KT05KARIMW - Тежина GORENJE - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот KT05KARIMW GORENJE во PDF формат.

GORENJE KT05KARIMW - Тежина
📄 44 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање 10 прашања ⚙️ Спецификации
Notice GORENJE KT05KARIMW - page 12
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.
Тип на производ Дигитална кујнска вага
Бренд Gorenje
Модел KT05KARIMW
Димензии (Ш x Д x В) 20 cm x 15 cm x 2 cm
Тежина 300 g
Напојување 1 x CR2032 батерија (вклучена)
Максимален капацитет 5 kg
Прецизност 1 g
Материјал Платформа од нерѓосувачки челик, куќиште од пластика
Дисплеј LCD, 4 цифри
Мерни единици g, kg, lb, oz, ml, fl.oz
Функции Тарирање, автоматско исклучување (2 мин), индикација за преоптоварување, индикација за ниска батерија
Одржување и чистење Избришете со влажна крпа; не потопувајте во вода
Безбедност Не надминувајте го максималното оптоварување; чувајте подалеку од вода и извори на топлина
Резервни делови / Поправливост Замена на батерија; вагата не се поправа за други компоненти

Често поставувани прашања - KT05KARIMW GORENJE

Како да ја заменам батеријата на мојата вага Gorenje KT05KARIMW?
Отворете го просторот за батерија од задната страна, извадете ја старата CR2032 батерија и вметнете нова со страната + свртена нагоре.
Која е максималната тежина што вагата може да ја измери?
Вагата има максимален капацитет од 5 kg (11 lbs). Не надминувајте ја оваа граница за да избегнете оштетување.
Може ли да ја користам вагата за мерење течности?
Да, вагата поддржува мерење волумен во ml и fl.oz за течности на база на вода. Ставете сад, тарирајте, потоа додадете течност.
Како да префрлам помеѓу единици?
Притиснете го копчето UNIT (или MODE) за да прелистувате низ g, kg, lb, oz, ml, fl.oz. Тековната единица се појавува на дисплејот.
Зошто мојата вага се исклучува автоматски?
Вагата има функција за автоматско исклучување за заштеда на батерија. Се исклучува по 2 минути неактивност. Притиснете ON за да ја рестартирате.
Како да ја исчистам вагата?
Избришете ја површината со влажна крпа. Не користете абразивни средства за чистење или потопувајте ја вагата во вода.
Што значи 'Lo' на дисплејот?
'Lo' означува ниска батерија. Заменете ја CR2032 батеријата што е можно поскоро.
Може ли да ја користам вагата на нерамна површина?
За точни мерења, поставете ја вагата на тврда, рамна површина.
Што значи 'Err' или 'EEE'?
Тоа означува преоптоварување или грешка. Отстранете го вишокот тежина и осигурајте се дека вагата е на стабилна површина.
Дали вагата е поправлива ако е оштетена?
Само батеријата може да се замени од корисникот. За други проблеми, контактирајте ја поддршката на Gorenje или овластен сервисен центар.

Прашања на корисниците за KT05KARIMW GORENJE

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Вашата е-пошта останува приватна: се користи само за да ве известиме ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот Тежина во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник KT05KARIMW - GORENJE и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. KT05KARIMW на марката GORENJE.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК KT05KARIMW GORENJE

Благодариме што се одлучивте да купите кујнска вага Gorenje. За ефикасна употреба, ве молиме, детално прочитајте ги упатствата. Се надеваме дека ќе уживате при употребата на нашата вага.

Оваа вага е наменета само за употреба во домаќинство, односно само за домашна употреба!

Оваа опрема е означена согласно европската директива 2002/96/EG за отпадна електрична и електронска опрема (WEEE). Директивата определува барања за собирање и постапување со отпадна електрична и електронска опрема, кои важат во целата Европска Унија.

НАМЕНА НА УПОТРЕБА

Вашата вага е наменета за вагање храна и прехранбени производи и е наменета за употреба во домаќинството.

ВАЖНИ УПАТСТВА ЗА БЕЗБЕДНОСТ

Кога употребувате апарати кои ги напојуваат батерии, морате да преземете мерки на претпазливост за да не дојде до пожар, да не истечат батериите, до лични повреди или материјални штети.

Во овој прирачник се опишани упатства за нормална употреба. Доколку употребувате некакви додатоци или вршите посегнувања кои не се опишани во упатствата, можете да го оштетите или уништите апаратот. Чувајте ги упатствата.

Не дозволувајте на непознати лица или деца кои не ги познаваат упатствата да го употребуваат апаратот.

УПОТРЕБА НА ВАШИОТ АПАРАТ

  • Не употребувајте го апаратот во близина на жешки извори и запаливи материјали. • Не употребувајте го апаратот на отворено.
  • Секогаш заштитувајте го апаратот од вода или прекумерна влага.
  • Не употребувајте го апаратот во просторија каде температурата е под 10°C или над 30°C.

ПО УПОТРЕБА

  • Ако апаратот подолго време не го употребувате, извадете ги батериите од лежиштата за батерии.
  • Ако апаратот не го употребувате, чувајте го во сува просторија, каде што ќе биде недостапен за деца.

ПРЕГЛЕД И ОДРЖУВАЊЕ

  • Пред употреба прегледајте го апаратот, да не е случајно оштетен. Тоа би можело да влијае врз неговото работење.
  • Не употребувајте го апаратот, ако е некој од деловите оштетен.
  • Ако сте забележиле дека е некој од деловите оштетен, нека ви го замени за тоа оспособено лице.
  • Никогаш не обидувајте се да отстраните или замените делови, кои не се наведени во овие упатства.

ЕЛЕКТРИЧНА БЕЗБЕДНОСТ

  • За да избегнете опасност од краток спој, не ставајте го апаратот во вода или некоја друга течност.
  • Употребувајте соодветни батерии (погледајте ги техничките податоци).
  • Никогаш не обидувајте се да ги полните батериите, ако не се за повеќекратна употреба.
  • Врз електронските компоненти во апаратот можат да влијаат други направи, ако се во непосредна близина (на пр. мобилни телефони, микробранови рерни,...). Во овој случај на екранот ќе се покажат погрешни податоци. Ако сакате тоа да го спречите, угаснете ја направата која го пречи работењето или пак отстранете ја.

ПРЕД ПРВАТА УПОТРЕБА

  • Отстранете ги сите амбалажни материјали од направата. Отстранете ја заштитната фолија од покажувачот.
  • Отворете ја преградата за батерии на долната страна од вагата и отстранете ги малите пластични ленти меѓу батериите и контактите. Потоа затворете ја преградата за батерии, така што капакот на преградата за батерии чујно ќе се закачи.
  • Вагата може да ја прикажува тежината во g (грамови) или lb (унци). Единицата можете да ја дотерате на задната страна од направата. Притиснете го прекинувачот за единици на саканата единица.

НАМЕСТУВАЊЕ

Вагата наместете ја на рамна и цврста подлога. Цврстата подлога е основен услов за правилни мерења.

▶ Оваа направа е опремена со гумени подлошки што не се лизгаат. Бидејќи површините на мебелот се од најразлични материјали и за нив се користат различни средства за нега, не може во целост да се исклучи можноста некои од овие материјали да содржат состојки кои можат да влијаат врз гумените подлошки и да ги омекнат. Ако е потребно, под подлошките на направата ставете нелизгачка подлога.

УПОТРЕБА

Вклучување / исклучување

  • Ако сакате да го вклучите апаратот, притиснете ON / OFF. • За исклучување повторно притиснете ON / OFF.
  • Апаратот е опремен со функција која самостојно ќе го исклучи апаратот приближно по 2 минути.

Дотерување чиста тежина

  • Притиснете го копчето ON / OFF и на покажувачот ќе ви се прикаже » 0 «. • Ставете празен сад на вагата и притиснете го копчето TARE, да ви се прикаже »0 «.

Вагање

• Ставете ја вагата на рамна површина. • Ставете предмет на вагата и на покажувачот отчитајте ја тежината. - Кога употребувате сад, најпрвин поправете ја тежината на садот, како што е наведено горе (дотерување чиста тежина). Потоа ставете храна во садот и садот на вагата и отчитајте ја тежината. - Ако тежината го надминува максималниот капацитет, на покажувачот ќе се прикаже » Err «. За да спречите дефект на апаратот, веднаш отстранете го предметот од вагата.

ЧИСТЕЊЕ, ОДРЖУВАЊЕ И ЧУВАЊЕ

Пред чистење, односно одржување, исклучете го апаратот.

• За чистење употребете сапун и влажна крпа. - За чистење не употребувајте никакви средства за чистење кои предизвикуваат нагризување и распаѓање. Ниеден дел не ставајте го во вода или некоја друга течност.

ПРОВЕРУВАЊЕ И МЕНУВАЊЕ НА БАТЕРИИТЕ

  • Ако на покажувачот се прикаже ____, значи дека батериите се празни и треба да се заменат.
  • Повеќепати проверете ги батериите и утврдете ја нивната состојба. Истечени или оштетени батерии можат да го уништат апаратот.
  • Ако сакате да ги замените батериите, отворете го капачето за батерии и отстранете ги старите батерии, потоа ставете нови батерии.
  • Никогаш не исфрлајте празни батерии во канта за отпадоци, туку на за тоа означено место. Чувајте ја животната средина!

ЖИВОТНА СРЕДИНА

По истекување на векот на траење, апаратот не го исфрлувајте заедно со вообичаени отпадоци од домаќинството, туку однесете го на официјално собирно место за рециклирање. На тој начин ќе помогнете да се зачува животната средина.

ГАРАНЦИЈА И СЕРВИС

За информации или во случај на тешкотии, обратете се на центарот за помош на корисниците на Gorenje во вашата држава (телефонски број ќе најдете во меѓународниот гарантен лист). Ако во вашата држава нема таков центар, обратете се до локалниот продавач на Gorenje или до одделение за мали апарати за домаќинство на Gorenje.

Си го задржуваме правото на измени!

Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : GORENJE

Модел : KT05KARIMW

Категорија : Тежина