QE55Q77BATXXH - телевизор SAMSUNG - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот QE55Q77BATXXH SAMSUNG во PDF формат.
| Тип на производ | 4K UHD Паметен ТВ |
| Модел | QE55Q77BATXXH |
| Резолуција на екран | 3840 x 2160 (4K UHD) |
| Големина на екран | 55 инчи (дијагонално) |
| Излезна звучна моќ | 20 W |
| Аудио технологија | Dolby Audio |
| Паметна ТВ платформа | Samsung Smart TV (Tizen) |
| Далечински управувач | Samsung Smart Remote (Bluetooth) |
| Гласовен асистент | Вграден микрофон (префрлив) |
| Поврзување | HDMI, USB, LAN, Wi-Fi, Bluetooth |
| Тип на панел | TFT LED (Direct LED или Edge LED) |
| Работна температура | 10°C до 40°C (50°F до 104°F) |
| Работна влажност | 10% до 80% (без кондензација) |
| Температура на складирање | -20°C до 45°C (-4°F до 113°F) |
| Влажност на складирање | 5% до 95% (без кондензација) |
| Напојување | AC 100-240V ~ 50/60Hz |
| Типична потрошувачка на енергија | 150 W (приближно) |
| Потрошувачка во мирување | < 0.5 W |
| Упатства за чистење | Користете мека, сува крпа; избегнувајте хемикалии |
| Безбедносни карактеристики | Препорачан анти-превртувачки држач (не е вклучен) |
| Усогласеност со животна средина | Усогласено со RoHS, WEEE, ErP |
Frequently Asked Questions - QE55Q77BATXXH SAMSUNG
Прашања на корисниците за QE55Q77BATXXH SAMSUNG
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот телевизор во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник QE55Q77BATXXH - SAMSUNG и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. QE55Q77BATXXH на марката SAMSUNG.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК QE55Q77BATXXH SAMSUNG
Пред да го прочитате прирачникот за користење
Предупредување! Важни безбедносни инструкции
Ве молиме прочитајте ги безбедносните инструкции пред да започнете да го користите вашиот телевизор. Погледнете ја табелата подолу за да го дознаете објаснувањето за символите со кои може да биде обележан вашиот производ од Samsung.
| ВНИМАНИЕ | |
| РИЗИК ОД ЕЛЕКТРИЧЕН УДАР. НЕ ОТВОРАЈТЕ. | |
| ВНИМАНИЕ: ЗА ДА ГО НАМАЛИТЕ РИЗИКОТ ОД ЕЛЕКТРИЧЕН УДАР, НЕ ОТСТРАНУВАЈТЕ ГО КАПАКОТ (НИТУ ЗАДНАТА СТРАНА). ВО ВНАТРЕШНОСТА НЕМА ДЕЛОВИ КОИ МОЖЕ ДА СЕ ПОПРАВАТ ОД СТРАНА НА КОРИСНИКОТ. ПРЕПУШТЕТЕ ГО СЕРВИСИРАЊЕТО НА КВАЛИФИКУВАН ПЕРСОНАЛ. | |
![]() | Овој символ посочува дека во внатрешноста има висок напон. Опасное да доаѓате во каков било контакт со внатрешните делови на овој производ. |
![]() | Овој символ означува дека со овој производ се испорачува важна литература во врска со неговото функционирање и одржување. |
![]() | Производ од класа II: Овој символ означува дека не е потребно безбедносно заземјување. Ако овој символ не е присутен на производот со кабел за напојување, тогаш тој производ МОРА да биде приклучен во штекер со заземјување. |
![]() | АС напон: Номиналниот напон означен со ваков символ е наизменичен (АС) напон. |
![]() | DC напон: Номиналниот напон означен со ваков символ е еднонасочен (DC) напон. |
![]() | Внимание. Погледнете во инструкциите за користење: Овој символ му наложува на корисникот да погледне во прирачникот за користење за дополнителни информации поврзани со безбедноста. |
Напојување
- Не оптоварувајте ги сидните приклучоци за струја, продолжителните кабли или адаптерите со надминување на нивниот капацитет. Тоа може да предизвика пожар или електричен удар.
Погледнете го делот со спецификации за напојувањето од прирачникот и/или ознаката за напојување на производот за информации за напонот и амперажата. - Каблите за напојување треба да се постават на начин со кој ће се избегне нивното газење или приклештување со предмети кои се поставени врз или до нив. Обрнете посебно внимание на приклучоците на краевите од кабелот, сидните приклучоци за струја и местата на кои излегуваат од уредот.
- Никогаш не вметнувајте метални предмети во отворените делови на овој уред. Ова може да предизвика електричен удар.
- За да избегнете електричен удар, никогаш не допирајте ја внатрешноста на овој уред. Само квалификуван техничар смее да го отвора овој уред.
- Приключете го кабелот за напојување така што е цврсто поставен на своето место. Кога го исклучувате кабелот за напојување од сиден приклучок за струја, секогаш влечете за приклучокот на кабелот за напојување. Никогаш не исклучувајте го со влечење на самиот кабел. Не допирајте го кабелот за напојување со влажни раце.
- Ако овој уред не работи нормално - поточно, ако од него се слушаат невообичаени звуци или излегува некоја миризба - веднаш исключете го од напојување и обратете се кај овластениот продавач или во сервисен центар на Samsung.
- За да го заштитите овој апарат од удар од гром или за да го оставите без надзор и да не го користите долг временски период, извадете го кабелот од сидниот приклучок за струја и исключете ја антената или кабелскиот систем.
– Насобраниот прав може да предизвика електричен удар, истекување на струја или пожар, бидејки поради правот кабелот за напојување може да создаде искри и топлина или изолацијата може да ги изгуби своите својства.
- Користете само соодветно заземјени приклучоци и штекери.
– Неправилното заземјување може да предизвика електричен удар или оштетување на опремата. (само опрема од класа I.)
- За да го исключите целосно овој уред, извадете го неговиот кабел од сидниот штекер. За да можете брзо да го исключите кабелот за напојување на уредот доколку има таква потреба, овозможете лесен пристап до сидниот штекер и приклучокот за напојување.
Инсталирање
- Не го поставувајте овој уред во близина или над радијатор или грејни тела или, пак, на места каде што ће биде изложен на директна сончева светлина.
- Не поставувајте садови (вазни итн.) кои содржат вода врз овој уред, бидејки тоа може да предизвика пожар или електричен удар.
- Не изложувајте го уредот на дожд или влага.
- Обратете се во областен сервисен центар на Samsung за да добиете повеќе информации доколку планирате да го инсталирате телевизорот на место со многу прав, високи или ниски температури, голема влажност, хемиски супстанци или на места каде што ќе се користи во период од 24 часа како на аеродроми, железнички станици итн. Во спротивно може да предизвикате сериозни оштетувања на телевизорот.
- Не изложувајте го уредот на капки или прскање.
Монтирање на телевизорот на сид

Ако го монтирате овој телевизор на сид, тогаш придржувајте се строго до инструкциите што ги наведува производителот. Доколку не се монтира правилно, телевизорот може да излезе од лежиштето или да падне, а притоа да предизвика сериозни повреди кај деца или возрасни и сериозни оштетувања на телевизорот.
- За да го нарачате комплетот со сиден носач на Samsung, контактирајте со сервисниот центар на Samsung.
- Компанијата Samsung не е одговорна за оштетувањата на производот или повредите кај вас или другите лица, доколку изберете сами да го монтирате сидниот носач.
- Компанијата Samsung не одговара за оштетувањата на производот или личните повреди што може да настанат при употреба на сидни носачи кои не ги исполнуваат VESA стандардите или спецификациите за монтирање или во случаи кога корисникот не го следи упатството за инсталирање.
- Sидниот носач може да го инсталирате на цврст сид кој е поставен нормално на подот. Пред да го прицврстите сидниот носач на површини кои не се изработени од гипс картон, обратете се кај најблискиот продавач за да добиете дополнителни информации. Ако го поставите телевизорот на таван или сид кој е косо поставен, тој може да падне и да предизвика сериозни повреди.
- При монтирање на комплетот со сиден носач, ви препорачуваме да ги прицврстите сите четири VESA завртки.
- Ако сакате да инсталирате комплет со сиден носач што се монтира на сид само со две завртки на горниот дел, тогаш користете комплет со сиден носач од Samsung што поддржува ваков вид на инсталација. (Ваков вид на комплет со сиден носач може да не биде достапен за купување во зависност од географската област.)
- Не го монтирајте телевизорот со закосување над 15 степени.
- Стандардните димензии за сидните носачи се прикажани во табелата на Quick Setup Guide.

Не го монтирајте сидниот носач додека телевизорот е включен. Тоа може да предизвика лични повреди како последица на електричен удар.
- Не употребувајте завртки кои се подолги од стандартните димензии или не ги исполнуваат VESA стандартите за спецификација на завртки. Завртките кои се премногу долги можат да ја оштетат внатрешноста на вашиот телевизор.
- За сидните носачи кои не се во согласност со VESA стандардите за спецификација на завртките, должината на завртките може да се разликува во зависност од спецификациите на сидниот носач.
- Не прицврстувајте ги завртките премногу. На тој начин производот може да се оштети или, пак, да падне и да ве повреди. Компанијата Samsung нема да сноси одговорност за овој вид на несреći.
- За монтирање на телевизорот на сид секогаш се потребни две лица.
– За монтирање на телевизорите од 82 инчи или поголеми на сид се потребни четири лица.
Обезбедување на соодветна вентилација за вашиот телевизор
При инсталирање на вашиот телевизор, одржувајте растојание од најмалку 10 см помеѓу телевизорот и останатите објекти (сидови, страните на комодата итн.) за да овозможите соодветна вентилација. Доколку не одржувате соодветна вентилација, тоа може да предизвика пожар или проблем кај производот кој ке настане поради зголемување на неговата внатрешна температура.
- Ако за инсталацијата на телевизорот користите држач или сиден носач, строго ви препорачуваме да користите делови обезбедени само од компанијата Samsung. Користењето делови од друг производител може да предизвика неправилна работа на производот или може да дојде до повреда предизвикана од неисправност на уредот.
Мерка за безбедност

Внимание: Повлекувањето, туркањето или качувањето на телевизорот може да предизвика паѓање на телевизорот. Особено внимавајте вашите деца да не се држат за телевизорот и да не го дестабилизираат. Ова движење може да доведе до превртување на телевизорот, предизвикувајки сериозни повреди или смрт. Придржувајте се до сите безбедносни мерки кои се наведени во безбедносниот леток кој се испорачува со вашиот телевизор. За поголема стабилност и безбедност може да го купите и инсталирате системот што спречува паѓање на уредот, погледнете во „Мерки со кои їе спречите паѓање на телевизорот“.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Никогаш не го поставувајте телевизорот на нестабилно место. Телевизорот може да падне и да предизвика сериозни повреди или смрт. Многу повреди, особено кај децата, можат да се избегнат со преземање неколку едноставни мерки на претпазливост, како на пример:
Македонски - 3
- Секогаш користете комоди или масички или начини за поставување што ги препорачува Samsung.
- Секогаш користете мебел што може безбедно да го држи телевизорот.
- Секогаш проверувајте дали телевизорот виси на работ од мебелот на кој е поставен.
- Секогаш поучувајте ги децата за опасностите од качување врз мебелот за да го дофатат телевизорот или неговите копчиња.
- Секогаш поставувајте ги каблите поврзани во вашиот телевизор на начин на кој нема да можете да се сопнете од нив, да ги повлечете или истргнете.
- Никогаш не го поставувајте телевизорот на нестабилно место.
- Никогаш не поставувајте го телевизорот на висок мебел (на пример, ormани или полици) без да ги прицврстите и мебелот и телевизорот на соодветна подлога.
- Никогаш не поставувајте го телевизорот на ткаенини или други материјали што можат да се стават помеѓу телевизорот и мебелот на кој е поставен.
- Никогаш не поставувајте предмети, како што се играчки и далечински управувачи, кои може да ги предизвикаат децата да се качат врз телевизорот или мебелот на кој е поставен телевизорот.
При користење и преместување на телевизорот важат истите мерки на претпазливост наведени погоре.
- Ако треба да го преместите или да го подигнете телевизорот за да го замените или за да го чистите, внимавајте да не го извлечете држачот.
Мерки со кои їе спречите пагање на телевизорот

- Носачите треба добро да се прицврстат за сидот со помош на соодветни завртки. Проверете дали завртките се цврсто прикачени на сидот.
– Може да ви бидат потребни дополнителни материјали како сидни типли, во зависност од типот на сидот.
- Носачите треба добро да се прицврстат за телевизорот со помош на завртки со соодветна големина.
– За спецификации за завртките, погледнете го делот за стандардни завртки во табелата на Quick Setup Guide.
- Поврзете ги носачите прицврстени за телевизорот и носачите прицврстени на сидот со издржлива и цврста жица, а потоа силно прицврстете ја жицата.
– Поставете го телевизорот блиску до сидот за да не може да падне наназад.
– Поврзете ја жицата така што носачите прицврстени за сидот да се наоғаат на иста висина или пониско од носачите прицврстени за телевизорот.
Користење
- Овој уред користи батерии. Во вашата заедница можеби постојат еколошки регулативи според кои треба правилно да ги отстраните овие батерии. Ве молиме обратете се кај вашите локални власти за да добиете информации за отстранување или рециклирање.
- Галантеријата (далечински управувач, батерии итн.) треба да се складира на безбедно место кое не е на дофат на деца.
- Не го испуштајте или удирајте производот. Ако производот е оштетен, исключете го кабелот за напојување и обратете се во сервисен центар на Samsung.
- Не фрлајте ги далечинскиот управувач или батериите во орган.
- Не ги расклопувајте, прегревајте, или правете краток спој на батериите.
- ВНИМАНИЕ: Постои опасност од експлозија доколку батериите што сте ги користеле во далечинскиот управувач ги замените со батерии од погрешен вид. Заменете ги само со ист или еквивалентен вид.
- ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ - ЗА ДА СПРЕЧИТЕ ПОЈАВА НА ПОЖАР, СЕКОГАШ ЧУВАЛТЕ ГИ СВЕĆИТЕ И ДРУГИТЕ ИЗВОРИ НА ОТВОРЕН ОГАН ПОДАЛЕКУ ОД ОВОЈ ПРОИЗВОД.

Грижа за телевизорот
- За да го исчистите уредот, ислучете го кабелот за напојување од сидниот штекер и избришете го производот со мека и сува крпа. Не користете никакви хемикалии како восок, бензен, алкохол, разредувачи, инсектициди, освежувачи на воздух, лубриканти или детергенти. Овие хемикалии можат да го оштетат надворешниот изглед на телевизорот или да ги избришат испечатените ознаки на производот.
- Надворешниот дел и екранот на телевизорот може да се изгребат при чистење. Не заборавајте внимателно да го избришете надворешниот дел и екранот со мека крпа за да не направите гребнатини.
- Не прскајте вода или каква било течност директно на телевизорот. Секоја течност која ќе навлезе во производот може да предизвика неисправност, пожар или електричен удар.
01 Што има во пакетот?
Проверете дали следните елементи се испорачани со вашиот телевизор. Доколку некои елементи недостасуваат, обратете се до вашиот продавач.
• Далечинска контрола на Samsung Smart
- Прирачник за користење
• Адаптер за CI картичка
- Картичка за гаранција / водич со регулативи (не е достапен во некои локации)
- Кабел за напојување на телевизорот
- Бојата и обликот на предметите може да се разликуваат во зависност од моделите.
- Каблите кои не се испорачуваат можат да се купат одделно.
- Проверете дали има скриена галантерија зад или во пакувањето кога ће ја отворите кутијата.

Предупредување: Екраните може да се оштетат од директен притисок, при неправилно ракување со нив. Ви препорачуваме да го подигнете телевизорот за рабовите, како што е прикажано. За повеće информации за ракувањето со овој производ, погледнете во Quick Setup Guide што се испорачува со него.

02 Почетно поставување
Кога за прв пат ќе го включите вашиот телевизор, тој веднаш ќе го активира почетното поставување. Следете ги инструкциите што се прикажуваат на екранот и конфигурирајте ги основните поставки на телевизорот според опкружувањето во кое го користите.
Включете го телевизорот со помош на копчето ТВ-контролор на долната страна на телевизорот, а потоа користете ја функцијата Мени за контрола. Функцијата Мени за контрола се појавува кога Ѽе го притиснете копчето ТВ-контролор кога телевизорот е включен.
- Екранот може да се затемни доколку не ја отстраните заштитната фолија на логото SAMSUNG или на долната страна на телевизорот. Ве молиме отстранете ја заштитната фолија.

В ТВ-контролор копче / Сензор за далечински управувач / Прекинувач за микрофон
Како да го включите и исключите микрофонот
Тип А

Тип Б

Включено Иек
Включено Иек
Микрофонот може да се вклучи или исклучи со помош на прекинувачот што е поставен на долната страна на телевизорот. Ако микрофонот е исключен, сите функции за говор и звук што го користат микрофонот нема да бидат достапни.
- Функцијава е поддржана само во серијата Q7*B/Q8*B/QN8*B/QN9*B.
- Положбата и формата на прекинувачот за микрофонот може да бидат различни во зависност од моделот.
- Податоците од микрофонот што се користат за анализа не се зачувуваат.
03 Решавање на проблеми и одржување
Решавање на проблеми
За повеке информации, погледнете во "Решавање на проблеми" или "Често поставувани прашања" во е-Manual.
≡ Мени> ⚙️ Поставување > Поддршка > Отвори e-Manual
Решавање на проблеми или Често поставувани прашања Ако советите за решавање на проблеми не помагаат, посетете ja „www.samsung.com“ и кликнете на Поддршка или контактирајте со сервисниот центар на Samsung.
- Овој TFT LED екран се состоит од подпиксели за чие создавање е потребна софистицирана технологија. На екранот, сепак, може да се појават неколку светли или темни пиксели. Овие пиксели нема да имаат никакво влијание врз перформансите на уредот.
- За да го доведете вашиот телевизор во оптимална состојба, надградете го со најновиот софтвер. Искористете ја функцијата Ажурирај сега или функциите Автоматско ажурирање на менито на телевизорот ( meaning > Мени > Поставување > Поддршка > Ажурирање на софтверот > Ажурирај сега или Автоматско ажурирање).
Телевизорот не може да се вклучи.
- Проверете дали кабелот за напојување е добро прилучен во телевизорот и во сидната приклучница.
- Проверете дали сидниот приклучок за напојување функционира и дали сензорот за далечинскиот управувач на долната страна на телевизорот е включен и свети непрекинато во црвена боја.
- Обидете се да го притиснете копчето ТВ-контрolor на долната страна на телевизорот за да проверите дали има проблем со далечинскиот управувач. Доколку телевизорот се вклучи, погледнете го делот „Далечинскиот управувач не функционира“.
Далечинскиот управувач не функционира.
- Проверете дали трепка сензорот на далечинскиот управувач на долната страна на телевизорот кога го притискате копчето 📋 на далечинскиот управувач.
– Кога батеријата на далечинското ће се испразни, полнете ја батеријата со користење на УСБ-приклучокот (С-тип) за полнење или завртете го далечинскиот управувач за да ја изложите соларната ѕелија на светлина. - Обидете се да го насочите далечинскиот управувач директно кон телевизорот на оддалеченост од 1,5-1,8 m.
- Ако вашиот телевизор ви бил испорачан со Далечинска контрола на Samsung Smart (далечински управувач со Bluetooth), прво треба да го впарите далечинскиот управувач со телевизорот. За да спарите Далечинска контрола на Samsung Smart, притиснете ги копчињата
и заедно 3 секунди.
Еко сензор и осветленост на екранот
Функцијата Еко сензор автоматски ја прилагодува осветленоста на телевизорот. Оваа функција ја мери светлината во вашата соба и автоматски ја оптимизира осветленоста на телевизорот за да ја намали потрошувачката на енергија. Ако сакате да ја исключите оваа опција, одете во
≡ Мени >Поставување >Сите поставки >Општо и приватност >Заштеда на струја и енергија >Оптимизација на интензитет.
- Еко сензорот се наога на долната страна на телевизорот. Не го блокирајте сензорот со какви било предмети. Ова може да предизвика намалување на осветленоста на сликата.
04 Спецификации и други информации
Спецификации
Резолуција на екранот
3840×2160
Звук (излез)
Серија BU8/Q6*B/Q7*B: 20 W
Серија Q8*B (50"): 40 W
Температура на чување
-20 °C до 45 °C (-4 °F до 113 °F)
Влажност на чување
- Овој уред е дигитален апарат од класа Б.
- За повеće информации во врска со напојувањето и потрошувачката на енергија, погледнете ги информациите на налепницата залепена на производот.
– Кај повекето модели етикетата е закачена на задната страна на телевизорот. (Кај некои модели етикетата е во капакот за приклучоци.)
- Типичната потрошувачка на енергија се мери според IEC 62087.
- За да приключите LAN-кабел, користете кабел CAT 7 (*тип STP) за поврзувањето. (100/10 Mbps)
- Сликите и спецификациите на Quick Setup Guide може да се разликуваат од вистинскиот производ.
- Можно е да ви наплатат дополнительно во следните ситуации:
(a) Ако повикате инженер, но не е пронајден дефект на производот (т.е., во случај кога не сте го прочитале прирачникот за користење).
(b) Ако го однесете уредот во сервисниот центар на Samsung, каде што ќе се утврди дека нема дефект на производот (т.е., во случај кога не сте го прочитале прирачникот за користење).
- Пред да ве посети техничкото лице, їе бидете известени за сумата на административните трошоци.
- Броевите и сликите од овој прирачник за користење служат само како референца и може да се разликуваат од вистинскиот приказ на производот. Дизајнот и спецификациите на производот може да се променат без претходно известување.
После поправката од страна на неовластен сервис, само- поправка или непрофесионална поправка на производот, Samsung не е одговорен за каква било штета на производот, за каква било повреда или за кое било друго прашање во врска со безбедност на производот предизвикано од обид за поправка при што не се следени внимателно овие упатства за поправка и одржување. Секое оштетување на производот предизвикано од обид да се поправи производот од кое било друго лице, освен овластени сервисни центри на Samsung, нема да бидат опфатени со гаранцијата.
Посетете ja samsung.com/support за да пронајдете понатамошни информации за надворешниот адаптер за напојување и далечинскиот управувач во врска со Директивата на ЕУ Екодизајн - регулатива ЕРП
Намалување на потрошувачката на енергија
Koga će го ислучите телевизорот, тој преминува во режим на подготвеност. Кога е во режим на подготвеност, продолжува да троши мало количество на енергија. За да ја намалите потрошувачката на енергија, исключете го кабелот за напојување кога не планирате да го користите телевизорот подолг временски период.
Лиценци
Dolby Audio
POWERED BY
QUICKSET®
rovi guide
Samsung изјавува дека оваа радио опрема е во сообразност со Директивата 2014/53/EУ и соодветните законски барања на Обединетото Кралство.
Целосниот текст на изјавата за сообразност е достатна на следнава интернет-адреса:
http://www.samsung.com, одете во делот за Поддршка и внесете го името на моделот.
Оваа опрема може да се употребува во сите држави на ЕУ и во Обединетото Кралство.
Функцијата за 5 GHz WLAN(Wi-Fi) на оваа опрема може да се користи само во затворени простории.
Правилно отстранување на овој производ (отстранување на електрична & електронска опрема)
(Применливо во држави со посебни системи за справување со отпадот)
Оваа ознака на производот, галантеријата или литературата посочува дека производот и неговата електронска дополнителна опрема (на пр. полнач, слушалки со микрофон, USB кабел) не треба да се отстранат заедно со останатиот отпад од домакинството на крајот од работниот век. За да се спречи можна штета врз околината или човечкото здравје од неконтролирано отстранување на отпад, ве молиме одделете ги овие предмети од другите видови на отпад и рециклирајте ги за да промовирате повторно користење на материјалите. Физичките лица можат да се обратат или во продавницата каде што го купиле овој производ или во службите на локалната самоуправа, за детали каде и како да извршат рециклирање на производот на начин безбеден по околината.
Деловните корисници треба да се обратат до својот набавувач и да ги проверат условите и одредбите од договорот за купување. Овој производ и неговата електронска дополнителна опрема не треба да се отстранува заедно со другите комерцијални видови на отпад.
Отстранување на батеријата
- За да ја отстраните батеријата, контактирајте со овластен сервисен центар. За да добиете упатства за отстранување на батеријата, Ве молиме посетете ja www.samsung.com/global/ecodesign_energy.
- За Ваша безбедност, не обидувајте се да ја отстраните батеријата. Ако батеријата не е соодветно отстранета, тоа може да доведе до оштетување на батеријата и уредот, да предизвика лична повреда, и/или да резултира со намалена безбедност на уредот.

Правилно отстранување на батериите од овој производ
(Применливо во држави со посебни системи за справување со отпадот)
Ознаката на батеријата, упатството или пакувањето укажува дека батеријата во овој производ не треба да се фрла заедно со останатиот отпад од домајинството. Каде што се означени, хемиските символи Hg, Cd или Pb означуваат дека батеријата содржи жива, кадмиум или олово над препорачаното ниво во Директивата 2006/66/EC.
Батеријата која е составен дел од овој производ не може да биде заменета од корисникот. За информации за нејзина замена, Ве молиме обратете се до Вашиот сервисен центар. Не обидувајте се да ја отстраните батеријата или да ја фрлите во орган. Не расклопувајте ја, не кршете ја или не дупчете ја батеријата. Ако сакате да се ослободите од производот, местото за собирање отпад ће ги преземе неопходните мерки за рециклирање и третман на производот, вклучувајки ја и батеријата.
Оваа страница е намерно оставена празна.





