AEG GDE682HM - кујнска аспиратор

GDE682HM - кујнска аспиратор AEG - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GDE682HM AEG во PDF формат.

📄 324 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање
Notice AEG GDE682HM - page 172

Прашања на корисниците за GDE682HM AEG

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот кујнска аспиратор во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GDE682HM - AEG и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GDE682HM на марката AEG.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GDE682HM AEG

МК Упатство за ракување | Аспиратор 172

Добре дојдовте во AEG! Ви благодариме што го избравте нашиот апарат.

AEG GDE682HM - Добре дојдовте во AEG! Ви благодариме што го избравте нашиот апарат. - 1

Добиете совети за користење, брошури, водич за решавање проблеми, информации за сервисирање и поправка: www.aeg.com/support

Можноста за промени е задржана.

СОДРЖИНА

  1. БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ....172
  2. БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА....175
  3. МОНТАЖА....176
  4. ОПИС НА ПРОИЗВОДОТ....177
  5. СЕКОДНЕВНА УПОТРЕБА.... 177
  6. НЕГА И ЧИСТЕЊЕ.... 179
  7. РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИ.... 181
  8. ГРИЖА ЗА ОКОЛИНАТА....181

1. АБЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ

Пред монтирање и користење на апаратот, ве молиме внимателно да ги прочитате приложените упатства. Производителот не сноси одговорност за направена повреда или штета кои се резултат на неправилна монтажа или употреба. Секогаш чувајте ги упатствата на сигурно и безбедно место за подоцнежна употреба.

1.1 Безбедност на деца и ранливи лица

- Овој апарат може да го користат деца над 8 години и лица со намалени физички, сетилни или ментални способности или лица без искусство и знаење доколку тоа го прават под надзор или доколку им биле дадени упатства како безбедно да го употребуват апаратот, и доколку ги разбираат опасностите поврзани со него. Не смее да биде на дофат на деца помали од 8 години и лица со многу обемни и сложени пречки во развојот, освен ако не се под постојан надзор.

  • Децата треба да бидат под надзор да не играат со апаратот.
  • Држете ја амбалажата подалеку од деца и фрлете ја соодветно.
  • Држете ги децата и милениците подалеку од апаратот кога работи.
  • Децата не треба да го чистат или да го оддржуваат апаратот без надзор.

1.2 Општа безбедност

  • Овој апарат е наменет само за домашна употреба над плотни, шпорети и слични уреди за готвење.
  • Уредот е наменет да го користи едно домакинство во домашни услови во затворен простор.
  • Уредот може да се користи во канцеларии, хотелски соби, гостилници, фарми со гостилници и други слични сместувања каде неговото користење не надминува (просечно) ниво на користење во домакинство.
  • Пред чистење и одржување, исключете го апаратот од напојувањето.
  • ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Достапните делови може да станат жешки за време на употреба на апаратите за готвење.
  • Употребувајте само ги фиксните завртки кои се испорачани со апаратот, ако не се испорачани Ви предлагаме да ги користите завртките кои се препорачани во упатството за монтирање. Монтирајте го апаратот на сигурно и погодно место кое ги исполнува потребите за монтажа.
  • ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Погрешно монтирање на завртките или на уредот за фиксирање кое не е во согласност со овие упатства може да резултира во електрични опасности.
  • Не користете лепило за да го зацврстите апаратот.
  • Минималната дистанца меѓу површината на плотната на која стојат тавите и понискиот дел од апаратот треба

да биде најмалку 65 см, освен ако не е поинаку специфицирано во упатствата за монтирање за апаратот или за плочата за готвење.

- Истекувањето на воздух мора да биде во согласност со правилникот на локалните власти.

- Уверете се дека имате добро проветрување во собата каде што е монтиран апаратот за да избегнете враćање на гасови во собата од апарати што согоруваат гас или други горива, вклучувајки и отворен орган.

- Проверете дали отворите за вентилација не се блокирани и воздухот што го собира апаратот не се пренесува во канал што се користи за издувување на чад и пареа од други апарати (системи за централно греење, термосифон, грејачи на вода итн.).

- Кога апаратот работи со други апарати, максимальниот вакуум генериран во просторијата не смее да надмине 0,04 mbar.

- Доколку се оштети кабелот за напојување, тој мора да биде заменет од страна на производителот, негов овластен центар за сервисирање или слично квалификувани лица за да се избегне електрична опасност.

- Ако комплетот за кабли е оштетен, тој мора да се замени со специјален комплет кабли достапен од производителот или неговиот овластен центар за сервисирање.

- Ако апаратот е директно поврзан со напојувањето, електричната инсталација мора да биде опремена со изолационен уред кој овозможува да го исклучите апаратот од електричната мрежа кај сите жички. Целосното исклучување мора да биде во согласност со условите наведени во категоријата за пренапојување III. Средствата за дисконектирање мора да бидат вградени во фиксните жици во согласност со прописите за врзување жици.

- Не фламбирајте под апаратот.

  • Не употребувајте го за испуштање на опасни или експлозивни материи и пареи.
  • Редовно чистете го апаратот со мека крпа за да спречите оштетување на површинскиот материјал.
  • Не користете чистач за пареа, спреј за вода, остри абразивни средства за чистење или остри метални гребалки за чистење на површината на апаратот. Користете само неутрални детергенти.
  • Редовно чистете ги филтрите за маснотии (најмалку на секои 2 месеци) и отстранете ги маснотиите од апаратот за да го спречите ризикот од пожар.
  • Користете крпа за чистење на внатрешноста на апаратот.

Опасност од повреди, струен удар, пожар, изгореници или оштетување на апаратот.

  • Апаратот мора да биде монтиран само од квалификувано лице.
  • Немојте да монтирате ниту да користите оштетен апарат.
  • Следете ги инструкциите за монтирање дадени со апаратот.
  • Секогаш внимавјте кога го пренесувате апаратот затоа што е тежок. Секогаш носете заштитни ракавици и приложените обувки.
  • Пред инсталирање на апаратот отстранете ја целата амбалажа, етикетата и заштитниот филм.
  • Не го инсталирајте издувниот воздух во сидна празнина, освен ако шуплината не е дизајнирана за таа намена.

2.2 Поврзување на струјата

AEG GDE682HM - Поврзување на струјата - 1

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!

Ризик од пожар и струен удар.

  • Секое поврзување со струја треба да биде направено од квалификуван електричар.
  • Проверете дали параметрите на плочката со спецификации се компатибилни со електричната моćност на мрежата на електрична енергија.
  • Ако символот ( ) не е печатен на самолепливата плочкат, апаратот мора да е заземјен.
  • Секогаш користете правилно монтиран штекер отпорен на струјни удари.
  • Не оставајте ги каблите да се заплеткаат.
  • Не користете адаптери со повеќе прилучоци и продолжни кабли.
  • Доколку штекерот е лабав, не приклучувајте го приклучокот за струја.
  • Не влечете го кабелот за да го исклучите апаратот од струја. Секогаш повлекувајте го приклучокот за струја.
  • Заштитата од електричен удар на активните и изолираните делови мора да се поврзе на таков начин што нема да може да се извади без алатки.
  • Проверете дали апаратот е правилно монтиран. Лабави и несоодветни кабли можат да го прегреат терминалот.

- Поврзете го апаратот на крајот од монтирањето. Проверете дали има пристап до струјата по монтирањето.

2.3 Употреба

AEG GDE682HM - Употреба - 1

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!

Постои опасност од повреда, изгореници или струен удар.

  • Овој апарат е наменет само за готвење. Не го користете апаратот за друга употреба.
  • Не менувајте ја спецификацијата на овој апарат.
  • Не ракувајте со апаратот со мокри раце или кога има контакт со вода.
  • Користете само додатоци кои се дадени со апаратот.
  • Држете го огнот или загреаните предмети подалеку од маснотиите и маслата кога готвите и пржите со нив.
  • Не користете непокриени електрични решетки.
  • Не употребувајте го апаратот како грејно тело.
  • Не користете лупи, двогледи или други слични уреди за да гледате директно кога се пали апаратот.
  • Ако апаратот работи со други уреди, максимальниот создаден притисок не смее да надмине 4 паскали (4x10-5 bar).

2.4 Сервисирање

  • За да го поправите апаратот, контактирајте со Овластениот сервисен центар. Користете само оригинални резервни делови.
  • Во однос на светилите во внатрешноста на овој производ и резервните светилки што се продаваат посебно: Овие светилки се предвидени да издржат екстремни физички услови во апаратите за домакинство, како што се температура, вибрации, влажност или се предвидени за давање сигнали за работната состојба на апаратот. Тие не се предвидени да се користат за други намени и не се погодни за осветлување простории во домот.

2.5 Отстранување

AEG GDE682HM - Отстранување - 1

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!

Ризик од повреда или задушување.

  • Контактирајте со вашите општински органи за да добиете информации за тоа како да се ослободите од апаратот.
  • Исклучете го апаратот од приклучокот за струја.
  • Извадете го електричниот кабел блиску до апаратот и фрлете го.

3. МОНТАЖА

AEG GDE682HM - МОНТАЖА - 1

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!

Видете во поглавјата за заштита и сигурност.

3.1 Инструкции за монтирање

AEG GDE682HM - Инструкции за монтирање - 1

За сите информации за монтирање на апаратот видете во засебната брошура за монтирање.

AEG GDE682HM - Инструкции за монтирање - 2

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!

Пред поврзувањето на електрична мрежа, уверете се дека држачот на вентилаторот е отстранет од моторот.

AEG GDE682HM - ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! - 1

4.1 Преглед на контролната табла

AEG GDE682HM - Преглед на контролната табла - 1

text_image 0|1 2 3 5 6 5 6
Функција Опис
1Прва брзина/Исклучено Моторот се префрла на ниво на прва брзина. Второтопритискање го ислучува апаратот.
2Втора брзина Моторот се префрла на ниво на втора брзина.
3Трета брзина Моторот се префрла на ниво на трета брзина.
4Максимална брзина Моторот се префрла на ниво на максимальна брзина. По 5минути, апаратот се префрла на трета брзина.
5Timer Го ислучува апаратот по 5 минути. Потсетува за чистење илизамена на филтерот. Видете во известувањето за филтерот вопглавјето „Секојдневна употреба“.
6Светилка Го вклучува и исклучува светлото.

5.1 Користење на аспираторот

Проверете ја препорачаната брзина според табелата прикажана подолу.

0|1Кога ја загревате храната, готвење со покриени садови.
2Кога готвите со покриени тенцериња или на повеće рингли или пламеници, нежно пржење.
3Кога варите и пржите поголема количина на храна без капак, готвење на повеće рингли или пламеници.
Кога варите и пржите големи количини храна без капак, голема влажност.

AEG GDE682HM - Користење на аспираторот - 1

Се препорачува да го оставите аспираторот да работи околу 15 минути по готвењето.

AEG GDE682HM - Користење на аспираторот - 2

Контролната плоча е сензорско поле. За ракување со аспираторот, допрете го симболот точно во средината најмалку 1 секунда.

За да работите со аспираторот:

  1. Отворете го стаклото со символите на контролната плоча.

AEG GDE682HM - За да работите со аспираторот: - 1

  1. Допрете ја за да го включите апаратот.
  2. Доколку е потребно, сменете ја брзината со притискање на саканото копче.

За да го исключите апаратот допрете повторно на 01

5.2 Tajmer

Оваа функција овозможува да го исклучите апаратот по 5 минути од работењето. Функцијата може да се користи само ако апаратот работи на првите 3 брзини на моторот.

  1. Допрете го символот . Ⓜ Тајмерот започнува да трепка.

  2. По 5 минути, апаратот се исклучува. За да ја исключите функцијата, повторно допрете го Ⓜ

5.3 Hob²Hood функциja

Тоа е автоматска функција која ја поврзува плочата за готвење со специјален поклопец. И плочата за готвење и поклопецот имаат инфра-црвен сигнален комуникатор. Брзината на вентилаторот е автоматски одредена врз основа на поставката на режимот и температурата на најжешкиот сад на плочата за готвење. Исто така можете да работите со вентилаторот рачно од плочата за готвење. Функцијата може да се вклучи од табелата на површината за готвење.

Лед ламбата се вклучува кога їе се воспостави врска помеѓу плочата за готвење и аспираторот.

AEG GDE682HM - Hob²Hood функциja - 1

Елементот под аспираторот (1) е приемник на сигнал на функцијата.

AEG GDE682HM - Hob²Hood функциja - 2

За повеće информации како да ја користите оваа функција, видете го упатството за плочата за готвење.

5.4 Известување за филтерот

Алармот за филтер ве потсетува да го смените или исчистите филтерот за јаглен и да го исчистите филтерот за маснотии.

  • По 40 часови користење, се вклучува символот 30 секунди. Филтерот за маснотии мора да се исчисти.
  • По 160 часови користење, символот трепка 30 секунди. Филтерот за маснотии мора да се исчисти, а филтерот со јаглен мора да се замени или исчисти.

AEG GDE682HM - Известување за филтерот - 1

Видете во делот за чистење на филтерот за маснотии во поглавјето за грижа и чистење.

AEG GDE682HM - Известување за филтерот - 2

Видете во делот за чистење на филтерот за јаглен или замена на филтерот за јаглен во поглавјето за грижа и чистење.

За да ја ресетирате функцијата, допрете го 3 секунди.

6. НЕГА И ЧИСТЕЊЕ

6.1 Белешки околу чистењето

AEG GDE682HM - Белешки околу чистењето - 1
Средства за чистење

Не користете абразивни детергенти и четки.

Површината на печката чистете ја со мека крпа натопена со топла вода и средство за чистење.

По готвењето, некои делови од апаратот може да се загреат. За да избегне појава на дамки, апаратот мора да се олади и исуши со чиста крпа или хартиени крпи.

Чистете ги дамките со благ детергент.

AEG GDE682HM - Белешки околу чистењето - 2
Оддржувајте ја чиста хаубата

Чистете го апаратот и филтрите за маснотии секој месец. Чистете ги внатрешноста и филтрите за маснотии внимателно од маснотии. Насобирањето мрснотии или други остатоци од храна може да резултира со пожар.

Филтрите за маснотии може да се мијат во машина за миење садови.

Машината за миење садови мора да биде поставена на ниска температура и краток циклус. Филтерот за маснотии може да изгуби боја, нема влијание врз перформансите на апаратот.

AEG GDE682HM - Белешки околу чистењето - 3
Филтер за јаглен

Времето на заситеноста на филтерот за јаглен варира во зависност од видот на готвењето и редовноста на чистење на филтерот за маснотии.

6.2 Режим на чистење

Режимот на чистење ја блокира функционалноста на контролната плоча 5

минути. Кога е активен, допирањето на символите нема ефект.

i

Hob2Hood функцијата е оневозможена кога е активен режимот за чистење.

  1. За да го исключите режимот, допрете и задржете ги символите повторно 3 секунди.

0|1 и се палат.

6.3 Чистење на филтерот за мрснотии

Филтрите се монтираат со употреба на стеги и спојки на спротивната страна.

За да се исчисти филтерот:

  1. Повлечете ја рачката на филтерот под аспираторот (1) и малку наклонете го предниот дел на филтерот надолу.

AEG GDE682HM - За да се исчисти филтерот: - 1

  1. Исчистете ги филтрите со сунгер со неабразивни детергенти или во машина за миење садови.

i

Машината за миење садови мора да биде поставена на ниска температура и краток циклус. Филтерот за маснотии може да изгуби боја, нема влијание врз перформансите на апаратот.

  1. За да ги ставите филтрите назад, извршете ги првите два чекори во обратен редослед.

Повторете ги чекорите за сите филтри ако е можно.

6.4 Замена на филтерот со јаглен - незадолжително

!

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!

Филтерот за јаглен не смее да се мие!

i

Бидете ја брошурата дадена со филтерот.

За промена на филтерот:

  1. Извадете ги филтрите за маснотии од апаратот.
    Погледнете во „Чистење на филтер за маснотии“ во ова поглавје.
  2. Притиснете ја рачката на стегата на плочата на филтерот под аспираторот (1).

AEG GDE682HM - ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! - 1

text_image 1 2
  1. Малку навалете го предниот дел на филтерот надолу (2), а потоа повлечете.

Повторете ги првите два чекори за сите филтри.

  1. За да го ставите нов филтер, извршете ги чекорите во обратен редослед.

Во секој случај, потребно е да ги замените филтрите на најмалку четири месеци.

Апаратот доага со ЛЕД светилка и посебна опрема за контрола (ЛЕД водилка). Овие делови може да ги замени само техничар. Во случај на дефект, видете во „Сервис“ во поглавјето „Безбедносни инструкции“.

7. РЕШАВАНЬЕ НА ПРОБЛЕМИ

AEG GDE682HM - РЕШАВАНЬЕ НА ПРОБЛЕМИ - 1

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!

Видете во поглавјата за заштита и сигурност.

7.1 Што да се направи ако...

Проблем Можно причина Решение
Не можете да го активирате апаратот.Апаратот не е поврзан со напојување за струја или не е правилно поврзан.Проверете дали апаратот е правилно поврзан во електричната мрежа.
Не можете да го активирате апаратот.Избил осигурувач. Уверете се дека осигурувачот е причината за неисправноста. Ако осигурувачот постојано избива, стапете во контакт со квалификуван електричар.
Не можете да го активирате апаратот.Вратите на апаратот не се порамнети со рамката на апаратот.Порамнете ги вратите на апаратот.
Не можете да го активирате апаратот.Стаклената плоча не е целосно отворена.Целосно отворете ја стаклената плоча. Видете во поглавјето за секојдневна употреба.
Не можете да го активирате апаратот или функциите.Неправилна употреба на контролната табла.Допрете ги симболите на контролната табла директно во средината најмалку 1 секунда за да го активирате апаратот или функцијата.
Светилката не работи. Светилката не е исправна. Заменете ја светилката. Видете во поглавјето „Грижа и чистење“.
Апаратот не апсорбира довольно испарувања.Брзината на моторот не е соодветна со испарувањата кои се појавуваат.Сменете ја брзината на моторот.
Апаратот се вклучува сам од себе или менува функција сам од себе.На стаклото се кондензира многу пареа.Исчистете ја водата од стаклото, проветрете ја кујната и зголемете ја брзината на аспираторот.
Показателот за апармот за филтер е вклучен.Алармот за филтер е вклучен. Филтерот за маснотии мора да се исчисти или филтерот со јаглен (незадолжително) мора да се замени или исчисти.Видете во известувањето за филтерот во поглавјето „Секојдневна употреба“.

8. ГРИЖА ЗА ОКОЛИНАТА

Рециклирајте ги материјалите со символот

AEG GDE682HM - ГРИЖА ЗА ОКОЛИНАТА - 1

Ставете ја амбалажата во соодветни тејнери за да ја рециклирате.

Помогнете во заштитата на живтната средина и човековото здравје и рециклирајте го отпадот од електрични и електронски апарати. Не фрлајте ги

апаратите озанчени со символот во отпадот од домакинството. Вратете го производот во вашиот локален капацитет

за рециклирање или контакрајте ја вашата општинска канцеларија.

1.2 Опште мере безбедности

2.2 Приклъучење на електричну мрежу

AEG GDE682HM - Приклъучење на електричну мрежу - 1

УПОЗОРЕЊЕ!

Ризик од повреде или гушења.

За више информација о томе како се користи ова функција погледајте упутство за употребу плоче за кување.

7. РЕШАВАЊЕ ПРОБЛЕМА

AEG GDE682HM - РЕШАВАЊЕ ПРОБЛЕМА - 1

УПОЗОРЕЊЕ!

Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : AEG

Модел : GDE682HM

Категорија : кујнска аспиратор