VOX VF 1200 E - замрзнувач

VF 1200 E - замрзнувач VOX - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот VF 1200 E VOX во PDF формат.

📄 112 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање 10 прашања ⚙️ Спецификации
Notice VOX VF 1200 E - page 23
Погледни прирачник : English EN Македонски MK Português PT Slovenščina SL
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.
Тип на производ Замрзнувач
Бренд VOX
Модел VF 1200 E
Вкупен бруто капацитет 300 L
Нето капацитет 280 L
Класа на енергетска ефикасност A+
Годишна потрошувачка на енергија 280 kWh
Ниво на бучава 42 dB
Климатска класа SN-T
Капацитет на замрзнување 20 kg/24h
Време на складирање при прекин на струја 15 h
Димензии (В x Ш x Д) 185 x 60 x 65 cm
Тежина 65 kg
Напојување 220-240 V, 50 Hz
Функција за брзо замрзнување Да, со LED индикатор
Контрола на температура Механички термостат
Број на фиоки 6
Брава на врата Да, со клуч
Метод на одмрзнување Рачно
Внатрешно осветлување Да, LED
Разладно средство R600a
Достапност на резервни делови Термостат, заптивка на врата, фиоки, контролна плоча

Frequently Asked Questions - VF 1200 E VOX

Како да ја подесам температурата на мојот замрзнувач VOX VF 1200 E?
Свртете го копчето на термостатот внатре во преградата на замрзнувачот. Опсегот на поставување е од MIN (најтопло) до MAX (најстудено). За нормална употреба, поставете на MED.
Што прави функцијата за брзо замрзнување и како да ја користам?
Активирајте го брзото замрзнување 24 часа пред да додадете големи количини свежа храна. LED индикаторот светнува. Деактивирајте го по 24-48 часа за да заштедите енергија.
Колку често треба да го одмрзнувам замрзнувачот?
Одмрзнете кога слојот мраз ќе достигне 5-10 мм. Обично на секои 6-12 месеци во зависност од употребата. Исклучете го апаратот, извадете ја храната и оставете го мразот природно да се стопи.
Колку време може да се чува храната при прекин на струја?
Вашиот VF 1200 E може да ја чува храната замрзната до 15 часа без струја, под услов вратата да остане затворена.
Како да го исчистам мојот замрзнувач?
Исклучете го замрзнувачот, извадете ја целата храна и фиоките. Измијте ја внатрешноста со благ сапун раствор и топла вода. Исплакнете и исушете темелно пред повторното вклучување.
Зошто мојот замрзнувач испушта невообичаени звуци?
Нормалните звуци вклучуваат кркорење од протокот на разладното средство, кликнување од термостатот и зуење од компресорот. Ако звуците се гласни или неправилни, проверете дали замрзнувачот е нивелиран.
Може ли сам да ја заменам заптивката на вратата?
Да, заптивките на вратата се вообичаен резервен дел. Отстранете ја старата заптивка со влечење од каналот, а потоа притиснете новата цврсто на место. Обезбедете цврсто затворање.
Што да направам ако вратата не се затвора правилно?
Проверете дали замрзнувачот е нивелиран со помош на прилагодливите ногарки. Исто така, проверете ја заптивката на вратата за оштетувања или нечистотии. Ако шарката е лабава, затегнете ги завртките.
Како да ја сменам внатрешната сијалица?
Исклучете го замрзнувачот. Отстранете го капакот на светилката (обично се откачува). Заменете го LED модулот со компатибилен резервен дел. Повторно закачете го капакот и вратете го напојувањето.
Каде можам да најдам резервни делови за мојот VOX VF 1200 E?
Контактирајте го сервисот за клиенти на VOX или овластените дилери. Достапни се вообичаени делови како фиоки, термостат, заптивка на врата и контролна плоча. Наведете го бројот на моделот.

Прашања на корисниците за VF 1200 E VOX

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот замрзнувач во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник VF 1200 E - VOX и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. VF 1200 E на марката VOX.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК VF 1200 E VOX

Ви благодариме што го одбравте овој производ.

Ова упатство за употреба содржи важни информации за безбедноста и упатства наменети да ви помогнат при работата и одржувањето на овој апарат.

Ве молиме одвојте време да го прочитате ова упатство за употреба пред да го користите вашиот апарат и да го чувате за идна употреба.

Икона Вид Значење
VOX VF 1200 E - Ви благодариме што го одбравте овој производ. - 1ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Сериозна повреда или ризик од смрт
VOX VF 1200 E - Ви благодариме што го одбравте овој производ. - 2РИЗИК ОД СТРУЕН УДАР Ризик од опасен напон
VOX VF 1200 E - Ви благодариме што го одбравте овој производ. - 3ПОЖАРПредупредување; Опасност од пожар/запаливи материјали
VOX VF 1200 E - Ви благодариме што го одбравте овој производ. - 4ВНИМАНИЕ Ризик од повреда или оштета на имот
VOX VF 1200 E - Ви благодариме што го одбравте овој производ. - 5ВАЖНО Правилно работење со системот

СОДРЖИНА

1.1 Општи безбедносни предупредувања....20

1.2 Предупредувања за монтирање....24

1.3 При користење....24

3.1 Информации за технологија Less Frost ....28

3.2 Поставување на термостатот....28

3.3 Додатоци ....28

3.3.1 Сад за мраз (Кај одредени модели)......29

4 ЧУВАЊЕ НА ХРАНА 29

4.1 Преграда за замрзнување....29

5 ЧИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ 32

5.1 Одмрзнување 32

6 ТРАНСПОРТ И ПРЕМЕСТУВАЊЕ 33

6.1 Транспорт и менување позиција ....33

6.2 Менување на положбата на вратата ....33

8 СОВЕТИ ЗА ЗАЧУВУВАЊЕ ЕЛ. ЕНЕРГИЈА.... 34

9 ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ.... 35

1.1 Општи безбедносни предупредувања Внимателно прочитајте го упатството за употреба.

⚠️ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Одржувајте ги отворите за вентилација во апаратот или во вградениот елемент чисти и без препреки.

⚠️ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Не користете механички уреди или други средства за да го забрзате процесот на одмрзнување освен оние што ги препорачува производителот.

⚠️ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Не користете електрични апарати во преградите за чување храна, освен ако тие не се препорачани од производителот.

⚠️ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Не оштетувајте го колото за ладење.

⚠️ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Кога го позиционирате апаратот, гледајте кабелот за струја да не биде заглавен или оштетен.

⚠️ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Немојте да поставувате повеće продолжни кабли или утикачи на задниот дел од апаратот.

⚠️ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Апаратот мора да се фиксира согласно упатствата за да се избегне ризикот да биде нестабилен.

⚠️ Ако апаратот користи R600а како средство за ладење (овие информации се наведени на

етикетата на ладилникот), тогаш треба да внимавате при транспорт и монтажа за да спречите оштетување на елементите од ладилникот. R600а не е штетен за животната средина и е природен гас, но е експлозивен. Во случај на протекување заради оштетување на елементите во системот за ладење, преместете го подалеку од извори на отворен орган и топлина и проветрете ја просторијата каде што е сместен неколку минути.

  • Не оштетувајте го системот со средството за ладење при транспорт и поставување на ладилникот.
  • Не чувајте експлозивни материи како што се лименки со аеросоли со запаливо гориво во овој апарат.

- Овој производ е наменет да се користи во дома Kinства и слични примени како што се:

-кујнски простории во дуќани, канцеларии и други работни средини.

-фарми и од страна на гости во хотели, мотели и други места наменети за престој.

-објекти наменети за пренокување со појадок;

-подготовка и испорака на храна и слични други некомерцијални примени.

- Ако штекерот не одговара на приклучокот на ладилникот производителот, сервисерот или соодветно квалификувано лице мора да го смени за да се избегнат ризични состојби.

- Кабелот за напојување на ладилникот има специјално заземјен приклучок на него. Овој приклучок треба да се користи со специјално заземјен штекер рангиран на 16 ампери. Ако таков штекер нема во куćата, повикајте квалификуван електричар да го монтира.

- Овој производ може да го употребуваат деца постари од 8 години и лица со намалени физички, сензорни или ментални способности или без искусство и познавање доколку се под надзор или им се даваат упатства за безбедна употреба на производот и ги разбираат опасностите што доағаат. Децата не смее да си играат со апаратот. Уредот не смеат да го чистат и одржуваат деца без надзор.

- Деца на возраст од 3 до 8 години можат да ги полнат и празнат уредите за ладење. Не се очекува деца да го чистат или да го одржуваат апаратот, не се очекува многу мали деца (0-3 години) да ги користат уредите, не се очекува мали деца (3-8 години) да ги користат безбедно уредите доколку не се под постојана контрола, повозрасни деца (8-14 години) и лица со посебни потреби можат да ги користат уредите безбедно по соодветна контрола или насоки за користење на апаратот. Не се очекува лицата со поголеми посебни потреби да ги користат безбедно уредите без континуирана контрола.

  • Ако кабелот за напојување е оштетен, производителот, сервисерот или соодветно квалификувано лице мора да го смени за да се избегнат опасности.
  • Овој уред не е наменет за употреба на надморска височина повисока од 2000 m.

За да се избегне загадување на храна, ве молиме придржувајте се до следните упатства:

  • Отворање на вратата подолго време може да предизвика значително зголемување на температурата во преградите на апаратот.
  • Редовно чистете ги површините што можат да дојдат во контакт со храна и достатните системи за одвод
  • Чувајте го сировото месо и риба во соодветните садови во ладилникот, со што нема да бидат во контакт или да прокапуваат врз друга храна.
  • Деловите за замрзната храна означена со две свездички се соодветни за чување претходно замрзната храна или за правење сладолед или коцки мраз.
  • Деловите со една, две и три свездички не се соодветни за замрзнување свежа храна.
  • Ако ладилникот е оставен подолго време, исключете го, одмрзнете го, исчистете го, избришете со сува крпа и оставете ја вратата отворена за да спречите појава на мувла во апаратот.

1.2 Предупредувања за монтирање

Пред да го користите замрзнувачот прв пат, внимателно погледнете ги следниве работи:

  • Работниот напон на замрзнувачот е 220-240 V при 50 Hz.
  • Приклучокот мора да биде достапен по поставувањето.
  • Замрзнувачот може да има миризба кога єе го включите за првпат. Ова е вообичаено и миризбата може да изветрее кога замрзнувачот єе почне да лади.
  • Пред да го поврзете замрзнувачот, проверете дали информациите на плочката со податоци (напон и поврзано напојување) одговараат со главното напојување за струја. Ако се сомневате, консултирајте се со квалификуван електричар.
  • Вметнете го приключокот во штекер со соодветно заземјување. Ако штекерот нема заземјување или приключокот не соодветствува, ви препорачуваме да повикате овластен електричар за помош.
  • Апаратот мора да биде поврзан со правилно поставен штекер со осигурувач. Напојувањето (АС) и напонот на работното место мора да соодветствуваат со деталите посочени на плочката со номинални вредности на апаратот (плочката со номиналните вредности е сместена внатре одлево на апаратот).
  • Не прифаćаме одговорност за штетите настанати заради употреба без заземјување.
  • Ставете го замрзнувачот на место каде што нема да биде изложен на директна сончева светлина.
  • Замрзнувачот никогаш не смее да се користи на отворено или да се остава на дожд.
  • Производот треба да биде оддалечен најмалку 50 см од шпорети, rerни на гас и грејни тела и најмалку 5 см од електрични rerни.

  • Кога го ставате замрзнувачот непосредно до уред за длабоко замрзнување, треба да има барем 2 см помеѓу нив за да се спречи влага на надворешната површина.

  • Не покривајте го куќиштето со тантела и не ставајте тантела врз него. Ова ќе влијае на работата на замрзнувачот.
  • Потребно е да има чист простор без пречки од најмалку 150 mm над вашиот апарат. Не ставајте ништо над вашиот апарат.
  • Не ставајте тешки предмети врз производот.
  • Темелно исчистете го апаратот пред да го користите (видете Чистење и одржување).
  • Пред да го користите замрзнувачот, избришете ги сите делови со раствор со топла вода во којашто юе додадете една лажичка сода бикарбона. Потоа исплакнете ги со чиста вода и исушете ги. По чистењето вратете ги сите делови на замрзнувачот.
  • Поставете го пластичниот разделник/

ци на кондензаторот (црните лопатки на задниот дел на апаратот) вртејки го за 90° (како што е прикажано на сликата) за да спречите

VOX VF 1200 E - Предупредувања за монтирање - 1

кондензаторот да го допира сидот.

- Растојанието меѓу уредот и sidот одзади мора да биде максимум 75 mm.

1.3 При користење

  • Не поврзувајте го замрзнувачот за главното напојување со струја со помош на продолжен кабел.
  • Не прилучувајте во оштетени, изабени или стари штекери.
  • Не влечете, виткајте и не оштетувајте го кабелот.
  • Не употребувајте продолжетокадаптер.
  • Овој апарат е дизајниран за употреба од страна на возрасни лица. Не

дозволувајте деца да си играат со апаратот или да се качуваат на вратата.

  • Никогаш не допирајте го кабелот за напојување / штекерот со влажни раце. Ова може да предизвика краток спој или електричен удар.
  • Не ставајте стаклени шишиња или конзерви во замрзнувачот, бидејки ќе прснат кога содржината ќе замрзне.
  • Не ставајте експлозивен или запалив материјал во замрзнувачот.
  • Кога отстранувате мраз од преградата за правење мраз, не допирајте го мразот. Мразот може да предизвика повреди и/или исеченици.
  • Не допирајте ја замрзнатата храна со мокри раце. Не јадете сладолед или коцки мраз веднаш откако їе ги извадите од преградата за правење мраз.
  • Не замрзнувајте повторно веке одмрзната храна. Може да си наштетите на здравјето со труење од храна.

Стари и расипани ладилници

  • Ако стариот ладилник или замрзнувач има брава, скршете ја или извадете ја пред да го фрлите бидејки децата може да се заглават внатре и да се предизвика несреќа.
  • Старите ладилници и замрзнувачи содржат материјал за изолација и средство за ладење со CFC. Затоа, внимавајте да не и наштетите животната средина кога ги фрлате старите ладилници.

Изјавуваме дека нашите производи ги исполнуваат важечките европски директиви, одлуки и прописи и барањата наведени во наведените стандарди.

Одлагање на стариот апарат

Симболот на производот или на амбалажата посочува дека овој производ може да не се третира како куćен отпад. Наместо тоа, їе биде

VOX VF 1200 E - Одлагање на стариот апарат - 1

предаден во соодветното собирно место за рециклирање на електрична и електронска опрема Со правилно одлагање на овој производ їе помогнете во спречување на потенцијални негативни последици по животната средина и здравјето на лугето, кои во спротивно би можеле да настанат поради несоодветно ракување со отпадот од овој производ. За подетални информации околу рециклирањето на овој производ обратете се во локалната градска канцеларија, службата за изнесување отпад од дома Kinства или во продавницата каде што сте го набавиле производот.

Амбалажните материјали ја штитат машината од оштети кои може да настанат при транспорт. Амбалажните

VOX VF 1200 E - Одлагање на стариот апарат - 2

материјали се еколошки прифатливи, бидејки може да се рециклираат.

Употребата на рециклиран материјал ја намалува потрошувачката на суровини, а со тоа се намалува и производството на отпад.

Забелешки:

  • Внимателно прочитајте го упатството за работа пред да го поставите и користите производот. Не одговараме за штети настанати заради погрешна употреба.
  • Следете ги упатствата за апаратот и упатството за работа и чувајте го истото на безбедно место за да ги решите проблемите што може да се појават во иднина.
  • Овој производ е произведен да се користи во домашни услови и може единствено да се користи во домашни услови и за специфични намени. Не е наменет за комерцијална или заедничка употреба. Таквата употреба ја отфрла гаранцијата и нашата компанија нема да биде одговорна за причинетите загуби.
  • Овој апарат е произведен да се користи во домашни услови и е

соодветен за ладење / чување храна. Не е соодветен за комерцијална или заедничка употреба и/или за чување разни предмети освен храна. Нашата компанија не сноси одговорност за каква било оштета предизвикана од несоодветна употреба на апаратот.

2 ОПИС НА АПАРАТОТ

Овој уред не е наменет да се користи како вграден апарат.

VOX VF 1200 E - ОПИС НА АПАРАТОТ - 1

Оваа презентација е само за информирање околу деловите на апаратот. Деловите може да се разликуваат во зависност од моделот на апаратот.

1) Термостат
2) Горен дел на замрзнувачот / Горна фиока на замрзнувачот
3) Фиоки на замрзнувачот
4) Кутија за мраз

5) Пластична гребалка за мраз * * Кај одредени модели

Општи забелешки:

Преграда за замрзнување

(Замрзнувач): Најефикасна искористеност на енергија се обезбедува доколку фиоките и корпите се поставени во положба за складирање.

2.1 Димензии
H1 H2

D1 W1

D2 W2

Вкупни димензии1
H1 mm 821
W1 mm 480
D1 mm 510
Простор потребен за употреба ^2
H2mm971
W2mm580
D2mm550
Вкупен простор потребен за употреба3
W3mm580
D3mm987,5

D3 W3

3 УПОТРЕБА НА АПАРАТОТ

3.1 Информации за технологија Less Frost

Благодарение на облогата околу испарувачот, технологијата Less Frost нуди поефикасно разладување, помала потреба за рачно отстранување мраз и пофлексибилен простор за складирање.

3.2 Поставување на термостатот

Термостатот ја регулира автоматски внатрешната температура во преградите за ладење и замрзнување. Температурата во ладилникот може да се постави со вртење на копчето кон повисоки бројки; 1 до 3, 1 до 5 или SF (Највисоките бројки на термостатот зависат од вашиот производ.)

Термостат

Поставки на термостатот

1: За краткорочно чување храна
2: За долгочно чување храна
3 : Позиција за максимально ладење. Апаратот їе работи подолго. Доколку е потребно, променете ја поставката за температура. Предупредувања за поставки за температурата
- Апаратот е дизајниран да работи во интервалите на амбиентална температура наведени во стандардите, согласно климатската класа посочена на етикетата со информации. Не се

препорачува ладилникот да работи во средини коишто се надвор од дадените интервали за температура. Со ова ќе се смали ефикасноста на ладење на апаратот.

  • Приспособувањето на температурата треба да се направи согласно зачестеноста на отворањето на вратата, количината храна што се чува во апаратот и температурата во средината каде што е поставен апаратот.
  • При првото вклучување на апаратот, дозволете прво да работи 24 часа за да ја постигне температурата на работење. Не отворајте ја вратата отворена и не чувајте големо количество храна внатре додека трае овој период.
  • Функцијата за одложена работа од 5 минути се применува за да се спречи оштетување на компресорот на апаратот кога ќе го исклучите или включите во струја повторно или кога ќе снема струја. Апаратот ќе започне да работи правилно по 5 минути.

T (тропска клима): Овој ладилник е наменет да се користи на собни температури од 16 °C до 43 °C.

ST (суптропска клима): Овој ладилник е наменет да се користи на амбиентални температури од 16 °C до 38 °C.

N (умерена клима): Овој ладилник е наменет да се користи на амбиентални температури од 16 °C до 32 °C.

SN (проширена умерена клима): Овој ладилник е наменет да се користи на амбиентални температури од 10 °C до 32 °C.

3.3 Додатоци

Визуелните и текстуалните описи во поглавјето за дополнителната опрема може да се разликуват во зависност од моделот на производот.

3.3.1 Сад за мраз (Кај одредени модели)

  • Наполнете го садот за мраз со вода и ставете го во замрзнувачот.
  • Откако водата целосно ће замрзне, може да го свиткате садот како што е прикажано подолу за да ги извадите коцките мраз.

VOX VF 1200 E - Сад за мраз (Кај одредени модели) - 1

Визуелните и текстуалните описи во поглавјето за дополнителната опрема може да се разликуват во зависност од моделот на производот.

4 ЧУВАЊЕ НА ХРАНА

4.1 Преграда за замрзнување

  • Замрзнувачот се користи за складирање замрзната храна, за замрзнување свежа храна и за правење коцки мраз.
  • Храната во течна форма треба да се замрзнува во пластични садови, а другата храна во пластични фолии или кеси. При замрзнување свежа храна, завиткајте ја соодветно свежата храна, во пакувањето не смее да има воздух и не смее да протекува. Најсоодветни се специјални вреќички за замрзнување, алуминиумска фолија, полиетиленски вреќички и пластични садови.
  • Не ставајте свежа храна веднаш до замрзнатата храна бидејки може да ја растопи.
  • Пред да замрзнете свежа храна, поделете ја на порции за едно јадење.
  • Одмрзнатата храна треба да ја консумирате набрзо по одмрзнувањето
  • Секогаш следете ги упатствата на производителот за пакување храна кога складирате замрзната храна. Доколку нема информации, храната

треба да се чува најдолго 3 месеци од датумот на кој сте ја купиле.

- Кога їе купите замрзната храна, проверете дали е замрзната во соодветни услови и уверете се дека пакувањето не е оштетено.

- Замрзнатата храна треба да се пренесува во соодветни садови и да биде ставена во замрзнувачот што е можно побрзо.

- Не купувајте замрзната храна ако на пакувањето се видливи знаци од влажност и невообичаено надувување. Таквата храна веројатно била чувана на несоодветна температура и нејзините состојки веројатно се во лоша состојба.

- Рокот на употреба на замрзната храна зависи од собната температура, поставката на термостатот, колку често се отвора вратата, видот на храната и времето кое што е потребно да се однесе производот од продавница до дома. Секогаш следете ги упатствата што се дадени на пакувањето и никогаш не надминувајте го максимальното посочено време за складирање.

- Ако вратата од замрзнувачот остане отворена подолго време или не е правилно затворена, може да се формира мраз во замрзнувачот и може да се спречи ефикасното циркулирање на воздухот. За да се разреши ова, исключете го замрзнувачот и чекајте да се одмрзне. Исчистете го замрзнувачот откако целосно ње се одмрзне.

- Капацитетот на замрзнувачот означен на етикетата е капацитет без корпи, капаци итн.

- Не замрзнувајте ја повторно веке одмрзнатата храна. Тоа е опасно по вашето здравје бидејки може да предизвика проблеми како труење со храна.

НАПОМЕНА: Ако се обидете да го отворите замрзнувачот веднаш откако сте го затвориле, ќе забележите дека нема да се отвори лесно. Ова е нормално. Откако ќе се постигне рамнотежа, вратата лесно ќе се отвори.Користете ја полицата за брзо замрзнување за да замрзнете домашно зготвени јадења (и друга храна која сакате да ја замрзнете) побрзо, бидејки моюта на замрзнување во овој простор на замрзнувачот е поголема. Полицата за брзо замрзнување е долната фиока во одделот на замрзнувачот.

VOX VF 1200 E - Преграда за замрзнување - 1

Табелата дадена подолу е краток водич кој го покажува најефикасниот начин за складирање на главните групи храна во делот за замрзнувач.

Месо и риба ПодготовкаМаксимално време за чување (месеци)
Бифтек Месото е завиткаво фолија 6 - 8
Јагнешко Месото е завиткаво фолија 6 - 8
Печено телешко Месото е завиткано во фолија 6 - 8
Телешко на коцки На мали парчиња 6 - 8
Јагнешко на коцки На парчиња 4 - 8
Мелено месо Во пакување без користење зачини 1 - 3
Пилешки цигер (парчиња)На парчиња 1 - 3
Колбаси/саламаТреба да се чуваат спакувани дури и ако имаат лушпа
Пилешко и мисирка Месото е завиткано во фолија 4 - 6
Гуска и патка Месото е завиткано во фолија 4 - 6
Елен, зајак и дива свињаВо порции од 2,5 кг или како филети 6 - 8
Слатководна риба (лосос, крап, сом)Откако ће ги исчистите утробата и крлушките на рибата, измијте и исушете ја. Ако е неопходно, исечете ги опашот и главата.
Посна риба (морски гргеч, калкан, лист)
Мрсна риба (туна, скуша, ципура, сардела)
Школки, ракови Чисти и во кеса4 - 6
КавијарВо своето пакување или во алуминиумски или пластичен сад
ПолжавиВо солена вода, во своето пакување, во алуминиумски или пластичен сад
НАПОМЕНА: Штом ће се одмрзне смрзнатото месо, треба да се готви како свежото. Ако не го зготвите месото кога ће се одмрзне, не смее повторно да се замрзнува.
Зеленчук и овошјеПодготовкаМаксимално време за чување (месеци)
Боранија и гравИзмијте и исечете на мали парчиња и сварете во вода10 - 13
ГрашокИсчистете го од мешунките, измијте го и сварете го во вода12
Зеленчук и овошје ПодготовкаМаксимално време за чување (месеци)
Зелка Исчистете ја и сварете ја во вода 6 - 8
МорковИсчистете и исечете на мали парчиња и сварете ги во вода
ПиперкаИсечете ја дршката, исечете на два дела и извадете ги семките и сварете ја во вода
Спанак Измијте го и сварете го во вода 6 - 9
КарфиолИзвадете ги листовите, исечете ја срцевината на парчиња и оставете го вода со малку лимон
Зеленчук и овошје ПодготовкаМаксимално време за чување (месеци)
Модар патлицан Исечете го на парчиња од 2 см по миењето 10 - 12
Пченка Исчистете и спакувајте ја со кочанот или издробена12
Јаболко и круша Излупете ги и исечете ги на парчиња 8 - 10
Кајсија и праска Исечете на два дела и извадете ги семките 4 - 6
Јагоди и капини Измијте и исчистете ги 8 - 12
Зготвено овошје Додадете 10 % шекер во садот 12
Слива, цреша, вишна Измијте и исчистете ги семките8 - 12
Максимално време за чување (месеци)Време на одмрзнување на собна температура (часови)Време на одмрзнување во rerна (минути)
Леб4 - 62 - 34-5 (220-225°C)
Бисквити3 - 61 - 1,55-8 (190-200°C)
Печиво1 - 32 - 35-10 (200-225°C)
Пита1 - 1,53 - 45-8 (190-200°C)
Лиснато тесто2 - 31 - 1,55-8 (190-200°C)
Пица2 - 32 - 415-20 (200°C)
Млечни производиПодготовкаМаксимално време за чување (месеци)Услови на чување
Млеко во кутија (хомогенизирано)Во своето сопствено пакување2 - 3Свежо млеко - во своето сопствено пакување
Кашкавал - со исклучок на сирењетоНа парчиња6 - 8Може да се користи оригиналното пакување за краткотраен период на чување. Треба да се завитка во фолија за подолготрајно чување.
Путер, маргарин Во своето пакување 6

5 ЧИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ

VOX VF 1200 E - ЧИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ - 1

Исклучете го апаратот од струја пред чистење.

VOX VF 1200 E - ЧИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ - 2

Не чистете го истурајки вода врз него.

VOX VF 1200 E - ЧИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ - 3

Не користете абразивни средства, детергенти или сапун за чистење на апаратот. По миење, исплакнете со чиста вода и исушете темелно. Кога їе завршите со чистење, со суви дланки повторно поврзете го приклучокот со главното напојување.

  • Во ку́киштето на светилката не смее да навлезе вода, ниту пак во другите електрични делови.
  • Апаратот треба редовно да се чисти со раствор од сода бикарбона и млака вода.
  • Дополнителната опрема се чисти засебно, рачно со сапун и вода. Не мијте ги додатоците во машина за перење садови.
  • Барем еднаш годишно чистете го кондензаторот со четка. Ова ќе помогне да заштедите на трошоци за енергија и да ја зголемите продуктивноста.

VOX VF 1200 E - ЧИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ - 4

Мора да се исклучи електричното напојување за

време на чистењето.

5.1 Одмрзнување

Постапка за одмрзнување на замрзнувачот

- Ке се наталожи мала количина мраз во замрзнувачот во зависност од тоа колку долго е отворена вратата или од количината влага. Важно е да не дозволите создавање мраз на места кои ќе влијаат врз цврстото затворање на гумата на вратата. Така може да навлегува воздух во одделот што доведува до постојана работа на компресорот. Тенкиот слој мраз е мек и може да се извади со четка или пластична гребалка. Не користете метални или остри

гребалки, механички средства или други помагала за да го забрзате процесот на одмрзнување. Извадете ги сиот отстранет мраз од одделот. Не мора да го исключите апаратот за да отстранувате тенки слоеви мраз.

  • Исклучете го апаратот од струја и извадете ја содржината во картонска кутија и завиткајте ја во дебели єебиња или во хартија за да останата студени кога сакате да вадите дебели слоеви мраз. Одмрзнувањето е најефикасно ако се спроведе кога замрзнувачот е речиси празен и треба да се направи што е можно побргу за да се спречи непотребен пад на температурата на содржината.
  • Не користете метални или остри гребалки, механички средства или други помагала за да го забрзате процесот на одмрзнување. Зголемувањето на температурата на пакувањата замрзната храна во текот на одмрзнувањето ње им го скрати рокот на употреба. За време на одмрзнувањето чувајте ја храната завиткана во амбалажа и ладна.

VOX VF 1200 E - Постапка за одмрзнување на замрзнувачот - 1

  • Исушете ја внатрешноста на одделот со сунгер или чиста крпа.
  • За да го забрзате периодот на одмрзнување, може да ставите еден или повеке садови со топла вода во одделот на замрзнувачот.
  • Проверете ја содржината кога ја ставате одново во замрзнувачот и ако некои од пакувањата се одмрзнати, тогаш тие треба да се изедат во период од 24 часа или да се зготват

пред да се замрзнат одново.

- Кога одмрзнувањето ће биде готово, исчистете ја внатрешноста на уредот со раствор од топла вода и малку сода бикарбона и потоа исушете темелно. Измијте ги сите делови што може да се извадат на ист начин и повторно ставете ги на место. Поврзете го замрзнувачот во струја и оставете го да работи 2 до 3 часа на поставена вредност MAX пред да ја вратите храната во него.

VOX VF 1200 E - Постапка за одмрзнување на замрзнувачот - 2

flowchart
graph TD
    A["LED"] <--> B["LED"]
    style A fill:#f9f,stroke:#333
    style B fill:#bbf,stroke:#333

Доколку производот е опремен со LED светилка

Овој производ содржи извор на светлина од класа за енергетска ефикасност <Е>.

Ако производот е опремен со LED лента (и) или LED картичка (и)

Овој производ содржи извор на светлина од класа за енергетска ефикасност .

6 ТРАНСПОРТ И ПРЕМЕСТУВАЊЕ

6.1 Транспорт и менување позиција

  • Може да ги зачувате оригиналното пакување и пената за повторен транспорт (по избор).
  • Прицврстете го апаратот со дебело пакување, ремени или издржливи јажиња и следете ги упатствата за транспорт дадени на пакувањето.
  • Отстранете ги сите отстранливи делови (фиоки, садови за мраз, итн.) или фиксирајте ги на апаратот со самолеплива лента во текот на преместувањето или транспортот.

VOX VF 1200 E - Транспорт и менување позиција - 1

Секогаш транспортирајте го апаратот во исправена положба.

6.2 Менување на положбата на вратата

  • Правецот на отворање на вратата од апаратот не може да се смени доколку рачките на вратата се поставени на надворешната страна на вратата.
  • Правецот на отворање на вратата може да се смени само кај модели без рачки.
  • Ако правецот на отворање на вратата на апаратот може да се смени, треба да контактирате со најблискиот овластен сервис за да го сменат правецот на отворање.

Ако имате проблем со апаратот, ве молиме проверете го следново пред да го контактирате сервисниот центар.

Вашиот апарат не работи

Проверете дали:

  • Има електрична енергија
  • Приклучокот е правилно поставен во штекерот
  • Дали е прегорен осигурувачот за штекерот или главниот осигурувач
  • Штекерот е оштетен. За да го проверите ова, включете друг функционален апарат во истиот приклучок.

Апаратот лошо работи

Проверете дали:

  • Апаратот е преоптоварен
  • Вратата на апаратот е соодветно затворена
  • Има прашина на кондензаторот
  • Има довольно простор одзади и од страните.

Вашиот апарат работи бучно Нормална бучава

Се појавува звук како крцкање:

  • Во текот на автоматското одмрзнување
  • Кога апаратот се лади или топли (поради ширење на материјалот на апаратот).

Краток звук на крцкање: Се слуша кога термостатот го вклучува/исклучува компресорот.

Посочува дека компресорот работи нормално. Кога прв пат го включувате апаратот, можно е компресорот да е бучен кратко време.

Звук на клокотење и прскање: Оваа бука ја предизвикува протокот на средството за ладење во цевките на системот.

Звук на течење на вода: Се јавува поради садот за испарување. Оваа бука е нормална при процесот на одмрзнување.

Се појавува звук на дување воздух: Кај некои модели при нормално работење на системот благодарение на циркулацијата на воздухот.

Рабовите на апаратот кои ги допираат шарките се топли

Особено летно време (кога е топло), површините кои ги допираат шарките на вратата може да станат топли поради работата на компресорот, ова е нормално.

Ако има наталожување на влажност во апаратот

Проверете дали:

  • Целата храна е соодветно спакувана. Садовите се исушени пред да ги ставите во апаратот.
  • Дали вратите на апаратот се отвораат честопати. Влагата од просторијата влегува во апаратот кога се отвораат вратите. Влажноста побрзо се зголемува ако вратите се отвораат честопати, особено ако просторијата е многу влажна.

Вратата не се отвора и затвора како што треба

Проверете дали:

  • Има храна или амбалажа што спречува затворање на вратата
  • Шарките се скршени или изабени
  • Дали апаратот е на рамна површина.

Препораки

  • Ако го исключите апаратот од струја, почекајте барем 5 минути пред повторно да го включите или рестартирате за да не го оштетите компресорот.
  • Ако не го користите апаратот подолго време (на пр. за време на летниот одмор), исключете го од струја. Исчистете го апаратот како што е посочено во поглавјето и оставете ја вратата отворена за да спречите појава на влага и миризба.
  • Ако проблемот продолжува откако сте ги следеле сите погоре дадени упатства, повикајте го најблискиот овластен сервисен центар.
  • Апаратот кој го набавивте е направлен исклучиво за домашна употреба. Не е наменет за комерцијална или заедничка употреба. Ако го користите ладилникот на начин којшто не соодветствува со одликите, потенцираме дека производителот и застапникот не се одговорни за поправките или дефектите во периодот на гаранцијата.

8 СОВЕТИ ЗА ЗАЧУВУВАЊЕ ЕЛ. ЕНЕРГИЈА

  1. Монтирајте го апаратот во ладна, добро проветрувана просторија, но да не е во директен контакт со сончева светлина и да не биде во близина на извор на топлина (како што е радијатор или rerна), во спротивно, користете плоча за изолација.
  2. Дозволете топлата храна и пијалаците да се изладат пред да ги ставите во апаратот.
  3. Одмрзнатата храна ставете ја во преградата за ладење, ако има. Ниската температура на замрзнатата храна ће помогне при ладењето на преградата за ладење додека храната се одмрзнува. Ова ће заштеди енергија. Замрзнатата храна која е оставена надвор од апаратот да се одмрзне ће предизвика непотребно

трошење енергија.

  1. Пијалаците или другите течности треба да се покриени кога се внатре во апаратот. Ако не се покриени, тогаш влажноста во апаратот ње се зголеми, а со тоа апаратот користи повеќе енергија. Покривањето на пијалаците и другите течности помага при зачувување на нивниот мирис и вкус.
  2. Избегнувајте да ги оставате отворени вратите подолги периоди и да ги отворате пречесто, бидејки їе влезе топол воздух во апаратот предизвикувајки компресорот да се вклучува непотребно често.
  3. Капаците на преградите со различна температура (како на пример комората за свежа храна и за разладување, ако има) чувајте ги затворени.
  4. Гумата на вратите мора да биде чиста и еластична. Доколку гумата е оштетена, заменете ја.
  5. Ако ја отстраните полицата во замрзнувачот, можете да складирате повеće храна. Потрошувачката на струја се однесува за полн замрзнувач со отстранета полица.

9 ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ

Техничките информации се наогаат на плочката со спецификации на внатрешната страна на апаратот и на етикетата за енергија.

QR-кодот на етикетата за енергија доставена со апаратот обезбедува линк до веб адреса со информациите поврзани со перформансите на апаратот во базата на податоци на EU EPREL. Чувајте ја етикетата за енергија за идно користење заедно со упатството за употреба и сите други документи обезбедени со овој уред.

Истите информации можете да ги најдете на EPREL преку линкот https://eprel.ec.europa.eu со името на моделот и бројот на производот дадени на плочката со спецификации на уредот. Посетете ја страната

www.theenergylabel.eu за детални информации за етикетата за енергија.

Инсталирањето и подготовката на апаратот за која било верификација на EcoDesign треба да биде во согласност со EN 62552. Барањата за вентилација, димензиите на уредот и минимално растојание за задниот дел се дадени во ова Упатство за употреба на ДЕЛ 2. Ве молиме контактирајте го производителот за какви било дополнителни информации, включително и планови за транспорт.

Секогаш користете само оригинални делови.

Кога контактирате со нашиот овластен сервисен центар, проверете дали ги имате следниве податоци: Модел, PNC, сериски број. Информациите може да се најдат на плочката со спецификации.

Предупредување / Внимание-

Безбедносни информации Општи информации и совети Информации за животната средина

Предмет на промени без претходно известување.

Посетете ја нашата веб-страница за да: https://www.voxelectronics.com

VOX VF 1200 E - ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ - 1

Содржина Кликнете на наслов за да пристапите до него
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : VOX

Модел : VF 1200 E

Категорија : замрзнувач