GDS 18V-750 C Professional - шрафцигер BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GDS 18V-750 C Professional BOSCH во PDF формат.
Прашања на корисниците за GDS 18V-750 C Professional BOSCH
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот шрафцигер во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GDS 18V-750 C Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GDS 18V-750 C Professional на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GDS 18V-750 C Professional BOSCH
mk Оригинално упатстро за работа
sr Originalno uputstvo za rad
sl Izvima navpdila
hr Originalne upute za rad
Македонски.... Страница 183
Srpski ...... Strana 191
Slovenščina ....Stran 198
Hrvatski ....Stranica 206
Безбедносни напомени
Општи предупредувања за безбедност за електрични алати
ПРЕДУ- ПРЕДУВАЊЕ
Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со
овој електричен алат. Непридржувањето до сите упатства приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди.
Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина.
Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски).
Безбедност на работниот простор
Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа.
▶ Не работете со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите.
▶ Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола.
Електрична безбедност
▶ Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати.
Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар.
▶ Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено.
▶ Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ќе се зголеми ризикот од струен удар.
▶ Не постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од орган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен удар.
▶ При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел
соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар.
▶ Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар.
Лична безбедност
▶ Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда.
▶ Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат за соодветни услови, їе доведат до намалување на лични повреди.
Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исключен пред да го включите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или включување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е включен, може да предизвика несреќа.
Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го включите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда.
▶ Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации.
▶ Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните делови.
▶ Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа.
He дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда.
Употреба и чување на електричните алати
▶ Не го преоптоварувајте електричниот алат. Користете соодветен електричен алат за намената. Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо єе ја извршите работата за која е наменет.
▶ Не користете електричен алат ако не можете да го включите и исключите со помош на прекинувачот.
Секој електричен алат којшто не може да се
контролира со прекинувачот е опасен и мора да се
поправи.
▶ Ислучете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате
електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат.
Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници.
▶ Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреći се предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати.
▶ Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат.
▶ Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации.
Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во непредвидливи ситуации.
Употреба и чување на батериски алат
▶ Полнете ја батеријата само со полнач наведен од производителот. Полнач којшто е соодветен за еден тип сет на батерии може да предизвика опасност од пожар ако се користи за друг сет на батерии.
▶ Електричните алати користете ги само со специјално наменети сетови на батерии.
Користењето на други сетови на батерии може да предизвика опасност од повреда или пожар.
Kogа не го користите сетот на батерии, чувајте го подалеку од други метални предмети, како на пр., спојувалки, монети, клучеви, шајки, завртки или други помали метални предмети што може да предизвикаат спој од еден до друг извор. Краток спој на батериските извори може да предизвика изгореници или пожар.
▶ Под непредвидени околности, течноста може да истече од батеријата; избегнувајте контакт. При случаен допир, измијте се со млаз вода. Ако течноста влезе во очите, побарајте дополнителна медицинска помош. Течност истечена од батеријата може да предизвика иритација или изгореници.
He употребувајте сет на батерии или алат што е оштетен или изменет. Оштетени или изменети батерии може да реагираат непредвидливо и да предизвикаат пожар, експлозија или опасност од повреда.
▶ Не го изложувајте сетот на батерии или алатот на орган или висока температура. Изложувањето на орган или на температура повисока од 130 °C може да предизвика експлозија.
▶ Следете ги сите упатства за полнење и не го полнете сетот на батерии или алатот надвор од температурниот опсег наведен во упатствата.
Неправилното полнење или на температура надвор од наведениот опсег може да ја оштети батеријата и да ја зголеми опасноста од пожар.
Сервисирање
▶ Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат.
▶ Никогаш не поправајте оштетени сетови на батерии. Поправката на сетови на батерии треба да ја врши само производителот или овластен сервис.
Безбедносни напомени за одвртувачи
▶ Држете го електричниот алат за изолираната површина додека сечете, за прицврстувачот да не дојде во контакт со скриена жица. Ако
прицврстувачите дојдат во допир со „жица под напон“, може да ги изложат металните делови на електричниот алат „под напон“ и операторот може да добие струен удар.
Користете соодветни уреди за пребарување, за да ги пронајдете скриените електрични кабли или консултирајте се со локалното претпријатие за снабдување со електрична енергија. Контактот со електрични кабли може да доведе до пожар и струен удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки предизвивува оштетување.
▶ Како алат за вметнување користете само битови и приклучоци отпорни на удари. Само овие алати за вметнување се погодни за ударни одвртувачи.
▶ Цврсто држете го електричниот апарат. При зацврстување и одвртување на шрафови може да настанат краткотрајни високи реактивни моменти.
▶ Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто отколку со Вашата рака.
▶ Почекајте додека електричниот алат сосема не прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе до губење контрола над уредот.
▶ При оштетување и непрописна употреба на батеријата може да излезе пареа. Батеријата може да се запали или да експлодира. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.
▶ Не модифицирајте и отворајте ја батеријата. Постои опасност од краток спој.
▶ Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се прегрее.
▶ Користете ја батеријата само во производи на производителот. Само на тој начин батеријата ње се заштити од опасно преоптоварување.


Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, орган, нечистотии, вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија и краток спој.
▶ Внимание! При користењето на електричниот алат со Bluetooth® може да настанат пречки на другите уреди и системи, авиони и медицински апарати (на пр. пејсмејкери, апаратчиња за слушање). Исто така не може целосно да се исклучи можноста за повреда на луфе и животни во непосредна околина. Не го користете мерниот уред со Bluetooth® во близина на медицински уреди, бензински пумпи, хемиски уреди, области со опасност од експлозија и во близина на мински полиња. Не го користете електричниот алат со Bluetooth® во авиони. Избегнувајте долготрајна употреба во директна близина на телото.
Вербалниот жиг Bluetooth® како и логоата се регистрирани трговски марки и се сопственост на Bluetooth SIG, Inc. Секоја употреба на овој вербален жиг/лого се извршува со Robert Bosch Power Tools GmbH лиценца.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Бидете сигурни, дека децата не доагаат во допир со копчестата батерија. Копчестите батерии се опасни.
▶ Никогаш проголтувајте ги копчестите батерии и не ставајте ги други отвори од телото. Доколку постои сомневање дека копчестата батерија е проголтана или е вметната во друг дел од телото, веднаш побарајте медицинска помош. Проголтувањето на копчеста батерија може во рок од 2 часа да доведе до сериозни внатрешни изгореници или смрт.
▶ При замена на копчестата батерија, проверете дали е правилно заменета. Инаку, постои опасност од експлозија.
▶ Користете ги само копчестите батерии наведени во ова упатство за користење. Не користете други копчести батерии или друго снабдување со струја.
He се обидувајте повторно да ја полните копчестата батерија и не ја премостувајте. Копчестата батерија може да протече, да експлодира, да се запали и да повреди лица.
▶ Прописно отстранете ги и фрлете ги испразнетите копчести батерии. Испразнетите копчести батерии може да протечат и со тоа да го оштетат производот или да повредат лица.
He ja прегревајте копчестата батерија и не ја фрлајте во орган. Копчестата батерија може да протече, да експлодира, да се запали и да повреди лица.
He ја оштетувајте копчестата батерија и не ја расклопувајте. Копчестата батерија може да протече, да експлодира, да се запали и да повреди лица.
Копчестата батерија не ја доведувајте во контакт со вода. Литиумот што истекува може со вода да создаде водород и со тоа да доведе до пожар, експлозија или до повреди на лица.
Опис на производот и перформансите

Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за користење.
Употреба со соодветна намена
Електричниот алат е наменет за навртување и олабавување на завртки, како и за затегнување и олабавување на навртки во дадените граници на димензии.
Податоците и подесувањата на електричниот алат може да се пренесат при активиран Bluetooth Low Energy модул со помош на Bluetoothбезжичната технологија помећу електричниот алат и мобилниот уред.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на илустрираните компоненти се однесува на приказот на електричниот алат на графичката страница.
(1) Прифат на алатот
(2) Прекинувач за менување на правецот на вртење
(3) Kapak Bluetooth® Low Energy модул
(4) Држач за појас
(5) Батерија ^a)
(6) Копче за отклучување на батерија ^3)
(7) Кориснички интерфејс
(8) Прекинувач за вклучување/исклучување
(9) Рачка (изолирана површина на рачката)
(10) Алат за вметнување (на пр. клуч за втиснување) ^a)
a) Овие додатоци не се включени во стандартниот опсег на испорака.
(11) Приказ за статус на електричен алат
(12) Приказ за режим
(13) Копче за режим
(14) Работно светло
(15) Копче за претходно избирање на број на вртежи
(16) Приказ за претходно избирање на број на вртежи
Технички податоци
| Батериски ударен одвртувач | GDS 18V-750 C |
| Број на дел | 3 601 JL9 0.. |
| Номинален напон V= 18 | |
| Број на вртежи во празен од ^A) | |
| – Поставка 1 min | -1 800 |
| – Поставка 2 min | -1 1500 |
| – Поставка 3 min | -1 2400 |
| Број на удари ^A) | |
| – Поставка 1 min | -1 1500 |
| – Поставка 2 min | -1 2300 |
| – Поставка 3 min | -1 3000 |
| Вртежен момент ^A) | |
| – Поставка 1 Nm 270 | |
| – Поставка 2 Nm 380 | |
| – Поставка 3 Nm 750 | |
| Макс. затезен момент ^A) | Nm 750 |
| Макс. олабавување на вртежниот момент ^A) | Nm 1000 |
| Машински завртки-∅ mm M12–M22 | |
| Прифат на алатот ■ 12 " | |
| Тежина kg 2,1–3,1 | |
| препорачана околна температура при полнење | °C 0 ... +35 |
| Дозволена околна температура при работење и при складирање | °C –20 ... +50 |
| Препорачани акумулаторски батерии | GBA 18V... ProCORE18V... |
| Батериски ударен одвртувач | GDS 18V-750 C | |
| Препорачани полначи GAL 18... | GAX 18...GAL 36... | |
| Копчеста батерија Тип | CR 2032 | |
| Пренос на податоци | ||
| Bluetooth ^®B | Bluetooth ^® 4.1(Low Energy) | |
| Растојание на сигналот | s | 8 |
| Макс. опсег на сигналот ^C | m | 30 |
A) Мерено при 20–25 °C со батерија ProCORE18V 8.0Ah.
B) Мобилните уреди мора да се компатибилни со Bluetooth® уредите со ниска енергија (верзија 4.1) и да го подржуваат Generic Access Profile (GAP).
C) Опсегот може многу да варира во зависност од надворешните услови, включително и приемникот што се употребува. Во затворените простории и со метални бариери (на пр. сидови, ормари, куфери итн.) опсегот на Bluetooth ^® може значително да се намали.
Вредностите може да варираат во зависност од производот и зависит од примената и условите на животната средина. Повеќе информации може да најдете на www.bosch-professional.com/wac.
Информации за бучава/вибрации
Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласно 62841-2-2.
Нивото на звук на електричниот алат оценето со А типично изнесува: ниво на звучен притисок 101 dB(A); ниво на звучна јачина 109 dB(A). Несигурност K = 3 dB.
Носете заштита за слухот!
Вкупните вредности на вибрации a_h (векторски збир на три насоки) и несигурност К дадени се во согласност со 62841-2-2:
Затегнување на завртки и навртки со максимальна дозволена големина: a_h = 18,9 m/s^2, K = 1,5 m/s^2 Нивото на вибрации наведено во овие упатства и вредноста на емисијата на бучава се измерени според мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата на бучава.
Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата на бучава ги претставуваат главните примени на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.
За прецизно одредување на нивото на вибрации и емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот во кој уредот е ислучен или работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието од вибрациите, како на пр.: одржување на електричните алати и алатите за вметнување, одржување на топлината на дланките, организирање на текот на работата.
Батерија
Bosch продава батериски електрични алати и без батерија. Дали батеријата е содржана во обемот на испорака можете да видите на пакувањето.
Полнење на батеријата
▶ Користете ги само полначите коишто се наведени во техничките податоци. Само овие уреди за полнење се погодни за литиум-јонската батерија за Вашиот електричен уред.
Напомена: Литиум-јонските батерии се испорачуваат делумно наполнети порани меѓународните прописи за транспорт. За да се загарантира целосната јачина на батеријата, пред првата употреба целосно наполнете ја.
Ставање на батеријата
Вметнете ја наполнетата акумулаторска батерија во прифатот за батерија, додека не се вклопи.
Вадење на батеријата
За да ја извадите акумулаторската батеријата, притиснете на копчето за отворање и извлечете ја батеријата. Притоа не употребувајте сила.
Акумулаторската батерија има 2 степена на блокирање, што спречуваат да испадне батеријата при невнимателно притискање на копчето за отклучување на батеријата. Сё додека е вметната батеријата во електричниот алат, таа се држи во позиција со помош на пружина.
Приказ за наполнетост на батеријата
Напомена: Не секој тип на батерија има приказ за нивото на наполнетост.
Трите зелени LED-светилки на приказот за наполнетост на батеријата ја покажуваат Costaјбата на наполнетост на батеријата. Од безбедносни причини, Costaјбата на наполнетост на батеријата може да ја проверите само доколку електричниот алат е во мирување.
Притиснете го копчето на приказот за наполнетост на батеријата, или , на да се прикаже наполнетоста. Ова исто така е возможно и со извадена батерија.
Доколку по притискањето на копчето на приказот за наполнетост на батеријата не свети LED светилка, батеријата е дефектна и мора да се замени.
| Трајно светло 5 × зелено 80–100 % |
| Трајно светло 4 × зелено 60–80 % |
| Трајно светло 3 × зелено 40–60 % |
| Трајно светло 2 × зелено 20–40 % |
| Трајно светло 1 × зелено 5–20 % |
| Трепкаво светло 1 × зелено 0–5 % |
Напомени за оптимално користење на батериите
Заштитете ја батеријата од влага и вода.
Складирајте ја батеријата во опсег на температура од -20 °C до 50 °C. Не ја оставајте батеријата на пр. во автомобилот во лето.
Повремено чистете ги отворите за проветрување на батеријата со мека, чиста и сува четка.
Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека батеријата е потрошена и мора да се замени. Внимавајте на напомените за отстранување.
Монтажа
▶ Пред секое работење на електричниот алат (на пр. одржување, промена на алатот итн.) извадете ја батеријата од електричниот алат. При невнимателно притискање на прекинувачет за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
Активирање на Bluetooth® Low Energy модул (опрема)
За информации за Bluetooth® Low Energy Module прочитајте го соодветното упатство за употреба.
▶ При ставањето на алатот за вметнување, внимавајте на тоа тој да лежи цврсто во прифатот за алат. Доколку алатот за вметнување не е цврсто поврзан со прифатот на алат, може да се олабави и да се случаи да не може да се контролира.
Поставете го алатот за вметнување (10) на четириаголниот прифат за алат (1).
Држач за појас
Со држачот за појас може да го закачите електричниот алат на пр. на ремен. Така двете дланки ће ви бидат слободни, а електричниот алат ће го имате на дофат во секое време.
Употреба
▶ Електричниот алат ставете го на навртката/завртката само доколку е ислучен. Доколку алатите што се вметнуваат се включени и се вртат, тие може да се превртат.
Функционалност
Прифатот за алат (1) и алатот што се вметнува се ставаат во погон со електромотор со помош на погон и ударен механизмам.
Работната постапка се дели во две фази:
Завртување и Затегнување (ударен механизмам во акција).
Ударниот механизмам се активира, штом се затегне спојот на шрафовите и така се оптоварува моторот. Притоа ударниот механизмам ја претвора силата на моторот во еднакви удари со вртење. При олабавување на шрафови и мутери, оваа постапка тече по обратен редослед.
Подесување на правецот на вртење (види слика С)
Со прекинувают за менување на правецот за вртење (2) може да го промените правецот на вртење на електричниот алат. Доколку прекинувают за включување/исклучување (8) е притиснат ова не е возможно.
Вртење во десно: За навртување на завртки и прицврстување на навртки притиснете го прекинувачот за менување на правец на вртење (2) на лево до крај.
Вртење во лево: За олабавување одн. одвртување на завртки и навртки притиснете го прекинувачот за менување на правецот на вртење (2) на десно до крај.
Подесување на бројот на вртежи/удари
Бројот на вртежите/ударите на вклучениот електричен алат може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку подалеку їе го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување (8).
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување (8) се постигнуваат мал број на вртежи/удари. Со зголемување на притисокот се зголемува и бројот на вртежи/удари.
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот алат притиснете го прекинувают за вклучување/исклучување (8) и држете го притиснат.
Работното светло (14) свети при малку или целосно притиснат прекинувач за включување/исклучување (8) и овозможува осветлување на работното поле при услови на слаба осветленост.
За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (8).
Корисничкиот интерфејс (7), види слика В, служи за претходно избирање на бројот на вртежи и на режимот на работење, како и за прикажување на состојбата на електричниот алат.
Прикажување на состојбата на електричниот алат
Приказот за Costaјба на електричниот алат (11) ја сигнализира актуelnата Costaјба на електричниот алат.
Боја на приказ Значење Помош за статус
| Зелена Електричниот алат е включен и е подготвен заупотреба | – |
| Жолта Достигната е критична температура Исключете го електричниот алат и оставете года се олади. | |
| Батеријата е речиси празна Наполнете ја батеријата. | |
| Црвена Електричниот алат е прегреан Оставете го електричниот алат да се олади. | |
| Батеријата е празна Наполнете ја батеријата. | |
| Трепка сино Електричниот алат е поврзан со мобилен уред/поставките се пренесуваат | – |
Одредување на број на вртежи
Со копчето за претходно избирање на број на вртежи (15) може претходно да го изберете потребниот број на вртежи во 3 степени. Притискајте го копчето (15), додека саканата поставка сигнализира на приказот за број на вртежи (16). Избраната поставка е зачувана.
Може претходно да го изберете бројот на вртежи преку апликацијата Bosch PRO360.
Неопходниот број на вртежи зависи од материјалот и работните услови и може да се одреди при практична примена.
Основна поставка за број на вртежи при степен
123
Број на степени на вртежи
30-800 0-1500 0-2400
Со копчето за претходно избирање на број на вртежи (15) може да го изберете потребниот број на вртежи и за време на работата.
Заклучување/отклучување на кориснички интерфејс
Корисничкиот интерфејс може да се заклучи и отклучи со помош на функцијата „Заклучување на кориснички интерфејс“ во апликацијата Bosch PRO360.
Заклучување и отклучување на корисничкиот интерфејс:
Активирајте ја функцијата „(Отклучување)заклучување на уред“ во апликацијата Bosch PRO360.
Функцијата сега е дополнително овозможена на електричниот алат.
За да го заклучите или отключите корисничкиот интерфејс, притиснете ги и држете ги двете копчиња за режим (13) и претходно избирање на број на вртежи (15) за 5 секунди.
НАПОМЕНА: Ако функцијата „Заклучување на корисничкиот интерфејс“ е активна, ресетирањето на фабричките поставки преку електричниот алат автоматски се деактивира.
Изберете режим на работење
Електричниот алат располага со 2 претходно дефинирани работни режима А и В (12). Работните режими може дополнително преку апликацијата Bosch PRO360 под А и
В (12) да ги програмирате за различни примени и постоечките режими да ги прилагодите.
За да излезете од режимите на работа, притиснете го копчето за предизбор на брзина (15).
Совети при работењето
Вртежниот момент зависи од времетраењето на ударот. Максimalниот постигнат вртежен момент е резултат од збирот на сите поединечни вртежни моменти постигнати со удари. Максimalниот вртежен момент се постигнува по времетраење на удар од 6–10 секунди. По овој период, затезниот вртежен момент се зголемува минимально.
Времетраењето на ударот треба да се одреди за секој потребен затезен вртежен момент. Постигнатиот затезен вртежен момент, треба постојано да се проверува со вртежен момент клуч.
Завртувања во цврсто лежиште, лежиште со пружина или меко лежиште
Доколку има обид да се измерат постигнатите удари во последователни удари и да се пренесат во дијаграм, їе се добие крива на текот на вртежни моменти. Висината на кривата одговара на максимальниот постигнат вртежен момент, а косината покажува кога е постигнат.
Еден вртежен момент зависи од следните фактори:
– Цврстината на завртките/навртките
– Видот на подлогата (диск, подлошка, дихтунг)
– Цврстина на материјалот што се навртува
- Подмачканост на завртките
Зависно од горенаведените фактори, постојат следниве видови на примена:
– Цврсто лежиште при навртување метал на метал со користење на подлошки. Максималниот вртежен момент се постигнува по релативно кратко време на удар (кос тек на линијата). Непотребното долго време на удари й штети на машината.
– Лежиште со пружина при навртување метал на метал, при користење на прстенести пружини, подлошки, бол Czechни или завртки/навртки со конусно лежиште, како и при користење на продолжетоци.
- Меко лежиште при навртување на пр. метал на дрво или при користење на оловни или фибер дискови како подлога.
При лежиште со пружина одн. меко лежиште максималниот вртежен момент на прицврстување е помал отколку при цврсто лежиште. Исто така е потребно значително подолго време на удари.
Референтни вредности за максимален вртежен момент за затегнување на завртките
Податоци во Nm, пресметано од просекот на затегнување; искористување на границата на еластичност 90 % (при број на триења _ak. = 0,12 ). Постигнатиот затезен вртежен момент, треба постојано да се проверува со момент клуч.
Класи на цврстина Стандардни завртки Завртки со висока според DIN 267
отпорност
3.6 4.6 5.6 4.8 6.6 5.8 6.8 6.9 8.8 10.9 12.9
M12 22.6 30 37.6 40 45 50 60 67 80 113 135
M14 36 48 60 65 72 79 95 107 130 180 215
M16 55 73 92 98 110 122 147 165 196 275 330
M18 75 101 126 135 151 168 202 227 270 380 450
M20 107 143 178 190 214 238 286 320 385 540 635
M22 145 190 240 255 290 320 385 430 510 715 855
Совети
Пред навртување на големи, подолги завртки во цврсти материјали, претходно издупчете 2/3 од должената на завртката според внатрешниот дијаметар на навојот.
Напомена: Внимавајте, да не навлезат ситните метални делови во електричниот алат.
По подолго работење со мал број на вртежи, за да го оладите електричниот алат оставете го да се врти во празен од околу 3 минути со максимален број на вртежи.
Управување преку апликацијата
Електричниот алат може да се опреми со Bluetooth ^ -модул, којшто со безжична технологија овозможува пренос на податоци до одредени мобилни уреди со Bluetooth ^ -интерфејс (на пр. паметен телефон, таблет).
За да може да го користите електричниот алат преку Bluetooth® потребна ви е Bosch-апликацијата „Bosch PRO360“. Преземете ја апликацијата преку соодветниот App-Store (Apple App Store, Google Play Store).
Потоа во апликацијата изберете ја потточката „My Tools“. Екранот на Вашиот мобилен уред ги покажува сите понатамошни чекори за поврзување на електричниот уред со крајниот уред.
Откако ће се воспостави врска со крајниот уред, на располагање се следните функции:
– Регистрирање и персонализирање
– Проверка на статусот, издавање на пораки за предупредување
- Општи информации и подесувања
- Управување
– Поставка на степени на вртежи
- Поставка на работни режими
Secure Socket Release
Приклучницата може да се заглави кога ги навртувате или олабавувате завртките и навртките. Ова може значително да се намали, ако е активирана функцијата „Secure Socket Release“. Електричниот алат накратко ја менува насоката на вртење на алатот за вметнување во спротивна насока. Активирајте ја функцијата „Secure Socket Release“ преку апликацијата Bosch PRO360.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Редовно чистете ги отворите за проветрување на вашиот електронски алат. Вентилаторот на моторот влече прав во кујиштето, а собирањето на голема количина на метална прав може да предизвика електрични опасности.
▶ Пред секое работење на електричниот алат (на пр. одржување, промена на алатот итн.) извадете ја батеријата од електричниот алат. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
▶ Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ће одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така ће најдете на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch će ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Дополнителни адреси на сервиси може да најдете под:
Препорачаните литиум-јонски батерии подлежат на барањата на Законот за опасни материјали. Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации.
При пренос на истите од страна на трети лица (на пр. воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните напомени на амбалажата и ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци.
Транспортирајте ги батериите само доколку кукиштето е неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се двжиж во амбалажата. Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни национални прописи.
Отстранување

Електричните апарати, батериите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

Не ги фрлајте електричните апарати и батериите во домашната канта за губре!
Само за земјите од ЕУ:
Електричните алати кои повеće не се употребливи и неисправни или користени акумулаторски батерии/батерии мора да се фрлаат посебно. Користете ги предвидените системи за собирање.
Доколку се отстрануваат неправилно, електричната и електронската опрема може да имаат штетни влијанија врз животната средина и здравјето на луғето поради можното присуство на опасни материи.
Батерии:
Литиум-јонски:
Ве молиме внимавајте на напомените во делот Транспорт (види „Транспорт“, Страница 190).