B800XE - Кујнски робот GORENJE - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот B800XE GORENJE во PDF формат.

GORENJE B800XE - Кујнски робот
📄 71 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање 10 прашања ⚙️ Спецификации
Notice GORENJE B800XE - page 18
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.
Тип на производ Преработувач на храна
Бренд Gorenje
Модел B800XE
Потрошувачка на енергија 800 W
Капацитет на садот 1.5 L
Поставки за брзина 2 брзини + Пулс
Функции Сечкање, Сечење, Рендање, Мешање, Месење тесто
Вклучени додатоци Сечило за сечкање од нерѓосувачки челик, 2 диска за сечење/рендање, сечило за тесто, туркач
Погонско вратило Нерѓосувачки челик
Безбедносни карактеристики Безбедносна брава на капакот на садот, лизгави ногарки, заштита од преоптоварување
Материјал на куќиштето ABS пластика
Материјал на садот Пластика
Материјал на сечилото Нерѓосувачки челик
Димензии (Ш x Д x В) 250 x 200 x 350 mm
Тежина 4 kg
Должина на кабелот 1.2 m
Делови безбедни за миење во машина за садови Сад, капак, сечила, дискови, туркач
Чистење Избришете ја моторната основа со влажна крпа; отстранливите делови се безбедни за миење во машина
Поправливост Резервни делови достапни преку сервисот на Gorenje

Често поставувани прашања - B800XE GORENJE

Како да го исчистам преработувачот на храна?
Исклучете го уредот. Отстранете го садот, капакот, сечилата и дисковите. Измијте ги овие делови во топла сапуница или ставете ги на горната решетка во машината за садови. Избришете ја моторната основа со влажна крпа. Не потопувајте ја основата во вода.
Може ли да преработувам топли течности?
Не, оставете ги течностите да се изладат на собна температура пред преработка. Топлите течности може да предизвикаат зголемување на притисокот и истекување.
Зошто преработувачот на храна не започнува?
Проверете дали садот и капакот се правилно заклучени. Безбедносната брава спречува работа ако не се обезбедени. Проверете го и кабелот за напојување и штекерот.
Кој е максималниот капацитет за тесто?
Не надминувајте 500g брашно за тесто. Преоптоварувањето може да го оптовари моторот.
Може ли да кршам мраз со преработувачот на храна?
Овој модел не е дизајниран за кршење мраз. Користете само меки состојки за да избегнете оштетување.
Колку долго можам континуирано да го користам преработувачот?
Максималното континуирано работење е 1 минута за тешки товари и 2 минути за лесни товари. Оставете го да се излади најмалку 2 минути помеѓу употребите.
Дали се достапни резервни делови?
Да, можете да нарачате резервни делови како сечила, дискови и садови од сервисните центри на Gorenje или овластени дилери.
Што прават поставките за брзина?
Брзина 1 е за бавно сечкање и мешање тесто. Брзина 2 е за брзо сечкање и блендирање. Пулс дава кратки налети за прецизна контрола.
Дали садот е без БПА?
Да, садот и сите пластични делови се без БПА за безбеден контакт со храна.
Како да ги чувам додатоците?
Чувајте ги сечилата и дисковите на суво место, по можност во вклучената кутија за складирање или завиткани за да се спречи оштетување. Држете го садот и капакот склопени за да заштедите простор.

Прашања на корисниците за B800XE GORENJE

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Вашата е-пошта останува приватна: се користи само за да ве известиме ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот Кујнски робот во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник B800XE - GORENJE и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. B800XE на марката GORENJE.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК B800XE GORENJE

  1. Капак на отворот за додавање состојки/мерка
  2. Капак
  3. Бокал на сечкалката (1,5 литар)
  4. Отстранливо сечило
  5. Куќиште
  6. Втакнувач и приклучен кабел
  7. Копче за управување
  8. Пластични ножиња

Безбедносни предупредувања

  • Пред употреба на апаратот внимателно прочитајте ги сите упатства.
  • Пред составување или раставување на апаратот, пред чистење или кога апаратот не е под надзор, исклучете го од електричната мрежа.
  • Децата не смеат да го употребуваат овој апарат. Апаратот и приклучниот кабел не смеат да бидат достапни на деца.
  • Лица со намалени физички, сетилни и ментални способности или со недоволно знаење и искуство можат да го употребуваат овој апарат под соодветен надзор или ако добиле соодветни упатства со оглед на безбедна употреба на апаратот и ако ги разбираат опасностите кои се поврзани со неговата употреба. • Децата не смеат да си играат со апаратот.
  • Оштетениот приклучен кабел смее да го замени само производителот или овластен сервисер, односно друго стручно оспособено лице, бидејќи во спротивно таква работа може да биде опасна.
  • Бидете претпазливи кога постапувате со острите сечила, кога го празните садот и за време на чистењето.
  • Пред да ги замените додатоците или пред да се приближите до подвижните делови на апаратот, исклучете го апаратот и исклучете го од електричната мрежа.
  • Апаратот е наменет за употреба во домаќинство и слични околини, како што се:
  • – прирачни кујни за персонал во продавници и други работни околини, – фамилијарни селски стопанства, – единици за сместување на гости во хотели, мотели и други сместувачки објекти, – објекти кои нудат ноќевање со појадок.
  • Кога сечилата се во употреба, не приближувајте ги прстите до нив.
  • Во мешалката, односно сечкалката, не сечкајте жешки состојки.
  • Апаратот за време на употреба секогаш да биде на рамна подлога.
  • Погрижете се копчето за управување да биде во положба "0" пред да го приклучите апаратот на електричната мрежа.
  • Апаратот да не работи непрекинато повеќе од 1 минута.
  • Ако апаратот го употребувате како мелница за кафе, да не работи непрекинато повеќе од 30 минути. Ако апаратот трипати едноподруго сте го употребиле како мелница за кафе, пред наредната употреба апаратот да се одмара приближно 60 минути.
  • Внимателно прочитајте ги упатствата приложени кон апаратот и чувајте ги.
  • Пред да го ставите или отстраните втакнувачот од приклучницата, секогаш исклучете го напојувањето на приклучницата. Кога го исклучувате апаратот од електричната мрежа, држете за втакнувачот; не влечете за приклучниот кабел.
  • Не употребувајте го апаратот со продолжен кабел, освен ако истиот го прегледал и испробал соодветно оспособен стручњак за електрични инсталации или сервисер.
  • Апаратот секогаш да го приклучите на приклучница, односно мрежа, која е под таков напон (само наизменичен), како што е наведено на апаратот.
  • Апаратот употребувајте го само за предвидена намена.

- Апаратот не ставајте го на жежок гасен горилник или електричен грејач, односно во близина на таков горилник или грејач, исто така не во загреана рерна. Апаратот не ставајте го на кој било друг апарат.

- Не дозволувајте да приклучниот кабел виси преку работ на масата или работната површина или да допира жешки површини.

- Не употребувајте електричен апарат со оштетен приклучен кабел, ако апаратот паднал на подот или друга површина или ако е како било оштетен.

- Никогаш не потопувајте го апаратот во вода или која било друга течност, ако тоа не е стриктно препорачано.

- Никогаш не допирајте ги сечилата, кога е апаратот вклучен.

- Бидете посебно претпазливи кога го празните или чистите бокалот на сечкалката, бидејќи сечилата се исклучително остри.

Овој апарат е означен според европскиот пропис 2002/96/E3 за електро и електронски апарати (waste electrical and electronic equipment - WEEE). Прописот ја дава рамката за враќање и искористување на старите апарати, важечко ширум Европа.

Употреба на сечкалката

  1. Наместете ја мерката (1) на капакот (2). Наместете го капакот на бокалот од сечкалката и притиснете го надолу.
  2. Бокалот на сечкалката ставете го на куќиштето и завртете го во спротивна насока од стрелката на часовникот. Повеќе информации ќе најдете во заглавието Безбедносен систем за заклучување.

GORENJE B800XE - Употреба на сечкалката - 1

  1. Отстранете го капакот или мерката од бокалот на сечкалката и ставете состојки во бокалот.
  2. Капакот со наместена мерка повторно наместете го на бокалот на сечкалката и завртете го бокалот во спротивна насока од стрелката на часовникот, да се закачи. Повеќе информации ќе најдете во заглавието Безбедносен систем за заклучување. Содржината во бокалот да не го надмине означеното ниво, т.е. 1,5 литар.
  3. Со копчето за управување изберете сакана брзина на сечкање: 1, 2 или моментално работење.
  4. При моментално работење (pulse) сечкалката ќе работи додека го држите копчето за моментално работење. Тоа ви овозможува поголем надзор при сечкање на пр. оревчиња и чоколада или при дробење мраз.
  5. Ако копчето го завртите во положба 1 или 2, апаратот ќе работи непрекинато, додека копчето не го завртите назад во положба 0.
  6. Состојки можете во бокалот да додадете и за време на сечкање. Тоа ќе го направите така што ќе ја отстраните мерката од отворот за додавање состојки.
  7. По завршено сечкање, завртете го копчето за управување назад на положба 0.

Безбедносен систем за заклучување

За поголема безбедност, оваа сечкалка и мелница за кафе е опремена со безбедносен систем за заклучување. Ако капакот и бокалот или мелницата за кафе не се правилно наместени, апаратот нема да работи.

Сечкалката правилно составете ја според следниве упатства:

  1. Куќиштето ставете го на маса; предниот дел да биде свртен кон вас.
  2. Бокалот на сечкалката ставете го на куќиштето, така што рачката биде на десна страна. Бокалот правилно е ставен кога стрелката на бокалот е непосредно над отворениот механизам за заклучување на куќиштето, односно подножјето со мотор.
  3. Завртете го бокалот на сечкалката в десно, додека тој чујно не се закачи. Двете стрелки на куќиштето (подножјето со мотор) и бокалот мора да бидат порамнети една со друга. Бокалот на сечкалката така е правилно наместен.
  4. Наместете го капакот на сечкалката, така што завитокот е свртен кон вас.
  5. Завртете го завитокот в десно, додека не е непосредно над рачката на бокалот. Сечкалката сега е подготвена за употреба.

Водич за вашата сечкалка

РаботаВид хранаПрепорачано дотерувањеПрепорачана постапка
ПенењеМлечен шејк, смути1, 2Употребите оладено млеко. Мешајте додека не достигнете сакана густина, односно текстура.
СечкањеОревчиња, чоколада, лук или билкиМоментално работење (pulse)Сечкајте половина шолја состојки наеднаш, да бидат парчињата со еднаква големина.
Пенесто мешањеПутер или шеќер1, 2Мешајте путер и шеќер, додека не настане кремаста смеса. Препорачуваме да на половина од мешањето ја запрете сечкалката и го отстраните кремот од страните на бокалот. Не мешајте предолго.
ДробењеТрошки од леб, трошки од колачиња1, 2Искршите ги на парчиња и сечкајте додека не настанат трошки.
Дробење мразМраз1, 2, моментално работењеДодајте 1/4 шолја вода. За дробење мраз употребите кое боло дотерување или па 3 до 4-пати едноподруго притисните го тастерот за моментално работење (pulse).
Приготвување емулзијаПреливи за салата1, 2Мешајте додека не настане хомогена смеса. За време мешање можете да додавате масло низ отворот за долевање, односно додавање состојки во капакот.
Шеќер во правКристален шеќер1, 2Дробите приближно 20 секунди за грубо мелен шеќер во прав и уште натамошни 10 секунди за фино мелен шеќер во прав.
МешањеТечно тесто1, 2Состојките мешајте ги само толку да настане хомогена смеса. Не мешајте предолго.
ПиреСупи, зеленчук, овощје1, 2Мешајте, додека не настане глатка смеса.

ВНИМАНИЕ! Времето за сечкање или мешање може да се менува со оглед на количината состојки во бокалот; наведените траења се само како основа.

Прирачни совети за употреба на апаратот

  • Ако во сос за месо настанат грутчиња или ако сос врз основа на јајца се сплеска, можете да ги спасите со кратко мешање во сечкалката.
  • Храна која имате намера да ја додадете во сечкалката, нарежете ја на коцки (со страница приближно 2 до 3 сантиметри); така смесата ќе биде порамномерна.
  • Никогаш да не го наполните бокалот на сечкалката преку означеното ниво.
  • За ефикасно мешање, односно сечкање суви состојки, можеби ќе морате да го прекините работењето на апаратот и состојките со лопатче да ги истружите од страниците на бокалот и ги вратите на дното.
  • Кога приготвувате пире од зеленчук или овошје, варено или сурово, нарежете ги состојките на мали парчиња, да го олесните работењето на апаратот.
  • Кога мешате различни состојки, најпрвин додајте течност, а потоа уште суви состојки.
  • Секогаш уверете се дека во овошјето нема коски и дека во месото нема коски, бидејќи тие можат да ги оштетат сечилата.
  • Во сечкалката не мешајте жешки течности. Почекајте жешките течности да се оладат, пред да ги додадете во сечкалката.
  • Кога приготвувате пире од топли состојки, секогаш овозможете проветрување на бокалот на сечкалката. Тоа ќе го направите така што откако ја задвижите сечкалката, отстранете ја мерката од капакот на бокалот.

Нега и чистење

Метода на брзо чистење

  1. Наполнете ја сечкалката до половина со топла вода и мала количина детергент.
  2. Притиснете го тастерот за моментално работење и држете го 1 до 2 секунди, а потоа пуштете го. Повторете 3 до 4 пати.
  3. Потоа отстранете го бокалот и исплакнете го под славина.

Темелно чистење

  1. Одвртете го склопот на сечилото од дното на бокалот, така што ќе го завртите дното на сечилото во спротивна насока од стрелката на часовникот.
  2. Отстранете го гумениот дихтунг од склопот на сечилото.
  3. Измијте го капакот на бокалот, мерката, гумениот дихтунг, склопот на сечилото и бокалот во вода со малку детергент.

Внимание: при чистење на сечилата бидете претпазливи, бидејќи се многу остри.

Забелешка: Не мијте ниеден дел на сечкалката во машина за миење садови.

Чистење на куќиштето

Куќиштето го чистите со влажен мек сунѓер и малку детергент, потоа избришете го куќиштето.

Забелешка: Никогаш не го потопувајте куќиштето на апаратот (со моторот) во вода.

Чување

  1. Приклучниот кабел намотајте го и чувајте го во за тоа наменета фиока на дното од куќиштето.
  2. Апаратот чувајте го на ладно и суво место.

За информации или во случај на проблеми, посетете ја или обратете се до центарот на Gorenje за помош на корисниците во вашата држава (телефонскиот број ќе го најдете во меѓународниот гарантен лист). Ако во вашата држава нема таков центар, обратете се до локалниот продавач на Gorenje или до одделението на Gorenje за мали апарати за домаќинство.

Го задржуваме правото на промени!

1. 2. 3. 4. 5. 6. 7. 8.

  1. Поклопец на отворот за истурање/мерна чаша
  2. Поклопец
  3. Блендер сад (1,5 литри)
  4. Отстранлив нож склоп
  5. Главно тело
  6. Приклучок и кабел за напојување
  7. Копче за контрола
  8. Пластични ногарки

Напон: 220 - 240 V

Фреквенција: 50 Hz

Моќност: 600 W макс.

Ниво на бучава: Lc = 82 dB(A) Важно

Безбедносни мерки

Само за лична употреба!

gorenje

Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : GORENJE

Модел : B800XE

Категорија : Кујнски робот