Vivax VS-1101 - Вакуум машина

VS-1101 - Вакуум машина Vivax - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот VS-1101 Vivax во PDF формат.

📄 116 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање 9 прашања ⚙️ Спецификации
Notice Vivax VS-1101 - page 43
Погледни прирачник : English EN Македонски MK Shqip SQ
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.
Тип на производ Вакуумски затворач
Бренд Vivax
Модел VS-1101
Напојување 220-240V ~ 50Hz, 110W
Димензии (Д x Ш x В) 39 x 16 x 8.5 cm
Тежина 1.9 kg
Вакуум притисок -21 inHg (-711 mBar)
Функции Вакуум и затворање, Само затворање, Приклучок за додатоци за контејнери
Должина на заптивна лента Приближно 30 cm
Компатибилност со кеси Претходно исечени кеси и ролни кеси за вакуумско затворање
Компатибилност со контејнери Вакуумски контејнери со црево за додатоци
Индикаторски светла Зелено (подготвено), Црвено (вакуумирање), Портокалово (затворање)
Безбедносни карактеристики Автоматско исклучување, заштита од преоптоварување (одмор по 10 циклуси)
Одржување Исклучете од струја пред чистење; избришете со влажна крпа; отстранлив прстен на комората за течни остатоци
Материјал на куќиштето Пластика (бела со црни акценти)
Вклучени додатоци Црево за додатоци, вакуумски контејнер (ако е вклучен во пакетот), упатство за употреба
Сертификации Усогласено со CE (EMC и Директива за низок напон)
Гаранција 12 месеци за мали домашни апарати (може да варира по регион)
Наменета употреба Чување храна и организација на домаќинството

Frequently Asked Questions - VS-1101 Vivax

Што треба да направам ако вакуумскиот затворач не се вклучува?
Зошто машината не влече целосен вакуум на кесите?
Осигурајте се дека отворениот крај на кесата е правилно поставен во рамките на заптивната лента и прстенот на комората. Кесата мора да биде без брчки и нечистотии. Ако користите кеса од ролна, проверете дали првото затворање е целосно. Исчистете ја заптивната шипка и површината на кесата ако е потребно.
Како можам да спречам губење на затворањето на вакуумските кеси по пакувањето?
Острите предмети можат да ги пробијат кесите. Заштитете ги острите рабови со хартиени крпи пред затворање. Некои овошја и зеленчуци испуштаат гасови ако не се правилно бланширани или замрзнати. Ако се сомневате дека храната се расипала, фрлете ја. Секогаш проверувајте го затворањето; доброто затворање треба да изгледа чисто.
Може ли да користам какви било кеси со VS-1101?
За најдобри резултати, користете само вакуумски кеси и контејнери дизајнирани за вакуумско пакување. Претходно исечените кеси и кесите од ролна се компатибилни. Избегнувајте користење обични пластични кеси бидејќи може да не се затворат правилно.
Како да вакуумски затворам со контејнери?
Ставете ја храната во контејнерот, осигурувајќи се дека капакот е сув и чист. Прикачете го цревото за додатоци на портот на машината и на капакот на контејнерот. Свртете го копчето на капакот во положба 'вакуум'. Притиснете 'Вакуум и затворање' и почекајте процесот да заврши. Потоа свртете го копчето на 'заклучување' и отстранете го цревото.
Дали е безбедно да се вакуум пакува лук или печурки?
Не, никогаш не пакувајте вакуумски лук или печурки. Отстранувањето на воздухот може да предизвика опасна хемиска реакција што ги прави небезбедни за јадење. Исто така, не пакувајте вакуумски сурови печурки или лук.
Како треба да го чистам и одржувам вакуумскиот затворач?
Исклучете ја машината од струја пред чистење. Избришете го надворешниот и внатрешниот дел со влажна крпа и благ сапун. Прстенот на комората е отстранлив за чистење на евентуално протечени течности. Не потопувајте ја машината или кабелот во вода.
Што значи индикаторското светло?
Зелено светло: машината е подготвена. Црвено светло: вакуумирање во тек. Портокалово светло: затворање во тек. По затворањето, светлото се враќа на зелено. Во режим на заштита, светлото може да трепка или да остане вклучено; оставете ја машината да одмори најмалку 2 минути.
Може ли повторно да користам вакуумски кеси?
Да, вакуумските кеси се за повторна употреба, за варење и за микробранова печка. Меѓутоа, не користете повторно кеси што биле користени за сурова риба или мрсна храна, или кеси што биле варени или загревани во микробранова. Секогаш измијте ги и исушете ги темелно пред повторна употреба.
Што треба да направам ако машината влезе во заштитен режим?
Машината има вградена заштитна функција по 10 последователни циклуси ако вкупното време на неработење е помало од 135 секунди. Ако индикаторското светло покажува режим на заштита, исклучете ја машината од струја и оставете ја да одмори најмалку 2 минути пред повторна употреба. Ова спречува прегревање.

Прашања на корисниците за VS-1101 Vivax

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот Вакуум машина во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник VS-1101 - Vivax и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. VS-1101 на марката Vivax.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК VS-1101 Vivax

Упатство за употреба

Vivax VS-1101 - 1

Ви благодариме што го купивте овој уред за вакуумирање. Со купувањето на овој ured за вакуумирање внесувате револуција во Вашиот дом.

Со помош на уредот за вакуумирање ће може да ја одржувате Вашата храна свежа, подолго во фрижидер, замрзнувач или во оставата. Уредот за вакуумирање VS-110 ефикасно го отстранува воздухот и ја продолжува свежината на продуктите дури за петпати подолго отколку кога ја чуваме на стандарден начин. Покрај тоа, уредот за вакуумирање може да го користите за подобро чување и организација на домаќинството, при што мислиме на спомените, малите играчки и работите кои лесно се губат.

Користејки ги кесичките за вакуумирање и садовите за вакуумирање можете значително да го продолжите рокот на траење на храната, да го зачувате квалитетот на продуктите, да ја намалите работата на замрзнувачот и да го намалите фрлањето на храната, а со тоа и трошоците.

Изгледот на уредот за вакуумирање го одликува едноставен и компактен дизајн. Има единствен дизајн кој овозможува – и едноставно пакување во патна торба и секој пат воодушевува. За да ги има само најдобрите характеристики, уредот е составен од квалитетни компоненти кои поминале најригорозни испитувања.

Ве молиме внимателно прочитајте ги и следете ги упатствата при ракување со уредот за вакуумирање за да го продолжите неговиот работен век и за да ги избегнете трошоците и проблемите настанати од неправилното ракување со уредот.

Содржина

Вакуумирање и чување на храната....3

Карактеристики на уредот за вакуумирање....5

Безбедност и ракување со уредот....6

Упатство за употреба 7-8

Пакување со помош на кесичките за вакуумирање....8

Пакување во садовите за вакуумирање 11

Информации за чување и одржување на храната....13

Совети за вакуумско пакување 15

Отстранување проблеми.... 16

Вакуумирање и чување на храната

Пакувањето со вакуумирање го продолжува траењето на храната на тој начин што се отстранува сиот воздух од амбалажата во која се чува храната и воедно го спречува влегувањето на воздухот во затворената амбалажа, а со тоа се намалува и оксидацијата. Вакуумирањето го подобрува чувањето на вкусот и воопшто на квалитетот. Исто така, го спречува развојот на микроорганизмите кои може да имаат негативно влијание во следните услови:

Мувла – Мувлата не може да се развие во околина со малку кислород; од таа причина уредот за вакуумирање

Квасец – Резултат на ферментацијата кој може да го препознаеме со помош на мирисот и вкусот. Квасецот бара вода, шекер и одредена температура кои му овозможуваат да се шири. Ладењето го забавува неговиот раст, додека замрзнувањето целосно го запира.

Бактерии – Резултираат со лигави, меки текстури со специфична боја и непријатен мирис. Во соодветни услови, Clostridium botulinum (организмот кој предизвикува Ботулизам) може да расте и без воздух и не може да се открие преку мирисот или вкусот. Иако е многу ретка, оваа бактерија може да биде многу опасна.

За безбедно чување на храната важно е одржувањето на ниската температура. Растењето на микроорганизмите може значително да се намали при температури од 4 ° С или пониски. Замрзнувањето на -17 ° С не ги убива микроорганизмите, но го запира нивниот развој. При складирање на храната на подолго време, продуктите кои се спакувани со вакуум, а кои се расипуваат секогаш треба да се замрзнат.

Важно е да се напомене дека пакувањето со вакуум не може да го преврти редоследот на расипување на храната. Тоа може да ги забави промените на квалитетот. Тешко е да се предвиди колку долго храната їе го задржи врвниот

вкус, изглед или текстура, бидејки тоа зависи од староста и состојбата на храната на денот кога е извршено вакуумирањето.

Забелешка: пакувањето со вакуум не е замена за ладењето или замрзнувањето.

Сите продукти кои се расипуваат и на кои им треба ладење и натаму мора да се чуваат во фрижидер или да се замрзнат после вакуумирањето.

Зеленчукот треба да се бланишира пред пакувањето со вакуум. Овој процес го запира делувањето на ензимите кои кое доведува до загуба ва вкусот, бојата и текстурата. Кога бланширате зеленчук, ставете го во зовриена вода или во микробранова печка сё дури не се свари, но при тоа да ја зачува својата свежина. Потоа зеленчукот исушете го со крпа. Потоа следува вакуумирањето.

Зеленчукот како брокула, клици, зелка, карфиол, кель, репка, секако испушта гасови за време на чувањето. Затоа по бланширањето мора да се чува само во замрзнувач.

Карактеристики на уредот за вакуумирање
Индикаторско светло Приключок за дополнителна опрема "Запечати сега" "Vacuum & Seal" (Вакуумирање и запечатување)

Линија за запечатување Преграда за волната Заклучување

Технички информации

Мо́кност: 110W 220-240V 50Hz

Заради својата безбедност Ве молиме почитувајте ги следните мерки на претпазливост при употреба на уредот за вакуумирање:

  • Внимателно прочитајте го Упатството за употреба и кусите упатства за употреба пред првата употреба на уредот.
  • Не користете го уредот за вакуумирање на влажни и врели површини нити блиску до извор на топлина.
  • Кабелот за напојување не го потопувајте во вода нити во било каква друга течност.
  • Приклучникот на уредот за вакуумирање включете го само во заземјен штекер и не користете продолжен кабел.
  • За да го исключите уредот, исключете го директно од изворот на напојување. Не ислучувајте со со тегнење на кабелот.
  • Не го користете уредот доколку има оштетен струен кабел.
  • Уредот за вакуумирање користете го само за она за што е наменет.
  • Користете ги само соодветното пакување, додатоците и прилозите.

Ракување

  • Пред чистење исключете го уредот.
  • Правилно чистете го уредот со влажна крпа и со нежни средства за чистење за да се отстранат трошките, прашината и остатоците.

- Прегрдатата за ролната може да се отстрани за да се овозможи чистење на течноста која може да истече од кесичките за вакуумирање за време на вакуумирањето.

Упатство за употреба

Подготовка на уредот

  • Прочитајте ги сите упатства пред употреба на уредот за вакуумирање.
  • Включете го уредот за вакуумирање во заземјен штекер.
  • Уредот за вакуумирање автоматски почнува да работи откако ће се вклучи во струја, а индикатроското светло почнува да свети зелено.
  • Уредот за вакуумирање е подготвен за употреба.

Користење на функцијата "Vacuum & Seal" (Вакуумирај и запечати)

  1. Изберете кесичка за вакуумирање со соодветна големина и ставете го во на производот кој сакате да го вакуумирате.
  2. Оставете најмалку 3-4 см слободно место на горниот дел на кесичката за да

овозможите квалитетно и успешно лепење.

  1. Ставете го отворениот крај на кесичката во уредот преку линијата за прицврстување, во делот на преградата за ролната.

  2. Затворете го капакот.

  3. Додека со палците го прицврстувате капакот, со показалците притиснете ги бравичките од двете страни на уредот и заклучете го.

Vivax VS-1101 - Користење на функцијата "Vacuum & Seal" (Вакуумирај и запечати) - 1

  1. Притиснете го копчето "Vacuum & Seal" (вакуумирај и запечати).
  2. Индикаторското светло єе засвети црвено.
  3. Пумпата за вакуумирање će почне да работи и да го вшмукува воздукот, а капакот će ја запечати/завари кесичката (će има звучен сигнал дека постапката е готова и дека може да го кренеме капакот).
  4. Сензорот на фазата на вакуумирање знае кога се постигнува задоволително ниво на вакуумирање и автоматски преминува во мод на запечатување односно лепење на кесичката.
  5. Додека уредот е во мод на запечатување на кесичката, индикаторското светло е портокалово. Уредот започнува со постапката на запечатување на кесичката, пумпата за вакуумирање престанува со работа, нема звук, индикаторското светло ја менува бојата во портокалово.
  6. Во моментот кога запечатувањето односно заварувањето на кесичката е завршено, капакот малку єе се поткрене и индикаторското светло станува зелено.
  7. Извадете ја врејичката и проверете ја кесичката и запечатеното место на кесичката.

(ЗАБЕЛЕШКА: Успешното запечатување на кесичката изгледа мазно. Доколку местото на кое кесичката е запечатена е полно со точки, ако запечатувањето е нецелосно, набрано, со бела или млечно бела боја, отстранете го запечатениот дел и започнете го целиот процес отпочеток).

  1. Правилно складирајте ја кесичката. Сета храна која се расипува треба да се стави во фрижидер или треба да се замрзне за да се избегне расипување.

  2. За да го прекинете процесот на вакуумирање треба уште еднаш да го притиснете копчето "Vacuum & Seal". Уредот автоматски їе премине во мод на запечатување. По завршувањето, извадете го запечатениот дел и почнете одново.

Употреба на функцијата "Seal Now" (Запечати сега)

  1. Ставете го отворениот дел од кесичката преку делот за запечатување, во делот на преградата за ролната.

  2. Затворете го капакот.

  3. Додека со палците го притискате капакот, со показалците притиснете ги бравичките од двете страни на уредот и заклучете го капакот.
  4. Притиснете го копчето "Seal Now" (Запечати сега).
  5. Уредот ке почне со запечатување; пумпата за вакуумирање престанува со работа, нема звук, индикаторското светло свети портокалово. Кога запечатувањето е готово, уредот ке почне со вакуумирање на две секунди за да го направи процесот на вакуумирање уште подобар, индикаторското светло свети црвено.
  6. Капакот малку ке се отвори и че светне зелено светло.
  7. Постапката на запечатување е завршена.
  8. Извадете ја кесичката и проверете го запечатениот дел.

(ЗАБЕЛЕШКА: Успешното запечатување на кесичката изгледа мазно. Доколку местото на кое кесичката е запечатена е полно со точки, ако запечатувањето е нецелосно, набрано, со бела или млечно бела боја, отстранете го запечатениот дел и започнете го целиот процес отпочеток.)

Пакување во кесички за вакуумирање

Следете ги упатствата наведени во продолжение при вакуумирањето на храната и другите артикли во кесички наменети за тоа или во најлон во ролна. За најдобри резултати се препорачува користење на кесички за вакуумирање или употреба на садови наменети за тоа.

Кесички наменети за вакуумирање

Изберете кесичка со соодветна големина за производот кој сакате да го спакувате. Кесичките ги има во три големини, мала, средна и голема. Сметајте на тоа дека треба да оставите 3-4 ст простор за лепење на кесичката.

Кесички во ролна

Пред сечење на врејичка која одговара на големината на производот кој се пакува, треба да се запечати еден дел од кесичката следејки ги упатствата од

делот „Запечати сега”. Откако едниот крај е запечатен, определете ја големината на кесичката која одговара на производот кој имате намера да го пакувате, сметајки на тоа дека треба да има 3-4cm слободен простор за запечатување на кесичката во ролна. Ставете го производот во кесичката и следете ги инструкциите од делот „Вакуумирај и запечати”.

Насоки за кесичките

  • Пакувајте што е можно посвежа храна. Уредот за вакуумирање Ви овозможува да ја продолжите свежината на храната дури за петпати под услов храната да ја складирета соодветно.
  • Деликатната храна, влажната храна и храната која бара задржување на обликот треба претходно да се замрзне. Храната како месо, зрнеста храна и леб може да биде замрзната до 24 часа – без да ј се наштети. Кога храната ќе добие цврста форма, подготвена е за вакуумирање.
  • Доколку пакувате свежо месо без претходно да го замрзнете, ставете свиткан хартиен бришач меѓу месото и крајот на кесичката. Хартиениот бришач їе ја впие влагата.
  • Доколку сакате да вакуумирате течни продукти, како супа, варива и сл., претходно замрзнете ги во сад или во сад за правење мраз. Вака замрзнатата и вакуумирана храна без никаков проблем їе биде сместена во Вашиот замрзнувач.
  • За продукти со остри места или рабови (коски, тестенини, ориз) ивиците обложете ги со хартиени бришачи за да го спречите пукањето на кесичката.
  • Кесичките за вакуумирање се наменети за повекекратна употреба, може да се варат, а меѓу другото пропуштаат и микробранови. Не препорачуваме повторна употреба на кесичките доколку се вареле заедно со продуктите кои се ставени во нив или доколку продуктите ставени во нив биле загревани во микробранова печка.
  • Зеленчукот мора да се бланишира пред пакување. Ставете го во зовриена вода или во микробранова печка за врелината да помине низ продуктите, но

истовремено треба да останат свежи ('рскави). Извакуумирајте на вообичаениот начин.

**Никогаш не вакуумирајте печурки или лук.**

Пакување во садови за вакуумирање

Вашиот уред за вакуумирање е наменет и за вакуумирање продукти во садови кои се посебно дизајнирани за вакуумирање. Копчето одгоре на капакот го контролира вакуумирањето, го затвора и го запечатува отворот, кој е сместен на капакот, а воедно овозможува низ истиот отвор да се врати воздух во садот и да се овозможи вадење на капакот од садот и да се пристапи до содржината сместена во него.

  • Ставете го производот кој сакате да го вакуумирате во садот. Капакот мора да е сув и на него да нема остатоци од храна и да не е оштетен. Не го преполнувајте садот!
  • Ставете го капакот на садот. ** Капакот мора добро да се смести на работ на садот пред да почне постапката на вакуумирање. ** Завртете го копчето така што стрелката да гледа кон ознаката „vacuum”.
  • Приключете го цревото, кое се наога со садот и кое е прилучено на капакот, на капакот од уредот за вакуумирање.
  • Започнете го процесот на вакуумирање и запечатување ("vacuum and seal")
  • Кога процесот е завршен, извадете го цревото од капакот на садот во која сте го ставиле производот и свртете го копчето горе на садот така што да е свртено кон ознаката Заклучено ("lock"). Таквиот сад чувајте го во фрижидер.

Vivax VS-1101 - Пакување во садови за вакуумирање - 1

- За да го отворите вакуумираниот сад, свртете го копчето кон ознаката “open”. Со правилна употреба, Вашиот сад за вакуумирање може да се употребува многупати.

Насоки за садовите за вакуумирање

  • За вакуумирање користете само садови кои се наменети за тоа. Садовите кои не се наменети за вакуумирање може да прснат под влијание на притисокот предизвикан од отстранувањето на воздухот од нив.
  • Течните продукти изладете ги во фрижидер пред да ги вакуумирате.
  • Капакот на садот мијте го рачно. Не го мијте во машина за садови. Самиот сад (без капакот) може да го миете во машина за садови.
  • Доколку течноста која ја вакуумирате навлезе во цревото со кое се вади воздухот од садот, измијте го цревото со топла вода. При плакнење на цревото тоа не смее да биде приключено на уредот.
  • Брашнестата и зрнестата храна покријте ја со хартиен бришач пред да почнете со вакуумирање за да спречите преку цревото да дојде до самиот уред за вакуумирање.
  • Вакуумирањето не се користи место конзервирање и не е замена за конзерванс. Храната која може да се расипе мора дополнително да се лади или

да се замрзне.

Vivax VS-1101 - Насоки за садовите за вакуумирање - 1

Совети за безбедна употреба

* Врелата храна треба задолжително да се излади пред вакуумирање. Во спротивно може да го намали ефектот од вакуумирањето.
* Заради различниот воздушен притисок, капакот треба да се извади од садот доколку сакате да го ставите садот со содржината во микробранова печка.
* Доколку го ставате садот со содржината (при што сте го извадиле капакот од садот и сте го тргнале на страна) во микробранова печка, наместете ја микробрановата печка на нормално подгревање или на одмрзнување.

Препорачаната максимальна температура е 100°C

* Доколку го миете садот за вакуумирање (при што сте го извадиле капакот од садот и сте го тргнале на страна) во машина на садови, препорачаната максимальна температура е 100°C
* Не се препорачува миење на капакот на садот за вакуумирање во машина на садови.
* Најниската температура на замрзнување би требало да биде -18°C.
* Премногу ниска температура (пониска од -18°C) или премногу висока температура (повисока од 100°C) ќе резултира со намалување на притисокот во садот во кој сте го ставиле продуктот или пак со растопување.

Информации за чување и за одржување на храната

Уредот за вакуумирање претставува вистинска револуција во секојдневното купување и подготвување на храната. Бидејки уредот за вакуумирање е наменет за да се спречи оштетување и да се забави процесот на расипување на храната, со самото тоа сте во предност бидејки може да купувате храна во поголеми пакувања без да се мислите за фрлањето на вишокот храна. Со вакуумирањето со помош на уредот за вакуумирање отстранувате до 90% од

воздухот од самото пакување. Со таа постапка ја продолжувате свежината на храната до петпати подолго отколку да ја чувате храната во нормални и секојдневни услови. Сувата храна, како тестенини, житарки и брашно останува сосема свежа од почеток до крај. Покрај сето тоа, на тој начин ги чувате тие продукти од разни инсекти кои ги напағаат овој тип производи. По можност пакувајте што посвежа храна.

Во секој случај, имајте во предвид дека не може да се вакуумираат сите продукти и на тој начин да им се продолжи векот на употреба. Никогаш не вакуумирајте производи како печурки и лук. Опасната хемиска реакција до кој доаға доколку ги вакуумирате овие два продукта резултира со тоа што истите продукти стануваат опасни за конзумирање. Зеленчукот би требало да се избланшира пред пакување, за да се уништат ензимите кои може да предизвикаат расипување по вакуумирањето.

ХранаЧувањевакуумирана хранаво замрзнувачЧувањевакуумирана хранаво фрижидерОбично чување
Свежш говедскои телешко1-3 години1 месец1-2 седмици
Мелено месо1 година1 месец1-2 седмици
Свежо свинско2-3 години2-4 седмици1 седмица
Свежа риба2 години2 седмици3-4 дена
Свежа живина2-3 години2-4 седмици1 седмица
Чадено месо3 години6-12 седмици2-4 седмици
Свежи ибланширанипроизводи2-3 години2-4 седмици2 седмици
Свежо овошје2-3 години2 седмици3-4 дена
Тврдо сирење6 месеци6-12 седмици2-4 дена
Сечено месоНе се препорачува6-12 седмици1-2 седмици
Свежа тестенина6 месеци2-3 седмици1 седмица

Совети за вакуумско пакување

Вакуумското пакување во голема мера го продолжува траењето на храната, но уредот за вакуумирање може да се користи и за друга намена, освен за во кујна.

Вакуумското пакување е одлично за кампување или за активности на отворено!

  • За брза и повеќекратна употреба на пакувањата за мраз, наполнете ја кесичката до пола со вода и ставете неколку лажички алкохол. Запечатете ја вреќичката -не ја вакуумирајте- и ставете ја во замрзнувач. Алкохолот го спречува целосното замрзнување на водата и ја зголемува еластичноста на пакувањето правејći го поотпорно на оштетувања.
  • Претходно зготвеното месо за кампување вакуумирајте го, за да овозможите брза и едноставна вечера на отворено.
  • Вакуумирајте месо и други производи кои не се наменети за чување.
  • Направете си сопствен сув пакет на потребни работи за итен случај, како што се кибрит, суви чорапи и карта.

Дома

- Организирајте ги 'junk' фиоките на начин што во кесичките за вакуумирање єе ставите работи кои лесно се губат, како што се шрафови и шајки. На тој начин работите єе бидат лесно видливи и организирани во кесичките.

- Не грижете се повеće за полирање на среброто! Чувањето на среброто во кесички за вакуумирањеја спречува оксидацијата која предизвикува потемнување на среброто.

** Забелешка: ставите хартиен бришач меѓу острите рабови на сребрените предмети кои ги пакувате за да спречите пробивање на кесите.

Отстранување проблеми

Во нормални околности уредот за вакуумирање ће ве воодушеви со своите врвни характеристики. Во некои случаи може да се јави проблем. Молиме прочитајте ги советите дадени во продолжение пред да повикате сервис.

Забелешка: За да се заштити уредот за вакуумирање, оставивме најмалку 4 секунди (пауза) меѓу секое запечатување на кесичка. Доколку загревате и запечатувате десетпати по ред, ако вкупното неработно време на уредот е помало од 135 секунди, уредот Ѽе влезе во заштитен мод (начин на работа), индикаторското светло Ѽе се исклучи, уредот Ѽе престане со работа на најмалку две минути. После тоа индикаторското светло се враćа во нормала, а уредот може да продолжи со работа.

Уредот за вакуумирање не сака да се вклучи

  • Проверете дали уредот е правилно приклучен во заземјен штекер
  • Проверете дали струјниот кабел е влажен. Не користете оштетен струен кабел.

Уредот за вакуумирање не прави целосно вакуумирање на кесичката

- за правилно вакуумирање и запечатување рабовите на кесичката мора да бидат во линијата за запечатување. Бидете сигурни дека кесичката се наоға во преградата за ролна и дека на кесичката нема набори.

- доколку употребувате кесички за вакуумирање од ролна, обезбедете претходно да биде извршено вакуумирање и проверете да нема простор на самото место каде што кесичката е лепена.

- Уредот за вакуумирање и кесичката за вакуумирање мора да бидат чисти, суви и без трошки за постапката на вакуумирање да биде успешна.

Избришете го просторот за вакуумирање на кесичката како и самата кесичка и почнете отпочеток.

Кесичката за вакуумирање останува без вакуум по лепењето на работ

- Острите предмети може да предизвикаат мали дупчиња на кесичката. За да се избегне тоа, острите рабови треба да се заштитат со хартиени бришачи.

- Некои овощја и зеленчук може да предизвикаат гасови доколку пред пакувањето не се бланшираат. Отворете ја кесичката. Доколку сметате дека храната почнала да се расипува, фрлете ја. Доколку не почнало расипување на храната, веднаш конзумирајте ја. Доколку сте во дилема дали храната е исправна, фрлете ја.

Во многу ретки случаи некои од программите може да имаат greшка и тоа резултира со неправилна работа на уредот.

- Исклучете го уредот од струја и повторно включете го.

Уредот за вакуумирање неправилно ја запечатува кесичката

- Кесичката нема да може да се запечати доколку на делот кој се запечатува има нечистотии, остатоци од храна или трошки. Исчистете ја внатрешноста и пробајте повторно.

- Кесичката мора да биде правилно наместена долж линијата за запечатување. Проверете целата должна на кесичката да е на линијата и на кесичката да нема набори.

Уредот за вакуумирање не го вакуумира садот за вакуумирање правилно

- Можеби цревото не е добро приключено. Проверете уште еднаш цревото да биде до крај вметнато во капакот на садот за вакуумирање од едната страна и во отворот на самиот уред за вакуумирање од другата страна

- Копчето за вакуумирање на садот за вакуумирање треба да е свртено кон ознаката „vacuum“.

- Оставете довольно место од горе во садот за вакуумирање.

- Проверете дали садот за вакуумирање и капакот се оштетени. Некогаш на садот за вакуумирање може да се јави пукнатина. Доколку се случи тоа, садот веće не е херметички и треба да се фрли.

- Свртете го копчето на капакот на садот за да проверите дали е добро приключен.

Благодариме што го купивте уредот за вакуумирање VS-110.

Ви посакуваме успешно вакуумирање!

VIVAX

AL

Ви благодариме што купивте уред на „Vivax“ и се надеваме дека сте задоволни со изворот. Доколку во текот на гарантниот рок се јави потреба од поправка

на производот, побарајте совет од продавачот кој ви го продал производот или контактирајте со нас на долунаведените броеви и адреси.

производителот на производот, преку „ПАКОМ КОМПАНИ“ како увозник и извршител на гаранцијата во Република

Македонија, гарантира бесплатна поправка согласно важечките прописи и условите наведени во овој гарантен лист.

Со оваа гаранција ви гарантираме дека предметот на гаранцијата ће работи без грешки предизвикани од можно лоша изработка и употреба на лоши материјали за изработка. Сите вакви дефекти ће бидат бесплатно поправен во областениот сервис во гарантниот рок.

  1. ГАРАНТНИ УСЛОВИ: Гарантниот рок започнува да тече од денот на купувањето на производот и трае 24 месеци за Vivax Home големите апарати за домајинство (машини за перење, ладилници, машини за перење садови, шпорети, техника за вградување), и 12 месеци за Vivax home мали апарати (вклучувајки микробранови печки, греалки и радијатори).
  2. Во случај на појава на дефект кај производот кој е предмет на овaa гаранција.се обврзуваме дека ће го поправиме во најкраток можен рок, а најдоцна во рок од 30 дена. Ако производот не може да се поправи или не биде поправен во рок од 30 дена, ће биде заменет со нов. Ако поправката на производот трае подолго од 10 дена, гаранцијата се продолжува за времетрањето на поправката.
  3. Гаранцијата се признава само со приложување сметка за купување и со овој гарантен лист кој мора да биде исправно пополнет односно мора да ги содржи датумот на продажба, печат и потпис на продавачот.
  4. Извршителот на гаранцијата обезбедува сервис и резервни делови 7 години од датумот на купување.
  5. ГАРАНЦИЈАТА НЕ ОПФАҚА:

Редовни проверки, одржување и замена на потрошни материјали. Прилагодувања или промени за подобрување на производот за намени кои не се опишани во техничките упатства за употреба, освен ако за тие промени не се согласила „ПАКОМ КОМПАНИ“ д.о.о.е.л.Скопје

  1. Гаранцијата не се признава во следниве случаи:

Ако купувачот не приложи исправен гарантен лист и фискална сметка.

Ако купувачот не се придржувал до упатствата за употреба на производот.

Ако производот бил отворан, преправан или поправан од неовластени лица.

Ако дефектите кај производот биле предизвикани од виши сили, како удар од гром, струен удар во електричната мрежа, елементарни непогоди и сл.

Ако дефектите настанале поради непрописна употреба или неправилен транспорт.

Ако дефектот настанал поради грешка на системот кон кој бил приключен производот.

  1. Оваа гаранција не ги менува законските потрошувачки права што важат во Република Македонија во однос на правата што ги пропишува

производителот.

Име на фирмата што ја извршува гаранцијата : ПАКОМ КОМПАНИ д.о.о.е.л.,ул.15-ти Корпус бр.15 , 1000 Скопје тел. 02 3202 800 факс 02 3202 892

www.pakom.com.mk. Изјава: Потрошувачот ги има законските права кои произлегуваат од националното законодавство кое ја регулира продажбата на

производите и дека овие права не се загрозени со гаранцијата.

СЕРВИС

Содржина Кликнете на наслов за да пристапите до него
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : Vivax

Модел : VS-1101

Категорија : Вакуум машина