ELECTROLUX ERB 40405 X - фрижидер

ERB 40405 X - фрижидер ELECTROLUX - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот ERB 40405 X ELECTROLUX во PDF формат.

📄 84 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање
Notice ELECTROLUX ERB 40405 X - page 42
Погледни прирачник : Български BG Македонски MK Shqip SQ Српски SR
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.

Прашања на корисниците за ERB 40405 X ELECTROLUX

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Вашата е-пошта останува приватна: се користи само за да ве известиме ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот фрижидер во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник ERB 40405 X - ELECTROLUX и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. ERB 40405 X на марката ELECTROLUX.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК ERB 40405 X ELECTROLUX

За да ги махнете, направете следното:

Видете повеќе како размислуваме на www.electrolux.com

Содржина

Безбедносни информации 42

Ракување 44

Прва употреба 45

Секојдневна употреба 45

Помошни напомени и совети 47

Користење на славината за вода со филтер BRITA MAXTRA 48

Нега и чистење 55

Што да сторите ако... 56

Технички податоци 58

Местење 59

Еколошки мерки 62

ELECTROLUX ERB 40405 X - Содржина - 1

Можноста за промени е задржана

ELECTROLUX ERB 40405 X - Содржина - 2

Безбедносни информации

За ваша безбедност и за да се обезбеди правилна употреба, пред да го наместите и да го користите апаратот првпат, прочитајте го упатството за употреба внимателно, вклучувајки ги и советите и предупредувањата. За да се избегнат непотребни грешки и незгоди, важно е сите што го користат апаратот да се темелно запознаени со начинот на работата и безбедносните функции.

Чувајте го упатството и погрижете се да биде со апаратот ако се премести или продаде, за да може секој што го користи во работниот век да биде правилно информиран за употребата на апаратот и за безбедноста.

За безбедност на животот и имотот чувајте ги опомените за претпазливост од ова упатство бидејки производителот не е одговорен за штетите предизвикани од нивното непочитување.

Безбедност на децата и помалку вештите лица

  • Апаратот не е наменет да го користат лица (вклучувајки и деца) со намалени физички, сетилни или ментални способности, или што немаат искусство и знаење, освен ако не се под надзор или се упатени за користење на апаратот од страна на лице што е одговорно за нивната безбедност.
    Децата треба да се под надзор за да не си играат со апаратот.

  • Чувајте ги сите материјали за пакување далеку од децата. Постои опасност од задушување.

  • Ако го расходувате апаратот, извлечете го кабелот за струја од штекерот, исечете го (што е можно поблиску до апаратот) и извадете ја вратата за да спречите децата што си играат да не ги удри струја или да не се затворат во него.
  • Ако апаратов, кој има магнетизирани гуми за затворање, треба да замени постар апарат што има брава со пружина на вратата или капакот, погрижете се да ја онеспособите бравата со пружина пред да го расходувате стариот апарат. Така їе се спречи тој да стане смртоносна стапица за децата.

Општа безбедност

ELECTROLUX ERB 40405 X - Општа безбедност - 1

ВНИМАНИЕ Внимавајте отворите за проветрување да не бидат блокирани.

  • Апаратот е наменет за чување прехранбени продукти и пијалаци во нормално дома Kinство, како што е обаснето во ова упатство.
  • Не користете механички уреди или вештачки средства за забрзување на топењето.

  • Не користете други електрични апарати (на пр. мешалки за сладолед) во ладилници, освен ако не се одобрени за таква намена од страна на производителот.

  • Не оштетувајте ги водовите со средството за ладење.
  • Средството за ладење изобутан (R600a), кој кружи низ водовите за ладење на апаратот, е природен гас со високо ниво на еколошка подобност, но сепак е запалив.
    За време на превозот и местењето на апаратот, внимавајте да не се оштети ниеден дел од водовите за ладење. Доколку се оштетат водовите за ладење:
    – избегнувајте отворен орган и извори на искри
    – темелно проветрете ја просторијата во која што се наоға апаратот
  • Опасно е да се менуваат спецификациите или да се вршат какви и да било измени на производот. Секое оштетување на кабелот може да предизвикараток спој, пожариили струен удар.

! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Сите електрични делови (кабелот за струја, приклучокот, компресорот) мора да ги заменува сертифициран или квалификуван сервисер.

  1. Кабелот за струја не смее да се продолжува.
  2. Проверете приклучокот за во штекер да не е смачкан или оштетен од задниот дел на уредот. Смачкан или оштетен приклучок за во штекер може да се прегрее и да предизвика пожар.
  3. Внимавајте приклучокот во електричната мрежа да е пристапен.

  4. Не влечете го кабелот.

  5. Ако штекерот е разлабавен, не вметнувајте го приключокот во него. Постои опасност од струен удар или пожар.

  6. Апаратот не смее да работи без капакот за ламбата 7) на внатрешното светло.

- Апаратот е тежок. Треба да се внимава кога се поместува.

- Не вадете ги и не допирајте ги предметите во преградите на замрзнувачот ако рацете ви се мокри или влажни, зашто така може да дојде до гребење на кожата и смрзнатици.

- Избегнувајте подолг апаратот на директна сончева светлина.

Секојдневна употреба

  • Не ставајте жешки садови на пластичните делови на апаратот.
  • Не чувајте запаливи гасови и течности во апаратот, зашто тие може да експлодираат.
  • Не ставајте прехранбени продукти директно врз отворите за воздух на задниот сид. 8)
  • Смрзнатата храна не смее повторно да се смрзнува откако їе се одмрзне.
  • Чувајте ја претходно спакуваната смрзната храна во согласност со упатствата на нејзиниот производител.
  • Мора строго да се почитуваат препораките за чување на производителот на апаратот. Видете во соодветното упатство.
  • Не ставајте содирани или газирани пијалаци во преградите на замрзнувачот, бидејки тие создаваат притисок во садот, што може да предизвика негово експлодирање, што може да заврши со оштетување на апаратот.
  • Смрзнатите лижавчиња може да предизвикаат смрзнатици ако се конзумираат веднаш.

Одржување и чистење

- Пред одржување, исключете го апаратот и извадете го приклучокот за струја од штекерот. Ако не можете да пријдете кон приклучокот за струја, прекинете го струјното коло.

  • Не чистете го апаратот со метални предмети.
  • Не користете остри предмети за вадење на мразот од апаратот. Користете пластичен гребач.
  • Редовно проверувајте го одводот на фрижидерот за одмрзната вода. Ако е неопходно, исчистете го одводот. Ако одводот е блокиран, Ѽе се собира вода на дното на фрижидерот.

Местење

ВАЖНО За електричното поврзување, внимателно постапете според упатствата дадени во одделните пасуси.

  • Распакувајте го апаратот и проверете да не е оштетен. Не приклучувајте го апаратот ако е оштетен. Пријавете ги евентуалните оштетувања веднаш таму каде што сте го купиле апаратот. Во тој случај, престанете со распакување.
  • Препорачливо е да се почека најмалку четири часа пред да се приклучи апаратот за да може маслото да се врати во компресорот.
  • Околу апаратот треба да има соодветно кружење на воздухот - без него може да дојде до прегревање. За да се постигне довольно проветрување, следете ги упатствата за местење.
  • Секогаш кога е можно, задниот дел на производот треба да е блиску до сид, за да не биде можно допирање или факање на топлите делови (компрессорот, кондензаторот) и изгорувањето од нив.

Ракување

Вклучување

Вметнете го приклучникот во сиден штекер.

Свртете го регулаторот на температурата надесно до средната поставка.

Исклучување

За да го исклучите апаратот, свртете го регулаторот на температурата во положба "О".

  • Апаратот не смее да се наоға блиску до радијатори или плински шпорети.
  • Внимавајте штекерот да е пристапен по местењето на апаратот.
  • Поврзувајте само со довод на вода за пиење. 9)

Сервисирање

  • Електричните приспособувања потребни за сервисирање на апаратот треба да ги изврши квалификуван електричар или компетентно лице.
  • Производот мора да го сервисира овластен Сервисен центар и мора да се користат само оригинални резервни делови.

Апаратот не содржи гасови што може да го оштетат озонскиот слој ниту во водовите за ладење, ниту во изолациските материјали. Апаратот не смее да се расходува заедно со обичен комунален смет и губре. Изолациската пена содржи запаливи гасови: апаратот мора да се расходува согласно со важечките прописи што може да ги добиете од локалните власти. Избегнувајте оштетување на уредот за ладење, особен одзади, близу до разменувачот на топлина. Материјалите употребени за овој апарат означени со символот ⚙️ се рециклираат.

Регулирање на температурата

Температурата се регулира автоматски. За да работите со апаратот, постапете на следниов начин:

• свртете го регулаторот на температурата кон помалата поставка за да постигнете минимално ладење.
• свртете го регулаторот на температурата кон поголемата поставка за да постигнете максимально ладење.

i Средната поставка, општо земено, е најпогодна.

Меѓутоа, точната поставка треба да се одбере имајки предвид дека температурата во внатрешноста на апаратот зависи од:

  • собната температура
    • колку често се отвора вратата
    • количеството храна што се чува
  • местоположбата на апаратот.

ВАЖНО Ако околната температура е висока или апаратот е целосно наполнет, а апаратот е поставен на најниската температура, може да работи непрестано што ќе предизвика да се формира мраз на задниот сид. Во тој случај, тркалцето мора да се постави на повисока температура за да се овозможи автоматско одмрзнување, а со тоа и помала потрошувачка на енергија.

Прва употреба

Чистење на внатрешноста

Пред првото користење на апаратот, измијте ја внатрешноста и сите внатрешни додатоци со млака вода и малку неутрален сапун за да се отстрани карактеристичниот мирис на новите производи, па исушете го темелно.

ВАЖНО Не користете детергенти или груби прашоци, тие може да ја оштетат политурата.

Секојдневна употреба

Смрзнување свежа храна

Комората на замрзнувачот е погодна за замрзнување свежа храна и чување смрзната и длабоко-смрзната храна подолго време.

За да смрзнувате свежа храна не е неопходно да ја менувате средната поставка.

Меѓутоа, за побрзо смрзнување, свртете го регулаторот на температурата кон поголемата поставка за да постигнете максимально ладење.

ВАЖНО Во овие услови, температурата на комората на фрижидерот може да падне под 0°C. Ако дојде до тоа, вратете го регулаторот за температура на помала поставка.

Ставете ја свежата храна за мрзнење во горната комора.

Чување смрзната храна

По првото вклучување или по извесен период некористење, пред да ставите производи во преградата, оставете апаратот да работи барем 2 часа на најголемата поставка.

ВАЖНО Во случај на случајно одмрзнување, на пример поради

снемување струја, ако немало струја подолго време отколку под ставката "време на одржување" во табелата за технички характеристики, одмрзнатата храна мора да се изеде брзо или да се зготви веднаш, а потоа повторно да се смрзне (откако їе се излади).

Одмрзнување

Длабоко смрзнатата и смрзнатата храна, пред да се употреби, може да се одмрзне во преградата на фрижидерот или на собна температура, зависно од времето достапно за оваа постапка.

Малите парчиња може дури и да се готват смрзнати, директно од замрзнувачот: во тој случај, готвењето ке трае подолго.

Подвижни полици

На сидовите на фрижидерот се монтирани низа држачи, така што полиците може да се наместат по желба.

ELECTROLUX ERB 40405 X - Подвижни полици - 1

Ставајте ги шишињата (со отворот свртен нанапред) на претходно наместената полица.

ВАЖНО Ако полицата е ставена хоризонтално, ставајте само затворени шишиња.

ELECTROLUX ERB 40405 X - Подвижни полици - 2

Полицата за држење шишиња може да се навали за да се чувват претходно отворени шишиња. За да го постигнете тоа, повлечете ја полицата нагоре за да може да се сврти нагоре и да се стави на следното повисоко ниво.

ELECTROLUX ERB 40405 X - Подвижни полици - 3

Местење на полиците на вратата

За да се овозможи чување пакувања во разни големини, полиците на вратата може да се стават на различни височини.

За приспособување, постапете на следниов начин:

Постепено влечете ја полицата во насоката на стрелките додека не се ослободи, потоа наместете ја по желба.

ELECTROLUX ERB 40405 X - Местење на полиците на вратата - 1

Тацната за смрзнување е погодна за смрзнување поситно овошје (малини, јагоди, боровинки и сл.). Овошјето треба да се става во тацната во тенки слоеви без материјали за пакување. Откако ке смрзнат, може да се спакуваат и сортираат, па да се стават во преградите за чување.

ELECTROLUX ERB 40405 X - Местење на полиците на вратата - 2

Вадење на корпите за смрзнување од замрзнувачот

Корпите за смрзнување имаат граничник за сопирање што спречува нивно случајно вадење или испаѓање. Кога сакате да ги извадите од замрзнувачот, повлечете ја корпата кон себе и, кога їе дојде до граничникот, извадете ја корпата кревајки го предниот дел нагоре.

Кога ги враćате, кренете го малку предниот дел на корпата за да ја вметнете во замрзнувачот. Кога ќе ги поминете граничниците, турнете ја корпата назад во положбата.

ELECTROLUX ERB 40405 X - Вадење на корпите за смрзнување од замрзнувачот - 1

Помошни напомени и совети

Нормални работни звуци

  • Кога разладното средство се пумпа низ намотките или цевките, може да се слуша звук на тивко ггрорење и клокотење. Тоа е нормално.
  • Кога компресорот е включен, средството за ладење се пумпа низ системот и од него ће слушате звуци на шумење и тропање. Тоа е нормално.
  • Термичката дилатација може да предизвика ненадејни звуци на пукање. Тоа е природен, безопасен физички феномен. Тоа е нормално.
  • Кога компресорот се вклучува или исклучува, ње слушате слабо "кликање" на температурниот регулатор. Тоа е нормално.

Совети за штедење енергија

  • Не отворајте ја вратата често и не оставајте ја отворена подолго отколку што е неопходно.
    • Доколку околната температура е висока, регулаторот за температура е на најголемата поставка и апаратот е

целосно наполнет, компресорот може да работи непрестано, што ке предизвика формирање мраз на испарувачот. Ако се случаи тоа, свртете го регулаторот за температура кон помалите вредности за да овозможите автоматско одмрзнување, со што ке заштедите и електрична енергија.

Совети за ладење свежа храна

За да добиете најдобри перформанси:

  • не ставајте топла храна или течности што испаруваат во фрижидерот
  • покривајте ја или виткајте ја храната, особено ако има посилен вкус
  • ставајте ја храната така што воздухот може да кружи слободно околу неа

Совети за ладење

Корисни совети:

Месо (сите видови) : виткајте го во пластични юесички и ставајте го на стаклената полица над фиоката за зеленчук.

Најбезбедно е да го чувате на овој начин само еден или најмногу два дена.

Зготвена храна, ладни јадења и сл.: тие треба да се покриени и може да се стават на која било полица.

Овошје и зеленчук: тие треба да се убаво измиени и ставени во специјалните фиоки за нив.

Путер и сирење: тие треба да се во посебните херметички садови или завиткани во алуминиумска фолија или пластични ўесички за да се спречи допирот со воздух.

Шишиња млеко: тие треба да имаат капаче и да се ставаат на полицата за шишиња на вратата.

Бананите, компирите, кромидот и лукот, ако не се спакувани, не смеат да се чувват во фрижидер.

Совети за смрзнување

За најдобро користење на смрзнувањето, еве неколку важни совети:

  • максимальното количество храна што може да се смрзне за 24 часови е покажано на плочката со спецификации;
  • смрзнувањето трае 24 часа. Не треба да се додава храна за смрзнување во тој период;
  • смрзнувајте само квалитетна, свежа и убаво измиена храна;
  • поделете ја храната во мали порции за да може брзо и целосно да се смрзне и за да овозможите одмрзнување само на потребните количества;
  • завиткајте ја храната во алуминиумска или пластична фолија убаво и стегнато;

  • не дозволувајте свежата несмрзната храна да ја допира храната што е веке смрзната, за да не ја загреете вторава;

  • немасната храна се чува подобро и подолго отколку масната; солта го намалува векот на чување на храната;
    • водениот мраз, ако се конзумира веднаш по вадењето од преградата на замрзнувачот, може да предизвика смрзнатици на кожата;
  • препорачливо е да се запише датумот на смрзнување на секое пакување за да можете да водите сметка за времето на смрзнатост.

Совети за чување смрзната храна

За да добиете најдобри перформанси од апаратот, почитувајте ги следниве напомени:

• проверувајте дали комерцијалните смрзнати прехранбени продукти биле соодветно чувани кај продавачот;
- внимавајте смрзнатите прехранбени продукти да се пренесат од продавницата до замрзнувачот во најкраток можен рок;
- не отворајте ја вратата често и не оставајте ја отворена подолго отколку што е неопходно.
- Штом ће се одмрзне, храната се расипува брзо и не може повторно да се смрзне.
- Не надминувајте го препорачаниот период за чување.

Користење на славината за вода со филтер BRITA MAXTRA

Апарат за филтрирање вода BRITA

Внатрешни делови:

ELECTROLUX ERB 40405 X - Користење на славината за вода со филтер BRITA MAXTRA - 1

1 Резервоар за вода
2 И н к а
3 Капак на резервоарот
4 Вентил + заптивка
5 Co филтер BRITA MAXTRA
6 BRITA Memo - електронски показател за менување на филтерот

Надворешни делови:
ELECTROLUX ERB 40405 X - Користење на славината за вода со филтер BRITA MAXTRA - 2

2 Лост за вода
3 Тацна за капење

Подготовки за користење на славината за вода

  1. Извадете ги сите ленти и други заштитни материјали од комплетот на резервоарот
  2. Исчистете ги деловите, како што е опишано во "Постапка за чистење на славината за вода" за да се отстрани евентуалниот талог.

Постапка за чистење на славината за вода

  1. Одблокирајте ги двете "штопни" од страните на резервоарот, како што е прикажано на сликите:
    – извадете го патронот BRITA MAXTRA од апаратот за филтрирање вода
    – притиснете ги штопните на средина и извлечете го
    – поместете ја штопната во насока на централниот резервоар.

  2. Турнете го резервоарот во насока на вентилот.

  3. Извадете ги капакот и инката.

ELECTROLUX ERB 40405 X - Постапка за чистење на славината за вода - 1

  1. Одвијте го вентилот налево (особено внимавајте да не ја изгубите заптивката на вентилот затоа што е неопходна за правилно функционирање на апаратот).

  2. Исчистете ги капакот на резервоарот, вентилот и заптивката во раствор на топла вода и неутрален сапун. Исплакнете ги и ставете ги во дупката на вратата за време на чистењето на другите делови (за да се избегне бегање на студениот воздух од фрижидерот).

  3. Исчистете ги резервоарот и инката во машина за миење садови или со раствор на топла вода и неутрален сапун и исплакнете ги.

  4. По чистењето на деловите на резервоарот, извадете го вентилот

од вратата на фрижидерот и составете го резервоарот по обратен редослед (4, 3, 2, 1,) од расклопувањето (внимавајте на положбата на заптивката на вентилот).

  1. Ставете го составениот резервоар на вратата, долж насоката на вентилот.
  2. Блокирајте ги штопните по обратен редослед од одблокирањето.
  3. Повторно вметнете го патронот BRITA MAXTRA во инката.

Користење на филтерот BRITA MAXTRA

Чекор 1: Подготвување на патронот За да го подготвите патронот со филтер BRITA, извадете ја заштитната обвивка (напомена: патронот и внатрешната обвивка може да изгледаат влажни, тоа е само кондензација).

Потопете го патронот во студена вода и протресете го нежно за да ги отстраните меурчињата воздух. Филтерот е сега подготвен за употреба.

За разлика од другите филтри за вода, нема потреба да го киснете новиот патрон Maxtra.

ELECTROLUX ERB 40405 X - Користење на филтерот BRITA MAXTRA - 1

Чекор 2: Ставање во резервоарот за вода

Извадете го капакот на резервоарот. Пред да го ставите патронот, извадете ја инката и исчистете ја убаво со плакнење, па избришете ја со крпа.

Потоа убаво исчистете ја внатрешноста на резервоарот за вода со мокра крпа и исто избришете ја со сува крпа.

Ставете го патронот во резервоарот на филтерот и притиснете надолу додека не "кликне" цврсто на место.

Патронот треба да остане на место ако инката се преврти.

ELECTROLUX ERB 40405 X - Користење на филтерот BRITA MAXTRA - 2

Чекор 3: Плакнење на патронот
2x3x=ok

Извадете ја инката од апаратот за филтрирање вода BRITA, наполнете ја со студена вода од чешма и оставете ја да се процеди.

Фрлете ги првите две полнења во лавабото. Овие први две полнења се користат за миење на патронот со филтерот.

Потоа, вратете ја инката во апаратот за филтрирање вода BRITA.

Вратете го капакот на садот и притиснете го внимателно надолу за да проверите дали правилно е наместен во својата положба.

Чекор 4: Полнење на резервоарот за вода

За да го наполните резервоарот со студена вода, едноставно отворете го преклопниот капак, наполнете бокал од чешма и истурете ја водата во резервоарот преку капакот како што е покажано на сликата (користете го капакот секогаш кога сакате да наполните вода).

ВАЖНО За да избегнете истурање вода за време на затворањето и отворањето на вратата на фрижидерот, препорачуваме да го полните резервоарот до горе, туку да остане малку воздух.

Ако не ја искористите целата филтрирана вода од резервоарот за 1-2 дена, фрлете ја водата што останала во апаратот за филтрирање вода BRITA пред повторно да го наполните.

ELECTROLUX ERB 40405 X - Користење на филтерот BRITA MAXTRA - 4

Оставете водата да се исфилтрира и повторете го "Чекор 4" колку годе сакате додека не се наполни апаратот за филтрирање вода BRITA.

Вадење на патронот за прстенестата дршка

ELECTROLUX ERB 40405 X - Користење на филтерот BRITA MAXTRA - 5

За да го смените патронот по четири седмици, едноставно искористете ја престенестата дршка на горната страна на патронот за да го извадите од инката и повторете ги чекорите од 1-3 наведени претходно.

Показателот BRITA Memo

За максимально ефикасно филтрирање и најдобар вкус, важно е редовно да се менува патронот BRITA. BRITA препорачува да го менувате патронот во апаратот BRITA во фрижидерот на четири седмици.

ELECTROLUX ERB 40405 X - Показателот BRITA Memo - 1

BRITA Memo автоматски ве потсетува кога да го смените патронот.

START % 100 75 50 25 BRITA®

Единствениот уред BRITA Memo го мери препорачаното време за употреба на вашиот патрон.

Memo се користи едноставно и автоматски ве потсетува кога да го смените патронот.

BRITA Memo се наога на капакот на резервоарот за вода. Ракувањето е многу едноставно

Активирање на екранот на Memo За да го активирате Memo, држете го притиснато копчето "старт" на капакот додека не се појават сите четири ленти на екранот и трепнат двапати. Memo е поставено.

START % 100 75 50 25 BRITA®

Функционална контрола
Трепкавата точка во долниот десен агол на Мето покажува дека Мето работи.

START % 100 75 50 25 BRITA

Промени на приказот.
START % 100 75 50 25 BRITA®

Секоја седмица една лента ће се изгасне за да го покаже преостанатиот век на патронот. По четири седмици, сите четири ленти ће се изгаснат. Тоа, заедно со трепкавата стрелка, покажува дека патронот треба да се смени.

Ставете нов патрон според упатството и повторно активирајте го Мето како што е опишано погоре.

START % 100 75 50 25 BRITA®

Кога е прикажана само една лента, треба само да проверите дали имате нов филтер BRITA MAXTRA при рака.

ВАЖНО Memo е конструиран да се користи само со патроните со филтри BRITA.

BRITA Memo: електронскиот показател за замена на патронот има век од околу 5 години. На крајот на векот на Memo, не заборавајте дека тоа е електронски уред што треба да се расходува согласно со сите важечки правила и прописи.

За да го извадите потрошеното Memo, ставете одвртка во жлебот до Memo и извадете го притискајки.

Имајте предвид дека Memo не смее да се вади никогаш, освен за расходување.

ELECTROLUX ERB 40405 X - Показателот BRITA Memo - 7

  • Дупката за вентилот на фрижидерот мора да е затворена со вентилот за вода за време на редовното функционирање на апаратот.
  • Користете само вода за пиење. Користењето некој друг вид пијалак може да остави талог, вкус или мирис во резервоарот и на славината.
  • Може да се слушаат извесни звуци предизвикани од воздухот што влегува кога водата истекува од резервоарот.
  • Ако водата не истекува добро, притиснете го лостот уште еднаш. Држете ја чашата под славината уште некое време, за да ја соберете целата вода во чашата.
  • Не користете газирани пијалаци и сокови. Пијалакот може да истече поради притисокот на гасот.
  • Не заборавајте дека водата е храна. Испијте ја филтрираната вода за еден до два дена.
  • Ако апаратот за филтрирање BRITA не се користи подолго време (на пр., кога сте на одмор), препорачуваме да ја фрлите преостанатата вода од системот и да го оставите патронот во резервоарот.
    Пред повторно користење на системот, извадете го патронот и повторете ги чекорите 1 до 4 од "Користење на филтерот BRITA MAXTRA".

- Апаратот за филтрирање вода BRITA е конструиран за користење само со комунална вода од чешма (напомена: таа вода се контролира постојано и е безбедна за пиење според правните прописи) или со вода од приватни извори што е испитана дека е безбедна за пиење.

Ако властите издадат соопштение дека водата од чешма треба да се проврива, и филтрираната вода со BRITA треба да се проврива. Кога

упатството да се проврива водата ке престане да важи, целиот систем за филтрирање треба да се исчисти и да се стави нов патрон.

Повеќе информации за користењето на патроните со филтер BRITA и Memo може да се најдат во информативниот водич на BRITA.

Нови филтри BRITA и Memo може да купите преку продажната мрежа на Electrolux или BRITA.

Нега и чистење

ELECTROLUX ERB 40405 X - Нега и чистење - 1

ВНИМАНИЕ Исключете го апаратот од струја пред да вршите каква било постапка за одржување.

ELECTROLUX ERB 40405 X - Нега и чистење - 2

Апаратот содржи јагленохидрати во уредот за ладење; одржувањето и повторното полнење може да ги вршат само овластени техничари.

Периодично чистење

Опремата треба да се чисти редовно:

  • измијте ги внатрешноста и додатоците со млака вода со малку неутрална сапуница.
  • редовно проверувајте ги заптивките на вратата и бришете ги за да бидат чисти и без нечистотии.
  • избришете и исушете целосно.

ВАЖНО Не влечете ги, не поместувајте ги и не оштетувајте ги цевките и каблите во фрижидерот.

Не користете детергенти, груби прашоци, многу парфимирани средства за чистење или восок за полирање за чистење на внатрешноста, бидејки така може да се оштетат површините и да остане силен мирис.

Чистете ги кондензаторот (цирната решетка) и компресорот од задната страна на апаратот со четка или правосмукалка. Со тоа се подобрува работењето на апаратот и се штеди електрична енергија.

ВАЖНО Внимавајте да не го оштетите системот за ладење.

Многу средства за чистење кујнски површини содржат хемикалии што може

дајанагризатили оштетат пластиката на апаратот. Поради тоа, се препорачува надворешноста на апаратот да се чисти само со топла вода со малку течност за миење.

По чистењето, приключете ја повторно опремата во електричната мрежа.

Одмрзнување на фрижидерот

Мразот автоматски се отстранува од испарувачот во фрижидерската преграда секогаш кога моторниот компресор їе престане да работи во текот на вообичаената употреба. Водата од одмрзнувањето истекува во посебен сад од задната страна на апаратот, над моторниот компресор, од кој што испарува.

Важно е повремено да се исчисти дупчето за истекување на водата од одмрзнувањето на средината на каналот во фрижидерската преграда за да се спречи прелевање на водата и нејзино капење врз храната внатре. Користете го приложениот специјален чистач, што Ѽе го најдете веке вметнат во дупчето за истекување.

ELECTROLUX ERB 40405 X - Одмрзнување на фрижидерот - 1

Одмрзнување на замрзнувачот

На полиците на замрзнувачот и околу најгорната преграда секогаш їе се формира малку мраз.

Одмрзнете го замрзнувачот кога слојот мраз ќе достигне дебелина од околу 3-5 mm.

За да го отстраните мразот, постапете на следниов начин:

  • извлечете го приклучникот од сидниот штекер или исключете го апаратот
  • извадете ја храната, завиткајте ја во неколку слоја весник и ставете је на студено место
  • извадете ги фиоките на замрзнувачот
  • ставете изолациски материјал околу фиоките, на пр. кебиња или весници.

Одмрзнувањето може да се забрза со ставање садови со топла вода (не што врие) во фрижидерот.

- Ослободете го одводниот канал од положбата, притиснете го како на сликата и ставете го во најдолната

фиока на замрзнувачот каде што може да се собира водата.

  • внимателно изгребете го мразот кога ъе почне да се топи. Користете дрвен или пластичен гребач.
  • кога ће се стопи целиот мраз, исчистете ја и избришете ја целата внатрешност со сува крпа, па вратете го одводниот канал на место.

ELECTROLUX ERB 40405 X - Одмрзнување на замрзнувачот - 1

- включете го фрижидерот и вратете ја смрзнатата храна.

Се препорачува апаратот да се вклучи на најголемата поставка на термостатот неколку часа за да може да постигне доволна температура за чување што е можно поскоро.

ВАЖНО Никогаш не користете метални алатки за гребење на мразот од испарувачот, зашто може да го оштетите. Не користете механички уреди или вештачки средства за забрзување на топењето освен оние што ги препорачува производителот.

Покачувањето на температурата на смрзнатата храна за време на одмрзнувањето може да го скрати нивниот век на чување.

Што да сторите ако...

ELECTROLUX ERB 40405 X - Што да сторите ако... - 1

ВНИМАНИЕ Пред решавање на проблемите, извадете го приклучникот за струја од штекерот. Само квалификуван електричар или стручно лице смее да ги решава проблемите што не се опишани во упатството.

ВАЖНО За време на нормалната употреба се слушаат звуци (од компресорот и од кружењето на средството за ладење).

Проблем Веројатна причина Решение
Апаратот е бучен.Апаратот не е добро потпрен.Проверете дали апаратот стои стабилно (сите четири ногарки треба да се на подот).
Компрессорот работинепрекинато.Регулаторот за температураможе да е неправилнопоставен.Ставете на повисокатемпература.
Вратата не е правилнозатворена.Видете во "Затворање навратата".
Вратата се отворала премногучесто.Не оставајте ја врататаотворена подолго отколку што епотребно.
Температурата на продуктитее превисока.Оставете ги продуктите да сеизладат до собна температураПред да ги ставите внатре.
Собната температура епревисока.Намалете ја собнататемпература.
Тече вода по заднатаплоча на фрижидерот.За време на автоматскотоодмрзнување, мразот сеодмрзнува на задната плоча.Така треба да биде.
Во фрижидерот течевода.Одводот за вода е затнат. Исчистете го одводот.
Продукти спречуваат водатада тече во садот за вода.Проверете некој продукт да неја допира задната плоча.
Истекува вода на подот. Испустот за водата ододмрзнувањето не е во садотза испарување надкомпрессорот.Ставете го испустот за вода ододмрзнувањето во садот заиспарување.
Има премногу мраз. Производите не се правилнозавиткани.Завиткајте ги производитеподобро.
Вратата не е правилнозатворена.Видете во "Затворање навратата".
Регулаторот за температураможе да е неправилнопоставен.Ставете на повисокатемпература.
Температурата наапаратот е прениска.Регулаторот за температураможе да е неправилнопоставен.Ставете на повисокатемпература.
Температурата наапаратот е превисока.Регулаторот за температураможе да е неправилнопоставен.Ставете на понискатемпература.
Вратата не е правилнозатворена.Видете во "Затворање навратата".
Температурата на продуктитее превисока.Оставете ги продуктите да сеизладат до собна температураПред да ги ставите внатре.
Многу продукти се ставениистовремено.Ставајте помалку продуктиистовремено.
Температурата нафрижидерот е превисока.Во апаратот не кружи студенвоздух.Овозможете кружење настудениот воздух во апаратот.
Температурата во замрзнувачот е премногу висока.Продуктите се премногу блиски едни до други.Ставете ги продуктите така што ќе се овозможи кружење на студениот воздух.
Апаратот не работи. Апаратот е ислучен. Включете го апаратот.
Приклучокот за струја не е правилно ставен во штекерот.Ставете го приклучокот за струја во штекерот правилно.
Нема струја во апаратот.Нема напон во штекерот.Поврзете друг електричен апарат во штекерот.Контактирајте со квалификуван електричар.
Ламбата не работи.Ламбата е неисправна.Видете во "Замена на ламбата".

Ако апаратот сепак не работи правилно и по горните проверки, јавете се на најблискиот сервисен центар.

Замена на ламбата

Ако сакате да ја замените ламбата, постапете вака:

  1. Исклучете го апаратот од струја.
  2. Одвијте ја завртката на капакот на ламбата.
  3. Откачете го подвижниот дел со притискање, како што е прикажано на сликата.
  4. Заменете ја ламбата со иста таква (максималната снага е прикажана на капакот на ламбата)
  5. Вратете го капакот на ламбата на место.
  6. Завијте ја завртката на капакот на ламбата.
  7. Приключете го апаратот повторно.
  8. Отворете ја вратата и проверете дали се пали светлото.

1 2 3 MAX. 15W

Затворање на вратата

  1. Исчистете ги заптивките на вратата.
  2. Ако е потребно, приспособете ја вратата. Видете во "Местење".
  3. Ако е потребно, заменете ја неисправната заптивка на вратата. Јавете се во сервисниот центар.

Технички податоци

ERB36405X ERB40405X
Димензија
Височина1850 мм2010 мм
Широчина 595 мм595 мм
Длабочина 632 мм632 мм
Време на одржување20 часови20 часови

Техничките информации се наогаат на плочката со спецификации од левата

страна внатре во апаратот и на етикетата за енергија.

Местење

! Прочитајте ги "Безбедносните информации" внимателно пред да го наместите апаратот за да бидете побезбедни и апаратот да работи правилно.

Поставување

Наместете го апаратот на место каде што околната температура е соодветна на климатската класа укажана на плочката со спецификации на апаратот:

Апаратот треба да се инсталира на добра оддалеченост од извори на топлина, како што се радијатори, бојлери, директна сончева светлина итн. Погрижете се воздухот да може слободно да струи околу задниот дел од апаратот. За да обезбедите најдобри перформанси, ако апаратот е поставен под висечки плакарчиња, најмалото растојание меѓу горниот дел на фрижидерот и висечкиот плакар мора да биде најмалку 100 мм. Идеално би било апаратот да не е ставен под висечки плакарчиња. Прецизното нивелирање се врши со една или повеće приспособливи ногарки од долната страна на фрижидерот.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Мора да се овозможи откачување на апаратот од штекерот за напојување со струја; затоа приклучникот за струја мора да е лесно достапен по местењето.

100 mm min A 20 mm

ELECTROLUX ERB 40405 X - Поставување - 2

Поврзување на електриката

Пред да го приключите, проверете дали напонот и фреквенцијата прикажани на плочката со спецификации одговараат на вашата домашна електрична мрежа. Апаратот мора да биде вземјен.

Приклучокот на кабелот за напојување со струја е со вземјување. Ако штекерот од домашната електрична мрежа не е вземјен, поврзете го апаратот со посебно вземјување во согласност со прописите за електрична енергија и откако ње се посоветувате со квалификуван електричар.

Производителот одбива каква било одговорност ако горенаведените безбедносни мерки не се испочитувани. Апаратот е во согласност со следниве Директиви на ЕЕЗ.

Задни разделници

Во кесичката со документацијата има два разделника што мора да се наместат како што е прикажано на сликата.

Олабавете ги завртките и вметнете ги разделниците под главите на завртките, потоа повторно завијте ги.

ELECTROLUX ERB 40405 X - Задни разделници - 1

Кога го местите апаратот, внимавајте да е поставен хоризонтално. Тоа може да се постигне со двете приспособливи ногарки долу однапред.

ELECTROLUX ERB 40405 X - Задни разделници - 2

Вадење на држачите на полиците

Апаратот е опремен со држачи за полиците што овозможуваат прицврстување на полиците за време на превоз.

За да ги извадите, постапете на следниов начин:

  1. Поместете ги држачите на полиците во насока на стрелката (А).
  2. Ослободете ја полицата од задниот дел и турнете ја напред додека не се ослободи (В).
  3. Извадете ги држачите (С).

ELECTROLUX ERB 40405 X - Вадење на држачите на полиците - 1

Менување на страната на отворање

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Пред да работите нешто со апаратот, извадете го приклучникот од штекерот.

ВАЖНО За да ги изведете следниве работи, предлагаме да ви помага уште едно лице што цврсто ће ги држи вратите на апаратот додека работите.

За да ја смените страната на отворање на вратата, направете го следново:

  1. Отворете ги вратите. Одвијте ја средната шарка (m2). Извадете го пластичниот разделник (m1).

ELECTROLUX ERB 40405 X - Менување на страната на отворање - 1

  1. Извадете ги вратите.
  2. Извадете го разделникот (m6) и преместете го од другата страна на оската на шарката (m5).
  3. Извадете го капакот (b1) со некоја алатка. Одвијте ги долната оска на шарката (b2) и разделникот (b3) и ставете ги од другата страна.
  4. Повторно вметнете го капакот (b1) од другата страна.

b1 b2 b3

  1. Извадете ги штопните (1) и преместете ги од другата страна на вратите.

1

  1. Одвијте ја горната оска на шарката (t1) и завијте ја од другата страна.

ELECTROLUX ERB 40405 X - Менување на страната на отворање - 4

  1. Извадете ја левата игла на капакот на средната шарка (m3,m4) и преместете ја од другата страна.
  2. Наместете ја иглата на средната шарка (m5) во левата дупка на долната врата.
  3. Ставете ја долната врата на долната оска на шарката (b2).
  4. Ставете ја горната врата на горната оска на шарката (t1).
  5. Ставете ја горната врата на оската на средната шарка (m5) малку навалувајки ги двете врати.
  6. Завијте ја средната шарка (m2). Не заборавајте да го вметнете пластичниот разделник (m1) под средната шарка. Проверете дали краевите на вратите се паралелни со страничниот раб на апаратот.
  7. Наместете повторно, порамнете го апаратот, почекајте најмалку четири часа, па повторно приключете го во штекер.

Проверете уште еднаш:

• Дали сите завртки се стегнати.

  • Дали магнетната заптивка се лепи.
  • Дали вратата се отвора и затвора правилно.
    Ако околната температура е ниска (на пр. зиме), заптивката може да не налегнува совершено на рамката. Во тој случај, оставете ја заптивката да налегне природно.

Ако не сакате да ги вршите горенаведените операции, јавете се на најблискиот сервис. Стручњак од сервисот ње ги преврти вратите на ваша сметка.

Еколошки мерки

Отстранете го Вашиот истрошен уред според прописите кои важат во Вашето место на живеење.

- Овај производ мора да сервисира само овлашћен сервисни центар, и мора да се користе само оригинални резервни делови.

Чување замрзнуте хране

карактеристикама, одмрзнута храна мора одмах да се поједе или да се скува па да се поново замрзне (након хлађења).

Одмрзавање

Корисни савети за чување хране у фрижидеру

Корисни савети за чување у фрижидеру Корисни савети:

Флаше млека: треба да имају поклопац и треба да се чувају на полици за флаше, на вратима.

Корисни савети за чување замрзнуте хране

Систем за филтрирање воде BRITA

Кад се види само једна линија, треба само да проверите да ли имате нови уложак филтра BRITA MAXTRA при руци.

Опрема треба редовно да се чисти:

Содржина Кликнете на наслов за да пристапите до него
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : ELECTROLUX

Модел : ERB 40405 X

Категорија : фрижидер