49UH6107 - телевизор LG - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот 49UH6107 LG во PDF формат.
| Тип на производ | Телевизор |
| Бренд | LG |
| Модел | 49UH6107 |
| Големина на екран (дијагонала) | 49 инчи |
| Резолуција | 4K UHD (3840 x 2160) |
| Технологија на дисплеј | LED |
| Паметен ТВ | Да, webOS |
| Димензии со држач (ШxВxД) | Прибл. 110.3 x 70.1 x 26.0 cm |
| Димензии без држач (ШxВxД) | Прибл. 110.3 x 64.8 x 8.1 cm |
| Тежина со држач | Прибл. 12.5 kg |
| Тежина без држач | Прибл. 12.2 kg |
| Напојување | AC 100-240V, 50/60Hz |
| Потрошувачка на енергија (типично) | 100 W |
| Клучни карактеристики | 4K Upscaler, HDR10/HLG, Triple Tuner (DVB-T/T2/C/S2) + CI+ |
| Поврзување | 3x HDMI, 2x USB, LAN, Wi-Fi, Bluetooth |
| Нега и чистење | Користете мека, сува крпа. Избегнувајте течности и хемикалии. |
| Безбедност | Слот за заклучување Kensington, родителски контроли |
| Резервни делови и поправливост | Далечински управувач, кабел за напојување, држач се вклучени. Висока поправливост; делови достапни од LG сервис. |
Frequently Asked Questions - 49UH6107 LG
Прашања на корисниците за 49UH6107 LG
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот телевизор во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник 49UH6107 - LG и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. 49UH6107 на марката LG.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК 49UH6107 LG
(Само за сателитни модели)
Безбедносни информации и референтни материјали
LED TV*
* LG LED телевизорот користи LCD екран со LED задно осветлување.
Ве молиме внимателно прочитајте го упатството пред да ракувате со вашиот уред и задржете го за користење во иднина.
Безбедносни упатства
Пред да го користите производот прочитајте ги внимателно овие безбедносни мерки на претпазливост.


ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Не поставувајте ги телевизорот и далечинскиот управувач во следните опкружувања:
• Места изложени на директна сончева светлина
• Област со висока влажност како бања
- Во близина на извори на топлина како печки и други уреди кои емитуваат топлина
- Во близина на работни маси во кујни или развлажнувачи каде лесно може да бидат изложени на пареа или масло
• Области изложени на дожд или ветер
• Во близина на садови со вода како вазни
Во спротивно, тоа може да предизвика пожар, електричен удар, неисправно функционирање или деформирање на производот.

Не поставувајте го производот на места каде може да биде изложен на прашина. Тоа би можело да предизвика опасност од пожар.

Приклучокот за електрична мрежа треба да служи како елемент за ислучување. Приклучокот треба да може веднаш да се употреби.

Не допирајте го струјниот кабел со влажни раце. Покрај тоа, доколку приклучоците на кабелот се влажни или покриени со прашина, исушете го целосно приклучокот на електричниот кабел или избришете ја прашината.
Може да добиете струјен удар како резултат на преголема влажност.

Водете сметка струјниот кабел да го поврзете на заземјена струја. (Освен за уреди кои не се заземјуваат.) Во спротивно, може да се случали да ве удри струја или да бидете повредени.

Кабелот за струја вметнете го целосно. Доколку струјниот кабел не биде целосно вметнат, може да избувне пожар.

Внимавајте струјниот кабел да не дојде во допир со жешки предмети како на пр. греалка. Тоа би можело да предизвика пожар или опасност од електричен удар.

Не поставувајте тежок предмет, или самиот производ, на кабелот за напојување. Во спротивно, би можело да дојде до пожар или електричен удар.

Превиткајте го кабелот на антената помеѓу внатрешниот и надворешниот дел од зградата за да се спречи протекување на дождот во кабелот. Тоа би можело да предизвика оштетување заради водата во производот и електричен удар.

При поставување на телевизорот на сид, внимавајте на неговата задна страна да не се протегаат каблите за напојување и сигнал. Тоа би можело да предизвика пожар или електричен удар.

Не приклучувајте премногу електрични уреди на единечен електричен штекер со повеće приклучоци. Во спротивно, би можело да дојде до пожар заради прегревање.

Не испуштајте го производот и не дозволувајте да падне при поврзување на надворешни уреди. Во спротивно, би можело да дојде до повреда или оштетување на производот.

Материјалите отпорни на влага или најлонските обвивки за пакување чувајте ги надвор од дофат на деца. Материјалот отпорен на влага е штетен доколку се проголта. Ако случајно се проголта, натерајте го лицето да поврати и посетете ја најблиската болница. Покрај тоа, најлонските обвивки може да предизвикаат гушење. Чувајте ги надвор од дофат на деца.

Не дозволувајте деца да се качуваат или да се држат со својата тежина на телевизорот.
Во спротивно, телевизорот може да падне и да предизвика сериозни повреди.

Внимавајте кога ги фрлате истрошените батерии за да спречите дете да ги стави во уста. Во случај да ги проголта, веднаш однесете го на лекар.

Не вметнувајте проводник (како што се метални прачки) на едната страна од струјниот кабел додека неговата друга страна е поврзана на влезниот приклучок на сидот. Покрај тоа, не допирајте го струјниот кабел веднаш по неговото приклучување на влезниот приклучок на сидот. Може да ве удри струја. (Во зависност од моделот)

Немојте да ставате или чувате запаливи супстанци во близина на производот. Постои опасност од експлозија или пожар како резултат на невнимателно ракување со запаливи супстанци.

Не испуштајте метални објекти како што се метални парички, шноли, или жица во производот, или запаливи објекти како што се хартија и чкорчиња од кибрит. Децата треба особено да внимаваат. Може да дојде до струен удар, пожар или повреда. Доколку надворешен предмет се испушки во производот, исключете го струјниот кабел и контактирајте со сервисниот центар.

Не прскајте вода на производот и не чистете го со запаливи материи (разредувач или бензол). Може да дојде до пожар или незгода од струен удар.

Не дозволувајте удирање или паћање на објекти во производот и не фрлајте предмети кон екранот. Би можеле да се повредите или производот може да се оштети.

Никогаш не допирајте го овој производ или антената за време на грмотевици или молњи. Може да ве удри струја.

Никогаш не допирајте го штекерот на сидот кога постои испуштање на гас - отворете ги прозорците и проветрете. Тоа може да предизвика пожар или запалување со искра.

Немојте сами да го расклопувате, поправате или модификувате производот. Може да дојде до пожар или незгода од струен удар. Контактирајте го сервисниот центар за проверка, калибрација или поправка.

Ако се случа нешто од подолу наведеното, веднаш исклучете го производот од напојување и обратете се до локалниот сервисен центар.
• Производот е удрен
• Производот е оштетен
• Туғи тела се навлезени во производот
• Производот испушта чад или чуден мирис
Ова може да предизвика пожар или електричен удар.

Ако немате намера да го користите производот подолго време, исключете го струјниот кабел од производот. Наталожената прашина може да предизвика пожар или поради оштетена изолација може да дојде до истекување на електрична струја, струен удар или пожар.

Уредот не би требало да се изложува на капење и прскање и на него не треба да се поставуваат предмети наполнети со течности, како на пр. вазни.
Не инсталирајте го овој производ на сид, доколку таму може да се изложи на масло или масни честички. Тоа може да предизвика оштетување и пагање на производот.

Доколку вода или некоја друга супстанца навлезе во производот (на пр. во АС адаптерот, кабелот за напојување, телевизорот), откачете го кабелот за напојување и веднаш обратете се до центарот за услуги. Во спротивно, би можело да дојде до пожар или електричен удар.

Користете само AC адаптер и кабел за напојување одобрени од LG Electronics. Во спротивно, тоа може да предизвика пожар, електричен удар, неисправно функционирање или деформирање на производот.

Немојте да го расклопувате АС адаптерот или кабелот за напојување. Ова може да предизвика пожар или електричен удар.

Внимателно ракувајте со адаптерот за да спречите надворешни удари. Надворешниот удар може да предизвика оштетување на адаптерот.

Проверете дали кабелот за напојување е цврсто приклучен на приклучокот за напојување на телевизорот. (Во зависност од моделот)
ВНИМАНИЕ

Инсталирајте го производот на места каде што нема радио бранови.

Треба да има довольно растојание помећу надворешната антена и електричниот вод за да се спречи контакт међу нив дури и ако антената падне. Тоа би можело да предизвика електричен удар.

Не инсталирајте го производот на места како нестабилни полици или закосени површини. Исто така, избегнувајте места каде постојат вибрации или каде производот не би имал добра подлога. Во спротивно, производот може да падне или да се преврти, што може да предизвика повреди или оштетување на производот.

Ако го инсталирате телевизорот на држач, потребно е да се преземат мерки за да се спречи превртување на производот. Во спротивно, производот може да падне и да предизвика повреди.
Ако имате намера производот да го монтирате на сид, на задната страна од производот прикачете рамка за монтирање усогласена со VESA стандартот (опционален дел). При инсталирање на уредот со користење на носач за на сид (опционален дел), внимателно прицврстете го за да не дојде до паѓање.
Користете само додатоци / опрема наведени од производителот.

При инсталирање на антената, обратете се до квалификуван сервисер. Може да дојде до опасност од пожар или електричен удар.

Кога гледате телевизија, ви препорачуваме да се наоғате на растојание барем 2 до 7 пати поголемо од дијагоналата на екранот. Доколку гледате телевизија подолго период, тоа може да предизвика заматување на видот.

Користете го единствено специфицираниот тип на батерија. Во спротивно, би можело да дојде до оштетување на далечинскиот управувач.

Не мешајте ги новите со старите батерии. Тоа може да предизвика прегревање или истекување на батериите.
Батериите не треба да бидат изложени на прекумерна топлина и треба да се чуваат подалеку од директна сончева светлина, отворени камини или електрични греалки.
НЕМОЛТЕ да ставате батерии кои не може да се полнат во уред за полнење.

Водете сметка да нема предмети помеѓу далечински управувач и неговиот сензор.

Сигналот од далечинскиот управувач може да биде попречен од сончева светлина или друг вид силна светлина. Во овој случај, затемнете ја собата.

При поврзување надворешни уреди како конзоли за видео игри, проверете дали каблите за поврзување се довольно долги. Во спротивно, производот може да се преврти, што може да предизвика повреди или оштетување на производот.

Немојте да го включувате/исклучувате на уредот со вметнување или вадење на струјниот кабел од штекерот на сидот. (Не употребувајте го приклучокот на струјниот кабел како прекинувач.) Тоа би можело да предизвика механичко оштетување или пак струен удар.

Следете ги упатствата за инсталирање наведени подолу за да се спречи прегревање на производот.
- Растојанието меѓу производот и сидот треба да биде поголемо од 10 см.
- Не вршете инсталирање на производот на места без вентилација (на пр. на полица или шкаф).
• Немојте да го инсталирате производот на тепих или перница. - Внимавајте отворот за вентилација да не е блокиран од покривка за маса или завеса.
Во спротивно, тоа би можело да предизвика пожар.

Внимавајте да не ги допрете отворите за вентилација при гледање на телевизорот подолго време, бидејки отворите за вентилација можат да станат жешки. Ова не влијае врз функционирањето или перформансите на производот.
Одвреме навреме проверете го кабелот на уредот и доколку забележите оштетување или неисправност, исключете го и прекинете со употребата на уредот додека не се замени неисправниот дел од кабелот од страна на областен сервисер.

Спречете собирање на прашина на приклучоците на електричниот кабел или штекерот. Тоа би можело да предизвика опасност од пожар.

Заштитете го струјниот кабел од физичко и механичко оштетување, како извиткување, всукување, приклештување, притиснување со врата, или нагазување. Особено внимавајте на приклучоците, штекерите и местото каде кабелот излегува од уредот.

Не притискате силно на панелот со рака или остар предмет, како нокт, молив или пенкало, и не гребете го.

Избегнувајте допирање на екранот или задржување на прстите на него подолго време. При ова може да се предизвикаат некои привремени ефекти на изобличување на екранот.

При чистење на производот и неговите компоненти, прво откачете го кабелот за напојување и потоа избришете го производот со мека крпа. Примена на прекумерен притисок може да предизвика гребење или губење на бојата. Не прскајте вода на производот и не бришете го со влажна крпа. Никогаш не користете средства за чистење стакло, индустриски или средства за давање сјај за автомобили, абразиви или восок, бензол, алкохол итн., кои може да го оштетат производот и неговиот панел. Во спротивно може да дојде до пожар, електричен удар или оштетување на производот (деформација, корозија или кршење).
Сё додека уредот е поврзан на сиден штекер на наизменична струја, тој е поврзан на извор на напојување иако можеби вие сте го ислучиле со ПРЕКИНУВАЧ.

При откачување на кабелот, држете го за приклучокот и повлечете. Ако жиците во кабелот за напојување се прекинати, може да дојде до пожар.

При преместување на производот, внимавајте прво да го исклучите напојувањето. Потоа, откачете ги каблите за напојување, антенските кабли и сите кабли за поврзување. Телевизорот или кабелот за напојување може да се оштетат и да предизвикаат пожар или електричен удар.

При преместување или распакување на производот, заради неговата тежина работете по двајца. Во спротивно, може да дојде до повреда.

Наведете ги сите сервисирања на овластени сервисни лица.
Сервисирање е потребно кога уредот е оштетен на каков било начин, како во случај на неисправност на кабелот за напојување или приклучокот на кабелот, прскање на течност или кога објекти паднале во уредот, изложување на уредот на дожд или влага, кога тој не функционира нормално, или доколку се испушти.

Ако производот е ладен на допир, при вклучувањето може да се појави мало "треперење". Ова е нормално, кај производот нема никаков проблем.

Овој екран е напреден производ кој содржи неколку милиони пиксели. На панелот може да се видат мали црни точки и/или светло обоени точки (цирвени, сини или зелени) со големина од 1 ррт. Ова не укажува на дефект и не влијае врз перформансите и сигурното функционирање на производот.
Овој феномен исто така се случаува и кај производи на трети страни и не може да биде причина за замена или враćање на пари.

Во зависност од местото на гледање може да забележите различна осветленост и боја на екранот (лево/десно/горе/долу).
Овој феномен се должи на карактеристиките на панелот. Ова не е поврзано со перформансите на производот, и тоа не претставува неисправност.
Прикажувањето на неподвижна слика на подолг временски период може да предизвика врежување на сликата. Избегнувајте прикажување на фиксна слика на ТВ екранот на подолг временски период.
Генериран звук
Звук на "крцкање": Звукот на крцкање кој настанува за време на гледање или исклучување на телевизорот се генерира при термичко собирање на пластиката заради температурата и влажноста. Овој шум е вообичаен кај производите кај кои доаға до термички деформации. Брмчење на електричните кола/зуење на панелот: Шум со ниско ниво се генерира од колата со преклопување со голема брзина, кои испорачуваат големи количини на струја за функционирање на производот. Шумот се разликува во зависност од производот.
Овој генериран звук не влијае врз перформансите и сигурното функционирање на производот.
Не користете електронски уреди со висок напон во близина на телевизорот (на пр. електрична тепалка за комарци). Тоа може да предизвика неисправност на производот.
- Децата треба да ги надгледува возрасно лице кога гледаат 3D видео запис. Доколку детето се пожали на замор на очите, главоболка или замаглен вид додека гледа 3D, препорачливо е да одмори одреден временски период пред да продолжи да гледа 3D содржини.
- При гледање на 3D видео запис, некои лица можно е да почувствуваат непријатности како главоболка, вртоглавица, замор или замаглен вид. Во тој случај, престанете со гледањето на 3D видео снимки и одморете.
- Доколку гледате 3D снимки подолг временски период, можно е да почувствувате замор на очите. Во тој случај, престанете со гледањето на 3D видео снимки и одморете.
- Користете само LG 3D очила. Во спротивно, може да не бидете во можност да гледате 3D видео снимки правилно.
- Немојте да ги користете 3D очилата наместо вашите нормални очила, очилата за сонце или заштитните очила.
- Не чувајте ги 3D очилата на екстремно високи или ниски температури. Тоа ќе предизвика деформации.
- Немојте да ги користите 3D очилата додека одите или се движите. Тоа може да предизвика незгода или повреда.
- Внимавајте очите да не ви дојдат до допир со рамките од 3D очилата.
- Немојте да гледате 3D содржини доколку имате фотосензитивни напади, епилепсија или срцева болест.
Подготовка
ЗАБЕЛЕШКА
- Ако телевизорот се вклучува за првпат откако е испорачан од фабрика, иницијализирањето на телевизорот може да трае неколку минути.
- Прикажаната слика може да се разликува од вашиот телевизор.
- OSD (On Screen Display - приказ на екранот) може малку да се разликува од приказот што е даден во ова упатство.
- Достапните менија и опции може да се разликуваат во зависност од влезниот извор или моделот на производот кој го користите.
- Во иднина, на овој телевизор може да му бидат додадени нови функции.
- Елементите кои се испорачуваат со вашиот производ може да се разликуваат во зависност од моделот.
- Спецификациите на производите или содржината на ова упатство може да бидат променети без претходно известување заради надградување на функциите на производите.
- За оптимально поврзување, HDMI каблите и USB уредите треба да имаат лежиште со дебелина помала од 10 mm и широчина помала од 18 mm. Доколку USB кабелот или USB меморискиот уред не може да се вметне во USB влезот на телевизорот, употребете продолжителен кабел кој поддржува USB 2.0.


^* A ≤ 10 mm
*B ≤ 18 mm
• Користете сертифициран кабел со логото HDMI.
- Користете сертифициран кабел со логото HDMI. (Препорачани типови на HDMI кабли)
-HDMI ^TM кабел со голема брзина (3 м или помалку)
-HDMI ^TM кабел со голема брзина со Ethernet (3 м или помалку)
- Како да го користите феритното јадро (Во зависност од моделот)
-Користете го феритното јадро за намалување на електромагнетните пречки во кабелот за напојување. Намотајте го еднаш кабелот за напојување на феритното јадро.
[Страна на сидот]
[Страна на телевизорот]

- Упатство за инсталирање на антенски изолатор (Во зависност од моделот)
-Овие напатствија користете ги при инсталирање на телевизорот на место каде постои напонска разлика помеѓу телевизорот и заземјувањето (GND) на антенскиот сигнал.
» Доколку постои напонска разлика помеѓу телевизорот и заземјувањето (GND) на антенскиот сигнал, антенскиот контакт може да се загрева и прекумерната топлина може да предизвика незгода.
-Можете да ја подобрите безбедноста при гледањето телевизија преку ефикасно отстранување на напонот од TV антената. Се препорачува изолаторот да го поставите кај сидот. Доколку тој не може да се постави кај сидот, поставете го кај телевизорот. Избегнувајте да го откачувате антенскиот изолатор по инсталирањето.
-Пред започнувањето, обрнете внимание TV антената да биде поврзана.

flowchart
graph LR
A["Suid"] --> B["Kabel/Antena"]
B --> C["Изолатор"]
C --> D["1. Поврзете на телевизор."]
D --> E["TV"]
D --> F["TV"]
- Поврзете на дигитален приемник.
-Поврзете го едниот крај на изолаторот со приклучокот за кабел/антена, а другиот со телевизорот или дигиталниот приемник.
- "Опремата поврзана на заштитното заземјување од инсталацијата на зградите преку поврзување со електричната мрежа или преку друга опрема со врска до заштитното заземјување - и поврзана на кабелски дистрибутивен систем со користење на коакцијален кабел, во одредени околности може да предизвика опасност од пожар. Заради ова, поврзувањето со кабелски дистрибутивен систем треба да се обезбеди преку уред кој обезбедува електрична изолација под одреден фреквентен опсег (галвански изолатор, погледнете EN 60728-11)"
-По поставување на RF изолаторот, може да дојде до мала загуба на чувствителноста на сигналот.

ВНИМАНИЕ
- За да обезбедите сигурно и долготрајно користење, немојте да користите неодобрени предмети.
- Какви било оштетувања или повреди настанати заради употреба на неодобрени предмети не се опфатени со гаранцијата.
- Одредени модели на екранот имаат прилепен тенок слој и тој не смее да се отстранува.
- При прикачување на држачот на телевизорот, екранот поставете го со лицето надолу на маса или рамна површина со мека подлога за да се заштити екранот од гребење.
- Обрнете внимание завртките да бидат правилно вметнати и безбедно прицврстени. (Доколку тие не се довольно прицврстени, телевизорот може да се накоси нанапред по инсталирањето.) Немојте да употребувате премногу сила и премногу да ги затегнувате завртките; во спротивно тие може да се оштетат и да не бидат правилно прицврстени.
- Исцедете ја прекумерната количина на вода или средство за чистење од ткаенината.
- Немојте да прскате со вода или средство за чистење директно врз екранот на телевизорот.
- Испрскајте довольно количина на вода или средство за чистење на сува ткаенина за да го избришете екранот.
- Кога го чистите производот, внимавајте да не навлезе течност или друг предмет во отворот помеѓу горната, левата или десната страна од панелот и водечкиот панел. (Во зависност од моделот)

Одделно купување
Додатоците со одделно купување можат да бидат променети заради подобрување на квалитетот без претходно известување. Обратете се до вашиот продавач за да ги набавите овие елементи. Овие уреди работат само со одредени модели. Името на моделот или дизајот може да бидат променети во зависност од ажурирањето на функциите на производот, потребите или политиките на производителот.
(Во зависност од моделот)
| AG-F***Очила за 3D кино | AN-MR650магичниот далечински управувач |
| AN-VC550Смарт камера | AG-F****DPОчила за двојно играње |

Подигнување и пренесување на телевизорот
При пренесување или подигнување на телевизорот, прочитајте ги следните напатствија за да се спречи гребење или оштетување на телевизорот и за безбедно пренесување без оглед на видот и големината.
- Се препорачува телевизорот да се пренесува во кутијата или материјалот за пакување во кои телевизорот оригинално бил испорачан.
- Пред преместување или подигнување на телевизорот, откачете го кабелот за напојување и сите кабли.
- Кога го држите телевизорот, екранот треба да биде завртен спротивно од вашето тело за да се избегне оштетување.

- Цврсто држете го горниот и долниот дел од рамката на телевизорот. Внимавајте да не ги држите просирниот дел, звучникот или делот за решетка на звучникот.

- При пренесување на голем телевизор, потребно е учество на најмалку 2 лица.
- При рачно пренесување на телевизорот, држете го телевизорот како што е прикажано на следната слика.

- При пренесување на телевизорот, немојте да го изложувате на нишање или прекумерни вибрации.
- При пренесување на телевизорот, задржете го во исправена положба, никогаш немојте да го завртувате странично или да го накосувате налево или надесно.
- Не применувајте прекумерен притисок кој би предизвикал превиткување/закривување на рамката на кујиштето, бидејки тоа може да го оштети екранот.
- При ракување и пренесување на телевизорот, внимавајте да не ги оштетите испакнатите копчиња.

ВНИМАНИЕ
- Избегнувајте секакво допирање на екранот, бидејки тоа може да резултира во оштетување на екранот.
- Немојте да го преместувате телевизорот држејки го за држачите за кабли, бидејки држачите за кабли може да се скинат и да дојде до повреда и оштетување на телевизорот.
Користење на копчето
(Во зависност од моделот)
Со притиснување или поместување на копчето можете едноставно да управувате со функциите на телевизорот.

ЗАБЕЛЕШКА
- Серите 43/49UH60, 43/49UH61, 43/49UH62 немаат щојстик функции, туку само копче за вклучување/исклучување на напојувањето.


| Вклучување (Притиснете)Исклучување (Притиснетеи задржете)1 | |||
![]() | ![]() | ![]() | Контрола на јачинатана звук |
![]() | ![]() | [AGW8] | Контрола на програмите |
1 Сите активни апликации ће се затворат, а снимањата кои се во тек ће запрат.
Прилагодување на менито
Кога телевизорот е включен, притиснете го еднаш свопчето. Можете да ги прилагодувате елементите од менито со притиснување или поместување на копчињата.
| Исклучување на напојувањето. | |
| Ги брише приказите на екранот и враќа на гледање телевизија. | |
| Промена на изворот на влезен сигнал. | |
| Пристапува на менито со поставките. |
Поставување на маса
1 Подигнете го телевизорот и закосете го по потреба за да дојде во исправена положба на масата.
- Оставете простор од 10 cm (минимум) од sidот за правилна вентилација.

2 Поврзете го кабелот за напојување со штекер на сид.

ВНИМАНИЕ
- Немојте да го поставувате телевизорот во близина на извори на топлина, бидејки може тоа може да предизвика пожар или друга штета.
Прицврстување на телевизорот на сид
(Оваа функција не е достапна за сите модели.)

1 Вметнете ги и прицврстете ги завртките со отвор, или носачите и завртките на задната страна од телевизорот.
- Ако има вметнато завртки на местото за завртки со отвор, прво извадете ги завртките.
2 Монтирајте ги носачите за сид со завртките на сидот. Усогласете ја позицијата на носачите за сид со завртките со отвор поставени на задната страна од телевизорот.
3 Цврсто поврзете ги завртките со отвор и носачите за сид со издржливо јаже. Внимавајте да задржите хоризонтална положба на јажето.

ВНИМАНИЕ
- Внимавајте децата да не се качуваат или да се држат со својата тежина на телевизорот.

ЗАБЕЛЕШКА
- Користете платформа или ормар кои се довольно цврсти и големи за да овозможат безбедна поддршка на телевизорот.
- Носачите, завртките и јажињата не се испорачуваат. Дополнителна опрема можете да набавите од вашиот локален продавач.

Монтирање на сид
Внимателно прикачете го опционалниот носач за на сид на задната страна од телевизорот и инсталирајте го носачот на цврст сид под прав агол во однос на подот. При прикачување на телевизорот на други градежни материјали, ве молиме обратете се до квалификувано лице. LG препорачува монтирањето на сид да биде извршено од квалификувано профессионално лице за инсталирање. Ви препорачуваме да го користите носачот за прицврствување на сид на LG. Носачот за прицврствување на сид на LG е лесен за преместување, заедно со поврзаните кабли. Ако не го користите носачот за прицврствување на сид на LG, ве молиме користете носач за прицврствување на сид кадешто уредот ће биде соодветно прицврстен за сидот со довольно простор за да овозможи поврзување со надворешните уреди. Препорачливо е да ги поврзете сите кабли пред да ги поставите фиксираните носачи за на сид.

Треба да користите завртки и носач за на sid кои ги задоволуваат VESA стандардите. Стандардните димензии на комплетите за монтирање на sid се опишани во следната табела.
Одделно купување (Носач за монтирање на сид)
| Модел | 43UH60**43UH61**40/43UH62**40UH63**43UH65**43UH66**40/43UH67**43UH74**43UH75** | 49/55UH60**49/55UH61**49/55UH62**50UH63**49/55UH65**49/55UH66**49/50/55UH67**49/55UH74**49/55UH75**49/55UH77**49/55UH79**49/55UH80**49/55UH84**49/55UH85** |
| VESA (A x B) (mm) 200 | x 200 300 x 300 | |
| Стандардна завртка | M6 M6 | |
| Број на завртки 4 4 | ||
| Носач за прицврстување на сид | LSW240BMSW240 | LSW350BMSW240 |
| Модел | 60/65UH60**60/65UH61**60/65UH62**58UH63**60/65UH65**60/65UH66**58/60/65UH67**60UH74**60/65UH75**60/65UH77**60/65UH80**60UH84**60/65UH85** | 70UH63**75UH65**70UH67**70UH70**75UH77**75UH78**75UH80**75UH85**79/86UH95** |
| VESA (A x B) (mm) 300 | x 300 600 x 400 | |
| Стандардна завртка | M6 M8 | |
| Број на завртки 4 4 | ||
| Носач за прицврстување на сид | LSW350B LSW640B | |
| Модел 55/65UH95** | ||
| VESA (A x B) (mm) 300 | x 200 | |
| Стандардна завртка | M6 | |
| Број на завртки 4 | ||
| Носач за прицврстување на сид | OTW420B |


ВНИМАНИЕ
- Пред поставување на телевизорот на носач за сид, извадете го држачот вршејки ги дејствата за прикачување на држачот по обратен редослед.

ЗАБЕЛЕШКА
- При монтирање на сид со носач, користете ја лепливата ознака или заштитниот капак кои ви се испорачани. Лепливата ознака и заштитниот капак спречуваат собирање на прав и нечистотии на отворот. (Само кога е испорачана ознаката или капакот)



- Кога го инсталирате носачот за монтирање на сид, препорачливо е да ги заштитите дупките во држачите со лента за да спречите собирање на прав и инскети. (Во зависност од моделот)

- Кога на телевизорот прикачувате носач за монтирање на сид, вметнете ги одбојните елементи во отворите за монтирање на телевизорот на сид, за да го прилагодите вертикалниот агол на телевизорот. (Само кога е испорачан елемент во следната форма)

- Во зависност од обликот на држачот, користете рамен алат за да го отстраните капакот на држачот како што е прикажано на сликата подолу. (на пр. рамен шрафцигер) (Само кога е испорачан елемент во следната форма)


Поврзувања (известувања)
Поврзувајте различни надворешни уреди со телевизорот и менувајте ги режимите за влезен сигнал за да изберете надворешен уред. За повеќе информации околу поврзувањето на надворешен уред, погледнете во упатството испорачано со секој од уредите.
Достапни надворешни уреди се: HD ресивери, DVD плеери, VCR, аудио системи, USB уреди за складирање, PC, уреди за игри и други надворешни уреди.
ЗАБЕЛЕШКА
- Поврзувањето со надворешниот уред може да се разликува во зависност од моделот.
- Надворешните уреди поврзувајте ги со телевизорот без оглед на редоследот на TV приклучокот.
- Ако снимате TV програма на DVD рекордер или VCR, кабелот за влезен сигнал во телевизорот поврзете го преку DVD рекордерот или VCR уредот. За повеќе информации околу снимањето, погледнете во упатството испорачано со секој од поврзаните уреди.
- Упатства за ракување побарајте во прирачникот за надворешната опрема.
- Ако сакате да поврзете уред за игри со телевизорот, користете го кабелот испорачан со уредот за игри.
- Во РС режим, може да има шум поврзан со резолуцијата, вертикалната шема, контрастот или осветленоста. Ако е присутен шум, сменете го РС излезот на друга резолуција, сменете ја стапката на обновување со друга стапка, или прилагодувајте ги осветленоста и контрастот во менито СЛИКА додека slikата не биде јасна.
- Во РС режим, некои поставувања за резолуцијата може да не функционираат правилно во зависност од графичката картичка.
- Ако на вашиот PC се репродуцираат ULTRA HD содржини, видео или аудио записите може повремено да бидат испрекинати во зависност од перформансите на вашиот PC. (Во зависност од моделот)
Поврзување на антена
Поврзете го телевизорот со сиден приклучок за антена со RF кабел (75 Ω).
- За користење на повеće од 2 телевизори употребете разделник на сигнал.
- Ако квалитетот на сликата е слаб, правилно инсталирајте засилувач на сигнал за подобрување на квалитетот на сликата.
- Ако квалитетот на сликата е слаб кога е поврзана антена, обидете се да ја насочите антената во правилна насока.
• Кабелот за антената и конвертерот не се испорачуваат.
• Поддржано DTV аудио: MPEG, Dolby Digital, Dolby Digital Plus, HE-AAC - За локација која не е поддржана со ULTRA HD емитување, овој телевизор не може директно да прима ULTRA HD емитувања. (Во зависност од моделот)
Поврзување со сателитска антена
(Само за сателитските модели)
Поврзете го телевизорот со сателитска антена преку приключокот за сателитска антена со сателитски RF кабел (75 Ω).
Поврзување на СІ модул
(Во зависност од моделот)
За гледање на кодирани услуги (со плаќање) во дигитален TV режим.
- Проверете дали CI модулот е вметнат во отворот за PCMCIA картичка во правилна насока. Ако модулот не е вметнат правилно, тоа може да предизвика оштетување на телевизорот и на отворот за PCMCIA картичка.
- Доколку телевизорот не прикажува никаков видео и аудио сигнал кога е поврзан Cl+ CAM, ве молиме обратете се до вашиот оператор за копнена/кабелска/сателитска услуга.
USB поврзување
Одредени USB хаб уреди(анг. USB Hub, уред што расчленува еден USB порт на повеќе) може да не функционираат. Ако USB уред кој е поврзан преку USB хаб не може да се препознае, директно поврзете го на USB приклучокот од телевизорот.
Други поврзувања
Поврзете го вашиот телевизор со надворешни уреди. За најдобар квалитет на сликата и звукот, поврзете ги надворешниот уред и телевизорот со HDMI кабел. Одделни кабли не се испорачуваат.
• Colour → ⚙→ ⋮ → Onшто -HDMI ULTRA HD Deep
- Вклучено : Поддршка за 4K @ 50/60 Hz (4:4:4, 4:2:2, 4:2:0)
- Исклучено : Поддршка за 4K @ 50/60 Hz 8 бита (4:2:0)
Доколку уредот што е поврзан на Влез поддржува и ULTRA HD Deep Colour, сликата єе биде појасна. Но, доколку не поддржува, нема да работи правилно. Во тој случај, поврзете го уредот на друга HDMI-порта или сменете го параметарот за HDMI ULTRA HD Deep Colour од телевизорот на Ислучено.
(Оваа функција е достатна само кај одредени модели кои подржуваат ULTRA HD длабоки бои.)
ЗАБЕЛЕШКА
• Подржан HDMI аудио формат :
Dolby Digital (32 kHz, 44,1 kHz, 48 kHz), DTS (44,1 kHz, 48 kHz),
PCM (32 kHz, 44, 1 kHz, 48 kHz, 96 kHz, 192 kHz)
(Во зависност од моделот)
Далечински управувач
Описот во ова упатство се базира на копчињата од далечинскиот управувач. Ве молиме внимателно прочитајте го ова упатство и користете го телевизорот на правилен начин.
За да ги замените батериите, отворете го капакот на батериите, заменете ги батериите (1,5 V AAA) внимавајки да се совпаднат краевите со внатрешните ознаки и затворете го капакот на батериите.
За да ги извадите батериите, извршете ги чекорите за инсталирање во обратен редослед.
Внимавајте да го насочувате далечинскиот управувач кон сензорот за далечинско управување на телевизорот.
(Во зависност од моделот)

A
(НАПОЈУВАЊЕ) Вклучување или исклучување на телевизорот.
(ВЛЕЗ) Промена на изворот на влезен сигнал.
(Б. поставки) Пристап до брзите поставки.
1,2 LIVEZOOMње на саканата област, можете да ја погледнете на цел екран. (Во зависност од моделот)
1,2 INFO Преглед на информациите за тековната програма и сликата. (Во зависност од моделот)
1 ФРЕБАРУВАЊЕ) Пребарувајте содржини како ТВ програми, филмови и други видео записи, или пак извршете веб-пребарување со внесување на поими за пребарување во полето за пребарување. (Во зависност од моделот)
2 SUBTTEKUVA претпочитаниот титл во дигитален режим. (Во зависност од моделот)
Копчиња со броеви Внесување на броеви.
LIST Пристап до зачуваната листа на програми.
(Празно место) Вметнување на празно место на.
3 GNDБикажува водичот за програми. (Во зависност од моделот)
З Оврахье на претходно гледаната програма. (Во зависност од моделот)
B
4 INFO Преглед на информациите за тековната програма и сликата. (Во зависност од моделот)
4,5 (PREБАРУВАЊЕ) Пребарувајте содржини како ТВ програми, филмови и други видео записи, или пак извршете веб-пребарување со внесување на поими за пребарување во полето за пребарување. (Во зависност од моделот)
4,5 GUDрикажува водичот за програми. (Во зависност од моделот)
5 3рекористи за гледање на 3D видео. (Во зависност од моделот)
(ИСКЛУЧИ ЗВУК) Исклучување на сите звуци.
+Δ-Прилагодување на јачината на звукот.
^P∨ Движење низ зачуваните програми или канали.
^ PAGE ∨ Преминување на претходниот или наредниот екран.

C
RECENT Приказ на претходната историја.
(ПОЧЕТОК) Пристап до почетното мени.
LIVE MENUГи прикажува листите Канали и Препорачано. (Во зависност од моделот)
6,8 BACK Вракање на претходното ниво. (Во зависност од моделот)
6,7,8,9 Кнопки телетекста (TEXT, T.ОРТ) Овие копчиња се користат за телетекст. (Во зависност од моделот)
7 , 9 EXIT Ги брише приказите на екранот и враćа на гледање телевизија. (Во зависност од моделот)
Копчиња за навигација (горе/долу/лево/десно) Движење низ менијата или опциите.
OKзбирање на менијата или опциите и потврдување на вашиот внес.
D
AD Co притиснување на копчето AD ће се овозможи функцијата за аудио опис.
10 • Рабоинување со снимање и приказ на мени за снимање. (Само за подели со поддршка за Time Machine ^Ready ) (Во зависност од моделот)
10 LIVZOOMње на саканата област, можете да ја погледнете на цел екран. (Во зависност од моделот)
10 APP/* Избор на извор од МНР TV мени. (Во зависност од моделот)
LIVE TV Враќање на телевизија во живо.
Контролни копчиња (■, ▶, Ⅱ, ◁, ▶) За контролирање на медиумските содржини.
Копчиња во боја Пристан до специјалните функции во некои менија.
(:Црвена, :Зелена, :Жолта, :Сина)
:
Функции на магичниот далечински управувач
(Во зависност од моделот)
Кога ће се прикаже пораката "Батеријата на магичниот далечински управувач е слаба. Сменете ја батеријата.", заменете ја батеријата.
За да ги замените батериите, отворете го капакот на батериите, заменете ги батериите (1,5 V AA) внимавајки да се совпаднат ⏚ краевите со внатрешните ознаки и затворете го капакот на батериите. Внимавајте да го насочувате далечинскиот управувач кон сензорот за далечинско управување на телевизорот. За да ги извадите батериите, извршете ги чекорите за инсталирање во обратен редослед.

A
(ВКЛУЧУВАЊЕ) Вклучување или исклучување на телевизорот.
SINAPOJYBAJE HA STB) Можете да го включите или исключите вашиот дигитален приемник со додавање на дигиталниот приемник на универсалниот далечински управувач за вашиот телевизор.
Копчиња со броеви Внесување на броеви. LIST Пристан до зачуваните канали или листа на програми.
(Празно место) Вметнување на празно место на.
(Далечинско управување на екран) Приказ на Далечинскиот управувач на екран.
* Пристап до менито за Универзална контрола во одредени региони. (Во зависност од моделот)
B
+ΔΠριлагодување на јачината на звукот.
(ИСКЛУЧИ ЗВУК) Исклучување на сите звуци.
* Со притиснување и задржување на копчетојке се овозможи функцијата за аудио опис. (Во зависност од моделот)
(ПРЕБАРУВАНЬЕ) Пребарувајте содржини како ТВ програми, филмови и други видео записи, или пак извршете веб-пребарување со внесување на поими за пребарување во полето за пребарување.
(Во зависност од моделот)
За користење на функцијата за препознавање на говор потребно е мрежно поврзување.
1 Притиснете го копчето за препознавање на говор. 2 Зборувајте кога од екранот їе се прикаже прозорецот за приказ на глас.
(ПОЧЕТОК) Пристан до почетното мени.
RECENT Приказ на претходната историја.
STB MENU Го прикажува почетното мени на дигиталниот приемник.
* Кога не гледате со дигиталниот приемник: се прикажува екранот за дигиталниот приемник.

C
☐ Тркалце (ОК) Притиснете на средината на тркалцето за да изберете мени. Можете да менувате програми со помош на тркалцето.
△ ▽ <горе/долу/лево/десно) Притиснувајте ги копчињата за горе, долу, лево или десно за да се движите низ менито. Ако ги притиснете копчињата △ ▽ дедека се користи покажувачот, покажувачот ће исчезне од екранот и Далечинскиот управувач за магично движење ће работи како обичен далечински управувач. За повторно прикажување на покажувачот на екранот, затресете го Далечинскиот управувач за магично движење налево и надесно.
D
ВАСК Враќање на претходниот екран.
EXIT Ги брише приказите на екранот и врака на последниот влез.
GUIDE Го прикажува водичот за програми.
3D Ce користи за гледање на 3D видео. (Само 3D модели)
(ВЛЕЗ) Промена на изворот на влезен сигнал.
* Со притиснување и задржување на копчето се прикажат сите листи на надворешни влезови.
(Б. поставки) Пристап до брзите поставки.
* Со притиснување и задржување на копчето се се прикаже менито Сите параметри.
Копчиња во боја Пристап до специјалните функции во некои менија.
FOCUSМожете да зумирате во областа кадешто е насочен далечинскиот управувач.
LIVE ZOOM Со зумирање на саканата област, можете да ја погледнете на цел екран.
Регистрирање на магичниот далечински управувач
Како да го регистрирате далечинскиот управувач за магично движење
За да го користите Далечинскиот управувач за магично движење, прво впарете го со вашиот телевизор.
1 Ставете ги батериите во Далечинскиот управувач за магично движење и включете го телевизорот.
2 Насочете го Далечинскиот управувач за магично движење кон телевизорот и притиснете го копчето Тркалце (ОК) на далечинскиот управувач.
* Доколку телевизорот не успее да го регистрира Далечинскиот управувач за магично движење, обидете се повторно откако єе го исключите и повторно єе го включите телевизорот.
Како да го дерегистрирате далечинскиот управувач за магично движење
Истовремено притиснете ги копчињата ВАС(ПОЧЕЛОК) во траење од пет секунди за да се прекине впарувањето помећу Далечинскиот управувач за магично движење и телевизорот.
* Со притиснување и задржување на копчето GUIDE će можете истовремено да го откажете и пререгистрирате Далечинскиот управувач за магично движење.
Лиценци
Поддржаните лиценци може да се разликуваат во зависност од моделот. За повеće информации околу лиценците, посетете ја страницата www.lg.com.
DOLBY. DIGITAL PLUS
HDMI HIGH-DEFINITION MULTIMEDIA INTERFACE
dts-HD
DOLBY VISION™
(Camo UH95**, UH85**, UH77**, 75UH78**, 70UH70**)
Известување за софтвер со отворен код
За да го добиете изворниот код според GPL, LGPL, MPL и другите лиценци за отворен изворен код кој се користи кај овој производ, посетете ја страницата http://opensource.lge.com.
Покрај изворниот код, достатни за превземање се и сите наведени одредби на лиценца, одрекувања од одговорност и известувања за авторски права.
LG Electronics isto така ће ви обезбеди отворен изворен код на CD-ROM диск за одреден надоместок кој го покрива трошокот за вршење на дистрибуцијата (како трошокот за медиумот, испораката и ракувањето) по доставено e-mail барање до opensource@lge.com. Оваа понуда е валидна три (3) години од датумот на купување на производот.
Поставување на надворешен контролен уред
За добивање информации околу поставувањето на надворешен контролен уред, посетете ја страницата www.lg.com.
Отстранување на проблеми
Не е можно управување на телевизорот со далечинскиот управувач.
- Проверете го сензорот за далечинско управување на производот и обидете се повторно.
- Проверете дали помеѓу производот и далечинскиот управувач има некаква пречка.
- Проверете дали батериите се уште работат и дали се правилно поставени (€0, €1) - -
Нема приказ на слика и не се емитува звук.
• Проверете дали производот е включен.
- Проверете дали кабелот за напојување е поврзан на sidниот штекер.
- Проверете дали има проблем со sidниот штекер преку поврзување на други уреди.
Телевизорот ненадејно се вклучува.
- Проверете ги поставките за контрола на напојувањето. Напојувањето може да има прекин.
- Проверете дали функциите за Тајмер за мирување / Тајмерот е ислучен се активирани во поставките за Тајмери.
- Проверете дали функцијата за Автоматско ислучување на електричната енергија е активирана во Општо -> Еко Режим поставките. (Во зависност од моделот)
- Доколку нема влезен сигнал кога телевизорот е включен, телевизорот автоматски єе се ислучи по 15 минути неактивност.
При поврзување со PC (HDMI), се прикажува 'Нема сигнал' или 'Неважечки формат'.
- Исключете/включете го телевизорот со помош на далечинскиот управувач.
• Повторно поврзете го HDMI кабелот. - Рестартирајте го компјутерот додека телевизорот е включен.
Спецификации
- Бидејки фреквентните канали може да се разликуваат во зависност од земјата, корисникот не може да ја промени или прилагоди работната фреквенција. Овој производ е конфигуриран според табелата за регионални фреквенции.
- За доброто на корисникот, овој уред треба да биде поставен и управуван на минимално растојание од 20 см помеѓу уредот и телото.
(Camo UH60**, UH61**, UH62**)
| Спецификации на мод ул за безжичен LAN (TWFM-B006D) | |
| Стандард IEEE802.11a/b/g/n | |
| Фреквентен опсег Излезна мойност (Макс.) | |
| 2.400 до 2.483,5 MHz5.150 до 5.250 MHz5.725 до 5.850 MHz (За земји коине се во ЕУ) | 14 dBm12,5 dBm15,5 dBm |
(Camo UH63**, UH65**, UH66**, UH67**, UH70**, UH74**, UH75**, UH77**, UH78**, UH79**, UH80**, UH84**, UH85**, UH95**)
| Безжичен модул (LGSBWAC61) - спецификации | |
| Безжичен LAN (IEEE 802.11a/b/g/n/ac) | |
| Фреквентен опсег Излезна мокност (Макс.) | |
| 2.400 до 2.483,5 MHz5.150 до 5.725 MHz5.725 до 5.850 MHz (За земји коине се во ЕУ) | 15,5 dBm17,5 dBm8,0 dBm |
| Bluetooth | |
| Фреквентен опсег Излезна мокност (Макс.) | |
| 2.400 до 2.483,5 MHz 10 dBm | |
* "IEEE802.11ac" не е достаточно во сите земји.
| СІ модул (Ш x В x Д) 100,0 mm x 55,0 mm x 5,0 mm | ||
| Услови на околината | Работна температура 0 °C до 40 °C | |
| Работна влажност Помалку од 80 % | ||
| Температура на складирање | -20 °C до 60 °C | |
| Влажност на складирање Помалку од 85 % | ||
(Во зависност од земјата)
| Дигитална TV Аналогна TV | ||||
| Сателит Копнено Кабел Копнено / Кабел | ||||
| Телевизиски систем | DVB-S/S2* | DVB-TDVB-T2* | DVB-C | PAL/SECAM B/G, D/K, I, SECAM L |
| Покриеност на канали (појас) | 950 ~ 2.150 Mhz | VHF III: 174 ~ 230 MhzUHF IV: 470 ~ 606 MhzUHF V: 606 ~ 862 MhzS појас II: 230 ~ 300 MhzS појас III: 300 ~ 470 Mhz | 46 ~ 862 Mhz 46 ~ | 862 Mhz |
| Максимален број за складирани програми | 6.000 3.000 | |||
| Импеданса за надворешна антена | 75 Ω | |||
* Само за модели со DVB-T2/C/S2 поддршка.





















