LG 24BR400 - Монитор

24BR400 - Монитор LG - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот 24BR400 LG во PDF формат.

📄 174 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање 10 прашања ⚙️ Спецификации
Notice LG 24BR400 - page 83
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.
Вид на производ LED монитор
Марка LG
Модел 24BR400
Големина на екран 24 инчи (проценка)
Технологија на приказ LCD со LED позадинско осветлување
Напојување Адаптер за напојување (кабел за напојување е вклучен)
Потрошувачка на електрична енергија - Вклучен режим Нормално работење (неспецифицирано)
Потрошувачка на електрична енергија - Режим на мирување Намален режим на напојување (DPMS)
Потрошувачка на електрична енергија - Исклучен режим Најнизок режим на напојување
DDC функции Компатибилен со DDC1/DDC2B, DDC2AB/2B+/2Bi, E-DDC
Заштеда на енергија VESA DPMS (Display Power Management Signalling)
Одржување на екранот Исклучете го пред чистење; користете мека крпа малку навлажнета
Чистење - Забранети производи Бензен, разредувачи, алкохол, аеросоли
Безбедност - Кабел за напојување Користете го само вклучениот кабел; не оштетувајте
Безбедност - Отворање Не отворајте го мониторот; контактирајте квалификуван техничар
Безбедност - Влажност Избегнувајте влажни средини (бања, базен, итн.)
Безбедност - Грмотевица Не допирајте ги каблите за напојување или сигнал
Поправливост Контактирајте овластен сервис; не поправајте сами
Приближна тежина Околу 3 кг
Приближни димензии (Ш x В x Д) 540 x 320 x 50 mm

Често поставувани прашања - 24BR400 LG

Како да го исчистам екранот на мониторот?
Прво исклучете го мониторот. Користете мека крпа малку навлажнета со вода. Никогаш не користете хемикалии како бензен, разредувачи или алкохол, и не прскајте течност директно на екранот.
Кои безбедносни мерки треба да ги почитувам?
Користете го само вклучениот кабел за напојување. Не ставајте го мониторот блиску до извори на топлина или во влажна средина. Не го отворајте, бидејќи содржи опасни високи напони. При грмотевица, не допирајте ги каблите.
Како да го активирам режимот за заштеда на енергија?
Мониторот е компатибилен со стандардот VESA DPMS. Кога е поврзан со компјутер со софтвер за управување со енергија, автоматски преминува во режим на мирување или исклучување по период на неактивност. Можете исто така рачно да го исклучите екранот.
Што да направам ако течност влезе внатре во мониторот?
Веднаш исклучете го кабелот за напојување и контактирајте овластен сервисен центар. Не обидувајте се сами да го поправите, бидејќи тоа може да предизвика пожар или струен удар.
Може ли сам да го поправам мониторот?
Не, отворањето на куќиштето изложува на опасни напони и ја поништува гаранцијата. За каква било поправка, повикајте квалификуван техничар.
Како безбедно да го транспортирам мониторот?
Користете го оригиналното пакување (картон и пена) за транспорт. Држете го екранот со две раце напред за да избегнете удари. Не го испуштајте.
Што да направам ако мониторот не работи нормално?
Проверете ги врските и следете ги упатствата од прирачникот. Ако проблемот продолжи, контактирајте квалификуван техничар. Не менувајте поставки различни од оние опишани во упатството.
Која резолуција на приказ ја препорачувате?
Користете ја резолуцијата препорачана од производителот (обично природната резолуција на екранот) за оптимален квалитет на сликата. Користењето други резолуции може да доведе до намален квалитет на сликата.
Како да избегнам остаточни слики (burn-in)?
Не оставајте статична слика прикажана подолги периоди. Користете екран за заштита и исклучете го екранот кога не го користите. Постојаните слики не се покриени со гаранција.
Кои се режимите за управување со напојување?
Мониторот има три режима: Вклучен (нормално работење), Мирување (намалена потрошувачка, враќање во вклучен при движење на глувчето или притискање на копче), и Исклучен (минимална потрошувачка). Компатибилен е со DPMS.

Прашања на корисниците за 24BR400 LG

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Вашата е-пошта останува приватна: се користи само за да ве известиме ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот Монитор во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник 24BR400 - LG и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. 24BR400 на марката LG.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК 24BR400 LG

Овој уред е конструиран и произведен за да ја осигури вашата лична безбедност, но сепак, неправилната употреба може да предизвика потенцијален електричен удар или опасност од пожар. Со цел да се обезбеди правилно функционирање на сите мерки на заштита вградени во овој екран, придржувајте се кон следните основни правила за неговото инсталирање, употреба и сервисирање. Сите мерки на претпазливост и безбедносни информации се однесуваат на моделите LCD и OLED.

Околу безбедноста

Користете го само кабелот за напојување кој е испорачан со уредот. Доколку користите друг кабел за напојување кој не е обезбеден од страна на добавувачот, проверете дали има сертификат за применливите меѓународни стандарди. Доколку кабелот за напојување е оштетен на кој било начин, ве молиме обратете се до производителот или најблискиот овластен сервис за поправки за да го замените.

Спојницата на апаратот се користи како уред за исклучување. Ве молиме осигурајте се дека уредот е инсталиран во близина на штекерот на сидот во кој е приключен и дека до штекерот има лесен пристап.

Екранот приклучувајте го единствено на извор на електрична енергија како што е назначено во спецификациите на ова упатство или на екранот. Ако не сте сигурни каков тип на напојување имате во вашиот дом, обратете се до вашиот продавач.

Преоптоварените приклучоци за струја и продолжителните кабли се опасни. Истото важи и за оштетените кабли за напојување и приклучоци. Ова може да предизвика опасност од електричен удар или пожар. Обратете се до вашиот сервисер за замена.

Сё додека уредот е поврзан на сиден штекер на наизменична струја, тој е поврзан на извор на напојување и покрај тоа што можеби е ислучен.

Не отворајте го екранот:

  • Внатре нема делови кои можат да се поправаат од корисниците.
  • Постои опасност од висок напон, дури и кога напојувањето е ИСКЛУЧЕНО.
  • Доколку екранот не работи правилно обратете се кај вашиот продавач.

За да се избегне лична повреда:

  • Не поставувајте го екранот на закосена полица освен во случај кога тој е правилно обезбеден.
  • Користете единствено држач кој е препорачан од производителот.
  • Не испуштајте предмети врз производот и не применувајте сила врз истиот. Не фрлајте играчки или предмети кон екранот.

Притоа може да дојде до повреда на лујето, проблеми со производот и оштетување на екранот.

За да се спречи пожар и други опасности:

  • Секогаш кога подолго ње ја напуштите собата ИСКЛУЧЕТЕ го екранот. Никогаш не оставајте го екранот ВКЛУЧЕН кога го напуштате домот.
  • Не дозволувајте деца да испуштаат предмети врз екранот или да туркаат предмети во отворите на куќиштето. Некои внатрешни делови се под висок напон.
  • Не користете додатоци кои не се дизајнирани за овој екран.
  • Кога екранот треба да го оставите без надзор подолго време, исключете го од сидниот штекер.
  • При појава на громови и молњи, никогаш не допирајте ги каблите за напојување и сигнал бидејки тоа може да биде многу опасно. Тоа може да предизвика електричен удар.

Околу инсталирањето

Не смеете ништо да поставувате врз кабелот за напојување или да го оставате производот на места на кои е можно оштетување на кабелот.

Немојте да го поставувате екранот во близина на вода како на пример, блиску до када, мијалник, перална, влажен подрум или во близина на базен.

Екраните имаат отвори за вентилација на кукиштето кои овозможуваат да се ослободи топлината која се создава при нивното работење. Доколку отворите се блокирани, акумулираната топлина може да предизвика оштетувања кои може да доведат до опасност од пожар.

  • Не блокирајте ги отворите за вантилација со поставување на екранот на кревет, софа, килим, итн.
  • Не поставувајте го екранот во затворени елементи за вградување, освен кога е обезбедена правилна вентилација.
  • Не покривајте ги отворите со ткаенина или друг материјал.
  • Не поставувајте го екранот во близина на радијатор или друг извор на топлина.

Немојте да го триете или удирате LCD екранот со активна матрица со цврсти предмети бидејки тоа може да предизвика гребење и трајно оштетување на LCD екранот со активна матрица.

Немојте да притискате на LCD екранот со прстот подолго време бидејки ова може да предизвика оштетување на сликата. Може да се појават дефекти на точките во облик на црвени, зелени или сини точки на екранот.

Сепак, ова нема да влијае врз перформансите на екранот.

Доколку е можно, користете ја препорачаната резолуција за да добиете најдобав квалитет на сликата на LCD екранот. Доколку екранот се користи во режим со резолуција која отстапува од препорачаната, може да се појави слика со прилагодена големина или преработена слика. Ова сепак е карактеристика на LCD екраните со фиксна резолуција.

Долготрајното прикажување на неподвижна слика на мониторот може да предизвика појава на врежана слика или дамки на екранот од мониторот. За да го избегнете овој проблем, користете заштитник на екран и исклучувајте го производот кога не се употребува. Трајно врежаната слика или дамките кои се предизвикани со долготрајно користење не се опфатени со гаранцијата на овој производ.

Не удирајте и не гребете ги предниот и страничните делови од екранот со метални предмети.

Во спротивен случај, може да дојде до оштетување на екранот.

За поместување на производот поставете го апаратот со панелот кон напред и држете го со двете раце. Ако го испуштите производот, оштетениот производ може да предизвика струен удар или пожар. За поправка обратете се до овластениот сервисен центар. Избегнувајте високи температури и голема влажност.

Не инсталирајте го овој производ на сид, доколку таму може да се изложи на масло или масни честички.

- Тоа може да предизвика оштетување и пагање на производот.

За дисплеи со светнати ринги корисникот треба да размисла за поставување на екран, затоа што ринга може да предизвика вознемирувачки одблесоци од околните светлини и светли површини.

Немојте да користите производи кои користат висок напон во близина на мониторот.

- Мониторот може да не работи исправно како последица на струен удар.

Мерки на претпазливост за АС адаптерот и напојувањето

Доколку во производот (телевизор, монитор, кабел за напојување или АС адаптер) влезе вода или некаква надворешна супстанца, веднаш откачете го кабелот за напојување и контакрајте со сервисниот центар.

- Во спротивно, ова може да доведе до пожар или електричен удар поради оштетувањето на производот.

Не допирајте го струјниот кабел или АС адаптерот со влажни раце. Доколку прилучоците на електричниот кабел се влажни или прашливи, избришете ги и исушете ги пред употреба.

  • Во спротивно, ова може да предизвика пожар или електричен удар.
    Проверете дали целосно сте го вметнале кабелот за напојување во АС адаптерот.
  • Доколку не е довольно добро прицврстен, слабото поврзување може да предизвика пожар или електричен удар.

Внимавајте да користите кабли за напојување и АС адаптери овозможени или одобрени од страна на LG Electronics, Inc.

- Користењето на неодобрени производи може да предизвика пожар или електричен удар. Кога го откачувате кабелот за напојување, влечете го за приклучокот. Не превиткувајте го кабелот за напојување користејки прекумерна сила.

- Може да се оштети жицата за струја, што може да предизвика електричен удар или пожар. Внимавајте да не го згазнете или да не поставувате тешки предмети (електронски уреди, облека итн.) на кабелот за напојување или на АС адаптерот. Внимавајте да не го оштетите кабелот за напојување или АС адаптерот со остри предмети.

- Оштетените кабли за напојување може да предизвикаат пожар или електричен удар. Немојте да го расклопувате, поправате или менувате кабелот за напојување или АС адаптерот.

- Ова може да предизвика пожар или електричен удар. Внимавајте штекерот, АС адаптерот и приклучоците на електричниот кабел да не содржат прашина и надворешни супстанци.

- Ова може да предизвика пожар.

Околу чистењето

  • Пред чистење на предната страна од екранот, исключете го екранот од штекер.
  • Користете малку навлажнета (не водена) крпа. Не користете аеросол директно на екранот бидејки прекумерното прскање може да предизвика електричен удар.
  • При чистење на производот, исключете го струјниот кабел и исчистете со мека ткаенина за да не дојде до гребење. Не чистете со важна ткаенина и не прскајте вода и други течности директно на производот. Може да дојде до електричен удар. (Немојте да користите хемиски средства како бензол, разредувач на боја или алкохол.)
  • Испрскајте мека крпа 2 до 4 пати со вода, и со неа исчистете ја предната рамка; бришете само во една насока. Премногу влага може да предизвика појава на дамки.

graph LR A["ВОДА"] --> B["注射器"] B --> C["设备 placement"] C --> D["取药"] D --> E["药品使用"] E --> F["药品使用"] style A fill:#f9f,stroke:#333 style B fill:#ccf,stroke:#333 style C fill:#cfc,stroke:#333 style D fill:#fcc,stroke:#333 style E fill:#cff,stroke:#333 style F fill:#ffc,stroke:#333

Околу повторното пакување

- Не фрлајте ги картоните и материјалот за пакување. Тие се идеално пакување за пренесување на уредот. При преместување на друга локација, повторно спакувајте го уредот во оригиналната амбалажа.

BELANGRIJKE VOORZORGSMAATREGELEN

Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : LG

Модел : 24BR400

Категорија : Монитор