GO Professional - бура BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GO Professional BOSCH во PDF формат.
| Тип на производ | Безжична дупчалка-шрафцигер |
| Марка | Bosch |
| Модел | GO Professional |
| Номинален напон | 3,6 V |
| Тип на батерија | Вградена литиум-јонска |
| Капацитет на батеријата | 1,5 Ah |
| Брзина без оптоварување | 0 – 200 врт/мин (прилагодливо) |
| Максимален вртежен момент | 5 Nm (прилагодлив на 20 позиции) |
| Стегач (мандрен) | Автоматски хексагонален стегач 1/4" (6,35 mm) |
| Макс. дијаметар на дупчење (дрво) | 10 mm |
| Макс. дијаметар на дупчење (метал) | 5 mm |
| LED осветлување | Да, вградено |
| Напојување | Полнење на литиум-јонска батерија преку вклучен USB полнач |
| Димензии (Д x Ш x В) | 190 x 130 x 60 mm |
| Тежина | 0,32 kg (со батерија) |
| Главни функции | Притискање за напред/вклучување, автоматско блокирање на вратилото, прекинувач за насока на вртење, прилагодлив вртежен момент |
| Вклучен полнач | Да, micro-USB кабел |
| Одржување и чистење | Чистете со сува крпа; не користете растворувачи; чувајте на суво и умерено место |
| Безбедност | Почитувајте ги упатствата за електрична безбедност; не потопувајте; користете соодветни врвови |
| Резервни делови и поправка | Достапни преку постпродажна служба на Bosch; батеријата не се заменува од корисникот |
| Општи информации | Употреба за шрафирање и лесно дупчење; компактен професионален алат |
Често поставувани прашања - GO Professional BOSCH
Прашања на корисниците за GO Professional BOSCH
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот бура во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GO Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GO Professional на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GO Professional BOSCH
Безбедносни напомени
Општи предупредувања за безбедност за електрични алати
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со овој електричен алат. Непридржувањето до сите упатства
приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди.
Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина.
Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски).
Безбедност на работниот простор
▶ Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа. ▶ Не работете со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите. ▶ Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола.
Електрична безбедност
Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користете адаптери со заземјени електрични алати. Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар.
Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како што се цевки, радијатори, метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено. ▶ Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ќе се зголеми ризикот од струен удар. ▶ Не постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од топлина, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен удар. ▶ При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар. ▶ Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар.
Лична безбедност
▶ Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда. ▶ Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како што се маска за прашина, безбедносни чевли кои не се лизгаат, шлем или заштита за уши, кои се користат за соодветни услови, ќе доведат до намалување на лични повреди. ▶ Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исклучен пред да го вклучите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувач е вклучен, може да предизвика несреќа. Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го вклучите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда. ▶ Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации.
▶ Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните делови. ▶ Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа. ▶ Не дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда.
Употреба и чување на електричните алати
▶ Не го преоптоварувајте електричниот алат. Користете соодветен електричен алат за намената. Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо ќе ја извршите работата за која е наменет. ▶ Не користете електричен алат ако не можете да го вклучите и исклучите со помош на прекинувачот. Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се поправи. Исклучете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат. Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници. ▶ Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреќи се предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати. ▶ Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат. ▶ Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која
ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации.
Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во непредвидливи ситуации.
Употреба и чување на батериски алат
▶ Полнете ја батеријата само со полнач наведен од производителот. Полнач којшто е соодветен за еден тип сет на батерии може да предизвика опасност од пожар ако се користи за друг сет на батерии. ▶ Електричните алати користете ги само со специјално наменети сетови на батерии. Користењето на други сетови на батерии може да предизвика опасност од повреда или пожар. Кога не го користите сетот на батерии, чувајте го подалеку од други метални предмети, како на пр., спојувалки, монети, клучеви, шајки, завртки или други помали метални предмети што може да предизвикаат спој од еден до друг извор. Краток спој на батериските извори може да предизвика изгореници или пожар. ▶ Под непредвидени околности, течноста може да истече од батеријата; избегнувајте контакт. При случаен допир, измијте се со млаз вода. Ако течноста влезе во очите, побарајте дополнителна медицинска помош. Течност истечена од батеријата може да предизвика иритација или изгореници. ▶ Не употребувајте сет на батерии или алат што е оштетен или изменет. Оштетени или изменети батерии може да реагираат непредвидливо и да предизвикаат пожар, експлозија или опасност од повреда. ▶ Не го изложувајте сетот на батерии или алатот на оган или висока температура. Изложувањето на оган или на температура повисока од 130°C може да предизвика експлозија. ▶ Следете ги сите упатства за полнење и не го полнете сетот на батерии или алатот надвор од температурниот опсег наведен во упатствата. Неправилното полнење или на температура надвор од наведениот опсег може да ја оштети батеријата и да ја зголеми опасноста од пожар.
Сервисирање
▶ Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат. ▶ Никогаш не поправајте оштетени сетови на батерии. Поправката на сетови на батерии треба да ја врши само производителот или овластен сервис.
Безбедносни напомени за одвртувачи
Држете го електричниот алат за изолираната површина додека сечете, за прицврстувачот да не дојде во контакт со скриена жица. Ако прицврстувачите дојдат во допир со „жица под напон“, може да ги изложат металните делови на електричниот алат „под напон“ и операторот може да добие струен удар. Користете соодветни уреди за пребарување, за да ги пронајдете скриените електрични кабли или консултирајте се со локалното претпријатие за снабдување со електрична енергија. Контактот со електрични кабли може да доведе до пожар и струен удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки предизвикува оштетување. ▶ Цврсто држете го електричниот апарат. При зацврстување и одвртување на шрафови може да настанат краткотрајни високи реактивни моменти. ▶ Пред било каква интервенција на електричниот уред (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, ставете го прекинувачот за правец на вртење во средна позиција. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди. ▶ Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто отколку со Вашата рака. Почекајте додека електричниот алат сосема не прекине со работа, пред да го тргнете настрана. Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе до губење контрола над уредот.

Заштитете го електричниот алат од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, орган, вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија.
Безбедносни напомени за мрежен напојувач
▶ Овој адаптер не е предвиден за употреба од деца и лица со ограничени физички, сензорни или ментални способности или со недоволно искусство и знаење. Овој адаптер може да го користат деца над 8 години како и лица со ограничени физички, сензорни и ментални способности или со недоволно искусство и знаење, доколку се под надзор од лица одговорни за нивната безбедност или се подучени за безбедно ракување со адаптерот и ги разбираат опасностите кои може да произлезат од тоа. Инаку постои опасност од погрешна употреба и повреди.

Адаптерот држете го подалеку од дожд и влага. Навлегувањето на вода во адаптерот го зголемува ризикот од електричен удар.
▶ Одржувајте ја чистотата на адаптерот. Доколку се извалка, постои опасност од електричен удар. ▶ Пред секое користење, проверете го адаптерот. Не го користете адаптерот, доколку забележите оштетувања. Не го отворајте сами адаптерот и оставете го на поправка кај квалификуван стручен персонал кој ќе го поправи само со оригинални резервни делови. Оштетени адаптери го зголемуваат ризикот од електричен удар.
Опис на производот и перформансите


Прочитајте ги сите безбедносни
напомени и упатства. Грешките
настанати како резултат од
непридржување до безбедносните
напомени и упатства може да
предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за користење.
Употреба со соодветна намена
Електричниот алат е наменет за завртување и одвртување на завртки.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на електричниот алат на графичката страница.
(1) Бит за одвртувач (2) Прифат на алатот (3) Прстен за подесување на вртежниот момент (4) Прекинувач за вклучување/исклучување (5) Прекинувач за менување на правецот на вртење (6) Приказ за наполнетост на батеријата (7) Микро-USB-приклучок (8) Рачка (изолирана површина на рачката) (9) USB-кабел
(10) Приклучок за мрежа 4)
A) Илустрираната или опишана опрема не е дел од стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
| Батериски одвртувач GO | ||
| Број на дел/артикл | 3 601 JH2 1.. | |
| Номинален напон V= 3,6 | ||
| Број на вртежи во празен од A) | min -1 | 360 |
| Макс. вртежен момент при завртување во цврсти/меки материјали според ISO 5393 A) | Nm 5/2,5 | |
| Макс. завртки-∅ mm 5 | ||
| Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014 kg 0,31 | ||
| Препорачана околна температура при полнење | °C 0 ... +45 | |
| Дозволена околна температура при полнење B) и при складирање | °C -20 ... +50 | |
| Батерија Литиум-јонска | ||
| Капацитет Ah 1,5 | ||
| Енергија Wh 6 | ||
| Број на батериски їелии 1 | ||
| Време на полнење A) | h 1,5 | |
| Приклучок за кабелот за полнење Микро-USB | ||
| Препорачани полначи V/mA 5/1000 | ||
| A) измерено на 20–25 °C | ||
| B) ограничена јачина при температури <0 °C | ||
| Полнач | ||
| Број на дел/артикл | ||
| – OK | 2 609 120 718 A) | |
| – EY | 2 609 120 713 A) | |
| – AU | 2 609 120 717 | |
| – KO | 2 609 120 716 | |
288 | Македонски
Полнач
| – JP 2 609 120 715 | |
| Напон за полнење на батеријата V 5 | |
| Струја за полнење mA 1000 | |
| Класа на заштита | ☐/II |
A) само за употреба со Bosch GO
Информации за бучава/вибрации
Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласно EN 62841-2-2.
Нивото на звучниот притисок на уредот, оценето со А, типично е помало од 70 dB(A). Нивото на звучниот притисок при работењето може да ги надмине наведените вредности. Носете заштита за слухот!
Вкупните вредности на вибрации ah (векторски збир на три насоки) и несигурност К дадени се во согласност со EN 62841-2-2:
Завртување: ah < 2,5 m/s2, K = 1,5 m/s2
Нивото на вибрации наведено во овие упатства и вредноста на емисијата на бучава се измерени според мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата на бучава.
Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата на бучава ги претставуваат главните примени на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.
За прецизно одредување на нивото на вибрации и емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот во кој уредот е ислучен или работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието од вибрациите, како на пр.: одржување на електричните алати и алатите за вметнување, одржување на топлината на дланките, организирање на текот на работата.
Монтажа
▶ Пред било каква интервенција на електричниот уред (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, ставете го прекинувачот за правец на вртење во средна позиција. Случајното ставање во употреба на електричниот алат може да резултира со повреда.
Напомена: Батеријата се испорачува делумно наполнета. За да ја наполните целосно батеријата, пред првата употреба ставете ја на приклучокот за мрежа додека не се наполни целосно.
Litiyum-јонските батерии може да се наполнат во секое време, без да се намали нивниот животен век. Прекинот при полнењето не ја наштетува на батеријата.
Litiyum-јонската батерија е заштитена од длабоко празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)“. Доколку се испразни батеријата, електричниот алат ќе се исклучи со помош на заштитниот прекинувач: Електричниот алат не се движи веќе.
По автоматското ислучување на електричниот алат не го притискајте повторно копчето на вретеното. Батеријата може да се оштети. По автоматското исклучување на електричниот алат, не притискајте на прекинувачот за вклучување/исклучување. Батеријата може да се оштети.
Приклучете го електричниот алат преку USB-кабел (9) на мрежниот напојувач (10).
Приказот за наполнетост на батеријата (6) го прикажува напредокот на полнењето. За време на процесот на полнење, приказот трепка зелено. Батеријата е целосно наполнета, доколку приказот непрекинато свети зелено.
За време на процесот на полнење се затоплува дршката на електричниот алат. Ова е нормално.
При подолго некористење извадете го електричниот алат од струјното напојување.
Електричниот алат не може да се користи за време на процесот на полнење; тој не е дефектен доколку не функционира за време на процесот на полнење.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Промена на алат
▶ Не користете двострани уметоци за одвртувачот, што се подолги од 25 mm.
Ставање на алатот за вметнување
Вметнете го алатот за вметнување во внатрешната шестаголната глава на алатот за прифат (2), додека не се вклопи.
Вадење на алатот за вметнување
Извлечете го алатот за вметнување од алатот за прифат (2), доколку е потребно со помош на клешти.
Употреба
Ставање во употреба
Подесување на правецот на вртење (види слика В)
▶ Прекинувачот за менување на правецот на вртење (5) активирајте го само кога електричниот алат е во мирување. Инаку може да предизвика штети.
Тек на десно: За навртување на завртки притиснете го прекинувачот за промена на правецот на вртење (5) нанапред.
Лев тек: За олабавување одн. за одвртување на завртки притиснете го прекинувачот за менување на правецот на вртење (5) наназад.
Фиксирање на вретеното (види слика С)
За фиксирање на вретеното, ставете го прекинувачот за правец на вртење (5) во средна позиција.
Ова овозможува навртување на завртки и при испразнета батерија, односно користење на електричниот алат како одвртувач.
Избирање на вртежниот момент
Со прстенот за подесување на вртежниот момент (3) може да го изберете потребниот вртежен момент во 6 степени. Штом ќе се постигне вртежниот момент, алатот за вметнување запира.
Степен 1:
Помал вртежен момент за завртување на завртки со мал дијаметар или во меки материјали.
Степен 6:
Поголем вртежен момент за завртување на завртки со голем дијаметар или во цврсти материјали.
Вклучување/исклучување
Постојат два начина на кои можете да го вклучите електричниот алат.
– Направете притисок врз вретеното и одржувајте го притисокот. За исклучување, не правете притисок на вретеното.
– Кратко притиснете на прекинувачот за вклучување/исклучување (4). За исклучување, отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (4).
Заштита од преоптоварување во зависност од температурата
Правилната употреба не може да го преоптовари електричниот алат. При големо оптоварување или надминување на дозволената температура на батеријата, електрониката го исклучува електричниот алат, додека не се врати во оптималните граници на температура.
Заштита од длабинско празнење
Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)“. Доколку се испразни батеријата, електричниот алат ќе се исклучи со помош на заштитниот прекинувач: Електричниот алат не се движи веќе.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
▶ Пред било каква интервенција на електричниот уред (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, ставете го прекинувачот за правец на вртење во средна позиција. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
▶ Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.
Доколку батеријата не функционира повеќе, обратете се кај овластената сервисна служба за Bosch-електрични алати.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш набавете го од Bosch или специјализирана продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете загрозување на безбедноста.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така ќе најдете на: www.bosch-pt.com Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.
292 | Македонски
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Литиум-јонските батерии подлежат на барањата на Законот за опасни материјали.
Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации.
При пренос на истите од страна на трети лица (на пр. воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните напомени на амбалажата и ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци.
Отстранување


Електричните апарати, батериите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.
Не ги фрлајте електричните апарати и батериите во домашната канта за губре!
Само за земјите од ЕУ:
Според европската регулатива 2012/19/EU електричните апарати што се вон употреба и дефектните или искористените батерии според регулативата 2006/66/EC мора одделно да се соберат и да се рециклираат за повторна употреба.
Батерии:
Литиум-јонски:
Ве молиме внимавајте на напомените во делот Транспорт (види „Транспорт“, Страница 292).
▶ При отстранување, вградените батерии смеат да се извадат само од страна на стручен персонал. Со отворање на обвивката на куќиштето, електричниот алат може да се уништи.
За да ја извадите батеријата од електричниот алат, притискајте на електричниот алат додека целосно не се испразни батеријата. Одвртете ги завртките на куќиштето и извадете ја обвивката на куќиштето, за да ги извадите батериите. За да избегнете краток спој, извадете ги поединечно еден по друг приклучоците на батеријата и потоа изолирајте ги половите. Дури и при целосното празнење во батеријата има преостанат капацитет, којшто може да се ослободи при краток спој.