EBC 200 GB - Печка VOX - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот EBC 200 GB VOX во PDF формат.
Прашања на корисниците за EBC 200 GB VOX
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Печка во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник EBC 200 GB - VOX и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. EBC 200 GB на марката VOX.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК EBC 200 GB VOX
УПАТСТВО ЗА РАКУВАЊЕ И МОНТАЖА НА ЗАШТИТЕНА ПЛОЧА НА ПЛИН ЗА ВГРАДУВАЊЕ ОД 30 СМ СО КОНТРОЛИ НАПРЕД
СОДРЖИНА
- ОПИС НА ПЛОЧАТА
- БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА
- ИНСТАЛАЦИЈА
- УПОТРЕБА
- ОДРЖУВАЊЕ И ГРИЖА
Ви благодариме што ја купивте оваа плоча за готвење. Безбедносните мерки и препораките во ова упатство се за ваша лична безбедност и за безбедноста на другите. Така ње овозможите целосна употреба на одликите што ги нуди овој производ.
Чувајте го ова упатство на безбедно место. Ке ви користи вам или на другите во иднина ако се двоумите за употребата.
Овој уред може да се користи само за наменетата цел, за готвење храна во домашни услови. Секоја друга употреба се смета за несоодветна и затоа опасна.
Производителот ја отфрла целата одговорност во случај на оштетување предизвикано со несоодветна или неправилна употреба на производот.
Декларација за усогласеност на ЕУ
- Оваа плоча за готвење е дизајнирана да се користи само за готвење. Секоја друга употреба (како што е загревање на просторија) не се соодветна и е опасна.
- Оваа плоча за готвење е дизајнирана, конструирана и означена во согласност со:
- Безбедносни побарувања за „плин“, директива 90/396/EC;
- Безбедносни побарувања за „низок напон“, директива 2006/95/EC;
- Безбедносни побарувања за „EMC“, директива 89/336/EC;
- Побарувања според директивата 93/68/EC.
CE

Опис:
- Заштитно стакло
- Потпора за садови
- Капаче на горилникот
- Тело на горилникот
- Контролно копче
- Горилници на плин
- Долен капак
- Горилник за вог
ТАБЕЛА ЗА ПОТРОШУВАЧКА НА ПЛИН
Општи безбедносни предупредувања
- Овој апарат може да го користат деца на и над возраст од 8 години, и лица со намалена физичка, сетилна или ментална способност или со недостиг на искусство и познавање ако се под надзор и се упатени за користење на апаратот на безбеден начин, и ги разбираат потенцијалните опасности. Децата не смее да си играат со машината. Децата коишто не се под надзор не смее да ја чистат или да работат на одржување на машината.
- ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Уредот и достатните делови стануваат врели во текот на употребата. Треба да внимавате децата да не ги допираат врелите елементи. Децата помали од 8 години треба да се држат настрана освен ако не се под надзор.
- ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Готвење на плочата со маст или масло и без надзор може да биде опасно и да предизвика пожар. НИКОГАШ не обидувајте се да го изгаснете огнот со вода, туку исклучете го апаратот и потоа покријте го пламенот, на пр. со капак или противпожарно ўебе.
- ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Опасност од пожар: не ставајте предмети на површините за готвење.
- ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Ако површината е напукната, исключете го апаратот за да ја избегнете можноста од електричен удар. - Кај плочите што имаат и капак, треба да се исчисти целото истурање врз него пред да го отворите. Понатаму, површината на плочата треба да се излади пред да го затворите капакот. - Уредот не е наменет да се контролира со надворешен тајмер или со засебен систем за далечинска контрола.
- Не користете остри абразивни средства за чистење или остри метални сунђери за чистење на стаклото од вратата на рерната и другите површини бидејки може да ја изгребат површината или да предизвикаат пукање на стаклото или оштетување на површината.
- Не користете чистачи на пареа за чистење на производот.
- Производот е произведен во согласност со сите применливи локални стандарди и одредби.
- Работата за одржување и поправање мора да ги врши техничар од овластениот сервис. Поставувањето и поправките што ги прават неовластени техничари може да ве загрозат. Опасно е да ги менувате спецификациите на производот на кој било начин.
- Пред поставувањето, проверете дали локалните услови на дистрибуцијата (природата и притисокот на плинот или напонот на струјата и фреквенцијата) и побарувањата за производот се компатибилни. Побарувањата за овој апарат се дадени на етикетата.
- ВНИМАНИЕ: Овој апарат е дизајниран само за готвење храна и е наменете за употреба во домаћинства во затворен простор и не треба да се користи за каква било друга намена или употреба, како во комерцијална средина или за загревање простории.
- Оваа плоча не е поврзана на уред за испуст на производите од согорувањето. Треба да се постави и поврзе согласно тековните одредби за инсталација. Треба да се обрне особено внимание на соодветните побарувања во однос на вентилацијата.
- Ако горилникот не се запали за 15 сек, исключете го производот, отворете ја врата и/или почекајте барем 1 минута пред повторно да се обидете да го запалите горилникот.
- Овие упатства се важечки само ако символот на државата се појавува на производот. Ако нема символ на производот, треба да ги погледнете техничките упатства коишто ги даваат неопходните насоки во однос на модификацијата на производот согласно условите за употреба во вашата држава.
- Сите можни безбедносни мерки се преземени за да ја обезбедите својата безбедност. Бидејки стаклото може да се скрши, треба да бидете внимателни додека чистите за да избегнете гребење. Избегнувајте да го удирате или чукате стаклото со предмети.
- Проверете дали кабелот за напојување се скинал во текот на поставувањето. Ако кабелот за напојување е оштетен, треба да се замени кај производителот, соодветен сервисер кај лице со слични квалификации за да се спречи опасност.
Предупредувања за поставувањето
- Не вклучувајте го производот пред да го поставите.
- Овластен техничар мора да го постави производот и да го стави во употреба. Производителот не е одговорен за оштетувања што се предизвикани со погрешно поставување и инсталација од страна на неовластено лице.
- Проверете дали производот е оштетен во текот на транспортот. Во случај на дефект, не користете го производот и контакрајте со квалификуван техничар веднаш. Бидејки материјалите за пакување (најлон, хевталки, стироформ и сл.) може да им наштетат на децата, истите треба да се соберат и фрлат веднаш.
- Заштитете го апаратот од какви било атмосферски влијанија. Не изложувајте го на сонце, дожд, снег, итн.
- Материјалот што е околу производот (елементот) мора да издржува температура од најмалку 100°C.
Во текот на употребата
- Не ставајте запаливи или експлозивни материи во или близу до производот кога тој работи.
- Не оддалечувајте се од шпоретот кога готвите со масло во тврда или течна состојба. Тие може да се запалат во услови на прегревање. Никогаш не истурајте вода на пламенот од масло. Покријте ги тенцерето или тавата со капак за да го задушите пламенот и исключете го шпоретот.
- Секогаш поставувајте ги тавите во центарот на зоната за готвење и свртете ги рачките на безбедна положба за да не може да се турнат или зграпчат.
- Исключете го производот ако нема да го користите подолго време. Главниот осигурувач треба да биде исключен. Исключете го вентилот за гас ако не го користите производот.
- Проверете дали копчињата за контрола се во позиција „0“ (ислучено) кога не се користи плочата.
- ВНИМАНИЕ: Употребата на апарат за готвење на плин произведува топлина, влага и производи од согорување во просторијата каде што е поставен. Уверете се дека кујната се проветрува задоволително, особено кога се користи апаратот и одржувајте ги отворите за природно проветрување отворени. Ако треба, поставете механички уред за проветрување (аспиратор за механичко извлекување).
- Продолжена интензивна употреба на уредот може да предизвика потреба за дополнительно проветрување, на пр. зголемување на степенот на проветрување преку аспираторот, ако има.
Во текот на чистењето и одржувањето
- Секогаш исклучувајте го производот пред операции како што се чистење или одржување. Може да го направите тоа со исклучување на производот од струја или со исклучување на главните прекинувачи.
- Не вадете ги контролните копчиња за да го исчистите контролниот панел.
- Апаратот може да се постави во кујна, кујна со трпезарија или во дневна соба, но не и во просторија каде има бања или туш.
- Апаратот не смее да се инсталира во дневна соба помала од 20 м ^3 .
- Апаратот е дизајниран и одобрен само за домашна употреба и не смее да се поставува во комерцијална, полукомерцијална или комунална средина. Гаранцијата нема да важи за производот ако се постави во некоја од горенаведените средини со што може да влијае врз трети лица или осигурителни побарувања кон јавните добра.
- За простории коишто се помали од 5 м ^3 - потребно е постојана вентилација за 100 мм ^2 слободен простор.
- За простории со волумен меѓу 5 м ^3 и 10 м ^3 , потребно е трајна вентилација за 50 см ^2 за слободен простор освен ако нема врата што води директно надвор на отворено и тогаш не е потребно трајна вентилација.
- За простории поголеми од 10 м ^3 - вентилацијата не е потребна.
Имајте предвид Без оглед на големината на собата, сите простории каде што е поставен апаратот, мора да имаат директен пристап кон воздух на отворено или соодветен прозорец што се отвора.
За да ја поставите плочата за готвење во кујната, треба да направите дупка со димензии прикажани на сл. 3.2 имајки го во предвид следното:
- мора да има растојание од најмалку 100 мм меѓу долната страна на плочата за готвење и горната површина на друг апарат или внатрешна полица во кујнскиот елемент,
- погледнете ја сл. 3.2 во однос на минималното растојание меѓу задните и страничните сидови,
- мора да има растојание од барем 750 мм меѓу плочата и сидовите на кујнскиот елемент или аспираторот поставен веднаш над неа (видете сли 3.1),
- неопходно е да поставите сепараторMEГУ основата на плочата иELEMENTOT.

Не поставувајте го апаратот близу запаливи материјали (на пр. завеси).

ПРИЦВРСТУВАЊЕ НА ПЛОЧАТА ЗА ГОТВЕЊЕ
- Ставете ја доставената лента за лепење од едната страна околу долниот раб на површината за готвење. Не гребете ја. (Сл. 3.4)
- Вметнете ја плочата во дупката и поставете ја правилно. (Сл. 3.2)
- Прилагодете ја позицијата на држачите „A“ и затегнете ги шрафовите „B“ за да ја фиксирате плочата за готвење на место (сл. 3.5, 3.6)
Растојанието меѓу долната страна на плочата и површината за фиксирање треба да биде барем 60 мм.

Фабрички поставеното прилагодување за плинот за овој уред е посочено на етикетата со номинални вредности којашто се наоға под апаратот. Контактирајте со најблискиот овластен добавував за плин во однос на видот плин што се користи во вашиот дом.
ПОСТАВУВАЊЕ И ОДРЕДБИ ЗА СЕРВИС
Законски е задолжително стручно лице да ги сервисира сите апарати на плин да во согласност со тековните изданија на следните Стандарди и одредби или со оние одредби што се соодветни за географскиот регион каде треба да се постават:
- Одредби за безбедност за плин (поставување и употреба)
- Одредби за вградување
• Државни одредби - Одредби за електрична инсталација
Поставувањето и сервисот на сите производи што работат на плин мора да се извршат од соодветно квалификувано лице кое што го познава производот што треба да го постави или сервисира и поседува валиден сертификат за стручноста во однос на работата што треба да ја изврши.
ПОВРЗУВАЊЕ НА ПЛИНОТ
Квалификуван инсталатор мора да го изведе поставувањето на плочата на плин на природен гас или плин. Инсталаторите треба да ги почитуваат одредбите на соодветниот државен закон за стандарди, регулативите за безбедност при употреба на плин и стандардите за вградување.
Погледнете ја етикетата со номинални вредности при постапката за поврзување за да видите каков вид на гас користи овој апарат.
Забелешки:
Флексибилните црева може да се користат на места каде температурата во просторијата каде се поставени цревата не надминува 70° С. Овие црева мора да се произведени во согласност со локалните стандарди.
Цревата за плин дизајнирани за природен гас НЕ СМЕЕ да се користат за плин.
Цревото не смее да е свиткано или настапното или да се допира со остри или абразивни рабови.
Со соодветна постапка за откривање на протекување течност, проверете ги сите поврзувања на плинот едно по едно со примена на решение за сите поврзувања.
Присуството на балончиња посочува на протекувања. Ако има протекување, затегнете ја спојката и потоа одново проверете дали негде протекува.
ВАЖНО!
Не користете отворен орган за да проверите дали протекува гас.
ЗАМЕНА НА ДОВОДОТ НА ПЛИН
Во текот на поврзувањето, цевката за довод на гас што се појавува од задната страна на плочата мора да биде целосно видлива, мора многу внимателно да се постави со сите поврзувања (шрафови, црева, итн.) за да се избегне секаков контакт со деловите што се загреваат. Исклучително препорачуваме да го блокирате пристапот со поврзувањето на цевките кога ја користите плочата или кога доводот за плин е отворен.

Во текот на поврзувањето на плинот, цевката од апаратот треба да биде стабилна додека поврзаниот дел (механичка или навртка за плин или природен гас) треба да е фиксна. Секогаш користете ги доставените заптивки меѓу поврзувањата.
- Секогаш користете „А“ за поврзување со флексибилни црева на гас од пропан-бутан.
- Видот „В“ се користи во Шпанија, Италија, Португалија, Грција, Франција и Алжир кога се користи поврзување со флексибилни црева.
- Поврзувањето од видот „С“ се користи во Летонија и Луксембург за механичко поврзување со машка навртка од 1/2" (на крајот на апаратот).
- Ова поврзување може да се користи изборно и во одредени области во Франција, Алжир, Шпанија, Португалија и Италија.
- Користете го поврзувањето од видот „С“ во Германија и Белгија со дополнителен адаптер IS07/IS0228 и во Холандија со дополнителен адаптер на Besca, кој што се доставува како резервен дел. Пример за употреба е прикажан во Е.
- За сите други видови на гас, користете го видот за поврзување „D“ во Обединетото Кралство со женска навртка од 1/2“ (на крајот на апарат).
ВНИМАНИЕ: флексибилното црево за плинот не треба да минува одзади ниту да допира со предмети што може да предизвика соговрување.
ВАЖНО
- КВАЛИФИКУВАН ИНЖЕНЕР ЗА ИНСТАЛАЦИЈА треба да го инсталира, регулира и адаптира за да работи со други видови на гас.
- Непочитувањето со овој услов повлекува поништување на гаранцијата.
- Апаратот мора да се инсталира во согласност со важечките регулативи.
- Инженерите за инсталација мора да ги почитуваат тековните важечки закони коишто се однесуваат на вентилацијата и евакуацијата на издувните гасови.
- Секогаш ислучувајте го апаратот пред да работите на одржување или поправка.
•Потоа, поврзувањето мора да се тестира.
- Овој тест може да се направи со ставање сапунеста течност на поврзувањето. Не смее да се појават балончиња. Ако има балончиња, проверете ги спојките на поврзувањето и повторете ја постапката, ако е неопходно.
- За сите поврзувања на плинот, проверете дали деловите на поврзувањето и компонентите за доставување плин се во согласност со локалните и мегународните побарувања.
НЕ КОРИСТЕТЕ ОТВОРЕН ОГАН ЗА ДА ПРОВЕРИТЕ ДАЛИ ПРОТЕКУВА ПЛИН
Дијаметарот е посочен на вбризгувачот во милиметри. Изберете ги вбризгувачите што треба да се заменат согласно „Табелата со информации што се доставува со комплетот за вбризгувачот“. За да замените вбризгувач:
- Извадете ги потпорите за садови и горилниците од плочата.
- Со помош на клуч, извадете го вбризгувачот „J“ (сл. 3.10-3.11) од лежиштето и заменете го со соодветен согласно висот на гасот (за точните големини на вбризгувачите, погледнете ја табелата на страница 3).

Проверете дали пламенот се шири од сите порти на горилникот кога тој е запален, а регулаторот за плин е на позиција за минимум. Ако некоја од портите не гори, зголемете ја поставката за ставка на плин.
Проверете дали пламенот и понатаму гори кога регулаторот за плин їе се сврти бргу од максимум на минимум. Ако горилникот не продолжи да гори, зголемете ја поставката за ставка на плин.
Постапката за прилагодување на поставката за минимална стапка на плинот е опишана подолу.
Шрафот за прилагодување е внатре во контролната оска или од горната страна на вентилот. Затворете до контролната оска (сл. 3.11):
- Со максимален шрафцирер Дијаметар од 3 мм, вртете го шрафот за регулаторот сё додека поставката за пламенот не биде точна.
За поставката на плин, затегнете го докрај шрафот за прилагодување. За природен гас, разлабавете го шрафот за прилагодување така што висината на пламенот їе биде 4-5 мм во позицијата за минимум.

Електрично поврзување
Пред да продолжите со електрично поврзување, проверете дали:
- Тековниот капацитет на системот за ел. напојување и приклучокот се соодветни за максимальните номинални вредности на плочата.
- Посочениот напон на етикетата за капацитет е ист со напонот на доводот.
- Не користете редуктори, адаптери или притискачи за поврзувањето бидејки може да предизвикаат прегрејување.
- Приклучокот има терминал за заземјување.

По поставување на плочата, проверете дали копчето е во позиција „0“ и приключете ја.
Проверете дали напонот на етикетата за номинална вредност е ист со напонот на напојувањето пред поврзувањето.
Плочата се доставува со кабел за напојување и приклучок. Замена на каблите за напојување мора да направи овластен техничар.
Исклучувајте ја плочата пред секое одржување. Доследно почитувајте ги дијаграмите за повторно поврзување. Заштитното поврзување за заземјување (РЕ) мора да се поврзе на обележениот терминал.
Задолжително користете изолирани кабли за поставувањето.
Употреба на горилниците на плин
Рачно палење и контрола на горилниците на плин
За да запалите еден од горилниците, приближете чкорче, свеќа или друго рачно средство за палење до горниот дел и притиснете го соодветното копче за контрола и свртете го бројачот во правец на стрелките на часовникот. Средна регулација на пламенот се добива со вртење на контролното копче меѓу позицијата за максимум (голем пламен) и позицијата за минимум (мал пламен).
Малите дијаграми, сместени на контролниот панел посочуваат кој горилник на плин се користи.
Палење преку вентил на плочата (микро прекинувач):
Притиснете го вентилот на плочата што сакате да го користите обратно од сказалките на часовникот. Микро прекинувачот сместен под копчето автоматски їе создаде искри преку приклучокот за искрење на горилникот. Држете го притиснато копчето додека не забележите стабилен пламен на горилникот.
Ако плочата има безбедносен уред
Плочите снабдени со уред за спречување грешки со пламенот обезбедуват безбедност при случајно изгаснат пламен. Ако се случи ова, уредот ће ги блокира каналите за довод на плин до горилниците и ће спречи акумулирање на несогорен плин. Почекајте 90 секуди пред повторно палење на изгаснат горилник.
Потребно време за вклучување на обезбедувањето за време на палење: макс. 3 секунди
Потребно време за ислучување на обезбедувањето откако їе се изгаси пламенот: Не повеće од 90 секунди.
За да запалите горилник на плоча со безбедносен уред:
- Притиснете го котролното копче и вртете го во правецот на стрелките на часовникот сè додека не се добие максимален пламен.
- Приближете чкорче или употребете го копчето за електрично палење, ако има и држете го контролното копче притиснато макс. 10 секунди.
- Пуштете го контролното копче и проверете дали пламенот уште гори. Во спротивно, повторете ја процедурата.
Препораки
Плочата има горилници со различни дијаметри. Најекономичниот начин за употреба на плин е да се избере точниот горилник на плин за димензијата на садот за готвење и пламенот на минимална позиција да се одржува на минимална позиција штом їе се достигне точката на вриење. Се препорачува садот за готвење да има капак.
За да се обезбеди максимальна работа на главните горилници, користете садови за готвење со следните дијаметри на нивните дна.
Брз горилник : 22-26 цм Среден горилник : 14-22 цм Помошен горилник : 12-18 цм

Кога горилниците нема да се користат подолг период, секогаш исклучувајте го главниот вентил за контрола на плинот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Користете само рамни садови за готвење со довольно дебело дно.
• Проверете дали дното на садот е суво пред да го ставите на горилникот.
• Температурата на дофатливите делови е висока кога апаратот работи. Затоа, задолжително држете ги децата и животните подалеку од дофат до горилниците во текот и по готвењето.
- По употреба, горилникот е врел подолг период. Не допирајте го и не ставајте предмети врз него.
- Никогаш не ставајте ножеви, виљушки, лажици и капаци на плочата бидејки може да се загреат да предизвикаат сериозни повреди.
Чистење:
Пред чистење, исключете ја плочата од ел. напојување.
Држачите за садови за готвење и капаците што повремено се емајлираат, како и главите на горилниците мора да се перат во топла вода и сапун и потоа добро да се исушат. По темелно сушење, ставете ги правилно на нивните места.
Емајлирани делови:
За да изгледа плочата како нова, неопходно е да ја чистите често со топла вода и благ сапун и потоа да се исуши со мека хартија. Не перете ги додека се врели и не користете никогаш абразивни прашоци или абразивни средства за чистење. Не оставајте оцет, кафе, млеко, сол, вода, лимон или сок од домати да остане на емајлираните делови подолг период.
Деловите од не'рғосувачки челик мора да се перат често со топла вода и сапун и мек сунғер, а потоа да се исушат со мека крпа. Не користете абразивни прашоци или абразивни средства за чистење Не оставајте оцет, кафе, млеко, сол, вода, лимон или сок од домати да остане на деловите од не'рғосувачки челик подолг период. Не користете чистачи на пареа за да ја исчистите плочата.

Симболот на производот и на пакувањето посочува дека овој производ не смее да се третира како секојдневен отпад. Наместо тоа, треба да се однесе во соодветен собирен центар за рециклирање на електрична и електронска опрема. Производот треба да се фрли правилно. На тој начин їе спречите појава на потенцијални негативни последици за животната средина и здравјето на лугето што се предизвикува со несоодветно ракување со отпад. За подетални информации околу рециклирањето на овој производ, контактирајте со локалните овластени институции, службата за собирање отпад или продавницата каде што го купивте производот.

BS
EBC200GB
UPUTSTVA ZA RUKOVANJE I MONTAŽU UGRADBENE SIGURNOSNE PLOČE ZA KUHANJE OD 30 cm S KONTROLOM NA PREDNJOJ STRANI
SADRŽAJ
- OPIS PLOČE ZA KUHANJE
- SIGURNOSNA UPUTSTVA
- UGRADNJA
- UPOTREBA
- ODRŽAVANJE I NJEGA