одмрзната вода.

Одмрзнувањето се прави два пати годишно и кога слојот на мраз е подебел од 7 (1/4") mm. За стартување на процедурата на одмрзнување, најпрво исклучете го апаратот од струја. Целата храна извадете ја од фрижидер, ставете ја во садови и завиткајте ја во хартија и ставете ја на ладно место (пр. замрзнувач или подрум).

За да го забрзате процесот на одмрзнување, внимателно поставете сад со топла вода во одделот за замрзнување.

Заменување на сијалицата за внатрешно осветлување

Повикајте овластен сервисер за да ја смени светилката што служи за осветлување на ладилникот. Сијалицата што се користи во овој уред не служи за осветлување на соби во домот. Намената на сијалицата е да му помогне на корисникот да ја стави храната во фрижидерот безбедно и удобно. Сијалиците што се користат во овој производ треба да ги издржуваат екстремните физички услови, како што се температурите под -20° C.

Чистење и одржување

  1. Пред да почнете со чистење на апаратот, најпрво исклучете го од штекер струјниот кабел.
  2. Никогаш не употребувајте остри предмети или абразивни супстанции, сапун, средства за чистење во домаќинството, детергенти или средства за полирање.
  3. Употребете млака вода за чистење и потоа избришете го апаратот со нежна крпа.
  4. Употребете влажна крпа потопена во раствор од сода бикарбона (едно кафено лажиче на ½ литар вода) за чистење на внатрешноста и добро избришете ја.
  5. Внимавајте да не навлезе вода во кутијата за контрола на температурата.
  6. Доколку не го користите уредот подолг период, исклучете го од штекер, извадете ја храната, исчистете го и оставете ја вратата подотворена.
  7. Се препорачува металните делови на уредот да ги полирате со силиконски восок со што би го заштитиле последниот слој на висококвалитетна боја.
  8. Прашината насобрана на кондензаторот кој што се наоѓа на задниот дел на уредот, треба да се чисти еднаш годишно со правосмукалка.
  9. Редовно проверувајте ги бравите на вратите како би се увериле дека се чисти и на нив нема остатоци од храна.
  10. Никогаш:
  11. Немојте да го чистите апаратот со несоодветни средства; пр. оние што се на база на бензин.
  12. Никогаш не го изложувајте апаратот на висока температура.
  13. Немојте да го гребете, стругате или сл. со абразивни средства.
  14. Вадење на капаците на преградите за млечни производи и преградите на вратата:
  15. За да го извадите капакот на преградата за млечни производи, прво подигнете го капакот околу 2,5 см и оттргнете го од вратата за да го видите отворот на капакот.
  16. За вадење на преградите на вратата, извадете ги сите предмети и потоа едноставно извадете ја преградата со поместување нагоре.
  17. Внимавајте пластичниот сад за собирање на одмрзнатата вода секогаш да биде чист. Ако сакате да го извадите садот за чистење, следете ги инструкциите подолу:
  18. Исклучете го апаратот од струја.
  19. Внимателно откачете ги жичаните држачи на компресорот со клешти за жица, за да може да го извадите садот.
  20. Подигнете го садот.
  21. Исчистете го и избришете го.
  22. Вратете го садот на место по обратен редослед.
  23. За вадење на фиоките, повлечете ги што е можно повеќе и извадете ги комплетно.

Депозиционирање на вратата

Следете ја постапката по нумерички ред (Дел 7).

Направете/Немојте да правите

Да - Чистете го и одмрзнувајте го апаратот редовно (видете „Одмрзнување“). Да - Чувајте го свежото месо под готвената храна и млечните производи. Да - Отстранете ги неупотребливите делови од зеленчукот (листови) и исчистете го од нечистотија. Да - Отстранете ги корените од зелката, марулата, карфиолот, магдоносот и сл. Да - Сирењето најпрво завиткајте го во мрсна хартија и ставете го во пластична кеса со што е можно помалку воздух. За подобар вкус, извадете го сирењето еден час пред употреба. Да - Свежото месо и месото од живина слободно завиткајте ги во пластична кеса или алуминиумска фолија за да спречите сушење. Да - Рибата завиткајте ја во пластична кеса. Да - Храната со јак мирис или онаа што може да се засуши, завиткајте ја и ставете ја во пластични кеси, а потоа во сад што не пропушта воздух. Да - Лебот добро завиткајте го за да остане свеж. Да - Изладете ги виното, пивото и минералната вода пред да ги послужите. Да - Често проверувајте ја содржината во замрзнувачот. Да - Храната чувајте ја замрзната што е можно пократко и внимавајте на роковите на употреба. Да - Фабрички замрзнатата храна подгответе ја според упатствата на пакувањето. Да - Секогаш користете квалитетна свежа храна и темелно исчистете ја пред замрзнување. Да - Подгответе ја свежата храна пред замрзнување во помали количини за да обезбедите побрзо замрзнување. Да - Секоја храна завиткајте ја во пластична или алуминиумска фолија и истиснете го воздухот. Да - Завиткајте ја замрзнатата храна веднаш по купувањето и ставете ја во замрзнувачот што побрзо. Да - Одмрзнувајте ја храната во одделот за ладење.

Не - Чувајте банани во фрижидер.

Не - Ставајте лубеници во фрижидер. Може да ги изладите во фрижидер на кратко време завиткани, за да мирисот не премине на другите продукти.

Не - Покривајте ги полиците со било каков заштитен материјал што ќе го спречи циркулирањето на ладниот воздух.

Не - Ставајте отровни или било какви опасни производи во уредот. Тој е предвиден само за прехранбени продукти.

Не - Конзумирајте ја храната што била предолго време замрзната.

Не - Ставајте варена и свежа храна во ист сад. Тие мора да бидат сместени одделно.

Не - Дозволувајте храната што истекува или сокот од храната да капе по друга храна.

Не - Оставајте ја вратата отворена подолго време, тоа ќе доведе до неекономично работење на апаратот и прекумерно формирање мраз.

Не - Користете остри предмети како ножеви или виљушки за отстранување на мразот.

Не - Ставајте топла храна во уредот. Дозволете најпрво да се олади.

Не - Ставајте течност што содржи јаглероден диоксид, било во шише било во конзерва, затоа што може да пукне.

Не - Пречекорувајте ја ограничената количина за замрзнување кога замрзнувате свежа храна.

Не - Давајте им на децата вода или сладолед директно од замрзнувачот. Ниската температура може да предизвика изгореници на усните.

Не замрзнувајте пенливи пијалоци.

Не замрзнувајте повторно веќе одмрзнатата храна; морате да ја конзумирате во рок од 24 часа или да ја приготвите и повторно да ја замрзнете.

Не вадете ја храната од замрзнувачот со мокри раце.

Проблеми – можни решенија

Ако уредот не работи кога е вклучен, проверете:

  • Дали струјниот кабел е добро вметнат во штекерот и дали има доток на струја во штекерот. (За проверка на доток на струја, вклучете друг апарат на штекерот)
  • Проверете го осигурувачот – може да е прегорен, струјното коло прекинато, главната дистрибуција е исклучена.
  • Копчето за контрола на температурата не е подесено правилно.
  • Ако сте го заменувале штекерот, проверете дали е поставен и инсталиран правилно.

Ако уредот сè уште не работи, повикајте Сервисен центар.

Осигурајте се дека сте ги направиле горенаведените проверки, затоа што во спротивно, ако нема дефект, сервисот ќе ви наплати.

BEKO RDSA290M30SN - Проблеми – можни решенија - 1

Симболот ■ на производот или на пакувањето индицира дека производот не треба да се третира како домашен отпад. Треба да се предаде на соодветно место каде што се рециклира електронска и електрична опрема. Со тоа што ќе се осигурате дека производот е отстранет правилно, ќе помогнете во превентирањето на потенцијалните негативни последици врз околината и човековото здравје, кои се предизвикани од неправилно отстранување на производот. За подетални информации во врска со рециклирањето на овој производ, ве молиме контактирајте ги локалните власти, овластени сервисери или продавницата каде што сте го купиле производот.

Инструкции за употреба

Инструкции за употреба

Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BEKO

Модел : RDSA290M30SN

Категорија : фрижидер